КАФЕ ПАУЗА

Tag: причини

  • 8 причини зошто некој ќе се заљуби токму во вас

    8 причини зошто некој ќе се заљуби токму во вас

    Понекогаш е тешко да се опише зошто некој ни се допаѓа и зошто се заљубуваме во него. Направени се многу истражувања на оваа тема, но има некои работи што може да се издвојат како главни причини зошто некој може да се заљуби во вас.rnrn8 причини зошто некој ќе се заљуби токму во васrnrn1. Многумина имаат тенденција да се заљубат во луѓе кои се слични на нив – ако имаат исти вредности, исти животни искуства, приближна возраст.rnrn2. Луѓето знаат да се заљубат во партнер кој наликува на еден од нивните родители, на оној од спротивниот пол. На пример, жената може да ја привлече маж кој ја потсетува на нејзиниот татко. Ова може да се однесува на физичките карактеристики, како што се бојата на очите или косата, но и на карактерот. Децата на млади родители имаат поголема веројатност да бараат помлади партнери.rnrn3. И мирисот игра многу голема улога во привлечноста. На пример, жените за време на овулацијата претпочитаат мажи кои имаат повеќе тестостерон. Или, мажите може несвесно да ги привлече мирисот што го испушта жената за време на плодните денови.rnrn4. Отворениот став кон другите луѓе е, исто така, една од причините за заљубување. Тоа изгледа привлечно.rnrn5. Висината игра важна улога во привлечноста, особено кога станува збор за мажите. Многу жени едноставно сакаат високи и силни мажи бидејќи се чувствуваат побезбедно и позаштитено кога се со нив.rnrn6. Споделувањето возбудливи и донекаде застрашувачки искуства, исто така, може да биде многу привлечно.rnrn7. Луѓето кои живеат блиску имаат поголема веројатност да се заљубат еден во друг. Така, тие имаат можност да го запознаат потенцијалниот партнер во секојдневни ситуации, како и често да наидуваат на него.rnrn8. Насмевката на вашето лице е многу привлечна, а истражувањата докажаа дека позитивните и весели луѓе им се многу попривлечни на другите.rnrnПрочитајте кои 8 знаци откриваат дека веќе не сте вљубени во партнерот.

  • 3 причини зошто повеќето мажи веќе не се заљубуваат

    3 причини зошто повеќето мажи веќе не се заљубуваат

    Кога последен пат добивте љубовно писмо од момче? Веројатно одамна или никогаш. Проблемот е во тоа што многу мажи во моментов едноставно веќе не се заљубуваат, а во продолжение ќе прочитате кои се причините за тоа.rnrn3 причини зошто повеќето мажи веќе не се заљубуваатrn

    1. Имате сексуални односи премногу рано

    rnСпротивно на она во што некои веруваат, мажите обично не се заљубуваат кога имаат секс. Тоа не создава блискост само со себе.rnrnСексот се врти околу почетната хемија, која може да исчезне исто толку брзо колку што се појавува. Илузијата на блискост што може да ви ја даде сексот има тенденција да го прикрие фактот дека не се познавате на подлабоко ниво.rnrnПријателството се гради најдобро пред сексот да влезе во врската. За да може мажот да се заљуби во вас, корисно е прво да ве запознае како човечко суштество.rn

    2. Не му давате доволно време

    rnВремето ви дава можност да го процените и да добиете увид во човекот со кој се забавувате. За да се заљубите е потребно повеќе време.rnrnВрските се инвестиција на време и енергија. Кога мажот ќе вложи време да ве запознае како човечко суштество, тој почнува да го покажува својот карактер.rnrnМажот може да ве праша дали сакате да одите на патување со него, да имате секс или да станете негова девојка пред тој самиот да биде подготвен за тоа.rnrnАко забавите, тоа е еден од најдобрите начини да му дадете можност да се заљуби во вас. Поттикнете го неговиот ентузијазам, но намалете ја неговата брзина.rn

