Домашните животни и луѓето делат посебна врска кога растат заедно, а тоа може одлично да се види на наредниве неколку фотографии од сопствениците со своите миленичиња.rnrnrnrnБидејќи нивниот животен век е пократок, кучињата, мачките и другите домашни миленичиња многу брзо растат. За само неколку месеци, тоа слатко и трапаво кутре, кое се сопнувало од своите мали шепички, ќе порасне и ќе се движи покрај вашите нозе со ентузијазам, барајќи од вас постојано да си играте со него. И за само уште неколку месеци потоа ќе ја достигне и својата зрелост. Нивното присуство ни дава посебна перспектива на промените во животот, а исто така ни помага и да го цениме фактот дека тие се постојано покрај нас како наши верни придружници.rnrnrnrn
Користејќи само козметика, рускиот мејкап артист Вадим Андреев ги трансформира обичните жени и мажи во прекрасни девојки и момци, како од насловните страници на познатите магазини. Вештиот артист успева да симне неколку години од лицата на неговите модели, како и знаците кои издаваат умор и воопшто сè она што би сакале да го скриете. Импресивно, нели?rnrnrn
Кога вашата работа е да се смешкате пред камерите цел ден, бисерните заби се задолжителен „аксесоар“. Токму поради тоа голем број од познатите ѕвезди, вклучително и Шерил Кол, Том Круз и Кетрин Зета Џонс, ја имаат широко отворено устата на забар извикувајќи „ааааа“, за специјалистите да им ја дизајнираат совршената насмевка, за која секој обичен човек може само да сонува. Па не за џабе се нарекува холивудска насмевка нели?! Погледнете ги познатите кои си ги коригирале забите, преку фотографии пред и потоа.rnrnШерил КолrnrnБен АфлекrnrnКетрин Зета ЏонсrnrnДеми МурrnrnКирстен Данстrnrn50 СентrnrnМајли СајрусrnrnНикол КидманrnrnТом КрузrnrnХилари ДафrnrnКети ПериrnrnМајкл ДагласrnrnМеган ФоксrnrnНиколас КејџrnrnВикторија БекамrnrnЗак Ефронrnrn rnrn
На сите ни е интересно да гледаме како од луѓето кои имале потреба од некои физички корекции прават вистински ѕвезди, „крш“ автомобили кои ги трансформираат во возила кои не знаеш дали повеќе сакаш да ги гледаш или да ги возиш и домови кои по преуредувањето не можат да се препознаат. Креативноста и умешноста во уредувањето на внатрешниот простор е неопходна, но веројатно треба и многу повеќе, ако на располагање имате една стара гаража од 23 квадрати. Мишел дела Вега, визуелен артист, дизајнер на простор и поставувач на уметнички инсталации од Сиетл, од неа, направила чудо.rnrnОва е фото-приказна од типот „пред и потоа“, а во неа се раскажува за преобразбата на една гаража во фантастично место за живеење. Мебелот и употребените елементи се претежно стари, но поправени или рачно изработени. Основната градба е дигната за 1,2 метри каде се наоѓа просторот за спиење, а еден дополнителен квадратен дел е додаден за бањата.rn
За целото реновирање, Мишел потрошила само 23.000 долари. Па, ако имате гаража која не ја користите, размислете што сè би можеле да направите од неа: канцеларија за работа, уметничко студио, гостинска куќа? Можностите се големи. Верувале или не, изнајмување на просторот за гаражни бендови, не е единствен начин тој да се искористи.
rn
rnrnrnПечката на дрва во овој дом изгледа како своевидна скулптура, која е придружена со уметничките инсталации на Мишел.rnrnИнтересен, иако необичен начин на организирање на елементите во кујната. Гајбите во улога на фиоки и кутиите под нив создаваат отворен простор за чување на предметите.rnrnНа перниците во стаклените кутии се нацртани старите архитектонски цртежи на татко ѝ на Мишел. Овој носталгичен елемент е во негова чест.rnrnСтаро шкафче кое, како и останатите стари употребувани предмети, му дава длабочина и персоналност на просторот.rn
rnrnrnЕдноставен, смирувачки дизајн во бањата, со голема када.rnrnrnrn rnrn