КАФЕ ПАУЗА

Tag: предигра

  • Неколку едноставни начини да го возбудите за само 60 секунди

    Неколку едноставни начини да го возбудите за само 60 секунди

    Со овие едноставни и брзи игри можете да го возбудите дури и за време на оние денови кои и двајцата сте претерано зафатени со вашите работни обврски. Тие за само 60 секунди можат да донесат свежина во вашата врска и да ја разгорат страста помеѓу вас…rnrnНеколку едноставни начини да го возбудите за само 60 секундиrn

    Играјте „погоди ја облината“

    rnСо вашиот смартфон фотографирајте делови од телото и испратете му ги фотографиите со објаснување да погоди за кој дел од вашето тело станува збор.rn

    Испратете му сликовита порака која ќе ја разгори неговата фантазија во момент кога тој најмалку очекува

    rnНајдоброто време за оваа порака е кога тој е на работа (но, внимавајте да не е на важен состанок) или пак, наутро веднаш по будењето. Напишете му нешто за што ќе размислува цел ден, како на пример, „Ги посакувам твоите раце врз моето тело!“ или „Ти, јас, мојот кревет, вечерва, во 22 часот!“rn

    Употребете играчки во предиграта

    rnРазмислете само колку би помогнале вибрациите во масажата на ерогените зони.rn

    Измислете зборови или кратенки кои само вие двајца ќе ги разбирате

    rnСледен пат кога ќе бидете со вашите пријатели и не можете отворено да разговарате, упатете му „кодирана“ порака за да знае точно што се врти во вашите мисли.rn

    Поставете секси песна за вашите повици на неговиот мобилен телефон

    rnКога и да му се јавите, оваа песна ќе побудува сексуални мисли кај него.rn

    Снимете кратко секси видео и испратете му го со порака дека го очекувате истото и од него

    rnНо, имајте на ум дека телефоните се губат и за да избегнете непријатни ситуации не го снимајте вашиот лик, ниту пак кажувајте имиња кои би откриле за кого станува збор.

  • Игри за почетници: 3 фетиши од кои никој не би требало да се срами

    Игри за почетници: 3 фетиши од кои никој не би требало да се срами

    Сексот кој вклучува фетиши отсекогаш предизвикувал амбивалентни чувства на привлечност и одбивност во исто време, па токму затоа многумина не се осмелуваат долго време да ја истражуваат оваа страна од нивната сексуалност. Но, и покрај тоа што оние кои имаат одредени фетиши порано се сметале за чудаци, денес работите полека се менуваат и луѓето стануваат многу поотворени кон нив нив.rnrnИгри за почетници: 3 фетиши од кои никој не би требало да се срамиrnrnФетишите обично се фиксација на одредени нешта како високи потпетици, секси долна облека или пак, врзување. Тоа понекогаш не вклучува чудни работи, ниту пак екстремни кои не би биле прифатливи и за двете страни. Но, за возврат тие може да ви донесат нови елементи на фантазија и да го зачинат односот со вашиот партнер. Па, доколку сакате да истражите нова страна од вас, дури и да сте многу срамежливи, ви препорачуваме да ги пробате овие секси игри…rn

    Врзување

    rnГолеми се шансите дека многумина веќе ја пробале благата верзија од овој фетиш која вклучува „заврзи ме за време на предиграта, но одврзи ме за време на сексот“. Овие интимни игри можат да ја зголемат страста бидејќи едниот партнер во целост се предава на другиот и токму тоа чувство на беспомошност и препуштање може да биде извонреден афродизијак. Доколку сакате да го пробате овој вид интимност, договорете се со партнерот однапред што ќе користите за врзување и имајте на ум дека целта е едниот од вас целосно да ја преземе контролата, па токму затоа потребни ви се и јасни правила за работите да не избегаат од контрола.rn

    Играње улоги

    rnИграњето улоги е одличен пример за фетиш во кој можете да искусите огромен број фантазии. Во овој вид сексуален однос можете да пробате сè што ќе ви падне на памет, започнувајќи од секс со странец, секс во кој глумите неверство или пак, секс со стриптизерка. Можеби на почетокот ќе ви биде непријатно или смешно, но во соодветна атмосфера би требало да можете добро да ја одиграте вашата улога.rn

    Облекување како друга личност

    rnОблекувањето не мора да биде ограничено само на секси медицинска сестра или француска слугинка. Дозволете ѝ на вашата фантазија да надвладее и обидете се да бидете креативни. Користете различни видови градници, корсети или танги од необични материјали. Имајте на ум дека и покрај тоа што чипката и свилата би биле добар избор, најголем дел од фетишите се поврзуваат со кожен материјал, оној кој сјае. Изборот е ваш.