    3. Не му нудите пријателство

    rnЧестопати веруваме дека пријателството и љубовта се две сосема различни работи. Но, дали навистина е така? Може ли човек вистински да ве сака ако не се спријателил со вас?rnrnПријателството го покажува карактерот на човекот со кого сте. Дали тој покажува интегритет во сите аспекти од својот живот? Дали се однесува кон вас со грижа и дали се грижи за вашите чувства?rnrnКога ја потценувате важноста да се заљубите во некој што ви покажува пријателство, честопати сте шокирани кога тој ќе исчезне одеднаш. Понекогаш, недостатокот на хемија не е причината за крај на врската, туку недостатокот на пријателство.rnrnКарактерот е траен квалитет што треба да го барате кај партнерот. Сексот, сам по себе, нема да ви даде интимност. Всушност, луѓето честопати ја избегнуваат интимноста со сексуални односи.rnrnВремето е она што му дава можност на мажот да се заљуби во вас. Кога ќе го сфатите ова, ќе ја смените траекторијата на вашиот љубовен живот.rnrnПријателството е еден од најголемите знаци дека се заљубувате во вистинската личност. Ако постојано се сомневате во карактерот и во доверливоста на човекот со кого сте, најверојатно сте со погрешен човек.rnrnМажите се заљубуваат кога барате од нив да одвојат време да ве запознаат и да изградат пријателство со вас. Пријателството е основа за вашата благосостојба, а без тоа, мажите веќе не се заљубуваат.rnrnПрочитајте зошто зимата е најповолното време во годината за заљубување.

  • 7 причини зошто постојано се чувствувате изморени и како да се справите со тоа

    7 причини зошто постојано се чувствувате изморени и како да се справите со тоа

    Постојат многу причини поради кои би можеле да чувствувате недостаток на енергија, дури и ако спиете доволно. Во тој случај, може да станува збор за хроничен замор. Но, тоа може да биде и нешто помалку сериозно, што може лесно да се спречи со усвојување поздрави навики. На пример, со промена на вашата исхрана или со пиење повеќе вода.rn

    1. Не се храните здраво

    rn7 причини зошто постојано се чувствувате изморени и како да се справите со тоаrnrnРафинираните јаглехидрати можат да бидат брз извор на енергија. Кога јадете житарки, колачиња, тестенини или пица, рафинираните јаглехидрати што се наоѓаат во нив предизвикуваат скок на шеќерот во крвта, а вие се чувствувате поенергично. Меѓутоа, кога нивото на шеќер во крвта ќе се намали, повторно ќе почнете да се чувствувате уморни. Ако продолжите да грицкате храна што содржи рафинирани јаглехидрати, ќе се чувствувате изморени во текот на целиот ден.rnrnОбидете се да јадете помалку шеќер и преработени јаглехидрати и заменете ги со храна богата со растителни влакна, како овес, леќа и зеленчук.rn

    2. Не сте доволно активни

    rn7 причини зошто постојано се чувствувате изморени и како да се справите со тоаrnrnМожеби ќе помислите дека кога ќе се вратите уморни од работа, лежењето на каучот може да ви помогне да заштедите енергија и да се чувствувате малку поенергично. Но, важно е да вежбате барем неколку пати неделно за да се чувствувате помалку уморни цело време. Едно истражување од 2008 година покажа дека луѓето кои вежбале по 20 минути со слаб интензитет 3 пати неделно, имале поголемо ниво на енергија и пониско ниво на замор.rn

    3. Не спиете квалитетно

    rn7 причини зошто постојано се чувствувате изморени и како да се справите со тоаrnrnМожеби ќе се чувствувате уморни дури и откако ќе спиете 7-9 часа. Но, квалитетот на вашиот сон е исто толку важен колку и тоа колку долго спиете. Обидете се да си легнувате и да се будите во исто време секој ден.rnrnИсто така, не пијте кафе доцна во текот на денот и не гледајте телевизија или во екранот на вашиот телефон пред да си легнете. Ова ќе ви помогне да го подобрите квалитетот на вашиот сон и да не се чувствувате толку уморни во текот на денот.rn

    4. Имате чувствителност на храна

    rn7 причини зошто постојано се чувствувате изморени и како да се справите со тоаrnrnАко се чувствувате уморни без причина во текот на денот, тоа може да биде знак дека имате нетолеранција на храна. Некои од најчестите се глутен, млечни производи и јајца.rn

    5. Не пиете доволно вода

    rn7 причини зошто постојано се чувствувате изморени и како да се справите со тоаrnrnАко не ја замените водата што вашето тело ја губи како резултат на нејзините биохемиски реакции, ќе бидете дехидрирани. Тоа може да доведе до намалување на нивото на енергија и на концентрацијата. Едно истражување покажа дека мажите кои пиеле вода за да го заменат изгубеното количество вода додека вежбале, се чувствувале помалку уморни отколку кога не пиеле вода.rn

    6. Под стрес сте

    rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Miranda (@mirandakerr) on

    rnrn

    rnrnrnИстражувањата покажаа дека високото ниво на стрес може да предизвика замор. Покрај тоа, едно истражување откри дека избегнувањето да се справите со стресот може да доведе до поголемо ниво на замор. Јогата и медитацијата можат да ви помогнат да се ослободите од стресот.rn

    7. Ви требаат повеќе витамини

    rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Leona Lewis 🎼 (@leonalewis) on

    rnrn

    rnrnrnАко сте постојано изморени, можеби вашата исхрана не содржи доволно железо, витамин Д или витамин Б12. Намирници кои се богати со железо се спанаќот, брокулата, црвеното месо и мисирката. Витаминот Б12 може да се најде во млекото, во јајцата, во лососот и во говедското месо или може да го земете како додаток. За да внесувате повеќе витамин Д, јадете повеќе печурки, риби и морска храна. Исто така, обидете се да поминувате повеќе време на сонце.rnrnПрочитајте што претставува менталниот замор и како да се ослободите од него.

