КАФЕ ПАУЗА

Tag: преболување

  • 5 чудни, но ефикасни начини да го преболите бившиот

    5 чудни, но ефикасни начини да го преболите бившиот

    Заборавете на романтичните комедии и плачењето додека ги слушате омилените сентиш песни. Ако навистина сакате да заборавите на бившиот, обидете се со овие трикови.rnrn5-chudni-no-efikasni-nachini-da-go-prebolite-bivshiot-kafepauza.mkrn

    1. Купете нови чаршафи

    rnЛогично е. Старите мирисаат на вашата љубов и секогаш ќе ве потсеќаат на него. Не мора да ги фрлите, но исперете ги, ставете ги во плакар и почекајте подобро време за да ги извадите повторно. А дотогаш уживајте во нови.rn

    2. Избришете го подот

    rnИ прозорите, како и сите останати површини во станот. Освен тоа што ќе имате блескав стан, овој ритуал ќе ви помогне да го исчистите просторот и од бившиот.rn

    3. Читајте вести

    rnБидејќи тоа е единствениот начин да сфатите дека светот не застанал. И понатаму сè се движи како и претходно кога сте биле заедно, а читањето вести брзо ќе ве врати во реалноста.rn

    4. Отпатувајте некаде

    rnМакар и на еднодневен излет. Ќе видите дека има уште многу луѓе кои не сте ги запознале и многу ситуации кои не сте ги искусиле. Така полесно ќе си го вратите животот во нормала.rn

    5. Гледајте хорори

    rnРомантичните комедии всушност во моментот ви се најлоши пријатели. Наместо да гледате како двајца луѓе се заљубуваат, гледајте како некој ги брка во темна морничава шума. Тоа помага.

  • Како вистински да го преболите бившиот партнер?

    Како вистински да го преболите бившиот партнер?

    „Секоја приказна има крај, но во животот секој крај е нов почеток.“

    rnСите имаат некој во животот кого се обидуваат да го заборават. Долга или кратка врска, тежок или лесен крај, раскинувањето им паѓа тешко и на двајцата партнери. И додека некои полесно се справуваат со тоа, вие заглавувате во т.н. емоционален слом и не можете никако да продолжите понатаму. Па наместо најдобар пријател да ви станат самотијата, пуканките и романтичните филмови со среќен крај кои само ќе направат да се чувствувате полошо, послушајте ги следниве неколку совети и дадете си себеси втора шанса.rnrnkako-vistinski-da-go-prebolite-bivshiot-partner-kafepauza.mkrn

    Исплачете се

    rnНегирањето на емоциите нема да реши ништо. Ако се чувствувате тажно, немојте да ги задржувате солзите. Исплачете ја целата тага која ја носите во себе. Прифаќањето на чувствата е секогаш првиот чекор кон заздравување по раскинувањето.rn

    Прекинете го секој контакт со бившиот партнер

    rnДелува тешко, да. И тешко е – кинете дел од себе, но ова е нешто што морате да го направите. Мора да поставите граници кои колку и да е тешко не смеете да ги преминете. Целосното раскинување е најважниот чекор во процесот на преболување.rn

    Поминувајте што повеќе време со пријателите

    rnВистинските пријателите се лек за сѐ. Тука се кога треба да ве насмеат, тука се за добро и лошо, тука се кога ви се најпотребни. Потребна ви е нивната поддршка, па немојте да се лишувате од неа. Пополнете го слободното време со личности кои ве сакаат и ви го мислат најдоброто, јавете се на пријателот/ката кој/а го/ја немате слушнато долго време и дозволете си да размислувате на сѐ друго освен на него/неа.rn

    Ослободете се од сите работи кои ви будат спомени

    rnНе ви требаат. Ставете ги во кутија, однесете ги во гаража или фрлете ги и заборавете дека постојат. Дополнителните потсетници на вашата врска само ќе направат да се чувствувате лошо секогаш кога ќе ги видите.rn

    Запишувајте ги мислите и чувствата

    rnКога ќе ви дојде да ја кренете слушалката и да му/ѝ се јавите, земете молив и лист хартија и наместо да си отворате стари рани, почнете да пишувате сѐ што ви лежи на душа. Искажете се самите на себе. Потоа искинете го листот и фрлете го во канта. Најлошото помина.rn

    Престанете да анализирате и да се преиспитувате

    rnКога веќе сте раскинале, немојте да се ставате себеси во положба да ја преиспитувате таа одлука. Постои причина зошто врската не опстоила, а сите тие „што ако“ и „можеби ќе беше поинаку ако“ нема да го средат нередот во вашата глава. Не ви се потребни изговори и објаснувања, што поскоро прифатите дека повеќе не сте заедно, толку побрзо ќе го/ја преболите.rn

    Бидете активни

    rnИсчистете ја главата со некоја физичка активност. Ништо не ги растрга мислите како играње еден меч тенис или кошарка со пријателите, трчање на кеј или аеробик. Пасивноста само би ја срушила позитивната енергија која веќе полека, полека ви се враќа.rn

