КАФЕ ПАУЗА

Tag: пораки

  • „Не сакам да избирам кого повеќе го сакам“: 10 детски пораки до разведените родители

    „Не сакам да избирам кого повеќе го сакам“: 10 детски пораки до разведените родители

    Разводот на родителите може да биде многу тешко и болно искуство за детето. Во него може да се појават низа емоции кои нема да знае како да ги изрази, а можеби и ќе се плаши да ги изрази за да не ги повреди своите родители. Затоа понекогаш полесно ќе се довери на психолозите од кои дознавме што малечките сакаат да им кажат на своите разведени родители.rnrn1-ne-sakam-da-izbiram-koj-povekje-go-sakam-10-detski-poraki-do-razvedenite-roditeli-www.kafepauza.mk_rnrnЧестопати слушаме дека луѓето остануваат во брак заради децата и многумина од нив тоа навистина го доживуваат така. Истражувањата веќе неколку години укажуваат на негативните последици на разводот врз децата, меѓутоа денес знаеме дека самиот чин на развод помалку им штети на најмалите отколку расправиите на родителите. Пријателскиот развод ќе биде подобар за детето од бракот на родителите кој е исполнет со расправии и насилство.rn

    „Кога родителите ќе одлучат да се разведат, важно е таа вест заедно да му ја соопштат на детето и да го претстават разводот како одлука која ја донеле тие како возрасни луѓе, а врзана е исклучително за нивниот однос, без меѓусебни обвинувања пред детето“, истакнува психологот Миа Роја, од Поликлиниката за заштита на децата и младите на град Загреб.

    rnНа децата треба да им се нагласи (и повеќе пати, особено на помладите) дека тие никако не се виновни за разводот на родителите и дека не можат да направат ништо за родителите повторно да бидат заедно.rnrnИсто така, важно е децата да слушнат дека и понатаму родителите подеднакво ги сакаат и дека тоа никогаш нема да се промени, иако ќе се променат многу работи во животот. Добро е да му објасните на детето што ќе се промени и на кој начин, за да му се овозможи структура и чувство на предвидливост.rnrnrnrnРодителите може да очекуваат секаква реакција од своите деца, но најчесто тие се тажни и лути.rn

    „Важно е децата да можат слободно да ги изразат своите емоции и родителите да им ја дадат потребната поддршка и утеха. Исто така, добро е повеќе пати да нагласат, а до тоа треба да се држат на вербално и невербално ниво, дека двајцата родители го поддржуваат односот на децата со другиот родител“, истакнува Миа Роја.

    rnНо, често децата се срамат или се плашат да ги покажат чувствата и да им кажат на родителите што ги повредува, па стануваат тажни или лути. Некогаш и полесно ќе му се доверат на психологот, а магистерот по психологија Теа Кнежевиќ, открива што малечките сакаат да им кажат на своите разведени родители.rnrn1. Знам дека помалку те слушам кога ќе се вратам од кај мама/тато, но потребно ми е време за повторно да се навикнам на тебе.rnrn2. Некогаш ми е тешко да кажам дека ми било убаво кај мама/тато, бидејќи се плашам дека ќе те повредам.rnrn3. Сега ми требаш малку повеќе од вообичаено.rnrn4. Навистина ми е тешко кога зборуваш лошо за мама/тато.rnrn5. Ти погрижи се за мене кога сум со тебе, а мама/тато ќе се погрижи кога сум со неа/него.rnrn3-ne-sakam-da-izbiram-koj-povekje-go-sakam-10-detski-poraki-do-razvedenite-roditeli-www.kafepauza.mk_rnrn6. Кога сум кај мама, ми недостига тато. А, кога сум кај тато, ми недостига мама.rnrn7. Немој да ме прашуваш многу за мама/тато. Не знам што е подобро да кажам, а што не.rnrn8. Нема потреба да ми сокриваш дека имаш нов/а партнер/ка. Јас го чувствувам тоа. Важно ми е само да знам дека и понатаму си тука за мене кога ќе ми бидеш потребен/потребна.rnrn9. Не сакам многу детали од минатото, сакам да знам како ќе изгледа иднината.rnrn10. Јас не сакам да избирам кого повеќе сакам, бидејќи ве сакам и двајцата.rnrnДоколку минувате низ ова лошо животно искуство, погледнете како да ги заштитите децата за време и по разводот.

