КАФЕ ПАУЗА

Tag: причини

  • Зошто сè повеќе и повеќе 15-годишници изгледаат како да имаат 30 години?

    Зошто сè повеќе и повеќе 15-годишници изгледаат како да имаат 30 години?

    Досега веројатно сте забележале дека многу 10-годишни деца изгледаат како тинејџери, а таканаречените средовечни луѓе изгледаат толку младо, што е тешко да се поверува. Двата примера се предизвикани од едно нешто – забрзување. Па зошто толку многу деца созреваат рано и кои проблеми можат да произлезат од тоа?rn

    Што претставува „забрзувањето“?

    rnЗошто сè повеќе и повеќе 15-годишници изгледаат како да имаат 30 години?rnrnЛево на фотографијата се наоѓа Мерлин Монро. Таа била висока 162 центиметри. До неа се наоѓа Џенифер Лоренс, чија висина е 170 центиметри.rn

      rn 011

    • Изминативе 150 години, човештвото драстично „порасна“. Просечната висина е 9,14 центиметри поголема од претходно. Денес сме речиси 1 глава повисоки од нашите предци кои живееле на крајот од 19-тиот век. Највисоките луѓе во светот се Холанѓаните, а просечниот Холанѓанец е висок 172.7 центиметри.
    • rn 011

    • Пубертетот започнува многу порано. Во 1860-тите, просечната девојка влегувала во пубертет на возраст од 16,5 години. Денес овој број е околу 10 години. Истото важи и за момчињата, иако обично тие се 1 година поназад од девојките.
    • rn 011

    • Крајот на телесниот развој настанува на 16 години кај девојките и на 18 години кај момците. Претходно било на 20 и 22 години.
    • rn

    rnЗошто сè повеќе и повеќе 15-годишници изгледаат како да имаат 30 години?rnrnНа левата фотографија е Елена Кузмина, актерка од Советскиот сојуз, фотографирана на 40 години. Десно е Рашел Лефевр, модерна актерка од Канада на истата возраст.rnrnСтарееме значително подоцна од нашите предци. Ова може да биде поврзано со развојот на медицината и квалитетот на храната. Денес, според статистиката, старата личност има 65 години. Но бројките варираат според државата – во Јапонија за стари се сметаат луѓето над 76 години, а во Папуа Нова Гвинеја луѓето се стари на 45 и пол години.rnrnРепродуктивниот период станал подолг поради раниот пубертет. Просечната возраст на која жената влегува во менопауза е околу 50 години. Нема некои поголеми истражувања кои докажуваат дека менопаузата започнува подоцна. Но, некои научници сметаат дека се движиме натаму.rnrnСе менува и градбата на телото. Претходно, висината се зголемувала поради зголемување на долниот дел од телото. Денес се зголемува торзото. Карлицата на жените се смалува, а научниците веруваат дека ова е еволуционарна промена. Го олеснуваме породувањето со царски рез, па телото се адаптира.rn

    Технологијата можеби има влијание врз нашето тело

    rnЗошто сè повеќе и повеќе 15-годишници изгледаат како да имаат 30 години?rnrnОваа фотографија е направена во 60-тите години од 20-тиот век.rnrnЕдно од најпопуларните верувања е дека забрзувањето е предизвикано од технолошкиот напредок на човештвото. Овде спаѓаат:rn

      rn 011

    • Зголемен број часови со дневна светлина поради електричната струја
    • rn 011

    • Зголемена температура во домовите поради затоплување
    • rn 011

    • Брз развој на медицината
    • rn

    rnСе верува дека сите овие фактори придонесуваат за помало трошење на телото. Па, телото може да ја троши енергијата на развој, наместо борејќи се со физички проблеми и агресивна околина. Се разбира, тешко е да го побиете ова, но не се само овие фактори кои предизвикуваат забрзување.rnrnЗошто сè повеќе и повеќе 15-годишници изгледаат како да имаат 30 години?rnrnПостои и една позагрижувачка научна теорија. Можеби забрзувањето е последица од влијанието на ендокрините нарушувачи (EDC). Кога овие хемикалии се во телото, тие функционираат како хормони. Синтетичките нарушувачи се наоѓаа во пластиката, продуктите за лична хигиена, па дури и во козметиката. Покрај тоа, се користат и како додатоци во некоја храна. Теоријата за забрзување нема никаков цврст доказ за ова во моментот.rn

