КАФЕ ПАУЗА

Tag: причини

  • 10 причини зошто сме постојано гладни

    10 причини зошто сме постојано гладни

    Од рекламите за брза храна кои секојдневно ги гледаме, до рецептите за десерти на интернет, ние постојано се соочуваме со знаци кои укажуваат на вкусна храна. Освен тоа, најновите научни истражувања покажуваат дека честото пиење алкохол, недоволното спиење и гледањето телевизија со часови се причина за внесувањето на повеќе калории отколку што му се потребни на нашето тело. Пред да каснете уште нешто само затоа што сте под стрес, прочитајте ги најчестите причини кои предизвикуваат постојано чувство на глад.rnrn10 причини зошто сме постојано гладниrn

    Зачестено пиење алкохол

    rnСпоред едно американско истражување, алкохолот е поголем фактор кој доведува до прејадување, за разлика од долгото гледање телевизија. Научниците велат дека пиењето алкохол го зголемува нивото на грелин, хормон кој прави да се чувствувате гладни. Дури и една чаша алкохол со оброкот може да направи да чувствувате глад откако ќе завршите со јадењето. При едно истражување, испитаниците биле поделени во две групи. Првата група јадела високо калорична храна и пиела алкохол, а втората група јадела ниско калорична храна и не пиела алкохол. Се покажало дека испитаниците кои пиеле алкохол чувствувале глад, иако јаделе високо калорична храна.rn

    Повеќечасовно гледање телевизија

    rnЛуѓето кои гледаат телевизија повеќе од два часа имаат поголема склоност кон дебелеење. Околу 60% од Американците го имаат овој проблем. Повеќечасовното гледање телевизија се поврзува со консумацијата на високо калорична храна како пица и засладени безалкохолни пијалаци.rnrn10 причини зошто сме постојано гладниrn

    Недоволно спиење

    rnАко не можете да заспиете до доцна во ноќта, наредниот ден нема да се чувствувате само изморени, туку и гладни. Луѓето кои спијат само 5 часа внесуваат 221 калорија повеќе од оние кои спијат 8 часа. Прескокнувањето на сонот го намалува количеството на хормонот лептин, а го зголемува нивото на хормонот грелин (хормон на гладот).rn

    Бомбардирање со реклами за храна

    rnАко сте потрошиле барем пет минути читајќи рецепти за храна на интернет, тоа значи дека вашиот мозок е во потрага по храна. Гледањето слики на кои има вкусна храна ги активира мозочните центри да реагираат на сликите, така што ќе дојде до прејадување. Рекламите за храна може да поттикнат глад дури и ако редовно сте ги консумирале сите оброци. Ако се обидувате да ослабнете, тогаш шансите да бидете заведени од овие реклами се уште поголеми.rnrn10 причини зошто сме постојано гладниrn

    Јадење заедно со пријателите

    rnОдлучувате да јадете во ресторан и, додека пријателот до вас нарачува стек, вие се обидувате да го задоволите апетитот само со салата. Дали ова ви звучи познато? Луѓето имаат тенденција меѓусебно да ги имитираат навиките за јадење, почнувајќи од видот на храната па сè до интервалите на внесување залаци во устата. Научно е докажано дека пољубезните лица оние кои сакаат да бидат учтиви кон своите пријатели, никогаш не ја одбиваат храната која некој друг ќе им ја понуди.rn

    Прескокнување на појадокот

    rnСпоред една студија објавена во американското списание за епидемиологија, луѓето кои го прескокнуваат појадокот имаат 5 пати поголеми шанси да се здебелат. Што се случува кога ќе го пропуштите појадокот? Вашиот метаболизам станува побавен, гладот се зголемува, мастите се складираат во телото и се зголемуваат шансите за прејадување со следниот оброк. Појадокот не треба да се состои од тешка и мрсна храна. Млекото и житариците кои содржат 500 калории го задоволуваат потребите за храна во текот на утрото.rnrn10 причини зошто сме постојано гладниrn

    Пребрзо јадење

    rnСè почесто се случува да брзаме некаде и заради тоа да немаме време за јадење. Каснувањето неколку залчиња набрзина е лоша идеја. Брзото јадење не му дозволува на стомакот да ги ослободи хормоните кои ќе му кажат на мозокот дека повеќе не чувствувате глад и треба да престанете да јадете. Тоа значи дека колку подолго јадете, толку повеќе време ќе се чувствувате сити.rn

