Доколку се водите по фразата „што помалку, толку повеќе“, тогаш овие минималистички постери многу ќе ви се допаднат. Изработени се од артистот Мет Овен, кој живее и работи во Литл Рок, Арканзас. Тој умешно со малку мака и голема генијалност, го претставува филмот со обична илустрација. На неговиот блог, ќе можете да наидете на многу повеќе постери, а ние ви ги издвоивме поинтересните.rnrnРоки 4rnrnВојна на ѕвездите: Империјата го возвраќа ударотrnrnУмри машкиrnrnФутлусrnrnКога јагнињата ќе стивнатrnrnИндијана Џоунс: Градот на пропастаrnrnБожиќна приказнаrnrnВојна на световитеrnrnПтициrnrnМонти Пајтон и светиот гралrnrnТронrnrnПсихоrnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Романскиот дизајнер Стефан Асафти, направил еден интересен проект кој го нарекол „Brandversations“. Имено, станува збор за логоата на моќни компании во светот, но тие се целосно изработени од логото на своите конкуренти. Покрај тоа, на сите постери се наоѓа и познатиот слоган од конкурентите, правејќи ги уште поинтересни.rnrnrnrn rn
„Ова е проект за брендовите, големите брендови на модерниот свет, кои изградиле неверојатна историја како што поминувале годините. Отсекогаш постоеле спорови помеѓу конкурентските табори, а фановите на секој бренд секогаш го бранат својот омилен, сметајќи дека тој е најдобар. Честопати, силните и моќни брендови прават и маркетинг реклами против своите најблиски конкуренти“ – вели тој.
rnrnrn rn
„Проектот најмногу му пристапува на визуелниот „разговор“ помеѓу логоата на компаниите и начинот на кој тие си влијаат едно на друго. Тоа е паралела помеѓу модерното и старото, а некои од слоганите датираат од 40-тите и 50-тите години на овој век.“ – вели Стефан
Замислете што би се случило со светот доколку секој секогаш ја кажува вистината… Но, дали навистина мора ги користиме секојдневните лаги за да опстанеме? Постерите на Џастин Барбер од серијата „Truth and Lies“ ја зборуваат вистината зад секоја кажана лага. Овие лаги најчесто не повредуваат и не прават штета никому, но и понатаму, претставуваат расчекор помеѓу она што го мислиме и она што го кажуваме. Што би додале вие на оваа листа? Некој пример за лага-вистина од вашето секојдневие?rnrnrnrn rnrn
Првите „Лего“ коцки се произведени во 1949 година во Данска. Оттогаш, па се до денешен ден, тие се многу често употребувани од страна на уметници, скулптори и други креативци, кои со нив успеваат да направат фантастични дела. Пред некое време, можевте да погледнете како двајца другари, со помош на нив направиле имитации на сцени од филмот „Inception“. Овој пат повторно се задржуваме на филмскиот мотив. Погледнете ги овие феноменални изработки на постери од филмови за кои се заслужни дизајнерите од студиото „Old Red Jalopy“.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук
Животот би бил супер кога не би се случувале лоши работи, зарем не? Овие постери се продолжение на реченицата: „Зарем животот не би бил совршен кога…“, во кои ќе ги пронајдете секојдневните ситуации со кои сте се соочиле многу пати во животот.rnrnrnrn rnrn
„Под млечниот пат“ е прекрасна колекција на постери од сите планети во Сончевиот систем. Рос Беренс е креаторот на овие постери каде на секој од нив се прикажани основните карактеристики на секоја планета. Погледнете ги:rn———————————————————————————————————————————————————————
Ема Батлер е креаторка на овие минималистички постери за неколку познати филмови. Постерите ги карактеризираат препознатливи предмети, реквизити и облеки користени во неколку филмови, кои ù се нејзе омилени.
„Помалку е повеќе“. Да, но, за дизајнерите вистински предизвик е да најдат креативно решение за да „кажат“ сè што треба со помалку. Оние кои успеваат, ни презентираат неповторливи идеи, кои се интересни за гледање и истовремено остануваат запаметени. Што мислите, дали овие постери ја постигнале целта?rnrnrn
Сите компании се обидуваат да привлечат внимание преку своите реклами и тоа на секој можен начин. На почетокот рекламите биле едноставни и на нив директно се прикажувал производот, додека денеска тоа што се нуди е во втор план, а содржината на рекламата доминира, провоцира и привлекува. Еден од проверените рецепти за успех е дека сексот и те како го продава производот. Сепак, границата од оригинално и креативно до безобразно и глупаво е многу тенка, па затоа агенциите се трудат да не ја преминат. Еве неколку секси рекламни постери кои навистина го одземаат вниманието.rnrnrn