КАФЕ ПАУЗА

Tag: пораки

  • Револуционерните пораки на Ернесто Че Гевара

    Револуционерните пораки на Ернесто Че Гевара

    Прочитајте дел од пораките кои го мотивирале славниот револуционер Ернесто Че Гевара (14 мај 1928 – 9 октомври 1967) да издржи во својата мисија…rnrnРеволуционерните пораки на Ернесто Че Гевараrnrn

    „Попрво би умрел стоејќи, отколку да живеам живот на колена.“

    rn

    „За да постигнете многу, мора прво да изгубите сè.“

    rn

    „Револуцијата не е јаболко што паѓа кога е зрело. Морате да го натерате да падне.“

    rn

    „Не ми е гајле ако паднам, сè додека има кој да ја подигне пушката и да продолжи да пука.“

    rn

    „Суровите лидери се заменуваат, само за да дојдат нови и се претворат во сурови.“

    rn

    „Дозволете му на светот да ве промени и ќе можете да го промените светот.“

    rn

    „Мора да се урнат ѕидовите на образовниот систем. Образованието не смее да биде привилегија на децата на богатите.“

    rn

    „Револуцијата не е портрет, таа е пејзаж.“

    rn

    „Ако јас загубам, тоа не значи дека не требало оваа кауза да победи.“

    rn

    „Јас не сум ослободител. Нема ослободители. Луѓето сами се ослободуваат.“

    rn

    „Ако во тебе трепери огорченост од секоја неправда, тогаш ти си мој пријател.“

    rn

    „Во моменти на голема опасност, лесно е да се даде моќен одговор за моралните мотиви, но за да се постигне ефектот, треба да биде изградено ново сознание, во кое вредностите се со нови приоритети.“

    rn

    „За време на една револуција, човек или триумфира, или загинува.“

    rn

    „Можеби звучи глупаво, но според мене, вистинскиот револуционер е воден од силно чувство на љубов.“

    rn

    „Бидете реални, сонувајте за невозможното!“

    rn

    „Омразата како воено средство е безусловна омраза кон непријателот, која те носи надвор од човековите ограничувања и те претвора во ефикасна, насилна, селективна и ладна машина за убивање.“

    rn

    „Тажно е да немаш пријатели, но уште потажно е да немаш непријатели.“

    rn

    „Не можеме да бидеме сигурни дека имаме нешто за кое вреди да живееме, доколку не сме подготвени да умреме за истото.“

    rn

    „Јас сум авантурист, кој го ризикуваше својот живот за да ја докаже својата банална теза.“

    rn

    „Јас не сум Христос, филантроп или стара дама, јас сум спротивното на Христос… Попрво би се борел со сите оружја што ми се на располагање за работите во кои верувам, отколку да дозволам да бидам прикован на крст или каде било.“

    rn

    „Нема граници во оваа борба до смрт. Ние не можеме да бидеме  рамнодушни кон она што се случува насекаде во светот, победата од која било земја во време на империјализам е наша победа, а секој пораз на која било држава е пораз за сите нас.“

    rn

    „Мора да се бориме секојдневно за нашата љубов кон човештвото да стане реалност.“

    rn

    „Ние треба да ја пренесеме војната насекаде, каде што е непријателот – во неговиот дом, во неговите забавни центри, треба да му објавиме тотална војна. Не треба да му оставиме ни момент спокој, ни миг во или надвор од барикадата. Треба да напаѓаме секаде каде што е тој и да го натераме да се чувствува како ѕвер, притиснат во аголот. Тогаш неговата издржливост ќе почне да се намалува, а ние ќе почувствуваме како почнуваат да исчезнуваат сите знаци на слабост.“

    rn

    „Ако сметате дека она што го правиме во интерес на народот претставува манифестација на комунизам, тогаш викајте не комунисти. Ако се прашувате дали сум член на „Partido Socialista Popular (популарна социјалистичка партија), одговорот е НЕ.“

    rn

    „Знам дека си дошол да ме убиеш. Стрелај плашливецу, ќе убиеш само човек.“ (Че Гевара кон неговиот убиец)

    rnПовеќе за ставовите на Че, дознајте од неговиот дневник, кој го пишувал додека живеел на планините во Боливија, а кој од неодамна е достапен и на интернет.

