КАФЕ ПАУЗА

Tag: причини

  • Зошто е важна стерилизацијата на мачките?

    Зошто е важна стерилизацијата на мачките?

    Поради неконтролираното размножување, на улица завршуваат сè повеќе мачки. Поради ова, треба да се размислува многу повеќе за стерилизација. Доколку не сте подготвени да чувате повеќе мачки, да ги продавате или да ги подарувате, тогаш стерилизацијата е неопходна.rnrnЗошто е важна стерилизацијата на мачките?rnrnИсто така, добро е да се знае дека нестерилизираните мачки често заболуваат од тумори на репродуктивните органи, на млечните жлезди и страдаат од хронични инфекции на мочниот меур. Со стерилизирањето, кај женките се отстрануваат репродуктивните органи, а мажјаците се кастрираат. Овој зафат може да се изведе штом мачката ќе наполни 6 месеци – тогаш се смета дека е зрела. Важно е да се спомене дека можат да се стерилизираат и постарите мачки, но во тој случај операцијата е малку поризична.rnrnЗафатот го извршува ветеринар додека животното е под анестезија. Не се препорачува да им давате на животните да јадат најмалку 12 часа по операцијата бидејќи може да дојде до повраќање и гушење.rnrnПо зафатот видлива е рана, а мачката може да се чувствува мамурно во текот на следните неколку часа. Немојте никако да ја храните со сила, но обезбедете ѝ вода и топло место во домот.rnrnПо стерилизацијата се забавува метаболизмот на мачките, па поради ова може да не бидат игриви и живи како и претходно. Исто така стерилизираните мачки се посклони на дебелеење, па добро е да се распрашате за специјална храна. Доколку се обидувате да ги шетате, тие ќе немаат нагон за бегање, но и полесно ќе ја контролирате нивната тежина.rnrnПогледнете и како мачките ја искажуваат нивната љубов кон вас.

  • Зошто е важно прво да се сакате себеси, а потоа партнерот?

    Зошто е важно прво да се сакате себеси, а потоа партнерот?

    Љубовта кон себе не е себичност, туку потреба. Веројатно досега сте запознаени со разните лица на љубовта почнувајќи од родителската, пријателската, а подоцна и романтичната. Но негде помеѓу сите се наоѓа и љубовта кон себе.rnrnЗошто е важно прво да се сакате себеси, а потоа партнерот?rnrnЉубовта често се опишува како чувство на интензивна блискост, но веројатно за неа има толку дефиниции колку што има и луѓе. Без разлика дали е опишана како состојба, потреба или емоција, јасна е нејзината важност бидејќи љубовта била причина за војување, пишување, сликање… Иако во животот се соочуваме со повеќе видови љубов, онаа која е најубава, но и која може да предизвика најмногу проблеми, е љубовта кон партнерот.rnrnОвој вид љубов спаѓа во групата на најинтимни односи бидејќи на нејзина основа се создава ново семејство. За која било врска да успее потребни се постојани работа и труд, но покрај заедничкото согласување потребно е уште нешто – добар однос со самите себе.rnrnЉубовта кон себе е тема што станува сè попопуларна бидејќи покрај романтичната врска, има големо влијание и врз останатите делови од животот. Со цел вашите врски да бидат стабилни, неопходно е да се сакате себеси бидејќи начинот на којшто се сакате самите е начинот на којшто ќе ве сакаат и другите. Замислете си колку поразличен би бил светот кога секој би се сакал себеси како што се надева дека ќе го сака партнерот.rnrnСекоја врска бара трпение и многу енергија, а истото важи и за врската што ја имате со себе. Преголемата самокритичност и недостатокот од самоконтрола се едни од најчестите пречки во развивањето на љубовта кон себе. Но со постојана работа лесно ќе почнете да мислите добро за себе и да си ја дадете потребната љубов. Иако е тешко да се дефинира љубовта, често се кажува дека таа е извор на животот, па најпрво подарете си ја себеси пред да можете да ја дадете и на некој друг.rnrnПрочитајте ги и овие цитати за љубовта кон себе што ќе ви го променат животот.

