КАФЕ ПАУЗА

Tag: причини

  • Научниците конечно откриле зошто некои луѓе мразат прегратки

    Научниците конечно откриле зошто некои луѓе мразат прегратки

    За луѓето кои мразат прегратки, некои ситуации можат да бидат непријатни и да им претставуваат вистински предизвик. Никогаш не знаете дали некој пријател ќе одлучи баш денес да ве почести со прегратка. Во оваа ситуација немате многу избор освен да трпите или да успеете да избегате.rnrnrnrnБез разлика дали сакате прегрнувања или не, науката конечно откри зошто некои луѓе спаѓаат во втората група.rn

    Зошто луѓето мразат прегрнување?

    rnСпоред експертите, можеби клучното нешто е мислењето на личноста за прегрнувањето. Сузан Дегс Вајт, професор по советување и советник при Универзитетот во Северен Илиноис, изјавила:rn

    „Нашата склоност кон физички допир, без разлика дали е прегратка, допирање на грбот или допирање на дланката, често е продукт од нашите искуства од раното детство.“

    rnИстражување од 2012-та година покажало дека луѓето кои биле одгледани со прегратки, веројатно ќе ја продолжат традицијата. Исто така, истражувањето нагласило дека прегратките се важен елемент во емоционалното созревање на децата.rnrnСузан смета дека луѓето кои не биле прегрнувани често како деца можно е да се чувствуваат непријатно кога се прегрнуваат како возрасни.rn

    „Во семејство кое не било физички демонстративно, децата веројатно ќе ја следат истата шема и со нивните деца кога ќе пораснат.“

    rnНавистина чудно е што недостатокот од прегратки може да го има и спротивниот ефект.rn

    „Некои деца растат и се чувствуваат прегладнето за допир, па стануваат социјални прегрнувачи кои не можат да поздрават пријател без прегратка или допир на раменото.“

    rnКај оваа проблематика постои и културен елемент. Според едно истражување од 2010-та година, луѓето во Америка и Англија се прегрнуваат и допираат многу поретко за разлика од луѓето во Франција или Пуерто Рико.rn

    Како да реагирате со личност која не сака прегрнување?

    rnНајдобро е да го избегнувате прегрнувањето освен ако не сте навистина блиски со личноста. Иако можеби вам прегратките ви се удобни, не сите се чувствуваат исто. Важно е да обрнете внимание на туѓиот говор на телото. Секој има право да контролира што се случува со неговото тело, а многу луѓе не се чувствуваат удобно ни со ракување.rn

    Како да ја надминете аверзијата кон прегратките?

    rnСе разбира, нема ништо лошо во тоа што не ги сакате прегратките и никогаш не треба да чувствувате притисок да допрете некого ако не го сакате тоа. Но ако сакате да научите како да станете „прегрнувач“, Саманта Хес, основач на центарот кој им помага на луѓето да се поврзат со другите, има неколку совети.rn

    „Минуваме низ границите пред секој допир и им кажуваме на корисниците дека можат да го променат мислењето. Имаме 78 пози за прегрнување низ кои ги водиме корисниците и наоѓаме нешто што е удобно за секого.“

    rnПонекогаш е потребно само да сфатите дека прегратките сепак не се толку лоши.rn

    „Можно е да почувствувате дека сте полни со олеснување, благодарност, изненадување, прифаќање, па дури и да ви биде криво што толку долго сте се затворале во себе.“

    rnЗнаевте ли и дека прегратките можат да ви помогнат во борбата против стресот и инфекциите?

  • Која е причината што продолжувате да се држите за вашата болка?

    Која е причината што продолжувате да се држите за вашата болка?

    Без разлика каде сте родени, кои ви се родители и во каква личност ќе се претворите, болката е емоција што ќе ја почувствувате неколку пати во животот. Оптимистите можеби сметаат дека универзалната емоција е среќа, но кога ќе се земе предвид нефер положбата во која се раѓаат многу луѓе, болката може да започне уште при раѓање. За жал, за некои луѓе болката е сè што знаат.rnrnКоја е причината што продолжувате се држите за вашата болка?rnrnЗа останатите, болката ќе се појави во некој момент од животот и ќе ја попречи вашата среќа. Не можете да направите ништо во врска со ова освен да ја прифатите судбината. Веќе знаете дека имате контрола над вашата реакција во врска со болката. Имате контрола над секој чекор што ќе го направите додека закрепнувате, дури и кога не ви изгледа така.rnrnНекои луѓе само ќе размислат за разочарувањата и болката, ќе ги остават зад нив и ќе продолжат понатаму станувајќи посилни. За друго ова не е толку лесно. Сакаат да преболат, но едноставно не можат. За нив болката станува константна наместо само лош период. Ако се пронајдовте, можеби некоја од следниве причини е виновна што сè уште се држите за болката.rn

    Позната ви е

    rnБолката ви е позната, а постои некоја удобност во познатото. Досега веројатно сте експерти за вашата состојба. Знаете кога болката е најинтензивна, кога се појавува и како да го преживеете периодот. Среќата и закрепнувањето ви се туѓи концепти кои ви звучат премногу добро да бидат вистина. А кога болката ќе биде најсилна, сигурно нема да посегнете по нешто што ви е непознато. Самосожалувањето, апатијата и цинизмот ви се најдобрите пријатели.rn

    Болката ве дефинирала и сега се чувствувате изгубени без неа

    rnНе треба да бидете дефинирани од вашите искуства, особено не од оние кои имале негативно влијание врз вас. Но многу е лесно да станете жртва, а уште полесно е да останете жртва. Длабоко во себе можеби ви се допаѓа емоционалниот одговор што го добивате од луѓето кога ги споделувате вашите лоши искуства. Нивната загриженост можеби прави да се чувствувате важно. Како да вреди што чувствувате болка. Ако тоа е единствениот момент кога добивате емпатија од другите, ќе се прашувате за вашата вредност без неа.rn