    Влијание на храната

    rnЗошто сè повеќе и повеќе 15-годишници изгледаат како да имаат 30 години?rnrnСпоред оваа теорија, причината за забрзувањето е целокупното подобрување на квалитетот на храната. Се верува дека најважните фактори се витамините Б6 и Б12 и фолната киселина.rnrnПроменети се и состојките на нашата храна. Според статистиката, денес консумираме многу храна.rn

      rn 011

    • Во 2014-та година, просечната личност консумирала 42,6 килограми месо годишно. Во средината на 20-тиот век, бројката била едвај 22 килограми.
    • rn 011

    • Во Советскиот Сојуз, просечната личност консумирала 36,7 килограми месо, а денес, личност од Русија консумира 72 килограми месо.
    • rn

    rnОва не значи дека треба да јадете месо за да бидете повисоки. Но, тешко е да ѝ се спротивставувате на статистиката – во месото има состојки потребни за здравиот развој на телото.rn

    Проблемите од забрзувањето

    rnЗошто сè повеќе и повеќе 15-годишници изгледаат како да имаат 30 години?rnrnПроцесот на забрзување на модерната млада генерација е навистина двосмислен. Од една страна е навистина логичен кога ќе се земе превид еволуцијата. Но од друга страна, може да предизвика некои социјални проблеми.rnrnНа пример, 11-годишно девојче може да изгледа како возрасна жена, но нејзината емоционална интелигенција е на детско ниво. Ова предизвикува психолошки проблеми, но и проблеми со однесувањето – девојчето има сексуална желба, но не знае што да прави со неа.rnrnИсто така, младата генерација е многу незрела. Во минатото луѓето биле присилени да пораснат многу порано. Причината е едноставна – животот бил многу потежок, па луѓето порано и побрзо ги оформувале нивните карактери.rnrnОвде постои нерамнотежа – физички растеме брзо, но психолошки и емоционално остануваме деца уште многу долго. Неодамна научниците од Велика Британија откриле дека личноста би требало да се смета за возрасна на околу 30 години. Пред оваа возраст, сè уште траат важните физиолошки промени во мозокот, а тие ги одредуваат нашите психа и однесување.rnrnСите знаат дека постојат многу постари луѓе кои ги обвинуваат помладите дека пребрзо сакаат да започнат со нивните животи. Но постојат и оние кои сметаат дека ова е природно и дека не треба да ѝ пречиме на природата во работата. Кое е вашето мислење?

  • 5 нешта што предизвикуваат тврд стомак – дали треба да бидете загрижени?

    5 нешта што предизвикуваат тврд стомак – дали треба да бидете загрижени?

    Постојано се зборува за тоа како да добиете цврсти стомачни мускули, но тврдиот стомак не e секогаш добар знак. Всушност, доколку имате многу сало на стомакот, кој истовремено е и тврд, тоа може да биде знак за посериозен проблем.rnrn5 нешта што предизвикуваат тврд стомакrnrnТврдиот стомак може да биде како темпирана бомба во вашето тело и покажува дека сте изложени на ризик од заболувања на срцето и дијабетес. Исто така, оваа појава може да биде полоша од пушењето или високиот холестерол. Погледнете кои се причинителите за тврдиот стомак.rn

    1. Премногу масни наслаги

    rnПрвата можна причина за тврд стомак се наталожените опасни висцерални масти. Овие масти се сместуваат во просторот помеѓу органите и стомачната празнина, па го туркаат стомачниот ѕид кон надвор. Овие масни наслаги не се тврди, но ткивото на стомакот е. Тврдиот и изобличен пивски стомак е предизвикан таложење на висцерални масти, додека пак, мекиот стомак е знак за масни наслаги кои се наоѓаат под површината на кожата.rn

    2. Генетска предиспозиција за таложење висцерални масни наслаги

    rnВеројатно се прашувате што го предизвикува таложењето на висцералните масти. Тоа може да зависи од возраста, хормоните, но и од вашите гени. Едно истражување од 2017-та година покажало дека речиси 50% од дистрибуцијата на мастите е одредена од генетиката.rn

    3. Мажите се посклони на пивски стомак

    rnДруго истражување покажало дека жените се изложени на поголем ризик од развој на здравствени проблеми предизвикани од големото количество масти во телото. Кај мажите пак, многу почесто се појавува таканаречениот пивски стомак.rn