  • Истражување: Повторливите спонтани абортуси се можеби предизвикани од целосно занемарен фактор

    Истражување: Повторливите спонтани абортуси се можеби предизвикани од целосно занемарен фактор

    Причината за над 50% од повторливите спонтани абортуси останува неодредена, па паровите често остануваат само со прашања. Но едно ново истражување од Кралскиот Колеџ во Лондон тврди дека постои сокриен фактор кој со децении бил занемаруван.rnrnИстражување: Повторливите спонтани абортуси се можеби предизвикани од целосно занемарен факторrnrnСпоред истражувањето, квалитетот на спермата можеби има улога во повторливите спонтани абортуси, со тоа спротивставувајќи му се на тврдењето дека проблемот е воглавно кај жените.rnrnПовторливите спонтани абортуси се случуваат кај 1 во 50 парови во Велика Британија и се дефинирани како 3 спонтани абортуси пред 20-та гестациска недела. Обично не се прегледуваат машките партнери бидејќи воглавно се мисли дека проблемот е со здравјето на жената.rnrnОва истражување дало многу докази кои укажуваат дека здравјето на спермата го одредува здравјето на бременоста. Некои претходни истражувања покажале дека спермата има важна улога во формирањето на плацентата.rnrnАнализирајќи примероци од 50 мажи чии партнерки страдале од повторливи спонтани абортуси и 60 мажи чии партнерки го немале овој проблем, истражувачите нашле врска помеѓу абортусите и здравјето на спермата. Сè уште не е јасен механизмот зад ова, но се покажало дека спермата на оние мажи чии партнерки имале спонтани абортуси имала 2 пати повеќе оштетување на нејзината ДНК.rnrnКако и обично, потребно е дополнително истражување за овие откритија, но благодарение на овие резултати научниците се надеваат дека ќе им помогнат на паровите кои не можат да имаат деца.rnrnНа медицината ѝ било потребно долго време да сфати дека здравјето на спермата има улога во спонтаните абортуси и дека проблемот не е само кај жената. Сега се знае дека и двајцата партнери придонесуваат за повторливите спонтани абортуси, па најверојатно ќе се најде и решение за овој проблем.rnrnПогледнете и кои се митовите за спонтаните абортуси во кои треба да престанете да верувате.

  • 5 изненадувачки психолошки причини зошто оставате лош прв впечаток

    5 изненадувачки психолошки причини зошто оставате лош прв впечаток

    Без разлика дали се подготвувате за интервју за работа, да одите на состанок или да ги запознаете родителите на партнерот, најверојатно сакате да оставите добар прв впечаток. Но многу често тоа не оди по план. Постојат неколку психолошки причини кои можеби се виновни за тоа што постојано оставате лош прв впечаток. Погледнете за кои станува збор.rnrn5 изненадувачки психолошки причини зошто оставате лош прв впечатокrn

    1. Премногу се обидувате

    rnОчигледно е дека треба да се обидете да оставите добар впечаток, но кога се обидувате премногу? За среќа едно истражување покажало кое однесување е одбивно за луѓето кои прв пат ги сретнувате. Истражувањето открило дека доколку зборувате помалку и доколку сте повоздржани, повеќе ќе им се допаѓате на другите.rnrnПроблемот е што кога се обидувате премногу, вие сте претерано екстровертни и упорно пробувате да го продолжите разговорот. Често поради ова не ѝ давате можност на другата личност да прозбори. Доколку сте природно разговорливи, можно е личноста да се чувствува изморено по првиот разговор со вас, па на тој начин да сте оставиле лош впечаток. Се разбира, ова не значи дека треба да ја криете личноста којашто сте. Наместо тоа внимавајте да не претерувате за време на првата средба.rn

    2. Пребрзо ја откривате вашата лична историја

    rnКога прв пат среќавате некого не знаете ништо за него, за неговиот живот или што му се случило во минатото. Што и да кажете за себе не знаете ако ќе влијае на соговорникот, па најдобро е да почекате да настане некоја конекција пред да откривате премногу за себе.rnrnПо некое време добро е да откриете нешто за себе за да ја зајакнете врската, но во овој случај станува збор за првиот впечаток. Соговорникот не ве знае и доколку кажете нешто непотребно, може да донесе погрешен заклучок за вас. Па внимавајте и немојте да споделувате многу детали за вас.rn