    Купување мали слатки задоволства

    rnЕдно помало чоколадо може да биде многу опасно за вашата линија. Високо калоричните ужинки доаѓаат во мали пакувања и затоа луѓето имаат тенденција да изедат повеќе од нив, за разлика од храната во големи пакувања. Истражувачите велат дека малите пакувања се секогаш прв избор на оние кои се постојано гладни. Освен тоа, едно мало пакување обично не е доволно, туку потребни се неколку мали слатки задоволства за ублажување на гладот.rnrn10 причини зошто сме постојано гладниrn

    Незадоволство од работното место

    rnЕден арогантен шеф или тешка работна задача можат многу да влијаат на вашите навики за јадење. Од 230 испитанички кои учествувале во едно истражување, оние кои биле незадоволни од работата имале поголема склоност кон емоционално, односно неконтролирано прејадување, во споредба со оние кои биле задоволни од своето работно место.rn

    Зависност од газирани сокови

    rnВистина е дека газираните сокови со назнака „лајт“ не содржат шеќер, но содржат супстанци кои се замена за шеќер и поради кои мозокот не може да ја контролира потребата за јадење. Мозокот веќе ја научил врската меѓу засладените храна или пијалаци и калориите кои тие ги обезбедуваат во регулирањето на внесувањето храна. Постојаното пиење газирани сокови испраќа сигнали до мозокот како да сме консумирале нешто слатко, но телото не ги добива очекуваните калории. Тоа го збунува мозокот кој ја прекинува врската помеѓу шеќерот и калориите и така нашата контрола за засладена храна станува послаба.rnrn10 причини зошто сме постојано гладниrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 15 причини кои ќе ве убедат да гледате фудбал

    15 причини кои ќе ве убедат да гледате фудбал

    Во нашиот тесен избор, Кристијано Роналдо е првата, а Франческо Тоти петнаесетата причина зошто треба да гледате фудбал. :)rnrn

    15 причини кои ќе ве убедат да гледате фудбал
    Кристијано Роналдо
    rnrn
    15 причини кои ќе ве убедат да гледате фудбал
    Рикардо Кака
    rnrn
    15 причини кои ќе ве убедат да гледате фудбал
    Дејвид Бекам
    rnrn
    15 причини кои ќе ве убедат да гледате фудбал
    Жерар Пике
    rnrn
    15 причини кои ќе ве убедат да гледате фудбал
    Марко Бориело
    rnrn
    15 причини кои ќе ве убедат да гледате фудбал
    Чаби Алонсо
    rnrn
    15 причини кои ќе ве убедат да гледате фудбал
    Лукас Подолски
    rnrn
    15 причини кои ќе ве убедат да гледате фудбал
    Весли Снајдер
    rnrn
    15 причини кои ќе ве убедат да гледате фудбал
    Михаел Балак
    rnrn
    15 причини кои ќе ве убедат да гледате фудбал
    Серхио Рамос
    rnrn
    15 причини кои ќе ве убедат да гледате фудбал
    Диего Форлан
    rnrn
    15 причини кои ќе ве убедат да гледате фудбал
    Златан Ибрахимовиќ
    rnrn
    15 причини кои ќе ве убедат да гледате фудбал
    Марио Балотели
    rnrn
    15 причини кои ќе ве убедат да гледате фудбал
    Јоан Гуркуф
    rnrn
    15 причини кои ќе ве убедат да гледате фудбал
    Франческо Тоти

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 20 причини да се насмеете

    20 причини да се насмеете

    Насмевката прави да сме поубави, поздрави, помлади, посреќни, позитивни. Затоа смејте се! Верувајте, нема подобар начин да се расположите и да имате уште еден прекрасен ден. Доколку барем една од овие фотографии успее да ви изнуди насмевка, нашата цел е постигната 🙂
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 причини да гледате ЕУРО 2012

    10 причини да гледате ЕУРО 2012

    Иако знаете дека нема каде да побегнете од Европското првенство во фудбал, еве ви десет причини кои и без тоа нема да ви дадат да се одлепите од телевизорот.10 причини да гледате ЕУРО 2012rn

