КАФЕ ПАУЗА

Tag: пораки

  • Мотивациски пораки за поубав ден

    Мотивациски пораки за поубав ден

    Што би направиле кога на место каде најмалку очекувате пронајдете инспирација за денот, обврските и сите потешкотии кои ви претстојат? Сите се соочуваат со некои свои проблеми, сите имаат некоја мака која им лежи на срце, па на сите убаво би им дошол некој убав збор кој, ако ништо друго, ќе ја рашири насмевката на нивните лица.rnrn

    Дај ми минута. Твојата импресивност ме расплака.
    Дај ми минута. Твојата импресивност ме расплака.
    rnrnИлустраторот и писател Џо Бучер, познат на јавноста како Октобер Џоунс, решил да остава мотивациски пораки во возовите за да ги расположи и да им го разубави денот на луѓето кои се возат со нив. Секоја порака од оваа колекција инспиративни пораки покрај кои позира мачката Пепи им се погодува сосема случајно на сосема случајни патници кои баш тој ден решиле да се возат токму во тој воз.rnrnДоста иновативен и различен пристап, но без сомнение може да се претпостави дека мачката Пепи добро си ја завршила работата.rnrn

  • Бесценети реакции на татковци кои за прв пат го погледнуваат своето новороденче

    Бесценети реакции на татковци кои за прв пат го погледнуваат своето новороденче

    Ништо не може да ве подготви за еден ваков голем момент во животот. Што мислите, каква фацијална експресија се појавува на лицето на татковците откако за прв пат ќе го погледнат своето бебе? Екстремна среќа, неочекуван страв, возбуда или зачуденост?rnrnФотографот Дејв Јанг решил да го дознае токму тоа и направил серија фотографии на кои ги овековечил овие неверојатни реакции. И покрај тоа што тој налетал на голем број емоции, тие бие 100% реални. Тој од 23-ти до 26-ти април 2014, секоја вечер шетал по ходниците на болницата „Chelsea and Westminster“ во Лондон каде што налетал на наредниве неколку татковци. И не само што ги фотографирал, туку и побарал од нив да му кажат порака која би сакале да ја испратат до своето бебе… Погледнете.rnrn

    Бесценети реакции на татковци кои за прв пат го погледнуваат своето новороденче
    „Ти посакувам сè најдобро, ја имаш нашата љубов да се истакнеш и да бидеш слободна личност, преполна со љубов.“ – Џорџ Металинос
    rnrn
     Бесценети реакции на татковци кои за прв пат го погледнуваат своето новороденче
    „Животот е прекрасен, уживај!“ – Мајк Ридел
    rnrn
     Бесценети реакции на татковци кои за прв пат го погледнуваат своето новороденче
    „Биди среќен, јас секогаш ќе те сакам.“ – Аз Мухамед
    rnrn
     Бесценети реакции на татковци кои за прв пат го погледнуваат своето новороденче
    „Сакај го животот и храни се добро.“ – Жилан Лепретр
    rnrn
     Бесценети реакции на татковци кои за прв пат го погледнуваат своето новороденче
    „Љубов, семејство и живот.“ – Реда Али
    rnrn
     Бесценети реакции на татковци кои за прв пат го погледнуваат своето новороденче
    „Живеј го животот најдобро што можеш.“ – Алфред Кабанеса
    rnrn
     Бесценети реакции на татковци кои за прв пат го погледнуваат своето новороденче
    „Ми го промени целиот живот.“ – Кенеди Калифорд
    rnrn
     Бесценети реакции на татковци кои за прв пат го погледнуваат своето новороденче
    „Секогаш цели кон среќата, останатото само ќе се среди!“ – Бен Гросман
    rnrn
     Бесценети реакции на татковци кои за прв пат го погледнуваат своето новороденче
    „Сакај го својот татко.“ – Сердар Сокмен
    rnrn
     Бесценети реакции на татковци кои за прв пат го погледнуваат своето новороденче
    Семејството ми е сè. Ти си ритамот на моето срце и воздухот во моите бели дробови.“ – Аман Ахмед
    rnrn
     Бесценети реакции на татковци кои за прв пат го погледнуваат своето новороденче
    Слушај ја мајка ти, таа е помудра и посилна отколку што можеш да замислиш.“ – Џејсон Те
    rnrn
     Бесценети реакции на татковци кои за прв пат го погледнуваат своето новороденче
    „Живеј на начин што секогаш ќе те прави горд.“ – Алесандро Престиџакомо
    rnrn
     Бесценети реакции на татковци кои за прв пат го погледнуваат своето новороденче
    „Забавувај се.“ – Асаф Бачиу
    rnrn
     Бесценети реакции на татковци кои за прв пат го погледнуваат своето новороденче
    „Животот е онаков каков што ќе си го направиш.“ – Гамал Бантон
    rnrn
     Бесценети реакции на татковци кои за прв пат го погледнуваат своето новороденче
    „Не смееш да се тетовираш до 30 години и секогаш биди фин со мајка ти.“ – Луис МекЛинан
    rnrn
     Бесценети реакции на татковци кои за прв пат го погледнуваат своето новороденче
    „Живеј целосно, секогаш биди тоа што си и сакај со целото срце.“ – Ерис Чинелато
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мали девојчиња трансформирани во најголемите женски имиња во историјата