  • 9-те најчести причини зошто луѓето ги вкрстуваат рацете

    9-те најчести причини зошто луѓето ги вкрстуваат рацете

    Кога ќе забележите некој да стои со вкрстени раце, немојте веднаш да донесувате заклучок дека се обидува да се дистанцира од вас. Постојат 9 причини зошто луѓето несвесно го прават ова. На пример, може да станува збор и за создавање чувство на пријатност, воздржаност од лутење, криење на неудобноста…rnrn1-odbojnosta-ne-e-edinstvenata-prichina-9-prichini-zoshto-lugjeto-gi-prekrstuvaat-racete-www.kafepauza.mk_rn

    1. Удобност и утеха

    rnЛуѓето почесто заземаат поза со вкрстени раце во јавноста отколку кога се сами. На тој начин, понекогаш, како да се обидуваат да се прегрнат самите себеси и така да се утешат.rn

    2. Го намалуваат стресот

    rnКога се под стрес, луѓето ги вкрстуваат рацете за да се масираат, а тоа го прават несвесно. Ова смирува, а има и малку поинтензивна ефикасност од стискањето на дланките.rn

    3. Ја сокриваат несигурноста

    rnКога на жените им е непријатно заради машките погледи, често ги вкрстуваат рацете на градите, бидејќи така скоро инстантно почнуваат да се чувствуваат помалку изложено. Вака се однесуваат и мажите кога се чувствуваат неудобно и несигурно во присуство на друг маж.rnrn3-odbojnosta-ne-e-edinstvenata-prichina-9-prichini-zoshto-lugjeto-gi-prekrstuvaat-racete-www.kafepauza.mk_rn

    4. Нервоза и страв

    rnВкрстените раце на луѓето им помагаат да совладаат одредени психолошки напнатости, како што се нервозата и стравот. Во овој случај, луѓето често го допираат вратот, а тоа е чист знак дека некој е напнат, нервозен, несигурен…rn

    5. Воздржаност или фрустрација

    rnЛуѓето ги вкрстуваат рацете кога се вознемирени, најчесто за да се воздржат или да се смират. Кај децата ваквото однесување е доста често, на пример, кога ќе се налутат или кога не сакаат да направат нешто, ќе ги вкрстат цврсто рацете, понекогаш во комбинација со стиснати дланки. Слично се однесуваат и на возрасните во слични ситуации.rn

    6. Копирање на туѓото однесување

    rnЛуѓето може несвесно да се копираат едни со други, на пример, да ги копираат позите во кои стојат. На пример, двајца мажи стојат со вкрстени раце и нозе, двајцата со едното рамо потпрени на ѕидот. Многумина, кога би ги виделе од страна, би помислиле дека има некаков конфликт помеѓу нив, но не е така. Тие се копираат еден со друг, а положбата открива дека помеѓу нив сѐ е во ред. Рацете им се вкрстени, бидејќи така се чувствуваат попријатно додека разговараат.rnrn2-odbojnosta-ne-e-edinstvenata-prichina-9-prichini-zoshto-lugjeto-gi-prekrstuvaat-racete-www.kafepauza.mk_rn

    7. Се чувствуваат помоќно

    rnМажите често ги вкрстуваат рацете и максимално се исправуваат за да изгледаат покрупно и помоќно со цел да ја предупредат конкуренцијата или невербално да порачаат некому да не се впушта во конфликт со нив. На пример, сигурно сте забележале дека обезбедувањето во ноќните клубови честопати заземаат ваква положба. И жените го прават ова, но не толку често.rn

    8. Сакаат да се изолираат

    rnЛуѓето ги вкрстуваат рацете кога ќе наидат на некој што не им се допаѓа, бидејќи на тој начин создаваат еден вид бариера. За жал, пораката која невербално се испраќа на овој начин, многумина не ја сфаќаат, па и понатаму упорно се обидуваат да комуницираат со нив.rn

    9. Студено е

    rnДа, кога на луѓето им е студено, тие автоматски ќе ги вкрстат рацете за да се згреат. Ова однесување не крие никакви задни намери.rnrnГоворот на телото е моќен алат кој скоро секојдневно го користиме, а заради овие пораки на телото другите луѓе се чувствуваат лошо во вашето присуство.

  • Совршената секси порака за секој хороскопски знак

    Совршената секси порака за секој хороскопски знак

    Доколку сакате да го „зачините“ сексуалниот живот со вашиот партнер, секси пораките се одличен почеток. Можеби се прашувате што би му се допаднало на вашиот партнер. Не грижете се ако немате поим, бидејќи ѕвездите се тука за да ви помогнат. Подготвени сте за овој сексуален предизвик? Дознајте која е совршената секси порака за секој хороскопски знак и играта може да започне…rnrnСовршената секси порака за секој хороскопски знакrn

    Овен

    rnШто да им пратите? Предупредување за разголена фотографија.rnrnПример: „Провери си го имејлот.“rnrnЗошто ќе им се допадне? Овните претпочитаат слики, а не зборови. Секси фотографиите навистина можат да ги возбудат. Не грижете се доколку не сте подготвени целосно да се соблечете, бидејќи разголената кожа е сосема доволна за Овните.rn

