КАФЕ ПАУЗА

Tag: прекар

  • Зошто Париз е градот на љубовта? Приказните кои се кријат зад прекарите на светските метрополи

    Зошто Париз е градот на љубовта? Приказните кои се кријат зад прекарите на светските метрополи

    Познато е дека некои од светските метрополи, покрај нивните географски имиња, имаат и прекари зад кои се кријат интересни приказни и легенди. Некои од нив претставуваат буквален превод, а некои пак ги симболизираат карактеристиките на граѓаните. Во продолжение прочитајте за потеклото на овие специфични прекари на светските метрополи и дознајте зошто токму Париз е познат како „Градот на љубовта“, а Њујорк како „Големото јаболко“.rn

    1. Лондон – Стариот чад

    rnЗошто Париз е градот на љубовта? Приказните кои се кријат зад прекарите на светските метрополиrnrnЛондон отсекогаш бил зачадено место, но големиот смог од 1952-та година во целост го оправдува ова име. Во текот на 5 последователни денови, воздухот бил загаден во толкава мера што убил повеќе од 4.000 луѓе. Лондон често се нарекува и „Дождовниот град“, а локалното население најдобро знае дека од домот никогаш не се излегува без чадор.rn

    2. Амстердам – Венеција од северот

    rnЗошто Париз е градот на љубовта? Приказните кои се кријат зад прекарите на светските метрополиrnrnГлавниот град на Холандија го сечат повеќе од 100 километри канали. Со оглед на ова, Амстердам често се споредува со најславниот град со канали – Венеција. Иако тоа им е единствената заедничка работа на двата града, очигледно била доволна за Амстердам да го добие овој прекар.rn

    3. Париз – Градот на љубовта

    rnЗошто Париз е градот на љубовта? Приказните кои се кријат зад прекарите на светските метрополиrnrnПариз бил првиот европски град кој почнал да го користи јавното осветлување, а поради раскошните светла на Ајфеловата кула, често се нарекува и „Градот на светлината“. Се разбира, целиот град и самата атмосфера се идеални за да го поминете времето со партнерот, а за францускиот јазик се вели дека е јазикот на љубовта.rn

    4. Ерусалим – Светиот град

    rnЗошто Париз е градот на љубовта? Приказните кои се кријат зад прекарите на светските метрополиrnrnОвде веројатно не е потребно некое посебно објаснување. Ерусалим има големо значење за светоста и за сите 3 големи монотеистички религии: христијанството, јудаизмот и исламот. Некои од најсветите места на светот за овие 3 религии можат да се најдат токму во овој град.rn

    5. Њујорк – Големото јаболко

    rnЗошто Париз е градот на љубовта? Приказните кои се кријат зад прекарите на светските метрополиrnrnИако се смета дека овој прекар е стар, неодамнешните истражувања покажуваат дека за „Големото јаболко“ е заслужен писателот Едвард Мартин, кој го спомнува ова име во своите книги. Тој пишувал дека граѓаните на другите градови ги сметаат Њујорчаните за алчни и арогантни луѓе, нарекувајќи ги, меѓу другото, и скапани јаболка. Но, и покрај овие факти, Њујорк денес е еден од најпопуларните туристички градови ширум светот.rn

    6. Филаделфија – Градот на братската љубов

    rnЗошто Париз е градот на љубовта? Приказните кои се кријат зад прекарите на светските метрополиrnrnОсновачот на градот, Вилијам Пен, сакал да создаде место каде што сите ќе можат да живеат во љубов и слога. Затоа, тој споил два збора од старогрчкиот јазик: „philos“ што значи љубов и „adelphos“ што значи брат. Така, Филаделфија станала и останала градот на братската љубов.rn

    7. Сингапур – Лавовскиот град

    rnЗошто Париз е градот на љубовта? Приказните кои се кријат зад прекарите на светските метрополиrnrnЗборот „Сингапур“ на англиски буквално се преведува како „Лавовски град“. Според легендите, основачот на градот, сер Стамфрод Рафлс, го избрал името откако одгледал еден „мерлион“ што претставува комбинација на лав и сирена, иако во градот никогаш немало ниту лавови, ниту сирени.rn

    8. Мумбај – Градот на соништата

    rnЗошто Париз е градот на љубовта? Приказните кои се кријат зад прекарите на светските метрополиrnrnМумбај го заслужил ова име бидејќи е најбогатиот град во Индија, па во него пристигнуваат многу луѓе кои бараат подобра работа и подобри услови за живеење. Некои се обидуваат да успеат на секакви можни начини, а тука е сместен и Боливуд или индискиот Холивуд.

