КАФЕ ПАУЗА

Tag: причини

  • 5 најчести причини зошто некои жени чувствуваат болка за време на сексот

    5 најчести причини зошто некои жени чувствуваат болка за време на сексот

    Сексот би требало да биде исклучително пријатно искуство и за мажот и за жената, а не нешто што води кон агонија. Сепак, според мислењето на акушерите и гинеколозите, скоро три од четири жени доживуваат болка за време на сексуалниот однос во одреден период од нивниот живот.rnrn5 најчести причини зошто некои жени чувствуваат болка за време на сексотrnrnБез разлика дали болката е минлива или хронична, таа може да биде неверојатно фрустрирачка. Уште полошо, многу жени страдаат наместо да побараат помош.rnrnАко вашиот лекар сèуште не ви помогнал да се справите со болката што ја чувствувате, советот на другите жени е да пронајдете лекар со кој навистина може да поразговарате. Во текстот подолу се неколку причини што потенцијално водат кон непријатност или болка за време на сексот.rn

    1. Медицински проблем

    rnБолката за време на сексот честопати е поттикната од некаква медицинска состојба, велат стручњаците. Вагинитис или воспаление на вагината предизвикано од габична инфекција или сексуално пренослива болест е една од најчестите причини.rnrnСпоред нив, постојат и структурни неправилности кои предизвикуваат болка, па дури може да се појави и потреба од операција поради проблеми со матката.rnrnВо некои случаи, болката може да биде предизвикана од други надворешни фактори како што се ендометриоза, инфекции на мочниот меур, цисти на јајниците и фиброиди на матката.rn

    2. Хормони

    rnМоже да имате и сува вагинална средина предизвикана поради пад на нивото на естроген, поради стрес, земање лекови или менопауза.rnrnЕстрогенот е оној што го одржува екосистемот на вагината на оптимално ниво и го подмачкува, така што сите неправилности поврзани со овој хормон би можеле да го отежнат сексот. Намалувањето на нивото на естроген може да биде предизвикано и од хистеректомија (што често доведува до рана менопауза), зрачење или хемотерапија или хируршко отстранување на јајниците.rnrnАко се соочувате со таков случај, клучно е да се консултирате со вашиот лекар кој може да ви препорача промени во животниот стил, па дури и хормонска терапија.rn

    3. Лубриканти

    rnНе ја потценувајте моќта на лубрикантите! Иако вагината е природно подмачкана, без разлика дали поради медицинските причини споменати погоре или поради некоја друга причина, многу жени чувствуваат сувост. Добрата вест е што лубрикантите може да ви помогнат да се соочите со проблемот.rnrnГинеколозите и експертите од сродните области препорачуваат да изберете лубрикант со pH вредност која е близу вашата природна pH вредност за да избегнете алергиски реакции.rn

    4. „Надареност“ на партнерот

    rnГолемината не е секогаш добра, особено кога станува збор за машкиот полов орган. Некои жени имаат проблем да се прилагодат на таквата состојба, но тоа не значи дека треба да се откажат од партнерот само затоа што тој е особено „надарен“. Ако се сомневате дека ова може да биде проблем, обидете се да ја промените позицијата.rn

    5. Сексуална траума

    rnЖените може да доживеат болка за време на секс заради страв од сексуален напад, велат психолозите.rnrnВо некои случаи, психолошката траума може да предизвика вагиналните мускули неволно да се стегнат или грчат за време на сексот, што обично се нарекува вагинизам.rnrnВо овој случај, тие велат дека жените треба да посетат психијатар или препорачуваат т.н. „био-фидбек“, т.е. посебен режим на вежбање за релаксирање на вагиналните мускули.rnrnМожеби сакате да прочитате и како да го одржите вашето интимно здравје?

  • 5 причини зошто не ве повикува на втор состанок

    5 причини зошто не ве повикува на втор состанок

    Постојано ви пишува и ви се јавува, но не ве бара за втор состанок. Можеби мислите дека веќе не му допаѓате по првиот состанок, но постојат и други причини за тоа.rnrn5 причини зошто не ве повикува на втор состанокrn

    1. Одлучил да земе здив

    rnВакви паузи прават оние што немаат храброст директно да кажат дека врската е завршена. Но, бидејќи вашата сè уште не започнала, причините можат да бидат многу разновидни. Можеби сака да ви приреди изненадување на вториот состанок, но не знае што да ви подари или едноставно сака да разберете колку заеднички интереси ќе имате сè додека не се заљуби во вас.rn

