Дали сте доволно храбри да ја преминете безбедната линија?
rn
Режија: Вес БолrnrnУлоги: Дилан Обрајан, Ки Хонг Ли, Каја СкоделариоrnrnВреметраење: 113 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 19 септември 2014rnrnЖанр: акција, мистерија, научна фантастикаrnrn Наша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnПриказната започнува со младиот Томас кој се буди во лифт, со амнезија. Кога лифтот ќе застане, тој ќе се најде опкружен од голем број адолесценти и бидејќи нeма да сфаќа што се случува ќе се обиде да избега. Но, неговите нови „пријатели“ ќе го спречат и ќе се обидат полека да му објаснат каде точно се наоѓа во моментот. На почетокот Томас не се сеќава на ништо, но по силен удар во неговата глава брзо ќе се потсети на неговото име. Изгледа дека тоа е единственото нешто кое ТИЕ им дозволуваат да го задржат од својот живот.rnrn
rnrnТомас и уште 60-тина момци, од кои никој не се сеќава на својот живот претходно, се опколени со огромен ѕид во чии рамки тие живеат. Тие се тука безбедни, преживуваат, но зад ѕидовите се наоѓа огромен лавиринт кој досега никој не успеал да го премине, бидејќи тој секоја вечер постојано се менува. Вратата кон лавиринтот е отворена дење, но се затвора ноќе со цел да ги заштити од застрашувачките суштества кои талкаат низ него. За време на денот, оние кои се најбрзи и најсилни трчаат низ лавиринтот со цел да најдат излез, но пред да се затворат вратите се враќаат назад бидејќи досега никој не успеал да ја преживее ноќта од другата страна на вратата.rnrn
rnrnДоаѓањето на Томас брзо ќе предизвика огромни промени, па токму затоа дел од момците ќе почнат да се сомневаат во него. Овие промени ја вклучуваат и првата девојка во тимот, со порака дека е последната која некогаш ќе им се придружи. Но, храброста на Томас, која на моменти се граничи со лудост, набрзо ќе успее да ги убеди овие луѓе дека тој е на нивната страна и дека сака да излезе од тука исто толку колку што сакаат и тие. Токму затоа тој ќе почне да ги истражува бескрајните ходници на овој лавиринт и набрзо ќе почне да открива дека работите не се баш онака како што изгледаат…rnrn
rnrnДоколку сте љубители на постапокалиптични општества со алтернативни начини на живеење, тогаш оваа приказна со сигурност ќе ви се допадне. Дејствијата брзо се развиваат, а настаните се исполнети со многу мистерија и исчекувања кои без сомнение ќе ви го одржуваат вниманието насочено кон ликовите и нема да му дозволат на вашиот ум да лута. Но, да ве предупредиме, овој филм е базиран според книга, трилогија, па токму затоа очекувајте крај кој нема да ви ги разјасни баш сите оние нешта кои се случија. Вториот дел од филмот се очекува да излезе во септември, 2015 година, додека за третиот сè уште нема информации.rnrn












