КАФЕ ПАУЗА

Tag: причини

  • Мобилните телефони можат да предизвикаат акни и други проблеми со кожата на лицето

    Мобилните телефони можат да предизвикаат акни и други проблеми со кожата на лицето

    Во зависност од нивната положба, акните на лицето можат да бидат предизвикани од разни фактори. Најчесто тие се појавуваат на образите, јаболчиците и носот поради преголемото лачење на масти во овие делови. Но, причина за појава на акни може да бидат и продуктите за коса, лошата исхрана, па дури и користењето на мобилен телефон.rnrnМобилните телефони можат да предизвикаат акни и други проблеми со кожата на лицетоrn

    1. Акни на долната половина од лицето

    rnПричините за појава на акни на вилицата, брадата и целиот долен дел од лицето можат да бидат различни. Акните и митесерите можат да настанат поради хормонални нарушувања, а оние околу устата и долната вилица можат да бидат последица и од користењето мобилен телефон. Причината е што мобилниот телефон го олеснува ширењето на бактерии на лицето.rn

    2. Акни на целото лице

    rnАкните кои се појавуваат на целото лице најчесто се поради лоша исхрана и бактериска нерамнотежа.rn

    3. Акни на челото

    rnНајчесто, акните на челото се појавуваат поради употреба на продукти за коса. Ако шампоните, регенераторите и сличните продукти завршат на челото, тие можат да предизвикаат иритација и алергија. Се разбира, ова не значи дека акните се појавуваат само поради тоа и најдобро е да посетите дерматолог.rnrnАкните се хронична воспалителна болест, која најчесто се појавува кај младите на возраст од 10 до 25 години. Но во последно време забележана е зачестена појава на акни и кај повозрасните луѓе.rnrnОвие воспаленија настануваат поради зголемено лачење на лојните жлезди и зголемување на бројот на бактериите познати како Propionibacterium acnes.rnrnВоспалителните промени на лицето можат да се манифестираат како отворени или затворени комедони и мозолчиња. Најчесто воспалителните промени се појавуваат на лицето, градите и грбот. По лекувањето, на воспаленото место често може да остане белег или хиперпигментација на кожата. При лекувањето на акните, најважен е индивидуалниот пристап, бидејќи секоја кожа е различна.rnrnПред да се започне со терапија, мора да се земат предвид неколку фактори како дерматолошкиот статус, општото здравје и хронични болести, склоноста на кожата кон создавање лузни, како и психолошката состојба на пациентот поради акните. Терапијата може да биде локална и систематска, но во секој случај може да трае долго. Резултатите се гледаат постепено, но континуирано. За најдобри резултати, потребни се договор и доверба помеѓу пациентот и лекарот.rnrnПрочитајте и за скриените причини за појава на акни и како да се ослободите од нив.

  • Зошто толку многу луѓе умираат на Монт Еверест?

    Зошто толку многу луѓе умираат на Монт Еверест?

    Според најновите извори, големата редица за чекање на врвот на Монт Еверест, делумно направена поради неколкуте денови со добро време, можеби е причина за смртта на седум планинари оваа недела.rnrnЗошто толку многу луѓе умираат на Монт Еверест?rnrnОваа толпа предизвикала смртоносен „сообраќаен метеж“. Еден од планинарите кој загинал, 27-годишниот Нихал Багван од Индија, бил заглавен во метежот повеќе од 12 часа и бил преморен.rnrnПреморот е ризик со кој се соочува секој планинар. Но што е со гужвата на врвот како причина за смрт?rnrnМетежот значи дека луѓето ќе треба да поминат повеќе време на надморска височина која е опасна за човечкото тело. А доколку треба да се спуштат поради болест, чекањето на третманите за спасување живот ќe биде многу долго.rn