    2. Премногу е зависен од социјалните мрежи и од апликациите за запознавање

    rnПсихолозите велат дека можноста за запознавање преку социјалните мрежи стана вистински проблем и за двата пола на возраст помеѓу 18 и 45 години. Флертувањето преку Интернет на многумина им создава илузија дека секогаш можат да пронајдат друг потенцијален партнер, па затоа не вреди да избрзуваат. Таквиот зависник ќе го препознаете уште на првата средба бидејќи најверојатно нема да го испушти телефонот од раце или постојано ќе разговара за тоа како претходно имал состаноци со девојки од апликациите преку кои се запознале.rn

    3. Се плаши дека не ви се допаднал

    rnМожеби си мисли дека не сакате да ги продолжите средбите на романтичен начин. Во таква ситуација, одржувањето на комуникацијата без да ве викне на состанок, но со повици или со допишување, значи дека го чека вистинскиот момент.rn

    4. Тој е работохолик

    rnЧовек кој веќе некое време нема сериозна врска најчесто е внесен во градењето кариера толку многу што има план и за следната недела. Ако се најдете во таква ситуација, ќе треба да се вооружите со трпеливост и да го почекате моментот кога ќе биде во можност да закажете втор, трет или сите последователни состаноци.rn

    5. Премногу е срамежлив

    rnНеизвесните чувства и реакции може да биде предизвикани од прекумерна срамежливост. Понекогаш оваа „болест“ влијае и на момците кои изгледаат самоуверено однадвор заради нивниот весел изглед. Тој се плаши од одбивање, па се обидува да открие што чувствувате за него.rnrnПрочитајте кои реченици жените сакаат да ги слушнат повеќе од „те сакам“.

  • 6 причини за оптимизам во 2020 година

    6 причини за оптимизам во 2020 година

    Крајот на годината е период кога се објавуваат мрачни предвидувања за најголемите глобални опасности што ќе се закануваат во следната година. Секако, и годинава има многу такви: од Иран до Северна Кореја и од изборите во САД до глобалното затоплување чии ефекти се чувствуваат сè повеќе секоја година. Но, оваа година аналитичарот Фредерик Кемп решил да направи еден поинаков список – список со 6 причини за оптимизам во 2020 година.rnrn6 причини за оптимизам во 2020 годинаrn

    1. Глобалниот просперитет расте

    rnПрвата причина на овој список е поради тоа што на човештвото никогаш не му било подобро. На глобално ниво, просперитетот го достигна највисокото ниво забележано досега, барем според индексот за просперитет на Британскиот институт „Легатум“.rnrnСекоја година се мери просперитетот во 167 земји во светот, заснован на дури 300 индикатори, а оваа година бележи напредок во 148 и пад само во 19 од овие 167 земји. Најголем напредок е постигнат во здравството, во образованието и во финансиската стабилност. Во последните 10 години, просперитетот бележи благ, но стабилен пораст.rnrnИсто така, повеќе од една милијарда луѓе се спасиле од екстремна сиромаштија од 1990 година до денес. Само 10 % од светското население живее во екстремна сиромаштија што е најмал процент забележан досега.rn

    2. Некои од најлошите места во светот се подобруваат

    rnБритански весник „Економист“ секоја година избира земја на годината, а оваа година Узбекистан е избрана како земја со најголем напредок. Откако диктаторот Ислам Каримов почина во 2016 година, реформите на премиерот Шавкат Мирзиов почнаа да даваат резултати.rnrnСè додека не умре Каримов, Узбекистан беше „затворено општество водено од посебна бруталност и неспособност“, а режимот принудил многу мажи, жени и деца да работат на полињата за памук. Но, оттогаш па наваму, Узбекистан ја прекина принудната работа, го затвори најозлогласениот затвор и ја отвори земјата за странските новинари.rnrnСите овие работи им се познати и на жителите на многу други авторитарни држави ширум светот. Втора земја на списокот на „Економист“ е Судан, чиј диктатор Омар Ал-Башир, „еден од најопасните тирани во светот“, не умре, но народот го протера преку масовни протести. Новиот премиер на техничката влада вети избори во наредните три месеци.rn

