Марк Хом е роден во Копенхаген, Данска во 1967 година. Откако ги завршува студиите по фотографија на Данската академија за уметност во 1989 година го продолжува својот живот во Њујорк. Првите 18 месеци ги поминува како фриленсер со веќе докажани фотографи од Њујорк, а после тоа добива задача да направи книга од фотографии за Виенскиот Балет. Хом ги поминува следните шест месеци во Виена, фотографирајќи ги главните балетани, балерини и режисери за на крајот да создаде книга со 80 фотографии. По завршената работа во Виена, се враќа во Њујорк и почнува да работи за Харперовиот Базар заедно со Лиз Тилберис и Фабиен Барон. Оваа работа претставува пресвртница во кариерата на Хом, затоа што навлегува во светот на модната фотографија што подоцна и ќе го издигне меѓу најдобрите фотографи од оваа област.Работата на Марк Хом вклучува кампањи за модните куќи Гучи, Макс Мара и Гени, како и фотографии од најкреативните, најпознатите и највлијателните личности од нашето време. Дел од нив се: Иги Поп, Шер, Феј Доновеј, Кристофер Вокен, Александер Мекквин, Нино Черути, Вивиан Вествуд, Поли Мелен, Џони Деп, Анџелина Џоли, Гвинет Палтроу и уште многу други. Голем дел од неговите фотографии се имаат појавено во различни изданија од магазинот W, Harper’s Bazaar, Венити Фер, Британскиот Вог, Германскиот Вог, магазинот Talk, Њујоркер, Арена Њујорк Тајмс и уште многу други.
После две години интензивно реновирање и работа, еден од најпрестижните хотели во Париз „Le Royal Monceau – Raffles Paris“ ги отвори вратите за своите гости на 18 октомври, откако беше затворен во јуни, 2008 година. Со соби и приватни апартмани, ресторани и барови, спа центар, 3D кино сала, соба за деца и елитен бутик, реновираниот париски хотел е еден од најубавите и најтренди хотели во Париз.rnДизајнерот Philippe Starck, по нарачка од Qatari Diar и Alexandre Allard, целиот хотел комплетно го трансформираше во рок од две години и го реновираше, со што му вдахна дух на прв хотел во новата генерација на париските места.rnrnХотелот Le Royal Monceau првпат бил отворен во 1928 година, со што веднаш станал омилено прибежиште на уметници и интелектуалци. Парижаните и странците ги обожавале градините, интимниот бар, собите покрај мостот, масите за пинг-понг и за билијард, како и фризерскиот салон.Што се однесува до приватните апартмани, во нив се одвивале некои важни историски настани, социјални и економски средби. Низ ходниците се разминувале познатите: Josephine Baker, Maurice Chevalier, Ernest Hemingway and Mistinguett.rnrn
Светски познатата компанија за производи наменети за грижа на ноктите, OPI, претстави две нови колекции кои ќе се појават на почетокот на следната година. За овие колекции, тие ги поставија двете славни личности, познати по својата опсесија за убавина, Кети Пери и Серина Вилијамс.rnrnИнспириран од последниот албум на Кети Пери, Teenage Dream, колекцијата ќе го вклучува истоимениот cветкав, розов лак, сјајно-сребрениот Not Like the Movies, светкаво-синиот Last Friday Night и оној во боја на бобинка The One That Got Away.rnrnLast Friday Night, Not Like the Movies, The One That Got Away, Teenage Dream и Black ShatterrnrnУште поинтересни се двата лака кои ќе ги претставува тенисерката Серина Вилијамс на двата големи турнири следната година: едниот во златно-зелена боја Simply Smashing, а другиотBlack Shatter – црн лак кој се става одозгора врз друг и самиот се распукува, правејќи магичен ефект.rnrnSimply Smashing и Black Shatterrn
Овој последниот ќе биде вклучен во двете колекции, кои ќе се продаваат по цена од 8, 50$, почнувајќи од јануари, 2011.