    Опасностите на Еверест

    rnКако највисоката планина во светот, Монт Еверест се издига на неверојатни 8.848 метри надморска височина. Сепак, планинарите почнуваат да чувствуваат акутна планинска болест на помала височина – 2.500 метри.rnrnАкутната планинска болест не е смртоносна, но нејзините симптоми можат да направат планинарот да се чувствува лошо. 77% од планинарите кои се искачуваат на височина од 1.850 до 5.895 метри ја искусуваат оваа болест. Заболените најчесто имаат главоболка, но можат да се појават и симптоми како гадење, повраќање, летаргија и вртоглавица.rnrnБолеста може да биде спречена доколку планинарите бавно се искачуваат по планината, не се преморуваат и ги земаат потребните лекови против гадење и воспаленија.rnrnЛичноста со акутна планинска болест би требало веднаш да престане со искачувањето. Доколку симптомите не се подобрат за еден или два дена, најдобро е да ја напушти планината.rnrnПосериозни акутни планински болести се мозочен едем на висока надморска височина, што претставува отекување на мозокот, како и белодробен едем на висока надморска височина, којашто претставува задржување на течности во белите дробови. И двете болести се ретки, но можат да бидат смртоносни.rnrnПомалку од 1% од планинарите добиваат мозочен едем. Штом ќе настане отекување на мозокот, личноста може да ја изгуби рамнотежата или координацијата, да има изменета ментална состојба или да се чувствува екстремно изморено. Болеста може да предизвика и кома. Луѓето со болеста треба да се симнат што е можно побрзо и доколку е неопходно, треба да им се даде кислород.rnrnОд друга страна, белодробниот едем се појавува кај 8% од планинарите. Доколку во белите дробови се задржи течност, планинарот ќе се движи побавно и може да се појави кашлица.rnrnПокрај ова, смрзнатините, хипотермијата и заморот исто така можат да влијаат на состојбата на планинарите. А стоењето во долга редица за симнување од планината не е од никаква помош.rn

    Смртоносен сообраќај

    rnКолку подолго време некој минува над границата на издржливост, толку е поголем ризикот од појава на болест. Доколку некој не е во можност да се симне од планината поради гужва, тогаш станува навистина комплицирано да се дојде до потребната терапија.rnrnКога планинарите чекаат во ред, тие не јадат, не пијат и не спијат. Исто така ја трошат вредната залиха на кислород, доколку носат боци, и ризикуваат да се изложат на смрзнувачки околности.rnrnТреската за врвот, или желбата да се искачи планината по секоја цена, најверојатно има удел во ова. Овие луѓе најчесто имаат инвестирано многу пари и време во овие подвизи. А во период кога временските услови се добри, сигурно можете да замислите колку е тешко да убедите некој да се врати бидејќи редицата е предолга.rnrnДоколку сакате да започнете со планинарење, погледнете ги клучните совети што секој почетник треба да ги знае.

