КАФЕ ПАУЗА

Tag: прескокнување

  • Како прескокнувањето оброци може да му влијае на организмот?

    Како прескокнувањето оброци може да му влијае на организмот?

    Ако некогаш сте прескокнале некој оброк, а тоа им се случува дури и на оние кои се грижат секогаш да појадуваат, ручаат и вечераат, сигурно сте се запрашале што би се случило со вашето тело доколку тоа ви стане навика.rnrnКако прескокнувањето оброци може му да влијае на организмот?rnrnШто се однесува до редовното прескокнување оброци, научниците сè уште собираат докази за потенцијалните долгорочни ефекти врз телесната тежина и здравствените состојби како што се срцевите заболувања и дијабетесот. Но, кои се краткорочните ефекти врз вашето тело кога прескокнувате оброци?rn

    Се намалува нивото на шеќер во крвта и енергијата во организмот

    rnРедовните оброци во текот на денот спречуваат пад на енергијата и ве одржуваат будни и фокусирани. Ако ги прескокнувате оброците, вашето тело ќе има недостиг од гликоза, главното гориво на мозокот. Нискиот шеќер во крвта може да ви ја намали енергијата, правејќи да се чувствувате слабо и исцрпено. Недостатокот на гликоза исто така може да го отежне концентрирањето. Други симптоми на низок шеќер во крвта може да вклучуваат треперење, потење и раздразливост.rn

    Чувство на голема глад и прејадување

    rnКога не јадете доволно често, може да се чувствувате целосно обземени од потребата да јадете нешто. Тешко е да размислувате за нешто друго освен за храна кога вашето тело нема доволно енергија. Ако останете без храна подолго време, вашите преференции за храна се менуваат и кога ќе станете многу гладни.rnrnГладните луѓе често имаат тенденција да јадат јаглехидрати и слатки бидејќи тоа им го зголемува шеќерот во крвта и брзо им го подобрува расположението. Проблемот е што ова трае само кратко, освен ако не додадат масти, протеини или влакна во исхраната покрај јаглехидратите за да го ублажат скокот на гликозата. Тоа значи дека наскоро повторно ќе бидат гладни. Ако се премногу гладни, од друга страна, поголема е веројатноста дека ќе се прејадат за да го надоместат недостатокот на храна што ја пропуштиле во текот на денот. Прејадувањето може да предизвика и гадење, запек, надуеност и исцрпеност.rn

    Отежната концентрација и послаби физички перформанси

    rnНедостигот на храна се одразува и на физичката активност и вежбањето. Кога вежбате, тешко ви е да се концентрирате на оваа активност доколку сте гладни. Дополнително, ако не се храните правилно пред тренингот, ќе имате помала корист од тренингот. Истото важи и ако не добиете соодветен оброк после тренингот бидејќи вашето тело не може да го надополни нивото на гликоген (за што се потребни јагленихидрати) и мускулите (за кои се потребни протеини). Накратко, ако сте активни физички, никогаш не е паметно да прескокнувате оброци.rnrnОткако прочитавте како организмот реагира на прескокнувањето оброци, можеби ќе сакате да прочитате и кои намирници можат да ви помогнат полесно да се изборите со стресот.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • Девојките прескокнуваат оброци за да пијат алкохол и притоа да не се здебелат

    Девојките прескокнуваат оброци за да пијат алкохол и притоа да не се здебелат

    Младите девојки прескокнуваат оброци за да можат да консумираат поголеми количини алкохол, велат најновите истражувања. Овој феномен таканаречен „drunkorexia“, кој е кованица од англиските зборови drunk – пијан и anorexia – анорексија, погодил илјадници студентки, кои очајно посакуваат да останат слаби. Терминот го измислиле диететичарите бидејќи веруваат дека постои поврзаност помеѓу претераното пиење алкохол и нарушувањата во исхраната. „Пијанорексичен“ е некој кој прескокнува оброци за да може да пие многу алкохол, без да накачи килограми. И покрај тоа што алкохолот сам по себе, не содржи масти, во него има многу калории.Девојките прескокнуваат оброци за да пијат алкохол и притоа да не се здебелатИстражувачкиот тим составен од професори од универзитетот во Мисури, ги потенцира опасностите од скратувањето на калории преку избегнување оброци, во комбинација со прекумерното пиење алкохол, која може да направи долготрајни здравствени проблеми и оштетување на виталните органи.rnrnВо истражувањето, во кое учествувале 1.000 студенти, било откриено дека повеќе од дупло од женските студенти се заразени од феноменот „пијанорексија“, во однос на машките, односно  25% од девојките и 11% од момците го ограничуваат бројот на внесени калории, за да се „чуваат“ за подоцна, кога ќе излезат да пијат алкохолни пијалаци. Други мотиви за ограничување на консумираната храна, а давање приоритет на алкохолот, се побрзото опијанување, заштеда на пари и социјалниот притисок кај младите, кој ги тера да се однесуваат како нивните врсници.Девојките прескокнуваат оброци за да пијат алкохол и притоа да не се здебелатВикторија Озборн, асистент по социјална работа и јавно здравје ги нагласува опасностите кои можат да настанат од ваквиот начин на живот, како промени во однесувањето и последици врз физичкото здравје. Таа вели дека ако не му давате на мозокот соодветна храна и консумирате големи количини алкохол, тоа може да предизвика рани краткотрајни и долготрајни здравствени проблеми, вклучително и проблеми со концентрацијата, учењето и донесувањето одлуки. Таа објаснува дека ваквото однесување кај младите луѓе може да постане зависност и да предизвика многу сериозни нарушувања во исхраната. На подолг рок, ова може да доведе до насилно однесување, ризично сексуално однесување, труење од алкохол, употреба на разни дроги и хронични болести.rnrnПрофесорката Озборн вели дека тоа што студентките се позаразени со ваквото однесување не е воопшто добар податок, бидејќи кај жените постои поголем ризик од здравствени проблеми предизвикани од големата консумација на алкохол, поради тоа што нивниот метаболизам реагира поинаку отколку кај мажите. Тоа значи дека на жените побрзо може да им се слоши и да имаат забрзано оштетување на виталните органи. Таа додава: „Многу е важно младите луѓе да ги сфатат ризиците кои постојат од ваквото однесување и долготрајните негативни последици по здравјето кои можат да настанат“.rnrnМала чаша бело вино од 150 мл содржи од 150 до 170 калории, додека поголема чаша за вино, која собира околу 250 мл може да има исто толку калории, колку што има во еден вообичаен ручек. Едно „шатче“ коктел од вотка и ниско калорични додатоци содржи околу 100 калории, а некои пива може да содржат и по 250 калории во една кригла од пола литар.rn
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn