КАФЕ ПАУЗА

Tag: преболување

  • Зошто добрата книга е најефикасниот лек за скршено срце?

    Зошто добрата книга е најефикасниот лек за скршено срце?

    Секое раскинување е тешко, особено ако вие не сте сакале да ја прекинете врската. И покрај тоа што сте свесни дека евентуално повторно ќе ја пронајдете среќата, тој тежок и болен период на преболување може да се чини неподнослив. Поради тоа, постојано сте во потрага по нешто што би можело барем малку да ви ја намали болката. Некои утеха бараат во алкохолот, други во омилената храна, а некои, пак, во нов партнер. Но, посветените љубители на книги знаат дека ништо не може да им го излечи скршеното срце онака како што тоа може да го направи добрата приказна. Ова се неколкуте причини кои го потврдуваат позитивното влијание на книгите…rnrnЗошто добрата книга е најефикасниот лек за скршено срце?rn

    Ако потонете во страниците на вашиот омилен роман, ќе се почувствувате како да поминувате време со стар пријател

    rnЕдна од најлошите страни на раскинувањето не е самиот крај на врската, туку загубата на најдобриот пријател. Да, за никаде е тоа што не можете да се бакнувате повеќе, но уште потешко е тоа што не можете повеќе да ги имате тие долги разговори, шеги кои само вие сте ги разбирале и убави времиња кои придонеле да станете партнери. Добрата книга не е најсовршената замена за таа посебна личност, но ако потонете во страниците на вашиот омилен роман навистина ќе се почувствувате како да поминувате време со стар пријател. Исто како што недостатоците на вашиот партнер почнале да ви се допаѓаат, така и непромислените одлуки на вашиот омилен лик ќе ви дојдат како вистинско освежување. Не е исто да се биде со ликовите што ги сакаме и вистинските луѓе што ни се блиски, но кога ни треба она чувство дека познаваме некого целосно, добрата приказна може навистина да помогне.rnrnСекој се справува со раскинувањата на различен начин, но на многумина им е тешко да се социјализираат кога поминуваат низ толку тежок период. Честопати се наоѓаме себеси заглавени помеѓу желбата да бидеме меѓу луѓе и потребата да бидеме сами. На некој начин, добрата книга може да ги задоволи и двете потреби. Тоа е исто како да поминувате време со вашите најдобри пријатели кои точно знаат дека она што ви треба е да бидете со луѓето што ги сакате без тие да ве прашуваат „Како си?“ и „Што ќе правиш сега?“. Ликовите сами ќе си ја создаваат нивната приказна, а вие нема да треба да се преправате дека сте среќни за доброто на другите.rn

    Вашите омилени ликови можеби не се вистински луѓе, но кога се справувате со скршено срце понекогаш вистинските луѓе се последното нешто што ви треба

    rnКога сакаме да заборавиме на нашите вистински проблеми, книгите ни даваат можност да побегнеме без воопшто да го напуштиме домот. По раскинувањето може да паднете во искушение да ги потрошите сите пари на авионски билет кој ќе ве однесе каде било, само да го напуштите градот каде сѐ ве потсетува на поранешната љубов. Но, „патувањето“ во нов свет преку читањето може да ви помогне да избегате без да ја испразните вашата сметка и да ги запоставите обврските. Тоа ќе ви биде доволно за да престанете да мислите на сите тие негативни работи што ви паѓаат на ум по прекинувањето на врската со некој кој ви значел. Неверојатно е тоа што дури и постапокалиптичните пустоши и морничавите зандани ќе ви се чинат како подобар избор од вашиот роден град преполн со сите тие ресторани и паркови кои ве потсетуваат на вашиот поранешен партнер.rnrnЗошто добрата книга е најефикасниот лек за скршено срце?rn

    Партнерите доаѓаат и си одат, но приказните нема да исчезнат од вашиот живот кога ќе им здодее да бидат читани

    rnНа крајот на краиштата, книгите се постојани. Луѓето се менуваат, но иако начинот на кој ги читаме книгите се менува како што старееме, нивната суштина останува иста. Не треба да се грижиме дека еден ден тие ќе одлучат дека повеќе би сакале некој друг да ги чита или дека не им се допаѓа фактот што цело време менуваме позиции додека ги читаме. Секако дека истото важи за многу други неживи предмети, но во периодот кога ни треба некој да нѐ потсети дека заслужуваме да бидеме сакани, добро е да се знае дека можеме да се потпреме на приказните и ликовите кои ги обожаваме и кои ни даваат сигурност дури и кога чувствуваме дека светот околу нас се руши.rnrnФакт е дека дури и најдобрата книга не може целосно да ја избрише болката предизвикана од тешкото раскинување. Но, може да ја олесни болката кога чувствувате како срцето да ќе ви се распрсне по секој срцев импулс. Без разлика дали ви треба нешто ново или копнеете по удобноста која ви ја нудат вашите стари омилени приказни, запаметете дека не сте сами и секогаш можете да ги претворите книгите во ваши најдобри пријатели по болното раскинување со некој кој ви бил сѐ.