    Мали девојчиња трансформирани во најголемите женски имиња во историјата

    По повод месецот на женската историја фотографката Eunique Jones го основа проектот „Поради нив можеме“, со цел да се истакнат имињата на жените низ историјата кои овозможиле подобри услови за идните генерации. Дел од проектот се фотографиите од малечки девојчиња, кои облечени како најголемите и најпознатите женски ликови во историјата, ги пренесуваат нивните пораки.rnrn

    Мали девојчиња трансформирани во најголемите женски имиња во историјата
    Медлин Олбрајт – „Ми беше потребно прилично долго време за да се стекнам со глас, и сега кога го имам нема да останам тивка.“
    rnrn
    Мали девојчиња трансформирани во најголемите женски имиња во историјата
    Ана Марија Чавез – „Едноставно, на девојчињата им се потребни личности кои ќе им постават добар пример, и ментори.“
    rnrn
    Мали девојчиња трансформирани во најголемите женски имиња во историјата
    Фрида Кало – „Ја сликам сопствената реалност.“
    rnrn
    Мали девојчиња трансформирани во најголемите женски имиња во историјата
    Хилари Клинтон – „Верувам дека правата на жените и девојките се нерасчистена работа на 21-иот век.“
    rnrn
    Мали девојчиња трансформирани во најголемите женски имиња во историјата
    Ана Франк – „Ако пишувам можам сè да изменам. Мојата тага исчезнува, а мојата храброст повторно се раѓа.“
    rnrn
    Мали девојчиња трансформирани во најголемите женски имиња во историјата
    Мишел Обама – „Успехот не е во тоа колку пари заработуваш туку во разликата која ја правиш во животите на луѓето.“
    rnrn
    Мали девојчиња трансформирани во најголемите женски имиња во историјата
    Момс Мабли – „Ако секогаш го правиш тоа што отсекогаш си го правел, секогаш ќе го добиваш она што отсекогаш си го добивал.“
    rnrn
    Мали девојчиња трансформирани во најголемите женски имиња во историјата
    Сузан Б. Антони – „Заборави што светот мисли за твоето истакнување. Мисли со своите најдобри мисли, зборувај ги своите најдобри зборови и прави ги нештата најдобро што можеш.“
    rnrn
    Мали девојчиња трансформирани во најголемите женски имиња во историјата
    Др. Меј Џемисон – „Никогаш не дозволувајте да бидете ограничени од нечија ограничена имагинација.“
    rnrn
    Мали девојчиња трансформирани во најголемите женски имиња во историјата
    Доминик Довс и Габи Даглас – „Напорните денови се најдобри бидејќи тогаш се раѓаат шампионите.“
    rnrn
    Мали девојчиња трансформирани во најголемите женски имиња во историјата
    Сакагавеа – „Сè што правам е за моите луѓе.“
    rnrn
    Мали девојчиња трансформирани во најголемите женски имиња во историјата
    Малала Јоусафзаи – „Го повишувам гласот не за да викам, туку за да бидат слушнати оние кои немаат глас.“
    rnrn
    Мали девојчиња трансформирани во најголемите женски имиња во историјата
    Џенет Рино – „Едноставно се трудам да го дадам најдоброто од себе и да ги направам најдобрите расудувања што можам.“
    rnrn
    Мали девојчиња трансформирани во најголемите женски имиња во историјата
    Шерил Бун Исекс – „Кога светлината свети силно, навистина трае долго.“
    rnrn
    Мали девојчиња трансформирани во најголемите женски имиња во историјата
    Глорија Стајнем и Дороти Питман Хјуз – „Феминист е секој кој ја признава еднаквоста и човечноста на жените и мажите.“
    rnrn
    Мали девојчиња трансформирани во најголемите женски имиња во историјата
    Мајка Тереза – „Доброто што го правиш денес, утре луѓето ќе го заборават. Но сепак прави добро.“
    rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • На какви СМС-пораки „паѓаат“ хороскопските знаци?

