КАФЕ ПАУЗА

Tag: поврзување

  • Поврзете се со вашите духовни водачи и обезбедете си вечен пријател

    Поврзете се со вашите духовни водачи и обезбедете си вечен пријател

    Замислете покрај себе да имате вечен пријател, некој кој секогаш ќе биде тука за вас, кој ќе ве охрабрува да ги следите вашите соништа и да ги остварите вашите цели. Некој кој ќе има интуиција, ќе може да предвидува и кој ќе ве знае доволно вас и светот во кој живеете. Тој или таа би можеле да ве водат, да ви дават совети и да ви помагаат на кој било начин. Звучи прекрасно, зар не? Можеби не сфаќате, но во моментот има личности кои сакаат да ја играат оваа улога. Повеќе од нив се подготвени да ви бидат вечен пријател само што ќе ги повикате. Дали сте подготвени? Следете ги овие чекори кои ќе ви помогнат да се поврзете со вашиот духовен водач.rnrnПоврзете се со вашите духовни водачи и обезбедете си вечен пријателrn

    1. Соберете го вашиот тим

    rnПрво, најважно е да ги утврдите условите и верувањата со кои ќе го опишете овој пријател, со цел да се чувствувате удобно. Без разлика дали ќе се одлучите да го гледате овој пријател како повисоко ниво на вашата личност, вашиот дух, Универзум, Бог, енергија, ангел чувар или интуиција, одберете го зборот кој ви е најпријатно да го користите. Со што или со кого се чувствувате удобно кога сте поврзани? Со што или со кого најмногу сакате да се поврзете?rn

    2. Повикајте ги

    rnОткако еднаш ќе одлучите со што или со кого сакате да комуницирате, истите треба да ги повикате. Дајте им до знаење дека сакате да бидат наоколу и дека ги слушате нивните пораки, насоки, инспирација и интуиција. Направете го ова во момент кога сте одморени и опуштени. Затворете ги очите, замислете го оној кому му зборувате и кажете му дека сте подготвени. Не е важно дали сте го изговориле ова на глас или само сте си го помислиле. Тоа ќе се реализира.rn

    3. Одвојте време за да комуницирате со нив

    rnТреба да се чувствувате слободни да ги повикате вашите водачи секогаш кога ќе ви бидат потребни насоки. Постојат многу тивки моменти во текот на денот кои се одлични за да го направите ова поврзување. Не постои правилен или погрешен начин на кој можете да го направите ова, туку сѐ што треба е да се чувствувате удобно со самите себе. Директно поставувајте прашања, кажувајте ги вашите проблеми и предизвикајте ги насоките. Започнете дијалог. Слушајте. Исто така оваа комуникација може да биде или на глас или во вашиот ум, а можете да користите и сопствен дневник каде што ќе ги запишете сите прашања што ги имате. Користете различно пенкало и оставете одговорот да минува низ страниците, без да го поправате. Нека вашата рака го пишува она што го сакате и она што го чувствувате.rnrnПоврзете се со вашите духовни водачи и обезбедете си вечен пријателrn

    Како ќе знаете дали тие ве слушаат?

    rnДлабоко во себе, вие ќе знаете. По одредено време ќе добиете знак или чувство и тоа ќе биде толку јасно што секако ќе го забележите. Откако еднаш ќе го препознаете тој знак, понатаму ќе ви биде полесно. Бидете отворени за она што ви го велат. Можеби ќе бидете целосно изненадени од пораката која ќе ја добиете, но ова во секој случај е добро. Ако е нешто што не сте очекувале да го слушнете, најверојатно е нешто што би требало да го знаете.rnrnЕве неколку знаци кои би можеле да ги забележите:rn

      rn011

    • Може да видите јасна слика во вашиот ум.
    • rn011

    • Може да добиете ненадејна инспирација, интуиција или идеја.
    • rn011

    • Може да имате одредена физичка реакција, како чувство во стомакот или боцкање во задниот дел од вратот.
    • rn011

    • Може емоционално да се чувствувате полесно.
    • rn011

    • Може да забележите знаци во реалниот живот, како што се некои симболи или дежа ву искуство.
    • rn011

    • Едноставно може да знаете и тоа да ви биде тешко да го објасните на другите.
    • rn

    rnЗапаметете дека треба да се заблагодарите за тоа што вашиот водич е покрај вас. Обидете се да комуницирате еден месец и забележете што ќе се случи. Никогаш не можете да знаете кој ќе биде покрај вас.