  • Како да препознаете дали тој е сѐ уште вљубен во неговата поранешна девојка?

    Како да препознаете дали тој е сѐ уште вљубен во неговата поранешна девојка?

    Доколку сте на почеток на врската, голема е веројатноста дека не сте целосно сигурни во неговите чувства. Тој можеби целосно ви посветува внимание и постојано сте заедно, но сепак сомнежот е присутен и нешто ви кажува дека тој нема баш расчистено со минатото. Особено ако пред вас бил во долга и сериозна врска која завршила неодамна. Постои можност само да си ги замислувате работите и без потреба да се сомневате, но ако тој ги покажува следниве неколку знаци, треба да се соочите со вистината, да ја прифатите и да го оставите целосно да помине низ процесот на преболување.rnrnКако да препознаете дали тој е се уште вљубен во неговата поранешна девојка?rnrnГолеми се шансите на почеток воопшто да не забележите. Тој започнува нешто ново со вас и изгледа како навистина да му се допаѓате, така што очигледно последната врска не го погодила многу.rnrnПотоа ќе почнете да забележувате дека тој има добри и лоши денови. Понекогаш ви се чини како да не може да ги тргне рацете од вас, а некогаш целосно се оддалечува и не покажува никаков интерес.rnrnСо текот на времето ќе почнете да забележувате како се менува неговиот тон кога зборува за неа. Можеби тој ја споменува повеќе пати во текот на вашите разговори и притоа некој меланхоличен поглед го обвива неговото лице. Вам ви е непријатно и само го слушате бидејќи не сакате да бидете некултурни и да го прекинете, но со задоволство би разговарале за што било друго на светот. А можеби се случува токму спротивното. Секогаш кога ќе му поставите обично прашање за неа, одеднаш неговиот израз на лицето се згрчува и тој ја менува темата што е можно побрзо. Очигледно е дека тој повеќе би сакал да разговара за што било друго на светот.rnrnЌе забележите дека нејзиното име одвреме-навреме се појавува на неговиот телефон. Се обидувате да не се опседнувате со тоа. Нормално е поранешните партнери да останат пријатели и да одржуваат контакт, нема потреба премногу да ја анализирате целата ситуација. Но, како што поминувате повеќе време со него, почнувате да се прашувате кога овие двајца ќе ја надминат фазата на зборување и повторно ќе започнат врска. Сигурни сте дека тој е само со вас, па каде лежи проблемот? Со денови се нервирате поради ова и по бројни разговори со вашите пријателки, конечно собравте храброст да го изговорите озлогласеното „На што сме?“. Тој ви дава несериозен одговор дека вие двајца „Се гледате“. Ви требаше неверојатна храброст за да го прашате тоа, па пред да размислите добро одеднаш издрдорувате: „Дали сѐ уште си вљубен во твојата поранешна девојка?“.rnrnКако да препознаете дали тој е се уште вљубен во неговата поранешна девојка?rnrnИ двајцата сте изненадени од овој неочекуван потег. Тој ве зјапа, со подотворена уста и размислува како да ви одговори на прашањето, но неговото двоумење веќе ви го даде потребниот одговор.rnrnДлабоко во себе знаете дека тој да не беше вљубен во неговата поранешна девојка, веднаш ќе ви одговореше со „Не“. И воопшто немаше да има некакви знаци што би ве навеле да го прашате тоа. Многу луѓе, и жени и мажи, сакаат што побрзо да ја остават нивната последна врска зад себе, така што ако се сомневате дека тој не ја преболел неговата поранешна, веројатно сте во право.rn

    Како да реагирате во таква ситуација?

    rnМора да го прифатите тоа и да продолжите понатаму. Можеби ќе ви биде тешко, но уште потешко е да бидете со него, а да знаете дека некоја друга девојка зазема големо место во неговото срце. Можеби ќе сакате да потрошите време и енергија за да го освоите. Ќе го приготвувате неговото омилено јадење, секогаш ќе бидете расположени за секс и секогаш ќе му бидете достапни. Но, ова ќе биде бескорисно, а вие воопшто не заслужувате да бидете нечија замена.rnrnЗаслужувате некој чии мисли ќе бидат окупирани само со вас. И за кого вие ќе бидете првиот избор, исто како што и тој е за вас. Ако сте со партнер кој сѐ уште е вљубен во неговата поранешна девојка, оставете го. Љубовта на вашиот живот ве чека зад следниот агол.

  • Ако изгубите некого, но се најдете себеси – тоа е ваша победа!

    Ако изгубите некого, но се најдете себеси – тоа е ваша победа!