  • Грда навика што е предизвикана од стрес и е тешка за искоренување

    Грда навика што е предизвикана од стрес и е тешка за искоренување

    Доколку имате навика да ги грицкате ноктите, тоа не е само знак дека сте под стрес, туку може да биде и генетски предизвикан проблем. Имено, според научниците, некои луѓе ја имаат наследено склоноста да развијат одредени однесувања кон телото, каде што спаѓа и грицкањето нокти или минување со прстите низ косата.rnrnГрицкање нокти: Причини и последициrnrnОвие однесувања најчесто се јавуваат кај луѓе во чии семејства има повеќе членови кај кои се забележани нарушувања на расположението и анксиозноста, па научниците веруваат дека овие навики можат да се поврзат со тоа.rnrnГрицкањето нокти е поврзано со анксиозноста, а луѓето кои ја имаат оваа навика всушност се обидуваат да го победат стресот, напнатоста или досадата. Често го прават ова кога се нервозни, кога им е здодевно, кога се осамени, па дури и кога се гладни.rnrnВо едно истражување учествувале 48 испитаници, од кои половина имале навика да ги грицкаат ноктите. Се покажало дека тие имале особини на перфекционисти, што значи дека не можат да се опуштат и да ги завршат работите со нормално темпо. Ако успеат да ги остварат целите, стануваат фрустрирани, нетрпеливи и незадоволни, па почнуваат со грицкање нокти за да се опуштат.rnrnСе претпоставува дека во емоционална смисла, грицкањето на ноктите може да биде како цицањето на палецот во детството. Ова може да биде самостојна навака, или поврзана со дефицит на внимание, кое може да води до бунтовничко однесување и чувство на анксиозност.rnrnВо овие ситуации, луѓето ѝ се препуштаат на навиката која носи олеснување и опуштање, но и низа проблеми. Имено, грицкањето нокти може да го влоши изгледот на вашите дланки, а може да се развие и инфекција околу просите. Ова може да предизвика и појава на брадавици и кожа околу ноктите, па дури и да се промени нивната боја. Поради ова, луѓето кои грицкаат нокти неретко се обидуваат да ги сокријат нивните дланки.rnrnДруга опасност што постои е предизвикувањето инфекција на непцето преку нечистотиите што се наоѓаат под ноктите. Исто така, со грицкањето нокти забите се трошат, а поради тоа се кршат полесно. Бидејќи некои луѓе не можат да се ослободат од навиката дури и кога се во друштво, може да дојде и до проблем со односите со луѓето, особено во работната околина.rnrnДобрите вести се тоа што ова е навика со која можете да се справите. Можете да најдете многу гелови и лакови за нокти со непријатен вкус кој ќе ве потсетува да ги извадите ноктите од устата. Кај малите деца, можете да ставете ракавици или чорапи на рацете.rnrnДоколку сепак е проблем со којшто не можете да се справите, најдобро е да побарате психолошка помош. На многумина им помага терапијата со професионалец. Сепак, најважно е да донесете цврста одлука дека еднаш засекогаш сакате да се ослободите од оваа лоша навика.rnrnПогледнете ги и начините за справување со грицкањето нокти.

  • Зошто денес се растураат сè повеќе и повеќе бракови?

    Зошто денес се растураат сè повеќе и повеќе бракови?

    Веројатно имате забележано дека бројот на разводи постојано расте. Имено, односите помеѓу луѓето се цела наука. Американскиот психолог Џон Готман, кој ги проучува човечките односи веќе 40 години, утврдил дека постојат 4 причини за ова. Во продолжение погледнете кои се, и како можете да се справите со нив.rnrnЗошто денес се растураат сè повеќе и повеќе бракови?rn

    1. Исмејување на партнерот

    rnПоказател: Еден од партнерите го исмејува другиот приватно или во јавност, му дава навредливи прекари и не го цени неговото мислење. Едноставно кажано, со ова однесување, партнерот покажува дека не го цени својот сопружник и дека покрај него, тој се чувствува многу поважно.rnrnРешение: Ставете се во положбата на саканата личност која е предмет на исмејување. Секој пат кога ќе сакате да го потцените или исмејувате партнерот, размислете колку го сакате.rn

    2. Претерано критикување

    rnПоказател: Еден од партнерите е гневен за секоја грешка на другиот партнер, а неретко се навраќа на слични ситуации од минатото. Како резултат на ова, тој ги критикува и грешките што не вреди ни да се спомнат.rnrnРешение: Немојте да користите агресивен тон во разговорот и никогаш немојте да трансформирате еден проблем во милион други. Доколку мирно го замолите партнерот да не повторува некои грешки, резултатот ќе биде многу подобар.rn

    3. Одбранбен став без преземање одговорност

    rnПоказател: Еден од партнерите мисли дека направил нешто лошо, па за да ја избегне критиката веднаш се обидува да се одбрани, и тоа навистина агресивно. Како резултат, другиот партнер ќе почне да се однесува исто и целата расправа ќе се претвори во префрлање вина.rnrnРешение:Во овие случаи, многу полесно е партнерот да ја преземе одговорноста за своето однесување и мирно да се извини. На овој начин нема да трошите време на бесмислени расправии.rn

    4. Избегнување конфликти и игнорирање на партнерот

    rnПоказател: Кога ќе почувствуваат дека доаѓа бура, некои луѓе реагираат брзо и без емоции. Други пак го игнорираат партнерот на секој можен начин.rnrnРешение: Немојте да бегате од вашите емоции. Секој проблем решавајте го веднаш, на мирен начин. Сепак, станува збор за вашиот животен партнер и секој проблем што го потиснувате, кога-тогаш ќе излезе на површина.rnrnПогледнете и кои се најголемите грешки што ги прават сите штотуку венчани парови.