    Сметате дека не заслужувате подобро

    rnСте ја одолговлекувале изложеноста на болка и тоа имало влијание врз вас. Кога ги чувствувате најлошите ефекти од неа веројатно се обидувате да сфатите зошто нештата никогаш не одат по ваш план. Со текот на времето ќе почнете да се сомневате дали воопшто среќата е нешто за вас. Можеби пак сметате дека вие сте личност која треба да страда. Сепак, без сиромашните нема да постојат богатите и среќата без тага е неутрална.rnrnБез разлика која е причината што продолжувате да страдате, важно е да знаете дека страдањето не мора да продолжи. Запомнете дека вие имате моќ над вашиот живот. Можеби мислите дека сте роб на вашата болка, но чувствата не се реалност и не се факт, па тие не се изговор да останете во темницата.rnrnВоопшто нема да биде лесно додека се обидувате да излезете од состојбата што ви е позната толку долго. Но должни сте кон себе да се обидете. Доколку се обидувате, еден ден вашата болка ќе биде само дамнешно сеќавање, а вашата среќа ќе биде она за коешто ќе се држите.rnrnПогледнете како да ја сопрете емоционалната болка и да почнете да се лекувате.

  • 7 причини зошто луѓето се самоубиваат

    7 причини зошто луѓето се самоубиваат

    Идејата за одземање на сопствениот живот може да им биде екстремна или тешка за верување на луѓето кои не биле на тоа мрачно место. Но, ако внимателно го разгледате мисловниот процес на личност која донела ваква екстремна одлука, ќе се изненадите колку всушност ќе ја сфатите.rnrn7 причини зошто луѓето извршуваат самоубиствоrnrnЗа луѓето кои помислуваат на самоубиство, негативната стигма околу менталното здравје често им го отежнува барањето помош. Поради ова потребно е да се ослободиме од стереотипите и разговорите за менталното здравје да ги направиме нормални. Оние кои извршуваат самоубиство не го прават тоа бидејќи се себични. Исто така обидот за самоубиство не е желба за внимание. Тешкотиите на овие луѓе не значи дека се слаби и доколку ги посрамотувате за тоа дополнително им ја отежнувате ситуацијата. Важно е да ја разбереме состојбата на овие луѓе, да ја најдеме причината и да ја понудиме потребната помош и поддршка. Во продолжение погледнете ги 7-те најчести причини зошто луѓето одбираат самоубиство.rn

    1. Губат надеж сред нивното страдање

    rnАко внимателно ги разгледате животите на луѓето кои извршиле самоубиство, ќе откриете дека тие живееле со многу болка и страдање кои биле причината за оваа одлука. Иако понекогаш нивните најблиски се свесни за оваа болка, често таа е прикриена од остатокот од светот. Битката на овие луѓе не е воопшто лесна и понекогаш болката е толку силна што тие губат секаква надеж. Губењето надеж е последната капка и тие мислат дека никогаш нема да им биде подобро. Па се појавува прашањето: Зошто да продолжиш да се бориш ако искрено веруваш дека се бориш за ништо? Во овие моменти овие луѓе треба да бидат потсетени на убавите нешта во нивниот живот.rn

    2. Се справуваат со сериозна зависност

    rnЛуѓето кои се справуваат со зависност често се осудувани од другите и се третирани како да не заслужуваат сожалување. Иако линијата помеѓу поддржувањето и одобрувањето во текот на зависноста е навистина тенка, луѓето со овој проблем често се чувствуваат како да се заробени во нивните животи. Ова може да им ја земе и последната надеж што ја имале за успешно лекување. Бидејќи се соочени со верувањето дека целиот живот ќе живеат на тој начин, самоубиството им изгледа како единствена логична одлука. Ако познавате некој што има проблем со зависност, не заборавајте дека може да се излекува со професионална рехабилитација.rn

    3. Манипулирани се од нивните внатрешни гласови од нивната психоза

    rnМалкумина сакаат да разговараат за оваа ситуација, но тоа не значи дека од неа не страдаат многу луѓе ширум светот. Луѓето со нарушувања како шизофренијата не се справуваат само со негативноста на надворешниот свет, туку војуваат и со нивните реални внатрешни гласови кои можат да ги тераат да се самоповредуваат. Без правилна професионална нега и терапија, често е прашање на време кога овие гласови можат да чинат живот. Добрите вести се тоа што со правилната терапија, луѓето со психоза можат да живеат нормален живот. За жал, малкумина бараат помош или добиваат погрешна дијагноза. Важно е овие луѓе да се обратат кај професионалец.rn

    4. Мислат дека им станале товар на саканите

    rnИако самоубиството често се гледа како себична постапка, причината може да е љубовта кон саканите. Овие луѓе сметаат дека станале товар на своите сакани. Потеклото на ова верување може да е од ментално или од физичко заболување. Тие се убедени дека отстранувањето на овој товар е најдоброто решение за нивните сакани. Навистина е тешко да ги разберете овие луѓе доколку не сте биле на нивно место, но тие се чувствуваат виновни за сите проблеми што им се случуваат на саканите.rn