    Раскинувањата се болни затоа што се дефинираат како загуба. Загуба на нови сеќавања, потенцијална среќа и врска со некој кој го чувствувате близок. Раскинувањето е процес на тажење, во кој заздравувањето подразбира романтични филмови и праќање пораки на пијано на вашиот симпатија од средно.rnrnНормално е да бидете вознемирени по раскинувањето и треба да продолжите понатаму, но тоа не значи дека сите бродови мора да ви потонат. Врската пропаднала, но не и целиот свет.rnrnАко изгубите некого, но се најдете себеси - тоа е ваша победа!rnrnНа почетокот ќе искусите еден вид криза на идентитетот по раскинувањето, особено ако сте биле заедно долго време.rnrnТреба да одлучите како ќе се справите со пријателствата кои заеднички сте ги стекнале, со скорешните одмори, заедничките цели, па дури и покани на семејни настани во некои случаи. Понекогаш раскинувањето менува буквално сѐ.rnrnТоа е страшно и емотивно. Меѓутоа кога ќе се прилагодите на ситуацијата и ќе научите како независно да живеете, тоа може да биде најубавото и најневеројатното искуство што ќе го доживеете.rnrnОд сите тие љубовни цитати кои сте ги прочитале на социјалните мрежи, сигурно сте налетале на еден куп кои велат нешто во стилот на „Сѐ се случува со причина“. Понекогаш причината е што едноставно ви требала токму таа личност и тоа раскинување за повторно да се пронајдете себеси.rnrnКога ќе бидете подготвени да се мрднете од каучот и да излезете на сонце, обидете се да ја отфрлите идејата дека раскинувањата се поврзани со загуба. Но, ако добро одиграте и научите дека не треба да бидете во врска за да бидете среќни, тогаш ќе сфатите дека постојат толку многу работи што можете да ги добиете од болното раскинување.

  • 10 знаци дека вие сте неговиот непребол

    10 знаци дека вие сте неговиот непребол

    На некои момци им се случува да ја запознаат вистинската девојка за нив, но од некоја причина успеваат да ја уништат врската и потоа цел живот го поминуваат во мислење и жалење по неа. Ако се сомневате дека можеби вашиот поранешен партнер не може да ве преболи, ова се неколкуте знаци кои дефинитивно ќе ви го потврдат сомнежот…rnrn10 знаци дека вие сте неговиот непреболrn

    1. Откако се смириле страстите меѓу вас, тој повторно ве додал за пријател на социјалните мрежи

    rnПостојат повеќе причини да се остане што подалеку од поранешниот партнер по раскинувањето. На тој начин ќе се поштедите себеси од искушението да го контактирате по неколку испиени чашки или да поминете часови гледајќи каков е неговиот живот по раскинувањето. Едноставно нема да имате потсетник дека таа личност воопшто постои. Доколку сè уште ве има за пријател на Фејсбук, тоа може да значи две работи: Раскинувањето се одвило на пријателски начин и навистина не му е гајле дали ве има или не, или смета дека вреди да страда бидејќи попрво би одбрал засекогаш да се сеќава на вас, без разлика колку боли. Ова е романтично или патетично, што мислите? Ако сметате дека е романтично, веројатно и вие сè уште имате чувства за него. Но, доколку сметате дека е тажно, дефинитивно го имате преболено.rn

    2. Дознавате од познајници дека секогаш прашува за вас

    rnНема храброст директно да ви се јави и да ве праша, а знае дека ако праша некој ваш пријател тоа секако ќе стигне до вас. Тој немаше да се интересира за вас ако не му било гајле и ако не сакал да знаете дека сè уште се грижи.rn

    3. Немал сериозна врска по вас

    rnПостои можност да е само пребирлив, но можно е и да не може да најде некој кој би можел да ве замени. Бесцелно преминува од една на друга личност, барајќи нешто што не чини кај секоја потенцијална девојка бидејќи таа не е како вас. Можеби и имал некои посериозни врски кои прекинале бидејќи во срцето сè уште чувал место за вас. Тој внимава да не се впушти во нешто премногу сериозно, за да биде достапен во случај да постои можност повторно да се смирите. Загрижен е дека ако најде сериозна девојка, нема повеќе да го сметате за можна „опција“.rn

    4. Ви пишал под дејство на алкохол (и потоа го одрекол тоа)

    rnАко ви признае дека ви пишал, тоа значи дека тој навистина бил многу пијан и не знаел што прави. Но, ако измисли некој глупав изговор како: „Другар ми ти пиша, сакаше да се шегува со мене“, тогаш под површината се кријат многу подлабоки чувства. Можно е навистина пријателите да му се за никаде, но шансите за тоа се многу мали.rn

    5. Сè уште флертува со вас

    rnОвој знак е очигледен, но може да значи повеќе работи. Прва работа, ова укажува дека тој дефинитивно би имал пак секс со вас, но каде што има чад има и оган. Постои можност тој да се надева дека флертувањето ќе води кон секс, а сексот кон разгорување на пламенот помеѓу вас двајца.rnrn10 знаци дека вие сте неговиот непреболrn