    3. Средната класа никогаш не била поголема, а половина од светот живее во демократија

    rnИако постои оправдана загриженост за растечката нееднаквост внатре во сите земјите, не треба да се занемарува позитивниот тренд на намалување на нееднаквоста меѓу земјите.rnrnВсушност, за првпат од Индустриската револуција, околу половина од светското население може да се смета за средна класа.rnrnПокрај тоа, половина од светското население сега живее во демократија, за разлика од поголемиот дел од човечката историја, кога демократијата или не постоеше или беше само остров во океанот на диктатурата.rn

    4. Насилните конфликти се во пад

    rnКога станува збор за војни, сликата е исто така двојна. Од една страна, продолжуваат ужасните војни во Сирија, во Јемен и во Авганистан, а од другата страна, секогаш постои страв дека големите сили, како што се Америка, Русија и Кина, би можеле да предизвикаат нова светска војна или дека Брегзит би можел да предизвика распад на Европската Унија и со тоа да се отвори можност за нов конфликт на Стариот Континент.rnrnНо, не треба да се заборави фактот дека ниту една светска сила не сака војна, со оглед на нејзините катастрофални последици. Ако земјите сакаа само да заработат пари, во последните години имаа повеќе од доволно можности за тоа.rn

    5. Луѓето стануваат попаметни и потолерантни

    rnНа глобално ниво, просечното ниво на интелигенција расте за околу три поени секоја деценија, а детските мозоци се развиваат сè повеќе благодарение на подобрената исхрана и на почистата животна средина. Размислете само колку симболи интерпретирате секој пат кога ќе го проверите екранот на мобилниот телефон.rnrnИсто така, да се биде хомосексуалец пред 100 години било легално во само 20 земји во светот, а денес е легално во повеќе од 100 земји. Истражувањето на „Легатум“ покажува дека во последните 10 години, жителите од 11 земји станале потолерантни кон ЛГБТ-заедницата.rnrnНо, „Легатум“ дојде до заклучок дека личната слобода на говор, здружувањето и собирањето се сè повеќе ограничени и тоа дури во 122 земји.rn

    6. Технологијата може да ја спаси планетата

    rnМногу работи поврзани со вештачката интелигенција се застрашувачки. Вештачката интелигенција би можела да ги зајакне тираните, да ги загрози работните места за добар дел од луѓето и да ги зацврсти предрасудите што веќе ги имате.rnrnНо, историјата е полна со примери кога технолошката промена донела повеќе напредок отколку опасност. Напредната технологија може да помогне во многу области, од здравството до борбата против климатските промени.rnrnНа пример, квантните компјутери би можеле да помогнат во спречувањето на климатските промени преку симулации кои можат да откријат нови и поефикасни катализатори за „ловење јаглерод“, а оваа експериментална технологија е дизајнирана за да ја намали емисијата на штетни гасови во атмосферата.rnrnПрочитајте и како да ги средите финансиите пред почетокот на 2020 година.

  • Можни причини за отоци во нозете и кога би требало да побарате лекарски совет?

    Можни причини за отоци во нозете и кога би требало да побарате лекарски совет?

    Отоците во рацете, нозете или другите делови од телото најчесто се симптоми на хронични болести. Луѓето најчесто се жалат на отекување на нозете, односно на стапалата, зглобовите и колената што најчесто се предизвикани од летните месеци. Но, понекогаш, тие можат да бидат симптом и за нешто поопасно. Токму затоа, дури и да се случува ретко, добро е да бидете прегледани од страна на медицинско лице. Во меѓувреме, погледнете ги останатите причини поради кои можете да имате отоци во нозете…rnrnrn

      rn 011

    • Кардиолошки заболувања меѓу кои најчесто се наоѓаат срцева слабост, кардиомиопатија и последица од преживеан срцев удар.
    • rn 011

    • Бубрежни заболувања, како нарушување на бубрежните функции. Во тој случај или се создаваат и задржуваат повеќе течности или се губат белковините преку бубрезите.
    • rn 011

    • Проширени вени.
    • rn 011

    • Нарушувања на лимфната дренажа, односно на лимфната течност што се насобира во ткивата поради отсуство на лимфни клетки, проблеми со лимфните клетки или отстранување на лимфните јазли.
    • rn 011

    • Заболувања на тироидната жлезда, пред сè хипотиреоза.
    • rn 011

    • Отоците кај жените можат да се јават и во склоп со ПМС, најчесто поради дисбаланс на естрогенот и прогестеронот.
    • rn 011

    • Повредите на стапалата или глуждовите можат да доведат до отоци. Доволна е дури и мала повреда или лош чекор за да се предизвика абнормално истегнување на лигаментите.
    • rn 011

    • Отоците на стапалата и глуждовите можат да бидат и знак за инфекција. Луѓето со дијабетесна невропатија или други нервни проблеми често се на зголемен ризик од инфекција на стапалата.
    • rn

    rnПогледнете ги и овие 7 неверојатни промени кои настануваат кај женското тело по породувањето.