  • Што ја предизвикува предвремената менопауза?

    Што ја предизвикува предвремената менопауза?

    Сè повеќе и повеќе жени порано влегуваат во менопауза која се јавува околу 40-тата година од животот. Изгледа дека пилулите за контрацепција не се виновни за ова, но едно истражување покажало дека постои поврзаност со пушењето. Имено, чадот од цигарите ги убива јајце клетките.rnrnШто ја предизвикува предвремената менопауза?rnrnИсто така, сиромашните жени се изложени на поголем ризик од рана менопауза поради лошата исхрана и недоволната грижа за здравјето. Во некои случаи виновна е и генетиката.rnrnСепак, доколку вашата мајка прерано влегла во менопауза, тоа не значи дека истото ќе ви се случи и вам. Раната менопауза може да биде и одговор на телото поради некоја закана. Репродуктивниот систем се „затвора“ како реакција на стрес, лоша исхрана и траума, а во некои случаи менструацијата воопшто не се враќа.rnrnНаучниците сметаат дека пораното започнување на пубертетот значи и порана менопауза. Некои резултати покажале дека можна е и поврзаност помеѓу датумот на којшто сте ја добиле менструацијата и датумот на којшто ќе влезете во менопауза.rnrnДури и да се докаже ова, би било тешко да се утврди точната причина, бидејќи секоја жена е различна и има различен број јајце клетки, како и различен начин на живот. А сето ова влијае на менопаузата и нејзиниот почеток.rnrnДруги причини за раната менопауза се лошата исхрана и стресот. Кога постојано сте под стрес, во општество каде што помалку се вежба и повеќе се пие, сосема нормално е менопаузата да настапи порано. Некои научници сметаат дека можно е да сведочиме и на епидемија на рана менопауза.rnrnВлијанието врз жената и нејзиното здравје е навистина големо. Главниот проблем е што жената може да остане неплодна бидејќи ќе остане без јајце клетки. Дополнителен проблем може да претставува остеопорозата и ракот на дебелото црево или јајниците.rnrnЖените со рана менопауза исто така имаат 2 пати поголеми шанси за инфаркт или кардиоваскуларни болести. Исто може да се појават и катаракта и губење на забите.rnrnПостојат многу други несакани последици од раната менопауза, како депресија, променливо расположение, раздразливост, сувост на кожата и вагината, недостаток од желба за секс, како и инфекции на мочниот меур. Заедно со сето ова се намалува и квалитетот на животот и виталноста, а се појавуваат проблеми и со менталното здравје.rnrnОва ни кажува дека жените кои имале рана менопауза, можно е после 10 години да развијат некоја хронична болест, како дијабетесот.rnrnКога започнува менопаузата, женското тело престанува да лачи естроген, хормон кој штити од заболувања како остеопороза и кардиоваскуларни болести. Повеќето жени влегуваат во оваа фаза во 50-тата година од животот, но оние кај кои менопаузата започнала порано, ќе живеат без овој хормон 10, па дури и 20 години повеќе.rnrnПрочитајте и за знаците на рана менопауза за коишто никој не ве предупредил.