    5. Тие се жртви на малтретирање и мислат дека немаат вредност

    rnБез сомнение малтретирањето може да предизвика сериозни физички повреди, но понекогаш се смета дека емоционалното и менталното малтретирање е уште поопасно. Нападната е менталната состојба на жртвите и тие се чувствуваат беспомошно. Со текот на времето почнуваат да мислат дека нивната вредност се намалува. Мислат дека немаат што да му понудат на светот или на саканите, или дека не ја заслужуваат туѓата помош. Во тој момент самоубиството им е единствениот спас од болката што ја чувствуваат. Можно е да се прекине овој циклус, но прво жртвата мора да се оддели од малтретирачот и да си даде простор за наново градење на животот.rn

    6. Имаат смртоносна болест и сакаат да имаат контрола над оваа последна одлука

    rnНеодамна се прослави дебатата за тоа дали луѓето коишто се соочени со смртоносна болест треба да имаат право да си го одземат својот живот и да му стават крај на страдањето. Идејата за самоубиство помогнато од лекар звучи навистина налудничаво, но размислете за момент. Повеќето од овие луѓе се во постојана болка. Некогаш биле здрави и полни со живот, а сега се соочени со здравје кое само се влошува и свесни се дека никогаш нема да им биде подобро. Тие се присилени да се гледаат како венеат. Во зависност од тоа каде се, овие луѓе можат да побараат професионална помош за да го завршат својот живот, или да ги земат работите во свои раце.rn

    7. Страдаат од посттрауматско стресно растројство поради трауматичен настан од минатото

    rnПорано ова нарушување се поврзуваше само со војниците кои се враќаа дома од битка. Но лекарите тврдат дека нарушувањето може да биде резултат на каков било трауматичен настан, како на пример сведочење на насилство или сериозна сообраќајна несреќа. Во повеќето случаи за нарушувањето е потребна професионална помош. Карактеризирано со ужасни сеќавања и огромен емоционален стрес, посттрауматското стресно растројство може да натера некој да верува дека единствениот излез е самоубиството.rnrnДобро е да ги знаете овие начини на справување со самоубиствените мисли.

  • 25 причини зошто треба да се смеете почесто

    25 причини зошто треба да се смеете почесто

    Со толку многу контроверзии околу нас, навистина е лесно да се обесхрабриме. Овие денови луѓето треба да се смеат почесто. Животот е премногу убав и краток за да го поминувате поголемиот дел од времето грижејќи се за нешта што се надвор од ваша контрола. Ако ви е потребна причина да се смеете почесто, во продолжение ќе најдете дури 25.rnrn25 причини зошто треба да се смеете почестоrn

    1. Смеата ја намалува напнатоста во мускулите

    rnСмеењето ги опушта мускулите во телото, најмногу на лицето, вратот, рамената и стомакот. Кога смеењето е неконтролирано се создава реакција која ја намалува напнатоста и го подобрува дишењето.rn

    2. Смеењето го намалува нивото на стрес

    rnЛуѓето кои се смеат и имаат позитивен поглед кон животот имаат пониско ниво на стрес хормони. Како што се намалува нивото на овие хормони, телото се опушта и ќе се чувствувате физички и емоционално одморени.rn

    3. Смеењето ве подмладува

    rnИстражувачите покажале дека смеењето го зголемува лачењето на ХГХ, хормон против стареење, за 87%.rn

    4. Смеењето го намалува ризикот од болести на срцето

    rnСмеењето ја подобрува циркулацијата на крвта и го зголемува нивото на кислород во телото. На овој начин се намалува ризикот од мозочен удар, кардиоваскуларни болести и инфаркт.rn

    5. Смеењето ја подобрува циркулацијата

    rnВо едно истражување спроведено од страна на Медицинскиот центар на Универзитетот во Мериленд, смеењето ги проширува крвните садови и ја подобрува циркулацијата.rn

    6. Смеењето му помага на вашето срце

    rnВо друго истражување од Универзитетот во Мериленд се открило дека луѓето со болести на срцето се смееле 40% поретко за разлика од здравите луѓе на иста возраст.rn

    7. Смеењето го зајакнува имунитетот

    rnСпоред Националниот институт за рак, смеењето ги контролира стрес хормоните и го зајакнува вашиот имунитет.rn

    8. Смеењето го забрзува оздравувањето

    rnИстражувањата покажале дека со намалување на крвниот притисок, зајакнување на имунитетот, намалување на стресот и слично, смеењето го забрзува и оздравувањето.rn

    9. Смеењето го намалува нивото на шеќер во крвта

    rnСмеата има многу здравствени придобивки за дијабетичарите. Во истражување од 2012-та во кое учествувале 19 лица со дијабетес се покажало дека смеата го намалува нивото на шеќер во крвта по оброкот.rn

    10. Спиењето го подобрува сонот

    rnЈапонските истражувачи откриле дека смеењето навечер го поттикнува лачењето мелатонин кој помага во спиењето.rn

    11. Смеењето им помага на луѓето да ги подобрат вештините за справување

    rnСмеата го намалува стресот со лачењето на ендорфини, а ова им помага на луѓето полесно да се справат со стресни ситуации.rn

    12. Смеењето ја зголемува толеранцијата на болка

    rnИстражувачите од Универзитетот Оксфорд откриле дека смеата ја зголемува толеранцијата на болка благодарение на ендорфинот. Па кога следниот пат ќе ве заболи нешто, пробајте да се насмеете.rn

    13. Смеата е вид вежбање

    rnСмеењето може да биде и вид физичка активност бидејќи со него ги вежбате дијафрагмата, рамената и стомакот.rn

    14. Смеењето ве прави попривлечни

    rnИстражувањата покажале дека смеењето ве прави попривлечни. Исто така се открило дека е многу полесно да бидете физички интимни со личност која е смешна.rn

    15. Смеењето ја намалува агресијата

    rnСмеата е одличен начин да се намали напнатоста во просторијата. Бидејќи сте релаксирани, можете полесно да се смирите и да ја намалите агресијата.rn