    4. Претерано седење

    rnИсхраната и животниот стил исто така имаат големо влијание на оваа појава. Претераното седење е поврзано со вишокот висцерални масти. Проблемот може да го предизвика и нередовната физичка активност, консумирањето мрсна храна, како и преработената храна. Кај жените поверојатно е да се појават поткожни отколку висцерални масни наслаги, но после менопаузата се забрзува таложењето и на вторите.rn

    5. Нездрава исхрана

    rnЕдно истражување покажало дека зголеменото внесување рафинирани житарици може да го зголеми количеството масти кои се таложат во пределот на стомакот. Од друга страна, ова не важи за житариците од цело зрно, кои се всушност здрави.rnrnЕкспертите предупредуваат дека здравствените ризици, како кардиоваскуларни болести и дијабетес тип 2, кои предизвикуваат вишок висцерални масти, се присутни дури и ако не сте дебели. Според истражување од 2015-та година, луѓето со пивски стомак но здрава тежина, сепак имале поголем ризик од смрт за разлика од луѓето кои немале покачено ниво на висцерални масти.rn

    Како да се ослободите од тврдиот стомак?

    rnКога ќе ја знаете причината за тврдиот стомак, како и постоечките ризици, време е да се ослободите од него. Намалувањето на само 5% до 10% од телесната тежина го намалува количеството на висцерални масти за 25% до 40%. Голема разлика прави и консумирањето житарици од цело зрно и намаленото внесување шеќер. Исто така, важно е да го избегнувате седењето и да најдете време за вежбање. Кардио вежбите се покажале како одлични за намалување на висцералните масти.rnrnПогледнете ја и оваа мапа која открива што ви е според местото каде што ве боли стомакот.

  • Јасни знаци дека причината за вашата болест е стресот

    Јасни знаци дека причината за вашата болест е стресот

    Сам по себе, стресот и не е толку лош. Всушност, дури е и препорачлив во умерена доза бидејќи на некој начин ве мотивира. Но кога не се справувате со него на здрав начин, стресот може да има навистина лошо влијание врз вашето психичко, но и физичко здравје. Погледнете ги знаците кои покажуваат дека вашата болест е предизвикана од стрес.rnrnЈасни знаци дека причината за вашата болест е стресотrn

    1. Акни

    rnДоколку ви се појавиле акни, а обично имате чисто лице и не сте во тинејџерските години, најверојатно причината е стрес. Во овој случај виновно е зголеменото лачење на хормонот кортизол. Тогаш жлездите лачат повеќе масти, а остатокот останува заробен во фоликулите заедно со нечистотијата и мртвите клетки, па се создаваат акни.rn

    2. Чести настинки

    rnСтресот го ослабува имунитетот, па поради тоа можете да станете посклони на настинки. Истражувачите од Универзитетот во Питсбург заразиле неколку испитаници со вирус на обична настинка. Една група испитаници била под стрес, а другата не покажувала вакви симптоми. Се покажало дека во втората група имало двојно помалку луѓе со настинка.rn

    3. Дебелеење

    rnСтресот го зголемува лачењето на кортизол, хормон на стрес кој ја нарушува способноста на телото да ги обработува шеќерите во крвта. Поради ова се менува и начинот на кој телото ги преработува мастите, протеините и јаглехидратите, што може да води до вишок килограми. Исто така стресот е често виновен за нездравите навики на исхрана и прејадувањето.rn

    4. Главоболка

    rnДоколку никогаш претходно не сте страдале од силни главоболки а сега се појавуваат често, причината може да биде стресот. Стресот ослободува одредени хемикалии во мозокот кои можат да предизвикаат промени кај нервите и крвните садови.rn

    5. Паѓање на косата

    rnСилниот и долготраен стрес резултира со таканаречена фаза на одморање на фоликулите на влакната. Ова предизвикува почесто паѓање на косата. Исто така вашиот имунитет може да почне да ги напаѓа фоликулите, што повторно предизвикува паѓање на косата. Косата може да ослаби и од недостаток на железо во организмот.rn

    6. Подуеност и гадење

    rnСтресот може да ја наруши функцијата на дигестивниот тракт на повеќе начини. Тој го зголемува лачењето на желудочна киселина што може да предизвика гадење. Исто така го забавува варењето на храната, што резултира со подуеност. Кога проблемите со варењето ќе продолжат и во дебелото црево, можно е да се појават и дијареја и грчеви.rn