  • Што жените сакаат мажите да знаат за сексот, но не би им кажале сами?

    Што жените сакаат мажите да знаат за сексот, но не би им кажале сами?

    Да, знаеме. Жената е мистерија. Никогаш не знаете што мисли, што сака (бидејќи и самата не знае) и најважно од сè – како да ја задоволите. Вечна дилема за мажите е откривањето дали партнерката е вистински сексуално задоволена или само не сака да го навреди. Затоа, да ви помогнеме. Еве што сè жените посакуваат мажите да знаат за сексот.rnrnШто жените сакаат мажите да знаат за сексот, но не би им кажале сами?rn

    Сексот не завршува кога мажот ќе заврши

    rnПостои голема шанса вашата партнерка да сака да продолжите за играта да биде фер.rn

    Вашата девојка нема да ги сака истите работи што вашата бивша ги сакала во кревет

    rnБидејќи сите девојки се различни, едноставно прашајте ја што ѝ се допаѓа, а што не.rn

    Кога не можете да го најдете клиторисот употребете зборови

    rnПрашајте ја вашата партнерка дали ѝ се допаѓа она што го правите.rn

    Бидете внимателни, жените се премногу чувствителни

    rnТоа премногу добро може да стане болно, па бидете нежни.rn

    Обрнете повеќе внимание на предиграта

    rnНавистина, не посветувајте ѝ само неколку секунди, предиграта е важна за жените. Направете вашата партнерка да биде таа која ќе ви рече да прекинете со предиграта.rnrnШто жените сакаат мажите да знаат за сексот, но не би им кажале сами?rn

    Не очекувајте вашата девојка да биде како порно ѕвездите

    rnНиту на изглед ниту во кревет. Тоа што нема да вреска како заклана не значи дека не сте добар во кревет.rn

    На жената ѝ е потребно повеќе време за да доживее оргазам

    rnМногу повеќе за разлика од мажот.rn

    „Работата“ со прсти веројатно нема да ја доведе вашата партнерка до оргазам

    rnКакви и да се вашите очекувања, тоа е вистината.rn

    Жените не сакаат секс за време на менструација

    rnОд голем број причини. Да почнеме со непријатноста и стравот од инфекција. Едноставно воздржете се неколку дена.rn

    Жените не се толку физички слаби

    rnЖените поднесуваат големи болки секој месец, а да не зборуваме за породувањето. Затоа, не плашете се одвреме-навреме да бидете малку груби, вашата партнерка нема да се скрши на парчиња. Секако, повторно бидете внимателни и не заборавајте дека рековме МАЛКУ груби.rn

    Не плашете се на вашата партнерка да ѝ „сервирате“ нови и жешки предлози

    rnКонзервативното верување дека жените се воздржани кога станува збор за сексот, е само стереотип од 19-ти век. Жените сакаат да уживаат во сексот исто колку и мажите и сакаат да пробуваат нови работи. Така што, не плашете се, кажете ѝ ги вашите најскриени фантазии на вашата партнерка.rnrnШто жените сакаат мажите да знаат за сексот, но не би им кажале сами?

  • 10 начини да доживувате подобри и посилни оргазми

    10 начини да доживувате подобри и посилни оргазми

    Постојат оргазми и не-престанувај-продолжи-така-лебдам-во-облаците оргазми. Ако целите кон вторите, може да ви изгледа дека е тешко да се постигнат, но на овие 10 начини можете да постигнете подобар оргазам уште вечерва.rnrn10-nachini-da-dozhivuvate-podobri-i-posilni-orgazmi-kafepauza.mkrn

    1. Повеќе окситоцин

    rnОкситоцинот, или повеќе познат како љубовниот хормон, може да биде клучот за подобри оргазми – вака барем се вели во новата студија на списанието Хормони и однесување. Студијата открила дека двајцата партнери кои примале окситоцин во вид на спреј низ носот доживувале посилни оргазми од оние двојки кои земале плацебо. Бидејќи тешко дека ќе најдете окситоцин во спреј форма, зголемете го неговото ниво на традиционален, природен начин – со гушкање, милување и со други потези со кои ќе му покажете љубов на партнерот. Вашиот сексуален живот ќе ви биде благодарен.rn