  • Драги читатели, време е за…

    Драги читатели, време е за…

    Dear blank, please blank – ироничен и супер забавен проект на Џеред Вунш и Ханс Џонсон, кој ве предизвикува да ја испробате вашата креативност и досетливост, преку пишување куси и измислени пораки. Тука можете да прочитате од смешни до непристојни работи, да гласате за нив или пак, да оставите свој печат. Прочитајте дел од најинтересните:rnrnСмешни и креативни измислени поракиrnrnДраги Глечери,rnrnЖал ми е што слушам за глобалното затоплување, но кармата е кучка.rnrnСо почит,rnТитаникrnrn


    rnrnДраг Хитлер,rnrnТе молам врати ми ги назад моите мустаќи. Правиш да изгледам лошо.rnrnСо почит,rnЧарли Чаплинrnrn


    rnrnДрага Марија,rnrnПризнај дека си спиела со друг. Ова излегува надвор од контрола.rnrnСо почит,rnЈосипrnrn


    rnrnДраго момче,rnrnМожам да направам девојка ти да вреска погласно, отколку што можеш ти да ја натераш.rnrnСо почит,rnПајакrnrn


    rnrnДраги луѓе на светот,rnrnНе сакам да звучам како проститутка, но ве молам користете ме кога и да посакате.rnrnСо почит,rnГраматикаrnrn


    rnrnДрага Кока-кола,rnrnЧувствувам како претерано бурно да реагираш.rnrnСо почит,rnМентос бонбонаrnrn


    rnrnДраг Ное,rnrnБи можеле да се заколнеме дека ни рече арката нема да замине пред 5 часот.rnrnСо почит,rnЕднорозитеrnrn


    rnrnДраго дете,rnrnБез разлика што и да слушнеш, ние немаме никаква врска со забременувањето на мајка ти.rnrnСо почит,rnПтиците и пчелите rnrn


    rnrnДраги филмаџии,rnrnВашите родители само што не влегле.rnrnСо почит,rnЕдинствената секс-сцена во филмотrnrn


    rnrnДраги девојки што ме малтретиравте во 7-мо одделение, бидејќи бев попаметен од вас,rnrnУтре ќе работите прекувремено.rnrnСо почит,rnВашиот шефrnrn


    rnrnДраг Фејсбук,rnrnПочекај, еден ден и тебе сите ќе те напуштат.rnrnСо почит,rnМајспејсrnrn


    rnrnДраг човеку на бензинската пумпа,rnrnСамо заради тоа што носам маица со Боб Марли, не значи дека сакам да одам со тебе во Јамајка.rnrnСо почит,rnДевојката на која никогаш повеќе нема да ѝ полниш гориво!rnrn


    rnrnДраги пушачи,rnrnТоа што конзумирате по кутија цигари на ден, значи дека ќе морам да ве посетам.rnrnСо почит,rnРакrnrn


    rnrnДраги Штрумфови,rnrnМе интересира каква е вашата боја кога се давите?rnrnСо почит,rnЉубопитниrnrn


    rnrnДрага мотивација,rnrnКаде си?rnrnСо почит,rnСтудент кој наскоро има испитrnrn


    rnrnДраги 6 и 9,rnrnВе молам престанете да ме озборувате. Ве предупредувам, знам за „недоличните“ работи што ги правите заедно.rnrnСо почит,rn7-каrnrn


    rnrnДраго 2-ро место,rnrnЧеститки, ти си прво меѓу губитниците.rnrnСо почит,rn1-во местоrnrn


    rnrnДрага одговорност,rnrnНе можам да те слушнам! Не можам да те слушнам!rnrnИскрено,rnСè уште неподготвен за дипломаrnrn


    rnrnДрага мамо,rnrnНаполнив 16 години. ТЕ МОЛАМ, смеам ли веќе да почнам да носам градник?!rnrnСо почит,rnтвојот син Џастин Биберrnrn


    rnrnДраг Џастин Бибер,rn

    Ариел навистина си го сака својот глас назад.

