КАФЕ ПАУЗА

Tag: поврзување

  • Како вашиот подзнак влијае на впечатокот на другите за вас?

    Како вашиот подзнак влијае на впечатокот на другите за вас?

    Вашиот подзнак во хороскоп ја покажува вашата надворешна страна, влијае на првиот впечаток кој луѓето го добиваат за вас, на вашата дружељубивост и на начинот на кој вие ги доживувате и се поврзувате со другите.rnrnДоколку не го знаете вашиот подзнак, проверете го со помош на калкулатор, за кој ќе ви треба точното време и местото на вашето раѓање.rnrnКако вашиот подзнак влијае на впечатокот на другите за вас?rnrnОвен – прави да изгледате поотворено, живо, независно и доминантно.rnrnБик – прави да изгледате смирено, стабилно, повлечено и самоуверено.rnrnБлизнаци – прави да бидете комуникативни, духовити, позитивни и љубопитни.rnrnРак – прави да изгледате срамежливо, суптилно, љубезно и инуитивно.rnrnЛав – прави да изгледате магнетски привлечно, експресивно, цврсто и елоквентно.rnrnДевица – прави да изгледате порезервирано, внимателно, аналитично и нервозно.rnrnВага – прави да изгледате пошармантно, оптимистично, дружељубиво и толерантно.rnrnСкорпија – прави да изгледате потаинствено, тивко, замислено и мистериозно.rnrnСтрелец – прави да изгледате повесело, директно, тврдоглаво, и искрено.rnrnЈарец – прави да изгледате повнимателно, контролирано, сериозно и посветено кон деталите.rnrnВодолија – прави да изгледате поидеалистички, прогресивно, противречно и пријателски.rnrnРиби – прави да изгледате поромантично, чувствително, несигурно и прилагодливо.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Разбудете ја романсата со сите пет сетила

    Разбудете ја романсата со сите пет сетила

    Дали чувствувате дека вашата врска ја губи романсата? Тоа би можело да се случи доколку вие и вашиот партнер меѓусебно не си ги поттикнувате сетилата. За среќа, тоа може лесно да се поправи. Испробајте ги следниве совети и вратете ја романсата во вашата врска.rnrnРазбудете ја романсата со сите пет сетилаrn

    Вратете се на вистинскиот пат

    rnКреирајте плејлиста инспирирана од раните денови на вашата врска и пуштете му ја на партнерот да ја слушне, заедно со чаша вино. Музиката продира длабоко во мозокот и душата, ја враќа возбудата и ќе ве потсети на романтичините моменти кога за првпат сте ги слушнале тие песни. Покрај тоа, музиката ќе ве раздвижи, за потоа  да продолжите со сензуално заведување. Танцот ќе го зголеми вашето задоволство и истовремено ќе ја продлабочи врската.rn

    Прегрнете се

    rnПонекогаш, само прегрнувањето на партнерот и длабокото вдишување се доволни за да ја разбудите страста. Ова објаснување води потекло од ритуалите кои се изведуваат во текот на процесот на размножување, кога спротивниот пол го привлекуваме со феромоните, кои потоа се вклопуваат во нашата природна арома. Прегрнувајте се секојдневно со партнерот и дишете длабоко во неговата прегратка за да ја продлабочите вашата врска преку мирисот.rnrnРазбудете ја романсата со сите пет сетилаrn

    Подгответе незаборавен оброк

    rnАко на вашиот прв состанок сте отишле во некој италијански ресторан, повторно создадете ја истата атмосфера, но на поинаков начин. Подгответе некој италијански специјалитет, послужете вино, а цвеќињата можат да бидат одлична романтична декорација. Заедничката вечера ќе ве потсети на посебната интимност која постоела на почетокот на врската. Јадењето заедно создава поврзување, кое за возврат создава окситоцин, познат како „хормонот на среќата“, а тоа значи и повеќе љубов.rn

    Разголете ја душата

    rnОбидете се да го изненадите партнерот со масажа на стапалата . Се разбира, бидете подготвени и вие да добиете иста таква масажа за возврат. Не само што на тој начин ќе го ослободите партнерот од напнатоста, туку и, според традиционалната кинеска медицина, ќе ги стимулирате виталните органи, преку допирот ќе ја изразите љубовта и повторно ќе се поврзете.rnrnРазбудете ја романсата со сите пет сетилаrn

    Станете поетични

    rnИако можеби звучи чудно, рецитирањето на љубовна поема на партнерот ќе создаде незаборавна врска со вашиот глас, а со тоа вие ќе му покажете колку ви е важно вашето партнерство. На тој начин партнерот ќе ја сфати вашата подготвеност за одржување на врската.rn

    Подобрете ја атмосферата во спалната соба

    rnСоздадете рај од мириси, со избирање на релаксирачки ароми што ви се допаѓаат вам и на вашиот партнер. Испрскајте ја постелата со мирис на лаванда, запалете миризливи свеќи со иста арома, а на вашето тело нанесете неколку капки парфем. Доколку немате парфем од истата мирисна нота, може да употребите етерично масло со мирис на лаванда.rnrnРазбудете ја романсата со сите пет сетилаrn