    3. Претпоставувате дека другите ќе се согласат со сè што ќе кажете

    rnДали сте сретнале некој кој разговарал со вас како да знае дека ќе се согласите со што и да каже? Ова се случува многу често, па бидете внимателни. Најчесто луѓето го прават ова преку физичкиот изглед и опкружување. Забележувате како е облечен некој или местото на коешто сте се сретнале, па претпоставувате дека ќе се согласи со вашите верувања за животот, политиката или што било. Поради тоа се отворате за вашите мислења, а често може да се случи спротивното од посакуваното.rnrnЛуѓето со кои веќе имате изградено врски се потолерантни на вашите мислења, без разлика дали се различни. Кога прв пат среќавате некого немојте да разговарате за чувствителни теми, како на пример, политика бидејќи разговорот може да заврши лошо.rn

    4 Премногу се интересирате за нивниот приватен живот

    rnНекои луѓе наместо да зборуваат премногу за себе, поставуваат премногу лични прашања. Ова може да изгледа како испрашување, па другата личност нема воопшто да се чувствува удобно. Најлошото што може да се случи е да поставите чувствително прашање, иако намерата ви била најдобра. Ова може да го навреди соговорникот или да направи да се случува лошо, особено ако разговорот тргне во насока за некоја почината сакана личност, проблеми со менталното здравје, трауми од минатото и слично. Во ред е ако првиот разговор е за чувствителни теми, но обидете се да не барате премногу лични податоци од соговорникот.rn

    5. Изгледате премногу лековерни

    rnКога прв пат сретнувате некого, веднаш го осудувате, како и тој вам. Не можете да го спречите ова бидејќи постојат бројни фактори кои влијаат на вашето мислење во текот на разговорот. Но навистина ќе ја влошите ситуацијата ако изгледате како лековерна личност.rnrnАко почнете да споделувате детали за нешто важно, како проект на работното место, здравјето на некоја сакана личност и слично, соговорникот ќе помисли дека сте наивни и лесно можат да ве измамат. Можеби сте убедени дека никогаш нема да направите нешто вакво, но понекогаш поради нервозата и тремата може да кажете некоја информација само со цел да го импресионирате соговорникот. Проблемот е што воопшто не сте свесни дека сте оставиле лош впечаток бидејќи е навистина тешко да го забележите ова.rnrnНајдобро е да се обидете да ги контролирате вашите емоции и да не го присилувате разговорот. Дозволете му самиот да се одвива во која било насока.rnrnПогледнете и како да оставите добар прв впечаток за само 9 секунди.

  • 4 причини зошто треба да читате повеќе книги во 2019-та година

    4 причини зошто треба да читате повеќе книги во 2019-та година

    Секој вели дека сака да чита повеќе, но многумина не успеваат да го направат тоа. Вистината е дека читањето одзема многу време. Денес сите ние сме зафатени повеќе од кога било, па секој се обидува да го искористи слободното време за нешта што го стимулираат умот. Доколку сте загрижени за времето потребно за читање, добрите вести се тоа што со текот на времето ќе почнете да читате побрзо. Покрај тоа од читањето има неверојатни придобивки, а следниве 4 ќе ве натераат уште денес да се опуштите со добра книга.rnrn4 причини зошто да читате повеќе книги во 2019-та годинаrn

    1. Читањето го намалува стресот

    rnЧитањето не само што ве смирува, туку ве смирува подобро од вежбањето, слушањето музика или релаксирањето со шолја чај. Со само 6 минути читање, нивото на стрес се намалува за една третина, со тоа намалувајќи го притисокот на срцето и циркулаторниот систем.rn

    2. Читањето ја спречува Алцхајмеровата болест

    rnАко го цените вашиот ум, читањето е одличен избор за рекреација. Ова не е само поради лекциите што можете да ги научите од книгите, туку и поради тоа што читањето го намалува ризикот од Алцхајмеровата болест. Активностите што го стимулираат умот, како читањето книга или пишувањето писмо, ги вежбаат деловите од мозокот кои „одредуваат“ колку ќе ви биде добра меморијата подоцна во животот. Па, стекнете навика за читање порано, искористете ја најдобро што можете и вашиот ум ќе остане бистар уште долго.rn

    3. Читањето ја зголемува среќата и целокупното животно задоволство

    rnЛуѓето кои редовно читаат се посреќни бидејќи книгите ни даваат покомплексни слики за животите на другите. На овој начин добивате повеќе перспективи и за вашиот живот. Ова ќе ви помогне полесно да ги разберете вашите опции. Воглавно, книгите ви даваат појасна слика за животот и ви помагаат да ја зачувате перспективата, а тоа ве прави посреќни.rn

    4. Читањето ја зголемува емпатијата и емоционалната интелигенција

    rnЕдна од големите тајни на животот на возрасните е тоа дека најважните нешта нема да ги научите во канцеларија или училница. Најважните нешта се учат од проучување на добри концепти или идеи кои се најдобро овозможени од книгите. Книгите не само што ја зголемуваат емоционалната интелигенција, туку ќе ви го продолжат животот, ќе ви ја зголемат емпатијата, па дури и ќе ви помогнат да избегнувате опасни ситуации. За сето ова нема потреба да трошите многу време на читање, доволно ви се само 3 часа неделно.rnrnДознајте и зошто читањето книги може да ве направи посреќни.