  • Жената може да ве сака, но сепак да ве остави поради една од следниве 3 причини

    Жената може да ве сака, но сепак да ве остави поради една од следниве 3 причини

    Кога често разменувате убави зборови со партнерот и ви се чини дека сè функционира добро во вашата врска, постои голема шанса да се лажете. Жената нема секогаш да го покаже своето незадоволство од вашето однесување или од некоја одредена постапка, но бидете сигурни дека внимателно ќе размисли за вашите вистински или замислени недостатоци.rnrnЖената може да ве сака, но сепак да ве остави поради една од следниве 3 причиниrnrnПонекогаш ваквите размислувања може да ја доведат во искушение да помисли дека е време да ја прекине врската и покрај фактот што сè уште ве сака. Следните 3 причини може да ја натераат да мисли дека би можела да биде посреќна сама или со друга личност. Романтично е да мислите дека е невозможно нешто да ја наруши вашата врска сè додека искрено се сакате, но реалноста е многу посурова, па затоа внимавајте.rn

    1. Таа не е сигурна дека може да се потпре на вас

    rnДури и жените кои ја ценат својата слобода се чувствуваат пријатно во врската само кога знаат дека можат да се потпрат на својот партнер.rnrnАко жената смета дека не сте подготвени понекогаш да го жртвувате вашиот комфор заради неа, мали се шансите дека ќе ве земе предвид кога ќе одлучи дека е време за брак, семејство или едноставно за следниот чекор во врската.rn

    2. Се чувствува како да не ви е приоритет во животот

    rnБезусловната љубов е резервирана за децата и за родителите. Во врската, ако некоја личност смета дека не е на врвот на списокот со приоритети на партнерот, по некое време ќе престане да ги негува истите чувства што ги имала кон него дотогаш.rnrnНе дозволувајте си да западнете во стапицата на лажната сигурност и обидете се да ѝ докажете на вашата партнерка дека таа е број еден во вашиот живот.rn

    3. Мисли дека не ја поддржувате доволно

    rnВлегувањето во врска не значи дека треба да ги заборавите сите ваши желби и амбиции и да се преправате дека ви е доволно што сте среќно вљубени.rnrnМногу мажи прават грешка кога мислат дека желбите и соништата на партнерката се само минлива работа и затоа ги обесхрабруваат кога ќе решат да пробаат нешто ново во животот. Ако мислите дека вашата партнерка ќе ви прости за таквото однесување, се лажете!rnrnПрочитајте колку време треба да помине по раскинувањето за повторно да бидете во врска.

  • Мажите и жените се љубоморни поради различни причини и постои научно објаснување зошто е тоа така

    Мажите и жените се љубоморни поради различни причини и постои научно објаснување зошто е тоа така

    Љубомората е многу силно чувство што во голема мера влијае на начинот на кој човекот размислува и се однесува. Иако се тврди дека е заедничка особина, типична за човечките односи во речиси секоја култура, мажите и жените покажуваат различни варијации на таа особина. Во продолжение прочитајте ги научните објаснувања зошто е тоа така.rnrnМажите и жените се љубоморни поради различни причини и постои научно објаснување зошто е тоа такаrn

    Планот за акција на еволуцијата

    rnВо однос на еволуцијата, не е клучно само да го живеете вашиот живот, туку и да создавате нови. Според истражувањето, мажите и жените се создадени на одреден начин да направат 2 важни задачи: да остават многу потомци и да инвестираат во благосостојбата на своите деца колку што е можно повеќе.rnrnПрвата задача им е доделена на мажјаците, поради што тие се обидуваат да ги пренесат своите гени со оплодување на различни женки. Од друга страна, женките внимателно избираат партнери кои подобро ќе се грижат за децата. Оваа биолошка определба ги објаснува разликите во тоа што ве прави љубоморни.rn

    Мажите сакаат да бидат сигурни

    rnМажите имаат мисија за репродукција, па тие сакаат да бидат сигурни дека потомството што тие го одгледуваат е навистина нивно. Целиот процес се одвива внатре во жените, па тие се сигурни дека бебето е нивно, но за мажите не постои таква гаранција.rnrnВрз основа на овој факт, истражувачите објаснуваат дека мажите сметаат дека физичкото изневерување е полошо од емотивното бидејќи сметаат дека е ризик да инвестираат ресурси кај деца кои генетски не се поврзани со нив.rn