  • 10 ситуации во кои луѓето губат контрола и купуваат глупости

    10 ситуации во кои луѓето губат контрола и купуваат глупости

    На сите барем еднаш им се случило да влезат во продавница по едно нешто, а да излезат со неколку кеси. Најверојатно, после ова се чувствувате навистина лошо. Во продолжение погледнете кои се ситуациите и причините поради кои губите контрола и купувате непотребни работи.rnrn10 ситуации во кои луѓето губат контрола и купуваат глупостиrn

    1. Дидеровиот ефект

    rnОва се случува кога ќе купите нешто ново, а потоа сè што имате ви изгледа старо и износено. На крај одлучувате да ја замените цела гардероба. Ова е затворен круг бидејќи што било што ќе купите, набрзо го губи својот „сјај“ и се создава потреба за нешто ново.rnrnЕфектот е именуван по филозофот Денис Дидерот кој во еден момент во животот добил многу пари, па си купил прекрасно ново одело. Ова парче облека било толку поразлично од сè друго што имал, па решил да ја замени целата облека. За да се ослободите од овој ефект, потребно е да станете свесни за она што го купувате и пред да купите што било, размислете за вашите желби и надежи во врска со купувањето.rn

    2. Ефект на снобизам

    rnКога купувате работи што другите не можат да си ги дозволат само за да се истакнете, тогаш станува збор за снобизам. Многу луѓе сакаат да бидат во центарот на вниманието, а новото парче облека е одличен начин да го постигнете тоа.rnrnРешението е добро да размислете за што сте горди, за што сакате да разговарате и која област ви е добро позната. Кога ќе размислите за ова, ќе сфатите дека има многу други начини да се истакнете и без нова облека.rn

    3. Следење трендови

    rnОва е целосно спротивно на снобизмот и купувањето е поттикнато од желбата да имате нешто што го имаат другите. Луѓето често купуваат блузи, шешири или чевли кои воопшто не се нивен стил, само затоа што се популарни во овој момент.rnrnРешението за ова е навистина едноставно – пред да купите нешто, запрашајте се дали навистина ви е потребно и дали воопшто сакате да го имате.rn

    4. Купување „за во иднина“

    rnЛуѓето сакаат да бидат позитивни, па често се случува да купат парче облека кое би им било точно доколку ослабат.rnrnВажно е да знаете дека овој „поттик“ нема да се исплати. Купувањето на тоа парче облека нема да ве направи послаби, ниту пак да ве мотивира да не изедете уште еден ред чоколадо.rn

    5. Импулсивно купување

    rnКолку пати сте имале лош ден и сте решиле да се почестите со нови чевли или чанта? Можеби пак сте добиле покачување на платата и сте решиле да си купите нешто мало, но на крај сте завршиле со прескап фустан кој нема ни каде да го носите. Среќата што ја чувствувате во овој момент брзо исчезнува, а она што сте го купиле секогаш ќе ви предизвикува грижа на совеста.rnrnРешението за импулсивното купување е во самиот проблем. Ова се случува кога луѓето се негативни и кога сакаат да се усреќат. Обидете се да најдете друга активност што ќе ви го подобри расположението и што ќе ви помогне да го намалите стресот.rn

    6. Трикови во продавниците

    rnМузиката, топлите бои и насмевките на продавачите имаат големо влијание врз купувачите. Удобната атмосфера и вниманието што го добивате во продавницата ќе ве поттикнат да купите нешто.rnrnЗа да го избегнете ова, најдобро е да влегувате во продавница слушајќи ваша музика и кога не сте гладни. На овој начин ќе ги избегнете маркетиншките трикови и ќе го купите само она што навистина ви треба.rn

    7. Купување на попусти

    rnОва е најчестата причина зошто луѓето купуваат работи што не им се потребни. Кога купувате на попуст, имате чувство дека сте заштедиле, кога всушност сте потрошиле многу за работи кои веројатно не ви се ни потребни.rnrnКога купувате на попуст, добро размислете што ви треба. Немојте да купувате нешто ново доколку дома имате ново парче облека што никогаш не сте го облекле.rn

    8. Купување поевтини опции

    rnМногу луѓе сакаат да заштедат така што купуваат поевтина верзија од нешто што навистина им е потребно. Предностите можеби се големи, но веројатно и самите знаете дека поевтините продукти од непознати брендови имаат пократок рок на траење, а поправката може да ве чини многу.rnrnПред да купите што било, добро информирајте се за квалитетот на продуктот и неговата цена. Доколку купувате нешто што ќе го користите долго време, подобро е да вложите сега, наместо да треба да го заменувате или поправате за брзо време.rn