  • 7 изненадувачки причини поради кои секогаш се будите уморни

    7 изненадувачки причини поради кои секогаш се будите уморни

    Се чувствувате уморни иако спиевте цела ноќ? За да се чувствуваме одморени и подготвени за нов работен ден потребен ни е минимален сон од 6-8 часа. Ако често ви се случува да се разбудите уморни и без енергија иако сте спиеле цела ноќ без прекин постојат одредени причини кои можат да го предизвикаат уморот. Во продолжение откриваме кои се тие.rnrnrn

    1. Анксиозност

    rnАко во последно време сте под стрес или постојано сте загрижени поради обврските и сè што ви се случува во животот можно е да сте анксиозни. Студиите покажале дека размислувањето на ваквите работи пред спиење може негативно да влијае врз сонот и да предизвика уште поголем стрес. Поради тоа настојувате да ја поминете вечерта колку што е можно помирно и порелаксирано.rn

    2. Стрес

    rnСтресот е една од најглавните причини поради која многу луѓе имаат проблем со здравјето и константниот умор. Иако стресот е неизбежен во животот, ако легнете во кревет со него тоа негативно ќе влијае на вашето ментално здравје и ќе предизвика анксиозност. Обидете се да се опуштите пред спиење и ви гарантираме дека ќе се разбудите поодморени и свежи.rn

    3. Страшни филмови

    rnПред одењето во кревет никако не се препорачува да го окупирате умот со негативни мисли, а страшните филмови би можеле да го предизвикаат токму тоа и да оневозможат мирен сон. Од таа причина, настојувајте во текот на вечерта мислите да ги насочите на нешто позитивно. Слушањето музика или читањето лесна книга е одличен начин за насочување на мислите.rn

    4. Доцна вечера

    rnИако многумина сакаат да јадат пред да заспијат, тоа е многу лоша навика. Лекарите советуваат да не се јаде барем 2 часа пред спиење, особено не се препорачуваат тешки оброци. Имено, нашето тело мора да ја свари таа храна, а ако желудникот биде оптоварен во текот на ноќта тогаш после будењето ќе се чувствуваме прилично изморено и без енергија.rn

    5. Синдром на немирни нозе

    rnСиндромот на немирни нозе е нарушување кое може да пречи во текот на спиењето, а да не знаете за тоа. Според процените, од овој синдром патат 5-10% од популацијата, а нешто почесто се јавува кај жените. Синдромот може да биде предизвикан од одредени лекови, дијабетес, па дури и од артритис. Ако мислите дека го имате овој синдром посоветувајте се со лекар.rn

    6. Ноќна апнеа

    rnАпнеата е уште едно нарушување кое може да се појави во текот на спиењето, а се манифестира како краткорочен прекин на дишењето од најмалку 10 секунди. Некои од најчестите симптоми на апнеа се грчење, често будење во текот на ноќта, суво и болно грло, умор, недостаток на енергија во текот на денот, проблеми со концентрацијата. Ова е сериозно нарушување и потребно е да се лекува бидејќи може да го зголеми ризикот од дијабетес и срцеви заболувања.rn

    7. Чкрипење со забите во сон

    rnЧкрипењето со забите или бруксизам е нарушување кое се јавува во текот на спиењето, а во повеќето случаи е предизвикано од стрес, напнатост и анксиозност. Ако ова ви се случува често можно е поради тоа да се будите уморни бидејќи телото не може доволно да се одмори. Оваа појава кај повеќето луѓе е минлива, а поминува сама од себе кога ќе се ослободиме од напнатоста и стресот.rnrnДознајте на што може да биде последица вашата истоштеност.

