КАФЕ ПАУЗА

Tag: предупредување

  • Знаци на предупредување дека веднаш треба да се ослободите од негативната енергија

    Знаци на предупредување дека веднаш треба да се ослободите од негативната енергија

    Понекогаш доаѓаме до одредена точка кога мораме да признаеме дека во нашиот живот се собрала премногу негативна енергија, која не можеме одеднаш да ја процесираме. На некои луѓе им е многу тешко да се ослободат од негативноста која евентуално целосно ги навладува и станува нивен секојдневен начин на живот. Не дозволувајте таа негативност да ве победи. Постојат одредени знаци кои укажуваат на тоа дека можеби е време да се ослободите од некои непотребни работи кои негативно влијаат на вас и вашиот живот…rnrnЗнаци на предупредување дека веднаш треба да се ослободите од негативната енергијаrn

    Постојано сакате да бидете сами

    rnАко постојано сакате да бидете сами, далеку од другите луѓе, тоа е прилично голем знак дека треба да се ослободите од негативноста во вашиот живот. Првиот чекор кон решавањето на овој проблем е да сфатите кога ви се случува тоа и потоа да го спречите. Кога ќе почувствувате дека сакате да бидете сами, запрашајте се зошто е тоа така, а потоа почнете да размислувате во позитивна насока и ослободете се од тоа чувство.rn

    Постојано се чувствувате депресивно и анксиозно

    rnАко чувствувате голема тага и очај или чувствувате дека никогаш нема да се справите со тешкотиите, тоа е еден од најголемите знаци на предупредување дека време да ѝ ставите крај на негативноста. Одвојте време за себе и вистински почнете да се лечите психички. Медитирајте, вежбајте, хранете се здраво и пронајдете нешто што ве прави среќни и ќе ви помогне да се решите од депресијата и анксиозноста.rn

    Разговорот со луѓето ве исцрпува

    rnДоколку ви е тешко да разговaрате со некого кого го познавате и чувствувате како тоа да ви е еден од најисцрпувачките разговори што сте ги имале некогаш, тоа е исто така еден од големите знаци на предупредување дека негативноста завладеала со вашиот живот. Решението на овој проблем лежи во тоа да бидете активен слушател. Зошто е тоа потребно? Кога целото ваше внимание го посветувате на личноста која говори, повеќе не се концетрирате на негативноста што ја чувствувате, туку обрнувате внимание на она што некој се обидува да го каже. Којзнае, можеби дури и ќе уживате во разговорот и ќе научите многу нови работи.

  • Заљубени во погрешниот: 3 предупредувачки знаци кои не смеете да ги игнорирате

    Заљубени во погрешниот: 3 предупредувачки знаци кои не смеете да ги игнорирате

    Сакате сериозна врска во која партнерот ќе ви биде 100% предаден, но не го добивате тоа од него и затоа сте несреќни? Можеби е крајно време да размислите дали навистина треба да бидете со оваа личност. Со оглед на тоа дека многу мажи се емотивно недостапни, во продолжение прочитајте кои знаци укажуваат на фактот дека е време да ставите крај на оваа врска.rnrnЗаљубени во погрешниот: 3 предупредувачки знаци кои не смеете да ги игнориратеrn

    1. Директно ви кажува дека не бара врска

    rnТој нема намера да ви се предаде само вам и ако тоа отворено ви го кажува, големи се шансите дека нема да се премисли. Ако не ви одговара да бидете во минлива врска, нема цел да го чекате да се премисли или да се обидувате да го смените. За да се поштедите од потенцијалното патење, што побрзо ставете крај на оваа врска и заштитете се од повреда.rn

    2. Обожава да ве „брка“, но кога ќе му дадете позитивен одговор тој губи интерес

    rnСтанува збор за класичната стратегија позната како „топло-ладно“. Мажите кои ја применуваат немаат сериозни намери кон вас, туку ве гледаат како еден вид предизвик или моментална авантура од која добиваат некаков вид задоволство. Тие би ве „ловеле“ сè додека се опирате, а кога конечно ќе попуштите, ќе се повлечат без никаков збор.rn

    3. Неговите зборови не се совпаѓаат со неговите дела

    rnТој ве одвел на романтичен викенд, каде што прекрасно сте си поминале, а потоа без никакво објаснување ви ги откажал сите планови за следната недела. Тој ви испраќа измешани сигнали, кои еден ден се позитивни, а веќе следниот негативни и вие едноставно не можете да го дешифрирате. Но, многу е едноставно – вие за него сте забава кога нема што друго да прави.