    Бик

    rnШто да им пратите? Нешто интимно и секси истовремено.rnrnПример: „Сакам да заспиеш во мене.“rnrnЗошто ќе им се допадне? Биковите се многу чувствителни. Им требаат партнери што ќе сакаат да поминуваат време во кревет и да се забавуваат. Секси пораката во која ќе им откриете колку долго ќе ги држите „зафатени“ со сигурност ќе им го привлече вниманието.rn

    Близнаци

    rnШто да им пратите? Отворено прашање во необично време.rnrnПример: „Кога последен пат помисли на мене?“rnrnЗошто ќе им се допадне? На Близнаците најпријатно им е кога ја играат улогата на детективи, така што ако почнете со прашање, тоа ќе ги фати во небрано на позитивен начин. Тие никогаш не го следат сценариото, па ова секси испрашување ќе им дојде спонтано и природно.rn

    Рак

    rnШто да им пратите? Нешто што ќе ги натера да излезат од нивната лушпа.rnrnПример: „Кажи ми нешто повеќе.“rnrnЗошто ќе им се допадне? Можеби сметате дека овој затворен знак нема да ги прифати добро секси пораките и најверојатно навистина ќе им биде попријатно доколку вие ја преземете улогата на лидери. Но, со вистинското охрабрување, Раковите можат да станат вистински експерти за праќање секси пораки.rn

    Лав

    rnШто да им пратите? Нешто директно и полно со комплименти.rnrnПример: „Се возбудувам од самата помисла на тебе.“rnrnЗошто ќе им се допадне? Лавовите „паѓаат“ на пофалби и ласкање. Зар секси пораките не се наменети токму за тоа? Не се воздржувајте кога станува збор за овој хороскопски знак. Кажете им го точно тоа што ви паѓа на ум и очекувајте позитивна реакција.rn

    Девица

    rnШто да им пратите? Арогантна пофалба.rnrnПример: „Ќе направам да го доживееш најсилниот оргазам.“rnrnЗошто ќе им се допадне? Девиците постојано се грижат за другите луѓе. Колку и да делуваат доминантни, тие понекогаш сакаат да ја препуштат контролата некому. Дајте им до знаење дека го имате тоа што им треба и тие ќе „паднат“ на вашиот шарм.rnrnСовршената секси порака за секој хороскопски знакrn

    Вага

    rnШто да им пратите? Нешто досетливо.rnrnПример: „Не можам да дочекам да го достигнеш врвот… на планината.“rnrnЗошто ќе им се допадне? Вагите на почеток се бесрамни флертувачи. Со други зборови, тие ги знаат и ги чуле сите трикови за додворување, така што бидете креативни и насмејте ги со досетлива игра на зборови.rn

    Скорпија

    rnШто да им пратите? Порака полна со копнеж.rnrnПример: „Ми требаш до мене.“rnrnЗошто ќе им се допадне? Скорпиите се вистински осаменици, така што нема да постигнете ништо доколку се фалите за вашите способности. Наместо тоа, јасно дајте им до знаење дека ви требаат и тие ќе бидат задоволни.rn

    Стрелец

    rnШто да им пратите: Нешто сликовито.rnrnПример: „Сакам да лежиш целосно гол/а на креветот кога ќе си дојдам дома.“rnrnЗошто ќе им се допадне? Стрелците се постојано подготвени за авантура така што нема да ги одбијат вашите предлози. Овој енергичен знак обожува возбудливи работи, па затоа секси пораката полна со детали ќе им донесе големо задоволство.rn

    Јарец

    rnШто да им пратите? Споменување дека средбата можеби нема да се случи.rnrnПример: „Подготвен/а си да молиш?“rnrnЗошто ќе им се допадне? Јарците се тврдоглави и горделиви, но нивната упорност нема да им дозволи да пропуштат нешто. Благото задевање ќе го поттикне нивниот интерес и иако нема да ви признаат, ќе ве посакуваат уште повеќе.rn

    Водолија

    rnШто да им пратите? Нешто што ќе им даде доминација.rnrnПример: „Што би ми правел/а да бев до тебе во моментов?“rnrnЗошто ќе им се допадне? Водолиите не се многу доминантни, но нивната креативност им дава природни лидерски способности. Дајте им до знаење дека сакате тие да го водат разговорот и ќе се изненадите од нивните вештини.rn

    Риби

    rnШто да им пратите? Малку фантазија.rnrnПример: „Кои се твоите фантазии?“rnrnЗошто ќе им се допадне? Ако ја поттикнете имагинацијата на Рибите, несомнено ќе го освоите нивното срце, а најверојатно и кревет. Покажете дека сакате да ги остварите нивните највозбудливи сексуални фантазии и тие ќе почнат да се чувствуваат пријатно покрај вас.rnrnВо продолжение дознајте повеќе за хороскопските знаци и сексот.

