За жал, на многу врски им доаѓа крајот. Ако сте биле оставени, сигурно знаете колку е тешко да ја преболите личноста која толку многу сте ја љубеле. Важно е да ги знаете следниве работи кои ќе ви помогнат да ја оставите неуспешната врска во минатото и да продолжите со вашиот живот.rnrn
rnrn1. Преболувањето не значи дека се откажувате, тоа значи дека го прифаќате она што се случило.rnrn2. Во ред е длабоко да сакате, во ред е личноста да постои длабоко во вашето сеќавање.rnrn3. Постојат над 7,4 милијарди луѓе на планетава.rnrn4. Не секоја љубов е направена за созревање.rnrn5. Не сè се случува со причина, но работите секогаш настојуваат да излезат како што треба.rnrn6. Само затоа што вашиот живот не изгледа како што сакате, не значи дека не можете да го искористите она што го имате.rnrn7. Тие не се единствената личност која ќе можете да ја сакате и не се единствената личност која можела да ве сака.rnrn8. Таа личност никогаш не била висинската, но тоа не значи дека сте го потрошиле вашето време со неа.rnrn9. Можеби нема да станете посилни, но ќе станете помудри.rnrn10. Понекогаш треба да ги цениме луѓето за тоа што биле кога биле, ништо повеќе и ништо помалку.rnrn11. Љубовта нема да ве спаси.rnrn12. Надевањето за некого кој повеќе не е овде нема да го натера да се врати.rnrn13. Нема лекција во секое љубење и тоа е во ред.rnrn14. Не е важно дали сте биле доволно за таа личност, едноставно не сте биле вистински еден за друг.rnrn15. Ќе преболите.rnrn16. Постојаното посетување на минатото нема да ви даде нов увид за тоа зошто требало да биде крај или да ве заштити од болка. Тоа само ќе ве спречи да сретнете некој нов.rnrn17. Има повеќе во животот од повторното вљубување.rnrn18. Дури и ако вие сте причината за проблемите, не значи дека сте ужасна личност. Тоа ве прави човек и можете да научите од вашите грешки.rnrn19. Престанете да го посетувате нивниот Инстаграм или Фејсбук профил, или да ги читате старите пораки. Речиси сигурно нема да ви се допадне тоа што ќе го пронајдете.rnrn20. Изгубената љубов нема да ве убие. Таа е универзално човечко искуство и не сте толку осамени колку што мислите. Ќе бидете во ред.rnrnПрочитајте и зошто раскинувањата се толку болни.
Tag: преболување
-

20 кратки потсетници за сите кои имаат проблем со преболувањето
-

5 причини зошто раскинувањата се толку болни
За некои луѓе раскинувањето е едно од најболните искуства. Додека раскинувањето може да биде вистинска шлаканица, секој човек различно ја преболува разделбата. Некои веднаш се помируваат со тоа и продолжуваат со својот живот, но некои како да не можат да преболат. Па, кои се вистинските причини за тоа?rnrn
rn1. Љубовта е зависност
rnИстражувањата покажале дека кога се вљубуваме се активираат центрите за зависност во нашиот мозок. Ова се истите центри кои се активираат кога некој е зависен од хероин или кокаин. Имајте го ова на ум пред да се шегувате со некого што не може да го преболи раскинувањето. Можно е буквално да чувствувате симптоми на апстиненција кои ќе влијаат на вашата способност да ја преболите разделбата.rn
2. Љубовта ја менува вашата реалност
rnСилните емоции можат да делуваат како филтер за перцепција на целото ваше постоење. Сигурно сте ја слушнале изреката „Гледање на светот низ розови очила“. Љубовта ви го прави токму тоа. Целосно го менува начинот на кој ја гледате реалноста, па кога ќе ја снема вашиот поглед кон светот повторно се менува. Ова враќање во реалноста може да биде навистина болно.rn
3. Љубовта би требало да трае засекогаш
rnАко навистина сте верувале дека љубовта со партнерот ќе биде вечна, а потоа тој ве напушта, може да биде навистина тешко да сфатите како нешто што би требало да трае вечно завршило. Многу често мозокот го зема концептот „засекогаш“ и го додава на болката од раскинувањето. Односно, љубовта требало да трае засекогаш, но не се случило тоа, па сега вашата болка ќе трае засекогаш. Ова е лош трик кој самите си го правиме.rn
4. Љубовта има длабоки еволуциски корени
rnВо нашата ДНК има меморија од нашите предци, меморија која го оформува нашиот став кон нештата како одбивање. Уште во раната фаза на човештвото, ако некој бил одбиен од племето тоа значело дека ќе умре. Најверојатно ова е причината што напуштањето од страна на саканата личност може да предизвика чувство на очај и паника.rn
5. Љубовта буквално боли
rnСкенирањата покажале дека луѓето кои само што доживеале разделба со сакана личност покажале зголемена активност во центрите за болка на мозокот. Ова значи дека љубовта не само што ве повредува емоционално, туку може да предизвика и физичка болка. А кога ја чувствувате таа болка би направиле речиси сè за да престане. Можеби ова е причината што многумина ја голтаат својата гордост и се обидуваат повторно да го освојат срцето на личноста што ги напуштила.rnrnАко чувствувате кој било од овие симптоми, важно е да запомните дека времето навистина лечи сè. И покрај сè, постојат докази кои покажуваат дека делот од мозокот кој се активира по болно раскинување со текот на времето ја намалува својата активност. Ова значи, како што поминува повеќе време од разделбата, силните чувства и импулси ќе се намалат и евентуално ќе се чувствувате подобро. Исто така добро е да имате на ум дека често најдобриот начин да ја заборавите лошата врска е да започнете нова и да го повторите целиот убав циклус.rnrnЗнаете ли што кажува вашето последно раскинување за вашата следна врска?