    7. Осипи

    rnДоколку на кожата ви се појави осип без некоја причина, најверојатно одговорен е стресот во вашиот живот, а не некоја алергија. Кога телото е изложено на многу стрес, имунолошкиот состав слабее и на организмот му е потешко да се справи со болестите. Поради ова кожата станува пречувствителна на надворешни фактори како сапун, студ, топлина, креми и слично.rn

    8. Збунетост

    rnИ психичките проблеми можат да бидат предизвикани од стресот. Преголемото количество кортизол во организмот ги отежнува фокусирањето и концентрацијата. Ова води до проблеми со помнењето, депресија и тешкотии.rnrnДознајте и кои се знаците кои покажуваат дека сте изложени на хроничен стрес.

  • Зошто вашата мачка постојано ве следи?

    Зошто вашата мачка постојано ве следи?

    Оние кои чуваат мачки, сигурно барем еднаш се имаат запрашано зошто нивната мачка постојано ги следи. Кога одите во кујната, мачка оди по вас. Во овој случај можеби причината е што во кујната има храна. Но кога одите во тоалет, мачката повторно оди по вас. Излегувате од просторијата поради која било причина, мачката станува и тргнува по вас. Ова е можеби најголемата „мачкина“ мистерија, но има неколку објаснувања и за ова однесување.rnrnЗошто вашата мачка постојано ве следи?rn

    1. Вродено однесување

    rnСпоред експертите за однесување на животните, навиката на мачките да ги следат нивните сопственици е генетска особина, иако многумина веруваат дека мачките се индивидуални и не се премногу приврзани за сопствениците. Малите мачиња добиваат драгоцен информации од нивните мајки за околината, однесувањето и ловењето. Тие ги учат овие работи токму кога ја следат нивната мајка. Покрај тоа, знаат дека освен храна, од мајката ќе добијат и внимание и нежност – нешто што го добиваат и од сопствениците. Па, вашата мачка оди по вас и следи што правите најверојатно за храна, нежност или играње.rn

    2. Љубопитност

    rnГолем број мачки, без разлика дали улични или домашни, се навистина љубопитни и сакаат да знаат што правите. Од друга страна, постојат и голем број мачки кои едноставно уживаат во друштвото на нивните сопственици, па поради тоа и ги следат.rnrnМеѓутоа, понекогаш ова однесување може да биде знак и за сепарациона анксиозност, односно страв од одделување од сопственикот. Доколку забележите дека на мачката ѝ е навистина тешко кога ќе се одделите од неа, а по вашето враќање забележувате дека уништила нешто, најдобро е да побарате совет од ветеринар кој ќе ѝ помогне на мачката да ја надмине анксиозноста.rn

    3. Знак за приврзаност

    rnМногу сопственици го сметаат следењето на нивните мачки како знак за приврзаност и љубов, а според експертите ова е точно. Навистина е голем комплимент вашата мачка да ве смета за омилена личност. Тоа значи дека мачката одбрала да биде во ваша близина и дека е заинтересирана за она што го правите. Покрај тоа, можеби сте ѝ недостасувале додека сте биле надвор од дома, па сака да надокнади за изгубеното време и ве следи.rn

    Како да реагирате?

    rnБидејќи на некој начин мачката ви дала комплимент, би било убаво да ѝ обрнете внимание. Според експертите, секоја мачка бара различно внимание. Доколку вашата мачка сака да си игра, тогаш најдобар начин да ѝ се заблагодарите е тој. Од друга страна ако имате мачка што сака да се гали, погалете ја. Ако пак имате мачка која само сака да биде до вас, дозволете ѝ да го прави тоа. Говорот на телото на мачките е најдобар начин да оцените што му е потребно на вашето милениче.rn