  • Науката зад љубовта и поврзувањето: 3-те фази на заљубувањето

    Науката зад љубовта и поврзувањето: 3-те фази на заљубувањето

    Заљубувањето влијае паралелно и на мозокот и на телото. Нашата симпатија нѐ привлекува и ако работите продолжат по тој пат, може да почувствуваме еуфорија, копнеж, страст и возбуда. Мислиме дека сме ја нашле таа посебна и вистинска личност во нашиот живот. Нашата сродна душа. Неколку години подоцна таа возбуда ќе се намали и ќе се замени со топлина, удобност и нежност. Ќе се чувствуваме физички, психички и духовно поврзани со нашиот партнер. Ќе ги делиме соништата и целите и ќе се обидуваме заеднички да ги оствариме.rnrnНауката за љубовта и поврзувањето: 3-те фази на заљубувањетоrnrnСпоред професорот по антропологија, Хелен Фишер, постојат 3 фази на заљубување: Страст, привлечност и поврзување. Секоја фаза може да се објасни со нашата мозочна хемија – невротрансмитерите кои нѐ инспирираат и нè поттикнуваат, како и хормоните кои го пренесуваат чувството низ нашето тело.rn

    1. Страст

    rnКога сме во фазата на страста, ние сме физички привлечени кон субјектот на нашите симпатии. Сакаме да ги заведеме или сакаме да нѐ заведат. Постои еден елемент на мистерија и интензивност која ги прави работите возбудливи. Страста е поттикната од тестостеронот кај мажите и естрогенот кај жените и таа е поразлична од љубовта. И двата хормони можат да нѐ натераат повеќе да го посакуваме потенцијалниот партнер, но не и да се заљубиме во него на потраен начин.rn

    2. Привлекување

    rnВо втората фаза започнуваме да копнееме по присуството на нашиот партнер. Нашите срцеви отчукувања се зголемуваат и не сакаме ниту да јадеме ниту да спиеме. Чувствуваме дополнителна енергија и возбуда како што фантазираме за различни заеднички сценарија. Сите чувства се предизвикани од допаминот, норадреналинот и серотонинот.rnrnДопамин: Се поврзува со мотивацијата, наградувањето и однесувањето кое го покажуваме кога сакаме да стигнеме или исполниме некоја цел, што го објаснува и поттикот да се обидеме да ги освоиме нашите симпатии или да фантазираме за нив.rnrnНорадреналин: Одговорен е за дополнителниот прилив на енергија и забрзаниот пулс, како и за губењето на апетитот и желбата за спиење.rnrnСеротонин: Предизвикува опсесивно размислување. Во едно италијанско истражување спроведено врз 60 испитаници се заклучило дека оние кои неодамна биле заљубени и оние кои пателе од опсесивно компулсивни нарушувања имале помалку серотонин во нивната крв отколку оние испитаници кои не биле заљубени.rn