    Жените сакаат да го направат најдоброто за своите деца

    rnЗа жените, причината за љубомора е спротивна – тие сакаат силна поврзаност со партнерот за успешно одгледување на децата. Затоа нив повеќе ги вознемирува емотивното неверство отколку физичкото. Тоа го зголемува ризикот да бидат напуштени и да ја изгубат помошта од партнерот.rn

    Љубомората зависи и од врската

    rnЕдно ново истражување сугерира дека не само биолошките улоги влијаат на овие видови љубомора, туку и вашата перцепција за врската. Истражувачите откриваат дека постојат 2 вида приврзаност во врската – дистанцираност и сигурност и ја проучувале нивната поврзаност со љубомората.rnrnЛуѓето од првиот вид ја вреднуваат својата независност многу повеќе од што било друго и се дистанцираат од длабоките врски. Тие стануваат љубоморни на неемотивно ниво и физичкото изневерување им пречи многу повеќе. За разлика од нив, другиот вид луѓе се чувствуваат удобно во врската и уживаат во меѓусебната зависност и многу ги вознемирува емоционалното неверство.rnrnНајинтересниот дел од ова истражување е тоа што мажите припаѓаат во првата група, а жените во втората. Oвој резултат, иако е од друга перспектива, ја потврдува идејата дека мажите и жените се љубоморни поради различни причини.rnrnПрочитајте кои се 10-те безопасни работи што сите девојки ги прават за да предизвикаат љубомора кај бившите.

  • 7 причини зошто едната нога може да стане пократка од другата

    7 причини зошто едната нога може да стане пократка од другата

    Иако ова е ретка појава, сосема е можно нозете на човекот да бидат со различни должини. Често се случува луѓето да се родени така, но тоа да се открие дури кога ќе станат возрасни. Кај многу луѓе се случува овој проблем поради некоја несреќа. Понекогаш, едноставно се случува и без некоја особена причина.rnrnГи споделуваме со вас сите познати причини зошто едната нога може да биде пократка од другата:rn

    1. Повреда на коските

    rn7 причини зошто едната нога може да стане пократка од другатаrnrnСкршената нога може да зарасне во различна насока, особено ако се скрши на повеќе места или ако има повреда на мускулното ткиво. Она што е интересно е тоа што кршењето коска не секогаш прави коската да порасне доволно, па има моменти кога во процесот на заздравување коската расте невообичаено подолга.rn

    2. Спортски повреди

    rn7 причини зошто едната нога може да стане пократка од другатаrnrnДецата се изложени на ризик преку занимавање со спорт да го променат растот на екстремитетите, бидејќи нивните коски зацврстуваат дури откако ќе постигнат одредена зрелост. Спортот со повеќе играчи, како фудбалот и ракометот, како и едноставните игри за рекреација, како возењето скејтборд и скијањето, се посебно ризични.rn

    3. Преголема употреба на екстремитетите

    rn7 причини зошто едната нога може да стане пократка од другатаrnrnКога спортувате, претераното користење на рацете и нозете може да предизвикаат хроничен стрес на екстремитетите. Преголемата употреба на рацете може да одредени здравствени последици како и издолжување на некој од екстремитетите. Запомнете, спортот не е воопшто лош, само избегнувајте да ги преморувате рацете и нозете.rn

    4. Несреќи

    rn7 причини зошто едната нога може да стане пократка од другатаrnrnОпштите несреќи, како пад или судир, можат да влијаат на коските на различни начини, а траумата особено може да му наштети на растот на коските кај децата. Несреќата, исто така, може да му наштети и на ‘рбетниот мозок, што може да доведе до сериозно оштетување на коските.rn

    5. Ризични активности

    rn7 причини зошто едната нога може да стане пократка од другатаrnrnМногу вообичаени активности во детството, дури и нештата како скокање на трамболина, можат да бидат поризични отколку што луѓето мислат. Овие игри се познати по тоа што предизвикуваат падови, фрактури, па дури и сериозни повреди на ‘рбетот. Секогаш бидете сигурни дека активностите на вашите деца се безбедни.rn

    6. Неправилно држење на телото

    rn7 причини зошто едната нога може да стане пократка од другатаrnrnМожеби сте слушнале дека неправилното држење на телото може да предизвика нееднаквост на нозете, но тоа не е целосно точно. Неправилното држење може да предизвика само постурална сколиоза, која всушност не ги деформира коските кај човекот и е целосно реверзибилна состојба која се порава со соодветен тренинг и вежбање.rn

    7. Болести

    rn7 причини зошто едната нога може да стане пократка од другатаrnrnПостојат многу состојби и заболувања кои влијаат на начинот на кој растат коските, како што се туморите кои се појавуваат на коските. Може да се случи и заболувања кои влијаат на нервниот систем да го променат растот на коските.rnrnМожеби сакате да прочитате и кога вежбањето има поголема штета отколку корист?

