КАФЕ ПАУЗА

Tag: причини

  • 50 интересни причини зошто е добро да се биде жена

    50 интересни причини зошто е добро да се биде жена

    Освен тоа што жените не мора да се прашуваат дали детето што го носат е нивно, да си ги местат гениталиите, да се грижат што ќе мислат другите додека се гушкаат со пријателките, тие исто така по правило живеат подолго и не ќелават.rnrn50 interesni prichini zoshto e dobro da se bide zhena-kafepauza.mkrnrn1. Статистички, на жените почесто им опростуваат сообраќајни казни и слични прекршоци.rnrn2. После оргазам, на мажите им е потребен одмор, но жените можат да доживеат неограничен број оргазми.rnrn3. Жените не мора да си ги местат гениталиите за да им биде удобно во долниот дел од облеката што ја носат.rnrn4. На жените многу поретко им снемуваат изговори за нивното однесување и во кавгите знаат да изнесат повеќе аргументи.rnrn5. ПМС-от е општо прифатен изговор за нервозно и преемотивно однесување.rnrn6. Жените не мораат да се грижат за губење на косата, додека 70% од мажите се ќелави по 30-тата.rnrn7. Жените можат да одглумат оргазам, додека за мажите тоа е значително потешко.rnrn8. Помалку се потат.rnrn9. Живеат подолго.rnrn10. Да се биде татина ќерка не е ни одблизу така лошо во споредба со тоа да се биде мамин син.rnrn11. Не патат од комплекс за големината на пенисот.rnrn12. Подобро озборуваат и повеќе уживаат во тоа.rnrn13. Повеќето жени имаат подобар вкус за мода од мажите.rnrn14. Ако жената не се избричи, тоа никој не мора да го знае.rnrn15. Во просек, на жените им е полесно да добијат секс.rnrn16. Имаат поголема толеранција на болка.rnrn17. Не мораат да се грижат да прават распоред за секс.rnrn18. Можат да се опијат побрзо и поевтино од момците.rnrn19. Жените можат да се прегрнуваат со другарките, без околината да се прашува за нивната сексуална ориентација.rnrn20. Можат да носат фустани, што на лето е исклучителна предност.rnrn21. Почесто завршуваат факултет и во просек се пообразовани.rnrn22. Можат да си ги продупчат ушите и да си ја бојадисаат косата без да добиваат чудни погледи од страна.rnrn23. Жените први се спасуваат на брод кој тоне.rnrn24. Жените можат да ги заплашат нивните мажи-шефови со бројни гинеколошки проблеми кои тие не ги разбираат.rnrn25. Можат слободно да прашуваат за насоки на улица без да се чувствуваат незгодно заради тоа.rnrn26. Желбата за секс на жените им се зголемува со годините.rnrn27. Жена која плаче за тие одоколу е емотивна, маж кој плаче е шутрак.rnrn28. Жените имаат бесплатна психотерапија кај пријателките.rnrn29. Ниските жени се слатки, ниските мажи имаат Наполеонов комплекс.rnrn30. Од жените не се очекува сѐ да знаат да направат сами.rnrn31. Имаат подобри комуникациски вештини.rnrn32. Жените кои не се спортски талентирани не се исмејувани во друштво.rnrn33. Ако имаат големи уши, значително полесно им е да ги скријат.rnrn34. За да зборуваат искрено и длабоко за своите чувства, не мора да бидат пијани.rnrn35. За жените, купувањето облека е забава.rnrn36. Жените не мора да се јават први, бидејќи тоа од нив не се очекува.rnrn37. Самоуверено знаат дека детето е нивно, без да треба да тестираат ДНК.rnrn38. Истражувањата покажуваат дека жените имаат 15% поголема веројатност за преживување во несреќа.rnrn39. Способни се истовремено да пеглаат, да зборат на телефон и да гледаат телевизија.rnrn40. Жените ја знаат вистината за тоа дали големината е важна.rnrn41. Од жените не се очекува да носат тешко.rnrn42. Знаат како умешно да прикријат мозолче.rnrn43. На жените ново парче козметика може да им го разубави денот.rnrn44. Жените созреваат побрзо од мажите, додека некои мажи никогаш не созреваатrnrn45. Од жените не се очекува да подаруваат цвеќиња, само да знаат да ги примаат.rnrn46. Не мораат да се грижат дали ќе закачат нешто со патентот.rnrn47. Не се чувствуваат како кукавици ако одбијат физичка пресметка.rnrn48. По правило, го добиваат старателството врз децата во случај на развод.rnrn49. Знаат каква катарза носи плачењето.rnrn50. Тие се поубавиот пол.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неколку причини зошто не треба да се срамите

