КАФЕ ПАУЗА

Tag: предвидување

  • Дали месецот на раѓање може да го предвиди вашето ментално здравје?

    Дали месецот на раѓање може да го предвиди вашето ментално здравје?

    За многумина, хороскопите се мало и забавно губење време или интересен начин за почеток на разговор. Токму затоа и за време на неделното утро, вие погледнувате во весникот или проверувате на интернет со цел да откриете што ви вели хороскопот за следната недела. Тој можеби ќе ви укаже на среќа во вашата иднина, но и дека би требало да бидете внимателни за да ги прецените вашите способности, особено кога станува збор за нов проект на работа. Вие можеби и верувате дека сè ова е поврзано со вашиот знак, бидејќи знаете дека и во минатото сте имале тенденција да се прецените.rnrnДали месецот на раѓање може да го предвиди вашето ментално здравје?rnrnНо, долгогодишните истражувања покажале дека хороскопот не е поврзан со однесувањето. Ова најјасно се видело во една многу важна студија од 1985 година, каде што се заклучило дека предвидувањата базирани врз астрологијата не се ништо повеќе од случајност. Без разлика на тоа што митот за астрологијата е разоткриен, сепак научниците откриле дека здравјето на одредена личност може да биде поврзано со неговиот или нејзиниот роденден. Месецот во кој луѓето се родени може да влијае врз нивната иднина, од должината на животот, па сè до професијата.rn

    Менталното здравје и месецот на раѓање

    rnВо една студија од 2012 година, група истражувачи од Лондон, се обиделе да откријат дали ризикот од шизофренија, биполарно нарушување и депресија има некаква поврзаност со месецот на раѓање. Овие истражувачи погледнале повеќе од 29 милиони луѓе од Англија, меѓу кои 58.000 биле дијагностицирани со една од овие состојби.rnrnТие откриле дека бебињата родени за време на зимата имаат поголем ризик за развивање шизофренија или биполарно нарушување, со јануари како клучен месец. Од друга страна, пролетните бебиња имаат најголем ризик за развивање депресија, со клучен месец мај. Шизофренијата била значително ниска кај оние родени во јули, додека пак, биполарното нарушување било едвај забележливо кај индивидуите родени во август и септември. Луѓето родени во ноември имале најмали шанси за развивање депресија.rn

    Самоубиствата и месецот на раѓање

    rnСпоред Националната алијанса за ментално здравје, 90% од самоубиствата настануваат под влијание на ментална болест. Тоа не изненадува воопшто, но она што е навистина интересно е дека суицидното однесување исто така може да биде поврзано со месецот на раѓање. Друг британски тим истражувачи испитувале податоци од скоро 27.000 самоубиства во периодот помеѓу 1970 и 2001 година и откриле дека индивидуите родени во април, мај и јуни имаат највисок ризик од посегнување по својот живот. Нивниот ризик бил 17 пати повисок од оној на луѓето родени за време на есента или зимата.rn

    Зошто е важна сезоната?

    rnНаучниците не се сигурни зошто некои месеци се поврзуваат со поголеми случаи на ментални нарушувања, но сепак имаат неколку теории. Една од можностите е дека месецот на раѓање влијае на нашиот биолошки часовник. Во 2010 година, научниците откриле дека глувците родени во зима помалку можеле да се адаптираат на летните циклуси на светлина отколку глувците родени во другите сезони. Нашата способност да го регулираме биолошкиот часовник е силно поврзана со расположението. Истражувачите шпекулирале дека потешкотиите со овие биолошки ритами можат да го зголемат ризикот од ментални нарушувања кај луѓето родени во зима.rnrnДруго можно објаснување е количината на витаминот Д во нечие тело. Овој витамин се создава кога нашите тела се изложени на сончева светлина и многумина знаат дека неговиот недостаток може да ги ослаби коските, но неодамнешни истражувања откриле уште една негова улога во нервниот систем: пониските нивоа витамин Д можат значително да влијаат врз развојот на мозокот, потенцијално објаснувајќи ги повисоките случаи на ментални заболувања кај луѓето родени за време на студената зима или облачната пролет. Една студија од Данска, открила дека индивидуите со намалени количини на витамин Д имале поголема шанса за развивање шизофренија подоцна во животот.rnrnИсто така и инфекциите можат да бидат делумно обвинети. За време на зимата, мајката има поголеми шанси да се разболи. Дали грипот има потенцијално влијание на бебето во развој? Различни сезони содржат и различни алергени кои исто така можат да влијаат врз системот на мајката и да го сменат развојот на фетусот. Дури и сезонските промени во диетата на мајката може да бидат доволна причина за понатаму да се појават проблеми.rn