  • 7 чудни нешта што ви го зголемуваат ризикот од рак

    7 чудни нешта што ви го зголемуваат ризикот од рак

    Сите ги знаеме основите за избегнување на ракот – немојте да пушите, нанесувајте крема за сончање, избегнувајте црвено месо и држете се настрана од загадувањето на воздухот. Но постојат нешта што го зголемуваат ризикот од рак, но добиваат многу помалку внимание. Погледнете ги 7-те нешта што ви го зголемуваат ризикот од рак.rnrn7 чудни нешта што ви го зголемуваат ризикот од ракrn

    1. Жежок чај

    rnПиењето чај можеби ви изгледа како здрав начин за справување со стресот, а зелениот чај може дури и да го намали ризикот од рак. Но, прво почекајте да се излади. Пиењето чај кој е речиси врел може да го зголеми ризикот од рак на хранопроводот, барем според едно истражување од 2018-та година од Кина.rnrnВо истражувањето учествувале околу 450.000 луѓе и истражувачите откриле дека оние кои обично пиеле врел чај, пушеле цигари и пиеле алкохол, имале 5 пати поголеми шанси да добијат рак на хранопроводот за разлика од оние кои не ги правеле овие работи. Екстремната топлина на чајот може да го оштети ткивото на хранопроводот, со тоа зголемувајќи ја штетата што ја нанесуваат чадот од цигарите и алкохолот.rn

    2. Седење

    rnЕден начин да го намалите ризикот од рак е да се движите. Физичката активност е поврзана со намалување на ризикот од некои од најчестите видови рак, вклучувајќи го оној на белиот дроб, дебелото црево и градите. Едно истражување покажало дека вежбањето го намалува ризикот од сите видови рак за 7%. Сепак, не е јасно како вежбањето го има ова влијание.rn

    3. Голема висина

    rnПовисоките луѓе имаат поголеми шанси да добијат рак за разлика од пониските. Истражување од 2018-та година открило дека секои 10 центиметри повеќе го зголемуваат ризикот од рак за 10%. Иако не е јасно како висината може да има влијание на ракот, истражувачите заклучиле дека најверојатно високите луѓе имаат повеќе клетки, па поголем број од нив можат да станат канцерогени.rn

    4. Чад од скара

    rnЛетните скари не се толку невини како што изгледаат. Луѓето кои седат преблиску до скарата можат да ги апсорбираат штетните хемикалии од чадот. Овие хемикалии се канцерогени, или предизвикуваат рак. Истражувачите истакнале дека луѓето кои ги апсорбирале супстанците преку кожата имале помало ниво од нив за разлика од оние кои само јаделе месо, но проблемот е што ги вдишале. Најдобро е да ја покриете скарата или да се облечете повеќе.rn

    5. Инпланти на градите

    rnСпоред едно истражување, жените со одредени инпланти на градите можат да се соочат со редок вид лимфома. Овој вид рак не е рак на дојката, туку овие клетки потекнуваат од клетките на имунолошкиот систем. Сепак, целокупниот ризик е многу мал. Истражувачите пресметале дека од 7.000 жени што ќе си стават инпланти, само една ќе се соочи со болеста додека да наполни 75 години.rn

    6. Алкохол

    rnНаздравувањето можеби и не е толку добра идеја. Истражувачите процениле дека годишно 5% од новите случаи со рак и 6% од смртните случаи од рак се директно поврзани со консумирањето алкохол. Истражувачите нагласиле дека дури и умереното пиење може да го зголеми ризикот од болеста.rn

    7. Преголема телесна тежина

    rnВисоката телесна тежина може да го зголеми ризикот од над 10-тина видови рак. Во едно истражување, луѓето кои биле дебели или со прекумерна тежина имале речиси двојно поголем ризик од рак на хранопроводот, стомакот, црниот дроб и бубрезите за разлика од луѓето со нормална тежина.rn

    Што не предизвикува рак?

    rnПа изгледа дека каде и да се свртите ќе најдете причина за рак. Но, имаме и добри вести. Истражувачите сметаат дека не постои врска помеѓу електромагнетните сигнали од телефоните и ризикот од рак. Во 10-годишно истражување кое беше објавено оваа година, истражувачите ги следеле ефектите на радијацијата со многу висока радио фреквенција врз ракот кај глувци. Заклучиле дека нема никаков доказ дека радијацијата со радио фреквенција е штетна за човечкото здравје.rnrnПогледнете ги и овие факти за ракот што би било добро да ги знаете.