    1. ЕУРО 2012 е празник

    rnСекое големо фудбалско натпреварување е празник затоа што фудбалот е религија за многумина. Однесувањето на многу навивачи зависи од правилата на фер плејот, па сè до перформансите на нивниот тим. Тие преферираат за фудбал да разговараат со свои „истомисленици“ и се спремни да тргнат во „света војна“ (со зборови) со противниците. Сепак, сега е време за празнување и за славење на добрите страни на своите миленици.rn
    rn

    2. Поле за културен натпревар меѓу народите

    rnЛуѓето веќе не заминуваат во војна за да ја докажуваат силата на својата нација, туку наоѓаат мирни начини за да ја постигнат таквата цел. Веројатно тоа е една од главните причини заради која толку многу луѓе еуфорично следат што ќе се случува на турнирот. На теренот Шпанците и Португалците играат технички дотерано, брзо и со многу страст, Германците никогаш не се даваат, Италијанците играат бавно, а Балканците во момент на инспирација можат против секого. Вистинска борба на различни менталитети.rn
    rn

    3. За инает на европските политичари

    rnИако беше поканет, францускиот претседател Франсоа Оланд најави дека нема да оди на Европското првенство поради расизмот на стадионите во Полска и Украина. Навистина, во овие две земји и на стадионите низ цел свет се случуваат одвратни расистички испади на навивачите, но Оланд и некои други европски политичари се обидуваат преку овој настан да направат политички притисок врз двете земји. Гледајте ЕУРО 2012, барем за инает на овие политичари.10 причини да гледате ЕУРО 2012rn

    4. Ќе има драма

    rnОние коишто редовно гледаат фудбал можат да ви набројат по неколку натпревари во кои за малку ќе доживееле инфаркт. Фудбалот нуди неверојатна драма, придружена со многу емоции, која кулминира кон крајот на натпреварот, а потоа останува само да се прераскажува.rn
    rn

    5. Навивачите

    rnВо отсуство на Африканците и Јужноамериканците можеби нема да биде толку шарено на трибините како што обично е на светските првенства, но Европа сè уште е микс на различни култури кој се рефлектира и на трибините. И на ова првенство ќе се нагледаме интересно „дотерани“ навивачи и интересни навивачки кореографии.rn
    rn

    6. Зозулица – украинската вувузела

    rnУкраинците имаат замена за африканската вувузела, онаа направа за дување со непријатен звук кој се слушаше за време на Светското првенство пред две години. Нивниот инструмент се вика зозулица, во минатото ја користеле повеќето словенски народи, а има далеку попријатен звук од вувузелата.10 причини да гледате ЕУРО 2012rn

    7. Животните кои ќе ги прогнозираат победниците

    rnОктоподот Пол не е повеќе жив, но Полјаците и Украинците веќе имаат кандидати кои ќе го продолжат неговото дело. Слоницата Чита од Полска и едно прасе од Украина чие име не се открива се двете „видовити“ животни кои ќе се борат за светска слава користејќи ја својата „дарба“ да го предвидат победникот на секој натпревар. Се разбира, покрај нив се појавија уште еден куп животни кои „знаат“ кој ќе биде шампион, но само овие двајца имаат статус на „официјални прогнозери“.rn
    rn

    8. Мајсторите на играта

    rnТука ќе бидат собрани најдобрите фудбалери од цела Европа. Овие луѓе знаат да прават спектакуларни работи со топката кои предизвикуваат восхит дури и кај оние кои не се љубители на овој спорт.rn
    rn

    9. Фудбалерите за понежниот пол

    rnНа ЕУРО 2012 ќе се појават вкупно 368 фудбалери, па девојките кои не следат фудбал имаат голем избор да најдат некој кој им се допаѓа и редовно да навиваат за него.rn
    rn

    10. Убав повод за дружење

    rnГледањето фудбал во друштво веќе стана ритуал во светот и кај нас, па ако сакате да се видите со некого додека трае шампионатот, еве еден убав повод. Можете да одите во кое било кафуле или ресторан, или пак да набавите грицки и пијачки и да соберете друштво дома. Ако ги избегнете оние кои „знаат“ кој натпревар е наместен, ја имате најубавата причина да следите натпревар од најубавата игра на светот.10 причини да гледате ЕУРО 2012
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто треба да ја посетите Кина?

    Зошто треба да ја посетите Кина?