    Што можеме да направиме?

    rnДали луѓето кои се родени во пролет и зима треба да почнат да се грижат за своето ментално здравје? Дали идните родители треба да го имаат предвид ова пред да одлучат да имаат дете? Научниците целат дека нема потреба од паника.rnrnЕфектите кои се забележуваат во ова истражување се релативно мали и во никој случај не значи дека запечатуваат нечија судбина. Во иднина, докторите можеби ќе можат да овозможат дополнителни количини витамин Д за новороденчињата или терапија со светлосна кутија. Мајките исто така можеби ќе добиваат посебни третмани за да се заштитуваат од инфекции и алергени. Како што невронауката расте и се развива, така повеќе фактори ќе бидат идентификувани и повеќе решенија ќе бидат пронајдени. Во меѓувреме, вие сепак би требало повремено да обрнувате повеќе внимание на вашето ментално здравје така што повеќе ќе се грижите за себе.

  • Народен трик кој ќе ви покаже кога ќе се венчате

    Народен трик кој ќе ви покаже кога ќе се венчате

    Постои едно народно верување, кое сигурно сте го чуле од вашата баба, со чија помош можете да откриете на колку години ќе стапите во брак. За овој мал „експеримент“ потребна ви е чаша вода и бурма која е закачена на конец.rnrnНароден трик кој ќе ви покаже кога ќе се венчатеrnrnЗемете го прстенот и закачете го на конец, а во чашата сипете вода, малку повеќе од половина. Откако ќе го сторите тоа, поставете го прстенот во центарот на чашата, над водата и чекајте. Тој ќе почне сам да удира во рабовите на чашата, па токму затоа почнете да броите. По некое време, прстенот сам ќе застане. Се верувало дека колку пати тој ќе удри во чашата, за толку години наводно ќе се венчате.rnrnОбрнете добро внимание на ударите, бидејќи некогаш се случува прстенот да удри тивко и вие да не го чуете. Она што е навистина интересно кај овој експеримент е фактот што колку пати и да го повторувате, вие секогаш треба да добиете ист број. Реално за „валидноста“ на експериментот е тешко да се говори, бидејќи се работи за народно верување. Во секој случај, забавно е да се проба, се согласувате?

  • Тест: Дали имате натприродна телепатска моќ?

    Тест: Дали имате натприродна телепатска моќ?