-

5 хороскопски знаци кои најтешко се справуваат со раскинувањето
Раскинувањата никогаш не се лесни. Ако сте некои од знаците кои немаат проблем со преболување на претходна љубов, тогаш сте навистина среќни. Но за некои други знаци преболувањето може да трае со месеци, па дури и години. Па, погледнете за кои раскинувањето е навистина тешко.rnrn
rn1. Бик
rnБикот ја гледа секоја посветеност како доживотна. Во нивните креативни, романтични и професионални подвизи, Биковите не прифаќаат ништо на коешто не би му се посветиле целосно. По раскинување, на Биковите им е потребно најдолго време за преболување. Се разбира, тие можат да имаат други љубовници и врски, но потребно е време да го заборават стариот партнер. А кога тоа ќе се случи, тие всушност не го „преболиле“ партнерот, туку ја пронашле таа љубов во друга форма.rn
2. Рак
rnЧувствителните Ракови се плашат од напуштање повеќе од сè, па раскинувањето им е вистински кошмар. Со него се активираат сите нивни стравови, а тие се обидуваат да се закопаат длабоко во нивната школка. Исто така големи се шансите за депресивна епизода по раскинувањето. Велат дека за преболување е потребно половина од траењето на врската. Но, мекото срце на Раковите не следи никакви правила.rn
3. Скорпија
rnШтом Скорпијата ќе се „закачи“ за некого, може да ѝ биде навистина тешко да го пушти. Скорпиите обично знаат кога нешто завршува, но сепак остануваат во контакт. Врската може да биде одамна готова, но Скорпиите ќе најдат начин да допрат до поранешниот партнер. Единствениот начин да се ослободите од неа е да го прекинете секој контакт.rn
4. Јарец
rnЈарците можеби не покажуваат, но многу вложуваат во врските и тоа уште на почетокот. Вложуваат многу труд и енергија во нивниот љубовен живот, а кога нешто не оди по план преземаат целосна одговорност. За да преболат стара љубов, Јарците треба да сфатат дека не згрешиле, туку дека едноставно понекогаш врските не успеваат. Единствената среќа за којашто се одговорни е нивната.rn
5. Риби
rnРибите навистина знаат да љубат со целото свое битие. По раскинувањето, тие ќе продолжат да љубат дури и ако чувствата не им се возвратени. Понекогаш се потребни години за да преболат, па најдобриот начин да го направат тоа е да ја насочат нивната љубов кон некој или нешто друго. Рибите знаат дека љубовта е дар и не сакаат да ја даваат на некого што не ја знае нејзината вредност. На нивното срце му е потребна заштита и само тие можат да му ја дадат.rnrnДознајте и што му е потребно на секој хороскопски знак после тешко раскинување.
-

Кои хороскопски знаци ќе успеете да ги преболите, а кои нема да можете да ги заборавите по раскинувањето?