    rn

    rn

    rn

    Со почит,rnКралот Тритон

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук

  • Како да интегрирате повеќе имејл-адреси во едно сандаче?

    Како да интегрирате повеќе имејл-адреси во едно сандаче?

    Ако имате повеќе имејл-адреси, нема потреба да ги отворате секоја посебно за да ја прочитате поштата или да пратите порака. Доволно е само да ја искористите можноста која секоја од нив ви ја овозможува – да ги интегрирате сите во едно сандаче и со нив да управувате од само една адреса. На пример, можете кога ќе го отворите сандачето на Hotmail, во него да ги најдете и пораките кои сте ги добиле на Gmail и на Yahoo. Тоа ќе успеете да го направите преку следните чекори.Како да интегрирате повеќе мејл адреси во едно сандаче?rn

    Интеграција во Hotmail

    rn1. Интеграцијата на повеќе имејл-адреси во Hotmail се прави многу едноставно, преку кликнување на линкот Add an Email account на левата страна од екранот. Внесете ги новата адреса и лозинката и постапката е завршена.rnrn2. Доколку не ја гледате опцијата Add an Email account, кликнете на копчето во форма на запченик кај линкот за примените пораки на левата страна. Ќе се појави мени во кое треба да изберете Send and receive mail from other Email accounts. Сега изберете ја опцијата Add an Email account, по што ги правите чекорите опишани погоре.rn
    rn

    Интеграција во Gmail

    rn1. На десната страна има копче со облик на запченик, кликнете на него и во менито изберете Settings.rnrn2. Ќе се појави лента со јазичиња. Кликнете на јазичето Accounts and Import.rnrn3. Кликнете на Add a POP3 mail account you own. Ќе ви се отвори нов прозорец во којшто треба да ги внесете имејл-адресата која сакате да ја интегрирате и лозинката. Откако ќе ги внесете постапката е завршена.rnrn4. Ако сакате да праќате имејл-пораќи од другата адреса, влезете повторно во Accounts and Import, па потоа кликнете на копчето Send mail from another address. Откако во прозорчето ќе го внесете тоа што е потребно, ќе можете соодветно да одговарате на мејловите кои ќе ви стигнуваат од другата адреса на Gmail.rn
    rn

    Интеграција во Yahoo

    rnЗа разлика од Hotmail и Gmail, Yahoo дозволува интеграција на повеќе имејл-адреси само ако платите за надградба на вашата сметка. Ако сте го направиле тоа, потребни ви се само уште овие три чекори:rnrn1. На десната страна во горниот дел притиснете на опцијата Options, а потоа во менито на Mail options.rnrn2. Изберете ја опцијата POP & Forwarding која што стои на левата страна.rnrn3. Внесете ја новата имејл-адреса и лозинката од која сакате да примате пораки на Yahoo.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Забавни и смешни роденденски пораки

    Забавни и смешни роденденски пораки

    Не трудете се премногу околу подарокот, бидејќи среќата и насмевката кај славеникот многу полесно ќе ги излобирате со некоја „откачена“ порака во роденденската честитка. Не е на одмет ниту малку роденденски црн хумор. Еве неколку веќе проверени идеи, кои се особено применливи кај оние на кои веќе им натежнуват годините. :-)rnrnЗабавни и смешни роденденски поракиrn