  • 30 прекрасни пораки за мотивација кои треба да ги слушнете

    30 прекрасни пораки за мотивација кои треба да ги слушнете

    Понекогаш на секој од нас му се потребни неколку убави зборови кои ќе нè охрабрат да стигнеме до нашата цел. Кога животот не оди по планираното, зборовите можат да направат голема разлика. Зачувајте ги овие пораки и секогаш кога ви е потребна мотивација или само некој убав збор, прочитајте ги. Вие сте неверојатни, а секоја од овие пораки е вистинита. Негативноста е премногу присутна во нашите животи, а тоа треба да се смени.rnrn30-prekrasni-poraki-za-motivacija-koi-treba-da-gi-slushnete-kafepauza.mkrnrn1. Вие сте посебни.rnrn2. Она што другите го мислат за вас не е важно.rnrn3. Вие сте убави. Без разлика на формата и големината на вашето тело, вие сте убави.rnrn4. Вие заслужувате среќа.rnrn5. Можете да постигнете сè што сакате. Единствената пречка на патот сте вие.rnrn6. Можете да кажете „Не“. Никому не должите објаснување.rnrn7. Немојте да бидете строги кон себе. Сè додека го давате најдоброто од себе, ништо друго не е важно.rnrn8. Не им дозволувајте на другите да газат преку вас.rnrn9. Бидете свои. Немојте да се менувате поради никого.rnrn10. Во животот ќе го добиете она што ќе го дадете.rnrn11. Секогаш ставајте се на прво место, без разлика на сè.rnrn12. Вие заслужувате убави работи.rnrn13. Колку е потежок патот, толку е поубава дестинацијата.rnrn14. Никогаш не се откажувајте, продолжете да се обидувате.rnrn15. Вие сте единствената личност која може навистина да ве направи среќни.rnrn16. Не плашете се од промената. Таа секогаш носи прекрасни и големи работи.rnrn17. Не дозволувајте денешните проблеми да ви влијаат на утрешната радост.rnrn18. Вие сте родени за да живеете, а не обратно.rnrn19. Ништо не е невозможно. Можете да направите сè ако се трудите доволно.rnrn20. Нека не ви биде криво кога правите нешто што сакате.rnrn21. Немојте да се плашите да ги отстраните токсичните луѓе. Тие немаат место во вашата иднина.rnrn22. Престанете да се грижите за сите работи кои може да имаат лош резултат. Почнете да се фокусирате на добрите резултати.rnrn23. Секое лошо искуство нека ви биде можност да научите нешто ново.rnrn24. Вашите соништа навистина ќе се остварат ако работите напорно.rnrn25. Ако ви е потребно време за одмор, одморете се.rnrn26. Ако нешто ве повредува, немојте да го игнорирате. Тоа ве повредува бидејќи е важно.rnrn27. Вие имате вредност. Не дозволувајте да ве натераат да го помислите спротивното.rnrn28. Отворете го вашето срце кон светот.rnrn29. Останете силни без разлика на сè.rnrn30. Само затоа што сте доволно силни и можете да ја поднесете болката, не значи дека ја заслужувате.rnrnБез разлика до каде сте стигнале во животот, останете позитивни. Секој човек има различна приказна и не можете да се споредувате со другите. Работите ќе ви станат јасни кога ќе бидете подготвени за тоа. Видеото во прилог ќе ви даде и неколку информации и совети за позитивното размислување.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=7XFLTDQ4JMkrnrnКога ќе се соочите со некој голем предизвик, овие цитати ќе ве мотивираат да продолжите понатаму.

  • 13 тајни пораки на телото поради кои другите луѓе се чувствуваат лошо во вашето присуство

    13 тајни пораки на телото поради кои другите луѓе се чувствуваат лошо во вашето присуство

    Говорот на телото е моќен алат кој скоро секојдневно го користиме. Бидејќи во текот на разговорот сите ние потсвесно го читаме говорот на телото на личноста со која комуницираме, важно е да знаеме какви пораки им праќаме на другите. За да го избегнете погрешниот впечаток и да изградите здрав и силен однос со луѓето околу себе, избегнувајте ги следните движење на телото.rnrn1-13-tajni-poraki-na-teloto-zaradi-koi-drugite-lugje-se-chuvstvuvaat-losho-vo-vasheto-prisustvo-www.kafepauza.mk_rn

    1. Премногу изразени движења

    rnНека вашите движења во комуникацијата со другата личност бидат помалку изразени. Во спротивно, оставате впечаток дека не ја зборувате вистината и дека немате самодоверба. Обидете се да го контролирате вашето тело. Во текот на комуникацијата можете ширум да ги отворите рацете или да покажувате отворени дланки за да испратите порака дека ништи не сокривате.rn