    Секој човек располага со натприродни телепатски способности. Според најновите научни истражувања, тие способности се наследни. За жал, многу луѓе не се свесни дека ги имаат.rnrntest-dali-imate-natprirodna-telepatska-mokj-kafepauza.mkrnrnАмериканските научници во соработка со видовитата жена Клариса Бернард развиле тест за лична употреба. Врз основа на овој тест, секој може да утврди дали располага со натприродна моќ или не.rnrnОговорете на овие 20 прашања, со „да“, „не сум сигурен/на“ и „не“.rnrn1. Дали некогаш сте имале необично претчувство дека нешто ќе се случи и потоа тоа навистина се случило?rnrn2. Имате ли често претскажувања кои понекогаш се остваруваат?rnrn3. Дали некогаш сте помислиле на нешто и потоа тоа се случило?rnrn4. Имате ли посебен осет за контакти со странци и со животни?rnrn5. Кога зборувате со животни, имате ли чувство дека ве разбираат?rnrn6. Дали некогаш сте имале чувство дека нешто ѝ се случува на блиска личност, иако сте биле просторно многу раздалечени?rnrn7. Имате ли чувство, кога нешто ќе видите, дека тоа претходно некаде сте го виделе?rnrn8. Дали попрво ги следите своите чувства одошто разумот?rnrn9. Кога некого ќе сретнете за првпат, можете ли веднаш да почувствувате дали ќе ви биде пријател или не?rnrn10. Кога сте далеку од саканите луѓе и пријателите, имате ли чувство дека сте сепак блиску еден до друг?rnrn11. Верувате ли дека човекот има повеќе од пет сетила?rnrn12. Верувате ли дека навистина може да се читаат мислите?rnrn13. Дали некогаш сте имале чувство дека некој од далеку воспоставил контакт со вас преку мислите?rnrn14. Дали понекогаш знаете што ќе каже некој пред да ја отвори устата?rnrn15. Верувате ли дека одредени предели, градби или простори имаат силно влијание врз вас?rnrn16. Дали често советите кои им ги упатувате на другите се покажуваат како исправни?rnrn17. Дали сте имале претчувства и многу пријателски чувства кои не сте можеле да ги објасните?rnrn18. Дали би биле подготвени да прифатите научно тестирање, кое би дало одговор на прашањето дали имате натприродни способности?rnrn19. Дали понекогаш сте имале чувство дека можете да ги читате туѓите мисли, а притоа не сте погрешиле?rnrn20. Дали ве фасцинира способноста за претскажување на иднината на другите луѓе?rnrn[toggle_box]rnrn[toggle_item title=”Резултати:” active=”false”]rnrnЗа секој потврден одговор добивате 10 поени, за секој неодреден одговор добивате 5, а за негативните добивате 0.rnrnАко сте собрале под 100 поени, вашите натприродни способности се слабо изразени. Внимавајте на претскажувањата кои изгледа поминуваат незабележано покрај вас.rnrnАко имате од 100 до 145 поени, вашето чувство за натприродни работи е доста развиено. Би требало да поработите на активирање на вашето шесто сетило.rnrnАко збирот на поените ви изнесува од 150 до 195, вашите натприродни способности се силно изразени. Ќе треба да ги тренирате за да ги засилите уште повеќе.rnrnАко имате над 200 поени, вие изгледа одамна сте свесни за вашите натприродни способности заради бројните натприродни искуства кои ги имате доживеано. Понекогаш ја гледате иднината толку јасно, како што нормалните луѓе ја гледаат сегашноста.rnrn[/toggle_item][/toggle_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 9 запрепастувачки работи кои може ги направи вашето тело

    9 запрепастувачки работи кои може ги направи вашето тело

    Дали знаете дека вашето тело може да ја предвиди иднината, да ви го спаси животот и да ве врати во минатото? Не верувате? Продолжете со читање.rnrn9 запрепастувачки работи кои може ги направи вашето телоrn

    1. Вашите болни зглобови се како временска прогноза

    rnБолките во зглобовите не се само празни муабети. Според ортопедот Роберт Тајд, пред да настапи невреме, паѓа воздушниот притисок, нервите во зглобовите го регистрираат релативниот пораст на притисокот на течноста во зглобовите што доведува до чувство на болка. Можеби ќе чувствувате непријатна болка во зглобовите, но барем ќе знаете кога треба да излезете со чадор од дома.rn

    2. Очите откриваат кога телото ви е преладено

    rnСите се тресеме кога ни студи, но ако сакате да знаете дали некој има сериозна прелада, погледнете му во очи. При силна хипотермија, крвните садови се стеснуваат заради заштеда на енергија. Тоа доведува до привремено намалување на видното поле, објаснува д-р Руп Ханср.rn

    3. Вашето срце може да ја предвиди иднината

    rnИстражувачите од три универзитети, два од САД и еден од Италија, спровеле едно интересно истражување. Тие им покажувале на испитаниците разни фотографии и ги проучувале нивните реакции. Некои фотографии биле емоционално неутрални, а други страшни. Научниците откриле дека работата на срцето се забрзува до 10 секунди пред испитаниците да видат некоја вознемирувачка фотографија. Срцето на некој начин предвидувало што ќе се случи. Слушајте го своето срце.rn

    4. Вагината може да се возбуди пред мозокот

    rnЕдно истражување спроведено во Холандија покажало дека вагината станува навлажнета и спремна за сексуален однос пред жената да стане свесна дека е возбудена.rn

    5. Зениците откриваат кога сте заљубени

    rnКога некој ве привлекува, вашите зеници се шират, тврдат научниците. Тоа не се случува само при заљубеност, туку во сите ситуации кога нешто ве усреќува.rn