    „Знаеш дека старееш, кога единствената работа што ја посакуваш за сопствениот роденден е да не те потсетуваат на него.“

    rn

    „Родендените се добра работа. Статистиката покажува дека луѓето со најмногу родендени, најдолго живеат.“

    rn

    „Стареењето е задолжително, но затоа созревањето е само опција.“

    rn

    „Смеј се додека имаш заби.“

    rn

    „Во ред е ако дуваш свеќи на твојата роденденска торта. Ја известив противпожарната служба.“

    rn

    „Дали атмосферата тука станува жешка или тоа се само свеќите на твојата торта.“

    rn

    „Многу познати личности се родиле на овој ден. Штета што ти не си една од нив.“

    rn

    „Без гајле, сè уште не си стар, само си уште една година поблиску до смртта.“

    rn

    „Почни да ги броиш благословите, а не брчките.“

    rnЗабавни и смешни роденденски поракиrn

    „Мислиш дека си стар? Не си стар, минатата година беше стар, сега си веќе антика.“

    rn

    „Ќе почнеш ли да ги дуваш свеќите или уште ќе ги броиш?“

    rn

    „Што е тоа што оди нагоре и никогаш не се симнува? Твоите години! Среќен роденден!“

    rn

    „Единственото кое го добиваме без да вложиме напор се годините.“

    rn

    „Во секој постар човек живее младо момче, кое се прашува: ‘Што по ѓаволите се случи со мене?’“

    rn

    „Како и сите други жени на моја возраст, имам 25 години.“

    rn

    „Не, не сум ти го заборавил роденденот, само заборавив кој датум е денеска.“

    rn

    „Ти немаш 40 години, ти си 18-годишник со 22 години искуство.“

    rn

    „Најдобар начин да останеш млад, е да лажеш за годините.“

    rn

    „Здравица за тебе. Можеби ќе доживееш да наполниш онолку години, колку што изгледа дека имаш во моментот.“

    rnДополнителна инспирација: 45 забавни начини на кои можете да им честитате роденден на најблиските.

  • Креативни пораки испишани на градските ѕидови

    Креативни пораки испишани на градските ѕидови

    Во каква форма и да се, графитите го привлекуваат нашето внимание. Тие речиси секогаш ги отсликуваат актуелните состојби во едно општество, па затоа често знаат да бидат вулгарни, но и доста смешни и креативни. Прочитајте неколку од најинтересните…rnrnКреативни и смешни графитиrn

    „Не ми пречи тоа што сонувам на англиски, ми пречат германските титлови.“

    rn

    „Мажите се како енциклопедија: дебели, досадни и мислат дека сè знаат.“

    rn

    „Некој ни ставил дрога во хероинот!“

    rn

    „Вчера долетав од Лондон. Уште чувствувам болка во рацете.“

    rn

    „Никогаш нема да те заборавам, само ти оди!“

    rn

    „Ако ми позајмиш 100 евра, ќе ти бидам должник цел живот.“

    rn

    „Да ти се плукнам во државата во која крвниот притисок ти е повисок од пензијата.“

    rnКреативни и смешни графитиrn

    „Не сакам мастики. Го сакам проклетиот кусур!“

    rn

    „Врвот на глупоста е кога сопствениот татко те убедува дека си настанал од мајмун.“

    rn

    „Не е важно да си прв, важно е да стигнеш пред сите останати.“

    rn

    „Морето сигурно го измислила жена. Пресолено е.“

    rn

    „Кога те нема во близина, не му се сите овци на број.“

    rn

    „Ја сакам Елена. Жими Ивана.“

    rn

    „Заради тоа што паметниот попушта, будалите владеат со светот.“

    rnКреативни и смешни графитиrn

    „Ако учиме од грешките, тогаш јас ќе станам доктор на науки.“

    rn

    „Девојките се убави оддалеку, но далеку се од убави.“

    rn

    „Смеј се и светот ќе се смее со тебе – ‘рчи и ќе спиеш сам.“

    rn

    „Никогаш не го оставај за утре она што можеш скроз да го баталиш.“

    rn

    „Среќата не може да ви купи пари.“

    rn

    „Патот кон успехот е обично сè уште во изградба.“

    rn

    „99% од девојките во земјата се убави, останатите учат на мојот факултет.“

    rn

    „Мажите се како одмор. Се чини дека не траат доволно долго.“

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Уникатни честитки за Св. Валентин