    Кина е поделена на 22 провинции, 5 автономни региони, 4 директно контролирани општини и 2 посебни региона. Сите овие места заедно ја сочинуваат целокупната убавина и автентичност на Кина, заради што треба да ја посетите.rnrnЗошто треба да ја посетите Кина?rnrnЗабранетиот град се наоѓа во центарот на главниот град, Пекинг. За да се изгради овој град, потребни биле 14 години (1406 – 1420). Забранетиот град бил наменет за династиите Минг и Чинг. За време на овие династии, во Забранетиот град живееле 24 цареви.rnrnЗошто треба да ја посетите Кина?Зошто треба да ја посетите Кина?rnrnНајпознатата асоцијација за Кина, Големиот кинески ѕид, бил граден повеќе од два века, од страна на неколку династии. Намената на Кинескиот ѕид била да ги заштити земјоделските региони на Кинеската империја од нападите на номадските сточари од северните степи.rnrnЗошто треба да ја посетите Кина?rnrnНајголем дел од светските оризови полиња се наоѓаат во Кина. Биле изградени во вид на тераси, за време на династијата Минг. Најдолгото оризово поле се наоѓа во провинцијата Гуанџи, од кое најнискиот дел е на 380, а највисокиот на 880 метри надморска височина.rnrnЗошто треба да ја посетите Кина?rnrnВо југоисточниот дел на Кина се наоѓа провинцијата Хунан, позната по карактеристичните шуми. Дури 80% од територијата на Хунан отпаѓаат на планини и ридови.rnrnЗошто треба да ја посетите Кина?rnrnСекоја година во градот Харбин во Кина се одржува Фестивалот на скулптури од снег и мраз. Освен скулптури, на овој фестивал се изложени и масивни градби изработени од блокови од мраз, земени од реката Сонгхуа, која се наоѓа во близина на Харбин.rnrnЗошто треба да ја посетите Кина?rnrnКинеската Нова година, или празникот на пролетта, е најважниот празник кај Кинезите. Познат е уште како Лунарна Нова година. Прославата започнува на првиот ден од првиот лунарен месец според кинескиот календар и трае 15 дена.rnrnЗошто треба да ја посетите Кина?Зошто треба да ја посетите Кина?rnrnКина изобилува со пустини, но и со прекрасни плажи. Најголемата пустина во Кина е пустината Гоби, која постојано се шири и моментално е петтата најголема пустина во светот. Во текот на летото, јужните ветрови се топли и суви, со што се создава идеална клима во крајбрежните области во близина на екваторот.rnrnЗошто треба да ја посетите Кина?Зошто треба да ја посетите Кина?rnrnДенес Кина има десетици градови со над еден милион жители. Мешавината од старата автентична и модерната урбана архитектура, многубројните манифестации и природната убавина ја прават оваа земја една од најпривлечните светски дестинации.rnrnЗошто треба да ја посетите Кина?Зошто треба да ја посетите Кина?Зошто треба да ја посетите Кина?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 причини да јадете повеќе јајца

    5 причини да јадете повеќе јајца

    Тешко може да се најде прехранбен продукт кој истовремено е толку хранлив, богат со неопходните витамини и минерали, лесен за подготовка и евтин како што се јајцата. Ако сите овие причини не ви се доволни за да ги внесете јајцата во вашата исхрана, тогаш следниве причини со сигурност ќе ве премислат.rnrn5 причини да јадете повеќе јајцаrn

    Помалку килограми

    rnНутритивниот состав на јајцата е таков, што подолго ја задржува ситоста. Две или три јајца за појадок ќе ве држат подалеку од грицките во остатокот од денот. Според истражувањата, протеините кои ги има во целото јајце, го контролираат апетитот, а организмот многу лесно ги апсорбира. Со тоа не само што може да загубите некој килограм, туку ќе можете и да ја задржите вашата тежина на посакуваното ниво.rnrn

    Заштита за срцето

    rnМитот дека јајцата се поврзани со појава на некои срцеви болести веќе е срушен, а се појавуваат и истражувања кои го потврдуваат спротивното. Во нив има одредени состојки кои помагаат да се спречи згрутчувањето на крвта, со што се намалува ризикот од срцев удар.rnrn

    Цврстина на коските

    rnЗа цврстината на коските заслуга има витмаинот Д, кој човечкото тело најмногу го добива од Сонцето. Сепак, за зацврстување на коските не моа да се чека летото, туку може да се консумираат јајца поради тоа што изобилуваат со витамин Д. Со само едно јајце, се внесуваат 10 проценти од дневните потреби од овој витамин.rnrn5 причини да јадете повеќе јајцаrn