    6. Мирисот може да ве врати во минатото

    rnОбласта во мозокот која е задолжена за осетот за мирис, се наоѓа во рамките на делот задолжен за емоциите. Мирисите, сеќавањата и емоциите се толку испреплетени, што некој мирис кој ве потсетува на нешто што се случило одамна, може дури да ви предизвика солзи во очите, тврдат научниците од Универзитетот во Стокхолм.rn

    7. Вашите очи можат да го предосетат доаѓањето на пролетта

    rnИако времето може да биде облачно, ладно и врнежливо, алергиите од кои почнуваат да нè печат и да ни солзат очите, може да бидат најава дека пролетта наскоро ќе пристигне. Бројот на честички од полен расте уште пред промената на времето, тврдат научниците. А алергичарите за жал, тоа добро го знаат.rn

    8. Вашиот систем за варење може да ви даде натчовечки способности

    rnКога вашиот мозок е во состојба на возбуденост, се лачи адреналин, се засилува бројот на отчукувања на срцето, побрзо се диши и најважно, „се гаси“ системот за варење за да се овозможи мускулите да се стегнат повеќе од вообичаено. Затоа оправдано се вели дека мајката може да подигне автомобил ако види дека нејзиното дете е заглавено под него.rn

    9. Мигрените можат да предвидат екстремни промени во температурата

    rnЛуѓето кои имаат мигрени се поосетливи на промените на температурата од многу топло во многу студено. Таквите промени создаваат хемиски дизбаланс во мозокот кој предизвикува мигрена. Затоа сите кои патат од овој проблем треба да остануваат во затворено кога температурите се екстремни.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Животни кои го предвидуваат времето

    Животни кои го предвидуваат времето

    Се верува дека постојат животни кои можат да го предвидат времето. Нивната моќ на предвидување има точност до 39%. Следете го однесувањето на следниве животни и дознајте каков ќе биде утрешниот ден.rn
    rn

    Жаби

    rnЖабите се едни од најгласните водоземци. Но, кога се најавуваат лоши временски услови, тогаш нивното крекање е погласно и подолготрајно од вообичаеното. Штом ќе слушнете дека звуците што ги испуштаат жабите се сè погласни, знаете дека се подготвува бура. Животни кои го предвидуваат времетоrn

    Птици

    rnВо зависност од тоа како летаат птиците, лесно може да процениме колку лошо ќе биде времето. Се верува дека ако птиците летаат високо, временските услови ќе бидат поволни, но ако летаат блиску до земјата, времето ќе биде лошо, а воздушниот притисок ќе биде повисок од нормалното. Животни кои го предвидуваат времетоrn

    Крави

    rnДури и земјоделците тврдат дека нивните животни можат да го предвидат времето. Според кажувањата, кога кравите ќе претчувствуваат лоши временски услови, тие стануваат немирни, нервозни, ги бркаат мувите со опашките или лежат на пасиштето за да си го зачуваат местото суво. Животни кои го предвидуваат времетоrn

    Пчели и пеперутки

    rnШтом забележите дека пчелите и пеперутките ги напуштиле цветните леи, може да очекувате лоши временски услови. Ако тие не се на своите вообичаени места, тоа е знак дека бурата веќе се подготвува. Животни кои го предвидуваат времетоrn

    Овци

    rnКога овците ќе се соберат во стадо, набрзо ќе има поројни дождови. Кога овците претчувствуваат невреме, самите се собираат во стадо за да се заштитат едни со други. Животни кои го предвидуваат времетоrn

    Бубамари

    rnБубамарите го предвидуваат времето на многу едноставен начин. Ако забележите рој бубамари на едно место, тоа значи дека времето ќе биде топло. Од друга страна, ако забележите дека црните и црвените бубамари бараат засолниште, тоа значи дека нè очекува студено време. Животни кои го предвидуваат времетоrn

    Мравки

    rnКога се подготвува бура, црвените и црните мравки се тие кои први почнуваат да ги градат своите насипи за дополнителна заштита, па дури и ги затвораат дупките на своите засолништа. Затоа, ако забележите затворени насипи кои се повисоки од вообичаеното, подобро и вие да ги затворите прозорците од вашиот дом. Животни кои го предвидуваат времетоrn

    Мрмоти

    rnМрмотите се најпопуларните животни во Америка кои може да ги предвидат временските услови. Според американската легенда, најпознат мрмот е Фил од Пенсилванија. Ако Фил може да си ја види сопствената сенка, тоа значи дека зимата ќе трае уште шест недели, во спротивно се очекува да дојде пролетта. Животни кои го предвидуваат времето
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како луѓето пред 100 години си ја замислувале сегашноста