    16. Смеата им дава енергија на органите

    rnСмеата може да ги „разбуди“ органите како срцето, мозокот и белите дробови и ги стимулира да работат подобро.rn

    17. Смеата ја подобрува дигестијата

    rnИстражувањата покажале дека смеата ја подобрува дигестијата и е добра терапија за луѓето со чувствителен стомак.rn

    18. Смеењето им помага на луѓето да заштедат и до 30% на лекување

    rnДокторите во западна Јапонија направиле програма за медицинска нега на лица во која биле вклучени и физички тренинг и терапија со смеење. Околу 92% од испитаниците изјавиле дека нивните годишни трошоци за здравство се намалиле за 30%.rn

    19. Смеењето го олеснува дишењето

    rnСмеата го зголемува капацитетот на белите дробови и ги прочистува. Исто така поради смеењето издишувате подолго и го отстранувате застојаниот воздух.rn

    20. Смеата ја подобрува сликата што ја имате за себе

    rnСпоред истражувањата смеата има големо влијание на тоа како се гледате себеси, особено ако сте мажи. На пример, ако некоја личност се смее на шегите на некој маж, тој ќе се почувствува гордо.rn

    21. Смеата ја поттикнува креативноста

    rnБидејќи смеата ја поттикнува креативноста, постои и „креативна вежба за размислување“ која бара од вас присилно да се смеете на глас.rn

    22. Смеењето го продолжува животот

    rnКомбинацијата од сите придобивки од смеата го продолжува вашиот живот. Едно истражување кое траело 20 години покажало дека позитивните луѓе живееле околу 7,8 години повеќе од луѓето со негативен поглед кон светот.rn

    23. Смеата ја зголемува вашата продуктивност

    rnНекои истражува покажале дека смеата е добра за вашата продуктивност. Позитивниот поглед кон светот им помага на луѓето да бидат поефикасни во креативното решавање проблеми. Исто така овие луѓе имаат повеќе енергија, повеќе мотивација и се оптимисти за претстојните предизвици.rn

    24. Смеењето ги подобрува врските

    rnСпоред истражувањата, паровите кои заедно имале сесии медитација со смеење забележале значително подобрување во врската. Покрај тоа семејства што се смеат често се поблиски и подобро се справуваат со стресните ситуации.rn

    25. Смеењето прави да изгледате помладо

    rnНашето лице го покажува стресот што го чувствуваме преку затегнатите мускули и брчките. Но кога се смеете се намалува напнатоста во овие мускули и изгледате помладо.rnrnПогледнете ги и овие интересни факти за смеењето што ќе ве изненадат.

  • Што значи плачењето после секс за вас и вашиот партнер?

    Што значи плачењето после секс за вас и вашиот партнер?

    Дали некогаш сте плачеле после секс или сте биле со некој што го направил тоа? Како и да е, ова искуство може да биде навистина интензивно и збунувачко. Најверојатното првото нешто што ќе си го помислите е дека се случило нешто ужасно. Но, вистинското значење на ова може да биде навистина комплицирано.rnrnШто значи плачењето после секс за вас и вашиот партнер?rnrnПлачењето после секс не секогаш значи дека партерот е тажен, во болка или дека е преплавен со емоции. Плачењето после секс може да значи речиси сè. Според доктор Џошуа Клапов, психолог, солзите по сексот можат да покажат што било, од емоционален стрес, до интензивно задоволство. Тој нагласува дека ако се случи, важно е да го разберете контекстот, односно причината. Погледнете за кои нешта експертите веруваат дека се причини за плачењето после секс.rn

    Солзи од задоволство или среќа

    rnСамо затоа што некој плаче после секс, не значи дека треба да паничите. Постојат ситуации во кои солзите се всушност знак за нешто позитивно. Понекогаш плачењето по сексот може да биде сосема здрава работа. Тоа значи дека се искажувате сексуално откако сте имале многу потиснати чувства, а сега чувствувате среќа и љубов и сте преплавени со емоции. Плачењето е емоционален вентил и не значи дека не сте среќни.rnrnПонекогаш солзите можат да бидат резултат од интензивни чувства на љубов и поврзаност. Ова се солзи радосници, но фокусирани на чувствата кон партнерот. Физичкото задоволство од сексот може да предизвика солзи, но во тој случај се помалку фокусирани кон партнерот, а повеќе кон вас.rn

    Сексот може да предизвика моќни емоции

    rnСексот може да биде навистина интензивно искуство, па поради тоа можат да се појават и солзи. Тој може да направи вистинска поплава од емоции кои не мора да бидат директно поврзани со самото искуство. Некои од овие емоции можат да бидат чувство на намалено задоволство, вина бидејќи се чувствувате добро, каење за минати врски и слично. Резултатот од овие неповрзани чувства може да биде солзи по секс.rnrnПонекогаш сексот може да ги вознемири жртвите на сексуално насилство. Ако не сте ги кажале вашите тајни и сексот ве потсетува на чувствата од тоа искуство, можно е да плачете по интимниот однос. Можеби повторно ќе се почувствувате како жртва и нема да знаете како да разговарате за тоа.rn

    Анксиозност или срам од перформансот

    rnПонекогаш плачењето е поради анксиозноста и срамот во сегашноста, особено заради чувства на неадекватност и лош перформанс. Ако почувствувате дека не сте доволно добри во кревет или дека не сте го задоволите партнерот, можно е да се појават солзи по односот.rn

    Плачење од физичка болка

    rnПлачењето по секс може да биде причинето и од нешто очигледно, како физичка болка. Понекогаш сексот може да биде болен, а кога чувствувате физичка или емоционална болка вие плачете.rn