  • Овие нешта неизбежно се случуваат доколку имате необично име

    Овие нешта неизбежно се случуваат доколку имате необично име

    Да се има нормално и вообичаено име е супер и многу олеснителна работа. Но, што е со оние кои имаат необично и несекојдневно име? Сте се запрашале ли низ што сè поминуваат и во какви сè ситуации секојдневно „заглавуваат“? Ако имате такво име, овие ситуации дефинитивно ви се познати.rnrn0-ovie-neshta-neizbezhno-se-sluchuvaat-dokolku-imate-neobichno-ime-www.kafepauza.mkrn

    1. Кога некој треба да го напише вашето име на нешто, дефинитивно ќе го погреши. Затоа многупати измислувате лажни имиња.

    rn2-ovie-neshta-neizbezhno-se-sluchuvaat-dokolku-imate-neobichno-ime-www.kafepauza.mk_rn

    2. Постојано ја поправавте професорката која секогаш го грешеше вашето име. Ама баш секогаш.

    rn3-ovie-neshta-neizbezhno-se-sluchuvaat-dokolku-imate-neobichno-ime-www.kafepauza.mk_rn

    3. Луѓето често ве прашуваат од каде потекнува вашето име или дали нешто значи.

    rn4-ovie-neshta-neizbezhno-se-sluchuvaat-dokolku-imate-neobichno-ime-www.kafepauza.mk_rn

    4. Вие немате шише Кока Кола со вашето име.

    rn5-ovie-neshta-neizbezhno-se-sluchuvaat-dokolku-imate-neobichno-ime-www.kafepauza.mk_rn

    5. Страв ви е да се претставите на некоја нова личност на гласно и бучно место.

    rn6-ovie-neshta-neizbezhno-se-sluchuvaat-dokolku-imate-neobichno-ime-www.kafepauza.mk_rn

    6. Користите прекар за да се спасите себеси и останатите од маката.

    rn7-ovie-neshta-neizbezhno-se-sluchuvaat-dokolku-imate-neobichno-ime-www.kafepauza.mk_rn

    7. Пријатно сте изненадени кога некој ваш нов пријател точно ќе го изговори вашето име од прв пат.

    rn8-ovie-neshta-neizbezhno-se-sluchuvaat-dokolku-imate-neobichno-ime-www.kafepauza.mk_rn

    8. Се прашувате дали вашите родители се обиделе намерно да ви го направат животот потежок, но вие сепак ги сакате.

    rn9-ovie-neshta-neizbezhno-se-sluchuvaat-dokolku-imate-neobichno-ime-www.kafepauza.mk_

  • 7 работи поради кои уште повеќе се вљубуваме во нашите партнери

    7 работи поради кои уште повеќе се вљубуваме во нашите партнери

    Малите работи и изливи на нежност ја зголемуваат љубовта меѓу партнерите. Понекогаш во долгите врски сите тие прекрасни нешта ни стануваат навика и забораваме вистински да ги вреднуваме и да бидеме благодарни што можеме да уживаме во нив.rnrn7 работи поради кои уште повеќе се вљубуваме во нашите партнериrnrnОва се дел од најубавите нешта кои треба да ги цените кај вашите љубовни партнери.rn

    1. Нивниот вљубен поглед

    rnОвој поглед доаѓа потсвесно и е една од најслатките работи која прави да се вљубите уште повеќе во личноста. Некогаш тој поглед е придружен со гризење на усните или кревање на веѓите, но секогаш е долг и полн со љубов.rnrn7 работи поради кои уште повеќе се вљубуваме во нашите партнериrnrn

    2. Нивните прекари

    rnДали вашиот партнер има прекар за вас или фраза која често ја употребува? Кога ќе ви се обрати по прекар се чувствувате посебно. Значењето на тие прекари и фрази е нешто што само партнерите го знаат, како да имаат свој јазик кој само тие можат точно да го декодираат.rn

    3. Поспани бакнежи

    rnКолку е прекрасно чувството да се разбудите доцна во ноќта и да почувствувате дека вашиот партнер ве прегрнува или бакнува? На некој начин покажува дека дури и во неговата/нејзината полусвесна состојба ви ја покажува својата љубов.rn

    4. Претставувањето пред другите

    rnКога ќе ве претстави пред некој познаник како негова/нејзин девојка/дечко, како да сака да му се пофали на светот дека ве има. Тоа што ја носите таа титула е важно за вашиот партнер.rnrn7 работи поради кои уште повеќе се вљубуваме во нашите партнериrnrn

    5. Испраќање пораки со охрабрувачка содржина

    rnКога сте пред важно интервју за работа или испит од кој ви се тресат нозете, ви стигнува порака која ви вели дека сè ќе биде во ред и дека вие го можете тоа. Ваквите пораки прават да се чувствувате како Супермен. Некогаш во лоши денови, доволна е и една единствена порака која ви кажува дека некој мисли на вас.rn