    2. Фокусирајте се на предиграта

    rnНе би се обиделе да се натпреварувате во трчање, без претходно добро да се загреете, нели!? Исто е и во спалната соба. Во истражување спроведено од Американското социолошко испитување, на жените им биле зголемени шансите за оргазам за 18% кога се стимулирале самите со рака, а за 9% кога добивале орален секс.rn

    3. Користете лубрикант

    rnЛубрикантот е неопходен, не само бонус за подобро задоволство. Во едно истражување, дури 50% од луѓето изјавиле дека им било полесно да постигнат оргазам кога користеле лубрикант.rn

    4. Вежбајте соло

    rnШансите да доживеете врвно задоволство со вашиот партнер се многу поголеми кога ќе сфатите како да го правите тоа сами. Експериментирајте во соло сесии за да откриете што точно ве носи кон врвот. Колку подобро си го познавате телото, толку подобри оргазми ќе доживувате.rn

    5. Одложувајте го задоволството

    rnЗнаете дека добрите работи им се случуваат на оние кои трпеливо чекаат. Неодамнешна студија објавена во Списанието за сексуално истражување открила дека кога ќе се доведете до врвот и ќе престанете, градите поголем и поинтензивен оргазам. Може да звучи неинтуитивно, но почекајте додека дојдете до 90% на патот до постигнувањето оргазам и тогаш паузирајте, забавете и потоа повторно продолжете да го градите возвишеното чувство. Повторувајте сѐ додека повеќе не можете да издржите. Оргазмот кој конечно ќе се случи ќе биде вреден за чекањето и воздржувањето.rn

    6. Фокусирајте се на вашата К-точка

    rnЕдна од главните причини поради кои жените не можат да постигнат оргазам за време на сексуалниот чин е бидејќи не добиваат доволно контакт преку клиторисот.rn

    7. Набавете ја потребната опрема

    rnПонекогаш за силен оргазам потребна е само една играчка на батерии. Но, изборот на додатоци за секс-игра е голем, па можете да изберете што ви одговара вам, но и на партнерот за да постигнете двајцата експлозивен финиш.rn

    8. Внимателно одбирајте ја храната

    rnОдредена храна исто така влијае на либидото, па конзумирајте овесна каша и праски доколку сакате уште повеќе да го засилите чувството кое доаѓа на линијата за финиш.rn

    9. Правете кегелови вежби

    rnОдредени експерти се колнат дека силните карлични мускули се клуч за посилни оргазми. За среќа, овие вежби можете да ги правите во секое време, на секое место.rn

    10. Вежбајте

    rnАко сте во фит форма, ќе бидете посамоуверени за својот изглед во спалната соба. Една студија од 2007 година спроведена на Универзитетот во Синсинати потврдила дека оние кои редовно вежбале биле сексуално позадоволни.

  • 4 големи заблуди за сексуалната предигра

    4 големи заблуди за сексуалната предигра

    Иако жените уживаат во бакнежите, допирите и нежностите на партнерот, сепак предиграта не е клучот на сексуалното задоволство. Ова се четирите заблуди кои ја пратат сексуалната предигра.rnrn4 големи заблуди за сексуалната предигра rn

    1. Една ерогена зона е доволна за да се возбудите

    rnУбавината е во истражувањето и експериментирањето. Машкото и женското тело е преполно со ерогени зони, а надразнувањето на само една може да има спротивен ефект. Предиграта мора да биде разновидна, бидејќи во спротивно може брзо да ви досади.rn

    2. На жените им е потребна подолга предигра

    rnОва тврдење воопшто не е точно, бидејќи на жената ѝ е важен начинот на кој партнерот ја допира, а не колку долго тоа го прави. Исто така и фазата на менструалниот циклус не влијае на тоа колку жените се расположени за секс.rn

    3. Тоа што го возбудува партнерот треба да се повторува

    rnОва е погрешно, бидејќи константното поновување на истите работи може да му стане одбивно на партнерот. Разговарајте за вашите фантазии и посакувани работи, па ќе влезете во еден сосема нов сексуален свет.rn

    4. Предиграта им е потребна само на жените

    rnВо многу случаи тоа изгледа така, но дефинитивно не е вистинито. Предиграта им е подеднакво потребна и на мажите и на жените, особено во подоцнежните години.