    Како најдобро да реагирате кога партнерот ќе заплаче по сексот?

    rnНикогаш не треба да го игнорирате плачењето на партнерот. Најдобро е прво нежно да поставите некое од следниве прашања: Дали си во ред? Да не те повредив? Што можам да направам?rnrnМожете да понудите поддршка така што ќе побарате дозвола да го прегрнете партнерот. Важно е да прашате бидејќи понекогаш во овие ситуации луѓето не сакаат да бидат допрени. Многу често луѓето не сфаќаат зошто партнерот плаче по сексуалниот однос. Ако не можете да го прочитате изразот на партнерот можете да го прашате: Како се чувствуваш? Што чувствуваш, што размислуваш и што те натера да заплачеш?rnrnНајчесто ќе добиете одговор, но ако партнерот не сака да разговара никогаш не го притискајте да одговори. Тоа не значи дека вие сте причината за плачењето.rn

    Кога да бидете загрижени?

    rnИако не е лесно да го гледате партнерот како плаче, нема потреба да бидете загрижени, особено ако тој или таа ви ја објасни ситуацијата. Обично ова се случува ретко. Но, ако плачењето е поради траума, болка или вознемирување, можеби треба да се загрижите. Комуницирајте, но немојте да создавате притисок. Ако забележите шема во однесувањето, важно е да реагирате. Ако на пример партнерот постојано плаче после сексуалниот однос, а не разговара со вас, потребно е да дознаете што се случува.rnrnКлучни за справувањето со плачењето по сексот се нежноста и емпатијата и најважно од сè, немојте да судите. Факт е дека сексот може да предизвика нешта што не ги очекувате кога најмалку ги очекувате. Некои од овие емоции се моќни и неверојатни, а некои можат да бидат навистина болни. Само фокусирајте се на тоа да бидете овде за вашиот партнер и бидете добри кон себе без разлика дали вие или партнерот плачете по сексуалниот однос.rnrnПогледнете и што откриваат истражувањата за плачењето после секс.

  • 10 причини поради кои ќе се вљубите во Куба

    10 причини поради кои ќе се вљубите во Куба

    Туристите што ја посетиле велат: „Има нешто посебно во Куба!“. Дали се тоа страсните салса ритми коишто се наслушнуваат од портите на старата Хавана или колоритните колонијални градови скриени помеѓу полињата со тутун и тропските плажи, Куба крие нешто посебно кое се врежува во вас. Може слободно да се каже и дека станува збор за љубов на прв поглед! Со цел да се обидеме да ви објасниме зашто Куба е толку примамлива, денес ќе ви издвоиме 10 најчести препораки од илјадници туристи коишто објасниле зашто Куба е една од најпопуларните дестинации на Карибите.rnrn10 причини поради кои ќе се вљубите во Кубаrn

    1. Плажите се апсолутен рај

    rnЕдноставно кажано, плажите во Куба се основата од којашто се создадени карипските соништа. Бескрајните пространства од бел, брашнест песок и кристално сините води кои се протегаат од Хавана до Сантијаго де Куба, како и отсуството на крајбрежни градби, придонесува овие плажи со палми сè уште да го имаат сочувано својот природен шмек.rnrn10 причини поради кои ќе се вљубите во Кубаrn

    2. И на нив воопшто нема гужви

    rnИ покрај тоа што Куба во моментов е сè попопуларна летна дестинација, таа сè уште не им конкурира на нејзините соседи Бахамите, но кај неа ќе најдете доволно песок за уживање дури и во туристичкото Варадеро, главното одморалиште на островот. Ако сакате да го доживеете искуството на Робинзон Крусо, не ги пропуштајте легендарните острови и нивните недопрени километарски бели песоци.rnrn10 причини поради кои ќе се вљубите во Кубаrn

    3. Магичната атмосфера на Старата Хавана

    rnИма еден збор со кој туристите секогаш ја опишуваат Хавана – магична. Со нејзините колоритни историски градби и класични автомобили, кога ќе стапнете во Хавана, ќе се почувствувате како да сте се вратиле назад во времето. Доколку на тоа ги додадете и секојдневните улични забави, како и живата музичка култура, ќе дојдете до заклучок дека се наоѓате во еден од највозбудливите и најромантичните градови на Карибите.rnrn10 причини поради кои ќе се вљубите во Кубаrn

    4. Два збора: класични автомобили

    rnКуба е рај за љубителите на автомобили. Никаде на планетава Земја нема толку блескава колекција од класични американски возила, а улиците на Хавана и Сантијаго де Куба се своевидни музеи составени од вакви автомобилски антиквитети.rnrn10 причини поради кои ќе се вљубите во Кубаrn

    5. Преполна е со волшебни колонијални градови

    rnДодека обично Хавана го привлекува целото внимание, многу туристи претпочитаат да ги посетат градовите Тринидад и Камагвеј коишто се заштитени од УНЕСКО како најшармантни дестинации во Куба. Нивните автентични камени улици и колоритната архитектура, кои датираат од 16-от век, се сметаат за најсочуваните колонијални градови на американскиот континент.rnrn10 причини поради кои ќе се вљубите во КубаrnrnПродолжува на следната страница…rn

