Артистката Карен Еланд дава сосема ново значење на терминот „уметност со кафе“. Таа во нејзините илустрации ги прославува сите кофеински пијалаци истовремено и како медиум и како порака: Карен ги преработува класичните уметнички портрети од познатите светски уметници користејќи само мешавина од кафе и вода.rnrnМона ЛатеrnrnКомбинираната страст за кафето и креативноста ја прават Карен еден неверојатен артист. На 14-годишна возраст, таа одела на часови за сликање портрети кои ја инспирирале да започне професионално да се занимава со уметноста како професија. Таа постепено започнала да ја внесува љубовта за кафето во нејзините дела и официјално почнала да го користи како материјал за цртање и сликање на нејзините портрети во 1998-та. Таа денес црта и со пиво и други пијалаци со слична густина, но нејзиниот прв избор е секогаш кафето. Во продолжение погледнете дел од нејзините кофеински креации.rnrn
Карли Дејвидсон е 34-годишен борец за правата на животните и фотограф кој живее во Портланд, Орегон. Неговиот најнов проект, „Shake Cats“ вклучува повеќе од 60 мачки, поголемиот дел од нив спасени, кои ги тресат своите глави по бањањето или чешлањето. Тој ја започнал својата кариера фотографирајќи птици во зоолошката во Орегон, но денес најмногу фотографира животни во засолништа со цел да ги зголеми нивните шанси за посвојување. Погледнете дел од неговата работа…rnrnrnrn
Наместо да црта директно на хартија, овој артист кој е и учител во основно училиште, прави неверојатни цртежи на неговата дланка која потоа ја користи како печат. Расел Пауел црта многу брзо, не дозволувајќи ѝ на бојата да се исуши и правејќи ги линиите на неговата кожа дел од уметничкото дело. Погледнете…rnrnrnrn
Портретите на Алесио Алби се необични и неверојатно убави. Природната светлина во комбинација со елементите од природата ни прикажуваат една поинаква убавина на лицата на женските модели.rnrnrnrnЗа разлика од другите фотографи, Алби ги користи специфичните карактеристики на секој уникатен амбиент за да додаде една интересна естетика во рамката. Пред очите на гледачите, обичната ограда станува значаен дел од неговиот визуелен мозаик, фрлајќи специфични сенки врз лицето на моделот.rnrnВо портретите, фотографот користи разни елементи од природата – трева, растенија, дрвја и диви цвеќиња – за да креира импровизирана сенка, силуета или рамка. Иако лицата на моделите се значително прекриени со природните елементи, Алби ја има направено секоја фотографија подеднакво уникатна, секој пат прекривајќи и откривајќи делови од лицата на неговите преубави модели на специфичен начин.rnrn
Многу од нас гледаат на животните како на човечки суштества и нормално е дека некои од фотографите го имаат истиот поглед кон нив. Винсент Лагранж е фотограф од Антверпен, Белгија, кој сака да ни ја покаже човечката страна на животните преку портрети.rnrnrnrnНеговата фотосесија се вика „Човечки животни“, а инспирацијата ја добил од неговата мачка.rn
„Се обидов да ги фотографирам животните како луѓе, претставувајќи ги нивните емоции и човечки карактеристики на мрачен начин“, изјавил Лагранж.