    Улични мачки

    rnВеројатно ви се случило да ве следи и некоја улична мачка. Веројатно сметате дека не ве познава и дека не би требало да бара внимание од вас. Кога уличната мачка ќе почне да оди по вас, тоа е знак за пријателско однесување, односно знак дека мачката не е дива и дека ѝ годи присуството на луѓе. Можеби пак станува збор и за мачката на некој сосед која веќе е навикната да се движи помеѓу луѓе. Најверојатно од вас бара да ја погалите, или можеби да ѝ дадете хранаrnrnДоколку мачката ве следи и мјаука, но изгледа опуштено, слободно погалете ја. Се разбира, потребно е да не ја исплашите и да бидете нежни. Исто така доколку некоја улична мачка упорно ве следи, можеби станува збор за домашна, која избегала или се изгубила. Доколку забележите ремче, најдобро е да ја однесете на ветеринар кој ќе провери дали има чип и ќе го најде сопственикот. Можете да се обидете да го најдете сопственикот и на социјалните мрежи.rnrnДознајте што значат и останатите „чудни“ однесувања на вашата мачка.

  • 7-те најчести фактори што можат да предизвикаат неплодност

    7-те најчести фактори што можат да предизвикаат неплодност

    Доколку сте донеле одлука да станете родител, но обидувањето трае подолго од планираното, нормално е да се наоѓате сред емоционална бура. Вознемирувачката комбинација од гнев, фрустрација и разочарување потекнува од чувството на ранливост и неможноста да ја контролирате ситуацијата.rnrn7-те најчести фактори што можат да предизвикаат неплодностrnrnНаучени сме дека ако доволно се трудиме, можеме да постигнеме што било. Но, ова не важи и за бременоста. Иако постојат многубројни причини поради кои жената не може да остане бремена, секоја од нив има своја приказна и различна ситуација. Некои од причините можат да бидат медицински, а некои еколошки, но добрите вести се што во поголемиот дел од случаите, проблемот може да се реши. Доколку се обидувате да останете бремени повеќе од една година но безуспешно, причините можат да бидат некои од следниве.rn

    1. Ендометриоза

    rnМенструалните грчеви сами по себе нема да влијаат на плодноста. Меѓутоа интензивните грчеви можат да бидат знак за ендометриоза, која пак може да предизвика неплодност. Најчестиот симптом на ова нарушување кое настанува кога ткивото на матката расте и ги зафаќа околните органи, е болната менструација. Другите симптоми се хронична болка во карлицата и неудобност за време на секс. Од 10% од жените кои страдаат од ова нарушување, речиси половина имаат проблеми и со плодноста.rn

    2. Ановулација

    rnАновулацијата или отсуството на овулација исто така предизвикува неплодност. Постојат неколку причини за појавата на ановулација, вклучувајќи ги синдромот на полицистични јајници, дебелина, оштетување на ендокрините жлезди и претерано вежбање. Откривањето на причината за ановулацијата е клучно за нејзино третирање.rn

    3. Миом на матката

    rnМиомите на матката, познати и како бенигни тумори, можат да предизвикаат неплодност. Миомите во внатрешноста на матката можат да му пречат на процесот на зачнување. Овој проблем може да се реши со хируршка процедура позната како хистероскопија.rn

    4. Оштетување на јајцеводите

    rnИ јајцеводите можат да бидат одговорни за вашата неплодност. Нивното оштетување, делумно или целосно блокирање, како и лузните на нив можат да бидат предизвикани од разни нешта. Некои од нив се сексуално преносливите болести, особено кламидијата.rn

    5. Вашиот партнер

    rnНе треба да го занемарите и вашиот партнер. Мажите се виновни за неплодноста во 30% до 40% од случаите. Пред да подлегнете на каков било третман за плодност, потребно е да се прегледа и вашиот партнер.rn

    6. Чад од цигари

    rnПокрај медицинските состојби, постојат многубројни фактори од опкружувањето што ја намалуваат плодноста. Чадот од цигарите е ваш главен непријател кога сакате да останете бремени бидејќи не само што ја намалува плодноста, туку може да предизвика и компликации во текот на бременоста.rn

    7. Стрес

    rnУште еден многу важен фактор од опкружувањето е стресот. Иако неговото мало количество ви овозможува да функционирате сосема нормално, хроничниот стрес може да предизвика хормонални промени кои влијаат на речиси целиот организам. Во некои случаи стресот може да предизвика прекинување на овулацијата, со што се менува менструалниот циклус, или целосно престанува.rnrnПогледнете и кои се 8-те работи за неплодноста за коишто никој не зборува.

  • Како да продолжите да се движите напред кога сакате да се откажете?

    Како да продолжите да се движите напред кога сакате да се откажете?