    На какви СМС-пораки „паѓаат“ хороскопските знаци?

    Модерната технологија и мобилните телефони ни овозможија нови начини на додворување преку СМС и преку социјалните мрежи. Но, не секој хороскопски знак ужива да заведува и да ги изразува своите чувства на овој начин. За некои е забавно и секси, за други е многу подобро работите да се кажуваат во лице.rnrnna-kakvi-sms-poraki-pagjaat-horoskopskite-znaci-kafepauza.mkrnrnДознајте што му се допаѓа на секој хороскопски знак кога е во прашање додворувањето преку пораки и успешно освојте ја вашата симпатија со порака на која таа нема да може да остане рамнодушна.rn

    Овен

    rnИако овните се големи заводници кои сакаат флертување во лице, ним сепак не им се туѓи и флертувачките пораки. Тие ќе пронајдат песна која ги опишува нивните чувства или ќе цитираат некој писател што ќе биде сосема доволно за да се стопи личноста на друга страна.rn

    Бик

    rnРомантичните бикови сакаат да си играат и за да се забавуваат со љубовни пораки. Но, нивните пораки не содржат само зборови, туку и знаци кои ги опишуваат нивните емоции. Сакаат романтично допишување полно со топли зборови.rn

    Близнаци

    rnТие се мајстори за вербално заведување, па пораките и тоа како им одат во прилог. Нивните текстови се долги и преполни со најромантични и најдлабоки зборови кои ќе го стопат оној за кого се наменети. Исто така тие сакаат да бидат и духовити и во тој случај знаат како да го насмеат примачот на пораката.rn

    Рак

    rnРаковите обожаваат искажување на своите чувства преку зборови, па допишувањето им е еден вид хоби. На тој начин ќе го откријат сето она што никако не можат да го кажат во лице. Нивните пораки не се препишани, туку смислени и избрани само за личноста на која ги праќаат.rn

    Лав

    rnЛавовите повеќе би сакале да ги кажат и покажат чувствата отколку да ги напишат. Ним пораките им се нужно зло и не сакаат да се допишуваат, туку евентуално да пратат една мудра и одбрана порака која кратко и слатко би ја опишала нивната моментална состојба и емоции.rn

    Девица

    rnЗошто да се губи скапоцено време на допишување кога сѐ може да се каже очи во очи? Ова е мотото на девицата која баш и не сака да пишува за своите чувства. Кога ќе се потруди, може да прати само неколку пораки со одредена цел, а ако не е заинтересирана, ќе се прави дека не ја ни видела пораката што ја добила.rn

    Вага

    rnЉубопитни и креативни, вагите уживаат да смислуваат и да праќаат пораки како и да заведуваат преку нив. Сакаат мудри и романтични цитати од песни и книги кои може да бидат двосмислени со цел да ја заинтригираат личноста на која се наменети.rn

    Скорпија

    rnИнтригите се нивна страст што значи дека допишувањето и тоа како е привлечно за нив. Таинствените скорпии обожаваат да си играат со зборови, а најмногу од сѐ им е интересно пецкањето и заведувањето преку пораки со двосмислено значење.rn

    Стрелец

    rnДуховитите стрелци обожаваат да филозофираат, а со самото тоа, нивните пораки се многу богати и занимливи. Тие паѓаат на таинствено и по малку недокажано допишување кое може да се опише како вистинско филмско додворување.rn