  • Знаци кои покажуваат дека ќе дојде до застој на вашето срце: Телото ве предупредува цел месец

    Знаци кои покажуваат дека ќе дојде до застој на вашето срце: Телото ве предупредува цел месец

    Многумина ги игнорираат знаците кои телото им ги праќа со денови, па дури и недели пред срцевиот удар. Сепак дури и кога тој ќе настане, тие имаат шанса да се спасат. Но, застојот на срцето претставува многу полошо сценарио бидејќи неговата електрична активност „излегува“ од ритам и тоа одеднаш престанува да чука. Со реанимацијата може да се добие време, но факт е дека ретко кога пациентите преживуваат.rnrnЗнаци кои покажуваат дека ќе дојде до застој на вашето срце: Телото ве предупредува цел месецrnrnЗа среќа, се открило дека половина од средовечните пациенти доживувале знаци пред застојот и тоа најчесто во облик на болки во градите и недостаток на воздух кои почнувале околу месец дена претходно. Некои пациенти сфаќале дека симптомите им се доволно загрижувачки, па викале брза помош уште пред да дојде до самиот застој, па токму тие и имале многу големи шанси за преживување. Тоа ни дава до знаење дека не треба да ги игнорираме сигналите кои нашето тело ни ги испраќа. Обрнете внимание на болките во градите и недостатокот на воздух и навреме јавете се во болница.rnrnБолките во градите најчесто доминираат кај мажите, додека недостатокот на воздух се појавува кај жените. Други симптоми на кои треба да обрнете внимание се онесвестување и нерамномерно чукање на срцето.

  • 11 начини на кои универзумот ве предупредува дека сте на лош пат

    11 начини на кои универзумот ве предупредува дека сте на лош пат

    Ние можеби не сме целосно свесни за она што во моментот го создаваме, но за среќа универзумот ни праќа многу знаци кои нè известуваат дека сме на прав пат и уште поважно, кои нè предупредуваат доколку сме тргнале по погрешниот. Овие знаци се показатели дека вашата енергија моментално е заглавена или се движи кон ниските фреквенции. Вашите мисли, чувства и дела се насочени негативно, а со тоа се создаваат и низа непосакувани околности.rnrn11 начини на кои универзумот ве предупредува дека сте на лош патrnrnИсто така, кога вашите мисли, чувства и дела се одвиваат на висока вибрација, нештата едноставно паѓаат на своето место. Вие ќе имате совршен тајминг и среќни околности кои ќе ве следат во текот на целиот ден. Токму затоа и важно е да ја насочите вашата енергија кон повисоките фреквенции преку свесното одбирање позитивни мисли и емоции. Имајќи го тоа на ум, често се случува луѓето да заглават на погрешен пат, без да бидат свесни за тоа и како резултат да налетаат на непосакувани околности, но тоа е сосема во ред. Доколку ги послушате овие знаци на предупредување, тогаш брзо ќе можете да се вратите на вистинскиот пат.rn

      rn011

    1. Набиени, исечени или скршени прсти
    2. rn011

    3. Заглавување во голем сообраќаен метеж
    4. rn011

    5. Примање негативни, нечисти и злобни забелешки од другите луѓе
    6. rn011

    7. Физички повреди
    8. rn011

    9. Неочекувани големи трошоци или сметки
    10. rn011

    11. Непријатни инстинктивни чувства во стомакот
    12. rn011

    13. Караница со најблиските
    14. rn011

    15. Болест
    16. rn011

    17. Силна главоболка
    18. rn011

    19. Губење или кршење вреден имот
    20. rn011

    21. Непријатни миризби, звуци или вкусови
    22. rn

    rnСекој од овие знаци е предупредување дека треба да се фокусирате и да ја прилагодите својата фреквенција. Кога ќе наидете на некој од овие знаци на предупредување, престанете со тоа што го правите. Немојте да продолжите да работите на таа задача, да разговарате на таа тема или да бидете опседнати со мислите кои сте ги имале бидејќи на тој начин нема да пристигнете онаму каде што навистина сакате да бидете.rnrnНаместо тоа, земете длабоко воздух, направете еден чекор напред и одвојте неколку минути да размислувате и медитирате, ако сте во можност. Доколку ги препознавате овие предупредувачки знаци вие треба брзо да делувате, бидејќи со едноставниот чин на отстапување и центрирање себеси вие можете да го сопрете тој негативен замав. Од друга страна, немојте ни премногу да се опседнувате со овие знаци, бидејќи тие постојат само како „стоп знак“ во вашиот живот, предупредувајќи ве повнимателно да продолжите понатаму.rnrnСекогаш водете сметка за висината на вашите вибрации, насочете го своето внимание и енергија само на оние мисли, чувства и постапки кои вистински и длабоко резонираат во вашата душа, срце и интуиција.