    9. Влијание на продавачите

    rnДобрите продавачи можат да ги проценат нивните муштерии, а оние кои трошат најмногу се неодлучните. Продавачите често ќе ви понудат некое парче облека што би одговарало со она што сте го одбрале, па неретко излегувате од продавница со цела кеса облека.rnrnЗа да го избегнете ова, секогаш имајте на ум што сакате да купите и не дозволувајте да ви влијаат зборовите на вработените.rn

    10. Страв

    rnДали целото ваше детство мајка ви ви кажувала дека нешто е прескапо и дека нема пари за нешто што навистина го сакате? Сега, кога можете да си дозволите нешто, можеби ќе го купите од страв дека подоцна ќе немате пари за истото.rnrnВажно е да се запрашате што е она што навистина ви треба, а што се неисполнети желби од детството. Кога ќе размислувате на овој начин, ќе сфатите дека ви е подобро да ги потрошите парите за искуство или нешто што ќе ви помогне, наместо за уште едно парче облека што ќе го заборавите во гардероберот.rnrnПогледнете и кои се триковите со кои продавачите ве тераат да купувате повеќе.

  • 5 причини зошто не можете да ослабите

    5 причини зошто не можете да ослабите

    Дали строго ја следите диетата и постојано вежбате, но не гледате резултати? Доколку сте во ваква ситуација не очајувајте, туку обидете се да ги одговорите следниве 5 прашања.rnrn5 причини зошто не можете да ослабитеrn

    1. Колку спиете?

    rnНедостатокот од сон има влијание врз метаболизмот и може да предизвика дебелеење. Едно истражување покажало дека луѓето кои спијат 6 до 8 часа навечер, имаат најдобри резултати кога станува збор за слабеењето. Ова значи дека постои силна врска помеѓу недостатокот од сон и вишокот килограми. Иако денес луѓето се премногу зафатени и сметаат дека спиењето е трошење време, квалитетниот сон е клучен за менталното и физичкото здравје.rn

    2. Колку кафе пиете?

    rnДоколку сте зависни од кафе, тогаш можеби тоа е виновникот што не можете да ослабите. Кога нивото на шеќер во крвта ќе падне, нешто што се случува кога пиете кафе, телото почнува да бара храна. Во овој случај ќе почнете да јадете дури и кога не сте навистина гладни. Доколку пиете многу кафе, голема е веројатноста да јадете повеќе од потребното.rn

    3. Колку вежбате?

    rnМожеби ќе се изненадите, но претераното вежбање може да го забави слабеењето, односно да го забави метаболизмот. Претераната физичка активност води до зголемено лачење кортизол, естроген и тестостерон, што пак резултира со дебелеење.rn

    4. Дали пиете минерална вода?

    rnНе се само засладените и газираните пијалаци лоши за вашата линија. Едно истражување покажало дека јаглеродниот диоксид кој се наоѓа во киселата вода може да предизвика дебелеење. Причината е што го поттикнува лачењето на грелин – хормонот кој го предизвикува чувството на глад.rn

    5. Дали сте под стрес?

    rnСтресот може да има навистина штетно влијание врз организмот. Покрај тоа, тој предизвикува хормонална нерамнотежа и дебелеење. Па доколку сакате да се ослободите од вишокот килограми, научете да се справувате со стресот и најдете начин да се опуштите.rnrnПробајте ги и овие необични совети за слабеење кои навистина делуваат.