    2. Прекрстени раце на градите

    rnОвој потег кај соговорникот сугерира психолошка бариера и имплицира дека не сте отворени кон она што соговорникот го зборува. Дури и доколку се смеете во текот на разговорот, проектирате одбранбен став, па личноста стекнува впечаток дека сте непристапни и незаинтересирани за разговор.rn

    3. Недоследност во говорот и невербалната комуникација

    rnНедоследноста во комуникацијата може да предизвика впечаток дека не ја зборувате вистината. Нервозната насмевка додека одбивате некоја понуда ќе испрати погрешен сигнал. Другата личност ќе се посомнева дека сокривате нешто или пак дека имате лоши намери.rn

    4. Свртен грб

    rnАко во текот на разговорот се вртите во спротивна страна од другата личност, соговорникот стекнува впечаток дека сте незаинтересирани, дека ви е неудобно, па дури и дека тој ве вознемирува додека зборува. Обидете се да стоите право и да ја гледате личноста директно во очите додека зборува. Така ќе ја покажете вашата фокусираност и вниманието.rnrn2-13-tajni-poraki-na-teloto-zaradi-koi-drugite-lugje-se-chuvstvuvaat-losho-vo-vasheto-prisustvo-www.kafepauza.mk_rnrn

    5. Подгрбавеност и невнимателно држење

    rnЛичноста може да помисли дека ви е досадно и дека немате волја да бидете онаму каде што сте доколку сте подгрбавени или невнимателно се држите. Никогаш не би сакале да му кажете на вашиот шеф дека не сакате да го слушате, бидејќи е досаден, но ако заземете таква положба воопшто не морате. Вашето тело говори јасно и гласно наместо вас. Исправениот грб додека седите или зборувате е знак за моќ и почитување и дава чувство на вклученост на двете страни во разговорот.rn

    6. Избегнување контакт со очите

    rnИзбегнувањето директен поглед во очи имплицира дека нешто сокривате. Воедно, тоа е знак и дека немате самодоверба и дека не сте заинтересирани за она што личноста го зборува. Токму овие заклучоци можат негативно да влијае врз вашата кариера. Гледањето на другата личност во очите создава впечаток дека сте самоуверена личност која е подготвена да преземе водство.rn

    7. Премногу интензивен контакт со очите

    rnКонтактот со очите кој е премногу интензивен може да сигнализира дека се обидувате да доминирате на агресивен начин. Во просек погледот го задржуваме од 7 до 10 секунди, а малку подолго додека ја слушаме личноста која зборува. Начинот на кој го прекинувате контактот со очите испраќа одредена порака. Насочување на погледот кон подот сигнализира подложност, додека погледот на страна дава впечаток на самодоверба.rn

    8. Гледање во часовникот

    rnГледање во часовникот додека личноста ни зборува е знак на непочитување, нетрпение и преголемо его. Ако го правите тоа, испраќате порака дека имате поважни работи отколку да разговарате со таа личност.rnrn3-13-tajni-poraki-na-teloto-zaradi-koi-drugite-lugje-se-chuvstvuvaat-losho-vo-vasheto-prisustvo-www.kafepauza.mk_rn

    9. Претерано кимање со главата

    rnАко силно кимате со главата додека другата личност зборува, оставате впечаток на нервозна личност. Исто така, може да значи дека се обидувате да покажете разбирање или дека разбирате нешто што всушност и не го сфаќате.rn

    10. Вртите прамен од косата

    rnСо ова движење сигнализирате дека сте нервозни, имате вишок енергија и недостаток на концентрација. Луѓето ќе ве перципираат како личност која е премногу оптоварена со својот физички изглед.rn

    11. Намрштен израз на лицето

    rnНамрштениот израз на лицето испраќа порака дека сте вознемирени и дека ви пречат луѓето околу вас, дури и ако всушност тие немаат никаква поврзаност со вашето расположение. Таквиот израз на лицето ги турка луѓето подалеку од вас и тие се чувствуваат како да имате нешто против нив. Насмевката, од друга страна, сугерира дека сте отворени, достојни за доверба, самоуверени и пријателски расположени.rn

    12. Слабо ракување

    rnРакувањето е говор на телото кое може да одаде одреден прв впечаток за личноста. Слабиот стисок на раката сигнализира недостаток на авторитет и самодоверба, додека прејакиот стисок на раката при ракувањето може да значи агресивен обид за доминација, што никако не е добро. Прилагодете го стисокот кон личноста и ситуацијата, но внимавајте секогаш да биде цврст.rn

    13. Непочитување на туѓиот приватен живот

    rnАко стоите премногу близу до личноста сигнализирате недостаток на почитување кон таа личност и нејзиниот простор. Ова прави луѓето да се чувствуваат непријатно кога се во ваша близина.