    Јарец

    rnРомантичниот јарец желен за нежност обожава заведување преку пишани пораки. Тие уживаат да читаат убави зборови кои им се ним упатени, но исто така кога се „загреани“ за некого сакаат да пишуваат искрено и отворено да ѝ ја отворат душата за своите чувства на својата драга личност.rn

    Водолија

    rnВодолиите се уметници на модерната технологија и модерното заведување. Тие не сакаат да си играат со романтични зборови туку со духовити и хумористични пораки, посебно со такви на кои е скоро невозможно да се одговори. Сакаат технологија и уживаат да праќаат фотографии и песни.rn

    Риби

    rnРибите обожаваат пораки и допишување и баш тоа е начинот на кој сакаат да заведуваат и да бидат заведени. Тие се неверојатни заводници кои многу добро знаат што и кога треба да напишат, но исто така се и подеднакво слаби на зборови кои им се наменети на нив.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7-те смртни имејл гревови

    7-те смртни имејл гревови

    Доколку ги игнорирате мејловите или ги оставате за подоцна, тие ќе се трупаат како нечиста облека, што според психолозите е многу стресно за вашата психа.rnrnПросечниот вработен праќа околу 10.000 имејл-пораки годишно. Но, ако со оваа комуникациска алатка не се ракува како што треба, тоа може да го загрози нашето и здравјето на нашите колеги, вели д-р Ема Расел од Британската бизнис школа Кингстон.rnrn7-te-smrtni-imejl-grevovi-kafepauza.mkrnrnЗатоа, психолозите направиле листа на најчестите грешки при размената на електронска пошта, кои, ако се искоренат навреме, можат да спречат нервоза, стрес и растроеност. На листата се наоѓаат бесконечното пинг-понг допишување, проверка и праќање службени мејлови после работно време, проверување мејл и одговарање на пораки во друштво или на состанок, барање потврда за примање на секоја испратена имејл-порака, автоматски одговор, брзинско одговарање како и игнорирање.rnrn[message_box title=”7 најголеми имејл гревови” color=”yellow”]rn

      rn011

    1. Пинг понг – постојана размена на пораки по принципот „јас тебе – ти мене“
    2. rn011

    3. Испраќање и примање мејлови надвор од работното време
    4. rn011

    5. Испраќање имејл-пораки во нечие друштво
    6. rn011

    7. Целосно игнорирање на мејлови
    8. rn011

    9. Барање потврда за примање и читање на имејл-пораките
    10. rn011

    11. Одговарање штом видите нотификација за примен мејл
    12. rn011

    13. Автоматски одговор[/message_box]
    14. rn

    rnМногу грешите и ако штом примите групна порака, кликнете на „одговори на сите“. Било да се работи за одговор на прашање кое е поставено до целиот тим или за шега, групните пинг-понг пораки кои го гушат сандачето се едни од најголемите причинители на стрес, потврдува студијата.rnrnОдговарањето пораки во друштво и надвор од вашето работно време, иако може да ви донесе поени пред претпоставениот, остава лош впечаток пред луѓето и покажува дека не знаете да воспоставите рамнотежа помеѓу приватниот и професионалниот живот. Овој имејл-грев е сериозен бидејќи може да биде штетен и за колегите и соработниците бидејќи тие чувствуваат дека мора да бидат постојано достапни за да ви одговараат на вашите мејлови.rnrnСо инстант одговарањето можете да оставите впечаток на добро информирана личност, но и да го збуните испраќачот. Промислениот и добро обмислен одговор за кој е потребно малку време да се состави, е подобар од брзинскиот со кој ја давате бараната информација, но со погрешен тон.rnrnАко од примачот на вашите пораки постојано барате потврда за примање, тоа е многу стресно бидејќи примачот е под притисок дека веднаш треба да изреагира.rnrnВработените кои се опседнати со мејлови не се ни свесни дека тоа е причина за нивната расеаност и дека тоа штети на нивното и на ментално здравје на нивните колеги.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Приказна за две годишни времиња кои сакаат да бидат заедно