    Неколку причини зошто не треба да се срамите

    Секој од нас имал моменти кога се чувствувал засрамено. Срамот предизвикува стрес, негативни чувства и претерано размислување за она што сме го направиле. За да се поштедите себеси од такви моменти, еве неколку причини зошто не треба да се срамите и целосно да му се радувате на животот.rnrnnekolku-prichini-zoshto-ne-treba-da-se-sramite-kafepauza.mkrn

    Срамот може да го попречи остварувањето на вашите цели

    rnМладоста е период за остварување на зацртаните планови и соништа, каде грешките се секако дозволени. Доколку дозволите „грешките“ да завладеат со вас и да направат да се чувствувате засрамено, тогаш престанувате да учите и да напредувате.rn

    Луѓето немаат време да размислуваат за вас

    rnСекој човек е толку опседнат со себеси и сопственото его, што можеби вие самите сте единствените што толку се грижите и обрнувате внимание на направените грешки. Другите луѓе веќе и онака имаат за што да се грижат во нивните животи. Тие едноставно немаат време да седат, да размислуваат и да се смеат на она што вие погрешно сте го направиле.rn

    Кога не покажувате срам и другите не го забележуваат

    rnДоколку погрешите нешто и веднаш почнете вербално да се омаловажувате, тоа другите веднаш ќе го забележат и ќе најдат начин да го искористат против вас. Доколку пак, настапите со став дека тоа не е ништо страшно и едноставно продолжите понатаму, побогати за едно искуство, другите можеби и нема да го забележат срамот што само вие длабоко во себе сте го почувствувале.rn

    Научете да се смеете на сопствените грешки

    rnНема нешто послатко од тоа да се смеете на сопствените грешки. Заборавете на сериозноста и понекогаш бидете спремни и на ваков чекор.rn

    Сите ќе умреме еден ден

    rnКаква врска има смртта со срамот? Еве што вели Стив Џобс на оваа тема:rn
    rn

    „Потсетувањето дека наскоро ќе умрам, можеби беше она што најмногу ме охрабри да ги направам најзначајните избори во животот. Бидејќи речиси сè – сите надворешни очекувања, сета гордост, сиот страв од засраменост и неуспех – едноставно исчезнуваат кога сте соочени со смртта, оставајќи го само она што е навистина важно.“


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 20 причини зошто жените живеат подолго од мажите

    20 причини зошто жените живеат подолго од мажите

    Иако науката се обидува да најде логични објаснувања за пократкиот животен век на мажите во однос на оној на жените, овие 20 фотографии на некој начин ја поддржуваат ваквата статистичка слика. rnrn


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Радостите на животот ве одминуваат бидејќи…

    Радостите на животот ве одминуваат бидејќи…

    Ако немате сѐ што сакате во животот, можеби треба да престанете да барате оправдувања во кармата, астрологијата или минатиот живот. Доколку ништо ново не ви си случува во изминатиот период, време е да престанете да ги правите следните неколку работи.rnrnРадостите во животот ве одминуваат бидејќи...rn

    Мислите дека читањето е доволно

    rnМислите дека доколку читате книги за самопомош и личен развој, работите сами по себе некако ќе се средат. За жал, реалноста е поинаква. Книгите се тука само за да ве подучат, но нема да ја завршат целата работа за вас.rn

    Мислите дека зборувањето е доволно

    rnКолку пати сте зборувале за планови кои сте кажале дека дефинитивно ќе ги исполните и на крајот ништо не се случува? Одлучете се да зборувате само за целите што веќе ги имате исполнето и да не си давате лажни ветувања.rn

    Мислите дека успехот се случува преку ноќ

    rnЗапомнете дека ќе биде потребно многу време за да смените нешто во животот, но тоа не е причина уште веднаш да се обесхрабрите и откажете. Ослободете се од притисокот дека мора да успеете уште веднаш и уживајте во процесот на промена.rn

