Дигиталните фотоапарати имаат сè поголема улога во нашиот живот. Без разлика дали пред некој ден сте го купиле вашиот прв фотоапарат или веќе со години ги фотографирате најдобрите моменти од вашиот живот, погледнете ги овие неколку трикови и совети. Доколку се придржувате до нив, вашите фотографии ќе бидат многу подобри, повпечатливи и попрофесионални од досегашните…rnrn
rn
Проверете ги поставките пред да почнете со фотографирање
rnВеднаш по притискањето на копчето „on“ проверете ги „сетинзите“ на вашиот фотоапарат. Можеби последниот пат кога сте го употребиле сте биле на затворено или пак, било навечер. Доколку поставките не одговараат добро за фотографирање во околината, би можеле целосно да ги уништите наредните неколку фотографии.rn
Забрзајте го вашиот фотоапарат
rnНајголемите жалби се однесуваат на недостиг од брзина помеѓу фотографиите. Секако вие не можете да го претворите фокусот во ферари, но има неколку трикови кои ќе ви помогнат да не притискате бесцелно со прстот на копчето за сликање додека чекате претходната фотографија да се запомни.rnrnПрво најдете ја опцијата „Burst“ или „Continuous mode“ во менито и одберете ја најголемата брзина. Потоа исклучете ја опција за преглед на фотографиите (да не се појавуваат на мониторот после секое снимање). Добар додаток на овие трикови би било и доколку имате побрза мемориска картичка.rnrn
rn
Секогаш одбегнувајте дигитален зум
rnИ покрај тоа што ја имате таа можност, фотографиите со дигитален зум изгледаат ужасно. Најдобро би било доколку не го надминувате оптичкото зголемување кое го нуди вашиот фотоапарат или едноставно исклучете ја таа можност од менито.rn
Одлични портрети – во секое време
rnВградениот блиц на вашиот фотоапарат би требало да се употребува за повеќе работи, а не само за внатрешни забави. Наредниот пак кога ќе сликате портрет, погрижете се да ви биде вклучена опцијата „Fill Flash“ или „Forced Flash“ во зависност од моделот. На овој начин и покрај дневната/собната светлина, вашиот блиц ќе се активира и ќе ви го осветли секој дел од ликот рамномерно, елиминирајќи ги несаканите сенки.rnrn
rn
Трикови за штедење на батеријата
rnНема ништо полошо од празна батерија во критичен момент. Секако дека најдоброто решение за ова би било доколку ги наполните батериите вечерта пред да излезете. Но, постојат и други начини на дополнително искористување на батеријата доколку таа е при крај.rnrnДоколку на вашиот фотоапарат имате WiFi или вграден GPS, исклучете ги целосно. Исто така доколку имате оптички стабилизатор за фотографиите, исклучете го и него. Можеби фотографијата на крај ќе ви излезе малку матна, но барем ќе ја имате. Намалете ја и светлината на мониторот и исклучете ја и опцијата за преглед на фотографиите.rnrnНе пробувајте да заштедите батерија така што ќе го исклучувате фотоапаратот после секоја фотографија, бидејќи на тој начин само побрзо ќе ја дотрошите.rn
Секогаш фотографирајте со најдобар квалитет
rnВеднаш по купувањето на нов фотоапарат, проверете ја оваа опција. Бидете сигурни дека квалитетот на фотографијата (резолуцијата или пикселите) се на највисоко ниво, а потоа проверете ја компресијата доколку ви е достапна. Тука можете да наидете на многу ѕвезди, броеви и зборови како добро, подобро, најдобро. Секогаш одбирајте го највисокoто ниво, што е еднакво на најмала компресија, бидејќи тоа значи и попрецизна фотографија во поглед на деталите.rnrn
rn
Вклучете ја координатната мрежа на мониторот
rnОваа можност ќе ви помогне да не правите „криви“ фотографии. Поставете ги линиите на мониторот паралелно со хоризнтот и ќе добиете совршено „права“ фотографија. На овој начин пејзажите, вертикалните и групните фотографии ќе ви изгледаат многу попрофесионално. Дополнително, точките каде што се пресекуваат линиите се добра позиција за поставување на вашите предмети на фотографирање.rn
Совети од Холивуд
rnРежисерите од Холивуд постојано работат напорно за усовршување на нивната работа, но и вие можете многу лесно да направите добро видео. Прво, проверете дали ви е вклучен стабилизаторот за фотографиите и дали се наместени поставките на највисок квалитет. Откако ќе започнете со снимање, секогаш одржувајте го вашиот фотоапарат во хоризонтална положба и воздржувајте се од нагли движења лево-десно или горе-долу, како и од многу брзо зумирање. Доколку сакате да снимите убав пејзаж, секогаш движете го фотоапаратот многу бавно од лево кон десно.rnrn
rn
Не бидете премногу сензитивни
rnПроизводителите секогаш се фалат за сензитивноста на нивните фотоапарати, тврдејќи дека тие можат да прават одлични фотографии на многу слаба светлина. Во некои случаи тоа е вистина, но во повеќето не е.rnrnСензитивноста се мери преку ISO рејтинг кои се движи од 100 до 16.000 и повеќе… Кога опцијата ви е поставена на „Auto“, фотоапаратот ќе избере максимална ISO вредност при услови на слаба светлина. Но, ова може да даде ужасни резултати како дигитални точки кои ја прекриваат фотографијата, на која едвај може да се види што се наоѓа.rnrnДоколку вашиот фотоапарат има лимит во овој поглед, изберете од 400 до 800 и на тој начин ќе имате почисти фотографии. Но, доколку имате време тестирајте во затворени простории, без блиц, со различна сензитивност и потоа проверете ги фотографиите да видите со кој ISO рејтинг ќе имате најдобри резултати и во иднина употребувајте го него.rn
Експериментирањето е одлично
rnУбавината кај дигиталните фотоапарати е што можете да направите илјадници фотографии за многу брзо време. Испробајте ги сите комбинации на копчиња кои ви изгледаат примамливо, па ако нешто не ви се допаѓа можете многу брзо и лесно да го избришете и да почнете од почеток.rnrnДоколку притиснете нешто погрешно и после не знаете како да се вратите на првичните опции, не грижете се… Отидете во менито и од поставките изберете ја опцијата „Reset All“. Во ретки случаи при вакви експерименти може да ви се замрзне мониторот на фотоапаратот и тогаш најдобро би било да ја извадите батеријата и повторно да ја вратите. Кога ќе го вклучите фотоапаратот ќе биде како ништо да не се случило.