    Постојат моменти кога едноставно сакате да се откажете од вашите цели. Но важно е да запомните дека понекогаш е потребно време за да стигнете онаму каде што сакате. Доколку бидете трпеливи, кога-тогаш вашиот сон ќе се оствари. Погледнете ги 5-те најчести причини поради кои посакувате да се откажете и како да се справите со нив.rnrnКако да продолжите да се движите напред кога сакате да се откажете?rn

    1. Замор

    rnФизичкиот замор има влијание врз вашите емоции и вашиот ум. Кога сте изморени немате волја да ги надминете предизвиците и не размислувате рационално.rnrnРешение: Грижете се за вашето тело и одморете се. Многу луѓе се чувствуваат подобро после дремка, па обидете се да го правите тоа секој ден. Намалете го внесувањето на брза и нездрава храна. Доколку треба да ослабите, почнете да одите на фитнес. Имате само едно тело, па грижете се за него.rn

    2. Обесхрабрување

    rnПонекогаш ви изгледа како само да ви се трупаат проблеми, па сè што сакате е да се откажете. Многу полесно е да избегате од проблемите наместо да се соочите со нив.rnrnРешение: Справете се со негативните емоции на здрав начин. Одете на прошетка, пишувајте во дневникот или најдете други позитивни решенија на проблемите. Бегањето од нив само ќе ги направи полоши.rn

    3. Збунетост

    rnДали некогаш сте го изгубиле фокусот и не сте знаеле кон каде да се движите? Не сте сами. Секој знае како е да се биде парализиран од стресот во животот и да ја изгуби насоката.rnrnРешение: Одново поврзете се со вашата цел и визија. Каде сакате да бидете за една, две или пет години? Размислете за долгорочните цели и нештата што треба да ги направите за нив.rn

    4. Преплавеност

    rnПонекогаш им обрнувате внимание на толку многу обврски, што на крај се чувствувате целоно преплавено.rnrnРешение: Одредете ги вашите приоритети. Не можете да направите сè одеднаш. Понекогаш се чувствувате преплавено бидејќи ви е страв дека ќе ги разочарате другите кои го бараат вашето време. Мора да ги одбивате предлозите што не можете да ги направите. Ако не го контролирате вашето време, некој друг ќе го прави тоа место вас.rn

    5. Жалење

    rnАко постојано размислувате за грешките од минатото, нема да можете да се фокусирате на иднината. Ова жалење ќе ви го одземе целото време и нема да можете да се движите напред.rnrnРешение: Не размислувајте премногу за минатото, бидејќи не можете да го промените. Учете од вашите грешки и применете ги лекциите во сегашноста и иднината. Фокусирајте се на она што можете да го промените – самите себеси.rnrnДобро е да ги запомнете и овие работи кога сакате да се откажете.

  • Поради кои причини хороскопските знаци ги прекинуваат врските?

    Поради кои причини хороскопските знаци ги прекинуваат врските?

    Луѓето наоѓаат разни причини за прекинување на врската кои за другата личност можат да бидат целосно несфатливи. Но доколку верувате во хороскоп, голема улога во раскинувањето има и хороскопскиот знак. Погледнете ги главните причини за раскинување на секој знак.rnrnПоради кои причини хороскопските знаци ги прекинуваат врските?rn

    Овен: Посесивност

    rnНезависните Овни тешко ги поднесуваат посесивните партнери покрај кои се чувствуваат затворено. Луѓето родени во овој знак не се откажуваат од нивната слобода и нема да толерираат никој којшто ги гуши.rn

    Бик: Непочитување

    rnГордите Бикови очекуваат другите да ги ценат, а оние кои не го прават тоа немаат место во нивниот живот. Дури и ако навистина се вљубени во некого, нивните чувства ќе исчезнат доколку партнерот покаже и најмало непочитување.rn

    Близнаци: Резервираност

    rnОвие луѓе сакаат да излегуваат и да водат активен друштвен живот. Некој којшто е повлечен и не е друштвен тешко може да ги седи Близнаците и воопшто не одговара на нивните карактеристики.rn

    Рак: Затвореност

    rnЕмотивните Ракови сакаат да ги покажуваат нивните чувства, а истото го очекуваат и од партнерот. Па, не сакаат тајни и сакаат да делат сè со саканата личност. Доколку партнерот е затворена и резервирана личност, врската нема да трае.rn