    Приказна за две годишни времиња кои сакаат да бидат заедно

    Абел живее во зима, а Адолин во лето. Тие се изолирани во своите природни средини и никогаш не требало да се сретнат. Кога наоѓаат начин да бидат блиску еден до друг, нивната средба е потешка одошто тие можеле да си замислат.rnrnПриказна за две годишни времиња кои сакаат да бидат заедноrnrnОваа волшебна анимирана приказна е дело на Carlos De Carvalho и Aude Danset, а изгледа како откината од романите на Антоан де Сент-Егзипери.rnrnИако делува како наивна детска бајка, во себе крие многу длабоки емоции и пораки, кои се поврзуваат со различностите кои нè одликуваат, далечините кои понекогаш нè спречуваат да бидеме со оние кои ги сакаме и желбата многупати работите да се случеле во друго време од вечноста за да би го доживееле совршениот момент, кој би ја скроил нашата совршена судбина.rnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Сентиментални пораки од војната во Виетнам изгравирани на „Зипо“

    Сентиментални пораки од војната во Виетнам изгравирани на „Зипо“

    Војната во Виетнам е сè уште болна американска историја. На неа потсетуваат и овие запалки од марката „Зипо“, кои им припаѓале на американски војници. На запалките се изгравирани пораки на страв, очај, желба за мир…rnrn

    Сентиментални пораки од војната во Виетнам изгравирани на „Зипо“
    Борец преку ден, љубовник ноќе, пијаница по избор и маринец по грешка.
    rnrn
    Сентиментални пораки од војната во Виетнам изгравирани на „Зипо“
    Кога ќе умрам закопајте ме со лицето надолу, така целиот свет ќе може да ми го бакне задникот.
    rnrn
    Сентиментални пораки од војната во Виетнам изгравирани на „Зипо“
    Зошто мене?
    rnrn
    Сентиментални пораки од војната во Виетнам изгравирани на „Зипо“
    Да имав фарма во Виетнам и дом во пеколот, би ја продал фармата и би заминал дома.
    rnrn
    Сентиментални пораки од војната во Виетнам изгравирани на „Зипо“
    Борба за мир и исто како секс за невиност.
    rnrn
    Сентиментални пораки од војната во Виетнам изгравирани на „Зипо“
    Мочуриште. Да го е***.
    rnrn
    Сентиментални пораки од војната во Виетнам изгравирани на „Зипо“
    Победниците никогаш не се откажуваат. А тие што се откажуваат, никогаш не победуваат. Виетнам 1971 – 1972.
    rnrn
    Сентиментални пораки од војната во Виетнам изгравирани на „Зипо“
    Не постои гравитација, светот е за никаде.
    rnrn
    Сентиментални пораки од војната во Виетнам изгравирани на „Зипо“
    Кога не си со оној што го сакаш, сакај го оној со којшто си.
    rnrn
    Сентиментални пораки од војната во Виетнам изгравирани на „Зипо“
    Девојко, ако сакаш секс, насмевни се кога ќе ми ја враќаш запалката.
    rnrn
    Сентиментални пораки од војната во Виетнам изгравирани на „Зипо“
    Ја сакам армијата – армијата ме сака мене.
    rnrn
    Сентиментални пораки од војната во Виетнам изгравирани на „Зипо“
    Кога ќе умрам знам дека ќе одам во рајот, зашто веќе го поминав моето време во пеколот.

