Аурора или поларна светлина е природна појава на осветленост на небото, особено во поларните региони, предизвикана од судирот на наелектризираните честички под влијание на магнетното поле на Земјата. Таа обично се забележува ноќе, а настанува во јоносферата.
Фотографот Hisashi Noboru Sakamoto од Јапонија ја совладал техниката на овековечување на ова прекрасно осветлување на небото. Портфолиото на волшебникот од Токио е богато со разновидни пејзажи и широк спектар на ноќни фотографии од небото исполнето со живи бои. Тој навистина вложува во својата пасија, понекогаш кампувајќи и на премногу ниски температури само за да направи добри фотографии. Тој може да се пофали и со одлични фотографии од диви животни.









rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Tag: портфолио
-

Волшебната поларна светлина на небото
-

Додека бебето спие…
Мајката на оваа малечка принцеза, Адел Енерсен од Хелсинки, Финска, по професија e копирајтер и концепциски дизајнер во областа на маркетингот, која за време на породилното отсуство си смислила фантастично хоби.rnrn
rnrnДодека нејзиното бебе е во длабок сон, таа околу него создава еден комплетно нов свет, употребувајќи разни предмети што ќе ги најде во нејзиниот дом. Создава сцена околу бебенцето и набрзина прави неколку уникатни фотографии, кои тоа со сигурност ќе ги обожава кога ќе порасне.rnrn
rnrnНа Адел и се потребни само неколку минути за една фотографија, што подразбира создавање идеја, нејзино имплементирање и уредување. Таа е брза бидејќи не сака да го вознемирува бебенцето Мила додека спие и воедно сака да и остане поголем дел од денот слободен за да го помине со целото нејзино семејство.rnrn
rnrnЗа нејзините фотографии таа користи евтин фотоапарат Canon IXUS 750, а целава идеја несебично ја споделува со светот преку нејзиниот блог. За Мила е направена и страница на Фејсбук која има над 55.000 обожаватели.rnrn
rnrnПоради големата популарност на ова невообичаено, но интересно хоби, Адел ќе објави и книга со изработените фотографии, која е закажана да излезе во јануари 2012.rnrn
rnrnАко имате бебе, внуче, мало сестриче или братче, сè што ви треба за креирање прекрасни спомени е креативна идеја и малку слободно време за да направите симпатично портфолио, кое ќе сакате да го разгледувате со вашите најблиски во текот на целиот живот.rnrn



rnrn