  • 50 причини зошто е прекрасно да се биде во брак

    50 причини зошто е прекрасно да се биде во брак

    Сопрузите и сопругите не се совршени. Длабоко ви се извинуваме доколку оваа реченица ви го пукна вашиот љубовен меур од бајките, но за жал тоа е суровата вистина. Но, секој оној којшто извесно време е дел од брачна заедница, знае дека подобро е да има покрај себе несовршен сопружник, наместо никаков. Двајца луѓе кои континуирано работат на својот личен развој, како и на развојот на нивната врска, упорно и без откажување кога работите стануваат тешки, макар колку и да се несовршени во карактерот, ќе продуцираат речиси совршена и спокојна заедница.rnrn50 причини зошто е прекрасно да се биде во бракrnrnВо прилог, со вас ќе ги споделиме овие топ 50 причини зошто е прекрасно да се биде во брак:rnrn1. Имате некој со кој ќе остарите заедно.rnrn2. Колку подолго сте заедно, толку сексот станува сè подобар.rnrn3. Вие сте си најголемиот обожавател, еден на друг.rnrn4. Испуштањето природни гасови пред партнерот, не е ништо срамотно.rnrn5. Имате некој кој ќе го бакнувате до крајот на животот, а тоа има свои здравствени придобивки.rnrn6. Бракот е тим сочинет од два членови, којшто секогаш победува.rnrn7. Во студените зимски ноќи, имате човечко „ќебе“ кое ве топли додека спиете.rnrn8. Да се биде „врзан“ со некој друг е многу забавно и не е застрашувачко за вашата слобода и индивидуалност.rnrn9. Сопругот/ата знае како да ве насмее, дури и кога не ви е дојдено до тоа.rnrn10. Вашиот најдобар пријател, ви е истовремено и партнер за редовен секс.rnrn50 причини зошто е прекрасно да се биде во бракrnrn11. Науката вели дека женетите мажи заработуваат повеќе пари.rnrn12. Презервативи треба да користите само доколку сакате да спречите несакана бременост, а на поради страв од сексуално преносливи болести.rnrn13. Покрај себе имате некој кој нема да се смее на вашите соништа.rnrn14. Експериментирањето во сексот и вашите секси-фантазии можат да биде реализирани во секој момент, без да се грижите дека ќе биде погрешно сфатени.rnrn15. Не морате да одите сами на свадбата кај третиот братучед, со кој последен пат се видовте кога бевте бебиња.rnrn16. На жените во брак не им е срам или незгодно, доколку испуштат воздух од нивната вагина во текот на сексот.rnrn17. Сопругот/ата ве познава. Ги познава сите ваши слоеви и сè уште ве обожава.rnrn18. Финансиската моќ на двајца, е секогаш поголема отколку финансиската моќ на сингл човек.rnrn19. Можете да зборувате „валкано“ во кревет, без грам срам и тоа само дополнително ќе ве возбуди и двајцата.rnrn20. Кога длабоко се гледате во очи, чувството е неверојатно убаво.rnrn21. Кога сте во брак, се развивате емоционално и психички како личност.rnrn22. Секогаш покрај себе имате некој со кој можете да ги прославувате вашите родендени, годишнини, празници, слави и кои било датуми што ви се важни.rnrn23. Во човековата природа е да сакате да имате некој покрај себе во животот.rnrn24. Имате некој со којшто можете да ги споделите сите ваши приказни.rnrn25. Статистички, луѓето во брак имаат повисоки стапки на среќа и пониски стапки на психички проблеми.rnrn26. Имате некој со кој ќе ги споделувате сите обврски и ситуации, а на тој начин сè е барем за 50% полесно.rnrn27. Сопругот/ата ќе ве предизвикува да бидете најдобра верзија од себе.rnrn28. Тој или таа ќе ви помогне да ги остварите вашите соништа.rnrn29. Ако имате деца, вие ќе бидете како моќна владејачка партија, а децата ќе бидат вашата опозиција.rnrn30. Луѓето коишто се во брак се попретпазливи во животот и не преземаат негативни ризици (пр. возење автомобил без безбедносен појас или под дејство на алкохол, користење наркотици и влегување во опасни ситуации сл.)rnrn31. Спонтаните патувања не се досадни. Напротив, тие се можност да поминете квалитетно време заедно.rnrn50 причини зошто е прекрасно да се биде во бракrnrn32. Да бидете насамо, ви е секогаш првиот и најдобриот избор.rnrn33. Друштвото на партнерот е утешително.rnrn34. Научно е докажано дека бракот го продолжува животот.rnrn35. Тоа што покрај себе имате некој со различен карактер, е всушност добра работа. Така учиме, така созреваме.rnrn36. Венчалниот прстен на домалиот прстен на вашиот партнер/ка изгледа многу секси.rnrn37. Во болест и во здравје, е еден од најважните завети коишто можете да си ги кажете еден на друг.rnrn38. Вие се надополнувате еден со друг, како две делчиња од една сложувалка.rnrn39. Можете пред партнерот/ката да кажете сè што имате на ум, без да се грижите дека ќе раскинете поради вашата искреност.rnrn40. Романтични комедии, не се вашето единствено искуство во љубовта – во реалниот живот имате уште подобро!rnrn41. Без разлика како некои жени се однесуваат кога се во ПМС, јадат чоколадо од 300 грама во 20 минути кога се под стрес или плачат на реклами на телевизија кога се хиперемотивни, тоа е сосема во ред и прифатено во брачниот живот.rnrn42. Луѓето коишто се во брак имаат подобар и поцврст сон, во однос на разведените луѓе или оние кои се сингл.rnrn43. Сопругот/ата во секое време може да ви биде домашен личен тренер или пријател за вежбање.rnrn44. Секој ден поминат заедно со партнерот, го има потенцијалот да биде Денот на вљубените.rnrn50 причини зошто е прекрасно да се биде во бракrnrn45. Фактот дека никој нема никогаш да ве сака подобро од вашата подобра половина, е најпрекрасното чувство.rnrn46. Сте знаеле ли дека партнерите во посветена, сериозна љубовна врска имаат значително помали нивоа на стрес од останатите?rnrn47. Во брак, секогаш покрај себе имате некој кој ќе се грижи за вас додека сте болни.rnrn48. Емоционалната поддршка од партнерот, е најбесценето нешто.rnrn49. Не е битно каков и колку скап поклон ќе изберете за партнерот. Важно е дека сте се сетиле да го направите тоа и го правите секоја година откако сте заедно.rnrn50. Да се биде во брак е чудесен и најромантичен начин да се искаже љубовта кон една личност.rnrnИмате уште причини поради кои сметате дека е прекрасно да се биде во брак? Доколку имате, не заборавајте да ги споделите со нас во коментарите.rnrnПрочитајте и зошто брачните партнери кои се и најдобри пријатели се многу посреќни во животот.