  • Честото будење во текот на ноќта го зголемува ризикот од Алцхајмерова болест

    Честото будење во текот на ноќта го зголемува ризикот од Алцхајмерова болест

    Денес милиони луѓе имаат проблеми со спиењето, а нивниот број само се зголемува. Сите можеме да ги почувствуваме последиците од лошото спиење, но исцрпеноста наредниот ден не е единственото нешто за коешто би требало да бидете загрижени.rnrnЧестото будење во текот на ноќта го зголемува ризикот од АлцхајмерrnrnЗа потребите на едно истражување, испитаниците на почетокот добро се наспале, а потоа останале будни цели 36 часа. По само една ноќ без сон, научниците забележале зголемување на нивото на протеинот тау. Овој протеин нормално се наоѓа во мозокот, но луѓето склони на Алцхајмерова болест го имаат многу повеќе од просекот и се шири на поголема површина од мозокот. Со истражувањето се покажало дека поради недостатокот од спиење, протеинот се проширил и на деловите поврзани со сеќавањето, исто како кај луѓето со Алцхајмерова болест. Со ова се докажало дека не само непроспиените ноќи, туку и лошиот сон може да има влијание врз сеќавањето.rnrnВо претходно истражување, научниците не ги терале испитаниците да останат будни, туку им го прекинувале спиењето, така што тие не можеле да потонат во длабок сон. Во текот на наредниот месец, испитаниците носеле мал монитор со кој им ја мереле мозочната активност во текот на спиењето. Се открило дека само една ноќ без спиење го зголемувала нивото на протеинот бета амилоид за 10%. И овој протеин е поврзан со појавата на Алцхајмеровата болест.rnrnВо ова истражување се покажало дека нивото на протеинот тау се зголемило и кај луѓето кои не спиеле добро. Па не е важно само траењето на сонот, туку и неговиот квалитет.rnrnСпоред Американското здружение за Алцхајмерова болест, дури 20% од жените и 30% од мажите страдаат од апнеа, најчестото нарушување во дишењето за време на спиење. Ова нарушување се разликува од вообичаеното будење во текот на ноќта. Луѓето кои имаат апнеа, можат да се разбудат и до 60 пати во текот на ноќта, но тие будења се прекратки за да ги регистрираат.rnrnДруго истражување имало за цел да открие дали нарушувањето на дишењето во сонот го зголемува ризикот и брзата акумулацијата на бета амилоид и тау. Се покажало дека проблемот се јавува со ист интензитет, без разлика дали станува збор за личност без проблеми со помнењето, има благи когнитивни тешкотии или е во напредна фаза на Алцхајмерова болест. Поради ова, научниците истакнале дека е важно да одиме на спиење во исто време, но исто важно е да провериме и дали сонот е квалитетен или не. Некои од знаците кои укажуваат на апнеа се ‘рчење, надразнето грло наутро и недостаток од енергија. Доколку имате забележано нешто слично, најдобро е да разговарате со вашиот лекар.rnrnПогледнете и кои се симптомите што се појавуваат во раната фаза од Алцхајмеровата болест.

  • Неколку причини зошто жените живеат подолго од мажите

    Неколку причини зошто жените живеат подолго од мажите

    Знаевте ли дека просечниот животен век на луѓето се зголемува? Момчињата кои се родени денес, во просек ќе живеат 70 години, а девојчињата 74. Но што ја предизвикува оваа разлика? Светската здравствена организација сакала да го дознае ова, па бил направен попис за причина за смрт кај половите.rnrnНеколку причини зошто жените живеат подолго од мажитеrnrnОд 44 причини за смрт, 33 имаат поголемо влијание врз животниот век на мажите отколку на жените. За ова воглавно се одговорни здравствени причини кои се различни кај половите. Најголема разлика помеѓу мажите и жените се појавила во следниве ситуации:rnrnБолести на срцето: Имаат поголемо влијание кај мажите за 0,84 животни години.rnrnНесреќни на работното место:Имаат поголемо влијание кај мажите за 0,47 животни години.rnrnРак на белите дробови: Има поголемо влијание кај мажите за 0,4 животни години.rn