    Уникатни честитки за Св. Валентин

    Автори: Елена Јошеска и Симона РистоскаrnrnЗа оние кои ги сакаме не е потребен посебен празник или пак некој скап подарок за да им подариме малку повеќе внимание и љубов. Сè што е потребно, е малку инспирација и време за да создадеме нешто уникатно и несекојдневно. Зошто да не ја изненадите саканата личност со слатка порака во интересно изработена картичка?rnrnПодолу можете да погледнете неколку рачно изработени картички, кои сигурно ќе ви дадат некоја идеја, како и убави мисли за љубовта, колку за да добиете инспирација. Најважно од сè, уживајте во вниманието што го подарувате и насмевката која со сигурност ќе ја измамите кај саканата личност.rnrn

    Уникатни честитки за Св. Валентин
    „Понекогаш, твоето присуство ми го одзема здивот и сите нешта што сакам да ги кажам не можат да го пронајдат својот глас. Тогаш, во молк, можам само да се надевам дека моите очи ќе зборуваат место моето срце“ – Роберт Секстон
    rnrn
    Уникатни честитки за Св. Валентин
    „Љубењето длабоко ти дава сила. Да бидеш љубен длабоко, ти дава храброст.“ – Лао Це
    rnrn
    Уникатни честитки за Св. Валентин
    „Најдобрите и најубавите нешта во светот, не можат да се видат ниту да се допрат. Можат само да се почувствуваат.“ – Хелен Келер
    rnrn
    Уникатни честитки за Св. Валентин
    „Ако знам што е тоа љубов, тоа е поради тебе“ – Херман Хесе
    rnrn
    Уникатни честитки за Св. Валентин
    „Те сакам на овој начин затоа што не познавам друг начин на сакање. Те сакам на начин, во кој не постојам јас и не постоиш ти и сме толку интимни што твојата рака на моите гради е мојата рака, а кога заспивам и твоите очи се затвораат.“ – Пабло Неруда
    rnrn
    Уникатни честитки за Св. Валентин
    „Најголемата љубов е онаа која ја буди душата и те тера да се бориш за повеќе, онаа која разгорува оган во срцето и носи мир во мислите. Тоа е она што ти ми го подари мене. И тоа е она за кое се надевам дека ќе можам вечно јас да ти го дарувам тебе.“ – Николас Спаркс
    rnrn
    Уникатни честитки за Св. Валентин
    „Те сакам значи, те сакам повеќе од кој било друг што те сака, те сакал или ќе те сака, и исто така, те сакам на начин на којшто никој друг не те сака, ниту те сакал, ниту ќе те сака, и исто така, те сакам така како што никој друг, никогаш сакал ниту ќе сака некого.“ – Џонатан Фоер
    rnrn
    Уникатни честитки за Св. Валентин
    „Мојата иднина е всушност решено прашање од минатото. Ти беше мојата прва љубов и ти ќе бидеш мојата последна.“ – Боб Дилан
    rnrn
    Уникатни честитки за Св. Валентин
    „Љубовта нема никаква врска со она што очекуваме да го добиеме. Само со она што се очекува да го дадеме, а тоа е сè.“ – Кетрин Хепберн
    rnrn
    Уникатни честитки за Св. Валентин
    „Велат дека кога некој навистина ти недостига, дека и таа личност го чувствува истото. Но не верувам дека е можно да ти недостигам толку, колку што ти ми недостигаш мене сега. “ – Една Милеј
    rnrnrnОва се уште неколку предлог картички со кои ќе го израдувате вашиот партнер и кои перфектно го отсликуваат значењето на изреката „малите нешта го прават животот поубав“.rnrnУникатни честитки за Св. ВалентинУникатни честитки за Св. ВалентинУникатни честитки за Св. ВалентинУникатни честитки за Св. ВалентинУникатни честитки за Св. ВалентинУникатни честитки за Св. ВалентинУникатни честитки за Св. ВалентинУникатни честитки за Св. ВалентинУникатни честитки за Св. ВалентинУникатни честитки за Св. ВалентинУникатни честитки за Св. Валентин
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Љубовта е…