    Како луѓето пред 100 години си ја замислувале сегашноста

    Пред стотина години, кога 21-от век изгледал многу далеку, група француски уметници направиле серија слики на кои ја прикажале својата визија за столетието во кое сега живееме.rnrnКако луѓето пред 100 години си ја замислувале сегашностаrnrnСликите настанале помеѓу 1899 и 1901 година, а некои покасно до 1910 година. Благодарение на занимливите слики може да се види дека луѓето пред повеќе од 100 години имале навистина развиена фантазија кога била во прашање иднината. Така на сликите скоро сите луѓе можат да летаат благодарение на механички крилја, додека жените веќе не ги извршуваат домашните задачи како готвење и чистење, бидејќи тоа го прават роботи, кои ги замениле дури и фризерите.rnrnКако луѓето пред 100 години си ја замислувале сегашностаКако луѓето пред 100 години си ја замислувале сегашностаrnrnНекои од нивните слики навистина се оствариле, како борбите со авиони на небото. Таа слика е направена во 1899 година, а дека овие уметници навистина успеале да ја предвидат иднината, говори фактот дека првиот авион полетал дури во 1903 година.Како луѓето пред 100 години си ја замислувале сегашностаКако луѓето пред 100 години си ја замислувале сегашностаКако луѓето пред 100 години си ја замислувале сегашностаКако луѓето пред 100 години си ја замислувале сегашностаКако луѓето пред 100 години си ја замислувале сегашностаКако луѓето пред 100 години си ја замислувале сегашностаКако луѓето пред 100 години си ја замислувале сегашностаКако луѓето пред 100 години си ја замислувале сегашностаКако луѓето пред 100 години си ја замислувале сегашностаКако луѓето пред 100 години си ја замислувале сегашностаКако луѓето пред 100 години си ја замислувале сегашностаКако луѓето пред 100 години си ја замислувале сегашностаКако луѓето пред 100 години си ја замислувале сегашностаКако луѓето пред 100 години си ја замислувале сегашностаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Хороскоп за Св. Валентин

    Хороскоп за Св. Валентин

    Автор: Вера МартиноскаrnrnИзгледот може да лаже на овогодишниов Св. Валентин. Овој романтичен празник е за прославување на радостите на љубовта, но сериозните чувства оваа година се брануваат под површината. Цвеќето, чоколадите и сличните подароци нема да ѝ наштетат на врската, но нема да ги оттргнат грижите и сомнежите за подарувањето на вашето срце.rnrnВенера, планетата на љубовта и манипулативниот Плутон се во таква позиција што може да предизвикаат појава на посесивност и љубомора, поткопување на довербата помеѓу партнерите, како и на вербата во себе.Хороскоп за Св. ВалентинНајкорисните подароци кои може да ги дадете сега, се искреното изразување на вашите грижи и покажувањето разбирање за стравовите на партнерот. Веројатно ова ќе ги тргне површните насмевки во моментот, но ќе ги продлабочи и зајакне врските во иднина. Погледнете ги предвидувањата за вашиот знак за овој Св. Валентин.rn
    rn

    Овен

    rnОваа година важни се малите нешта затоа што вашата вообичаено страсна владејачка планета Марс е заглавена. Ова може да ве направи носталгични, но подобро ќе ви биде ако се посветите на деталите од сегашноста. Правењето нешто корисно е одличен начин да го прославите овој празник, со Марс во практичната Девица. Наместо да се занесете во јадење и танцување, зошто овој ден да не го посветите на тоа да им послужите на другите? Ова веројатно не звучи романтично, но ја покажува вашата љубезност и сочувство. Помагањето некому како волонтер, пријател или член на семејството ќе ви донесе ниво на задоволство, кое ќе направи да се чувствувате дека навистина ја заслужувате љубовта, овозможувајќи ви послободно да ја дарувате и воспримите.rn
    rn