Раскинувањата се нормален дел од животот. Следните фази се преболувањето и продолжувањето понатаму. Некои преболувања одат полесно од останатите, а ѕвездите имаат замешано прсти во сето ова. Во продолжение, дознајте кои хороскопски знаци најлесно ќе ги преболите, а за кои ќе ви треба малку повеќе време…rnrn
rn1. Скорпија
rnНајлесно ќе го преболите партнерот доколку е роден во знакот Скорпија. Лесно е да се преболи Скорпијата бидејќи врската со неа многу брзо преминува од уживање во незадоволство. Благодарение на нивната магнетна привлечност, луѓето лесно се вљубуваат во Скорпиите, но и брзо ги преболуваат. Кога врската станува посериозна, нивната љубомора и опседнатост излегуваат на површина, па затоа не им недостасуваат многу на партнерите по раскинувањето.rn
2. Близнаци
rnЛесно е да се вљубите во Близнаците бидејќи тие се многу забавни, возбудливи и интересни. Но, многу лесно ќе можете и да ги преболите поради нивната површност и недоследност. Нивните партнери никогаш не успеваат да ги запознаат целосно, па затоа многу брзо ги преболуваат.rn
3. Овен
rnВрската со Овните е полна со авантури и непредвидливи ситуации. Но, партнерите без проблем ги забораваат, затоа што на Овните многу брзо им здосадуваат работите. Тие јасно им даваат до знаење на нивните партнери дека не сакаат да се врзуваат и со тоа успеваат да ги исплашат и оддалечат од себе.rn
4. Рак
rnРаковите се на 4-то место, бидејќи постојано прават пресметки, држат лутина и одбиваат да ги признаат грешките што ги направиле. Врската со нив е многу напорна, па затоа на партнерите не им треба многу време за да ги преболат.rn
5. Лав
rnЛавовите имаат големо срце и креативен поглед кон животот, па затоа луѓето лесно се вљубуваат во нив. Но, понекогаш знаат да се однесуваат премногу заповеднички и нивната опседнатост со контролата станува премногу напорна за другата личност во врската.rn
6. Риби
rnРибите се наоѓаат на средина, бидејќи никогаш не знаат што сакаат. Иако се многу сочувствителни како партнери, тие имаат превисоки очекувања и никогаш не кажуваат отворено што сакаат. Токму затоа, врските со нив се многу напорни и тешки.rnrn
rn7. Јарец
rnЈарците се многу амбициозни и посветени на нивните соништа, а повеќето луѓе ги обожаваат ваквите поединци. Меѓутоа, партнерите можат да ги преболат по некое време, бидејќи Јарците никогаш не се вложуваат целосно во врската и честопати претпоставуваат дека ќе се случи најлошото, па затоа само чекаат да сѐ да се распадне. Тоа што го мислат најчесто и го привлекуваат.rn
8. Стрелец
rnНе е лесно да се преболи Стрелецот, благодарение на неговата смеа, радост и оптимизам. Единственото нешто што им помага на нивните партнери да ги преболат е тоа што понекогаш припадниците на овој знак не се сигурни дали се вљубени, а тоа ги плаши повеќето луѓе и ја намалува нивната љубов кон Стрелците.rn
9. Водолија
rnМногу е тешко да се преболат Водолиите, бидејќи потребно е да помине многу време за партнерите да се вљубат во нив. Луѓето многу се трудат да ги запознаат и да ги срушат нивните емоционални бариери, па затоа кога конечно ќе успеат во тоа, многу им е тешко да ги заборават и да продолжат понатаму како ништо да не било.rn
10. Вага
rnПартнерите не можат толку лесно да ги заборават Вагите. Припадниците на овој знак се неодоливи и луѓето обожаваат да бидат во врска со нив. Единственото нешто што може да ги одбие е нерешителноста на Вагата и неподготвеноста да биде во сериозна врска. Сепак, Вагите се толку опуштени и шармантни што луѓето не ни забележуваат дека не се заинтересирани за врска.rn
11. Бик
rnТешко е да се преболат Биковите, бидејќи кога ќе се заљубат, врската станува нивниот главен приоритет. Тие се лојални и грижливи и никој не сака да прекине врска полна со љубов и топлина.rn
12. Девица
rnНајтешко е да се преболи Девицата! Иако на почетокот ќе ви биде тешко да ги запознаете припадниците на овој знак поради нивната срамежливост и затвореност, ако се вљубите во нив никогаш нема да посакате да ги оставите. Врската со Девиците е посебна и неверојатна, па затоа многумина никогаш не успеваат да ги преболат целосно.rnrnДали сте знаеле дека вашиот хороскопски знак може да ви ја открие причината зошто не можете да го/ја заборавите?
-

10 причини зошто не можете да го преболите поранешниот партнер
Повеќето луѓе закрепнуваат по крајот на врската, особено ако одлуката за разделба е обострана. Тие учат од нивните грешки, наоѓаат утеха кај семејството и пријателите и по некое време ѝ се посветуваат на друга врска. Но, приказната е поинаква ако едниот партнер си замине, а другиот е сè уште приврзан.rnrn
rnrnНекои луѓе чувствуваат бескрајна тага, песимизам и страв дека никогаш повеќе нема да се вљубат. Доколку се наоѓате во ваква ситуација, погледнете кои се одликите кои не ви дозволуваат да го заборавите партнерот кој ве напуштил и да продолжите понатаму.rn1. Несигурност