    Љубовта е…

    Автор: Бојана Мандевскаrn
    rn

    „Таа љубов, така силна и треперлива, така нежна и така очајна.rnТаа љубов, убава како ден и грозна како време.rnТаа љубов, толку вистинска,rnТаа љубов, толку прекрасна,rnТолку среќна и весела,rnТаа љубов толку очајна…“rn- Жак Превер

    rnЉубовта е...rnrnЉубов, ах таа љубов, вечна загатка и неисцрпна инспирација. Најголем човечки двигател. Не постои мотив кој создава повозвишени чувства и предизвикува помрачни дејства во истовреме. За љубовта се војувало и се војува. За неа се урива и се создава. За љубовта се пее и се твори. За неа се пишувало, се пишува и таа засекогаш ќе остане најголема муза.rnrnМногумина се обидувале да ја објаснат, дефинираат, но секогаш постои некој дополнителен збор, реченица која се надоврзува и  прави оваа тема да остане недообјаснета, недокажана. Или како што рекол Елин Пелин „ сè што ќе се каже за љубовта, сè е вистина“.rnrnЉубовта е...rnrnЕве неколку мисли за тоа што е љубовта и какви чувства таа предизвикува:rn
    rn

    „Љубовта е страст.“ – Мохамед Бенс

    rn

    „Во љубовта сè е ризик“. – Гете

    rn

    „За љубовта најопасното нешто се отсуствата.“ – Бранислав Нушиќ

    rn

    „Ако имаш љубов немаш потреба од ништо друго. Ако пак немаш, не е особено важно што друго имаш.“ – Џејмс Бари

    rn

    „Во љубовта и во поезијата сè е речено, а сепак сè треба допрва да се рече.“ – Блаже Конески

    rn

    „Ако ме терате да кажам зошто сум ја сакал, не можам да кажам ништо повеќе од тоа дека ТАА беше ТАА, а ЈАС бев ЈАС.“ – Монтењ

    rn

    „Тој човек што го сакаш во мене природно е подобар од мене, јас не сум таков. Но, ти сакај ме, а јас ќе се потрудам да станам подобар од себе.“ – Михаил Прашвин

    rn

    „Љубовта започнува со насмевки, расте со бакнежи и завршува со солзи.“ – непознат автор

    rn

    „Да сакаш значи да ја откриеш сопствената среќа во среќата на другиот.“ – Лубниц

    rn

    „Љубовта е кога една душа населува две тела.“ – Аристотел

    rn

    „Љубовта е дете на восхитот и мајка на разочарувањето.“ – Мигел де Унамуно

    rn

    „Знаеш дека е љубов кога не можеш да заспиеш бидејќи реалноста е многу поубава од сонот“. – непознат автор

    rnЉубовта е...
    rn

    „Љубовта која се потхранува со подароци е вечно гладна.“ – Англиска поговорка

    rn

    „Љубовта е момент кој трае вечно.“ – Џули Вити

    rn

    „Почетоците на љубовта најчесто се застрашувачки, а крајот вообичаено е тажен, но сè што се случува измеѓу, го прави животот вреден.“ – непознат автор

    rn

    „Вљубеност е кога таа заспива на вашите раце, а се буди во вашите сни.“ – непознат автор