rnПогледнете како функционира само-распукувачкиот лак:rn
Во светот постојат огромен број хотели. Некои од нив се препознатливи по своето гостопримство, а други по тоа што таму се снимале некои познати филмови. Оние кои отседнуваат во овие хотели, веднаш се поистоветуваат со ликовите од филмовите кои се снимени токму во нивната соба, а некои бараат и да бидат третирани посебно. Погледнете ја листата на познатите хотели, каде што се снимени филмските сцени:rnrnThe Fairmont, Сан ФранцискоrnrnВо овој хотел се снимени сцени од филмовите: „Vertigo”, „Towering Inferno”, „Junior”, „Sudden Impact” и „The Rock”.rnrnThe dancing fountains of the Bellagio, Лас ВегасrnrnВо овој хотел во Лас Вегас, Невада се одвива главното дејство на филмовите „Ocean’s Eleven” и „Ocean’s Thirteen”.rnrnMillennium Biltmore Hotel, Лос АнџелесrnrnВо Millennium Biltmore Hotel снимени се сцени од филмовите: „The Bodyguard”, „Mission Impossible 3”, „Wedding Crashers”, „Pretty in Pink”, „Dreamgirls” и „Spiderman”.rnrnBeverly Wilshire Beverly Hills, Беверли ХилсrnrnВо овој хотел снимени се филмовите: „Beverly Hills Cop”, „Pretty Woman”, и „Bulworth”.rnrnThe Plaza, Њујорк ситиrnrnОвој хотел се наоѓа во срцето на градот Њујорк, со поглед на Central Park. The Plaza бил „домаќин“ на филмовите: „North By Northwest”, „Home Alone 2”, „The Way We Were” и „Bride Wars”.
Од професионални безјбол играчи, сопственици на познати ресторани и професионалци во кревање тегови. Овие светски познати имиња се Македонци.rnrn
Кевин Кузманов – професионален бејзбол играч
rnrnКевин Кузманов на бејзбол теренотrnrnРоден е во Њупорт Бич, во Калифорнија, на 25 јули 1981 година, а израснал во Евергрин, Колорадо. Тој е еден од четворицата професионални играчи кои успеале да направат grand slam home run, односно home run при првото топче упатено кон нив во сезоната. Познат е под псевдонимот „Македонската машина“. Моментално игра за Оукленд Атлетикс, а кариерата ја започнал во Кливленд Индијанс. Тој припаѓа на третата генерација Кузманови, иселеници од Македонија, а неговиот прадедо бил бејзбол судија на почетокот од минатиот век.rnrn
Џон Битов и фамилијата – бизнисмени
rnrnДесно (Џон Битов) и во средина (Џон Битов Јуниор)rnrnЏон Битов (Сениор) е роден во 1928 година во Торонто, Канада. Тој е еден од најуспешните канадски бизнисмени, чија сопственост се синџирот на ресторани „Big Boy“ и „Roy Rogers“, како и уште неколку други ресторани ширум земјата. Во 1982 година неговите компании ја добија лиценцата за кетеринг на канадскиот аеродром, а наредната година лиценцата за послужување пијалоци и храна на стадионот „Toronto’s SkyDome“, сегашен „Rogers Centre“. Со тоа корпорацијата Битов стана една од најголемите канадски компании кои работат со храна. Неговиот син Џон Битов Јуниор е роден во 1960 година, исто така во Торонто. Тој е сопственик на телекомуникациската компанија „Mobilicity“ и е акционер во Канадското сателитско радио. Основач е на НБА тимот „Toronto Raptors“ и е креаторот на спортскиот центар „Air Canada Centre“.rnrn
Питер Џорџ – освојувач на златен олимписки медал во кревање тегови
rnrnЛетни олимписки игри во Мелбурн, АвстралијаrnrnПитер Џорџ е роден на 29 јуни 1929 година во Акрон, Охајо, а неговите родители Трајан и Параскева биле доселеници од Македонија. Во 1948 година, на летните олимписки игри во Лондон, успеал да го освои сребрениот медал во кревање тегови во машка конкуренција до 75 килограми. На следните летни олимписки игри, во 1952 година во Хелсинки го освоил златниот медал во истата категорија. Четири години подоцна, на олимписките игри во Мелбурн го повторил успехот од Лондон. Тој исто така бил првиот кој успеал на само 15 години да крене тежина од 136 килограми, а во периодот од 1947 до 1952 освоил и 5 државни шампионски титули.rnrnПрочитајте го и првиот дел за познатите и успешни Македонци низ светот.rnrnrn
Секоја ѕвезда сака да понуди нешто ново на сцената, нешто свежо и невидено, сѐ со цел брзо да се пробие и да се стекне со слава. Сценското име е секогаш главен предизвик, па затоа мора да е препознатливо, но во секој случај и уникатно. Но, како би изгледале работите, кога секој од нив би го задржал своето вистинското име? Следуваат неколку интересни примери.rnrnЛејди ГагаrnrnВуди Ален и Дајан КитонrnrnЛари КингrnrnБоб ДиланrnrnСтингrnrnКети ПериrnrnШерrnrnМерлин МенсонrnrnЕлтон ЏонrnrnЕлвис Костелоrnrn rnrn
Не е никаква тајна дека повеќето од нас честопати „крадат“ совети за убавина од познатите. Кога станува збор за фризурите, и на момците и на девојките им се случува да отидат на фризер со фотографија од нивните омилени актери и да побараат од фризерот да им направи токму таква фризура.