rnНормално е луѓето да се чувствуваат несигурни кога постои закана да изгубат нешто што им е важно. Нивната удобност е нарушена од непредвидливата закана и повеќето луѓе развиле одбранбен механизам кој им помага да ги надминат чувствата на тага и страв. Со текот на времето тие успеваат да продолжат понатаму. За жал, некои луѓе потешко го доживуваат тоа, особено ако биле напуштени повеќе пати. Тие се чувствуваат беспомошно и безнадежно, а нивната болка е посилна од секоја надеж дека ќе им биде подобро.rn
2. Посветеност
rnКога луѓето мислат дека конечно го пронашле „вистинскиот“, и тогаш партнерот ги напушти, тие ќе мислат дека никогаш нема да имаат таква врска. Овие луѓе секогаш сонувале за посебен партнер на кој можат да се потпираат. Но, многу често кај нив постои страв за тоа дали партнерот го мисли истото. Кога сметаат дека оваа врска е вистинска, тие вложуваат сè во неа со надеж дека засекогаш ќе бидат заедно. Но, поради ова ги игнорираат знаците за предупредување од другиот партнер.rn
3. Трауми од напуштање од детството
rnАко децата биле сведоци на напуштање, многу е веројатно да им биде тешко да веруваат некому. Нивната несигурност често ги прави возрасни кои се плашат премногу од неизбежниот крај на врската. Овој страв многу често е фрустрирачки за личностите кои се обидуваат да ги сакаат. Многу често се обесхрабруваат и сами ја напуштаат врската со тоа повторно преживувајќи ја траумата од детството.rn
4. Страв од осаменост
rnАко некоја личност се плаши дека никогаш нема да биде сакана, таа е во можност да трпи омаловажување, злоупотреба и лошо однесување само за да биде во врска. Ако ситуацијата е ваква, можни се два резултати – партнерот ќе се чувствува премногу виновен за да остане во врската, или ќе остане во врска додека истовремено бара некој подобар.rn
5. Потпирање на партнерот за сопствената вредност
rnОпасно е за кој било партнер да му дозволи на другиот да ја дефинира неговата вредност. Ако партнерот одлучи да стави крај на врската, другата личност ќе остане само со негативната слика за себе. Таа постојано ќе ги бараат своите грешки, своите недостатоци и ќе смета дека никој друг не може да ја сака.rn
6. Страв од неуспех
rnПостојат луѓе кои буквално се преплашени од каков било неуспех, а овде спаѓаат и врските. Тие ќе дадат сè од себе и не можат да се соочат со тоа дека нивните напори можеби нема да успеат. Многу често претерано реагираат во врските и се фокусираат и на најнепотребните работи.rn
7. Романтични фантазии
rnУспешните врски не се романтични како во приказните. Иако секоја врска почнува со заеднички работи, со текот на времето се откриваат разликите кои мора да се надминат. Луѓето кои се потпираат на романтичните фантазии се приказна за себе. Тие сакаат да му бидат сè на партнерот и кога ќе се појави некој проблем го гледаат само како привремена пречка и не го сфаќаат сериозно. Во ваква врска, многу често другиот партнер ќе почне да бара нешто пореално.rn
8. Бесмртна љубов
rnПостојат луѓе кои сметаат дека љубењето на еден партнер е големо достигнување и се гордеат со тоа што не се откажуваат, дури и кога врската завршила. Тие се држат до верувањето дека љубовта некогаш била многу убава и подготвени се да чекаат засекогаш за да им се врати партнерот. Желбата да му останат верни на некој кој ги напуштил не им дозволува да продолжат со животот. Секој нов партнер го гледаат како бледа копија на љубовта на нивниот живот.rn
9. Една заедничка работа
rnПонекогаш партнерот наоѓа некој друг кој е совршен во една важна област. Остатокот од врската можеби не е најдобар, но убавината во само таа област ги исполнува. Поради ова, тие ги стеснуваат своите идни можности. Откако ќе бидат одбиени тие се фокусираат само на тоа да го вратат партнерот и подготвени се да жртвуваат сè.rn
10. Демнење
rnЗа жал некои луѓе не можат да се откажат од партнерот без разлика што врската одамна е завршена. Дури и ако поранешниот партнер ги избегнува, игнорира па дури и понижува, тие нема, и не сакат да се откажат. Постојат неколку причини зошто луѓето се повредуваат на овој начин. Можеби чувствуваат дека немаат каде да одат. Или пак сметаат дека нема веќе никогаш да пронајдат некој добар за нив. Или пак секогаш одбираат партнери кои не можат да ги сакаат исто и никогаш не го прифаќаат тоа. Ако болката е преголема, тие може да го демнат, казнуваат или да му пречат на партнерот без можност да престанат да ја бркаат завршената врска.rnrnШтом ќе сфатите зошто ви се случуваат овие работи, ќе ви биде полесно да ги надминете и во иднина ќе избирате подобри партнери. Треба да се соочите со вистината на врските и да бидете свесни дека секоја врска може да заврши. Станете посилни и полесно поминувајте низ разделбите.rnrnОвој тест ќе ви помогне да откриете дали уште сте опседнати со бившиот парнтер.
-

Како да преболите некого со кого не сте ни започнале врска?