  • 13 животни кои носат пораки од универзумот и нивното значење

    13 животни кои носат пораки од универзумот и нивното значење

    Многу индијански племиња верувале дека секое животно носи своја порака и информација. Животните се чувствителни суштества и многу е важно да се однесуваме кон нив достоинствено и внимателно. Древните народи отсекогаш ги сметале животните за свети битија и нивното однесување се сметало за некаков знак, испратен од страна на мајката природа.rnrn13 животни кои носат пораки од универзумот и нивното значењеrnrnАко го набљудувате однесувањето на животните, ќе можете подобро да ги прочитате интуитивните пораки и знаци. Понекогаш, животните кои за момент влегуваат во нашиот живот сакаат да ни покажат нешто и да ни пренесат важна информација. Прочитајте кои животни носат пораки од универзумот и кое е нивното значење…rn

    1. Сокол

    rn13 животни кои носат пораки од универзумот и нивното значењеrnrnМоќниот сокол има остри очи и силни крилја. Ако постојано гледате соколи во живо или на фотографии, тоа е знак дека треба добро да размислите за нешто пред да го спроведете на дело. Овие птици се обидуваат да ви кажат дека во вашиот живот наскоро ќе се појави важен учител или лекција.rn

    2. Орел

    rn13 животни кои носат пораки од универзумот и нивното значењеrnrnОрлите се знаци на духовна заштита и ја претставуваат вашата повисока свест. Ако често гледате орли, тоа значи дека доживувате некаква промена или се возвишувате во ново подрачје од свеста.rn

    3. Врана

    rn13 животни кои носат пораки од универзумот и нивното значењеrnrnВраните честопати се сметаат за лош знак, но средбата со оваа птица може да значи дека сте подготвени да се ослободите од некои стари работи и да влезете во циклусот на „смртта и повторното раѓање“. Враната многу ретко укажува на физичка смрт, наместо тоа, таа е знак на преродбата.rn

    4. Був

    rn13 животни кои носат пораки од универзумот и нивното значењеrnrnКога ќе видите був, тоа е знак дека мора да обрнете внимание на вашата интуиција и мудрост. Бувот исто така се појавува како потсетник кој говори дека треба да ги земете предвид сите чувства што ви ги праќа интуицијата која се обидува да ве одведе во вистинската насока. Освен тоа, оваа птица може да укажува на тоа дека треба да се усогласите со вашата вистина и да делувате автентично.rn

    5. Богомолка

    rn13 животни кои носат пораки од универзумот и нивното значењеrnrnБогомолката нѐ потсетува дека е време да доживееме мир и спокој. Богомолката се појавува како гласник кој ја нагласува моќта на смиреноста и потребата од наоѓање време во животот за работите кои ни причинуваат задоволство. Ако постојано гледате богомолки, тоа е знак дека постои порака на која мора да обрнете внимание и дека нешто пропуштате.rn

    6. Гуштер

    rn13 животни кои носат пораки од универзумот и нивното значењеrnrnАко повеќепати налетате на гуштер, тоа е знак дека мора да се посветите на вашите соништа и цели. Можеби сте заборавиле на сето тоа што можете да го постигнете или не верувате во вашите способности. Гуштерот треба да ве потсети дека поседувате голема моќ и дека треба да посветите повеќе време на вашите најголеми животни цели.rnrnПродолжете на следната страница за останатите животни…rnrn

  • Инспиративни пораки на камења шират добрина и позитивност низ светот!

    Инспиративни пораки на камења шират добрина и позитивност низ светот!

    „На сите ни е потребна мала позитивност сега. Проширете малку добрина денес.“ Ова е главната порака зад проектот познат како „The Kindness Rocks“ (камењата со добрина). Станува збор за проект кој бил создаден од страна на животниот тренер Меган Марфи. Во едно интервју, таа изјавила дека идејата за проектот ѝ дошла откако се соочила со тешкотии при наоѓањето среќа како сопственик на мал бизнис. Затоа и често одела на плажа за да добие инспирација и насоки од своите родители, што трагично ги изгубила кога била во раните 20-тите.rnrn

    (1) inspirativni-poraki-na-kamenja-shirat-dobrina-i-pozitivnost-niz-svetot-www.kafepauza.mk
    Испратете позитивни мисли до тешки ситуации
    rn

    „Бидејќи тие не се со мене физички, често им барам мали знаци или пораки во форма на срцевидни камења и парчиња морско стакло“, вели таа. „Секогаш кога ќе најдев нешто вакво, се чувствував многу поповрзана со нешто надвор од мене.“

    rnНо таа не ни почнала да размислува за моќта на малите акти на добрина сè одека не отишла во Индија со својата ќерка. Таа била инспирирана од начинот на кој се однесувале со неа и ја сфатила неверојатната моќ на добро составените неколку зборови. Токму затоа и еден ден додека шетала на плажата, Марфи решила да напише неколку инспиративни пораки на камењата што таа секогаш ги барала, и потоа ги оставила на различни локации на плажата и си заминала. Брзо потоа веста за нејзините инспиративни камења се проширила и останатото е историја.rnrn