    3. Поврзување

    rnПоврзувањето ја претставува желбата да направиме потрајна врска со нашите љубени. Ова е периодот во кој љубовните парови можат да се вселат заедно, да стапат во брак и/или да имаат деца. По некое време, допаминот се намалува и се заменува со хормоните окситоцин и вазопресин, кои ја создаваат желбата да се поврземе и да го негуваме нашиот партнер.rnrnОкситоцин: Хормон кој се ослободува за време на сексуалниот однос, раѓањето на децата и доењето. Се претпоставува дека окситоцинот е причината поради која интимните односи ги зближуваат паровите. Но, тој има и темна страна бидејќи се поврзува и со љубомората, потребата од внимание и зависноста од партнерот.rnrnВазопресин: Научниците откриле дека вазопресинот игра голема улога во поврзувањето со тоа што го проучувале еден вид глодари, познати по латинското име „Microtus ochrogaster“. Станува збор за мало животинче кое наликува на глушец и формира моногамни врски како луѓето. Кога на машкиот род им била администрирана дрога која го запира вазопресинот, тие започнале да ги занемаруваат своите женски партнери и престанале да ги бранат од другите потенцијални машки партнери.rnrnРазбирањето на науката за страста, атракцијата и поврзувањето може да ни помогне да развиеме пореалистични очекувања од нашите врски. Во продолжение следуваат неколку совети како поуспешно да поминете низ сите фази на заљубувањето:rnrn1. Не ги изедначувајте страста и љубовта – дајте ѝ време врската да се развие пред да започнете да сонувате за заедничка иднина.rnrn2. Продолжете го дејството на допаминот во една подолготрајна врска со тоа што ќе имате средби, ќе одите на заеднички часови, патувања и ќе правите нови и возбудливи работи заедно со вашиот партнер.rnrn3. Продолжете го дејството на окситоцинот со тоа што ќе практикувате поголема интимност. Прегрнувајте се и бакнувајте се, мислете на вашиот партнер кога не е покрај вас, делете ги вашите надежи и соништа и поддржете ги своите најсакани.rnrn4. Ако сте љубоморни и сакате да ги контролирате луѓето околу себе, започнете да развивате разни активности и пријателства кои ќе направат да се чувствувате важни и сакани.

  • Психолошки тест: На кој начин се поврзувате со другите луѓе?

    Психолошки тест: На кој начин се поврзувате со другите луѓе?

    Постојат различни стилови на поврзување кои не влијаат само врз односот кон вашиот партнер во романтичната и сексуална врска, туку и на односот и емпатијата кон вашите блиски.rnrnСпоред Даниел Голман, американски психолог и еден од основачите на идејата за емоционалната интелигенција, постојат 3 видови луѓе: oние кои се сигурни во своите врски, оние кои избегнуваат врски и оние кои се несигурни во врските. Доколку сакате да дознаете како вие се поврзувате, решете го овој тест.rnrnПред да почнете имајте на ум дека не постојат точни и неточни одговори, само бидете искрени и одберете го одговорот кој вам најмногу ве опишува, а потоа побарајте го решението.rnrnПсихолошки тест: На кој начин се поврзувате со другите луѓе?rn

    1. Како би го опишале односот на вашите родители кон вас во детството?

    rnа) Грижливи, внимателни и преполни со разбирањеrnrnб) Не обрнувале многу внимание на вашите емоционални потребиrnrnв) Тие (или барем еден од нив) се однесувале како двојна личност, еден момент ве навредувале, а веќе другиот ве прегрнувалеrn

    2. Колку брзо склопувате нови познанства?

    rnа) Вие сакате да запознавате нови пријатели и додека го правите тоа се чувствувате пријатноrnrnб) Многу сте внимателни и крути при склопувањето новите познанстваrnrnв) Сакате да се запознавате, но набрзо потоа секогаш ја преиспитувате вашата одлукаrn

    3. Колку важност им придавате на емоциите?

    rnа) Им придавате голема важност на емоциите, со благ акцент на разумотrnrnб) Емоциите знаат да ве измамат и затоа не треба да им се придава важностrnrnв) Емоциите се оние кои ве водат низ живототrn

    4. Кога поминувате низ тешки ситуации, што очекувате од вашиот партнер и пријатели?

    rnа) Да ви овозможат емоционална поддршка и да бидат достапни за васrnrnб) Да ве остават на мира и да ја почитуваат вашата приватност бидејќи во тие ситуации сакате да сте самиrnrnв) Да влезат во вашата кожа, целосно да се соживеат со вашиот проблем, да плачат заедно со вас и да ви даваат многу вниманиеrn