    Бик

    rnСлатката страна на Св. Валентин ѝ прилега на вашата сензуална природа. Слаткиот мирис на цвеќе и вкусот на чоколада ја истакнува нежната страна на вашиот карактер. Сепак, може да има нешто што недостасува оваа година затоа што ви е тешко да се смирите и да уживате во овој специјален ден. Романсата која ја претставува овој ден е завиена во напнатата врска помеѓу љубовната Венера и провокативниот Плутон. Задевање, недоверба, љубомора или сомневање во себе може да ви го помрачат расположението. Ако имате партнер, побарајте тивко, оддалечено место каде ќе може да разговарате за интимни нешта. Ако сте сингл, подобро е да сте сами или со некој кому му верувате, отколку да барате романса под ризични околности.rn
    rn

    Близнаци

    rnСв. Валентин за вас може да започне отрезнувачки затоа што Месечината во Скорпија која е одговорна за расположението, се наоѓа во вашата 6-та куќа на прилагодување сè до вечерта, но токму тогаш забавата започнува. Месечевата промена кон дружељубивиот Стрелец  ја осветлува вашата 7-ма куќа на партнери, канејќи ве гласно и силно да се забавувате со некоја авантуристичка индивидуа. Сепак, може да сте со личност која се чувствува малку несигурна, што не му одговара на вашиот дух. Сфаќањето дека другиот можеби не се чувствува толку весело и разиграно како вас е важно доколку сакате да ја стекнете неговата или нејзината доверба. Не сметајте ги за безначајни повредените чувства, иако мислите дека проблемот и не е толку важен.rn
    rn

    Рак

    rnРазбудената сентименталност на овој Св. Валентин е помешана со некои компликации. Патувањето започнува со Месечината во страсната скорпија и вашата 5-та куќа на романсата, што звучи како совршена формула за добивање на посакуваната интимност. Сепак, вечерта се случува промена, со влегување на Месечината во грубиот стрелец, која може да биде помалку нежна од потребното. Нечувствителните забелешки може да предизвикаат непријатни чувства. Ако е така, искажете се цврсто, но нежно, наместо да се смешкате додека од внатре вриете. Довербата бара вистина, дури и кога кажаното не се вклопува во идеалниот модел на Св. Валентин со срценца и цветчиња. Соочувањето со реалноста е клучно за љубовта да трае.rn
    rn

    Лав

    rnДенот може да ви донесе извесни предизвици, односно да дојде до комплицирање на вашите планови, а емоциите може да ви бидат многу повредени. Љубомората или презирот може да му го одземе сјајот на празникот и славењето на љубовта. За среќа лунарната транзиција во ентузијастичкиот стрелец и вашата 5-та куќа на романсата, во текот на вечерта може да го сврти ветерот во поповолна насока. Игривата и дарежлива природа на вашиот карактер ќе заблеска и ќе ви овозможи да си поминете незаборавно. Сепак, извесна чувствителна личност може да реагира со љубомора, недоверба или едноставно да не биде расположена. Наоѓањето рамнотежа помеѓу радоста која вие ја барате и ранливоста на оваа личност, најлесно може да биде постигнато со љубезност и умерена смисла за хумор.rn
    rn

    Девица

    rnНа овој празник, обидете се да ги поедноставите работите затоа што страсниот Марс сè уште се движи ретроградно во вашиот знак. Враќањето на место или на активност каде во минатото сте искусиле задоволство, е еден добар начин да ја искористите оваа инаку комплицирана транзиција. Само одржете ги работите едноставни за да го ограничите стресот и да си поминете убаво. Поврзувањето со некој што не сте го виделе некое време е уште еден начин да го прославите овој празник. Можно е да сретнете гласни или некултурни поединци во текот на вечерта. Дадете сè од себе да бидете во духот на забавата и немојте да им дозволите на груби личности да ви го уништат расположението.  Исто така, може да испланирате тивка вечер надвор или да останете дома и да најдете помирни начини на уживање.rn
    rn

    Вага

    rnВашиот вкус за романтика тежнее кон слатката страна, што всушност треба да е поентата на Св. Валентин. Сепак, на овој ден постојат моќни чувства во вашите врски со другите луѓе, кои ја симнуваат фасадата на љубезност за да стигнат до подлабоките лични проблеми. Вашата примамлива владејачка планета Венера, е на пат кон заплеткување со мрачниот Плутон, побудувајќи проблеми со самоконтролата, љубомората и изнесувањето на скриените работи на површина. Страста е дел од пакетот, а ако имате волја да се соочите со непријатните чувства, може да го претворите проблемот во можност да се зближите со некого. Клучот е да бидете искрени кон себе и потоа да ги изразите вашите желби, без да застранувате во презир или во фокусирање на минатото.rn
    rn