    Се грижите што мислат другите

    rnМожете или да се грижите што другите ќе кажат или едноставно да си ја вршите работата. Луѓето секогаш ќе имаат што да кажат. Што и да правите, не дозволувајте тоа да влијае врз вашите сништа и долгорочни цели.rn

    Чекате да се „наместат“ ѕвездите

    rnНемаме ништо против астрологијата, која некогаш може да биде многу корисна, но никогаш не се откажувајте од нешто што многу сакате да го направите само поради еден хороскоп. Моќта повеќе лежи во вас, отколку во ѕвездите.rn

    Се потпирате на автосугестија

    rnМислите дека автосугестијата е доволна за да успеете во нешто и да се промените. Да, таа е корисна, но само ако е пропратена со соодветно однесување и дејствување од ваша страна.rn

    Не правите ама баш ништо

    rnАко нешто не оди, прашајте се дали воопшто превземате некаква акција или само се обидувате да се убедите дека веќе сте направиле сѐ што сте можеле. Не ги одложувајте работите што треба да ги завршите, почнете со завршување на една задача и ќе видете колку поубаво и поисполнето ќе се чувствувате. Само така ќе сфатите дека сѐ зависи од вас.rnrnДоколку се пронајдовте во повеќето од овие точки, тогаш е време нешто да промените. Наместо да се фокусирате на надворешните фактори на кои не можете да влијаете, барем потрудете се да се промените себеси, едноставно да дејствувате и навистина да ги почувствувате радостите на животот!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 причини да го посетите Њујорк додека сте млади

    7 причини да го посетите Њујорк додека сте млади

    Њујорк е град полн со живот, шанси и многу историја. Постојат безброј причини зошто да го посетите додека сте млади. Еве некои од нив.rnrn(0) 7-prichini-zoshto-da-go-posetite-njujork-dodeka-ste-mladi-kafepauza.mkrn

    1. Динамичност

    rnЊујорк е најдинамичниот град што некогаш ќе го посетите. Таму се наоѓаат активности за сечиј вкус. Најдоброто во овој град е тоа што ја има истата живост и во седум часот наутро и во единаесет часот навечер. Она што му треба на секој млад човек.rn

    2. Историја

    rnДодека сте во Њујорк мора да одите на некои од туристичките тури што таму се организираат. Толку многу историски настани се случиле во овој град, што просто е штета доколку некогаш го посетите, а да не си дозволите едно такво незаборавно искуство.rn

    3. Шанси

    rnШансите што ги нуди Њујорк се бесконечни. Тоа е градот што ќе ве мотивира да го дадете најдоброто од себе и да работите упорно за остварување на својата цел. Плодна почва за секој сон и причина повеќе да го посетите додека сте млади.rnrn(1) 7-prichini-zoshto-da-go-posetite-njujork-dodeka-ste-mladi-kafepauza.mkrn

    4. Тајмс сквер

    rnТајмс сквер е дел од многу филмови и телевизиски шоуа. Секогаш раздвижено и динамично. Има одлични ресторани и места за шопинг. Никогаш не е мирно и здодевно. Токму затоа е совршено за млади луѓе.rn

    5. Бродвеј

    rnДоколку некогаш го посетите Њујорк, строго препорачливо е да погледнете претстава на Бродвеј. Изборот е огромен и сигурно ќе најдете некоја по ваш вкус. Незаборавно искуство.rn

    6. Разгледување на градот

    rnПознатиот Централен парк, Статуата на слободата, Емпајер стејт билдинг се само дел од нештата кои може да ги видите во Њујорк. За нивно подобро доживување, препорачливо е да одите на организирано разгледување на градот.rn

    7. По малку од сѐ

    rnНа секој млад човек му е потребна возбуда, промени и активност. Најдоброто за Њујорк е тоа што во секое време може да правите различни работи. Има илјадници ресторани, претстави и знаменитости кои треба да се видат. Њујорк е градот во кој никогаш не е досадно.rnrn(2) 7-prichini-zoshto-da-go-posetite-njujork-dodeka-ste-mladi-kafepauza.mk

  • Најчести причини за опаѓање на косата кај жените

    Најчести причини за опаѓање на косата кај жените

    Секоја жена посакува да има цврста и густа коса, но дерматолозите забележуваат дека во последните десетина години голем број жени се жалат за опаѓање на косата уште во помладите години. Ова се најчестите предизвикувачи за пад на косата кај жените.rnrnНајчести причини за паѓање на косата кај жените rn