    5. Доколку налетате на блиска личност во неволја, вие…

    rnа) Без многу прашања брзо ќе ѝ помогнетеrnrnб) Прво добро ќе ја проверите ситуацијата бидејќи луѓето често знаат да бидат манипуланти и да искористуваат, а не сакате тоа да ви се случи вамrnrnв) Премногу сте вознемирени и ве исцрпува туѓата неволја, па токму затоа и ги избегнувате проблемитеrn

    6. Што очекувате на емоционално ниво од партнерот во љубовната врска?

    rnа) Да ви биде емоционално достапен и ваша поддршка, исто како и вие неговаrnrnб) Не верувате дека вашиот партнер ќе ви биде емоционално достапен, па затоа и воопшто не го очекувате тоа од негоrnrnв) Партнерот е целиот ваш свет и треба да ви биде емоционално достапен 24 часа во денотrn

    7. Колкава слобода му давате на вашиот партнер?

    rnа) Одмерена и по заеднички договорrnrnб) Целосна – слободата е пресудна за успешна врскаrnrnв) Слободата не е добра бидејќи на тој начин партнерот може да си отидеrn

    8. Колку често сте љубоморни?

    rnа) Одвреме-навреме, но тоа не ве прогонуваrnrnб) Што е тоа љубомора?rnrnв) Многу тешко ја контролирате вашата љубомораrnrn rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение:” active=”false”]rn

    Најмногу одговори под А – Сигурни во своите врски

    rnВие сте личност која во своето детство се чувствувала многу сакана, безбедна и сфатена, па токму затоа и сте сигурни во вашите врски. Вие ниту претерано се приближувате до вашиот партнер, ниту пак го/ја туркате многу од вас. Се сметате за личност за која вреди другите да се грижат, а останатите ги гледате како достапни и добронамерни личности на кои можете да се потпрете. Токму затоа нивните односи најчесто се блиски и полни со доверба.rn

    Најмногу одговори под Б – Избегнувате блискост

    rnДецата кои во детството имале родители кои ги занемарувале нивните емоционални потреби, растат во возрасни кои избегнуваат блискост. Силните емоции за вас се непријатни и често мислите дека не можете емоционално да се потпрете на другите луѓе. Вашата стратегија понекогаш и има добра основа, но вие слепо се држите за неа дури и кога таа е целосно неефикасна.rn

    Најмногу одговори под В – Несигурни во своите врски

    rnДецата чии родители непредвидливо скокале од лутина во нежност, стануваат тешки и несигурни личности. Тие се склони на мисли дека нивниот партнер не ги сака вистински и понекогаш тој страв може да ја избрка оваа личност од нивниот живот. Вие се гледате како некој/а кој/а не е вреден/на ниту за љубовта ниту за вниманието на другите и токму затоа постојано се плашите дека ќе бидете оставени. Слепото држење до ова однесување може само негативно да влијае врз вашите врски.rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Викенд љубовен хороскоп: Нептун подготвува бајковита романса за сите

    Викенд љубовен хороскоп: Нептун подготвува бајковита романса за сите

    Викендов ќе биде исполнет со интуитивни вибрации кои ќе влијаат на вашето расположение и вашиот пристап кон љубовта.rnrnvikend-ljuboven-horoskop-neptun-podgotvuva-bajkovita-romansa-za-site-kafepauza.mkrnrnДенес, петок, Сонцето е во опозиција на Нептун, што во вас ќе создаде еден вид копнеж. Тоа меланхолично чувство има врска со поврзувањето со блиска личност, односно со вашата желба за поврзување. Трагате по речиси божествена врска со некој посебен. За среќа, ќе можете да ја почувствувате таа поврзаност на ниво на сродни души со вашиот партнер. Ќе бидете маѓепсани еден од друг во петок навечер и тоа чувство ќе биде обострано, па може да доживеете чудесна, бајковита романса.rnrnНептун владее со „вашите сфери“, чувствата на имагинација, непопречена волја и безусловна љубов и токму тоа е она што сакате да го почувствувате кога со него се поврзува Сонцето.rnrnВо сабота и недела Месечината ќе остане во знакот Скорпија благодарејќи на што ќе можете да почувствувате особена длабочина, а можеби и врвот во вашата врска. Можеби ќе се почувствувате посесивно, но ќе бидете свесни за тоа дека сте способни да ги сакате и најтемните страни на вашиот партнер. Поточно, тоа можеби и најмногу ви се допаѓа.rnrnЕве во кој степен ќе ја почувствуваат романсата хороскопските знаци викендот од 29 до 31 август:rnrn rnrn[column col=”1/3″]rn