    6. Сè уште контактира со вашата фамилија

    rnМора да признаете дека ова е малку чудно. Немојте да си велите дека вашата врска била комплицирана и никој не би можел да ја разбере. Ова изгледа како тој и вашите родители сè уште да се надеваат дека вие двајца сепак ќе завршите заедно.rn

    7. Сè уште ви го честита роденденот

    rnВерувајте дека самото тоа да се запамети нечиј роденден е тешка работа. Тоа што ви го памти роденденот и по раскинувањето е негов начин да ви каже дека сè уште мисли на вас, ама не се работи за ништо посебно, чисто онака, одвреме-навреме. На суптилен начин сака да ве потсети дека сè уште се грижи за вас.rn

    8. Возбуден е кога ќе се сретнете случајно

    rnПовеќето луѓе би избегале ако го видат нивниот поранешен партнер или барем би ги стиснале забите и со тешко срце би ги поминале тие непријатни минути бесмислено муабетење од куртоазија. Но, ако случајно се сретнете и тој ве гушне толку силно како сè уште да сте заедно, мора да му е многу драго што ве гледа. Дури и премногу.rn

    9. Сè уште ги чува сите ваши подароци

    rnАко чува кошула или скап часовник, тоа не мора ништо да значи освен фактот дека станува збор за навистина убави подароци. Но, ако ги чува сите оние романтични, рачно напишани честитки за роденден или маичката со неговата омилена серија што сте ја нарачале специјално за него, може да се работи за нешто поголемо.rn

    10. Сè уште сте означени на сите ваши стари фотографии

    rnОва може да значи дека е премногу мрзлив или дека едноставно заборавил, особено ако не придава многу значење на Фејсбук. Но ако сите ваши дигитални сеќавања се внимателно зачувани, сè уште ги нема избришано, ниту пак ја тргнал вашата ознака, тоа е уште еден доказ дека тој сака да се сеќава на вас. Тој смета дека она што сте го имале било доволно посебно за да биде зачувано на социјалните мрежи, а можеби дури и во вистинскиот живот.rnrnДоколку ги забележите овие знаци, можете да бидете сигурни дека вашиот поранешен партнер сè уште има чувства за вас, а големи се шансите и сè уште да се надева дека вие двајца пак ќе бидете некогаш заедно. Во овој момент важно е да знаете што точно сакате за да не повредите нечии чувства. Ако и вие се чувствувате на истиот начин и сметате дека вреди да се проба уште еднаш, разговарајте и видете дали може да се спаси врската и повторно да се разгори стариот пламен. Но, ако сте сигурни дека сакате да продолжите понатаму, немојте да си играте со неговите чувства и да му давате лажна надеж. Кажете му го тоа отворено или избегнувајте секаков можен контакт. Дајте му шанса да ве заборави исто како што и вие сте го заборавиле него. Не бидете себични и не заборавајте дека секој има право на нов почеток.

  • Совети кои ќе ви помогнат да продолжите понатаму после долга врска

    Совети кои ќе ви помогнат да продолжите понатаму после долга врска

    Не е лесно да се изгуби некој кој ви бил сè. Одеднаш во ништо не можете да пронајдете значење и сè што правите ви се чини дека е бесмислено. Безброј пролеани солзи, погазена гордост, изгубено достоинство и скршено срце. Нормално е дека ни еден изговорен или пишан збор не може да ви даде утеха, но постојат некои работи кои треба да ги имате на ум за да можете да продолжите со животот по болното раскинување…rnrnСовети кои ќе ви помогнат да продолжите понатаму после долга врскаrn

    Запомнете дека сте силни

    rnВие сте си доволни сами на себе. Вие сте силни и паметни. Не ви треба никој друг да ви потврди колку вредите и да ве направи среќни. Супер ви одеше пред да се појави таа личност во вашиот живот и нема зошто и сега да не биде така. Посилни сте отколку што мислите и заслужувате многу подобро. Да, ова е малку мрачен период од вашиот живот, но сонцето само што не изгреало. Не заборавајте дека ни еден човек на светот не е незаменлив.rn

    Соочете се со реалноста, тагувајте и продолжете понатаму

    rnМожеби навистина ви одеше супер, но сега со тоа е готово. Престанете да размислувате за вашите постапки и за работите кои би ги направиле поинаку. Не се прашувајте како можел вашиот партнер да ве преболи и не се обидувајте да го вратите назад, затоа што врската никогаш повеќе нема да биде иста. Дајте си простор да тагувате некое време, но продолжете понатаму. Соочете се со тагата и разочарувањето, исплачете се и оставете ги зад себе. Ветете си дека нема да се навраќате на оваа тема додека не бидете сигурни дека навистина заздравеле вашите рани. И држете се до вашето ветување.rn

    Бидете зафатени

    rnОва е вистинското време за да се посветите на вашата кариера и да започнете со нови активности кои отсекогаш сте сакале да ги направите, но сте немале време. Обновете го контактот со некои стари пријатели, вежбајте, започнете некое ново хоби. Можностите се бесконечни! Не е важно што ќе изберете, сè додека тоа ви ги окупира мислите и ве прави да бидете задоволни од вашиот живот. Секој крај е почеток, а вие само што започнавте па извлечете го најдоброто од вашето време.rn