  • 7 причини поради кои вашата коса станува седа

    7 причини поради кои вашата коса станува седа

    Седата коса доаѓа со процесот на стареење, но кај некои луѓе белите влакна се појавуваат многу рано и претставуваат вистински проблем.rnrn7 причини поради кои вашата коса станува седа?rnrnВо продолжение прочитајте некои од причините зошто вашата коса станува седа.rn

    1. Кај некој од вашите родители рано се појавила седа коса

    rnВеројатно секогаш сте се прашувале што предизвикува седа коса? Прамените во сива боја делумно се во вашите гени, вели д-р Дорис Деј, клинички вонреден професор по дерматологија на универзитетот при Медицинскиот центар „Лангон“ во Њујорк. Една студија објавена во „Nature Communications“ ја издвојува генетиката како причина за појавата на седите прамени откако истражувачите анализирале карактеристики на коса на 6.000 Американци. Слободно обвинете ги и своите родители ако имате седа коса, но имајте на ум дека седата коса е и природен дел од стареењето.rn

    2. Можеби имате автоимуна болест

    rnАвтоимуната болест на кожата наречена „алопеција ареата“ може да доведе до побелување на делови од косата. Како што објаснува Американската фондација за алопеација ареата (NAAF), на луѓето во оваа состојба им се појавуваат мали, тркалезни, мазни делови на скалпот и тие може целосно да ја изгубат косата на тој дел на главата или телото. Според д-р Деј ова се случува затоа што вашиот имунолошки систем ги напаѓа фоликулите на косата, со што косата паѓа. Кога косата повторно расте, таа е бела. Според NAAF, околу 6,8 милиони луѓе во Америка ја имаат оваа појава. Ако забележите загрижувачко опаѓање на косата или делови од главата без коса, разговарајте со дерматолог.rn

    3. Вашата околина е загадена

    rnЗагадувачите и токсините може да предизвикаат побрзо побелување на косата, според истражувачите. Овие хемикалии генерираат слободни радикали, или оксидативен стрес, кој го намалува производството на меланин и го забрзуваат стареењето на косата, покажуваат студиите. Откако влакното ќе изникне од фоликулот, тоа е мртво, додава д-р Деј.rn

    4. Сте доживеале голем стрес

    rnСилната поврзаност помеѓу стресот и седата коса е тема на жестоки дебати. Сепак, д-р. Деј вели дека стресот ќе ја забрза вашата генетска судбина. Значи и да немате седи влакна сè уште, стресот веројатно ќе ја промени бојата на вашата коса. Но, ако сивата боја е во вашите гени, стресот може да ја направи вашата коса сива многу побрзо и многу порано, освен ако не работите на намалување на стресните ситуации. Стресното доживување на секоја ситница може да направи побрзо да остарите.rn

    5. Изложени сте на чад од цигари

    rnАко сè уште се прашувате: Што ја предизвикува предизвикува појавата на седа коса?, можеби за тоа треба да ги обвините цигарите во вашиот дом. Без разлика дали вие или некој друг во семејството пуши во домот, изложеноста на чад од цигари може да влијае на бојата на вашата коса. Истражувања објавени во 2013 година откриле дека пушачите имаат 2,5 пати повеќе шанси за рано стареење, најверојатно заради огромните количини на слободни радикали создадени од пушењето. Наведете си го ова како уште една причина да се откажете од цигарите, или охрабрете некој близок да се откаже од оваа навика.rn

    6. Вашите хормони се менуваат

    rnЕден поглед на фотографија од вас од пред една деценија може да ви потврди дека вашата коса сега не е иста како што била некогаш. Значи, што ја предизвикува појавата на седа коса? Благодарение на хормоните, вашата коса со текот на времето може да ја промени нејзината текстура, густина и секако, бојата. Овој процес започнува да се забележува кога ќе наполните 30 години. Тоа е возраста кога луѓето почнуваат да се жалат на проблеми. Експертите сè уште се обидуваат да сфатат како точно влијаат хормоните ( како естроген, прогестерон и кортизол). Има жени во своите 50-ти години кои минуваат низ менопауза но немаат ниту еден прамен седа коса. Можеби станува збор за повеќе фактори кои влијаат на појавата на седа коса: вашата генетика, факторите на животната средина и хормоналните промени.rn

    7. Вашата возраст

    rnМожеби вие не сте подготвени за тоа, но вашата коса е веќе сива. Производството на меланин, супстанцијата што го дава пигментот на косата, се намалува со текот на стареењето. Со секоја декада, по вашата 30 година, ризикот за појава на седа коса се зголемува од 10 на 20%. Значи, невозможно е да се задржи природната боја на косата со одминувањето на годините.rnrnМожеби сакате да го прочитате и ова необично истражување: Дали гледањето филмови влијае на нашите брчки?rn

  • Сè што треба да знаете за ПМ-10 честичките: Зошто хируршките маски не нè заштитуваат од загадениот воздух?