  • 6 чудни нешта што сигурно не сте ги знаеле за успешните бракови

    6 чудни нешта што сигурно не сте ги знаеле за успешните бракови

    Кога ќе погледнете вљубен пар, хемијата помеѓу нив е очигледна, и тоа не само на фотографиите што ги објавуваат на социјалните мрежи. Тие се поддржуваат, имаат одлична комуникација, се шегуваат… Но што е со сите бизарни детали кои имаат влијание на квалитетот на бракот? Според науката, постојат многу случајни работи кои можат да го направат бракот успешен. Ова се 6-те нешта што сигурно не сте ги знаеле за успешните бракови.rnrn6 чудни нешта што сигурно не сте ги знаеле за успешните браковиrn

    1. Голема венчавка

    rnОд Универзитетот во Вирџинија била спроведена анкета во која учествувале американски брачни парови. Целта била да се открие врската помеѓу среќниот брак и минатото на парот. Едно од нештата што се истакнало била свадбата. Анализирањето на бракот на 418 парови покажало поврзаност помеѓу формалната венчавка и среќата и квалитетот на бракот. Според истражувањето, среќата била одредена од бројот на гостите, а не од тоа колку луксузна била свадбата.rn

    2. Голема густина на коските

    rnИстражување во кое учествувале 632 возрасни личности нашло врска помеѓу здравјето на коските и квалитетот на бракот. Мажите кои никогаш не биле во брак, биле разделени, разведени или вдовци имале значително помала густина на коските. Научниците ја откриле само поврзаноста, но не и причината. Па додека да ја најдат, почнете да пиете млеко на состаноците.rn

    3. Атрактивна сопруга

    rnЗарем треба да бидеме изненадени? Едно истражувањето 4 години го следело животот на 450 нови брачни парови. Потоа биле прашани дали атрактивната сопруга значи поголемо задоволство во бракот. Мажите рекле да, но жените рекле не.rn

    4. Неатрактивен сопруг

    rnЕдно истражување покажало дека на жените им е подобро доколку се венчаат со неатрактивен маж. Експертите веруваат дека причината е тоа што неатрактивниот сопруг подобро ќе ја третира атрактивната сопруга, бидејќи на мажите навистина им е важна убавината.rn

    5. Одвоени хобија

    rnКолку се важни заедничките интереси? Штом ќе стапите во брак, можеби ќе мислите дека треба сè да правите со партнерот. Но ако едниот партнер не сака некоја активност, подобро е да ја правите сами. Според едно истражување, паровите кои имаат различни хобија се посреќни во бракот.rn

    6. Одложување на родителството

    rnКога ќе прашате некои родители какво влијание имале децата на нивниот брак, тие ќе ви кажат дека им се зајакнала врската. Но едно истражување открило дека младите парови без деца ги имаат најсреќните врски. Ова не треба да ве изненади кога ќе земете предвид колкава одговорност е да се биде родител.rnrnПогледнете и кои се непишаните правила за успешен и среќен брак.