    Лав: Срамежливост

    rnЛавовите навистина сакаат да бидат во центарот на вниманието и не планираат да го променат тоа за партнерот. Многу ги ценат самоуверените луѓе бидејќи сакаат и предизвици.rn

    Девица: Пасивност

    rnНа амбициозните Девици во животот најважни им се кариерата и успехот. Па доколку се со пасивна личност, едноставно не можат да најдат заеднички јазик.rn

    Вага: Негативност

    rnВагите го гледаат светот низ розови очила и сакаат да бидат опкружени со слични луѓе. Во нивниот живот нема место за негативност и драма.rn

    Скорпија: Неискреност

    rnСкорпиите не поднесуваат лаги. Лажењето е една од најлошите човечки особини за нив. Кога ќе го фатат партнерот дека лаже, тоа е обично и крај на врската.rn

    Стрелец: Мрзеливост

    rnРодените авантуристи, Стрелците, секогаш се подготвени за акција и сакаат да го искористат буквално секој ден. Партнерот што не може да ги следи тешко ќе ја издржи врската со нив.rn

    Јарец: Неодговорност

    rnЛуѓето родени во овој знак најчесто се најодговорните. Иако можеби го трпат детинестото однесување на нивните пријатели, неодговорност во врската никако не ја толерираат.rn

    Водолија: Практичност

    rnВодолиите се родени сонувачи и никогаш не пораснуваат целосно. Практичните и реални луѓе воопшто не ги привлекуваат, а ако сфатат дека партнерот сака да „ ги спушти на земја“ веднаш ѝ ставаат крај на врската.rn

    Риби: Нечувствителност

    rnЕмотивните Риби обично ги кријат нивните чувства, но бараат партнер кој може целосно да се отвори. Ги одбиваат емоционално недостапни луѓе и оние кои немаат разбирање за туѓите чувства.rnrnДознајте и што треба да направи секој хороскопски знак после раскинување.

  • Понекогаш простувањето е најмоќното нешто што можете да го направите

    Понекогаш простувањето е најмоќното нешто што можете да го направите

    Простувањето е моќен начин да си ја покажете љубовта кон себе и може да има многу посилно влијание само од кажување „Извини“ или „Ти простувам“.rnrnПонекогаш простувањето е најмоќното нешто што можете да го направитеrnrnКога ќе ѝ простите на друга личност, на ситуација, па дури и кога ќе си простите самите себеси, се ослободувате од емоциите зад она за коешто сте се држеле.rnrnОвие емоции можат да бидат гнев, вина, тага, срам или љубомора, односно емоции со ниска вибрација. Доколку се држите за овие емоции и не ги искажувате, само ќе си предизвикате болка и страдање.rnrnШто се случува кога ги складирате овие емоции со текот на времето без да ги искажете? Тие ќе почнат да се манифестираат во нова форма, како на пример физичка болка или болест. Тогаш ќе почнете да се прашувате зошто одеднаш имате хронична болка во вратот што никако не поминува.rnrnСо простувањето вие не ги одобрувате постапките на некој или на некоја ситуација што ви предизвикала страдање. Наместо тоа, се ослободувате од нешто што се случило во минатото.rnrnЛичноста што ви згрешила не мора да знае дека сте ѝ простиле, односно не мора да го правите тоа лице во лице. Ова е нешто што може да биде помеѓу вас и некоја виша сила.rnrnПостојат многу начини за простување и ослободување. Можете на глас да кажете дека сте простиле, да се помолите, да водите дневник или што било што ќе направи да се чувствувате добро. Не постои погрешен или правилен начин да го направите ова. Да простите значи да заборавите и самото тоа е навистина убаво.rnrnДознајте и како да простите кога тоа ви изгледа невозможно.