    Овен: ❤♡♡

    rn

    Бик: ❤❤♡

    rn

    Близнаци: ❤♡♡

    rn

    Рак: ❤❤❤

    rn[/column]rn[column col=”1/3″]rn

    Лав: ❤♡♡

    rn

    Девица: ❤❤♡

    rn

    Вага: ❤♡♡

    rn

    Скорпија: ❤❤❤

    rn[/column]rn[column col=”1/3″]rn

    Стрелец: ❤♡♡

    rn

    Јарец: ❤❤♡

    rn

    Водолија: ❤♡♡

    rn

    Риби: ❤❤❤

    rn[/column]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Водич за тантрички секс: Вака воделе љубов пред 5.000 години

    Водич за тантрички секс: Вака воделе љубов пред 5.000 години

    Вистинското значење на тантричкиот секс е „испреплетување и ширење на енергиите, а резултатот е емотивно и физичко зближување на партнерите, а не оргазам.rnrnМожеби тантричкиот секс ви звучи како нешто комплицирано и непривлечно, но оние кои го пробале, велат дека не сакаат да се вратат на традиционалното водење љубов. За тантричкиот секс не е нужно потребно многу време, а резултатите може да бидат неверојатни.rnrnvodich-za-tantrichki-seks-vaka-vodele-ljubov-pred-5-000-godini-kafepauza.mkrn

    Што е тантрички секс?

    rnТантричкиот секс постои повеќе од 5.000 години. Се работи за древна хинду практичка, во која крајната цел не е оргазам. Но, оргазмот е често добредојдено изненадување. Според експертите, неверојатното зближување на телото и умот на партнерите може да доведе до силен оргазам. Во тантричкиот секс може да се пробаат сите оние кои сакаат малку да си го освежат љубовниот живот.rn

    Зошто да пробате тантрички секс?

    rnТантричките експерти веруваат дека можете да доживеете вистинска екстаза ако вложите малку време и труд во водењето љубов. А очигледно би ви се исплатело, бидејќи овој на вид водење љубов фанови се и некои од најголемите ѕвезди на денешницата. Том Хенкс и Стинг се само некои од презадоволните љубители на овој вид секс. Дури, жената на Том Хенкс, Труди Стајлер, во една прилика има изјавено дека нејзиниот маж може да води љубов и до 5 часа непрекинато.rn

    Како да изведете тантрички секс?

    rnДобрата работа кај тантричкото водење љубов е во тоа што не е ориентирано кон одредена цел, што значи дека не мора да се трудите да научите што и како треба да направите. Трикот е всушност во тоа мислите потполно да ги ослободите од идејата за оргазам и целосно да се опуштите. Наместо на оргазам, мислете на предиграта и потрудете се таа да биде вистинско уживање за вас и за вашиот партнер, и така сѐ додека не сте сигурни дека е време да ги доведете работите до природен крај. Без брзање. Секако, тоа е полесно да се каже одошто да се направи, па затоа луѓето користат разни техники како медитација, дишење и масажи.rn

    Што да правите?