  • Ќе пронајдете вистинска љубов дури после неколку болни неуспеси

    Ќе пронајдете вистинска љубов дури после неколку болни неуспеси

    После неуспешна врска луѓето често знаат да се прашаат зошто ниедна нивна врска не им успеала и дали нешто не е како што треба со нив. Постои причина за речиси сите неуспешни обиди за да се одржи здрава врска, но сите тие водат кон една болна лекција што мора да се научи. Во денешно време не е лесно да се најде љубов, а изгледа дека е уште потешко истата да се одржува.rnrnrn

    Низа фактори играат улога кога е во прашање вистинската врска што е полна со љубов

    rnЕден од тие фактори е временското усогласување. Двајцата партнери мора да се на истата страна во исто време. Згора на тоа, таквото усогласување се случува еднаш (или максимум двапати) жртвувајќи една или две (или повеќе) неуспешни и болни врски. Додека го читате ова можеби се потсетувате на една ваша врска од минатото што ви оставила лузни на некаков начин. Се сеќавате како неуморно се обидувавте да ви успее додека всушност ништо не се променуваше на долг рок? rnrnЕдноставно не сте биле еден за друг, но не сте сакале да го прифатите тоа. Никој не сака да го прифати тоа. Тешко е кога ќе сфатите дека личноста што сте ја сакале најмногу не е создадена за вас. Дури и ако мислите дека тој/таа единствено можат да распламтат оган и топлина во вас, сепак ќе мора да го/ја оставите во минатото. Како што се очекува, прекинот на врската е неподнослив удар во реалноста. Многу непроспиени ноќи и денови ќе бидат проследени со болка, но ќе поминат. Што е најважно, сега веќе имате искуство зад вас.rn

    Животна лекција?

    rnЗаздравувањето е долготраен процес и нема да се случи преку ноќ. Многу корисни животни лекции се скриени зад ова болно искуство. Првично ќе препознаете дека можете да љубите некого многу длабоко, но мора да препознаете кога е вистинското време за да заминете бидејќи заслужувате подобро. Како што ќе речат многумина, грешките се неизбежен дел од сечиј живот, а од најлошите искуства се учи најмногу. Можеби била потребна уште една животна лекција за да се подготвите за вистинската љубов која ве очекува во иднина. Многу е веројатно дека треба срцето да се скрши за да се сфати што е потребно и што е вистинско.rnrnШто ако не научите ништо? Животот има интересен начин на повторување на ситуацијата неколкупати додека не се постигне потребното за да се созрее. Понекогаш може да се чувствувате како заглавени во маѓепсан круг со некого (или неколку врски со слични проблеми), но поверојатно е дека тогаш уште не сте ја научиле лекцијата.rn

    Заслужувате вистинска љубов

    rnМинувајќи низ поранешните лоши искуства вие ќе се стекнете со мудрост и искуство што ќе ви овозможат да ја пронајдете љубовта којашто ви требала цело време. Нема да има непроспиени ноќи, непотребна драма, недоразбирања или караници кои тешко се надминуваат. Грешките што сте ги направиле и лекциите што сте ги научиле го поплочуваат патот до вистинската личност. Ништо не е секогаш залудно. Ниту пак биле изгубени вашето време и енергија колку што си мислите. Бидејќи тие се инвестирани во некои поголеми причини кои во тој момент не сте ги согледале.rn

    Личен раст

    rnОткако ќе ја постигнете зрелоста ќе пристигнат смиреноста и грижливата природа коишто секогаш сте ги имале во вас. Со сталоженоста што е најпотребна искусувајќи ја оваа врска ќе сфатите зошто сите останати пропаднале. Како резултат на тоа ќе бидете убедени дека некои работи едноставно не можат да траат токму поради некоја причина.rnrnДознајте и кои важни прашања треба да си ги поставите пред да започнете нова врска.

  • 10 причини поради кои вреди да се чека вистинската љубов

    10 причини поради кои вреди да се чека вистинската љубов

    Не постои човек на планетава што не бил заљубен барем еднаш во животот. Ако не сте биле заљубени сигурно постои некој што многу ви се допаѓал, но никогаш не ви успеало да бидете со него. Тоа е дел од животот и секој го доживува. Што кога е во прашање вистинската љубов? Ако досега ја имате најдено вие сте среќници, а ако не прочитајте ги следниве причини зошто вреди да се чека вистинската љубов.rnrnrn

    1. Не ги игнорирајте знаците на опасност

    rnВашата интуиција е тука со причина, вие чувствувате нешта со причина. Вашето тело ве познава вас многу повеќе отколку што ве познава мозокот и тоа е тука да ве води низ патеките на животот без да ви биде нанесена болка. Лесно е да бидете заслепени од некого, особено во раните фази откако почнувате да се гледате. Ако постои некакво мало претчувство дека нешто не е во ред, заминете, бидејќи тоа повторно ќе се појави подоцна.rn