    Посилен имунитет поради Х хромозомите

    rnПредноста што ја имаат жените е и генетиката. Таканаречените Х хормони го зајакнуваат имунитетот кај девојчињата, па тие имаат поголеми шанси да го преживеат раниот период од детството. Ова го потврдила и статистиката – во 2017-та година, ризикот од смрт кај момчињата помали од 5 години бил 11% повисок за разлика од девојчињата.rnrnОднесувањето на мажите исто така има влијание врз животниот век. Според Светската здравствена организација, мажите од богатите држави пијат 4 до 5 пати повеќе алкохол од жените. Покрај тоа, болестите кај многу мажи се сметаат за слабост, па за разлика од жените, тие подоцна бараат лекарска помош или совет.rn

    Влијанието на работата врз животниот век

    rnМажите имаат два пати поголеми шанси да настрадаат во несреќа на работното место за разлика од жените. Причината е што мажите почесто работат на опасни места како градилишта.rnrnОд Организацијата ги споредиле и податоците за самоубиство. Веројатноста дека мажот ќе си го одземе животот е дури 75% поголема за разлика од жените. Покрај тоа, мажите се 4 пати почесто убивани.rn

    Во сиромашните држави, разликите се помали

    rnИнтересно е што разликите во животниот век помеѓу половите се помали во сиромашните држави. За ова има две причини – во земјите во развој, многу луѓе умираат од инфективни болести кои подеднакво ги погодуваат и мажите и жените. Исто така, ризикот од смрт за време на бременост или породување е многу поголем во неразвиените држави – една во 40 жени умира. Во развиените земји, умира една жена во 3.300.rnrnЗнаевте ли дека жените живеат подолго доколку се опкружени со природа и зеленило?

  • Што се случува кога телесната температура е прениска?

    Што се случува кога телесната температура е прениска?

    Тресењето е еден од најочигледните симптоми за прениска температура на телото. Кога причината за ниската температура не е изложеност на студ, таа може да биде знак за разни проблеми со здравјето, но и за претерана консумација на дрога и алкохол, стрес или несоница.rnrnШто се случува кога телесната температура е прениска?rnrnНајчестата причина за ниска температура е нарушената функција на тироидната и надбубрежната жлезда, а може да укажува и на Адисонова болест, хипотиреоза, дијабетес, намалена работа на бубрезите и црниот дроб и слично.rnrnПонекогаш може да станува збор и за хормонална нерамнотежа. Ниското ниво на тестостерон кај мажите или високото ниво на естроген, а ниското на прогестерон кај жените, може да предизвика намалување на телесната температура.rnrnПроблемот со ниската температура е тоа што имунолошкиот систем не може правилно да се справи со болестите. Поради ова телото станува погодно место за вируси и развој на инфекции, кои долго нема да бидат откриени поради ниската температура.rnrnНормалната температура кај повеќето луѓе е помеѓу 36 и 37 степени Целзиусови. Хипотермијата, или ниската телесна температура, е пониска од 35 степени. Хипотермијата се случува кога има нарушување на нервниот систем, кое се манифестира како автоимуна дисфункција. Во овој случај станува збор за оштетување на делот од хипоталамусот во кој се наоѓа центарот за регулирање на телесната температура. Причината можат да бидат и некои видови лекови, како бензодиазепин, барбитурат, бутирофенон и слично. Симптомите најчесто се низок крвен притисок, исцрпеност, поспаност и препотување.rnrnНекои луѓе имаат пониска, а некои повисока температура на телото, но тоа не мора да значи дека имаат проблем со здравјето. Постојат луѓе чија нормална телесна температура е малку над 35 степени, па за нив висока температура би претставувала онаа од 37 степени Целзиусови.rnrnЧесто, телесната температура може да се намали и поради изложување на студ. Во овој случај може да се појави тахикардија, забрзано чукање на срцето и стеснување на крвните садови.rnrn„Преладувањето“ под 32 степени предизвикува намалена спроводливост до срцето, а со тоа се забавува и неговата работа. Тогаш се зголемува вискозноста на крвта, па може да настане тромбоза, а дури и проблеми со свеста.rnrnДоколку постојано ви е ладно или топло, погледнете што може да биде причината за тоа.