    Скорпија

    rnСтраста пулсира додека барате задоволство на подлабоко ниво од она што ќе го најдете на која било картичка за Св. Валентин. Денот започнува со Месечината во вашиот интензивен знак, подигајќи ги влоговите во играта на љубовта.  Вие не сте за флертување или за играње со луѓе кои не се подготвени да се посветат целосно на романсата. Планетата на љубовта, Венера сега се судира со вашата моќна владејачка планета Плутон, интензивирајќи ги врските со поголема желба, но исто така заканувајќи им се со тајност, љубомора и проблеми со контролата. Оваа атмосфера не е идеална за весели активности, но може да ве поттикне да ги поместите границите со вашиот партнер. Само, направете го тоа нежно за да не отидете предалеку и на крајот да создадете криза.rn
    rn

    Стрелец

    rnОдржувањето позитивен став е една од вашите јаки страни и вештина која ќе ви биде потребна овој Св. Валентин. Оптимизмот ќе ви биде неопходен, затоа што имате „сиви чувства“ на денот кога треба да се прославува љубовта. Започнува со Месечината во мистериозната скорпија и вашата таинствена 12-та куќа, што може да не ве доведе во најигривото расположение. Можеби ќе бидете посреќни ако не сте толку активни вечерта или ако поминете време со личност која не очекува многу. Лунарна промена во вашиот знак вообичаено би ја разубавило вечерта, што и во овој случај е возможно. Како и да е, љубовната Венера се судрува со манипулативниот Плутон, а вие не сте некој што сака да биде контролиран. Ако сте незадоволни со вашиот партнер, бидете искрени, но внимателни со вашите зборови.rn
    rn

    Јарец

    rnЕдна од вашите силни страни е тоа што знаете што сакате, но знаењето што и кого не сакате е еднакво важно за овој ден. Секако, празникот треба да претставува славење на љубовта, исполнет со цвеќиња, чоколади и романтика. Но ова не е баш таков ден. Овој Св. Валентин посоодветно е да се зборува за сериозни емоционални проблеми со пријател, отколку да се однесувате како заљубен тинејџер. Добрата вест е што можеби сте подготвени да дискутирате за некои сериозни работи. Ова не е забавно, но може да биде исклучително продуктивно за да се расчистат нерешени прашања кои ве фрустрираат во сегашната врска или во потрагата по нова. Ако и покрај ова, сега одлучите да си „играте“, добро е да знаете дека работите може да станат сериозни, затоа избегнувајте да бидете премногу компетитивни.rn
    rn

    Водолија

    rnИдејата за љубовта е прекрасно нешто и нешто во кое можете целосно да верувате. Сепак, овој концепт можеби нема да се отслика во реалноста на годинешниот комплициран празник. Првичниот проблем е тоа што Венера, планетата на љубовта се вплеткува со Плутон, темниот господар на подземјето. Ова може да предизвика некои провокации кои го разбиваат духот на денот. Но наместо да се трудите да пловите над непријатните чувства, соодветно време е да нурнете длабоко во себе и да размислувате за вашите желби. Доколку тие не се исполнети од вашиот сегашен партнер или сте сингл, интимен разговор со некој на кого можете да му верувате, може да ви помогне да тргнете кон остварување на вашите потреби.rn
    rn

    Риби

    rnДури и романтична личност како вас може да забележи дека овој Св. Валентин повеќе е за копањето длабоко во нашата емотивност, отколку за кратки врски во лесен стил. Многу е важно да бидете ценети, со оглед на тоа што Венера е во вашата 2-ра куќа на самопочитта и се судира со проникливиот Плутон.  Вие веројатно не можете да си ги објасните непријатните проблеми, како на пример чувството да се биде непочитуван или игнориран. Не е убаво кога незадоволството ќе излезе на површина, но тоа е многу поздраво отколку да се потиснуваат чувствата. Решението е во признавањето дека заслужувате љубов и внимание без да се борите за тоа и да сфатите дека не сте жртва. Добивањето на тоа што го сакате, започнува со елиминирање на кое било однесување и верувања кои ви стојат на патот, за да се осигурате дека ве третираат фер.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.