    rnАко сакате да ја испробате оваа техника на водење љубов, еве што треба да правите:rnrnИзгаснете го светлото, а со тоа и остатокот од светот. Тука сте само вие и вашиот партнер. Сѐ останато е неважно и не би требало да размислувате за ништо друго.rnrnОпуштете го телото: Поентата на тантрата е слободен проток на енергијата низ целото тело, па затоа е потребно да биде опуштено. Најдобра вежба е да станете и добро да ги протресете сите делови од телото.rnrnИзбегнувајте го креветот: Креветот може да ве потсети на спиење, а тоа ќе ве натера да го забрзате процесот. Поентата е всушност токму во спротивното, чинот што подолго да трае.rnrnНаместете се удобно: Лежете на под со партнерот и почнете полека да се допирате по целото тело. Не брзајте, посветете се на секој дел од неговото/нејзиното тело.rnrnЕкспериментирајте: Испробајте неколку различни видови допири: силна масажа, нежни допири како со пердув, снажни зафати. Целта е да му ги надразните на партнерот сите сетила и да го доведете скоро до врвот, но не и до самиот врв.rnrnКонцентрирајте се на дишењето: Ако умот почне да ви лута, обидете се да се концентрирате на дишењето. Неопходно е цело време да бидете умствено присутни во моментот, па оваа вежба со дишењето ќе ви помогне во тоа.rnrnНе откажувајте се: Ако издржите барем 10 минути, обидете се пак следниот пат. Сите сме навикнати на западњачки секс на брзина, па тантрата може да биде малку тешка за совладување.rn

    Вежби за тантрички секс

    rnСо тек на време и со помош на некои вежби ќе научите потполно да се опуштите и да уживате, па нема да треба да мислите на насоките. Но, за почеток, обидете се да ги правите работите по овие чекори, бидејќи тоа е вистинскиот начин за влез во светот на тантрата. Со оглед на тоа дека поентата на тантричкиот секс е зближување со партнерот, овие вежби можат многу да ви помогнат да го разберете овој стил на водење љубов.rnrn1. Обидете се да се поврзете со дишењето. Застанете или седнете еден наспроти друг и гледајте се во очи. Вашата лева рака ставете ја на градите на партнерот, каде што се наоѓа срцето. Партнерот треба да го направи истото и притоа треба да се обидете да го ускладите дишењето. Оваа вежба треба да трае најмалку 2 минути.rnrn2. Седнете еден кон друг, а најдобро би било женското да седи во скутот на машкото. Обвиткајте ги рацете меѓусебно и спојте ги вашите голи тела. Овој вид контакт на кожата ја подобрува интимноста.rnrn3. Поместувајте се и дишете полека и лесно, така ќе можете да ги избегнете сите пози кои го прават доаѓањето до оргазам лесно и брзо. Наместо брз оргазам, работете на бавно и постепено градење на возбудувањето. Што побавно дозволите да се возбудите, толку вашиот евентуален оргазам ќе биде поснажен и поинтензивен.

  • Штотуку родени бебиња во прегратките на нивите мајки

    Штотуку родени бебиња во прегратките на нивите мајки

    Креатор на овие прекрасни фотографии од мајки со нивните дечиња кои на светот дошле пред само 24 часа е Џени Луис. Серијата фотографии е наречена „One Day Young“, а Џени не познавала ниту едена од мајките пред оваа фотосесија, туку ги повикала преку оглас. Преку нејзините фотографии таа сакала да ги пренесе емоциите на длабокото поврзување на мајката со штотуку роденото детенце. Фотографиите изобилуваат со топлина, љубов и ведрина.rnrnШтотуку родени бебиња во прегратките на нивите мајки Штотуку родени бебиња во прегратките на нивите мајки Штотуку родени бебиња во прегратките на нивите мајки Штотуку родени бебиња во прегратките на нивите мајки Штотуку родени бебиња во прегратките на нивите мајки Штотуку родени бебиња во прегратките на нивите мајки Штотуку родени бебиња во прегратките на нивите мајки Штотуку родени бебиња во прегратките на нивите мајки Штотуку родени бебиња во прегратките на нивите мајки Штотуку родени бебиња во прегратките на нивите мајки Штотуку родени бебиња во прегратките на нивите мајки Штотуку родени бебиња во прегратките на нивите мајки Штотуку родени бебиња во прегратките на нивите мајки Штотуку родени бебиња во прегратките на нивите мајки rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кога Менхетн би се наоѓал во Големиот Кањон