    (2) inspirativni-poraki-na-kamenja-shirat-dobrina-i-pozitivnost-niz-svetot-www.kafepauza.mk
    Денес нека ви се случат сите добри нешта
    rn

    „Еден камен, една личност“, објаснува таа. „Ако пораката допре до одредена личност во вистинското време, а потоа таа личност сподели нова таква порака, што на некој друг ќе му помогне, се прави неверојатно голема поврзаност. Токму тоа и му е потребно во моментов на светов.“

    rnИнспиративното движење се шири насекаде низ светот и секојдневно е сè поголемо. Некои градови дури почнале да составуваат сопствени групи каде што секој може да се вклучи да пишува инспиративни пораки. Иако се само мали камења, тие веќе прават огромна разлика во животот на луѓето, па затоа и се надеваме дека овој тренд ќе продолжи и ќе се прошири уште повеќе, притоа помагајќи им на сите на кои навистина им треба помош.rnrn

    (4) inspirativni-poraki-na-kamenja-shirat-dobrina-i-pozitivnost-niz-svetot-www.kafepauza.mk
    Сега, повеќе од кога било порано… Добрината може да стане сила на поврзување за добро

  • 10 работи кои не треба да му ги кажете на партнерот преку порака

    10 работи кои не треба да му ги кажете на партнерот преку порака

    Разговарањето на телефон веќе е заменето со пораките и многу луѓе денес го одбираат овој начин на комуникација. И додека некои работи е подобро да не се кажуваат, некои пораки е подобро да ги кажете лично. Ова најмногу важи за врските. Погледнете ги 10-те работи кои не треба да ги кажувате преку пораки.rn

    1. Што сме ние?

    rn(1)10-raboti-koi-ne-treba-da-mu-gi-kazhete-na-partnerot-preku-poraka-kafepauza.mkrnrnРазговорот за дефинирање на вашата врска е многу важен. Ако веќе сте стигнале до таа фаза каде што треба да се зборува на оваа тема, направете го тоа лично бидејќи разговорот за статусот на вашата врска преку пораки не е најдобрата идеја.rn

    2. Те сакам

    rn(2)10-raboti-koi-ne-treba-da-mu-gi-kazhete-na-partnerot-preku-poraka-kafepauza.mkrnrnКога сакате прв пат да ги кажете овие зборови, пораката е лош избор. Ова е нешто кое треба да го кажете лично и на никој друг начин. И како би одговорил вашиот партнер на пораката ако тој не се чувствува исто?rn

    3. Сакаш да ги запознаеш моите родители?

    rn(3)10-raboti-koi-ne-treba-da-mu-gi-kazhete-na-partnerot-preku-poraka-kafepauza.mkrnrnЖелбата да го запознаете партнерот со вашите родители е голем чекор во секоја врска, и предлогот за тоа спаѓа во разговорите кои треба да се одвиваат лично. Доколку вашиот партнер не е подготвен за овој чекор, предлогот преку порака може само да доведе до караница.rn

    4. Ми доцни

    rn(4)10-raboti-koi-ne-treba-da-mu-gi-kazhete-na-partnerot-preku-poraka-kafepauza.mkrnrnОва, без сомнение е една од најлошите пораки кои можете да ги пратите. Дури и ако вие и вашиот партнер се обидувате да започнете семејство, ова не е начин да ја соопштите веста. Доколку не сте во можност да се видите, а вие едвај чекате да ги кажете новостите, подобро побарајте го на Скајп, на видео, наместо со порака.rn

    5. Имам сексуално пренослива болест

    rn(5)10-raboti-koi-ne-treba-da-mu-gi-kazhete-na-partnerot-preku-poraka-kafepauza.mkrnrnДоколку имате ваков проблем, најдобро е да го споделите лично. Праќањето порака не само што ќе го исплаши, туку многу е веројатно и да го налути вашиот партнер. Ова се работи кои треба да ги споделите со партнерот, а праќањето порака е многу суров начин.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Универзумот нема да се откаже од вас: 12 духовни пораки што никако не смеете да ги игнорирате

    Универзумот нема да се откаже од вас: 12 духовни пораки што никако не смеете да ги игнорирате