    Дружете се со среќни луѓе

    rnСигурно сте забележале дека смеата е заразна. Излезете со вашите насмеани пријатели, гледајте комедии, читајте вицови… Имате голем избор. Едноставно не престанувајте да се смеете!rnrnСовети кои ќе ви помогнат да продолжите понатаму после долга врскаrn

    Прославете го вашиот сингл статус

    rnДа се биде сингл несомнено има свои предности. Сега можеби не можете да видите кои се тие и затоа добро е да организирате настан за позитивните страни да излезат на површина. Организирајте забава и поканете ги сите ваши пријатели. Пијте, јадете, танцувајте! Почувствувајте ја слободата! На почеток веројатно нема да ви биде до славење, но со малку поддршка од вашите пријатели веднаш ќе се почувствувате подобро и забавата ќе може да започне.rn

    Уживајте во животот

    rnСекое утро додека го пиете вашето кафе, мислете на она што со нетрпение очекувате да го направите дента. Ако ништо не ви паѓа на памет, сменети ги плановите. Не мора да е нешто којзнае што, доволно е да биде нешто што ќе извлече насмевка на вашето лице. Тоа може да е средба со пријател, читање книга, гледање серија… Изборот останува на вас. Не заборавајте дека среќата се крие во малите нешта.rnrnИ покрај тоа што се чувствувате како сите бродови да ви потонале, запомнете дека животот не застанува тука. Работите нема да стојат во место чекајќи на вас и времето нема да престане да тече. А времето што го имате е бесценето! Не дозволувајте периодот на тагување да трае предолго. Времето надвор е прекрасно, мрднете од креветот, облечете го најубавото парче облека што го имате, украсете го лицето со насмевка и започнете ја вашата нова животна авантура!

  • 4 правила до кои мора да се придржувате ако сакате да ви успее новата врска

    4 правила до кои мора да се придржувате ако сакате да ви успее новата врска

    Преболувањето на бившите не е воопшто лесно. Сите барем еднаш сме биле заљубени до тој степен што во еден миг главата ни велела: „Браво успеа, го преболи! Не ти е грижа повеќе за него!“…а веќе миг потоа една љубовна песна го уништила тоа и се огласило срцето: „Глупава, врати му се! Го сакаш, ти недостига и судено ви е да сте заедно!“ Клуч за преболување на бившите нема. Нема никаква магична напивка или рецепт кој ќе ве спаси од болката на раскинувањето. Само вашето срце ќе одлучи кога е спремно да продолжи понатака, а вие никако не можете да влијаете на таа одлука.rnrn0-4-praivila-do-koi-mora-da-se-pridrzhuvate-ako-sakate-da-vi-uspee-novata-vrska-kafepauza.mkrnrnАко сте одлучиле да го преболите бившиот, но ги прекршувате овие 4 правила во новата врска, тогаш, за жал, веројатно се лажете себеси и само мислите дека сте продолжиле понатаму. Еве како можеби му дозволувате да ви ја уништи новата врска без да го знаете тоа.rn

    1. Никако не го споредувајте новиот партнер со бившиот

    rnКога започнувате нова врска никако не можете да го избегнете споредувањето помеѓу неа и старата врска. Во ред е да си дадете време, но ако после неколку месеци вие сѐ уште ги споредувате, тогаш време е да видите што правите.rnrnПотрудете се да ја гледате врската со нови очи. Не се обидувајте да ги применувате истите интерни шеги или некои работи што сте ги правеле со бившиот. Не размислувајте дека со него пораките ви се поинакви, дека им се различни фамилиите и сл. Сетете се дека влеговте во нова врска затоа што старата не функционираше.rn

    2. Не смеете да го спомнувате неговото име

    rnНикој не сака да слуша за бивши партнери, ама баш никој. Единствен пат кога е во ред да зборувате за бившиот е кога новиот партнер ќе ве праша за него и тогаш треба да сте искрени. Ако постојано го спомнувате, тогаш новиот партнер ќе забележи дека вие не сте го преболеле стариот и тогаш ќе започнат проблемите. Ако ги споредувате така што му давате комплимент на новото момче, тоа само ќе ги влоши работите. Восхитувајте му се на новиот партнер без да го спомнувате бившиот. Верувајте ни, тоа ќе ви ги олесни работите.rn