    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Љубовни клишеа

    Љубовни клишеа

    Секојдневно сме опкружени со клишеа. Дури уште од школските клупи, и не само љубовни. „Наставничке, може да си одам, ме боли стомак/ме боли глава/женски проблеми/ми умре мачката?!“ Љубовни пораки, писма, песни, слатки зборови. Како и колку тие влијаат на нас? Некогаш ги кажуваме без воопшто да размислиме за нивното значење. Тие се како кратки и лесни верзии за без мака да се искаже она што (не) се мисли. Моето прашање е, колку жените „паѓаат“ на клише постапки и фрази кога станува збор за љубовта?rnrnЉубовни клишеаДечкото ѝ пишува пораки секоја вечер пред легнување и секое утро по станување. И така си докажуваат љубов. И што би значело тоа, ќе те сакам дури имам кредит или додека тато ми ја плаќа сметката? И најчесто тоа се веќе слушнати пораки, веќе видени фрази, сето тоа е само препишано или повторено од филм. Не секој е романтична душа, не секој знае да се изрази вистински романтично кога сака да искаже љубов, ама наместо да го цитираш Рајан Гослинг, смисли друг начин да ја покажеш љубовта.rnrnДруга клише постапка која ми оди на нерви, купување подарок секој месец. Си славите „месечнина“? Подарокот треба да биде израз на љубов и милост, онака ти текнало, од срце ти дошло да купиш некоја ситница. Да биде вистинско изненадување, а не да се глуми изненаденост кога се знае дека на тој и тој датум во месецот ќе си „размените“ подароци.rnrnИ во никој случај да не ја заборавиме најклише постапката од сите – јавното запросување. Колку појавно толку подобро. Ја сакаш девојка ти и сакаш да ја запросиш, ама само таа слушнала, а не цела Македонија, така што не ти се важи. Е сега, од друга страна, има клише постапки кои се и тоа како слатки. Кога од нигде никаде ќе ти отвори врата од автомобил или ќе го задржи столчето за да седнеш, е таквите клишеа држат вода, барем според мене.rnrnКлише изрази. Секој „експерт“ за љубов и за врски знае да ги цитира. Колку се вистинити? rnrnrnКлише израз број 1: Далечината ја разгорува вистинската љубов. Ма немој. Како прво, далечината не ја разгорува љубовта, туку ја гасне. Каква и да е, љубовта бара географска блискост. Скајп, интеренет, пораки, телефон… ништо ако ја немаш личноста во близина. Кога ќе престанеш да добваш бакнежи за добра ноќ, готово е, преку интернет нема хемија.rnrnrnКлише израз број 2: Љубовта ќе ја најдете кога најмалку ќе ја барате. Тоа е исто како некој да ви рече седи си и од небо пари ќе ти паднат. Ја паметите приказната со нашиот големец Колозов? Тој сакаше сам цар да се стори. Пиј си кафенце, азното само ќе си дојде. Да, ама во приказна. За да добиеш нешто во вистинскиот живот треба да го бараш, а не „да се правиш на Тошо“. Од небо паѓа дожд и снег, ама не љубов.rnrnrnКлише израз број 3: Спротивностите се привлекуваат. Да, баш затоа животните се парат со животни од друг вид, и металци се во врска со фолкери итн. Секој си бара некој спроти себе. Колку и да не изгледа така навидум, луѓето кои се заедно, паровите, друштвата, ужасно многу си се прикладни едни на други. Она што привлекува е сличноста. Заедничкото хоби или делење исти интереси. Спротивностите се надополнуваат ако ги има до одредена граница.rnrnИ колку повеќе навлегувам во темава, сè повеќе страв ме фаќа. А што ако и она „те сакам“ станало клише? Станува здодевно ако постојано се кажува, не ти се верува ако доаѓа од уста која лесно се расфрла со медни зборови, ама не е клише ако истовремено и се докажува.rnrnА ова моево, пиј си кафе, читај Кафе пауза, напиши некоја реченица од мерак, да не е клише ситуација? Со оглед на тоа што не се замислувам Кери од „Сексот и градот“, мислам дека не е. Сè што е ваше и ве исполнува максимално, да не ви е грижа дури и да изгледа по малку клише.rnrnДо следното читање,rnВашата Ели.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

    rn

  • Горчливо искрени пораки испишани на вкусни торти

    Горчливо искрени пораки испишани на вкусни торти

    Слатките торти понекогаш може да донесат и горчливо искрени пораки, но барем и понатаму се вкусни. Погледнете како некои луѓе се осмелуваат да им честитаат роденден, годишнина, бременост или едноставно да им соопштат некоја важна новост на блиските.rnrn