  • Одолговлекувањето потекнува од нашите предци – еве како да го спречите

    Одолговлекувањето потекнува од нашите предци – еве како да го спречите

    Одолговлекувањето на некој начин е недостаток на самоконтрола. Околу 20% од населението може да се стави во категоријата „одолговлекувачи“ и не постои само еден вид одолговлекување, туку три!rnrnОдолговлекувањето потекнува од нашите предци – еве како да го спречитеrnrn1. Луѓе кои сакаат возбуда: Овие луѓе чекаат до последниот момент само за да почувствуваат еуфорија од настанот.rnrn2. Луѓе кои преферираат да избегнуваат: Овие луѓе ги одолговлекуваат работите поради страв од неуспех или успех. Нивниот страв потекнува од претераната грижа за туѓото мислење.rnrn3. Неодлучни луѓе: Овие луѓе едноставно не можат да се одлучат. Затоа и не донесуваат никаква одлука и ова ги спречува да ја завршат нивната обврска.rnrnНе само што одолговлекувањето е стресно и деструктивно за врските и за тимската работа, туку тоа е исто така и лошо за здравјето. Несаканите ефекти од него вклучуваат несоница, ослабен имунитет и проблеми со стомакот. Па, зошто луѓето продолжуваат со ова однесување?rnrnКоренот на овој проблем потекнува од нашите предци – пештерските луѓе. Тие живееле во околина каде што стресот и анксиозноста биле корисни емоции кои ги терале да делуваат веднаш кога се соочени со проблем. Нивните избори имале инстантни резултати. Најверојатно токму поради ова човечкиот мозок повеќе ги вреднува моменталните наместо идните награди и резултати.rnrnНо во модерниот свет често се случува нашите избори да ни бидат од корист многу подоцна. На пример, денес одите на работа, но платата ќе ја добиете после неколку недели. Ова се противи со нештата што ги вреднува мозокот, па одолговлекувањето нè повлекува и покрај нашите добри намери.rnrnСепак, има решение и за ова. Ако можете да најдете начин да ги направите придобивките од долгорочните одлуки инстантни, ќе ви стане полесно да го избегнете одолговлекувањето. Оваа техника е наречена „туркање на искушението“. Потребно е да почувствувате искушение да го направите она што сакате и да го комбинирате со некоја активност. На пример, гледајте телевизија само кога вежбате, или проверувајте ги социјалните мрежи само кога јадете.rnrnИако постојат милиони начини да го избегнете одолговлекувањето, најважна е вашата волја. Сфатете дека вашето однесување е непродуктивно и дека можете да се подобрите и да преземете контрола. Постојат толку многу можности и неверојатни нешта што можете да ги правите со вашиот живот. Па, не трошете го вашето време бидејќи животот е пократок отколку што мислите.rnrnПогледнете и кои се лицата на стравот и како да се соочите со нив.

  • 4 причини зошто вторите бракови се посреќни и траат подолго

    4 причини зошто вторите бракови се посреќни и траат подолго

    Според Фондацијата за брак, 45% од првите бракови завршуваат со развод, додека само 31% од вторите бракови се неуспешни. Дали луѓето кои втор пат се одлучуваат на ваков чекор имаат поголеми шанси да ја пронајдат нивната среќа? Најверојатно одговорот е да, а погледнете и зошто.rnrn4 причини зошто вторите бракови се посреќни и траат подолгоrn

    1. Вежбањето ве прави професионалци

    rnВториот брак ужива во придобивките од искуството. Се разбира, и овде постои период на прилагодување, како и кај која било друга промена. Но во вториот брак луѓето веќе знаат што да очекуваат, особено кога станува збор за делење и водење на домот.rnrnВо вториот брак луѓето знаат што функционира, а што не, и знаат како правилно да ги одбираат нивните битки. Тие имаат барем основно разбирање за ефективната комуникација и решавање на проблемите. Со сите овие фактори, вториот брак е вистински рецепт за успех.rn

    2. И двајцата сопружници се знаат подобро

    rnИ двајцата партнери поминале многу време созревајќи и размислувајќи за себе. Не би започнале втор брак без да ја искусите болката од првиот. Многу луѓе ѝ дозволуваат на оваа болка да му го отвори патот кон личното откривање, лекување и промена. Вторите бракови често се и посреќни бидејќи луѓето научиле да не ги повторуваат нивните грешки.rn

    3. Овој пат и двајцата партнери сакаат да функционира

    rnВо вториот брак и двајцата партнери навистина се мотивирани да работат на врската за бракот да биде успешен. Ова не значи дека мотивацијата не постои во првиот брак, но луѓето кои еднаш поминале низ ова се мотивирани на друго ниво.rnrnКога веќе го искусиле крајот на еден брак, тие се попосветени и сите проблеми ќе ги сфаќаат посериозно. Овие луѓе многу добро знаат што ги чека ако бракот е неуспешен.rn

    4. И двајцата партнери покажуваат благородност

    rnПокрај мотивацијата, во вториот брак и двајцата партнери чувствуваат благодарност, најмногу за втората шанса, но чувствуваат благодарност и за животот и за љубовта бидејќи знаат колку се вредни. Благодарноста навистина нè подигнува. Таа го зема она што го имаме и го претвора во многу повеќе. Го претвора одбивањето во прифаќање, а хаосот во ред. Благодарноста ви помага да најдете смисла во вашето минато, ви носи мир и ви создава подобра визија за утрешниот ден.rnrnПогледнете и како бракот може да ја промени вашата врска со партнерот.rn