    Подгответе ја бањата

    rnИзненадете го партнерот во бањата. Подгответе му „ритуално капење“ со морска сол и етерично масло, придушете го светлото (повторно можете да ги искористите свеќите) и подгответе му чиста облека што ќе го чека после капењето. На овој начин ќе му покажете колку се грижите за него, а мирисите кои ќе ги употребите ќе ја зацврстат вашата врска.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 начини како да ја подобрите меморијата

    7 начини како да ја подобрите меморијата

    Автор: Горана КоневскаrnrnИмате проблем со помнењето? Во ова стресно секојдневие, не е невообичаено човек да биде растроен, но сепак постојат многу едноставни методи, кои можат да ви помогнат да бидете пофокусирани и подобро да помните.rnrn7 начини како да ја подобрите меморијатаrn

    1. Движете се

    rnГојазноста претставува голем ризичен фактор за многу болести, меѓу кои се вбројуваат мозочниот удар, Алцхајмеровата болест и многу други. Мозокот зависи од енергијата која ја добива преку постојаното внесување на кислород и хранливи материи преку крвотокот, а кога тие материи нема да пристигнат, способноста на мозокот за извршување на својата функција е отежната. Така, првата работа која треба да ја направите во процесот на подобрување на својата меморија е да станете од столицата и да се движите, да трчате, да возите велосипед или на кој било друг начин да бидете во движење.rn

    2. Не прескокнувајте го појадокот

    rnГолем број истражувања докажуваат дека прескокнувањето на појадокот негативно влијае врз меморијата. Кога се будиме наутро нашето тело поминало доста часови без консумирање храна и течности. Затоа, потребно е задолжително да внесеме (па макар и мала количина) храна за да го започнеме денот со енергија. Доволно е да изедете една банана, потпечени лепчиња на тост со путер и да испиете еден чај. Ваквиот појадок нема да ве здебели, ниту пак ќе ве прејаде, бидејќи во текот на денот овие калории брзо ќе ги потрошите. Појадокот позитивно ќе влијае врз функцијата на мозокот, врз меморијата и врз вашето расположение.rn

    3. Визуелизирајте

    rnДали ви е позната изреката: „Сликата вреди илјада зборови“? Претворањето на зборовите во слики ќе ви помогне подобро да ги запомните. Можете да визуелизирате и да запомните цела листа на работи доколку ги поврзете меѓусебно. Да речеме дека треба да ги запомните следните работи: пенкало, цвеќе, фотографија и чанта. Замислете ситуација каде држите чанта, од неа вадите пенкало и се потпишувате на фотографија која ја закачувате на букет цвеќе. Оваа „приказна“ и редоследот на нештата ќе ви помогнат да ги запомните предметите.rnrn7 начини како да ја подобрите меморијатаrn

    4. Обратете внимание

    rnДоволно се само осум секунди за да го фокусирате вниманието врз нешто, со цел да постигнете ефективен трансфер од кратката во долгорочната меморија. Обидете се да останете присутни и максимално фокусирани на определена задача, без разлика дали станува збор за запознавање нови луѓе, учење нови работи, читање или нешто сосема поинакво. За таа цел ќе ви помогне и отстранувањето на работите кои ви го одземаат вниманието во моментот, како на пример музика, телевизија, мобилен телефон и слично.rn

    5. Повторување

    rnКога се запознавате со некоја личност, поголема е веројатноста да го запомните нејзиното име доколку го повторите на глас. На пример: „Драго ми е што се запознавме, Даниела“. Истражувачите откриле дека луѓето кои го практикуваат ова, имаат за 30% поголеми шанси да го запомнат името на соговорникот, од оние кои воопшто не го изговараат. Исто така, ефикасен начин да запомните определена работа е да повторувате што правите. На пример, додека се движите кон дневната соба повторувајте: „ги ставам очилата на масата… ги ставам очилата на масата…“. Иако ќе се чувствувате чудно додека го правите тоа, сепак ќе бидете многу благодарни кога ќе ви затребаат очилата и кога веднаш ќе се сетите каде сте ги ставиле.rn

    6. Метод според место

    rnВо древна Грција, поетот Симонидес бил повикан за време на еден бал да рецитира поема. Неколку минути откако тој ја напуштил салата, се случил силен земјотрес. Бидејќи телата на присутните биле непрепознатливи во урнатините, Симонидес помогнал при нивната идентификација со тоа што запомнил кој каде седел додека тој рецитирал. Оттогаш, овој начин на поврзување на личности со одредено место е познат како метод според место.rnrnОвој метод често го користат угостителите, кога треба да запомнат нарачка од десетина различни пијалаци или дузина различни порции. Тие на местото на личноста го замислуваат пијалакот и јадењето, за потоа да можат прецизно и без грешка да ги услужат гостите.rn

    7. Користете ја својата околина како потсетник

    rnПоставете некој предмет на несекојдневно за вас место, за да ви послужи како потсетник. На пример: прстенот од средниот прст преместете го на палецот за да ве потсети да извршите некоја работа која ќе ја зацртате. Или пак, може на влезната врата од внатрешната страна да ставите мала кесичка да ве потсети да го фрлите ѓубрето. Можете и да залепите ливче на влезната врата и секогаш кога ќе се сетите дека ви недостига нешто дома, да го запишувате на ливчето, па така ќе бидете сигурни дека кога ќе излегувате нема да заборавите да го купите.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.