    Горчливо искрени пораки испишани на вкусни торти
    Донесуваш лоши одлуки кога си пијан.
    rnrn
    Горчливо искрени пораки испишани на вкусни торти
    Не ти е гајле за никого освен за себеси.
    rnrn
    Горчливо искрени пораки испишани на вкусни торти
    Среќен роденден Џејсон. Иако ти не направи ништо за мојот, сепак те сакам.
    rnrn
    Горчливо искрени пораки испишани на вкусни торти
    Здраво со еден десерт во момент кога месецот и денот нумерички се совпаѓаат со твоето исфрлање од матка
    rnrn
    Горчливо искрени пораки испишани на вкусни торти
    Извини што мислев дека си женско
    rnrn
    Горчливо искрени пораки испишани на вкусни торти
    Ако ништо друго, барем си убава
    rnrn
    Горчливо искрени пораки испишани на вкусни торти
    Честитки за тинејџерската бременост
    rnrn
    Горчливо искрени пораки испишани на вкусни торти
    Честито за сексот
    rnrn
    Горчливо искрени пораки испишани на вкусни торти
    Среќна 3-годишнина! Зошто уште не си ме запросил?
    rnrn
    Горчливо искрени пораки испишани на вкусни торти
    Фала за сета „тешка работа“ што ја заврши. Можеш да си ја ставиш тортава во резимето.
    rnrn
    Горчливо искрени пораки испишани на вкусни торти
    Жал ми е што спиев со мајка ти
    rnrn
    Горчливо искрени пораки испишани на вкусни торти
    Погоди кој е геј
    rnrn
    Горчливо искрени пораки испишани на вкусни торти
    Извини што ти го ставив во газ
    rnrn
    Горчливо искрени пораки испишани на вкусни торти
    Се надеваме дека нема да успееш. Ти си веќе мртов за нас.
    rnrn
    Горчливо искрени пораки испишани на вкусни торти
    Правиш мојот пенис да се чувствува одлично
    rnrn
    Горчливо искрени пораки испишани на вкусни торти
    Е*и се Џејмс
    rnrn
    Горчливо искрени пораки испишани на вкусни торти
    Мислам дека треба да се гледаме со други луѓе
    rnrn
    Горчливо искрени пораки испишани на вкусни торти
    Стар си и имаш мал пенис!
    rnrn
    Горчливо искрени пораки испишани на вкусни торти
    Не ми е гајле за ништо, сакам само чоколадо и M&M бонбони!
    rnrn
    Горчливо искрени пораки испишани на вкусни торти
    Изгуби се од тука
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 4 вистинити стереотипи поврзани со мажите

    4 вистинити стереотипи поврзани со мажите

    Постојат голем број стереотипи поврзани со мажите. Иако може да се каже дека многу од нив се потполно неосновани, сепак постојат и онакви кои не случајно се општо познати. Ова се 4 вистинити стереотипи поврзани со мажите.rnrn4 вистинити стереотипи поврзани со мажитеrn

    Пораките не се нивна специјалност

    rnДоколку некогаш му пишете на некое момче, немојте да се лутите доколку не ви пише веднаш назад, бидејќи тоа не значи дека не му значите. Ретко можете да наидете на машко кое обожава да комуницира преку СМС пораки, па не изненадувајте се и доколку неговиот одговор не е баш онаков каков што сте го очекувале. Жените ги сакаат пораките поради елементот на неизвесност, додека мажите повеќе ја сакаат комуникацијата во живо.rn

    Не знаат да разговараат за своите чувства

    rnРетко можете да наидете на машко кое ќе ве седне и ќе ви објасни што го мачи. Тоа не значи дека немаат емоции, туку дека не сакаат да зборуваат за нив. За разлика од жените, мажите не чувствуваат потреба да ја објаснуваат секоја емоција.rn

    Мажите ја бараат мајка си во својата партнерка

    rnДури и повеќето истражувања потврдуваат дека кога мажите одбираат партнерка, длабоко во себе трагаат по мајка си. Но, ни жените во тој поглед не се нешто поразлични, бидејќи тие во својот партнер го бараат својот татко со кој се чувствувале сигурни, безбедни и заштитени. Од друга страна машките сакаат партнерка која ќе се грижи за нив, која ќе им чисти, пере, готви и така натаму.rn

    Обожаваат кога ќе здогледаат дотерана девојка

    rnМажите едноставно не можат, а да не се свртат кон некоја згодна девојка. Тоа не треба да ги загрижува девојките, бидејќи тоа не значи дека тој не е заинтересиран и заљубен во својата партнерка, туку едноставно не може против тоа.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.