  • 13 предупредувачки знаци дека животот ви оди за џабе

    13 предупредувачки знаци дека животот ви оди за џабе

    Можно е залудно да си го трошите животот. Секому може да му се случи, но потребно е да се препознае таквата ситуација и да се смени. Ако кај себе препознаете некои од овие знаци, тоа значи дека е дојдено времето за промена.rnrn13 предупредувачки знаци дека животот ви оди за џабеrn

    1. Трошите многу време правејќи работи кои не треба да ги правите

    rnПрекумерно јадење, играње видео игри по цел ден, гледање реални шоуа, третирање на спортските настани како реални шоуа, занимавање со животите на славните личности… Тоа не е база за среќен живот.rn

    2. Премногу се жалите

    rnНе ви чинат работата, шефот, партнерот, професорите, колегите, пријателите… и се жалите за сето тоа. Дури и навистина ништо да не чини и само вие да сте во право, негативноста нема да смени ништо. Почнете со менување на работите во животот.rn

    3. Не го храните умот

    rnКниги, филмови, документарци или долги разговори со умни луѓе го хранат умот и го одржуваат во кондиција. За исполнет живот потребно ви е постојано да учите нови нешта. Тие нови работи носат промени и нови убави моменти во животот.rnrn13 предупредувачки знаци дека животот ви оди за џабеrn

    4. Премногу сте самокритични

    rnУмерената самокритика е здрава, но ако таа почне почесто да „ве посетува“ во моментите кога носите одлуки или се преиспитувате, тогаш вие во себе сте ја дигнале рачната кочница и стоите во место. Потрудете се да ги избркате лошите внатрешни гласови. Тие не ви дозволуваат да преземете акција тогаш кога сакате и прават годините да ви поминуваат за џабе и без некаква голема возбуда.rn

    5. Немате мотив да правите што било

    rnСигурно има нешто што сакате да го правите, но прво треба да сфатите што е тоа. Ако во моментов го немате одговорот на тоа прашање, тогаш тргнете во потрага. Не трошете го времето залудно во неправење ништо што ве исполнува.rn

    6. Не ја планирате иднината

    rnАко не ја планирате иднината, нема ни да ја доживеете како што треба. Немојте животот да го претворите во брод кој лута на сред океан онака како што го носат брановите. Одлучете која е вашата следна дестинација и вклучете го внатрешниот ГПС уред за да ве води.rnrn13 предупредувачки знаци дека животот ви оди за џабеrn

    7. Премногу се дружите со луѓе кои не ви даваат да напредувате

    rnИма луѓе во чие друштво ќе ви биде пријатно затоа што се чувствувате супериорно во однос на нив. Но, тие луѓе ќе ве држат на истото она место каде што сте сега и нема да ви дозволат да растете како личност. Не затоа што се злобни, веројатно ви мислат добро, но не нудат стимулативна средина во која ќе се преиспитувате, ќе сфаќате кои се вашите недостатоци и ќе напредувате. Сакајте ги тие луѓе, но трошете време и на други кои ќе го стимулираат вашиот раст.rn

    8. Зависен/а сте од вашиот телефон

    rnЖивотот не се случува по телефон или на социјалните мрежи. Тие служат за комуникација со оние кои не се тука во време кога не комуницирате со оние што се тука. Немојте да бидете како луѓето од оваа галерија. Не вреди. Тоа е залудно трошење време кое може да се искористи за градење квалитетни врски со некој што е блиску до вас.rn

    9. Трошите пари на небитни нешта

    rnПарите се трошат на она што ви треба, а не на она што „треба“ да го имате. Ако поседувате самртфон кој уредно работи и сакате да го замените со друг смартфон кој не може да работи „поуредно“ од него, џабе си трошите пари. Нив можете да ги потрошите на нешта кои суштински го исполнуваат животот.rn

    10. Не спиете доволно

    rnДури и интензивното живеење на животот бара понекогаш да спиете помалку во интерес на искуствата што можете да ги доживеете во даден период, но понекогаш мора да се притисне на кочницата за да се зачува здравјето. Можеби не веднаш, но подоцна во животот тоа ќе покаже негативни резултати и ќе укаже на тоа дека некаде сте грешеле.rnrn13 предупредувачки знаци дека животот ви оди за џабеrn

    11. Не се грижите доволно за своето тело

    rnОва е една од работите за кои треба многу да се загрижите затоа што е водечката причина за смрт. Пороците, нездравата храна и мрзливоста изгледаат како нешта кои се неопходни за да „се живее животот“, но порано или подоцна тоа ќе покаже дека залудно сте го трошеле времето посветувајќи им внимание. Ќе имате висок крвен притисок, ќе станете дијабетичар, ќе ги загубите забите, некој дел од телото ќе почне да ви откажува послушност… што и да е, ќе се случи нешто поради кое ќе жалите.rn

    12. Не ја напуштате зоната на комфорот

    rnЖивотот без возбуда е залудно потрошен живот. Не зборуваме за онаа плитка и површна возбуда која ја даваат дрогите или брзото возење, туку за напуштање на вашиот внатрешен свет на кој сте навикнале со цел да доживеете нови работи кои ќе ви дозволат таков раст на личноста за кој не сте биле свесни ни дека постои.rn

    13. Не го живеете животот кој го сакате

    rnДури и да ви се чини дека кај вас ги нема претходно набројаните знаци, ако чувствувате дека не го живеете животот што го сакате, преземете нешто. Не дозволувајте животот да ви оди за џабе.

  • 6 знаци дека се впуштате во погрешен брак

    6 знаци дека се впуштате во погрешен брак

    Постојат многу знаци кои можат да ви укажат на тоа дека можеби правите грешка со стапувањето во брак, а кои се однесуваат пред се на односот помеѓу вас и партнерот. Психологот Кристин Мајнеке издвојува шест такви знаци кои низ нејзината практика се докажале како некои кои немаат заедничко со здрава љубовна врска и секогаш водат кон лош брак.rnrn6 знаци дека се впуштате во погрешен бракrn

    Зависност од дрога или алкохол

    rnДобро е познато дека бракот со алкохоличар или зависник од дрога никако не може да биде добар. Тие немаат брачни партнери, туку заложници. Ако алкохоличарот успее да ве изманипулира, вашето друштво и љубов ќе му бидат само средство за избегнување на природните последици од неговото деструктивно однесување и можност да го избегне напорот на откажувањето од алкохолот.rn

    Емоционално насилство

    rnСвеста за постоењето на емоционалното насилство во последно време расте и сè повеќе луѓе, пред сè жени, се решаваат да ги избегнат луѓето кои се штетни за нив. За жал, има многу кои фантазираат дека нивната љубов ќе го смени партнерот, но наместо тоа стануваат нивни жртви. Прочитајте повеќе за предупредувачките знаци на емоционално насилство на кои треба да внимавате.rn

    Физички напад

    rnФизичкиот е логична последица на емоционалниот напад. Такво нешто е неприфатливо. Единствен избор е да се напушти таквиот партнер навреме, сè друго е неразумно и на сопствена штета.rn

    Несоодветно покажување гнев

    rnСекој човек покажува агресивност и гнев, но некои тоа го прават на начин којшто деморализира, заплашува или манипулира. Таквите личности мора да се избегнуваат затоа што тоа е знак дека се неспособни да покажат емпатија. Пожелно е да се избере партнер којшто знае како да се контролира.rn

    Љубомора и потреба за контрола

    rnНаспроти владејачката заблуда, потребата за контрола и љубомората немаат врска со љубовта. На клиентите на Мајнеке кои имале проблеми со љубоморните партнери им било кажувано како да се облекуваат, каква фризура да носат, каде да излегуваат, а каде не, па дури им било забранувано да се дружат со некои луѓе. Тоа не е љубов.rn

    Избегнување одговорност

    rnНекои луѓе според бројот на годините се возрасни луѓе, но не се доволно созреани за својата возраст. Ретко кога сами заработуваат и неодговорно се однесуваат со парите. Очекуваат секогаш некој да ги чека, а потоа и да ги забавува. Немаат некој позначаен успех зад себе поради емоционалната неспособност целосно да ја преземат одговорноста врз својот живот, што ги прави погрешен избор за стапување во брак.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најдобрите рекламни постери за презервативи

    Најдобрите рекламни постери за презервативи

    Кога станува збор за маркетинг на ваков тип производи, тогаш изработувачите и маркетинг агенциите мора да се многу ентузијастички настроени бидејќи можат максимално да се изразат на безброј начини. Сите овие реклами се перфектно смислени и многу креативни. Дел од нив ќе ве насмеат и истовремено ќе ве предупредат, пренесувајќи ви силна порака. Најдобрите реклами се нормално од компанијата „Durex“. Ова се само мал дел постери кои ние ги издвоивме за вас.rnrnНајдобрите рекламни постери за презервативиНајдобрите рекламни постери за презервативиНајдобрите рекламни постери за презервативиНајдобрите рекламни постери за презервативиНајдобрите рекламни постери за презервативиНајдобрите рекламни постери за презервативиНајдобрите рекламни постери за презервативиНајдобрите рекламни постери за презервативиНајдобрите рекламни постери за презервативиНајдобрите рекламни постери за презервативиНајдобрите рекламни постери за презервативиНајдобрите рекламни постери за презервативиНајдобрите рекламни постери за презервативиНајдобрите рекламни постери за презервативиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Предупредување: филмот може да содржи сцени со пушење цигари