    Кога Менхетн би се наоѓал во Големиот Кањон

    При крајот на 2012 година, фотографот Гас Петро од Шведска патувал низ Америка. За време на својот пат тој го посетил и големиот Кањон во Аризона, кој е долг 446 километри и широк 29 километри, со длабочина од околу 1.800 метри. Тој се смета за еден од 7-те светски чуда. Во серија од фотографии наречена „Empty“, Петро успеал да ја долови големината на овој моќен кањон. Кога Менхетн би се наоѓал во Големиот КањонОд празнината на Големиот Кањон, Петро тргнал кон север, кон метрополата Њујорк. Таму тој ја фотографирал густината на големиот урбан центар во серијата фотографии наречена „Dense“.Кога Менхетн би се наоѓал во Големиот КањонКонтрастот на овие две локации го замислил Петро и тој почнал да се запрашува како би изгледало доколку овие две спротивставени сили би биле комбинирани. Во својата последна серија наречена „Merge“, тој ги споил чувството на празнина и чувството на густина кој ги доживеал на својот пат. Погледнете ги неговите фотографии за да видите како тие изгледале во очите на Петро…Кога Менхетн би се наоѓал во Големиот Кањон Кога Менхетн би се наоѓал во Големиот Кањон Кога Менхетн би се наоѓал во Големиот Кањон Кога Менхетн би се наоѓал во Големиот Кањон Кога Менхетн би се наоѓал во Големиот Кањон Кога Менхетн би се наоѓал во Големиот Кањон
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Нацртани сцени оживеани со елементи од природата

    Нацртани сцени оживеани со елементи од природата

    Малезискиот графички дизајнер Танг Чу Линг добил интересна идеја – да ги поврзе неговите монохроматски цртежи со различни ливчиња од природата, креирајќи богати сцени, кои излегуваат надвор од дводимензионалноста, a го спојуваат живото со неживото и сепак, успеваат да останат многу едноставни креации во молив-зелена варијанта.Нацртани сцени оживеани со елементи од природатаrn
    rn

    „За една сцена ми требаат околу 2-3 дена за да ја завршам, вклучително размислувањето за идејата, одбирањето на ливчињата, цртањето, и на крајот фаќањето на фотографиите“, Линг накратко го објаснува својот процес на работа.

    rnНацртани сцени оживеани со елементи од природата Нацртани сцени оживеани со елементи од природата Нацртани сцени оживеани со елементи од природата Нацртани сцени оживеани со елементи од природата Нацртани сцени оживеани со елементи од природата Нацртани сцени оживеани со елементи од природата Нацртани сцени оживеани со елементи од природата
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Здраво Европа!

    Здраво Европа!

    Тројца млади момци од Белгија дошле до една многу интересна идеја – да ја поврзат цела Европа. Тоа сакаат да го сторат со тоа што ќе постават големи екрани 6 на 2 метри, во централните места на главните градови на државите низ Европа. Постојано, два екрани во два различни градови ќе бидат поврзани. Па така, доколку стоите пред едниот екран, ќе имате можност да го видите и чуете оној којшто стои пред другиот екран, како тој или таа реално да стои пред вас. На секои 30 минути екранот ќе се менува, па така секој од нас ќе има можност постојано да „посетува“ различни држави и да се запознава со различни култури.Здраво Европа!Ваквата технологија ќе понуди безброј можности за комуникација и забава помеѓу народите. Членовите на тимот, Senne Dehandschutter, Majd Khalifeh и Mathias Brouns, дури веруваат дека со ваквите екрани со камери ќе биде олеснето комуницирањето помеѓу членовите на Европскиот Парламент, без да се прават трошоци. Почнувате да размислувате на можностите? Замислете, ќе имаме прилика да пиеме кафе со цела Европа!rnrnМомците сѐ уште собираат лајкови и твитови од Цела Европа, со цел да можат да убедат голем спонзор да донира пари за нивниот креативен проект т.н. „Hello Europe“. Да стискаме палци да успеат и да ни стават еден екран и на скопскиот плоштад. Слушнете ги сите нивни идеи во видеото:rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Љубовници или партнери од навика?