  • 10 причини зошто вашиот партнер не сака да се приврзе емоционално

    10 причини зошто вашиот партнер не сака да се приврзе емоционално

    Луѓето се производ од нивните услови и искуства. Но друго нешто што ги дефинира човечките битија се нивните емоционални и психолошки составни делови. Кога на ова ќе се додаде модерната технологија, комплексноста на културата, игрите за состанување и општествените норми, ќе сфатите дека многу нешта влијаат на приврзувањето и посветеноста во врската.rnrn10 причини зошто вашиот партнер не сака да се приврзе емоционалноrnrnМажите и жените различно реагираат на стимулите во врската. Истражувањата покажале дека мажите се посклони кон емоционална неповрзаност во врските за разлика од жените. Ако забележите дека вашиот сопруг или момче избегнува да се приврзе за вас или има проблеми со посветувањето на врската, постојат 10 можни причини за тоа.rn

    1. Тој е играч

    rnЕдна од најочигледните причини за ова е тоа што тој не е сериозен за вашата врска. Мажите сакаат предизвици, па многумина од нив ги третираат жените во нивните животи како забава или предмет за полнење на нивното его. Ако партнерот постојано ви дава измешани сигнали, често исчезнува, а потоа се појавува со безначајни подароци, големи се шансите да е играч.rn

    2. Претерано работи

    rnНекои мажи јадат, спијат и работат. За нив кариерата е поважна од сè друго во животот. Немаат време, ниту трпение за врските во нивниот живот. За нив работењето е најсветото нешто. Овие мажи воопшто не се интересираат за врски.rn

    3. Тој е перфекционист

    rnСовршеноста може да биде добра, но некои мажи ја бараат премногу. Без разлика колку сте добри, ако вашиот партнер спаѓа во оваа група, тој секогаш ќе наоѓа нешто лошо кај вас. Ќе се обидува да ве промени бидејќи не ги исполнувате неговите критериуми за совршенство. На крајот од денот нема да сака да се поврзе со вас бидејќи смета дека не сте доволно добри за него.rn

    4. Премногу е зависен или независен

    rnПреголемата зависност или независност не е добра. Можеби сте сретнале мажи кои постојано бараат одобрување од другите, или го земаат предвид мислењето на нивните мајки за тоа со која девојка да се гледаат. Од друга страна постојат и многу независни мажи кои не можат ни да си замислат да бидат ранливи пред некој друг, дури и ако другиот е нивната партнерка или сопруга. И двата вида имаат проблеми со посветување на врската. Тие избегнуваат да се приврзат емоционално.rn

    5. Лоши минати врски

    rnДруга очигледна причина за избегнувањето на приврзувањето од страна на мажот е некое токсично искуство од врска во минатото. Можеби претходната партнерка или сопруга навистина го повредила, па тој се сомнева во намерите на секоја жена на светот.rn

    6. Проблематично детство

    rnЧовекот е производ на минатите искуства, а овде спаѓаат и искуствата од детството. Нашето детство ни ја оформува иднината. Ако вашиот партнер имал лошо детство, немал родители што го сакале, имал родители што се расправале или бил малтретиран, голема е веројатноста да има проблеми со емоционалното поврзување. Поради сите наведени причини него му е навистина тешко да ги искаже своите мисли и чувства, па до некој степен е емоционално недостапен.rn

    7. Финансиска нестабилност

    rnПовеќето мажи се условени да веруваат дека тие се подобри кога станува збор за финансиите во домот. Без разлика колку се „модерни“, длабоко во себе веруваат дека тие треба да имаат поголема плата. Ако вашиот партнер се соочува со финансиски проблеми, голема е веројатноста ова да влијае на неговите мир и самодоверба, како и на вашата врска. Тој ќе се чувствува како да не може да ви го овозможи она што го сакате, па нема да се поврзе со вас.rn

    8. Семејни проблеми

    rnМожно е да постои проблем во неговото семејство што му предизвикува стрес. Или, можно е да дава преголемо значење на мислењето на членовите на неговото семејство за неговите врски.rn

    9. Несигурности

    rnМожеби вие го имате совршеното работно место со одлична плата. Можеби изгледате како вистински супер модел. Во тој случај, голема е веројатноста партнерот да се чувствува несигурно. Тој смета дека можете да бидете со кој било што е побогат и што изгледа подобро од него. Неговата несигурност ќе има големо влијание на врската.rn

    10. Разни животни цели

    rnЖивотните цели се навистина важни. Ако вашите и целите на партнерот значително се разликуваат, тој може да мисли дека вие ќе го спречувате во нивното остварување. Исто така можно е да не ги цени или разбира вашите животни избори. И ова ќе го спречи да се приврзе емоционално со вас.rnrnМажите можат да бидат малку погруби, но и нив им се потребни љубов и внимание. Секогаш имајте на ум дека ако вашиот партнер е емоционално недостапен, или има некој проблем, или не е заинтересиран за вас. Секогаш бидете свесни за вашата вредност и отстапете од врската ако тој не ви дава знак дека некогаш ќе се приврзе за вас.rnrnЗнаете ли зошто чувствителниот маж е најдобриот партнер што можете да го имате?