    Сè што треба да знаете за ПМ-10 честичките: Зошто хируршките маски не нè заштитуваат од загадениот воздух?

    Не е новост дека воздухот е загаден во повеќе градови и еден од показателите е високата концентрација на ПМ-10 честичките.rnrnСè што треба да знаете за ПМ-10 честичките: Зошто хируршките маски не нè заштитуваат од загадениот воздух?rnrnИздвојуваме 6 работи што треба да ги знаете за овој загадувач:rn

    1. Големина на ПМ-10 честичките

    rnПМ-10 честичките се именувани според нивната големина – тие имаат помалку од 10 микрометри. За споредба, човечкото влакно од коса е широко околу 100 микрометри. Додека поголемите честички се спречени на патот до нашиот респираторен систем, на пример во носот, овие честички продираат дури до белите дробови.rn

    2. Состав на честичките

    rnПМ-10 честичките можат да бидат со различен состав, заедничка им е само големината. Тие се мешавина од чад, саѓи, прашина и киселини со тешки метали.rn

    3. Квалитет на воздухот

    rnКога концентрацијата на овие честички во воздухот е помеѓу 0 и 20 микрограми на метар кубен, ние велиме дека квалитетот на воздухот е одличен и добар е додека не надмине 40 микрограми. До 50 микрограми е прифатлив, а доколку се надмине 50 можеме да кажеме дека воздухот е загаден. Ако концентрацијата на честички е над 100 микрограми, што често се случува кај нас, велиме дека воздухот е многу загаден.rn

    4. Здравствени проблеми

    rnДолга е листата на здравствени проблеми што може да бидат предизвикани од вдишување ПМ-10 честички. Може да се појави навлегување на отровни материи во крвта, алергиски реакции, бактериски и габични инфекции, фиброза, респираторни проблеми…rn

    5. Хируршката маска не помага

    rnХируршката маска не е корисна во борбата против ПМ-10 честичките, а корисни се нано маските. Но, нано маските кај нас не се во продажба.rn

    6. Извори на загадување

    rnПостојат бројни извори од кои се појавуваат овие честички – од термоцентралите до автомобилите. Секако, тука се и природните извори, како шумските пожари, па дури и пудрата за лице може да биде еден од загадувачите.rnrnМожеби сакате да прочитате и што се случува со вашето тело кога дишете загаден воздух?

  • Како ќе го поднесете грипот зависи од првиот грип што сте го имале

    Како ќе го поднесете грипот зависи од првиот грип што сте го имале

    Зошто некои луѓе се поотпорни на грипот од останатите е клучно прашање за кое научниците велат дека е поврзано со првиот вид грип што секој од нас го имал како дете.rnrnКако ќе го поднесете грипот зависи од првиот грип што сте го ималеrnrnНаучниците од Универзитетот во Лос Анџелес и од Универзитетот во Аризона откриле дека способноста на луѓето да се борат со вирусот на грип е одредена не само од видот на грипот што го имале во текот на животот, туку и од редоследот на вирусите со кои се соочил нивниот организам. Нивното истражување било објавено во списанието „PLoS Pathogens“.rnrnИстражувањето објаснува зошто некои луѓе имаат многу потешка форма на грип со потешки симптоми од другите, иако се заразени со истиот вирус. Научниците се надеваат дека новите откритија ќе помогнат во креирањето стратегија за намалување на влијанието на сезонскиот грип врз здравјето на луѓето.rnrnИзложеноста на вирусите на грип за време на детството обезбедува делумна заштита до крајот на животот од вируси на грип што се поврзани со него. Оваа идеја дека претходната изложеност на вирус на грип ја одредува идната реакција на инфекциите, биолозите ја нарекува имунолошки отпечаток, објаснуваат научниците.rn