    1. Анемија

    rnАко, покрај опаѓањето на косата, чувствувате хроничен замор и малаксаност, можеби ви недостига железо. Појдете на лекар и направете крвна слика за да дознаете дали станува збор за анемија и дали треба да почнете со некаква терапија. Покрај лекарства, добро е почесто да јадете намирници кои изобилуваат со железо како цвекло, спанаќ, црн грав, како и црвени овошја.rn

    2. Генетика

    rnПонекогаш едноставно генетиката игра клучна улога. Погледнете каква коса имаат и имале вашите роднини од потесното семејство и можеби ќе го добиете одговорот. Доколку забележите дека станува збор за дел од вашиот генетски склоп, советувајте се со експерт кој ќе ви помогне да го ублажите опаѓањето на косата.rn

    3. Стрес

    rnПознато е дека стресните животни ситуации можат да предизвикаат пад на косата, но за тоа можат да бидат криви и секојдневните мали количества на стрес кои се таложат. Доколку наеднаш почнува да ви паѓа косата, размислете како живеете во последните 6 месеци.rnrnНевозможно е целосно да го отстраните стресот од животот, бидејќи не секогаш зависи од вас, но пронајдете некоја активност која ќе ве развеселува, смејте се почесто, шетајте на чист воздух или простете му на некој на кој сè уште сте му бесни.rnrnНајчести причини за паѓање на косата кај жените rn

    4. Исхрана со премалку протеини

    rnЖените кои случајно или намерно ги избегнуваат протеините, можат да патат од пад на косата. Дневно треба да внесувате 46 грама протеини и да се грижите барем поголем период од неделата да ја почитувате дозата.rn

    5. Исхрана со премалку витамин Д и премногу витамин А

    rnНовите генерации премногу се опседнуваат со консумирање витамини, но понекогаш премногу добри работи можат да бидат и лоши. Докажано е дека доколку премногу консумирате витамин А можете да предизвикате пад на косата, а истото можете да го предизвикате и со премалку консумирање на витамин Д. Решението би било да набавите таблети кои содржат витамин Д додека косата не ви се опорави и да го зголемите консумирањето на сок од портокал, лосос, печурки, јајца и производи од соја.rn

    6. Начинот на стилизирање на косата

    rnГолем број жени непотребно ја тегнат косата и со тоа предизвикуваат нејзино опаѓање. Затегнатите пунџи, агресивното чешлање со лоша четка, цврстите опавчиња, како и витлерите кои многу стегаат, можат да придонесат за пад на косата. Бидете внимателни.rn

    7. Проблеми со темето

    rnОва е еден од најчестите предизвикувачи на пад на косата. Доколку, често ве чеша темето или доколку имате проблем со масен или сув првут, многу е важно што побрзо да се погрижите за проблемот за косата да може нормално да ви расте и темето да диши.rnrnМасниот првут можете да го решите со добар шампон, додека сувиот првут, габите и останатите проблеми треба да ги решите со помош на професионалец. Доколку имате проблем со темето, никогаш не оставајте косата природно да ви се исуши и внимавајте убаво да го измиете шампонот од косата.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 причини зошто секој ден да бидете дотерани

    7 причини зошто секој ден да бидете дотерани

    Научно е докажано дека ни се зголемува самодовербата, само со тоа што сме дотерани. Едноставно се однесуваме поинаку, се движиме поинаку и така натаму. Затоа е добро секој ден да сте дотерани. Ова не значи дека треба да имате полн гардеробер со дизајнерски парчиња и скапа облека. Треба да знаете убаво да ја комбинирате облеката и да го пронајдете стилот кој вас ви ја зголемува самодовербата. Ова се 7 причини зошто треба да изгледате убаво секој ден.rnrn7 причини зошто секој ден да бидете дотерани rnrn1. Кога сте убаво облечени ви се подобрува расположението.rnrn2. Оставате подобар впечаток кај другите.rnrn3. Никогаш не знаете на кого ќе налетате. Зарем не посакувате да изгледате најдобро што можете?rnrn4. Животот е прекраток за да носите досадна облека. Внесете живост во вашиот стил.rnrn5. Самодоверба. Кога изгледате убаво, така и се чувствувате.rnrn6. Облеката е начин на самоизразување. Изразете се преку вашиот стил.rnrn7. Со помош на облеката можете да ги истакнете вашите најдобри атрибути.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Од што нè боли глава?