  • 7 причини за ноќно потење што не треба да ги игнорирате

    7 причини за ноќно потење што не треба да ги игнорирате

    Ако често се будите навечер поради потењето и топлината, губите многу од потребниот сон и му штетите на вашето здравје. Секој со сериозен случај на ноќно потење знае колку е непријатно да се разбудите во текот на ноќта. Иако оваа состојба не е опасна по живот, прекумерното потење може да биде знак за некое посериозно нарушување.rn

    Зошто постојано се потите навечер?

    rn7 причини за ноќно потење што не треба да ги игнориратеrnrnЗа многу луѓе причината за страдањето не е поврзана со околината во која спијат. Ноќното потењето е обично симптом на некоја друга медицинска состојба, па важно е да ги побарате и другите симптоми пред да донесете заклучок.rn

    1. Хиперхидроза

    rn7 причини за ноќно потење што не треба да ги игнориратеrnrnХиперхидрозата е состојба дефинирана како абнормално потење. Околу 2,8% од населението страда од ова нарушување. Ако се соочувате со овој проблем, голема е веројатноста да имате проблеми со габични инфекции, проблеми со кожата и силен телесен мирис.rn

    2. Инфекција

    rn7 причини за ноќно потење што не треба да ги игнориратеrnrnНекои инфекции можат да предизвикаат прекумерно ноќно потење. Често потењето е поврзано со ХИВ, инфекција на коските и воспалени артерии. Ноќното потење најчесто е поврзано со туберкулоза. Некои други симптоми кои доаѓаат со туберкулозата се слабеење, замор, намален апетит, болки во зглобовите, треска, суво грло, кашлица и осип.rn

    3. Хормонална нерамнотежа

    rn7 причини за ноќно потење што не треба да ги игнориратеrnrnНоќното потење кај жените често е поврзано со нивната возраст. Хормоналната нерамнотежа којашто се појавува за време на менопаузата, бременоста и пубертетот може да биде причина за потењето. Други симптоми на хормонална нерамнотежа се промени во менструалниот циклус, акни, паѓање на косата, болки, ненадејно дебелеење, сувост на вагината, уринарни проблеми, проблеми со спиењето и променливо расположение.rn

    4. Анксиозност

    rn7 причини за ноќно потење што не треба да ги игнориратеrnrnПричината за ноќното потење не е секогаш физички проблеми. Едно истражување покажало дека ноќното потење може да биде поврзано со анксиозноста. Ова создава еден циклус во кој сте загрижени за потењето, а со тоа само го влошувате проблемот.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 5 причини зошто да одите сами во кино

    5 причини зошто да одите сами во кино

    На многу луѓе не им е проблем сами да отидат на кафе, во теретана, на пешачење и слично. Но кога станува збор за одење сам во кино, речиси сите го избегнуваат тоа. Па, која е причината?rnrn5 причини зошто да одите сами во киноrnrnОва била темата за истражувањето на Ребека Ратнер и Ребека Хамилтон. Тие ги замолиле нивните испитаници да предвидат како би се чувствувале ако излезат сами и да одберат која активност би им била најмалку забавна. Се покажало дека излегувањето од удобната зона има најдобро влијание.rnrnОд поврзување со самите себеси, до подобрување на менталното здравје, одењето сами во кино може значително да ви го подобри квалитетот на животот. Овие работи ќе ви го докажат тоа.rn

    1. Ѝ одолевате на анксиозноста

    rnИако за интровертите одењето сами во кино звучи како навистина лоша идеја, штом ќе се охрабрите и го надминете стравот, ќе се чувствувате значително подобро. Анксиозноста што ни ја создаваат непознатите ситуации е сосема природна и својствена за механизмот за одбрана. Но, оваа активност ќе ви помогне да ја намалите.rn

    2. Ќе уживате во филм што навистина сакате да го гледате

    rnКолку пати сте го гледале филмот што сте сакале кога сте оделе во кино со друштво? Кога одите сами, изборот е целосно ваш. Ако сакате да гледате семеен филм, но немате дете и поради тоа би се чувствувале како да не припаѓате, немојте да си го правите тоа. Отидете да го гледате филмот што навистина го сакате. Не мора на никој да му го објаснувате вашиот избор.rn

    3. Имате време само за себе во сегашниот момент

    rnКога ќе ги изгаснат светлата и кога ќе почне филмот, ќе заборавите на грижите што ги имате. Ќе заборавите на проблемите од работа и конфликтите со семејството или партнерот. Ова е време за опуштање.rn

    4. Не сте во центарот на вниманието на другите луѓе

    rnВистина е дека повеќето од нас зависат од мислењето на другите луѓе. Неретко мислиме дека сите погледи се вперени во нас, дека секој ги забележува нашите недостатоци и дека одењето сами во кино ќе направи другите да нѐ гледаат чудно. Но, најверојатно луѓето ќе си помислат дека сте храбри и дека го живеете својот живот. Покрај тоа, во текот на филмот никој нема да ве гледа и да мисли на вас.rn

    5. На крајот ќе се чувствувате како да можете да го освоите светот

    rnПо завршувањето на филмот ќе се чувствувате како нова личност. Нема само да бидете опуштени и исполнети, ова искуство ќе направи да се чувствувате како да не постои нешто што не можете да го направите сами.rnrnПрочитајте ги овие неверојатни факти за кината.