    3. Не го величете минатото

    rnВо човечката природа е да му се восхитуваме на минатото. Секако дека претходната врска имала прекрасни моменти – затоа и сте останале заедно толку долго, но сепак запомнете дека ја прекинавте со причина. Нормално, новата врска не е совршена и си има свои убави и лоши моменти, но ако вие сметате дека бившиот бил совршен тогаш без разлика колку и да се докажува новиот партнер тој никогаш нема да стигне до нивото на претходниот.rnrn1-4-praivila-do-koi-mora-da-se-pridrzhuvate-ako-sakate-da-vi-uspee-novata-vrska-kafepauza.mkrnrnИако нештата не одат толку совршено колку што сте очекувале, тоа не е покана да се вратите во минатото и на „совршенството“ што бил вашиот бивш. Ако нештата не функционираат со новиот партнер, не дозволувајте вашата лажна перцепција за „совршеното“ минато да ви го помати разумот и да ве натера да се откажете од новата врска.rn

    4. Љубете без да се каете

    rnАко постојано се прашувате дали правите грешка што продолжувате понатака, тогаш вие не сте спремни да бидете во нова врска. Да, тешко е да се соочите со раскинување и со скршено срце, но сетете се дека бившиот не ги заслужува вашите емоции. Искористете ги лекциите што сте ги научиле во минатата врска и применете ги во новата. Ако бившиот партнер ве повредил во минатото, не му се истурајте на сегашниот партнер. Имајте самодоверба и сила да ѝ дадете уште една шанса на љубовта. Не се кајте, само љубете до максимум.

  • Синдром „бивш“: 5 знаци дека сте опседнати со претходната врска

    Синдром „бивш“: 5 знаци дека сте опседнати со претходната врска

    Ситуацијата кога двајцата партнери ќе одлучат дека е подобро да се разделат и секој да продолжи со сопствениот живот е многу ретка. Најчесто, едната личност продолжува по својот пат, а другата… другата продолжува по истиот тој пат. Иако можеби не сакате да си признаете себеси или на своите пријателки, следниве знаци откриваат дека патите од синдромот „бивш“.rnrn1-sindrom-bivsh-5-znaci-deka-si-opsednata-so-prethodnata-vrska-www.kafepauza.mk_rn

    1. Го проверувате неговиот Фејсбук профил

    rnКако ги отворате очите, така го отворате и неговиот профил и проверувате кој му го лајкнал новиот статус, а кој новата фотографија. Во оној момент кога вашата врска се прекинала, треба да престане и вашата опсесија, бидејќи на овој начин нема ништо да постигнете, освен што само ќе се изнервирате.rn

    2. Им се јавувате на неговите пријатели

    rnВие се дружевте супер, па зошто и понатаму не би оделе во кино и би зборувале за поминатото време? Неговите другари можеби биле и ваши додека сте биле заедно, но не може да очекувате дека неговиот најдобар пријател ќе застане на ваша страна.rn

    3. Размислувате „за вас“

    rnСè уште мислите за себе и него во множина, бидејќи сè уште планирате работи кои очигледно нема да ги направите, но некако тоа ви е природно… тој сигурно тоа не го прави, а не би требало ни вие.rnrn2-sindrom-bivsh-5-znaci-deka-si-opsednata-so-prethodnata-vrska-www.kafepauza.mk_rn

    4. Се обидувате да го сретнете

    rnСо оглед на тоа дека знаете каде тој излегува и наместо да ги избегнувате тие места додека не го преболите, вие баш намерно одите таму. Со тоа сигурно нема да го вратите, туку само ќе го подигнете неговото его.rn

    5. Ја слушате „неговата“ музика

    rnСè што тој сакал, во сè што уживал, сè што не ви се допаѓало, сега чувствувате дека само тоа ви е блиску? Ако тоа е единствениот начин да сте во близина, тогаш можеби не ви е судено да бидете блиски.

  • 5-те вида пријателки без кои секое раскинување ќе беше потешко

    5-те вида пријателки без кои секое раскинување ќе беше потешко

    Да не постоеја пријателите кои се тука за нас после раскинувањето, ние веројатно ќе пропадневме во една тажна дупка на депресија и самосожалување. Но, за среќа, овие 5 вида пријателки се секогаш тука за да се погрижат тоа никогаш да не се случи, или ако веќе се случува, да не поминуваме сами низ тоа.rnrn0-5-te-vida-prijatelki-bez-koi-sekoe-raskinuvanje-ke-bese-uste-potesko-kafepauza.mkrn

    1. Охрабрувачката

    rnПостојано ви вели: „Паметна си, убава си, згодна си и вредиш.“rnrnЗошто ви е потребна: Таа ви е потсетник дека иако раскинавте вие сѐ уште сте таа неверојатна личност. Сега можеби се чувствувате ужасно, но луѓето како неа ќе ве потсетат дека после бура доаѓа сонце и дека после лошо доаѓа добро. И најважно, таа ќе ве натера да сфатите дека вие сте повеќе од вашата врска. Дека вие сте една цела личност надвор од неа.rnrn1-5-te-vida-prijatelki-bez-koi-sekoe-raskinuvanje-ke-bese-uste-potesko-kafepauza.mkrn