Срцето никогаш не дискриминира. Не прашува дали и колку долго сте биле во врска со некого. Болката предизвикана од скршеното срце не е помала само затоа што личноста по која патите не била ваше момче или девојка. Понекогаш оваа болка е дури и поголема, затоа што постои факторот „Што ако“ кој игра голема улога.rnrn
rnrnНавидум, лесно е да се дефинираат љубовните врски. Или сте заедно или не сте. Или сте сингл или имате партнер. Но, што ако сте направиле емоционален влог во некој кој не сака да ви се посвети и да ви го даде она што го барате? Во тој случај, се надевате дека еден ден ќе се случи нешто.rnrnНо, тогаш се соочувате со бруталната реалност дека личноста во која сте ги вложиле вашите емоции, не ви ги возвраќа чувствата. Краевите се уште потешки кога не ни започнале. Не можете да си ги вратите чувствата што сте ги вложиле. Сѐ е готово, а вие треба да се преправате дека сѐ е во ред.rnrnСтрадате поради врска која не била вистинска иако вашата љубов била реална. Чувствата се вистински и не ви треба дефиниција за да ги оправдате. Немојте да се чувствувате виновни поради болката што ја чувствувате. Понекогаш многу посилно ги сакаме луѓе со кои никогаш не сме биле во врска.rnrnНе станува збор за раскинување, но така изгледа. Не спиете навечер. Плачете во 3 часот по полноќ. Се будите изморени, зјапате во телефонот и се сеќавате на периодот кога сте се буделе поради нивната порака или известување. Сега телефонот е малку потивок. Ви недостасува таа личност, но исто така ви недостасува и надежта во тоа дека помеѓу вас би можело да се роди нешто прекрасно. Болката е длабока, но не можете да ги искажете вашите чувства во јавност. Не можете да се распаднете, бидејќи луѓето ќе реагираат со „Што ти е? Не ни бевте во врска“.rnrnНе мора да бидете во врска за да се вљубите. Не мора да бидете во врска за да ви се скрши срцето. Кога имате чувства кон некого, болката е иста. Но, најтешкиот дел од преболувањето е тоа што вашиот сакан или сакана не ни знаат колку страдате. Тие не се свесни колку силен белег ви оставиле.rnrnПа затоа, одговарате на нивните пораки. Се обидувате да останете силни. Се преправате дека ги прифаќате околностите и дека може да бидете пријатели. Но, секогаш кога ќе ги видите, се потсетувате на она што никогаш нема да бидете и тоа ве уништува. Си го губите сонот поради човек кој најверојатно спие до некој друг.rnrnПостојано мислите на минатото и се обидувате да сфатите кои знаци сте ги протолкувале погрешно. Можеби вашата врска не била физичка, но емоциите отсекогаш биле присутни. Нормално е тоа што не знаете како да се ослободите од оваа болка што полека почнува да владее со вас. Срцето ви го скршил некој кој би требало лесно да го преболите. Но, кога сакате некого и сте очекувале повеќе, ќе ви треба повеќе време за да ги излечите раните и тоа е сосема во ред.rnrn
rnrnНе смеете да глумите дека сте силни и да им дозволувате на тие луѓе да останат во вашиот живот. Можеби тие ќе забележат дека се оддалечувате. Можеби ќе забележат дека не разговарате толку колку порано. Можеби ќе ви се јават и ќе ве прашаат што не е во ред.rnrnЕден дел од вас сака да викне на сиот глас „Да! Ме повреди. Ме скрши. Ме уништи“. Но, продолжувате да молчите, бидејќи се чувствувате како будала поради тоа што патите по крајот на нешто што не ни започнало.rnrnНе сте само вие виновни. Оваа личност ве навела да помислите дека постои нешто помеѓу вас. Да беше сосема искрена уште на самиот почеток, немаше да се вљубите толку брзо. Напротив! Оваа личност можеби знаела како се чувствувате и уште толку додавала масло на огнот.rnrnМожеби постоела физичка врска помеѓу вас, само што никогаш не сте ја дефинирале. Можеби ви го кажале сето она што сте сакале да го чуете, затоа што вашето присуство им го пумпало егото.rnrnБез разлика за што станува збор, некој ви дозволил да се вљубите без никаква намера да ви ги возврати чувствата. Не се чувствувајте виновни поради болката што ја чувствувате, само затоа што вашата врска не била дефинирана. Плачете колку што сакате и чувствувајте колку што можете повеќе. Повлечете се без никакво објаснување бидејќи не ја заслужувате оваа болка и тие не ве заслужуваат вам.rnrnМеѓутоа, кога ќе заздравите и кога вашите солзи ќе пресушат, не им дозволувајте повторно да ви го скршат срцето. Дајте си време за да преболите и покрај тоа што никогаш не постоела вистинска врска помеѓу вас. Никој не смее да ви кажува како би требало да се чувствувате и колку лесно би требало да продолжите понатаму. Свртете нов лист кога ќе бидете подготвени за тоа.rnrnВо продолжение прочитајте како вистински да го преболите бившиот партнер. -

5 работи на кои секоја жена треба да се сети кога не може да поднесе уште едно кршење на срцето
Понекогаш животот може да ве удри како вистински голем бран. Секој пат кога пробувате да се исправите, друг бран ве враќа на земјата. Секој човек ќе почувствува како е да му биде скршено срцето барем еднаш во животот, но тоа не ја намалува болката. Еве 5 работи кои секоја жена треба да ги има на ум кога смета дека не може да поднесе повеќе разочарувања.rnrn