    Од што нè боли глава?

    Силни бодежи, стегање, болно пулсирање – овие непријатни чувства ви се познати ако често патите од главоболка.rnrnЛуѓето патат од главоболка скоро отсекогаш. Според записите, уште од околу 4.000 година п.н.е. во Месопотамија се верувало дека лошиот дух на главоболките Тиу е виновен за ова непријатно чувство. Ова верување било раширено во многу култури, што било причина за појава на трепанацијата – процедура со која се прави мала кружна дупка во черепот – што значело излез за духовите кои ја причинувале болката.rnrnОд што нè боли глава?rnrnЗа среќа, денес главоболките се лечат без потреба да се прават дупки во черепот. Но ако не се лошите духови, тогаш што е тоа што ни ја предизвикува болката?rnrnМедицинската литература има собрано доста причини. Некои од нив ги знаете, но од некои ќе се изненадите. Ова е листа на сите предизвикувачи на сите видови главоболка:rn

      rn011

    • Прекумерна употреба на лекови за болка – Половина од хроничните ммигрени и околу 25% од сите видови главоболки се повратна епизода предизвикана од прекумерна употреба на обични лекови за болка.
    • rn011

    • Пиво
    • rn011

    • Вино
    • rn011

    • Соја
    • rn011

    • Чадена риба
    • rn011

    • Меса кои содржат нитрати (сланина, виршли, салами, сушено месо)
    • rn011

    • Обработена храна
    • rn011

    • Ферментирана храна
    • rn011

    • Маринирана храна
    • rn011

    • Туршија
    • rn011

    • Чоколадо
    • rn011

    • Млечни производи
    • rn011

    • Зрело сирење
    • rn011

    • Аспартам
    • rn011

    • Јаткасти плодови
    • rn011

    • Прескокнување оброци
    • rn011

    • Силна светлина
    • rn011

    • Гледање во сонце
    • rn011

    • Гласни звуци
    • rn011

    • Пријатни мириси како парфеми
    • rn011

    • Непријатни мириси како боја за ѕидови и чад од цигари
    • rn011

    • Пушење
    • rn011

    • Замор
    • rn011

    • Замореност на очите
    • rn011

    • Повреди на главата
    • rn011

    • Недоволно спиење
    • rn011

    • Премногу спиење
    • rn011

    • Спиење во ладна соба
    • rn011

    • Сексуална активност
    • rn011

    • Напорна физичка активност
    • rn011

    • Стрес
    • rn011

    • Депресија
    • rn011

    • Анксиозност
    • rn011

    • Хормонални промени кај жените за време на месечниот циклус, во текот на бременоста или за време на менопаузата
    • rn011

    • Настинки, грип или синусни инфекции
    • rn011

    • Промена на времето или на барометарскиот притисок
    • rn011

    • Држење на главата во неприродна позиција додека работите (на компјутер, на микроскоп…)
    • rn011

    • Спиење со вратот во неприродна положба
    • rn011

    • Промени во ритамот на спиење
    • rn011

    • Топлина (топло време, топла бања)
    • rn011

    • Стискање на вилицата и чкрипење со забите
    • rn011

    • Орални контрацептивни средства и хормонална терапија
    • rn011

    • Големи височини (при пешачење, патување со авион)
    • rn

    rnСериозните причинители на главоболките се ретки, но понекогаш главоболката е предупредување за некое посериозно нарушување. Доколку забележите дека главоболка ви се јавува секогаш во одредени ситуации или пак таа е пропратена со други симптоми, консултирајте се со вашиот доктор и побарајте стручна помош.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Достигнете го сопствениот потенцијал за да постигнете успех

    Достигнете го сопствениот потенцијал за да постигнете успех

    Дали чувствувате дека можете да направите многу повеќе со својот живот? Мислите ли дека не го искористувате целосно вашиот потенцијал? Проблемот е во тоа што речиси никогаш не сме сигурни колкав е нашиот потенцијал. Првиот чекор кон искористување на сопствениот потенцијал е сфаќањето што нè спречува да го направиме тоа.