    Вирус на грип H3N2 и H1N1

    rnИстражувањето помогнало да се надмине општото уверување дека претходната изложеност на вирус на грип не обезбедува мала или никаква имунолошка заштита од видови што можат да се пренесат од животни на луѓе, како што се оние што предизвикуваат болести како свински или птичји грип. За да следи како различните видови вируси на грип влијаат врз луѓето од различна возраст, тимот ги анализирал здравствените информации што Министерството за здравство во Аризона ги добивало од болниците и од приватни лекари.rnrnДвата подвида на вирусот на грип, H3N2 и H1N1, се одговорни за сезонската појава на грип во последните децении. Подвидот H3N2 ги предизвикува најтешките случаи кај постарите лица со висок ризик и повеќето смртни случаи предизвикани од грип. Подвидот H1N1 најверојатно влијае на помладите и на средовечните личности и предизвикува помалку смртни случаи.rnrnПодатоците од здравствените картони го откриваат следниот обрзец: Луѓето кои за време на детството биле прво изложени на послаб вид вирус H1N1, имаат помала веројатност да бидат хоспитализирани доколку се сретнат со вирусот повторно подоцна во животот од луѓето кои прво биле изложени на H3N2. И луѓето кои први биле изложени на вирусот H3N2 имале дополнителна заштита од истиот вирус подоцна во животот.rnrnИстражувачите, исто така, ги анализирале еволуциските односи помеѓу видовите грип. Тие откриле дека Х1Н1 и Х3Н3 припаѓаат на две одделни гранки на семејното дрво на грипот, објаснува Џејмс Лојд-Смит, автор на истражувањето и професор по екологија и еволуциона биологија на Универзитетот во Лос Анџелес.rnrnКако ќе го поднесете грипот зависи од првиот грип што сте го имале rn

    Образец за заштита

    rnСпоред д-р Лојд-Смит иако инфекцијата со еден вирус му помага на имунолошкиот систем да биде подобро подготвен да се бори против идни инфекции со други вируси, заштитата од идни инфекции е многу посилна кога некој е изложен на подвид од истата група вируси.rnrnМајкл Ворбеј, коавтор на истражувањето и раководител на Катедрата за екологија и еволуциона биологија на Универзитетот во Аризона дополнува дека грипот останува најголемиот убиец ширум светот. Изминатите две сезони на грип биле потешки од очекуваното. Во сезоната 2017/18, во САД починале 80.000 луѓе, повеќе отколку во пандемијата на свински грип во 2009 година, според него.rnrnИстражувачите се надеваат дека нивните откритија може да помогнат да се предвиди кои возрасни групи може да бидат сериозно погодени за време на идните сезони на грип, врз основа на подвидот што кружи. Оваа информација, исто така, може да им помогне на здравствените работници да бидат подготвени да реагираат и да одлучат кој треба да прими одредена вакцина ако тие се достапни во ограничени количини.rn

    Најдобро е вакцинацијата да се повторува

    rnМногу фактори влијаат врз имунитетот, вклучително и генетските фактори, возраста, хроничните заболувања и други состојби кои го ослабуваат имунитетот: физичкото исцрпување, лошата исхрана и слично. На пренесувањето на сите респираторни инфекции, вклучително и на грипот, влијае присуството на повеќе луѓе во затворен простор, па затоа е важно да бидете на отворено колку што е можно повеќе. Имунитетот кон некои инфекции ослабнува со текот на времето, а вирусите на грип за кои сте вакцинирани постојано се менуваат, па затоа се препорачува да се вакцинирате секоја година.rnrnДокторите велат дека вакцинацијата е многу важна за хроничните пациенти и за лицата изложени на ризик од сериозни заболувања, компликации, па дури и зголемена смртност. Грипот се шири преку воздушен пат, обично во контакт со заболените. Затоа, сите луѓе со висок ризик (пациенти со хронични заболувања на срцето, белите дробови, бубрезите и црниот дроб, дијабетичарите, децата на возраст под 5 години, лицата над 65 години и бремените жени) треба да избегнуваат непотребен контакт со заболени, особено ако не се вакцинирани.rnrnМожеби сакате да дознаете и кои се 10-те наследни болести кои се пренесуваат низ генерациите.

  • Зошто луѓето пијат и зошто се опијануваат: Како да пиете „паметно“ и до каде е границата?

    Зошто луѓето пијат и зошто се опијануваат: Како да пиете „паметно“ и до каде е границата?