rn1. Живејте од ден за ден
rnЛесно е да се потресувате за иднината кога се соочувате со скршено срце. Можеби ќе мислите што ќе им кажете на пријателите, или пак што ќе направите ако налетате на бившиот партнер во продавницата. Доволно сте повредени и без овие мисли. Фокусирајте се на сегашноста, размислете што можете да правите штом ќе ја преболите неуспешната врска. Ако го правите ова, многу полесно ќе се справувате со пречките во иднина.rn
2. Не плашете се да побарате помош
rnНикој не сака да бара помош. Сепак вие сте силна, независна жена која сама може да се справи со сѐ, така? Само затоа што можете, не значи дека треба да го правите тоа. Посегнете кон оние кои ве сакаат, како на пример, вашата мајка, најдобриот пријател или кој било кому му верувате. Зборувањето за проблемот ќе ви помогне. Потребен ви е ден за вас? Побарајте слободен ден од работа, отпатувајте некаде на викенд, замолете ја мајка ви да ги почува децата и опуштете се во сауна, или правете нешто што сакате.rn
3. Одржете ја нормалната рутина
rnНишто не е попримамливо од тоа да се затворите во соба со еден куп сладолед. Но ништо не може да ве порази како менувањето на вашиот дневен распоред, а во овој период сигурно не ви е потребно уште нешто што прави да се чувствувате лошо. Одржувањето на вашата редовна рутина не само што ќе го држи вашиот ум зафатен, туку ќе ви даде и чувство на цел, нешто што многу луѓе го немаат во овие ситуации.rn
4. Зафатете се со нешто ново
rnОдете на часови за готвење, научете да цртате, напишете поема… што било што ви изгледа примамливо. Искористете го кршењето на срцето за да се подобрите како личност.rn
5. Верувајте дека ќе го надминете ова
rnДури и ако ги следите претходните совети, сепак ќе имате лоши денови. Лесно е да верувате дека никогаш повеќе нема да пронајдете среќа, но ова не е точно. Можеби повторното градење на вашиот живот ќе ви одземе повеќе време, но ако верувате во себе, ќе го надминете ова. Вие сте посилни отколку што мислите, и тоа низ што минувате ќе ве направи посилни, посреќни и со поголема самодоверба.rnrnПрочитајте ги и овие пораки кои ќе ви ја вратат вербата во љубовта.
-

Научно докажано: Плацебо ефектот може да го излечи скршеното срце
Доколку неодамна сте раскинале со партнерот и не знаете како да продолжите понатаму, можеби ќе ви помогнат овие интересни откритија. Најновите истражувања докажале дека најдобриот начин да го преболите болното раскинување е да се преправате дека сте свртеле нов лист сѐ додека навистина не успеете да го направите тоа.rnrn
rnrnИстражувачите од Универзитетот во Колорадо откриле дека самата верба во преболувањето на поранешниот партнер влијае на деловите од мозокот поврзани со емоционалната регулација и ја олеснува болката што ја чувствувате. Со други зборови, прифаќањето на можноста дека порано или подоцна ќе се чувствувате подобро делува како плацебо ефект.rnrnИстражувачите испитале 40 млади луѓе кои поминале низ неочекувано раскинување во изминатите 6 месеци. Од испитаниците било побарано да донесат две фотографии: Една од нивниот поранешен партнер и една од близок пријател. Луѓето со скршено срце лежеле во машината за функционална магнетна резонанција додека истражувачите им покажувале фотографии од бившите и им поставувале прашања поврзани со нивното раскинување. Потоа, им ги покажале сликите од нивните најдобри пријатели. Освен тоа, на испитаниците им била нанесена и блага физичка болка (жешка дразба на левата рака). Овие дразби се повторувале наизменично и испитаниците требале да кажат како се чувствуваат на скала од 1 (многу лошо) до 5 (многу добро). Во меѓувреме, функционалната МРИ ја следела активноста на нивниот мозок.rnrnМашината покажала дека при емоционалната болка (навраќањето на минатото и гледањето во фотографии од бившите) и физичката болка се осветлувале слични делови од мозокот. Од ова може да се заклучи дека болката во срцето што ја чувствувате по раскинувањето не е во вашата глава, туку е многу вистинска.rnrnВо вториот дел од истражувањето, испитаниците излегле од машината и биле прснати со назален спреј. На половина од нив им било кажано дека спрејот е моќен аналгетик кој ја намалува емоционалната болка, додека, пак, на останатите им кажале дека станува збор за обичен солен раствор. Потоа, испитаниците се вратиле во функционалната МРИ машина и биле изложени на истите болни дразби како и претходно, само што сега плацебо групата почувствувала помала физичка и емоционална болка. Кога ја виделе фотографијата од поранешниот партнер, била забележана намалена активност во деловите од мозокот кои реагираат во случај на одбивање.rn„Назалниот спреј со плацебо ефект направи луѓето да се чувствуваат значително подобро додека ги гледаа фотографиите од поранешните партнери“, изјавиле истражувачите.