    Искористете ја новостекната слобода

    rnСега кога имате повеќе слободно време за себе, обидете се да го извлечете максимумот. Прочитајте ја книгата која долго време само фаќа прашина на полицата во вашата соба, зачленете се во организацијата на која претходно немавте доволно време да ѝ се посветите, пронајдете ново хоби и дозволете си да се изгубите во времето правејќи нешто што ве исполнува. Сега конечно можете да надоместите за сите оние работи кои ги пропуштивте додека бевте во врска.rn

    Дајте си себеси простор и време

    rnПреболувањето личност која ја сакаме е долг и болен процес. Не постои магично стапче кое цело сивило ќе го претвори во весели бои. Ќе имате и лоши денови кога ќе ви се чини дека ништо нема смисла и дека не сте се поместиле од место, но немојте да дозволите тоа да ве собори на земја. Посилни сте отколку што мислите. Прифатете ги тие моменти како дел од процесот на заздравување и дајте си го времето кое ви е потребно да заздравите. Ценете се себеси пред сѐ.rn

    Останете сингл некое време

    rnВрските започнати во моменти кога се обидувате повторно да се пронајдете себеси и да преболите некого ретко се врски кои успеваат. Сега искористете го времето за себе, дозволете им на гневот и тагата да си заминат пред да го отворите срцето на некој друг. Не ускратувајте си ја шансата дека можеби токму таа личност која се појавува на крајот на улицата по која сега чекорите, е вистинската.rnrnОвие неколку совети сигурно ќе ви помогнат во намерата да продолжите понатаму со чист ум и срце подготвено повторно да сака. И кога ќе ја пуштат на радио песната што некогаш ја викавте ваша, не плашете се да ја смените фреквенцијата. Кога ќе почнат да навираат спомени, бидете храбри и истуркајте ги од мислите, па на нивно место сместете ги амбициите и целите кои ги имате поставено во животот и најдете начин да си ги остварите соништата. Не дозволувајте жалејќи по нешто што било да ја затворите вратата на нешто што може да биде.rn

    „Има многу, многу подобри работи пред нас одошто оние кои ги оставаме зад себе.“ – К. С. Луис

  • Пакетче за закрепнување по љубовно раскинување

    Пакетче за закрепнување по љубовно раскинување

    Креатор на ова интересно пакетче е Мелани Чернок, која живее и работи во Њујорк. Оригинално, комплетот се вика „Love Hurts Packaging“ и ги содржи сите неопходни работи за преболување на раскинувањето на љубовната врска. Комплетот е визуелно многу интересно направен, а се состои од марамчиња, чоколадо, мало шишенце вотка, апчиња за болка, свеќа, кибрит и други интересни работи.Комплет за преболување на љубовно раскинување Комплет за преболување на љубовно раскинување Комплет за преболување на љубовно раскинување Комплет за преболување на љубовно раскинување Комплет за преболување на љубовно раскинување Комплет за преболување на љубовно раскинување Комплет за преболување на љубовно раскинување Комплет за преболување на љубовно раскинување Комплет за преболување на љубовно раскинување Комплет за преболување на љубовно раскинување
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Топ 20 песни за после раскинување

    Топ 20 песни за после раскинување

    Врските се убави додека траат, но раскинувањата знаат да бидат толку болни, што можат да не фрлат во депресија, да не остават без желба за преболување, без волја за што било…rnrnТоп 20 песни за после раскинувањеrnrnЕве еден брз рецепт: изнаслушајте ги овие 20 песни или изберете неколку кои ќе ги вртите постојано, дозволете си да се чувствувате така како што природно ви доаѓа, а кога веќе ќе ви се смачи од самите себеси, излезете надвор и почнете одново.rnrnАко некому му успее, може слободно да го сподели своето искуство подолу.rn

    1. The Smiths – “I Know It’s Over”

    rn

    2. Britney Spears – “Stronger”

    rn

    3. Destiny’s Child – “Survivor”

    rnrn

    4. Cee-Lo – “F**k You”

    rn

    5. Kelly Clarkson – “Since U Been Gone”

    rn

    6. Alanis Morissette – “You Oughta Know”

    rn

    7. Gloria Gaynor – “’I Will Survive”

    rnrn

    8. Stars – “Your Ex-Lover Is Dead”

    rn

    9. Ben Folds Five – “Song For The Dumped”

    rn

    10. 2Gether – “The Hardest Part Of Breaking Up”

    rn

    11. The Cure – “Pictures Of You”

    rn

    12. N Sync – “Bye Bye Bye”

    rn

    13. The Postal Service – “Against All Odds”

    rn

    14. The Get Up Kids – “Mass Pike”

    rn

    15. Rilo Kiley – “Breakin’ Up”

    rn

    16. Ace Of Base – “Don’t Turn Around”

    rn

    17. Janis Joplin – “Piece Of My Heart”

    rnrn

    18. No Doubt – “Don’t Speak”

    rn

    19. The Good Life – “ORourkes, 1: 20 A.M.”

    rn

    20. Grizzly Bear – “Knife”

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.