    Пиењето „во друштво“, по својата природа, не е проблематично. Но, треба да ја знаете границата и да престанете кога е доволно, а овие совети ќе ви помогнат да го постигнете тоа.rnrnЗошто луѓето пијат и зошто се опијануваат: Како да пиете „паметно“ и до каде е границата?rnrnВо нашата култура, како и во повеќето европски земји, незамисливо е групно славење на било што без пиење алкохол. Кога одите на гости, едно од првите прашања е: „Што ќе се напиете?“, па ако се изјаснете дека не пиете, односно дека не сакате ништо, ќе изгледате малку чудно, а потоа следува притисокот на домаќинот сепак да се напиете нешто, дека има некој исклучителен пијалак и дека ќе биде штета ако не го пробате.rnrnАко се наоѓате во група луѓе што пијат, обично следува социјалниот притисок од нивна страна да пробате барем некоја голтка. Предвидувајќи го ваквиот тек на настаните, многумина веднаш се одлучуваат за еден од понудените пијалаци. Меѓутоа, кога чашата ќе остане празна, повторно следува притисокот да продолжите со пиењето, така што домаќинот повторно ќе ви ја наполни чашата дури и ако вие не планирате да пиете.rnrnЗошто алкохолот е толку распространет во обичаите и во друштвените ритуали на прославувањето? Најкраткиот одговор на ова прашање е тоа што луѓето го менуваат своето однесување и расположение откако ќе ја испијат чашата, што доведува до промени на целокупната социјална динамика на групата што слави нешто. Влијанието на алкохолот врз нашатата психа, врз емоциите и врз личноста може да го објасни моделот кој се користи при анализата.rn

    Што е социјално пиење?

    rnСпоред Ерик Берн, американскиот психијатар кој смислил свој психолошки и психотераписки пристап, личноста можеме да ја гледаме како систем составен од три главни делови, односно его-состојбi, а тоа се „родител“, „возрасен“ и „дете“. Секој од овие делови на личноста има посебна функција, така што сите три придонесуваат за функционирањето на личноста.rnrnПознато е дека луѓето различно реагираат на алкохолот, но сепак е можно да се опише еден типичен образец што важи за повеќето луѓе.rnrnПрвиот дел од личноста што „ќе се напие“ и „оди да спие“ е нашиот внатрешен „родител“.rnrnБидејќи овој дел е одговорен за самоконтролата, за утврдувањето на соодветното правилно однесување во дадена ситуација пред луѓе што не ги познаваме добро и за проценката како другите го оценуваат нашето однесување, главната причина за исчезнувањето на „родителот“ од внатрешната сцена е тоа што луѓето се опуштаат и престануваат да размислуваат за тоа што ќе мислат другите за нив, така што веќе не се воздржуваат и стануваат поспонтани.rnrnКога членовите на групата ќе ги исклучат своите „родители“, динамиката на групата станува потопла, поспонтана, повесела и позабавна.rnrnСето ова е е наречено „социјално пиење“ и тоа не е проблематично.rnrnКога личноста продолжува да пие, на ред за одење на спиење е нејзиниот „возрасен“ кој е одговорен за проценка на реалноста.rnrnТука разликуваме две нивоа: поднапиеност и пијанство.rnrnКога луѓето се поднапиени, нивниот „возрасен“ е поспан, но е присутен.rnrnПоднапиените луѓе се свесни дека испиле повеќе отколку што треба, дека алкохолот влијае врз нивното размислување и расудување и врз моторните вештини и ги забавува нивните реакции.rnrnТие се свесни дека се пијани и затоа се свесни за зголемениот ризик да се вклучат во некои активности како што е возењето. Тие се плашат од полициските контроли и од парични казни, па затоа одбиваат да возат и дозволуваат некој друг да ги вози или си одат со такси.rnrnВашата границата при пиењето нека биде поднапиеноста.rnrnКога некоја личност е пијана, нејзиниот „возрасен“ заспива, така што таа го губи критичкиот став кон себе, ја губи способноста за самопроценување и тврди дека не е пијана. Бидејќи нереално ги проценува своите тековни способности и ги отпишува ризиците, таа личност инсистира на тоа дека „сè е како што треба“ и дека може да управува со автомобил.rnrnВо оваа состојба, личноста може да се навреди кога другите членови на групата ќе ѝ кажат дека е пијана и дека не треба да вози. Таа може да стане агресивна кога некој ќе се обиде да ја спречи во намерата.rnrnАко личноста продолжи да пие, следен на редот за спиење е оној витален дел што го нарекуваме „дете“. Кога овој дел ќе почне да се исклучува, личноста станува поспана и заспива.rnrnОва заспивање може да се сфати како одбранбен механизам затоа што губењето на свеста го спречува човекот да продолжи да пие и да ја зголеми концентрацијата на алкохол во организмот.rnrnАко пијаното лице не заспие или ако за кратко време внесе премногу алкохол во организмот, може да се случи труење со алкохол што може да има смртоносен исход. Труењето со алкохол е сериозна состојба која бара медицинска интервенција за прочистување на желудникот.rnrnАко пиете, пијте паметно: не пијте на празен стомак, не мешајте пијалаци, пијте доволно вода и не дозволувајте да ја надминете состојбата на поднапиеност.rnrnМожеби сакате да ги дознаете и 8-те совети коишто не треба да им ги давате на депресивните луѓе.