rn
Погледнете ги десетте најинспиративни фризури на познатите, на сите времиња.
rnrnrnФара ФоситrnrnЏенифер Анистон во улогата на Рејчел ГринrnrnПринцезата ДијанаrnrnВикторија БекамrnrnМишел ОбамаrnrnМиа ФероуrnrnМег РајанrnrnМерлин МонроrnrnБлејк ЛајвлиrnrnДани Миногrnrn rnrn
Познатите брендови, со сигурност не станале тоа што се денеска преку ноќ. Потребни им биле многу години вложување и промоција, за да го достигнат нивото на светска популарност кое го имаат сега. Интересно е тоа што голем дел од големите корпорации имаат некоја интересна приказна од периодот на нивното настанување, а е поврзана со нивното име.rnНавистина е фасцинантно да дознавате факти за историјата на вашите омилени производители. На пример, дали сте знаеле дека “Кока-кола” порано се викала “Кола Вино” и се продавала како лекарство? Следува листа од 10 интересни факти поврзани со имињата на некои познати гиганти.rn
rn
rn
rn
rn
rn
Apple
rnВо 1976 година, Стив Џобс работел на една фарма во Орегон, која го инспирирала да и го даде името на компанијата Apple (Јаболко). Ко-основачот Возниак, верува дека Стив ја добил идејата или од фармата на која работел или од “Apple Records” – музичка куќа основана од познатата група Битлси.
rn
rn
rn
rn
rn
Adobe
rnAdobe Systems е создаден во 1982 година од страна на Џон Ворнок и Чарлс Гешки. Името е добиено од реката Адоуб Крик во Лос Алтос, Калифорнија, бидејќи поминувала зад куќата на Ворнок.
rn
rn
rn
rn
rn
Google
rnДали сте знаеле дека најупотребуваниот пребарувач, на почетокот во 1996 година се викаше “BackRub”? Името Google за прв пат се примени во 1998 година и тоа поради правописна грешка на зборот “googol”.
rn
rn
rn
rn
rn
Hewlett Packard
rnПознатиот бренд HP е создаден од презимињата на основачите Бил Хјулит и Дејв Пакард. Бидејќи двајцата биле во недоумица дали да ја крстат компанијата Хјулит-Пакард или Пакард-Хјулит решиле да фрлаат паричка.
rn
rn
rn
rn
rn
Mercedes
rnПознатата автомобилска компанија “Мерцедес” името го добила по ќерката на Емил Јелинек. Емил Јелинек всушност бил австриски бизнисмен кој нарачал мотор од дизајнерите Готлиб Дајмлер и Вилхелм Мајбах, со кој учествувал во трка. Потоа, тој увидел дека тоа може да биде добар начин за заработка, па нарачал уште 36 автомобили и добил франшиза за продажба во неколку земји.
rn
rn
rn
rn
rn
Pepsi
rnПијалокот Пепси за прв пат се појавил во 1893 година под името “Brad’s Drink”. Името било добиено од фармацевт Кејлеб Бредхем кој ја создал формулата. Во 1898 година пијалокот е преименуван во “Pepsi-Cola”, поради дигестивните ензими пепсин и кола кои се содржани во формулата.
rn
rn
rn
rn
rn
Intel
rnДали сте знаеле дека компанијата што сите ја знаеме како “Intel” можела да се вика ” Moore Noyce “? Нејзините основачи Боб Нојс и Гордон Мур го смислиле името, но за жал тоа веќе било зафатено од некој синџир на хотели. Поради ова бил усвоен акронимот од “INTegrated ELectronics”.
rn
rn
rn
rn
rn
Sony
rnОвој гигант во 1946 година бил создаден под името “Tokyo Tsushin Kogyo K.K”. Но, во 1958 година фирмата решила да го смени името во “Sony”, спојувајќи два збора “sonus” и “sonny”. Сленгот “sonny” значи паметен, млад и претставителен.
rn
rn
rn
rn
rn
Yahoo
rnОвој познат пребарувач и имејл сервис првично бил наречен ” Jerry and David’s Guide to the World Wide Web”. Нормално, името било добиено од имињата на пронаоѓачите Џери Јанг и Дејвид Фило. Името Yahoo е добиено малку покасно, и тоа како кратенка од “Yet Another Hierarchical Officious Oracle”.
rn
rn
rn
rn
rn
Adidas
rnИскрено, дали некој од нас воопшто знае што значи Adidas? Брендот е создаден според името и презимето на основачот АДолф (АДИ) ДАСлер.