    rn

    Достигнете го сопствениот потенцијал за да постигнете успех

    rnrn

    Причини поради кои не си го искористувате доволно потенцијалот:

    rnСе потценувате себеси – Можеби имате некаква визија за себе, но во моменти на ниска самодоверба некој глас во вас ви кажува дека не сте доволно добри или дека мечтаете за нешто неостварливо. Дури може да почнете самите да барате изговори зошто не тргнувате кон посакуваната цел. Дали вашиот сон многу често ви звучи како смешна детска идеја и не се осмелувате да почнете да вложувате труд во неговото остварување?rnrnГо знаете вашиот потенцијал, но не знаете како да го достигнете – Можеби сте свесни дека имате потенцијал да направите неверојатни работи, но не знаете како да го достигнете. Ви се чини дека растојанието од точката каде моментално се наоѓате до самиот успех е едноставно преголемо и немате идеја како да го поминете. Тоа е како да гледате полн базен со вода и јасно ви е дека она што треба да го направите е да го испразните, но сè што имате на располагање е една малечка лажица. Можеби токму немањето ресурси ве спречува да тргнете нанапред?rnrnДостигнете го сопствениот потенцијал за да постигнете успехrnrnЈа насочувате целата ваша енергија во погрешни работи – Можеби знаете дека сте создадени за да работите нешто, но сте преокупирани со други обврски, така што не можете да посветите време за надградување на себеси во таа област. Или едноставно сте заглавиле во шаблонот на секојдневието и не можете да излезете од тој лавиринт и да ја насочите вашата енергија во правилна насока?rnrnДоколку се пронајдовте макар во една од трите наведени причини, продолжете со читање.rn

    Како да го достигнете вашиот потенцијал?

    rnСтивнете ги негативните гласови. Она што треба да ве поведе е жестоката желба за стигнување до посакуваната цел. Нема нешто што е невозможно. Наместо да барате изговори, дејствувајте водени од мислата дека сè што посакувате може да ви се оствари доколку имате желба и вложите доволно труд.rnrnПронајдете ја вашата страст. Издвојте период во кој ќе пробате многу работи во кои барем малку се пронаоѓате. Потоа издвојте ја онаа која најмногу ја буди вашата креативност и желба за успех. Онаа која ве претвора во енергична сила која има капацитет да постигне сè што ќе ѝ падне на памет.rnrnНавивајте самите за себе. Бидете свои навивачи наместо критичари. Не секогаш ќе го направите правилниот избор, но важно е да се задржи позитивната енергија и мотивацијата. За сè може да најдете негативни страни, но поддржувајте се наместо да се кудите. Ќе забележите како за брзо ќе почнете многу повеќе да верувате во себе.rnrnДостигнете го сопствениот потенцијал за да постигнете успехrnrnБидете свесни за своите позитивни страни. Како може да го достигнете својот потенцијал ако се плашите да признаете дека сте добри во нешто? Заборавете на скромноста. Кога гледате дека во одредено подрачје сте навистина добри, најдете начин тоа да го кажете на глас.rnrnБидете свесни за своите негативни страни. Секако, секој има слабости и предности. Бидете искрени кон самите себе. Ако постојано се залажувате дека сте добри во нешто за што навистина не сте, ќе продолжите да ја насочувате целата ваша енергија во подобрување на тоа поле наместо надградување и усовршување на она што ви е силна страна.rnrnИмајте генерален план. Ретко кога нашите планови ги следиме во секој чекор, но добро е да имате генерален план за да знаете кон каде се движите. Имајте на ум што треба да направите, кон каде треба да се придвижувате и што треба да вложите за понатамошен успех.rnrnКолку сте подготвени да жртвувате? Можеби за постигнување на вашата цел ќе треба да вложите непроспиени ноќи и многу труд. Дали сте подготвени да се жртвувате или ќе се откажете на пола пат?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • За што најчесто се користи Википедија?

    За што најчесто се користи Википедија?

    Најпопуларната бесплатна онлајн-енциклопедија „Википедија“ моментално има околу 30 милиони текстови напишани на 286 јазици, од кои дури 4,2 милиони се на англиски, а нешто помалку од 73.000 на македонски. На неа може да се најде сè и сешто, па токму затоа е многу посетувана. Ова се причините поради кои најчесто се користи „Википедија“.За што најчесто се користи Википедија?
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.