    Цврстина и раст на мускулите

    rnКоличината на протеини во јајцата ги прават одличен оброк после напорно вежбање, затоа што организмот лесно ги апсорбира и брзо ќе ги рехабилитира мускулните влакна. За нивниот раст и цврстина, помагаат и сите девет видови аминокислеини содржани во нив, витаминот Б12 кој е најзастапен во жолчката, а покрај тоа го содржат и реткиот минерал колин, кој го спречува воспалувањето на мускулите.rnrn

    Подобар вид

    rnКлучен за чувањето на видот е нутриентот лутеин, кој најчесто се среќава во зелјестите растенија. Во јајцата го има помалку, но затоа полесно се апсорбира.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неколку причини зошто жените сакаат да озборуваат

    Неколку причини зошто жените сакаат да озборуваат

    Без разлика дали станува збор за шепотење дури се пие кафе или разговор на телефон доцна во ноќта, озборувањето го подигнува духот кај жените кои во тој момент се чувствуваат дека се под стрес или доколку едноставно имаат лош ден од која било причина. Иако сите ја сметаат за многу негативна особина, сепак озборувањето се практикува од сите жени, насекаде низ светот. Ова се неколку причини зошто жените сакаат да озборуваат.rnrnНеколку причини зошто жените сакаат да озборуваатrn

    Преку озборувањето жената се чувствува како да се вклопува со другите

    rnИсто како споделувањето тајна со некого, озборувањето прави да се чувствувате сигурни во другарството и во таа личност. Тоа значи дека преку озборувањето се поврзувате со другите.rn

    Понекогаш ви помага да најдете нови пријатели

    rnПреку озборувањето и споделувањето „црни“ тајни, започнувате разговор со повеќе лица, меѓу кои и со некои кои не ви се толку блиски. Тука повторно довербата која другите ја чувствуваат поради споделената информација, создава атмосфера за ново пријателство.rn

    Озборувањето ослободува од стрес

    rnПоради некоја чудна причина, кога ќе чуете лоши вести за некој друг, по автоматизам се чувствувате подобро за себе. Едноставно, чувството дека нашиот живот е подобар од оној на другите, нè прави инстантно среќни.rn

    Озборувањето помага да се испроцесира личното искуството

    rnЖените имаат потреба да ги споделат нивните искуства со некој друг, од проста причина што така им е полесно да сфатат што точно им се случило.rn

    Преку озборувањето се добива потврда за личните чувства

    rnПреку озборувањето обично жените очекуваат потврда на она што го мислат. Кога се чувствувате вознемирени, одговорот на прашањето „Како таа можела да ми го направи тоа…?“, секогаш ќе наиде на поддршка и разбирање од другата страна.rn

    Озборувањето помага во справувањето со секојдневните работи

    rnТоа е многу примитивна техника, која помага да пребродите било што. Без разлика дали некој ве вознемирил или сте љубоморни за нешто, преку озборувањето ќе ви помине, макар и моментално.rn

    Озборувањето е одличен начин за истакнување на работа

    rnДоколку го употребите паметно, можете да го искористите озборувањето за себепромоција помеѓу колегите и да го подобрите вашиот статус во фирмата.rn

    Озборувањето помага за анализирање на проблемите со другите луѓе

    rnПовеќето жени сакаат да ги анализираат дури и најмалите проблеми во животот, па токму затоа озборувањето е одличен метод за добивање целосна слика за случувањата.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто треба да се препрочитуваат книгите?

    Зошто треба да се препрочитуваат книгите?

    Многу луѓе велат дека читањето книги може да ви го зголеми знаењето и да ви го подобри животот. Секако, во таа реченица нема ништо погрешно. Читањето книги е навистина одлична и потребна работа. Но има еден аспект кој луѓето често го забораваат, а тоа е вредноста на нивното препрочитување. Не е потребно да читате само нови книги, туку и да ги препрочитувате оние кои веќе сте ги поминале. Всушност препрочитувањето е еднакво важно како и првото читање. Еве неколку причини зошто треба да го правите ова.  rnrnЗошто треба да се препрочитуваат книгитеrn

