Да се биде во сериозна врска некогаш е навистина тешко, особено за оние личности кои имаат потешкотии со довербата. Реалноста е дека никогаш не можете со сигурност да знаете дали тој/таа ве изневерува, освен ако не ги следите во секој чекор. Имајќи го тоа на ум, секоја здрава личност која е сигурна во себе и својата врска никогаш не би направила нешто такво. Едноставно нема потреба да се грижите дури и за најмалите скоро нереални ситници, бидејќи љубомората никогаш не завршува со добро. Токму затоа погледнете ги следниве совети кои ќе ви помогнат да се смирите и да сфатите дека можеби сè е во вашата глава.rnrn
rn
1. Не добивате одговор на пораката во рок од 3-2 секунди
rnЗнаете што значи ако не добиете одговор веднаш? Дека најверојатно тој или таа е зафатен/а и во моментов не може да дојде до мобилниот телефон. Не е ниту здраво, ниту продуктивно за вас и вашата врска доколку веднаш почнете да го претпоставувате најлошото.rn
2. Тој излегува со пријателки насамо или таа излегува со пријатели насамо
rnОва е малку тешко за разбирање, бидејќи времето поминато еден на еден со личност од спротивниот пол најчесто поттикнува мисли за секс, но погодете што? 2 возрасни личности од спротивниот пол се сосема способни да поминуваат време заедно без притоа да бидат голи. Доколку постојано му/ѝ зборувате дека се сомневате во изборот на неговото/нејзиното друштво, тој или таа со сигурност со тек на време ќе станат огорчени кон вас.rn
3. Тој има само женски пријателки или таа има само машки пријатели
rnПостои еден мит дека женските пријатели на момците се само девојки со кои тие сè уште не спиеле, но планираат да го направат тоа со тек на време. Но, ајде застанете малку и добро размислете. Дали и вие сакате да спиете со сите ваши пријатели од спротивниот пол? Токму така. Сите ние сме само луѓе и имаме пријатели од сите видови, големини и верувале или не, полови.rn
4. Има потреба од слободно време
rnНа почетокот од вашата врска, за време на периодот добро познат како „меден месец“, вие сигурно едвај сте ја напуштале спалната соба. Всушност толку многу време сте поминувале заедно што не помните период кога не сте се виделе подолго од само неколку часа. Со ова темпо, со тек на време, вие ќе посакате малку слобода и простор за дишење. Доколку тој или таа едноставно посака да прескокне некој викенд со вас, тоа не значи дека има нова личност во неговиот живот, туку дека едноставно сака да помине малку време со себе.rn
5. Намалување на нагонот за секс
rnПостојат милиони можни причини зошто тој или таа нема да сакаат секс со вас во секое време. Но, вие исто така не треба да го игнорирате овој проблем во спалната, туку едноставно искрено да разговарате пред да го претпоставите најлошото. Можеби станува збор за проблем кој може лесно да се реши и брзо да ви го тргне товарот од вашата душа.






rnrnДоколку се запознавате со некого онлајн, преку социјални мрежи, ќе ви бидат потребни многу разговори за да одлучите дали сте заинтересирани и дали оваа личност е онаа која на прв поглед ви изгледа дека е. Можеби пораките се интересни некое време, но има големи шанси по неколку недели да сфатите дека сте го трошеле вашето време за џабе и дека едноставно меѓу вас нема хемија. На љубовен состанок, лице в лице, вие веднаш ќе почувствувате дали има некаков вид привлекување меѓу вас и од тоа ќе знаете дали вреди да продолжите да се гледате со оваа личност или не.rn
rnrnВо вистинскиот свет, постојат мали и суптилни ситуации преку кој човекот си го покажува вистинското лице. Тие се забележуваат преку начинот на кој тие се однесуваат кон келнерот, начинот на кој ве слушаат или едноставно колку често го проверуваат својот мобилен телефон. Овие нешта не можете да ги забележите преку виртуелен состанок. Без разлика колку разговарате, пораките никогаш нема да ви кажат дали личноста со која разговарате е џентлмен или дама.rn
rnrnЕдна од најголемите дебати против класичниот состанок е дека води до осудувања на однесувањето. Што ако ви се заглави спанаќ помеѓу забите и тој повеќе никогаш не ви се јави? Или пак, што ако зборувате премногу време за вашата мајка, па таа помисли дека сте мамин син? Но, ако размислувате реално, виртуелната комуникација многу повеќе осудува. Колку пати сте погледнале нечија профил фотографија на социјалните мрежи и веднаш сте одлучиле дека таа личност едноставно не е за вас? Или пак, колку често судите врз основа на тоа колку време му е некому потребно да ви одговори на самата порака?rnrnОдењето на традиционални состаноци ја намалува можноста за овие виртуелни осудувања без основа. Во живо, вие ќе имате можност да го проучите целокупното однесување на личноста со која сте на состанок и ќе можете веднаш да забележите дали тој/таа одговара на вас или не. И сè тоа ќе го направите од начинот на кој се однесува, а не од начинот на кој изгледа на својата профил фотографија, што реално е многу повалидна опсервација.rn
rnrnМногу е лесно да ви биде удобно кога се криете зад екран. Технологијата служи како одбранбен механизам кој ги одржува потенцијалните љубовни интереси на одредена оддалеченост од вас, па токму тоа може да влијае и негативно врз вашиот љубовен живот. Многу е важно да запомните дека без разлика дали барате забава или сериозна врска, вие ќе мора еден ден да ја напуштите удобната зона. Класичните љубовни состаноци ве тераат да го спуштите ѕидот околу вас (или едноставно да го спуштите мобилниот) и да се изложите на сите опасности кои доаѓаат со потрагата по партнер. Но, доколку работите излезат добро, вие ќе ги искусите и сите позитивни страни во потрагата по вашиот нов партнер.rn
rnrnЛуѓето изгледа заборавиле колку забавни можат да бидат љубовните состаноци. Да, тие понекогаш ќе бидат и извор на нервоза и ќе ве постават во непријатни ситуации, но воглавно се интересни и можат да доведат до приказни кои ќе ги раскажувате до крајот на вашиот живот. Никогаш не можете да знаете ако не се обидете, се согласувате?rnrn rnrn

























