  • Доколку сте раскинале поради овие 11 причини, најдобро е да се смирите со бившиот партнер

    Доколку сте раскинале поради овие 11 причини, најдобро е да се смирите со бившиот партнер

    Кога прв пат ќе раскинете со некого, можеби воопшто не помислувате на смирување. Ако поминал некој период и се прашувате дали да му се вратите на бившиот партнер, потребно е да земете предвид неколку нешта.rnrnДоколку сте раскинале поради овие 11 причини, најдобро е да се смирите со бившиот партнерrnrnИако некои сметаат дека никогаш не е добра идеја да му се враќате на минатото и дека раскинувањата се со причина, понекогаш треба да размислите за вашата одлука. Ако сакате да знаете дали можете да ја обновите вашата врска, најважно е да ја знаете причината за вашето раскинување. Доколку сте раскинале за некоја од следниве 11 причини, можеби би требало да ѝ дадете уште една шанса на вашата врска.rn

    1. Сте се запознале додека сте биле со некој друг

    rnИако сте биле подготвени кога конечно сте биле заедно, факт е дека ве чекало уште закрепнување. Едноставно не сте биле на вистинското место за оваа нова врска. Без разлика што тој бил висинскиот партнер, се појавил во погрешно време.rn

    2. Сте биле во период на транзиција во кариерата

    rnОва ви оставило малку време и енергија за врската.rn

    3. Не сте сфатиле што сте имале

    rnВи станало јасно колку го сакате партнерот дури откако си заминал.rn

    4. Не сте биле подготвени

    rnМожеби во тој момент сè уште не сте биле подготвени за нешто толку реално и интензивно.rn

    5. Сте биле емоционално врзани за бивш партнер

    rnМожеби не сте бил подготвени да го отворите вашето срце за некој друг, без разлика што бившиот бил токсична личност, а новиот партнер одличен за вас.rn

    6. Требало да работите на себе

    rnМожно е и да сте биле во период на созревање, учење и истражување. Сте го искористиле времето додека сте биле разделени за да го направите тоа.rn

    7. Сте се обиделе да воспоставите временска рамка во врската

    rnМожеби сте биле подготвени за запросување, брак и деца, но не и партнерот. Па, сте го оставиле за да најдете некој со ист „распоред“ како и вашиот.rn

    8. Сте имале проблеми

    rnСте имале проблеми од минатото со кои требало да се соочите и да се помирите, а сега веќе сте го направиле тоа.rn

    9. Сте биле во „забавната“ фаза од врската

    rnНе сте биле подготвени да се „смирите“ во тој момент. Сега сте.rn

    10. Не сте знаеле што точно сакате и што ви треба

    rnВи било поважно да најдете згоден и богат партнер, наместо некој кој ќе ве сака и ќе ве цени. Приоритетите ви биле други, но сега конечно ги знаете.rn

    11. Не сте биле среќни со себе

    rnСте барале надвор од себе за да бидете среќни и не сте сфатиле дека без разлика со кого сте, ќе се чувствувате осамено доколку вие не направите промена.rnrnАко сте биле во која било од овие ситуации, добро размислете како сте го поминале времето додека сте биле одвоени од бившиот. Важно е да научите што треба за здрава и трајна врска. Треба да ви е јасно што сакате и кои ви се потребите. Повеќе не завршувате со кого било, туку сте подготвени за вистинскиот.rnrnИсто така треба да бидете среќни и исполнети со себе. Тоа што имате партнер со кој ќе го споделите животот е само плус. И можеби личноста што сте ја барале во сите е личноста на којашто не можете да престанете да мислите – вашиот бивш партнер.rnrnКога ќе ја обновите врската, ќе знаете во што се впуштате. Ќе знаете кои проблеми можат да настанат. На овој начин ќе бидете подготвени за нив и ќе ги решите на продуктивен и здрав начин. Па, дајте му уште една шанса на бившиот. Можеби сепак тој е вашата сродна душа.rnrnДоколку веќе сте во врска и размислувате за раскинување, погледнете кои се знаците кои покажуваат дека партнерот не ве цени доволно и дека е време за крај.