    Се потсетувате на добрите идеи

    rnИстражувањата покажуваат дека по само 24 часа, луѓето веќе забораваат голем дел од она што го прочитале. Можете да добиете одлични идеи од некоја книга, но многу е лесно да заборавите голем дел од нив. Препрочитувањето ќе ви помогне да се потсетите на нив и да си ги впишете в глава.rnrn

    Помага да се забележат претходно пропуштените идеи

    rnКолку што е лесно да се заборават идеите, исто толку е лесно и да не ги забележите оние делови кои даваат идеи, поради невнимание при првото читање на книгата. Вториот пат имате големи шанси да ги пронајдете и да ги забележите.rnrnЗошто треба да се препрочитуваат книгитеrn

    Ви дава нова перспектива

    rnПовторното читање на некоја книга, ви овозможува да погледнете на нејзе со нова, свежа перспектива. Работите кои ви немале логика претходно, овој пат можеби ќе имаат смисла. Она за кое сте сметале дека било ирелевантно, овој пат можеби ќе се поврзе со приказната.rnrn

    Помага при применувањето на новите работи

    rnПримарната цел на читањето, е внесувањето во приказната и применувањето на она што сте го научиле. Читањето многу книги може да ви ги прошири знаењата, но применувањето може да ви го промени животот. Преку препрочитувањето на книгата, вие ќе осетите на кој дел од вас сè уште треба да поработите.rnrnЗошто треба да се препрочитуваат книгитеrn

    Како треба да го правите сето ова?

    rnБидејќи прочитавте зошто треба да го правите сето ова, корисно е да дознаете и како правилно да го направите тоа…rnrn

    1. Одберете ги вистинските книги

    rnrnСите книги кои ги имате прочитано, со сигурност не вредат да бидат читани по вторпат. Не е важно да препрочитате што било. Читајте ги оние книги кои го заслужуваат вашето внимание и времето кое ќе го потрошите над нив. Најдобар систем на елиминација е да ги одберете оние од кои сакате да научите нешто за понатамошно применување.rnrnЗошто треба да се препрочитуваат книгитеrnrn

    2. Барајте делови кои ве поттикнуваат

    rnrnБидејќи најважна причина за читањето книги е применувањето на нешто од нив, треба да ги барате деловите кои нудат идеи за покренување акција. Можеби некои од нив не сте ги ни забележале при првото читање или пак сте ги подзаборавиле. Во секој случај, барајте ги деловите кои можат да ви го подобрат животот.rnrn

    3. Читајте ги само потребните делови

    rnrnНемате потреба да ја препрочитувате целата книга. Тоа може да ви одземе премногу време. Покрај тоа, можете да се изгубите и од премногу детали. Наместо тоа, применете го правилото 80-20 (20% од содржината на книгата даваат 80% од нејзината вредност) и читајте ги само деловите кои мислите дека ви се најважни и најпотребни. Ова е една од причините заради кои при читањето треба да ги потцртувате овие делови или на поинаков начин да ги забележувате. Потоа ќе ви биде полесно да ги препрочитате.rnrnЗошто треба да се препрочитуваат книгитеrnrn

    4. Фокусирајте се на најважното

    rnrnБидејќи во книгата можеби ќе наидете на многу поттикнувачки идеи, мора да се фокусирате на оние кои можат да ви направат голема разлика во животот. Не обидувајте се сè да примените наеднаш, обидете се да се навраќате откако ќе научите нешто ново.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Неколку причини зошто виното го подобрува вашето здравје

    Неколку причини зошто виното го подобрува вашето здравје

    Листата на придобивки од виното е навистина голема, секако доколку се консумира во мали количини. Докторите препорачуваат да се пие по една чаша вино дневно, бидејќи преминувањето на оваа граница може да се одрази негативно врз здравјето.rnrnНеколку причини зошто виното го подобрува вашето здравјеrnrnСледуваат неколку бенефиции кои ќе ги осетите доколку редовно пиете умерена количина.rn

    1. Ја подобрува меморијата

    rnЕдно истражување направено на лица постари од 70 години, покажало дека оние кои пијат по една чаша вино дневно, паметат повеќе од останатите. Исто така, докторите објаснуваат дека тоа спречува згрутчување на крвта и го намалува воспалението на крвните садови.rn

    2. Помага при согорување калории

    rnПраксата покажува дека луѓето кои пијат вино редовно, имаат помала телесна тежина од оние кои го консумираат ретко. Докажано е дека испиената чаша вино, може да го натера вашето тело да согорува калории цели 90 минути.rnrnНеколку причини зошто виното го подобрува вашето здравјеrn

    3. Го зајакнува имунитетот

    rnЕдна Британска студија вели дека љубителите на вино го намалуваат ризикот од инфекција со бактеријата Хеликобактер пилори, која може да предизвика гастритис, чир или рак на стомакот. Исто така, помага и при заштитата од труење со храна, како на пример од салмонела.rn

    4. Заштитник на женските јајници

    rnЕдна чаша дневно го намалува ризикот од рак на јајници за 50%. Научниците веруваат дека ова се должи на антиоксидансите кои ги има во виното, а кои имаат антиканцерогени својства.rnrnНеколку причини зошто виното го подобрува вашето здравјеrn

    5. Ги зајакнува коските

    rnВо просек, луѓето кои се редовни консументи на вино, имаат поголема коскена маса од оние кои не го консумираат. Алкохолот го зголемува нивото на естроген, хормон кој го забавува разронувањето на старите коски.

  • Неколку причини зошто да не го фрлате талогот од кафето

    Неколку причини зошто да не го фрлате талогот од кафето

    После уживањето во шолја ароматично кафе, талогот секогаш оди во корпата за отпадоци бидејќи се смета за неупотреблив. Меѓутоа, неговите алтернативни употреби би ви обезбедиле заштеда на време и пари при вршењето на некои споредни работи за себе или за домот.rn

    1. Одлично решение за чешлање на вашето милениче

    rn

    Можеби звучи чудно,  но талогот од кафето помешан со вода, може да претставува одличен регенератор за расчешлување за вашето домашно милениче. По неколку триења, крзното станува помеко а влакното посјајно и лесно за чешлање. Некои одат дотаму што велат дека, ги отстранува болвите и другите паразити од крзното, меѓутоа ова се уште не е доволно тестирано и докажано.

    rn

    Неколку причини зошто да не го фрлате талогот од кафето

    rnrn

    2. Дезодоранс за фрижидер

    rn

    Чувањето на различни видови храна во фрижидерот може да доведе до создавање на многу непријатна миризба. Измешаната миризба можете лесно да ја неутрализирате доколку во фрижидерот ставите сад со талог од кафе и неколку капки екстракт од ванила кој потоа ќе ја апсорбира миризбата.

    rn

    Неколку причини зошто да не го фрлате талогот од кафето

    rnrn

    3. Пилинг за лице

    rn

    Триењето на лице со кафе е смешна но одлична идеја. Кафето го отстранува мртвото ткиво од кожата и го затегнува. Може да ви зачува илјадници денари.

    rn

    Неколку причини зошто да не го фрлате талогот од кафето

    rnrn

    4. Отстранувач на миризба од чевли

    rn

    Активните луѓе и миризливите нозе обично oдат заедно. Талогот од кафето може да ви помогне да го намалите непријатниот мирис од чевлите или пак доколку сакате навистина да не ви мирисаат нозете тогаш можете редовно да ги миете со вода и екстракт од кафе.

    rn

    Неколку причини зошто да не го фрлате талогот од кафето

    rnrn

    5. За посјајна коса

    rn

    Секој сака да има блескава и сјајна коса. Некои луѓе фрлаат многу пари само да направат нивната коса да изгледа подобро и да изгледаат посамоуверено. Едноставно и многу поевтино ќе поминете доколку ја протриете косата со талог од кафе, потоа да почекате неколку минути и на крај убаво да ја измиете. Вашата коса ќе го добие посакуваниот холивудски изглед.

    rn

    Неколку причини зошто да не го фрлате талогот од кафето

    rnrn

    6. Ослободете се од домашните мравки

    rn

    Мравките можат да бидат доста досадни, а што е најтрагично тешко можете да се ослободите од нив. Но за некое чудо, мравките не го сакаат мирисот на кафето, па затоа за да не ви пречат најдете од каде доаѓаат и запрете ги малите штетници.

    rn

    Неколку причини зошто да не го фрлате талогот од кафето

    rnrn

    7. Боја за сликање

    rn

    Доколку добро ја измешате смесата, кафето може да ви претставува одлична кафеава фарба за сликање на ткаенини или уметнички дела а во комбинација со кна може да претставува одлична боја за тетовирање.

    rn

    Неколку причини зошто да не го фрлате талогот од кафето

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.