    Предупредување: филмот може да содржи сцени со пушење цигари

    Филмовите кои го опишуваат актот на пушење цигара, треба да го содржат истото предупредување според возраста, какво што имаат содржините со графички прикажан секс и насилство, велат експертите. Ова нивно тврдење произлезе како резултат на едно истражување, кое ни открива дека тинејџерите се посклони да ја преземат оваа смртоносна навика, откако ќе гледаат филмови кои го гламуризираат пушењето.Предупредување: филмот може да содржи сцени со пушење цигариИстражувањето спроведено од страна на Универзитетот Бристол открило дека петнаесетгодишните тинејџери кои имаат гледано поголем број филмови, во кои актерите се прикажани како пуфкаат цигари, се за 73% посклони да запалат една цигара за да видат какво е чувството, во однос на оние кои гледале помалку вакви филмови. Речиси 50% од тие кои гледале повеќе филмови во кои се пушат цигари, имаат тенденција да станат или веќе се редовни пушачи. Предупредување: филмот може да содржи сцени со пушење цигариБританскиот центар за контрола на тутунот апелира до Британскиот одбор за филмска класификација и до Владата да ја разгледаат нивната политика на работа, расправајќи дека тинејџерите под 18 години треба да бидат заштитени од потенцијално штетно сликовито изложување на пушењето цигари.rnrnД-р Андреа Вејлен, која го предводела медицинското истражување, изјавила:rn.rn

    „Повеќе од половина од филмовите прикажани во Велика Британија кои содржат пушење, се класифицирани за гледање од страна на публика која има 15 или под 15 години, така што децата и младите тинејџери се очигледно изложени на опасност. Нашите резултати ја потврдуваат поврзаноста помеѓу ова изложување во филмовите и пушењето кај младите лица и тоа индицира дека предупредувањето треба да се однесува на лица под 18 години, кое постои веројатност да го намали бројот на млади пушачи.“

    rnДокторот од Универзитетот во Бристол, од студиите за орална и дентална медицина, додал:rn.rn

    „Филмовите треба да бидат класифицирани врз основа на степенот на изложувањето на пушењето цигари, на ист начин како што се рангирани според нивото на насилство застапено во нив. Таквата политика со класификација според возраста на филмовите во кои актерите пушат, е во согласност со забраната за рекламирање цигари во сите други медиуми.“

    rnВо текот на истражувањето, повеќе од 5.000 тинејџери биле прашани дали ги имаат гледано 50-те филма кои биле избрани по случаен пат од бокс офисот на најпопуларни филмови снимени во периодот од 2001 до 2005 година. Во нив биле вклучени филмови како Спајдермен, Бриџит Џонс и Матрикс.Предупредување: филмот може да содржи сцени со пушење цигариПодатоците, кои биле објавени во напис во медицинскиот весник „Торакс“, потоа биле споредени врз основа на тоа дали секој од тинејџерите имал некогаш пробано цигара во животот или дали е редовен пушач, во моментот на истражувањето. Истражувачите го земале предвид консумирањето алкохол како фактор за пушење цигари кај тинејџерите, кој е познат дека им влијае пушењето да им постане навика. Тие откриле дека, оние тинејџери кои ги гледале повеќето филмови во кои има сцени со пушење цигари, биле за 32% посклони и самите да запалат цигара.Предупредување: филмот може да содржи сцени со пушење цигариОд Британскиот одбор за филмска класификација изјавиле дека моменталните предупредувања на филмовите се соодветни и се одраз на желбата на гледачите, со оглед на дадените докази за штета од пушењето во филмовите.rnrnДејвид Кук, директорот на овој одбор изјавил:rn.rn

    „Гламурозното пушење е проблематично за класифицирање во нашите објавени квалификациски упатства. Не постои јавна поддршка за автоматска класификација, како на пример во филм за кој не е потребен надзор од родител/старател, ако има сцена со пушење цигари да му биде ставено предупредување да не го гледаат тинејџери под 18 годишна возраст.“

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.