Како што веќе знаете, хороскопскиот знак може да ви открие многу за вас и за вашата личност, за тоа какви сте во љубовните врски, каков е вашиот темперамент, како одговарате на светот околу вас и уште многу други карактеристики. Денес, во модерната ера на интернетот, многумина комуницираат со своите пријатели и семејството преку текстуални пораки. Па, во зависност од тоа кој хороскопски знак сте, вие можете да откриете неколку карактеристики и за вашиот стил на пишување. Во продолжение погледнете како се однесува секој знак додека комуницира преку СМС пораки.rnrn
rn
Девица
rnДевиците сакаат да ги анализираат ситуациите и мислите, па преферираат да зборуваат и пишуваат многу логично и смислено. Тие темелно смислуваат сѐ, па од нив очекувајте логички одговори.rn
Бик
rnБикот брзо сака да стигне до главната точка, па честопати и не пишува многу. Нивната тивка личност се познава преку пораките и тие пишуваат кратки реченици, а користат и емотикони за да ги објаснат своите емоции. Тие повеќе уживаат да зборуваат лице в лице, па ако сакате длабок разговор, подобро е да се договорите да имате средба во живо.rn
Јарец
rnЈарецот е уште еден земјен знак кој ги гледа нештата логично и рационално. Тие се убедливи зборувачи, а исто така и пишувачи. Ова значи дека од овие личности можете да очекувате одличен разговор, а тие уживаат во двете форми на комуникација.rn
Лав
rnЕнергичниот Лав сака да е во центарот на вниманието и нивниот самоуверен став може да се почувствува од километар. Во текстуалните пораки, личностите родени во знакот Лав се забавни, безобразни и храбри, а не ги задржуваат своите мисли и емоции.rn
Водолија
rnВодолиите сакаат да имаат внимателни и длабоки разговори. Тие не сакаат мал разговор, туку претпочитаат да зборуваат за подлабоките работи во животот. Тие се страсни и решителни личности, а исто така и визионери, сонувачи, мислители, верници и иноватори. Тие имаат страст кон животот и лесно можете да го видите тоа во нивните навики за пишување.rn
Скорпија
rnСкорпиите не ја сакаат технологијата и за себе задржуваат многу. Тие имаат многу тајни закопани во нив и се длабоко емотивни и чувствителни личности. Сакаат длабоки разговори, но, доколку сакате вистински да ги запознаете, подобро е со нив да зборувате лично.rnrn
rn
Стрелец
rnСтрелците се многу авантуристички и забавни луѓе. Тие ќе направат да се насмеете со само една текстуална порака, а потоа, во наредната, од вас ќе побараат да излезете со нив. Лесно им станува досадно и им треба стимулација од различни активности и луѓе, па, од нив не очекувајте долги пораки. Тие повеќе би сакале да се видите и заедно да ги искусувате моментите.rn
Близнаци
rnБлизнаците, како што кажува и самиот нивен знак, може да имаат одвоена личност кога станува збор за текстуалните пораки. Тие може или да пишуваат долги и внимателни одговори или кратки и брзи, а тоа зависи од нивното расположение.rn
Вага
rnНа Вагите им треба рамнотежа во сѐ, вклучувајќи го и пишувањето. Тие може многу да ви пишуваат во еден ден, а наредниот и да не ви одговорат, но не треба да им се лутите. Ним им треба само малку време и простор подалеку од технологијата, но тоа не значи дека ве игнорираат. Тие се слатки и грижливи личности и набрзо ќе ви одговорат.rn
Рак
rnНајчувствителниот знак во зодијакот, Ракот, ќе ве погоди во срцето со неговите пораки. Ако имате проблем и сакате да разговарате за тоа, личностите родени во знакот Рак секогаш ќе бидат тука. Тие поминуваат многу време мислејќи што да напишат, а треба да бидете подготвени за читање, затоа што овие личности имаат што да ви кажат и вложуваат повеќе напор во пишувањето, отколку во зборувањето.rn
Риби
rnРибите се емоционални и чувствителни суштества. Нивните емоции и мисли им се длабоко вкоренети и тие сакаат да ги споделуваат преку пишувањето. Тие имаат богат речник на изразување и им е потребно пишување како еден вид ослободување на нивните чувства.rn
Овен
rnЛичностите родени во знакот Овен се радосни и храбри и при пишувањето сакаат да користат различни емотикони за да се изразат. Не сакаат долги разговори и повеќе би сакале да излезете заедно и да се видите лично.rnrn


rn
rnrnДоколку некој постојано ви пишува, но нема време за да ве види, тоа треба да го сфатите како знак дека нешто не е во ред. Некои мажи ја задоволуваат нивната потреба од емоционална поддршка преку пораки без притоа да излегуваат на љубовни состаноци. Повеќето жени сакаат да комуницираат и да дадат совет и можеби ќе ви биде драго што тој покажува толкав интерес за вас. Но, обично неговите пораки не значат апсолутно ништо. На некој начин вие ја нудите вашата добрина, емпатија и срце за ништо. И на крајот ќе бидете фрустрирани и ќе се прашувате зошто не ве поканил да излезете.rnrnЗапаметете дека треба да си го цените сопственото време и дека вашата поддршка треба да биде привилегија. Не ја трошете вашата енергија на некој кој нема време да ве види. Немојте да заглавувате во вакви бесмислени врски кои нема да ве одведат никаде.rnrnДоколку сакате да му дадете до знаење дека немате време да се допишувате, нема потреба да бидете директни. Едноставно престанете да му враќате на пораките. Одговарајте на секоја трета порака или по неколку часа. Тој многу добро ќе ве разбере доколку престанете да ја играте неговата игра.

rnrn
rnrn
rnrn


rn
rn
rn