    2. Стројничката

    rnПостојано ви вели: „Ајде спремај се. Имам другар кој е совршен за тебе!“rnrnЗошто ви е потребна: Таа секогаш има слободни другари кои „се совршени за вас“. Додека вие сте 100% сигурни дека во моментот не сте расположени да се гледате со кого било, запознавањето нови луѓе ќе ви помогне. Сфатете го тоа како одвлекување на вниманието од вашата тага. И тоа слатко одвлекување.rnrn2-5-te-vida-prijatelki-bez-koi-sekoe-raskinuvanje-ke-bese-uste-potesko-kafepauza.mkrn

    3. Слушателката

    rnПостојано ви вели: „Не можам да ти дадам совет. Но секогаш можам да те ислушам.“rnrnЗошто ви е потребна: Некогаш едноставно само сакате да ги истурите срцето и душата без другиот да рече нешто. Таа никогаш нема да ви каже дека тој е ѓубре и дека заслужува да го прегази Брза помош или дека после три месеци ќе бидете како нови. Таа ќе дојде дома кај вас, ќе ви донесе чоколадо, ќе пушти некои звуци од Шаде и нема да ви суди за што и да речете. Само мирно ќе ве слуша.rnrn3-5-te-vida-prijatelki-bez-koi-sekoe-raskinuvanje-ke-bese-uste-potesko-kafepauza.mkrn

    4. Забавната

    rnПостојано ви вели: „Одиме!“rnrnЗошто ви е потребна: Затоа што сакате да заминете на егзотично патување, но немате со кого да одите поради „проблемите во реалниот свет“. Но, ја имате неа. Одненадеж ви текнува дека сакате да одите на крстарење во три часот наутро во работен ден. „Одиме? Секако дека да! А интересната журка за која никако не можеме да најдеме покани? Секако дека одиме и таму. Ама немаме карти? Не се грижи ти за тоа.“ Е затоа ви е потребна.rnrn4-5-te-vida-prijatelki-bez-koi-sekoe-raskinuvanje-ke-bese-uste-potesko-kafepauza.mkrn

    5. Оптимистката

    rnПостојано ви вели: „Ќе бидеш добра, не се секирај.“rnrnЗошто ви е потребна: Затоа што ќе изгубите надеж во љубовта, ќе мислите дека мажите се ѓубриња и дека сите се исти. Но таа ќе ве потсети дека едноставно не сте го погодиле вистинскиот и дека тој кога-тогаш ќе дојде. Нејзината позитивна енергија ќе ви помогне во процесот на преболување бидејќи таа ќе ви ја врати надежта.rnrn5-5-te-vida-prijatelki-bez-koi-sekoe-raskinuvanje-ke-bese-uste-potesko-kafepauza.mk

  • Сè уште мислите на вашиот бивш? Еве зошто навистина треба да го заборавите!

    Сè уште мислите на вашиот бивш? Еве зошто навистина треба да го заборавите!

    Сите вие сте имале некого во животот за кого сте мислеле дека е оној вистинскиот, но за жал поради некои несреќни околности сè докажало дека не е така. Можеби не било вистинското време или пак не сте знаеле што сте имале сè додека не сте го изгубиле, но животот е таков и тој продолжува. Сепак, не вреди да се навраќате на тоа и едноставно најдобро е да продолжите понатаму. Еве и неколку добри причини зошто би требало да го направите тоа.rnrn1-se-ushte-mislite-na-vashiot-bivshi-eve-zoshto-navistina-treba-da-go-zaboravite-www.kafepauza.mk_rnrnВе спречува да пронајдете некој нов. Ако сè уште не можете да се помирите со фактот дека вашата врска завршила и дека тој повеќе не е со вас, како ќе пронајдете доволно енергија и желба да започнете нова врска со некое прекрасно момче кое стои токму пред вас?rnrnЗавршило со причина. Како и секоја друга врска што завршила, постои добра причина за тоа. Клучот на среќното продолжување понатаму е во тоа да се сетите зошто таа врска не успеала и да си дозволите да верувате во тоа дека сте ја донеле вистинската одлука.rnrnЖивеењето во минатото не е воопшто добро за вашата иднина. Минатото е зад вас. Ако продолжите да гледате во ретровизорот, ќе го загубите фокусот од прекрасната глетка што ве очекува ако гледате само напред.rnrnТој нема да се врати. Не надевајте се на опцијата дека тој ќе ја сфати својата грешка и ќе се врати кај вас како некој херој од новелите на Николас Спаркс. Тоа нема да се случи и што побрзо го прифатите ова, толку подобро.rnrnНајверојатно тој веќе продолжил понатаму. Тој сигурно не седи дома, секој викенд, јадејќи сладолед и прашувајќи се дали да ви се јави пред да ве изгуби засекогаш. Па, не треба и вие да го правите истото.rnrnТој не сака да биде со вас. Суровата вистина дами – ако тој навистина сакал да биде со вас, ќе се обидел да ве задржи. Без изговори.rnrnМожете многу подобро. Надвор има многу момци кои би ве сакале исто толку колку што вие нив.rnrnПрестанете да ги споредувате новите момчиња со него! Вие нема да завршите повторно со него, ниту пак со неговиот клон. Не е фер кон новите момчиња да седите со нив на состанок и да размислувате „тој е супер, но не е како стариот“. Дајте им шанса, ќе сфатите дека другите квалитети се токму она што сте го барале.rnrnЦенете ги добрите моменти што сте ги имале со него. Веројатно сте поминале добри времиња со него и имате почувствувано работи што никогаш претходно не сте ги почувствувале. Но сепак, готово е. Ценете ги тие работи какви што навистина се – само добри спомени.rnrnНе секој што ќе го запознаете е оној Вистинскиот. Само затоа што сте биле заљубени „до уши“ во него и сте ја испланирале целата заедничка иднина, не значи дека тој е Вистинскиот. Ќе имате уште многу прилики да се заљубите повторно, па не пропуштајте ги вашите шанси за среќа.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Тест: Дали сте сè уште опседнати со бившиот?