    6. Позајмување облека

    rnОва се однесува на девојките, кои на некаков магичен начин секогаш се чувствуваат поудобно во маичката на нивните партнери. Истото важи и кога ќе го добиете нивното палто кога ви е ладно, па се чувствувате како да сте на прв состанок а тој се обидува да ве импресионира.rn

    7. Тоа што знаат како да ги поправат нештата

    rnКога се чувствувате лошо знае како да ве расположи а кога сте уморни знае како да ве релаксира. Помислете на сите моменти кога тој/таа успеал/а да ги поправи работите и сè да тргне на подобро.rnrn7 работи поради кои уште повеќе се вљубуваме во нашите партнери
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Колаче мое – слатките тајни зад прекарите

    Колаче мое – слатките тајни зад прекарите

    Женските муабети често се вртат околу мажи. Жени седнати на кафе, најчесто одбираат да зборуваат за мажи. За своите дечковци, потенцијални идни дечковци, типови со кои се состануваат… Зависно од тоа колку сме блиски со другите дами на истата маса, кажуваме наши тајни и делиме совети, разменуваме искуства. Ако им го наслушнете муабетот на девојките од соседната маса, ќе добиете јасна слика за типот за кој зборуваат. Ќе го опишат и најситниот детаљ поврзан со неговиот изглед, или за тоа како поминал нивниот состанок. Но ретко кога јасно и гласно ќе го кажат неговото целосно име, а не дај Боже, и презиме. Порадо би се послужиле со прекари или иницијали.Колаче мое – слатките тајни зад прекаритеЗошто жените им даваат прекари на мажите со кои излегуваат? Бидејќи е лесен и безболен начин да го „зачинат“ целиот процес на трагање по вистинскиот и воедно да го направат многу позабавен. Плус, за одбрана од чаршиски уши, полесно и послободно ќе зборуваат за него во јавност. Но најважната причина која се крие позади етикетирањето на мажите, е тоа што се штитиме себеси од евентуално кршење на срцето. На некој начин, ако не зборувате за него со спомнување на неговото име, како да покажувате дека не сте толку приврзани и дека личноста не ви значи баш многу. Ако на крај не излезе како што треба, и работите не се одвиваат по посакуваниот тек, ќе ви биде полесно со оглед на тоа што не сте се навикнале на неговото име, па на некој начин е побезболно. Но едно нешто е од есенцијално значење: никогаш, ама баш никогаш не му кажувајте како го именувате кога зборувате за него со другарките.rnrnОд друга страна, мажите често даваат прекари за да се пофалат со каква риба излегуваат. Друго е кога на другар ти ќе му кажеш излегувам со една Марија, а друго е кога ќе ја наречеш Долгоногата со градник Д. Автоматски си појак фраер. И секако, покажуваш дека не ти значи ништо посебно штом не ја спомнуваш по име, или макар само се преправаш дека е така.rnrnЗа женкарите, пак, употребата на прекари е неопходна, прекари со кои ќе им се обраќаат на своите девојки. Најупотребуваните се: Срце, Злато, Мило, Мало, Маче… Па фала Богу, ако на сите им се обраќаат по имиња, има да направат таратур. На Маја ќе ѝ се обратат со Силвана, На Светле со Елена… и како ќе го објаснат тоа, кога на пример од Јасмина до Дијана има разлика колку од небото до земјата? Вака се поштедуваат од објаснувања, или од ненајавена клоца во меѓуножјето.rnrnКакви прекари ќе смислите за некого, зависи од тоа колку сте креативни. Ќофте, Морковче, Носе, Пендрек, Тиква, Ушла… Прекарите варираат од град во град. На пример, најчесто употребуван прекар во Прилеп е Муце, или ако сакате членувано, Муцето.rnrnКлише прекари, оние стандардните, најчесто инспирирани од: органи – Срце, Желудник, Џигер… животни – Мече, Маче, Тигрица… накит – Злато, Сребро, Алтан… и т.н. прекари со кариес: Шеќерче, Бонбонче, Карамелче, Торте…rnrnПостојат прекари дадени од љубов и милост. Јаглико моја, портокалу мој, пиленце убаво, славејче што наутро ми пее… Постојат прекари дадени од гнев и омраза. Сељак, Клемпав, Педер, Сој, Утка… Во некои случаеви, прекарите кои еднаш биле дадени од љубов, прераснуваат во нешто сосема спротивно. На пример, вашиот маж, после 20 години во брак, од јагне ќе прерасне во говедо. Или жена ви, која едно време била пиле сега е кокошка. Еволуција. Затоа, не се радувајте кога ќе почне да ви се обраќа со име на животно. Голема е веројатноста еден ден да еволуирате во нешто друго.rnrnДо следното читање,rnrn Вашата Ели.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Зошто треба да се внимава на незгодните прекари во именикот на телефонот?