  • Што открива хороскопот за неговите сексуални желби?

    Што открива хороскопот за неговите сексуални желби?

    Астролозите тврдат дека сексот кој вашето момче го посакува, е директно поврзан со неговиот хороскопски знак. Без разлика дали верувате во ова или сметате дека е тотално неточно, сепак е забавно да прочитате што знакот на мажот во вашиот живот, зборува за неговите сексуални потреби.

    rn

    Што открива хороскопот за неговите сексуални желби?

    rnrn

    Овен

    rnТој обожава жесток и брз секс. Откинете ја облеката од неговото тело и започнете ја дрската предигра уште во истиот момент кога ќе влезе низ вратата. Со ваквиот пристап, преку кој му покажувате дека ви е потребен токму во тој момент, ја зголемувате неговата самодоверба и сладострасност.rn

    Бик

    rnБиковите се многу визуелни луѓе, па затоа тој би подивил доколку пред себе има провокативна и сензуална глетка. Однесете го до работ на задоволството играјќи му малку стриптиз, полека откривајќи му ја вашата секси црно-розова долна облека.rn

    Близнаци

    rnТој копнее по непристоен разговор како предигра за одличен секс. Валканите муабети ќе го здиват. Додека е исполнет со сексуална енергија, кажете му колку многу го посакувате или опишете му како точно се чувствувате во моментот.rn

    Рак

    rnТој сака длабок, емотивен секс. Копнее да се чувствува блиско и поврзано со вас додека го прави тоа. Обидете се со секс-позата „лажица“ (двајцата лежите на кревет, а тој е легнат зад вас, паралелно на вашето тело). Тоа е интимна секс поза, која ги притиска неговите копчиња.rn

    Лав

    rnТој сака бавно да му ги распалувате страстите. Соблечете ја вашата долна облека уште во текот на вечерата и пикнете му ја во џеб. Задевајте го, играјте интересни секс-игри и тој нема да се одлепи од вас цела вечер.rn

    Девица

    rnМашките девици сакаат маратонски секс. Обожава долго да води љубов, при што сите негови сетила ќе се разбудат. Ова значи дека секси музика и многу предигра му се секогаш добредојдени.rn

    Вага

    rnОвој маж копнее по утринска љубов. Разбудете го од спиење, играјќи си со неговото тело користејќи ги вашите усни, јазик и раце. Полудете го со утрински орален секс, до моментот кога ќе забележите дека го достигнува врвот и почнува да ве моли за повеќе.rn

    Скорпија

    rnБавниот, сензуален секс ја раздвижува крвта во неговото тело. Тој ќе обожава да ве заведува и не му пречи со часови да ужива во сексуалниот чин, интензивно доживувајќи ја секоја воздишка, возбуда и емоција.rn

    Стрелец

    rnАвантуристичкиот стрелец навистина обожава спонтан, неочекуван секс. Па затоа, додека спокојно си гледа телевизија, полека приближете му се и започнете да ги допирате неговите чувствителни машки делови од телото. Неочекуваноста на ситуацијата, ќе го наполни неговото либидо како никогаш порано.rn

    Јарец

    rnОвој дечко ја обожава сензуалноста од комбинирање вкусна храна и врел секс. Истурете чоколаден прелив врз вашето голо тело и дозволете му да го излиже од вас.rn

    Водолија

    rnУникатните водолии имаат оригинален поглед кон сексот, како што имаат кон сѐ друго во животот. Задоволете ја неговата перверзна визија, полека соблекувајќи се пред неговите очи, а потоа почнете да се самозадоволувате. Ваквата глетка инстантно ќе ги растресе неговите колена, а набргу ќе дојде да ви се придружи.rn

    Риби

    rnОвој маж ќе го полудите доколку вкочането гледате во неговите очи, во моментот додека доживувате оргазам. Тој обожава да гледа во вашето лице додека сте во сексуална екстаза, бидејќи тоа прави да се чувствува близок со вас.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вашата омилена боја открива какви сте во сексот

    Вашата омилена боја открива какви сте во сексот

    Омилената боја, може да открие многу работи за една личност, вклучително и нејзиното однесување за време на сексуалниот чин. Доколку не сте сигурни која е вашата омилена боја, ѕирнете која доминира во вашиот гардеробер или во вашата соба и прочитајте какви сте под чаршафите. :)rnrnВашата омилена боја открива какви сте во сексотrn