    2. Не се задоволувајте со помалку отколку што заслужувате

    rnТој сака фудбал, вие сакате тенис. Ова не е причина да не му дадете шанса. Тука зборуваме за начинот на кој се однесува кон вас, начинот на кој разговара со вас. Прави да се чувствувате посебно или се чувствувате безначајно покрај него? Дали ве поддржува кога се чувствувате лошо или ве прекорува дека премногу драматизирате? Сите овие нешта се клучни кога треба да ја најдете вистинската личност за вас. Вие заслужувате подобро, не се откажувајте во потрагата.rn

    3. Дали е љубов или страст?

    rnЉубовта и страста се две различни работи. Ако можете во некого да ги најдете двете, тогаш таа е вистинската личност. Некогаш сме толку физички привлечени од некого и честопати тоа го мешаме со љубов. Дали сте се нашле во ситуација да копнеете по некого многу брзо и исто толку брзо одеднаш ништо не чувствувате? Да, тоа не е љубов. Ќе знаете дека е љубов кога и после 6, 12 или 24 месеци ќе копнеете за него.rn

    4. Дали тој е во вашата приказна?

    rnСекој има приказна, се согласувате? Дали кога бевте помлади знаевте да замислувате совршен крај на бајките? Како и да е сигурни сме дека ја имате замислено вашата иднина и со кого би сакале да завршите. Сигурно е дека очекувањата можат да се чинат нереални, но вие ги чувствувате сите овие нешта со причина и ако некогаш се приближите до сонот, ќе знаете дека личноста е вистинска за вас.rn

    5. Ниедна љубов не е иста

    rnНема црно или бело во патеките на љубовта. Во неа нема правила, а ниту може да се најдат 2 личности што се исти. Притисокот може да направи да се чувствувате безбедно и да „заглавите“ со некого од погрешни причини. Сечија љубов е различна и вие треба да го слушате сопствениот ритам без да ги земате предвид судовите на луѓето околу вас.rn

    6. Временското усогласување може да биде лошо

    rnМожеби ќе сретнете некого сосема случајно за време на вашето патување и вие двајца ќе се поврзете многу силно и помеѓу вас ќе се развијат интензивни чувства. Поминувате 3 недели заедно, но се чини како да поминале 3 години, но мора да се разделите. Дури после речиси 2 години подоцна се среќавате повторно и се јавуваат уште посилни чувства од претходно. Вистината е дека првиот пат кога сте се сретнале не сте биле временски усогласени, но не значи дека така ќе биде засекогаш. Можеби живеете во две различни земји, но ако треба да бидете заедно ќе се усогласите временски и ќе се споите.rn

    7. Можете да бидете посреќни

    rnНикој не е совршен и секогаш ќе најдете некој што ќе ги исполнува сите ваши критериуми. Но, можете да најдете некој што исполнува малку од нив, но го вади најдоброто од вас. Постојат парови што се целосно различни за кои мислите дека никогаш не би успеале, но тие балансираат и го вадат најдоброто еден од друг и тоа е нешто кон кое треба сите да целат.rn

    8. Не се чувствувајте лошо ако сте скршиле неколку срца

    rnКршењето на нечие срце не е пријатно и никому не го посакуваме. Ако чувствувате дека со некого сте поради погрешни причини, пуштете го додека можете. Помислете колку ќе биде посреќен ако најде некоја што му одговара и која ќе му даде сè? Понекогаш треба да ја направиме најтешката работа за да биде најдобро и за нас самите и за партнерот кој повеќе не го сакаме.rn

    9. Ќе знаете кога знаете

    rnМожеби мислевте дека вистинската љубов е само мит. Верувате во соништата, филмовите и класичните бајковити приказни, но живеете во реален свет? Кога чувствата кон некого се интензивни, а ист таков е и контактот со очи, кога ви доаѓаат морници кога ќе го погледнете ќе знаете дека е љубов. Секогаш кога се бакнувате и се разделувате вие сте луди еден за друг. Кога ќе нема никаква причина за сомневање дека тој е вистинскиот, едноставно ќе знаете и ќе го почувствувате тоа.rn

    10. Не се откажувајте

    rnМоже да поминат месеци, па дури и години додека не го најдете совршениот/совршената партнер/ка. Ако бидете сами 3 години пред повторно да се заљубите е во ред и никој не вика дека тоа е лесно. Можеби ќе излегувате со многумина, но никој нема да го разбуди она добро познато чувство како кога првпат бевте вљубени. Имате право да помислите дека сте скршени, бесчувствителни или дека не сте способни да се заљубите повторно, но тоа не е точно. Љубовта се случува кога временското усогласување е правилно. Таа не е црна или бела и никоја приказна нема ист крај. Верувајте ѝ на вашата интуиција, верувајте му на времето и верувајте дека љубовта ќе ве однесе до вистинската личност. На крајот ќе испадне сè како што треба да биде, само не се откажувајте.rnrnДознајте и кои знаци покажуваат дека бегате од љубов.

  • Зошто некои луѓе се потат повеќе, а некои помалку?

    Зошто некои луѓе се потат повеќе, а некои помалку?

    Потењето е природен процес, но знае да предизвика непријатност ако е претерано. За време на летните денови нормално е повеќе да се потиме отколку во постудените месеци. Но некои луѓе се потат повеќе, а некои помалку. Во продолжение дознајте на што се должи тоа.rnrnrnrnПросечна личност испушта помеѓу 0,8 и 1,4 литри пот во текот на едночасовен интензивен тренинг. Но, како што некои луѓе можат да трчаат побрзо, некои се потат многу повеќе од останатите.rnrnВрз количеството на потење влијаат полот, возраста, тежината и емоционалната состојба односно нивото на стрес (последното влијае и на мирисот на потта). Колку е некој постар, потежок и повеќе под стрес, толку повеќе ќе се поти. Мажите повеќе се потат од жените бидејќи нивните потни жлезди мораат посилно да работат за да ги разладуваат.rnrnАко посебно се потите на одредени делови од телото – на пример на главата, па вашата коса е мокра после умерен тренинг, причина за тоа повторно се жлездите бидејќи на некои луѓе им работат поинтензивно на одредени делови од телото.rn

    Постојат два вида потење – терморегулаторно и емоционално

    rnЕмоционалното е одговор на стресните состојби. Стресот го активира хипоталамусот кој е своевиден регулатор на температурата на телото. Кога сте под стрес хипоталамусот испраќа невротрансмитерски сигнали до жлездите што ја создаваат потта.rnrnНекои луѓе повеќе се потат поради хиперхидроза (прекумерно потење) – состојба во која потните жлезди претерано се активни. Прекумерното потење станува очигледно во адолесценцијата.rnrnСепак потењето е неопходно за нашето тело да спречи прегорување, но доколку претерано се потите треба да ја проверите здравствената состојба. Болестите како дијабетесот и проблемите со тироидната жлезда можат да предизвикуваат претерано потење. Исто така причина може да бидат и антидепресиви, лекови за мигрена и останати лекови против болка.rnrnДознајте и што можат да значат вашите проблеми со потењето.

  • 7 причини поради кои бебешката пудра е семоќна!

    7 причини поради кои бебешката пудра е семоќна!

    Речиси и да не постои човек што ја нема користено оваа пудра. Вашите мајки како мали ја употребувале кога се грижеле за вас, потоа вие сте ја ставале на кожата на вашите бебиња, а денес ја користат луѓе од сите возрасти поради нејзината широка намена.rnrn7 причини поради кои бебешката пудра е семоќнаrnrnБебешката пудра навистина има моќи, а во продолжение прочитајте зошто и вие треба да ја користите.rn

    1. Ќе се ослободите од мравките во домот

    rnСекое лето се соочувате со истиот проблем? Децата разнесуваат трошки во домот, а мравките се собираат околу нив. Тие се појавуваат во секоја просторија и за наша среќа, не ја сакаат бебешката пудра. Посипете на местата каде што се појавуваат и ќе се уверите дека ќе ги снема.rn

    2. Ќе ги спасите ружите од билните вошки

    rnДоколку не ги сакате пестицидите и вештачките раствори со кои мора да се прскаат ружите, слободно ставете им бебешка пудра на врвовите од грмушките и вошките ќе исчезнат.rn

    3. Ќе ги заштитите рацете

    rnДали знаевте дека ќе ги заштитите рацете ако ставите бебешка пудра во градинарските ракавици или на дршката од алатот? На тој начин нема да ви се појавуваат плускавци од напорната работа.rn

    4. Ќе ги смирите уморните нозе

    rnАко стапалата ви се уморни и потечени од долго стоење или од некоја друга напорна активност, после миењето со ладна вода ставете им бебешка пудра. Таа има смирувачко дејство на вашата кожа, а исто така и ќе ја омекне.rn