    Зошто треба да се внимава на незгодните прекари во именикот на телефонот?

    Ова интересно видео ќе ви прикаже 10 ситуации, кои ќе ве насмеат и расположат, а ќе ви покажат зошто треба да внимавате како ги запишувате луѓето во именикот на вашиот мобилен телефон.rnrnЗошто треба да се внимава на незгодните прекари во именикот на телефонот?rnrnЗа само десетина дена ова видео е погледнато скоро 1 милион пати. Пишете ни, кој е најсмешниот прекар кој вие го имате во именикот.rn
    rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Работи што ги прави една љубовна двојка

    Работи што ги прави една љубовна двојка

    Вие двајца се сакате, меѓусебно се поддржувате, луѓето ве препознаваат како љубовна двојка, сродни души сте… Но, има некои работи кои (не)свесно ги правите како љубовна двојка кои се непријатни за другите луѓе околу вас.rnrnRaboti-shto-gi-pravi-edna-ljubovna-dvojka-www.kafepauza.mk_rn

    Бебешки имиња и имиња на миленичиња

    rnЦуци, муци, буци, бебе, сонце, сончко, миличко, златичко, мило, златце, злато мое, душичка… и уште толку многу прекари на кои им е местото кога сте вие двајца заедно, а никако пред пријателите и роднините. Некои двојки тоа го прават намерно, со цел да видат другите колку тие се сакаат, а некои се обраќаат така и кога се сами заедно. Како и да е, ако слушнат вашите пријатели како дечкото си го викате со името „сончко“ или девојката ја викате „миличко“, верувајте дека ќе им биде непријатно. Роднините ќе се чувствуваат незгодно и непријатно кога ќе слушнат како вие го нарекувате нивниот внук.rn

    Златото мое ќе дојде со мене во шопинг.

    rnОва е реченица која пријателката не сака да ја чуе. Пријателите ќе ве озборуваат, другарите ќе ви се смеат, а вие тоа не го сакате, нели?rn

    „Ние никогаш не се караме“

    rnНекои парови сакаат да се фалат пред пријателите дека тие никогаш не се караат. Ова е најголемата лага што ќе ја чуете. Тоа го прават за пријателите да помислат дека тие се совршен пар, кај нив се е совршено, а сите знаете дека совршенство не постои.  Еве ја вистината: оние кои се во среќна врска, се караат. Не секогаш, се разбира, ама недоразбирања мора да има дури и ако сте сродни души. Тоа понекогаш се „здрави кавги“ кои ќе ја зацврстат врската. Целта на овие кавги не е да се сфати што се случило и зошто се караме, туку да се обидеме тоа да не се случува повеќе во иднина.rn

    „Јас не одам на забава без него/неа“

    rnОва е највознемирувачката работа што некои парови ја прават. Ако една девојка е во врска со некое момче, не значи дека и тој е поканет на забавата кај нејзината најдобра другарка и обратно, ако тој има тазе врска, не значи дека и девојката треба да дојде. Ова се однесува повеќе за тазе, нови врски во кои новата девојка/момче не се знае доволно со пријателите на партнерот, а забавата е тематска. На пример, повторно соединување на пријатели од средно школо, факултет, некој курс и слично. Тука не би требало да присуствуваат партнери на поканетите. Освен што е непристојно, оставате впечаток дека не ги почитувате доволно луѓето кои ве поканиле. „Ние сме како еден човек. Не одиме никаде разделени“ е реченица која вознемирува и секогаш остава погрешен, лош впечаток за вас.rn

    Местенки

    rnАко вие сте во долга љубовна врска или сте го нашле човекот на вашиот живот, не значи дека и пријателите кои немаат партнер го сакаат истото. Некои се фокусираат на кариерата, некои не сакаат да се врзуваат… тоа е нивен избор. Не значи дека треба да си дадете за право да ги местите со пријатели на партнерот кои исто така не се во врска како и вашата пријателка. Тоа е некултурно. Треба доволно добро да ги знаете двете личности пред тоа да го направите. Ако веќе го направите еднаш, обидете се да не го правите тоа на секое ваше следно излегување.rn

    Константно бакнување и разменување нежности

    rnРазменување страсни бакнежи, нежности во јавност и флертувања се работи кои не треба да ги правите пред вашите пријатели. Освен што ќе ги посрамотите вашите блиски пријатели, тоа дава знак дека не знаете да комуницирате со другите кои се наоѓаат на маса со вас. Тоа е исто знак дека не сте сигурни во вас во однос со партнерот. Ако сакате да ги задржите пријателите, обидете се да се воздржите од ова, барем додека не отидете дома.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.