    Тест: Дали сте сè уште опседнати со бившиот?

    Проверете што вистински се крие во вас кога станува збор за вашиот бивш дечко. Преоѓате на другата страна на улицата кога ќе го видите и три пати плукате или и понатаму сте возбудени што го гледате? Одговорете на овој тест и откријте до каде сте со прифаќањето на новата состојба дека не сте повеќе заедно.rnrn1-test-dali-ste-se-ushte-opsednati-so-bivshiot-kafepauza.mkrn

    1. После раскинувањето се впуштате во потрага по нов дечко кој е:

    rnА) Копија на дечкото со кој сте раскинале.rnБ) Кој било сладок дечко кој ќе ви ги оттргне мислите од бившиот.rnВ) Тотална спротивност на бившиот.rn

    2. Како се чувствувате кога сакате да одите во кафуле или ресторан каде што порано често сте оделе заедно?

    rnА) Тажно и носталгично, но нема да го избегнувате местото.rnБ) Тоа е неутрална територија. Ако го сретнете, може да биде дури и забавно.rnВ) Тоа е забранета зона. Овој град не е доволно голем за двајцата.rn

    3. Што ќе направите кога ќе почувствувате ненадејна потреба да го видите?

    rnА) Ќе измислите причина за да му напишете порака.rnБ) Ќе го шпионирате неговиот Фејсбук профил.rnВ) Се воздржувате. Во истиот момент кога сте прекинале, го бришете од листата на пријатели и од контактите во вашиот телефон.rn

    4. Кога зборувате за бившиот пред пријателите, тие:

    rnА) Изгледаат загрижено и ве прашуваат дали сте запознале некој нов интересен тип.rnБ) Превртуваат очи додека го браните што го имал тој некоректен однос кон вас.rnВ) На ваша страна се и истакнуваат дека сте многу посреќни откако не сте заедно.rn

    5. Колку писма, подароци и други ситни спомени имате задржано после раскинувањето?

    rnА) Ништо. Сте му вратиле еден куп ствари, а остатокот го имате подарено на друг или сте го фрлиле.rnБ) Само фотографиите од годишниот одмор и вредниот накит кој ви го има подарено.rnВ) Сè. Неверојатно колку долго можете да го чувствувате неговиот мирис на себе од маицата која ја има заборавено кај вас.rnrn2-test-dali-ste-se-ushte-opsednati-so-bivshiot-kafepauza.mkrn

    Резултати:

    rn

    Најмногу одговори под А – Време е за промени

    rnТажната љубовна вистина е ваква – праќањето пораки или „случајното“ среќавање со него нема да го натера да ве моли на колена да му се вратите. Така ќе го храните неговото его, а вие психолошки ќе се блокирате и нема да бидете отворени за многу други момци. Вратете си ја силата. Спакувајте ги сите подароци од него и обидете се никако да не го контактирате. Запомнете, оној вистинскиот ќе ве прогонува, а нема да ве тера да се докажувате дека сте вредни за него.rn

    Најмногу одговори под Б – Подобро ви е без него

    rnЗа вас бившиот е како апарат со колачиња на жетони – предизвикувачки кога нема ништо подобро, но и недоволно добри за да се заљубите. Се чувате за нешто многу подобро, па затоа им се обраќате на пријателите кога сте осамени и не тагувате за спомените. Сепак, ја цените врската заради она што била и знаете дека тоа било едно искуство кое многу ви помогнало да сфатите кои карактеристики ги сакате кај партнерот, а кои не.rn

    Најмногу одговори под В – Тајно опседната

    rnМислете дека тоа што сте ги избришале неговите броеви докажува дека сте го преболеле? Не е точно. Колку и да го потиснувате тоа во себе, лутината и тагата заради раскинувањето ќе ви се вратат и ќе ве прогонуваат. Покажете ги тие чувства што ги имате во себе, а потоа запишете ги добрите работи кои ги имате научено од врската. Истражувањата покажуваат дека тоа создава позитивни чувства кои ќе ви помогнат да одите понатаму.