    rn

    „Љубовта е радост за добрите, чудо за мудрите и восхит за боговите.“ – Платон

    rn

    „Тоа што е недостижно за најголемиот ум, а е достапно за најмалото срце се вика ЉУБОВ.“ – Балзак

    rn

    „Ја добиваме љубовта како дар, но љубовта е нежно растение. Не можеш само да го земеш и да го ставиш на врвот од некој шкаф со мисла дека тоа ќе цвета самото. Треба да го полеваш, да се грижиш за него, да го одгледуваш.“ – Џон Ленон

    rn

    „Сексот ја убива напнатоста, љубовта ја создава.“ – Вуди Ален

    rn

    „Кај мажите желбата раѓа љубов, а кај жените љубовта раѓа желба.“ – Џонатан Свифт

    rn

    „Да сакаш некого значи да видиш чудо кое е невидливо за другите. Начинот да засакаш нешто е да си замислиш дека тоа можеш и да го загубиш.“ – Честертон

    rn

    „Ако сакаме некого вистински, тогаш единственото нешто што ѝ го посакуваме на таа личност е да биде среќна, дури и ако ние не сме дел од таа среќа.“ – непознат автор

    rn

    „Допирот на љубовта ги претвора луѓето во поети.“ – непознат автор


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Инспиративни и мотивирачки пораки

    Инспиративни и мотивирачки пораки

    Инспиративните и мотивирачки пораки можат да ги сменат нашите размислувања и гледишта на одредена тема. Познато е дека позитивните мисли мотивираат и поттикнуваат позитивни дејства, па затоа инспиративните пораки денес сè почесто се користат. Споделете ги следниве инспиративни пораки и поттикнете ги креативноста и успехот.rnrnИнспиративни и мотивирачки поракиrnrn1. Нека твојата верба биде поголема од твојот страв!rnrn2. Не задоволувај се со тоа што си, стреми се кон тоа што можеш да бидеш!rnrn3. Не плаши се да бидеш поинаков!rnrn4. Престани да ја бараш магијата. Таа е во тебе!rnrn5. Вљуби се кога ќе бидеш подготвен/a за тоа, а не кога си осамен/a!rnrn6. Кога треба да донесеш тешка одлука – фрли паричка. Уште пред да падне паричката, ќе знаеш на што се надеваш.rnrn7. Започни го и заврши го денот со насмевка!rnrn8. Посвети се на некоја твоја идеја. Надмини го стравот, насмевни се и бори се за да ја реализираш затоа што тоа е твојот сон.rnrn9. Најромантичната приказна не е за Ромео и Јулија кои умреа заедно, туку за бабата и дедото кои остареле заедно.rnrn10. Единствено ти можеш да ги користиш твоите способности!rnrn11. Не срами се од сопствениот неуспех. Тие што доживеале неуспех, ќе те разберат, а тие што не доживеале, немаат право да те критикуваат.rnrn12. Кога животот е добар – прославуваш, а кога е лош – созреваш.rnrn13. Не тагувај за она што си го изгубил, затоа што кога дрвото ќе изгуби еден лист, на негово место расте нов.rnrn14. Минатото не може да биде сменето, заборавено, додадено или избришано. Минатото може да биде само прифатено.rnrn15. Понекогаш е многу подобро да не го добиеш тоа што го посакуваш.rnrn16. Не откажувај се од работите што сакаш да ги постигнеш!rnrn17. Вистинскиот начин да запознаеш некого е да се скараш со него. Тогаш тој ќе го покаже својот карактер.rnrn18. Вистинската љубов започнува кога не очекуваш ништо за возврат.rnrn19. Тешко е да веруваш некому, кога тој веќе еднаш ти дал причина да не му веруваш.rnrn20. Смеењето е универзален јазик.rnrn21. Секој ден кажувај нешто убаво!rnrn22. За да имаш повеќе контрола над својот живот, престани да ги контролираш другите!rnrn23. Биди позитивен/а!rnrn24. Ако некој те омаловажува, тогаш тој самиот е малку важен.rnrn25. Најубаво е да живееш на пола пат помеѓу здравиот разум и лудилото.rnrn26. Многу малку е потребно за да бидеш среќен.rnrn27. Кога некој ќе ти каже дека не можеш да успееш, заврти се и кажи му да те гледа како успеваш.rnrn28. Ако знаеш која е твојата крајна дестинација, тогаш веќе си поминал половина од патот.rnrn29. Да беше животот лесен, авантурите немаше да постојат.rnrn30. Вистинско знаење е да знаеш дека ништо не знаеш.rnrn31. Твојот живот е креација на твоите мисли.rnrn32. Патот до успехот е секогаш во изградба.rnrn33. Животот е одраз само на тоа што ти си дозволуваш да го видиш.rnrn34. Направи добро дело и осветли нечиј темен живот!rnrn35. Ако песимистот ја гледа тешкотијата во секоја шанса, биди оптимист и види ја можноста во секоја тешкотија!rnrn36. Не поигрувај си со туѓите чувства, ако ни самиот не си сигурен во сопствените емоции.rnrn37. Не чекај твојот брод да доплови до тебе, туку ти пливај до него!rnrn38. Радоста е таков вид среќа која не зависи од случувањата.rnrn39. Ако твоите соништа не те плашат, можеби не се доволно големи.rnrn40. Секој родител треба да знае дека детето еден ден ќе го следи неговиот пример, а не неговиот совет.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Креативниот календар на Кен Ло