rnАко сакате да го излечите скршеното срце, ова истражување докажува дека вашите претпоставки за тоа каква ќе биде иднината се многу поважни одошто мислите.rn
„Вие имате контрола врз вашите очекувања по раскинувањето. Кога ќе се соочите со одбивање, има надеж дека ќе најдете ментална стратегија што ќе ви помогне да се справите со тој немил настан најдобро што можете. Мора да имате верба во подобра иднина“, објасниле истражувачите.
rnПа, доколку моментално страдате од скршено срце, сѐ што треба да направите е да го промените начинот на размислување. Ова е полесно да се каже отколку да се направи, но вреди да се обидете. Задржете го позитивниот став и не губете верба во љубовта колку и да ве повредиле.rnrnВо продолжение прочитајте и зошто патувањето сами околу светот е најдобриот лек за скршено срце.
-

Вашиот хороскопски знак ја открива причината поради која не можете да го/ја заборавите
Лесно може да дојде до крај на врската ако работите не одат според планот, а потоа партнерите што тешко се справуваат со сингл животот почнуваат повторно да размислуваат да се смират бидејќи не сакаат да почнуваат од почеток со непозната личност. На луѓето им е тешко целосно да расчистат со некој со кој биле заедно. Во продолжение следуваат дел од причините зошто не можете да го/ја заборавите според хороскопскиот знак.rnrn
rnОвен
rnОбично, Овните не можат да поднесат да не добијат нешто на оној начин на кој што тие сакале. Вие продолжувате да се обидувате иако знаете дека тоа е погрешно и не прифаќате пораз. Вие сте навикнати да го добивате она што го сакате.rn
Бик
rnВие не се приврзувате лесно, а кога тоа ќе се случи, речиси е невозможно да се тргнете од нив. Вие станувате изгубеното делче од сложувалката и ја исполнувате целата личност.rn
Близнаци
rnВие не сакате да изгубите некого, дури и ако таа личност била ужасна кон вас. Имањето добри односи со некој што ве напуштил ќе ве направи тажни, и ако сте вистински Близнаци, ќе пробате повторно да го добиете она што сте го изгубиле.rn
Рак
rnВие не сакате не среќни краеви и растојание помеѓу вас и вашиот партнер. Разделбата за вас е тешка и пробувате да ја избегнете. Вие се борите за вашата љубов и секогаш му покажувате на партнерот колку ви значи. Без размислување прифаќате да се жртвувате.rn
Лав
rnЛавовите сакаат да доминираат и да го имаат последниот збор. Тие си заминуваат неподготвени да се вклучат во расправија. Многу луѓе „до уши“ се заљубуваат во Лавовите и се приврзуваат за нив. Одлуката треба секогаш да одговара на нивните услови.rn
Девица
rnВие сте перфекционист и донесувањето избрзани одлуки не е ваша особина. Љубовниот живот за вас е бизнис зделка и треба да оди кон вистинската насока. Никогаш не носите грешни одлуки и секогаш пробувате да ги исправите работите.rn
Вага
rnВие си се држите до старото и повеќе сакате да останете во удобна врска отколку да пробувате нови работи. Вагите секогаш ги поправаат „расипаните“ нешта во врската наместо да одат и да побараат нешто ново.rn
Скорпија
rnВам ви е потребно време да ја заборавите поранешната љубов. Помислата дека некој што сте го љубеле сега е со друга личност, за вас е многу тешка и ве убива однатре. Често ви е страв кога сте вљубени и се плашите вашиот партнер да не почне да разговара со некој друг. Многу сте посесивни и многу сте нервозни кога сте разделени од саканите.rn
Стрелец
rnМногу често ги поврзувате работите со личноста која ја сакате. Не можете да престанете да ја мислите бидејќи сè што правите ве потсетува на неа. Вие чувствувате посебна конекција во сè што правите со неа.rn
Јарец
rnВие сте поврзани со неколку луѓе кои ве импресионираат. За вас е тешко да заборавите и се убедувате дека тоа е најдоброто што можете да го добиете. Преболувањето е тешко за вас.rn
Водолија
rnВие верувате во бајки и љубовни приказни. Вие верувате во епски љубовни авантури и силни врски, па затоа и нудите искрена љубов и многу често чувствувате потреба да се извините во врската.rn
Риби
rnРибите мислат дека нивните најдлабоки тајни треба да бидат споделени со личноста која ја љубат. Тие ја покажуваат нивната ранлива страна и се чувствуваат лошо кога некој ги повредува без потреба. Делењето и грижењето се многу важни во нивниот живот.rnrnПогледнете ги и клучните карактеристики на секој знак кои водат до развод.
-

Кои се најпопуларните методи што ги користат младите за да ја преболат поранешната љубов?