    5. Можете да ја користите за суво миење на косата

    rnАко косата ви е доста мрсна, а немате можност да ја измиете, по темето сипете малку од бебешката пудра и убаво расчешлајте. Косата ќе ви мириса убаво и ќе изгледа како свежо измиена.rn

    6. Ќе го отстраните непријатниот мирис од обувките

    rnНосењето затворени чевли, патики и чизми честопати предизвикува непријатен мирис кај обувките поради потење на стапалата. За да се решите од него во обувките сипете малку детска пудра и оставете ја да отстои во текот на ноќта. Пудрата ќе го неутрализира мирисот и ќе ја впие влагата.rn

    7. Ќе ви помогне да имате убави трепки

    rnАко сакате трепките да ви изгледаат погусти, ставете малку бебешка пудра пред да нанесете маскара. Ќе ве воодушеви ефектот што ќе го добиете.

  • Зошто постојано одбирате токсични мажи кои ве повредуваат?

    Зошто постојано одбирате токсични мажи кои ве повредуваат?

    Причината поради која одбирате да излегувате со мажи што се токсични и лоши за вас е поради тоа што имате лошо мислење за себе. Фокусот на овој текст нема да бидат мажите што ве повредиле. Оние што тврделе дека ви се лојални, но штом сте ја свртеле главата флертувале со други жени. Оние кои не го бришеле својот профил на Тиндер, иако велеле дека излегуваат само со вас. Оние кои ве терале да поминете низ пеколот за нив, а тие не кревале ниту еден прст за вас.rnrnrnrnДоста со тие мажи. Тие предизвикале доволно штета. Ова не се однесува на нив. Тие не ве заслужуваат и никогаш нема да ве заслужат. Не се достојни за вас во никаков облик. Мора да се уверите во фактот дека едноставно не можете да ги смените, без разлика колку сте мили, фини или добри. Овие мажи попрво би ја искористиле вашата љубезност отколку да се инспирираат самите од неа и да се потрудат да бидат подобри.rnrnНе е важно колку добра личност сте, никогаш нема да можете да контролирате или да предвидите како другите ќе се однесуваат кон вас. Луѓето најчесто се менуваат кога самите ќе се одлучат на тоа. Мора да постои внатрешна мотивација, бидејќи не постои доволно голема надворешна сила да турне некого кон промена на своите ставови.rnrnЕдноставно кажано, скоро е невозможно да ги смените овие мажи со својата љубов. Не постојат емоционални алатки што ќе ви помогнат да го натерате да ве љуби, ако тој не е заинтересиран за тоа. Можете да ги пробате сите техники од книгите, но никогаш нема да успеете ако неговото срце не чука за вас. Но, тоа всушност и не е важно. Вистинското прашање е зошто воопшто би се согласиле да бидете со некој што лошо се однесува кон вас?rnrnБез разлика колку сакате да ги обвините овие негативци за вашата лоша среќа, вистината е дека вината паѓа кај вас. Вие сте оние што го толерираат оваа однесување. Да, точно е дека вие сте жртвата во оваа ситуација и дека жртвите никогаш не треба да се напаѓаат. Но, тоа што е погрешно е што вие самите одлучувате да влезете во улогата на жртва, одново и одново.rnrnТоа што сакаме да го кажеме е дека само вие можете да одлучите да престанете да бидете жртва. Мора да бидете способни да се изборите за себе и да барате да се однесуваат кон вас онака како што заслужувате. Вие имате контрола над вашиот живот. Можете да останете, но можете и да си отидете од врската со тој маж. Вие секогаш можете да си заминете.rnrnГолеми се шансите дека се држите до овие мажи затоа што тие се директен одраз на тоа што го гледате во себе. Причината поради која ги толерирате овие мажи, е затоа што и самите се однесувате лошо кон себе. Потсвесно, си мислите дека сите треба така да се однесуваат кон вас. Мислите дека само нив ги заслужувате. И токму тоа е влијанието на ниската самодоверба. Вие не си верувате да го побарате тоа што го сакате и заслужувате.rnrnВи недостасува храброст да се погледнете себеси и да кажете доста. Ви недостасува одлучност да се ослободите од оковите што самите сте си ги поставиле. Кога ќе одберете да се гледате себеси како неверојатна личност достојна на љубов, дури тогаш ќе престанете да одбирате мажи кои не ве заслужуваат.rnrnПрочитајте ги и овие 13 работи што повредените девојки несвесно ги прават.