    Секојдневно добиваме разни видови знаци од универзумот, но не знаеме како да ги дешифрираме и да ги примениме. Понекогаш не знаеме да ја препознаеме помошта што ни се нуди. Таа честопати се појавува незабележливо, но дури и да ја забележиме, ја толкуваме како случајност.rnrnУниверзумот нема да се откаже од вас: 12 духовни пораки што никако не смеете да ги игнориратеrnrnИ покрај тоа, универзумот не се откажува од вас. Тој никогаш не престанува да ви праќа знаци во форма на физички симптоми или настани кои ќе ве принудат да излезете од вашата удобна зона. Обрнете големо внимание доколку забележите некои од следниве знаци…rnrn1. Појави кои може да се протолкуваат како случајност, само што моментот е премногу совршен.rnrn2. Соништа кои ви нудат пораки или предлози.rnrn3. Книги или блогови кои директно говорат за она што моментално ви се случува во животот.rnrn4. Физички симптоми кои означуваат нешто подлабоко, како што е болката во грбот.rnrn5. Пречки на моменталниот животен пат. Ако нешто ви делува многу потешко одошто би требало, тоа може да е знак дека треба да одберете друг пат. Кога ја слушате вашата интуиција, нештата се одвиваат без многу напор.rnrn6. Пораки кои се јавуваат за време на медитација.rnrn7. Интуиција што не може да се занемари.rnrn8. Изговорени зборови што ве погодуваат точно во сржта на вашето битие.rnrn9. Внатрешно чувство дека се работи за нешто вистинито иако делува сосема лудо, неверојатно или недостижно.rnrn10. Текстови од песни кои постојано се повторуваат.rnrn11. Одговори на молитвите што ја определуваат насоката на вашиот пат.rnrn12. Привлекувате личности кои ги делат вашите интереси и ве водат по животниот пат или пак ве придржуваат на патот.rnrnУниверзумот не говори секогаш јасно. Понекогаш знаците се збркани, но не затоа што универзумот не знае како да ви испрати јасна порака, туку затоа што вие не слушате доволно внимателно. Универзумот се обидува да воспостави комуникација со вас секогаш кога ќе ви се случи некоја коинциденција, како на пример кога ќе ви се отвори книгата на одредена страница или пак сонувате необични и збунувачки соништа кои не даваат директен одговор на вашите прашања.rnrnНе заборавајте дека секогаш имате избор, без разлика што ви вели универзумот дека треба да направите. Можеби ќе бидете разочарани од одговорите што ќе ги добиете, па ќе решите да си останете доследни на себеси. Слободната волја е малку комплицирана кога е во прашање духовното водство. Но, секако дека не мора да ги послушате пораките на универзумот. Можете или воопшто да не им обрнувате внимание на знаците или да ги игнорирате целосно.rnrnНо, кога ќе ви треба духовно водство, имајте на ум дека универзумот ќе ви ја понуди неговата помош, само ако сте доволно храбри да ги следите неговите насоки. Не заборавајте да се заблагодарите!rnrnДоколку ве заинтересира оваа тема, прочитајте подетално за 15-те начини на кои универзумот ви праќа пораки.

  • Најубавите божиќни пораки: Простете им на другите и сакајте ги вашите блиски

    Најубавите божиќни пораки: Простете им на другите и сакајте ги вашите блиски

    Модерната технологија го промени начинот на живот, а недостатокот на слободно време доведува до тоа Божиќ сѐ почесто да се честита со испраќање пораки преку мобилните телефони. Не пропуштајте да им го честитате овој голем празник на вашите најдраги личности, а за тоа можете да ги искористите овие божиќни пораки.rnrnНајубавите божиќни пораки: Простете им на другите и сакајте ги вашите блискиrnrn1. Срцето на човекот го смислува неговиот пат, а Бог управува со неговите чекори! Сѐ што правите, каде и да одите, нека биде благословен вашиот пат. Среќен Божиќ!rnrn2. Дозволете Бог да се всели во вашето срце, љубовта во вас да се раѓа секој ден, затоа што Божиќ станува видлив во секоја љубов помеѓу луѓето. Христос се роди!rnrn3. Нека тишината на овој свет ден ви донесе мир во надежта, радост во животот и љубов за оние со кои живеете! Од срце ви посакувам мирни денови. Христос се роди!rnrn4. Нека сребрените зраци од божиќното утро го осветлат вашиот подарок составен од здравје, среќа, мир и љубов. Христос се роди!rnrn5. Божиќ доаѓа, ни се приближува Бог. Нека ве грее огнот на среќата, постојано во куќата да ви цвета радост, нека светиот крст во животот ве води, Христос се роди!rnrn6. Нека целата година ве прати чувство на љубов, среќа, топлина и потреба за блиските да бидат до вас. Среќен Божиќ!rnrn7. Денес опростете им на оние кои ви згрешиле, подарете им љубов на најблиските, помогнете им на тажните, а на полноќ погледнете во небото – ќе видите ѕвезда што оди и тивко изговорете Христос се роди!rnrn8. На тивката божиќна ноќ, нека во вашето срце се всели радост, љубов и надеж. Бидете здрави, силни и полни со среќа. Среќен Божиќ!rnrn9. Денес радоста доаѓа од небото и тоа е она што ви треба. Бидете исполнети со здравје, насмевки и љубов. Имајте мир во вашиот дом. Среќен Божиќ!