Сите раскинувања се тешки, но и поучни. Одеднаш целиот ваш живот се менува и вие мора да се прилагодите на моменталната ситуација. Иако раскинувањето понекогаш носи многу позитивни работи, болката што се јавува веднаш по самата разделба знае да биде неподнослива.rnrn
rnrnСпоред едно истражување, луѓето доживуваат 3 болни раскинувања во текот на животот и им требаат околу 6 месеци за да продолжат понатаму и од 12 дена до 1 месец за повторно да се вратат во нормала. Освен тоа, повеќето луѓе си дозволуваат околу 4 дена за да тонат во тага, пред да се соземат и да продолжат со секојдневниот живот. Но, што точно прават луѓето за да го излечат скршеното срце? Прочитајте кои се најпопуларните методи што ги користат младите за да ги преболат саканите…rnСе обидуваат да најдат утеха на социјалните мрежи
rn„Клин со клин се избива“ велат постарите, па така повеќето луѓе се обидуваат да најдат замена што е можно побрзо. А каде ќе најдете замена за најкратко време ако не на Фејсбук, Инстаграм или Тиндер? Девојките постојано објавуваат фотографии за да привлечат внимание, а момците како луди им пишуваат на сите симпатични припаднички на спротивниот пол. Социјалните мрежи одземаат голем дел од времето и го одвлекуваат вниманието од проблемите, а токму тоа и им треба на луѓето кои поминуваат низ болно раскинување.rn
Ги одбегнуваат социјалните мрежи
rnПостојат луѓе кои одат и во друга крајност и сосема ги одбегнуваат социјалните мрежи затоа што се плашат дека ќе видат нешто што нема да им се допадне. Сепак, на сите млади им требаат околу 5 недели за да престанат да ги „прогонуваат“ поранешните партнери на социјалните мрежи. Некои никогаш не престануваат да ги проверуваат Фејсбук профилите на бившите. Чисто од љубопитност, ништо повеќе.rn
Излегуваат на љубовни состаноци
rnПонекогаш некои Фејсбук разговори преминуваат во љубовни состаноци и тоа е сосема во ред. Многу млади луѓе се обидуваат да забораваат на поранешниот партнер со тоа што постојано излегуваат на љубовни состаноци и си ја задоволуваат потребата од внимание. Сепак, најдобро би било да не го спомнувате бившиот ако сакате да отидете на втор љубовен состанок.rn
Ги фрлаат работите што им припаѓале на бившите
rnРамки со заеднички фотографии, заборавени дуксери и други слични предмети, сето тоа оди во корпата за отпадоци. Ова иако звучи детски и незрело, сепак служи како добар вентил за ослободување од негативните емоции. Освен тоа, ќе ги отстраните сите материјални докази дека некогаш сте биле во врска со личноста која ви го скршила срцето.rn
Одат на прошетка
rnЗа многу повредени млади луѓе, прошетката претставува најдобар лек за скршено срце. Бесцелното шетање и размислување навистина може да помогне. На тој начин ќе имате можност да направите детална анализа на претходната врска и да добиете нов поглед кон работите.rnrn
rnСе почестуваат себеси
rnРаскинувањето со себе носи голем стрес, а повеќето луѓе решаваат да се ослободат од него на тој начин што одат на масажи, си купуваат нова облека, одат на патувања и излегуваат во луксузни ресторани. Со други зборови, тие си посветуваат време на себе и уживаат во животот.rn
Поминуваат време со семејството
rnПоголемиот дел од луѓето решаваат да поминуваат повеќе време со семејството за да заборават на поранешната љубов. Ова е одлична тактика бидејќи ќе ви помогне да се сетите на луѓето кои ве сакаат и кои секогаш ќе бидат тука за вас.rn
Поминуваат време со пријателите
rnКој друг ќе ве поддржи дека вашиот поранешен партнер е најлошата личност на светот, ако не вашите најдобри пријатели?! Тие ќе ви ја пружат потребната утеха, но и ќе ве потсетат дека треба да се забавувате и да уживате во животот.rn
Гледаат телевизија
rnМногумина повредени го преболуваат раскинувањето со тоа што постојано гледаат телевизија, серии и филмови. Само внимавајте да не налетате на некои романтични комедии кои промовираат вечна и нереалистична љубов.rn
Поминуваат време сами
rnИако можеби сте чуле дека не треба да бидете сами по раскинувањето, токму овој метод е оној што најмногу го практикуваат младите. Многу е важно да се соочите со вашите чувства и да си дозволите да бидете тажни по раскинувањето, но не треба ниту целосно да се изолирате. Дури и да не се чувствувате подготвени да излезете меѓу луѓе, поминувајте време со вашето семејство и најблиски пријатели. Тие ќе ви помогнат да застанете на нозе и ќе ве потсетат дека постојат луѓе кои ве сакаат и кои секогаш ќе бидат тука за вас.rnrnНе постои магично апче кое ќе може да ви помогне веднаш да ја преболите поранешната љубов. Сѐ што можете да направите е да си дадете време и да тагувате онолку колку што ви е потребно. Не заборавајте да се грижите за себе и да соберете сила да продолжите понатаму.rnrnДоколку и вие штотуку сте прекинале со саканиот или саканата, слушнете ги овие топ 20 песни за после раскинување.