    Љубовници или партнери од навика?

    Понекогаш е навистина тешко да останете поврзани со партнерот. Со текот на времето многу парови престануваат да му даваат приоритет на времето поминато заедно и од љубовници полека стануваат партнери од навика.rnrnЉубовници или партнери од навика?rn

    Премногу изненадувања

    rnПовремените изненадувања во врската се добредојдени. Но, ако сè почесто сте изненадени од неговите постапки и зборови, тоа би можело да значи дека неговите ставови и приоритети се менуваат. Ако ја препознаете оваа промена кај него, обидете се да се гледате почесто и не заборавајте да го прашате како е и што има ново.rn

    Немате заеднички пријатели

    rnВо текот на врската нормално е извесно време да бидете разделени, но не е нормално вие и вашиот партнер да патувате одделно или секој со своите пријатели. Така никогаш нема да дознаете како тој навистина се однесува кога не е само со вас. Но и за ова постои решение. Поканете неколку негови пријатели на вечера. На тој начин машката забава ќе биде во вашиот дом, а вие ќе ги запознаете неговите пријатели.rn

    Комуникација преку пораки

    rnАко вашата комуникација се одвива главно преку пораки оставени на фрижидерот или во вид на листи за работи кои мора да ги направите, тогаш повеќе од сигурно е дека покрај вас имате цимер, а не романтичен љубовник. Наместо тоа, вратете ја вашата врска назад, на врвот на списокот на одговорности. Поразговарајте со партнерот за секојдневните работи, а потоа запрашајте се еден со друг како напредува вашата врска.rnrnЉубовници или партнери од навика?rn

    Без расправање

    rnДури и најзаљубените парови не се согласуваат и се расправаат од време на време. Ако никогаш до сега не сте се скарале со партнерот, тоа е знак дека еден од вас е емоционално повлечен. Но тоа не значи дека намерно треба да започнувате кавги. Посветете внимание на вашите чувства и забележете дали можеби го игнорирате незадоволството.rn

    Не знаете за неговото хоби

    rnАко тој собира сè што е поврзано со неговиот омилен филм, а вие сè уште не знаете кој е неговиот филмски херој, тогаш пропуштате важен аспект на врската. Не мора да бидете дел од неговото хоби, но покажете дека го цените она за кое тој се интересира.rn

    Сè помалку секс

    rnАко сексот е нешто што го добивате само за време на роденден или годишнина, тогаш прескокнувате една од најголемите придобивки кои ги носи споделувањето на креветот. Физичкиот допир е моќен начин на поврзување на зафатените парови, а неговото отсуство може да биде причина за незадоволство и лоша комуникација. Затоа држете се за раце колку што е можно почесто и прегрнувајте се најмалку четири пати дневно.rnrnЉубовници или партнери од навика?rn

    Непрепознавање на знаците

    rnАко сте нервозни веќе подолго време, а тој сè уште не го сфатил тоа, можно е да имате проблем со невербалната комуникација. Не обидувајте се да се извлечете со познатиот изговор дека тој би требало да знае што ве вознемирува затоа што очигледно е дека не знае. Не чекајте тој самиот да разбере, туку кажете му јасно и гласно.rn

    Веќе не е забавно

    rnСостаноците се тие кои ќе ви помогнат на интересен начин да ја прославите врската. Ако веќе некое време ги заменувате состаноците со целовечерни филмски маратони, тоа е знак дека сега сè помалку ја цените врската. Вратете ја забавата назад и испланирајте специјална вечер. Направете нешто што не сте го направиле порано. Отидете во нов ресторан или едноставно само прошетајте во некој непознат дел од градот.rn

    Споделувајте

    rnРазговорите за вашите тајни желби, но и за иднината на врската, се многу важни за поврзувањето со партнерот. Започнете разговор за она што ви е заедничко, а потоа преминете на личните работи. Споделете ги сопствените стравови и надежи. Потсетете се на старите добри времиња и на начинот како сте се запознале. Не заборавајте да поделите и комплименти.rnrnЉубовници или партнери од навика?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.