    Креативниот календар на Кен Ло

    Автор: Тања ИлиевскаrnrnНовогодишните празнувања се зад нас, а она што од нив ќе ни остане, покрај спомените, веројатно е и рекламниот материјал во вид на пенкала, запалки и календари. Но, ваков календар сигурно не сме добиле. Ова е всушност еден нов формат, комбинација од календар и часовник, идеја на дизајнерот Кен Ло од Хонг Конг. Покрај тоа што го прикажува времето и тековниот месец, на него можат да се видат главните празници, како и да се прочитаат некои пораки и мисли за мотивација. Сè уште не се знае кога ќе почне да се произведува, но според поддршката, луѓето со задоволство би го купиле, ако цената е пристапна.Креативниот календар на Кен ЛоКреативниот календар на Кен ЛоКреативниот календар на Кен ЛоКреативниот календар на Кен ЛоКреативниот календар на Кен ЛоКреативниот календар на Кен ЛоКреативниот календар на Кен ЛоКреативниот календар на Кен ЛоКреативниот календар на Кен ЛоКреативниот календар на Кен ЛоКреативниот календар на Кен ЛоКреативниот календар на Кен ЛоКреативниот календар на Кен ЛоКреативниот календар на Кен ЛоКреативниот календар на Кен ЛоКреативниот календар на Кен Ло
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Пораки со Браева азбука од сусам испишани на хамбургери

    Пораки со Браева азбука од сусам испишани на хамбургери

    Синџирот ресторани за брза храна Wimply во Јужна Африка, своето мени го прошириле со хамбургери на кои со сусам се испишани интересни пораки со Браевата азбука. Целта на оваа автентична идеја е на гостите со оштетен вид да им овозможат поголемо уживање во дневниот оброк.Пораки со Браева азбука од сусам испишани на хамбургериВештите готвачи внимателно ги пишуваат пораките, редејќи го сусамот со пинцета, зрнце по зрнце. „100% чисто говедско месо!“ е само една од низата пораки, кои гостите можат да ги прочитаат на вкусните хамбургери. По насмевката на нивните лица, во моментот кога ги читаат пораките, може да се заклучи дека идејата е успешна, а напорот не е залуден. Во следното видео може да ги погледнете нивните реакции и подготовката на хамбургерите:rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.