    Црвена

    rnСтрасни сте во сексот и уживате во него на секој можен начин. Не постои нешто во сексот, кое вие не би сакале да го пробате. Обожавате кога партнерот копнее да биде интимен со вас, особено кога чувствувате дека имате моќ над него. Доколку и вашиот партнер ја сака црвената боја, вие двајца сте како главни ликови од одличен еротски роман.rn

    Жолта

    rnВашиот сексуален нагон е прилично комплексен, но истовремено и прилагодлив. Сакате доминантни партнери, кои ја имаат целосната контрола во сексот. Никогаш не уживате комплетно во сексот бидејќи сте премногу срамежливи да кажете на глас што ве возбудува, но никогаш и не би одбиле покана од некој кого обожувате или на кој му се восхитувате.rn

    Розова

    rnВо сексот сте незрели. Жените кои сакаат розово имаат тенденција да го предизвикуваат партнерот и му ветуваат повеќе одошто можат да му пружат. Некои од нив премногу ја нагласуваат нивната женственост, а тоа е така бидејќи потајно ги мразат мажите. Машките љубители на розова боја, имаат тенденција да бидат неверни. Тие се големи женкари и приврзувањето едноставно не е за нив.rn

    Виолетова

    rnСебеси се сметате за софистицирана личност и не го обожавате баш сексот, бидејќи е премногу валкан за вас. Жените стравуваат дека ќе си ја расипат косата ако имаат секс, а мажите се однесуваат како да ѝ нудат бизнис-предлог на нивната партнерка, а не водење љубов. Ги сакате контролата и правилата, поради што сте склони кон рутински секс. Поважно ви е вашето уживање, во однос на желбите и потребите на партнерот.rn

    Зелена

    rnВашиот пристап во сексот е нежен и искрен. Жените кои сакаат зелена, цел живот ќе водат љубов како да се девици. Мажите се малку тромави и чудни во сексот, но на еден привлечен и шармантен начин. Сексот секогаш го доживувате како чисто водење љубов. Нежни сте, но не сте страсни. Вашиот партнер никогаш не треба да се грижи и посомнева дека ќе го изневерите.rn

    Портокалова

    rnСексот го доживувате како фантазија. Предиграта ви е подеднакво важна како и самиот чин на водење љубов. Иако ретко доживувате оргазам, вие секогаш уживате во самата игра на заведување, која неретко вклучува и сцени од филмови, како на пример оставање трагови од нокти на грбот на партнерот и влечење на косата на партнерката.rn

    Црна

    rnСакате предизвици, нови начини на уживање и неочекувани ситуации. Можеби сте склони и кон поперверзен секс. Себични сте, имате променливо расположение, а во сексот гледате бегство од вашиот гнев и фрустрации.rn

    Кафена

    rnВие сте нежни, чувствителни и ги почитувате желбите и потребите на партнерот. Можете да водите љубов со часови. Романтични сте, поради што многу уживате во самиот чин на заведување и флертување. Поради вашата сензитивност, само еден погруб збор од вашиот партнер, може да значи крај на врската. Вие ја давате сета љубов која ја чувствувате, но очекувате исто (па и повеќе) за возврат.rn

    Сива

    rnПрилично сте неодлучни и тешко се возбудувате. На машките љубители на оваа боја, сексот им служи за ослободување од притисокот и задоволување на нагоните, додека за жените сексот во превод значи задоволување на потребите на партнерот или неопходен пат за проширување на семејството.rn

    Сина

    rnВнимателни сте и чувствителни, а љубовта и сексот за вас претставуваат уметност. Страсни сте и се возбудувате како моќен морски бран. Ја сакате предиграта, исто колку и самиот секс. Верни сте на својот партнер, многу давате, но и многу очекувате. Вие сте одличен брачен материјал – секогаш ќе го правите партнерот задоволен и никогаш нема да барате утеха кај некој/a друг/а.rn

    Бела

    rnСексот за вас е нешто интимно и таинствено. Обожавате да водите љубов во мрак, што значи дека сте срамежливи и не сте баш подготвени за сексуални игри. Туширање пред и по сексот е честа појава кај вас, но тоа не значи дека сметате дека вашиот партнер е валкан. Вие едноставно сметате дека чистотата е начин да се покаже респект кон партнерот. Според вас, сексот треба да биде дел само од сериозните љубовни врски.

  • 11 чудни фобии поврзани со сексот

    11 чудни фобии поврзани со сексот

    За некои луѓе сексот не претставува обострано уживање и задоволство, туку вистинско психичко измачување. Прочитајте некои од чудните сексуални фобии кои ги имаат некои луѓе.rnrn11 чудни фобии поврзани со сексотrnrnОпшт поим е еротофобија – страв од сите работи поврзани со сексот, кои понатаму се делат на неколку категории.rnrnПартенофобија – страв од девици или млади девојки. Додека некои би дале сѐ за да имаат секс со млади девојки, за оние кои патат од оваа фобија, тоа претставува вистински кошмар.rnrnМедортофобија – страв од пенис во ерекција.rnrnМедомалакуфобија – страв од еректилна дисфункција. Овие луѓе не само што не сакаат да бидат голи, туку нив им е застрашувачки и кога ќе видат некој друг гол. Страшно!rnrnГимнофобија – страв од голотија.rnrnЕуротофобија – страв од женски гениталии. Додека некои се восхитуваат на женскиот полов орган, на некои и самата помисла на вагина им предизвикува застрашувачко чувство.rnrnОнеирогмофобија – страв од сонување „влажни соништа“.rnrnГенофобија – страв од секс.rnrnМалаксофобија – страв од сексуална предигра.rnrnФилемафобија – страв од бакнување.rnrnСексуална клаустрофобија – страв од имање секс во затворена просторија.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дали сте задоволни од вашиот сексуален живот?

    Дали сте задоволни од вашиот сексуален живот?

    Ајде да разговараме за секс. Не бидете срамежливи, ние веќе ги добивме одговорите на сите прашања. „Yahoo! Shine“ и „Fitness Magazine“ направиле истражување во кое учествувале преку 1.000 возрасни испитаници за да дознаат што придонесува за нивното сексуално возбудување, така што навлегле во најинтимните детали од нивните љубовни животи. Продолжете со читање, знаеме дека сте љубoпитни…rnrnДали сте задоволни од вашиот сексуален живот?rnrnНајсигурниот пат до водење љубов и кај мажите и кај жените е преку вечера и шише вино. Околу 24% од мажите и 26% од жените одговориле дека ова е магичната комбинација за разгорување на нивните страсти. Кај помладите мажи и жени (18-34 години) слично влијание има и СМС-порака или имејл со секси содржина (22% во споредба со само 12% од нивните постари двојници). И скоро половина од сите возрасни (50% од мажите и 43% од жените) имале барем еднаш „жешки разговори“ преку телефон за да ги „загреат“ работите.rnrnМала помош за мажите: најдобриот пат да направите вашата девојка да се чувствува секси е да и кажете „Те сакам.“ Скоро половина од жените (42%) велат дека на тој начин нивното либидо најбрзо се зголемува. Двојно помал е бројот на жените кои одговориле дека овој ефект го има реченицата „Жешка си“ (25%).rnrnДали некогаш сте се запрашувале дали другите луѓе имаат повеќе секс од вас? Одговорот зависи од тоа дали сте венчани или „официјално“ слободни. Паровите кои се венчани или живеат заедно во просек имаат секс околу 2,4 пат неделно, за разлика од оние кои се слободни (не живеат заедно), велат дека се многу зафатени на тоа поле – во просек околу 5,3 пати неделно.rnrnДали сте задоволни од вашиот сексуален живот?rnrnДобрите вести за паровите се дека 38% од нив фантазираат за нивниот партнер додека пак, 19% фантазираат за колега и 8% за сопругот/сопругата на нивните пријатели. Лошите вести за оваа тема се дека 38% исто така фантазираат и за одредена позната личност.rnrnШто се однесува до должината на сексуалниот однос, интересно е што жените велат дека во просек трае околу 39 минути од предиграта до големото „О“ додека пак мажите велат дека трае околу 45 минути. Мислите дека само се надеваат на тоа? Мажите исто така сакаат да поминуваат повеќе време „под чаршафите“ отколку жените: 53% од мажите се задоволни со должината на времетраењето на односот, во споредба со 65% од жените.rnrnЗначително повеќе мажи би одбрале секс доколку добијат еден час повеќе во денот. 46% од мажите велат дека токму тоа би го направиле во овој дополнителен час, за разлика од жените (24%). Всушност поголем број жени (26%) би сакале повеќе да спијат отколку да имаат сексуален однос. Можеби тоа е затоа што нивните партнери ги одржувале будни до доцните вечерни часови со многу добар секс? Се надеваме дека е така…