rnНивното сериозно расположение нè тера да се обидеме да ги прочитаме емоциите од нивните лица.rnrnРазбирливо, најтешката работа за време на оваа фотосесија му била да ги застане животните во мирувачка позиција за да може да ги фотографира.rnrn
Норвешкиот уметник Андреас Ли создава имагинарни портрети на животни во кои ја вметнува и нивната животна средина. Со оваа серија фотографии тој се обидува истовремено да ги прикаже животните и средината во која тие живеат. Во надреалните фотографии се акцентирани навиките и хармонијата помеѓу овие прекрасни животни и природата.rnrnrnrnrnОстанатите негови фотографии можете да ги проследите на неговиот Инстаграм профил.rnrn
„Clownville“ е фотосерија која се состои од гротескни портрети на застрашувачки кловнови чии креатор е францускиот фотограф Еоло Перфидо. Тој бил инспириран од ѕвездите на немиот филм како Бастер Китон и Чарли Чаплин, кои биле приморани да го преувеличуваат изразувањето на емоциите заради тоа што не можеле да зборуваат.rnrnrnrnМодерните кловнови се имаат појавено во доцниот 18-ти век кога се асоцирале со циркузот и комедијата. Самиот збор пак, потекнува од скандинавски корени и значи „несмасен недоделкан момак“. Затоа фотографиите на Перфидо се толку шокирачки – тој трансформирал нешто смешно и весело во нешто вулгарно и застрашувачко, отприлика како што сме навикнати да ги гледаме овие ликови денес во хорор филмовите.rnrnЕоло Перфидо живее во Италија, а неговата работа досега е презентирана во еминентни списанија како „Њујорок Тајмс“, рускиот „Вог“ и многу други. За шминката за оваа фотосерија се погрижила Валерија Орландо.rnrn
Јапонскиот артист Шинрашинг прави неверојатна уметност од пепелта на цигарите. Тој создава различни портрети, претворајќи го токсичниот пепел во нешто убаво. На овој 22-годишен артист потребни му се околу 2 часа да создаде портрет од цртаните ликови како Пикачу од Покемон и околу 2 дена да создаде портрет од личностите како Стив Џобс. Пушењето е екстремно штетна навика за вашето здравје, па токму затоа и овој артист рекол дека ќе се откаже од цигарите. Во меѓувреме, погледнете дел од неговата одлична и уникатна уметност.rnrnrnrn rnrn
Моментот на раѓање на дете е најубавиот момент во животот на сите кои го доживеале тоа, па затоа овие портрети делуваат многу изненадувачки. Тоа се фотографии на бебиња направени неколку секунди по нивното доаѓање на свет. Изненадувачки се затоа што не изгледаат толку убаво како за таков убав настан.rnrnЛиен, 13 секунди по породувањетоrnrnНивниот автор, фотографот Кристијан Бертло вака го објаснува тоа:rnrn
„Кога за првпат го видов син ми, тој беше крвав и покриен со онаа бела материја наречена вермикс. Тој беше како воин кој штотуку ја добил својата прва битка, како ангел кој излегува од темнината.“
rnИако фотографиите се тешки и не би можел секој да ги изгледа до крај, ова негово објаснување им дава сосема поинаква перспектива, додавајќи им длабоко и прекрасно значење.rnrn
Кристин Х. Меконел е фотографка од Лос Анџелес која нашла совршен начин да ги обнови старите портрети од нејзиното семејство. Крајниот резултат е проект кој прикажува 7 генерации женска убавина од семејството на Меконел, истовремено претставувајќи ги промените во стилот и модата низ времето. Во само 7 фотографии Меконел успева да претстави 200 годишна историја.rnrnКристин вели дека била инспирирана од старите фотографии во нејзиниот дом. Бидејќи била постојано опкружена со лицата на овие жени, почнала да наоѓа сличности меѓу своите предци и себеси. Оваа игра на Кристин направена со цел да види колку би била слична со своите предци кога би имала иста фризура, облека или шминка се претворила во одличен проект. Освен идентичната фризура, шминка и облека, Кристин користела и дигитални ефекти за да ја долови оригиналноста на времето, а нејзината мајка ѝ помогнала во собирањето податоци за нејзините предци.rnrnКристин е од десната страна, додека нејзината прапрапра баба Марта, родена 1821, е од левата странаrnrnМеконел како нејзината прапрабаба Џејн, родена во 1858.rnrnМеконел и нејзината прабаба Ати Меј, родена во 1898rnrnОва е бабата на Кристин, родена 1928rnrnКристин дури го носи истиот фустан кој го носела нејзината мајка Кетрин (родена во 1957) кога имала 32 годиниrnrnЗа крај, ова е „оригиналната“ Кристин, родена 1981rnrnКристин го завршува овој фото-проект со слика од нејзината „идна ќерка“ која ќе ја продолжи семејната лоза на убави жениrnrnСледете ја Кристин на Инстаграм.rnrn rnrn