  • Работи во домот што можат да предизвикаат анксиозност

    Работи во домот што можат да предизвикаат анксиозност

    Во денешно време стресот е нормална работа. Некои психијатари дури сметаат дека е корисен бидејќи ги поттикнува луѓето да работат на промени. Но анксиозноста може навистина да го намали квалитетот на вашиот живот.rnrnРаботи во домот што можат да предизвикаат анксиозностrnrnСимптомите на анксиозност можат да се намалат со редовно вежбање, медитација или со други техники за опуштање. Но, добро е да знаете и кои работи во вашиот дом можеби ви ја влошуваат анксиозноста.rn

    Врева

    rnПричината за анксиозноста може да биде вревата која допира до вашиот дом. Ако живеете во близина на прометна улица или во соседство со кучиња, голема е веројатноста да го имате овој проблем. Но не грижете се, има решение и за него. Можете да го намалите влијанието на бучавата со таканаречена бела врева, односно звуци од вода, дожд, лисја и слично. Благодарение на Интернетот можете многу лесно да ги пронајде овие звуци. Друго нешто што може да ви помогне е и подебела завеса.rn

    Хемикалии

    rnДенес хемикалиите се наоѓаат насекаде околу нас. Но доколку страдате од анксиозност, добро е да дознаете како одредени хемикалии влијаат на вашето физичко и ментално здравје. Друга опција е да ги замените производите за чистење со природни, или да направите свои.rn

    Светло

    rnЛЕД светилките, флуоресцентното светло и сината светлина од екраните можат да ги влошат симптомите на анксиозност. Поради ова направете попријатна атмосфера со светлата во домот. ЛЕД светилките заменете ги со „потопли“ и престанете да ги користите електронските направи со екран околу два часа пред спиење.rn

    Воздух

    rnЕдно истражување покажало дека воздухот на поголемата надморска височина може да ги засили симптомите на анксиозност. Покрај воздухот, лошо влијание на психичката состојба има и смрдеата. Па, проверете ја корпата за отпадоци. Редовно проветрувајте го домот, тргнете ги завесите за да влезе сончева светлина и набавете растенија со кои ќе го исчистите воздухот.rnrnДали знаете како анксиозноста влијае на вашето физичко здравје?

  • Важни нешта што треба да ги знаете за хроничната несоница

    Важни нешта што треба да ги знаете за хроничната несоница

    Најверојатно сметате дека станува збор за хронична несоница само во случаи на екстремен недостаток од сон. Но постојат разни шеми на испрекинат сон кои можат да бидат предизвикани од хронична несоница.rnrnВажни нешта што треба да ги знаете за хроничната несоницаrnrnИако ова нарушување има влијание врз луѓе кои воопшто не можат да спијат, хроничната несоница вклучува и симптоми кои траат подолг период, односно, симптоми кои се повторуваат 3 пати неделно во текот на еден месец или подолго.rn

    Кои се најчестите причини за ова нарушување?

    rnПојавата на хроничната несоница зависи од многу фактори. Вашиот циклус на спиење може да биде испрекинат од многу нешта – од фактори во опкружувањето како загадување со звук, па сè до проблеми со физичкото и менталното здравје.rnrnНарушувањето може да биде предизвикано и од злоупотреба на дрога и алкохол, психолошки проблеми како депресија и анксиозност, физички заболувања и лоши навики за спиење. Покрај тоа, и животните навики имаат голема улога во појавата на несоницата. Пиењето премногу алкохол или кафе, особено пред спиење, може да ја активира хроничната несоница. Исто така претераната употреба на електронски направи пред спиење може да го стимулира мозокот и да има лошо влијание врз сонот.rn

    Кои се последиците од хроничната несоница?

    rnИспрекинатото спиење може да има навистина лошо влијание на вашето здравје. Недостатокот од одмор му создава притисок на телото. Хроничната несоница може да претставува проблем во многу аспекти од животот, како на пример желбата за секс, меморијата и способноста за расудување. Исто така, кога нивото на енергија ви е ниско може да чувствувате анксиозност, депресија или раздразливост.rn

    Како да ја лекувате хроничната несоница?

    rnЛекувањето може да биде со терапија, апчиња за спиење препишани од лекар или апчиња за пиење што се издаваат без рецепт. Лекарите препорачуваат апчињата да бидат последен избор за лекување на несоницата бидејќи можат да предизвикаат зависност.rnrnЕден од најефективните начини за справување со хроничната несоница е когнитивно-бихејвиоралната терапија. Со нејзина помош можете да го промените однесувањето што ја предизвикува вашата хронична несоница. Некои од техниките што ќе ги научите за време на оваа терапија се вежби за релаксација, реконструкција и рестрикција. Со овие техники ќе се релаксирате, ќе заспиете и ќе спиете подолго.rnrnПробајте ги и овие ефикасни техники што ќе ви помогнат да се справите со несоницата.