  • Астрологијата и сексуалната предигра

    Астрологијата и сексуалната предигра

    Се обидувате да ги „загреете“ страстите помеѓу вас и вашиот партнер за обострано да уживате во претстојната ноќ? Астрологијата и овој пат ќе ви помогне да сфатите што е тоа кое вас двајца ве возбудува и ќе ви обезбеди незаборавно сексуално доживување под чаршавите?rnrnАстрологијата и сексуалната предиграrn

    Земјени знаци: Бик, Девица и Јарец

    rnДел од предиграта на овие знаци се вкусна храна и квалитетно вино. Тие обожаваат масажа, прегратки, допири и еден куп нежности. Земјените знаци се страсни и сензуални типови луѓе, кои брзо ќе се возбудат и ќе се препуштат на милувањата под чаршавите, но само доколку сите нивни сетила, се комплетно задоволени.rnrnСовет: Доколку вашиот партнер е земјен знак, ви советуваме да го нагостите со гурманска храна, добра музика, пријатен мирис и безброј нежни допири. Ако и понатаму се двоумите дали вашиот партнер е подготвен да ја помине вечерта со вас и „да оди до крај“, пробајте со масажа на стапала, притоа употребувајќи лосион со свежа арома или масло.rn

    Огнени знаци: Овен, Лав и Стрелец

    rnСтраст, возбуда и опасни, авантуристички доживувања ги „палат“ огнените знаци. Овие личности посакуваат креативност и спонтаност во спалната соба и сакаат да испробуваат нови секс-пози и да експериментираат со повеќе различни партнери. Искусни и по малку диви, огнените знаци ценат кога личноста со која се во кревет, ќе ја покаже својата „дива страна“.rnrnСовет: Доколку се спремате да излезете на состанок со некој огнен знак, изберете некоја невообичаена локација и облечете се во примамлива секси облека. Изненадете ги со некоја интересна играчка или некој специјален подарок. Заземањето улоги или некои други авантуристички сексуални игри, дефинитивно ќе го возбудат вашиот партнер, кој е огнен астролошки знак.rn

    Воздушни знаци: Близнаци, Вага и Водолија

    rnОвие остроумни и интелигентни личности ќе се возбудат во оној момент кога нивниот ум ќе биде стимулиран. Со добар разговор, разменување интересни идеи и кажување досетки, ќе го одведете вашиот воздушен знак во кревет побрзо отколку што сте очекувале. Бидејќи бакнежите, милувањата и гушкањата не се дел од нивниот заводнички репертоар, пробајте да ги освоите со одбрани интелигентни реченици.rnrnСовет: Ако вашиот партнер припаѓа во астролошката категорија воздушни знаци, неколку часа пред да излезете на состанок со него, испратете му секси СМС-порака или имејл, бидејќи тој неверојатно многу ужива во сексот преку телефон. Пронајдете некои еротски приказни и книги и испратете им ги на вашиот партнер, пред да се видите, за да му ги „подгреете“ страстите.rn

    Водни знаци: Рак, Скорпија и Риби

    rnРомантичните и чувствителни водени знаци, сакаат прво да се почувствуваат емотивно поврзани со партнерот, пред да се поврзат на други начини. Ним им е потребно да мислат дека нивниот партнер можеби е нивната животна судбина или дека нивната врска има некаква цел и води кон нешто или пак да осетат обострана магнетска сексуална привлечност, пред да се „претопат“ во прегратките на својот партнер. Целосно ги вклучуваат нивните емоции во секоја ситуација, па ако не сте доволно внимателни со нив во своите постапки, тие ќе се премислат во врска со вас и ќе го вратат односот кој го градите, за неколку чекори наназад.rnrnСовет: Магнетизирајте го вашиот партнер кој спаѓа во категоријата водни знаци, со долготраен, непрекинат контакт со очи, бидејќи тој ќе го „прочита“ она што го чувствувате за него преку вашиот поглед. Кога им се обраќате на овие знаци кажете малку, но одбрани зборови кои ќе имаат подлабоко значење за нив. Водните знаци ценат нежна, но истовремено длабока и страсна ноќ под чаршафите и еден куп бакнежи.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.