КАФЕ ПАУЗА

Tag: пресуда

  • 6 причини за да размислите 6 пати пред да пресудите

    6 причини за да размислите 6 пати пред да пресудите

    Ние не сме оние кои треба да судиме и пресудуваме. Но, должни сме да разликуваме добро од лошо, правилното од неправилното, да ги погледнеме сите нијанси помеѓу црното и белото и никогаш да не претпоставуваме дека ги знаеме сите факти и дека нашиот суд е најточен. Можеби подоцна ќе сфатиме или дознаеме нешто што ќе го промени нашето мислење, па ќе се чувствуваме лошо бидејќи сме пресудиле прерано.rnrn1-shest-prichini-za-da-razmislite-shest-pati-pred-da-presudite-www.kafepauza.mk_rn

    1. Работите понекогаш не се баш такви како што изгледаат

    rnСè има своја цена. Сјајните и привлечни работи, како и оние другите. И сите ние ја плаќаме таа цена, одржувајќи го изгледот што сакаме да го прикажеме, или пак оној што сакаме да го отфрлиме и промениме. Никој не е секогаш убав и прекрасен како што изгледа и не е никој толку лош и безвреден како што изгледа. Некои пристојни и добри семејни луѓе се вистински тирани, додека пак други кои се пакосни навистина се одговорни и се борат за своето семејство. Секако, постојат и луѓе кои се сто проценти она што сè, и не ги кријат своите лоши страни ниту пак се прават подобри од она што навистина сè.rn

    2. Секогаш постои друга страна од приказната

    rnКога ќе застанеме на нечија страна, треба да знаеме сè, исто како адвокат кој го брани својот оптужен. Треба да ги пронајдеме слабостите на неговото видување и да сфатиме како другите ја интерпретираат неговата приказна. Вистината е таму некаде и треба убаво да ја испитате.rn

    3. Не можете да ги сфатите нивните мотиви ако не чувствувате емпатија

    rnЛуѓето прават страшни работи. Ако ги исфрлиме екстремите, ќе видиме дека и обичните луѓе секојдневно прават работи од кои се срамат и ги кријат. Ретко е некој толку многу сигурен во себе и спремен да ги брани своите ставови – и да ги промени ако не може да ги одбрани. Секој има свои мотиви, кои не е спремен да си ги признае ниту на самиот себе.rnrn2-shest-prichini-za-da-razmislite-shest-pati-pred-da-presudite-www.kafepauza.mk_rn

    4. Полесно е да пресудите отколку да расудите

    rnЗа пресудување е доволно само да сè држите до црното и белото, а за да расудите потребно е да ги здружите разумот, чувствата и интуицијата, проценувањето и разбирањето. Пресудувањето се занимава со тоа кој е во право, а кој е крив. Во расудувањето пак, секогаш доаѓате до прашањето за одговорноста и егото – никој не е сосема во право, а во секој случај, сите сè одговорни.rn

    5. Не треба да донесуваме заклучоци под притисок

    rnАко сме лути, повредени и тажни, нема добро да расудиме. Ќе нè опседнат лутите, повредени и тажни мисли, кои не ја отсликуваат реалноста, туку нашата внатрешна состојба. Доволно е само да бидеме свесни за тоа и да се воздржиме од донесување одлуки и преземање акции, додека не се одмориме и смириме.rn

    6. Разбирањето и опростувањето водат кон патот на мудроста

    rnНезнаењето води кон грешки, а спознавањето подоцна доведува до каење. Богатството во животот и неговата најголема награда лежи во мудроста и во мирот во душата, а понекогаш најтешко е да ги разбереме своите постапки и да си опростиме сами на себе.

  • Судија пресудил романтична вечера

    Судија пресудил романтична вечера

    Необична судска пресуда на Флорида. 47-годишниот Џозеф Бреј, обвинет за семејно насилство, наместо во затвор, судот го испратил на романтичен состанок со сопругата. Му наредил да ù купи букет цвеќе, да ја однесе на куглање и на вечера во ресторан за морска храна.Судија пресудил романтична вечераНа ваквото необично судско рочиште, сериозните дискусии секако биле излишни, па одбраната запрашала: „Дали тоа значи дека на куглањето ќе треба да ù попушта и да ù дозволи да победи?“rnrnСудијата останал доследен на „фер-судењето“ па рекол: „Не“. :-)rnrnОчигледно тој се ставил во улога на брачен советник и раскараните сопружници одлучил да ги натера на примирје, нарекувајќи го физичкиот инцидент незначително мал. Се скарале, бидејќи Џозеф заборавил да ù го честита роденденот на сопругата. Ваквата расправија, од вербална, преминала во физичка.Судија пресудил романтична вечера
    rn

    „Судот не би донел ваква пресуда, ако навистина стануваше збор за сериозно насилство. Од сите можни решенија, ова е најдобро. После романтичната вечера, седни и размисли каде ќе одите на советување. Закажете состанок и во рок од една недела, заедно со сопругата започнете со советувањето“, рекол судијата Џон Харли, на изрекувањето на пресудата.

    rnСудија пресудил романтична вечераРасплаканата 39-годишна Соња Бреј веднаш ја прифатила пресудата, по што изјавила:rn
    rn

    Мислам дека требаше да ми го честита роденденот, а тој не ми рече ниту добро утро. Но, јас го сакам својот сопруг и сакам да се врати дома“.

    rnСпоред полицискиот извештај, расправијата започнала во кујната, по што Џозеф ја турнал Соња на софата, ја фатил за вратот и ù се заканил со тупаница, но не ја удрил. Како и да е, судот си го кажал своето.Судија пресудил романтична вечераСлични неконвенционални пресуди и досега биле изрекувани во судниците низ САД.rnrnВо ноември 2011 година, судија во Орландо, Флорида, на возач без дозвола и со прекумерна тежина, му пресудил казна затвор од 30 дена. Но, за секој килограм што ќе го намали додека ја издржува казната, наредил да му се крати по еден ден. Осудениот бил пуштен 10 дена порано.rnrnВо 2008 година пак, судот во Илиноис, на хип-хоп фан му наредил цели 20 часа да слуша класична музика во неговата кола и тоа пуштена на најгласно.rnrnВо Охајо, маж кој бил фатен со проститутка, за да ја избегне затворската казна, морал да парадира по улиците облечен во костум на кокошка.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.