КАФЕ ПАУЗА

Tag: популарност

  • Топ 10 од минатата година: Ова беа најфотографираните дневни парчиња облека на Инстаграм!

    Топ 10 од минатата година: Ова беа најфотографираните дневни парчиња облека на Инстаграм!

    Веројатно нема личност која не користела Инстаграм во 2015 година, но и да има, нивниот број е сигурно многу мал. Тоа не е чудно, бидејќи Инстаграм е една од најпопуларните социјални мрежи за минатата година, а помеѓу најмногу фотографираните предмети таму се пронајдоа и неколку дневни парчиња облека. Годината беше долга, а ова се најпопуларните дневни облеки кои владееја на Инстаграм во 2015-та.rnrncatsrn

    1. Чантата од „Мансур Гавирел“

    rnВреќестите чанти беа „ит“ парче помеѓу познатите трендсетерки во 2015-та година, па затоа не е чудно што токму моделот од овој бренд беше еден од најпопуларните на Инстаграм.rnrn2-top-10-od-minatata-godina-ova-se-najmnogu-fotografiranite-dnevni-parchinja-na-instagram-www.kafepauza.mk_rn

    2. Блузите кои се заврзуваат однапред на „Reformation“

    rnБлузите кои се заврзуваат однапред беа едни од најпопуларните и најмногу фотографираните дневни парчиња на Инстаграм. Најпопуларен помеѓу нив беше моделот на брендот „Reformation“.rnrn3-top-10-od-minatata-godina-ova-se-najmnogu-fotografiranite-dnevni-parchinja-na-instagram-www.kafepauza.mk_rn

    3. Колекцијата на „Балман“ за „H&M“

    rnАко некоја модна соработка предизвикала вистинска лудница во сите делови на светот, тогаш тоа дефинитивно е онаа на брендовите „Балман“ и „H&M“. Затоа не е чудно што токму парчиња со потпис од овие два бренда беа помеѓу најмногу фотографираните дневни парчиња на Инстаграм.rnrn4-top-10-od-minatata-godina-ova-se-najmnogu-fotografiranite-dnevni-parchinja-na-instagram-www.kafepauza.mk_rn

    4. Крзнените мокасини од „Гучи“

    rnДневното парче кое подеднакво предизвика воодушевување, но и гадење во модниот свет во 2015 година, се дефинитивно крзнените мокасини од брендот „Гучи“. Можеби тоа е и причината поради која се најдоа на листата на најмногу фотографирани дневни парчиња на Инстаграм.rnrn5-top-10-od-minatata-godina-ova-se-najmnogu-fotografiranite-dnevni-parchinja-na-instagram-www.kafepauza.mk_rn

    5. Шеширите на „Џанеса Леоне“

    rn„Џанеса Леоне“ е совршен пример за бренд кој својата популарност ја доби благодарение на Инстаграм. Токму овој аксесоар на споменатата дизајнерка со месеци беше најмногу фотографираното дневно парче на оваа социјална мрежа.rnrn5-top-10-od-minatata-godina-ova-se-najmnogu-fotografiranite-dnevni-parchinja-na-instagram-www.kafepauza.mk_rn

    6. Фустаните од чипка на „Хан Чонг“

    rnНие сме големи фанови на дизајнерот Хан Чонг, чии фустани се изработени од чипка, а кои дефинитивно беа меѓу најфотографираните парчиња на Инстаграм.rnrn7-top-10-od-minatata-godina-ova-se-najmnogu-fotografiranite-dnevni-parchinja-na-instagram-www.kafepauza.mk_rn

    7. Патиките на Стен Смит за брендот „Адидас“

    rnАко некои патики ја исполнувале вашата почетна страна на Инстаграм во 2015-та година, тогаш тоа веројатно биле овие бели патики на Стен Смит за брендот „Адидас“.rnrn8-top-10-od-minatata-godina-ova-se-najmnogu-fotografiranite-dnevni-parchinja-na-instagram-www.kafepauza.mk_rn

    8. Балетанките од „Aquazzura“

    rnОмиленото дневно парче на сите модни блогерки за минатата година, помеѓу останатите, беа и овие балетанки од брендот „Aquazzura“, кои тие ги комбинираа со сите дневни парчиња и во сите варијанти.rnrn9-top-10-od-minatata-godina-ova-se-najmnogu-fotografiranite-dnevni-parchinja-na-instagram-www.kafepauza.mk_rn

    9. Долната облека од „For Love & Lemons“

    rnСекси долната облека со потпис на брендот „For Love & Lemons“ беше помеѓу најпровокативните парчиња кои ги носеа познатите трендсетерки минатата година, но и помеѓу најмногу фотографираните на Инстаграм.rnrn10-top-10-od-minatata-godina-ova-se-najmnogu-fotografiranite-dnevni-parchinja-na-instagram-www.kafepauza.mk_rn

    10. Длабоките чизми од брендот „Stuart Weitzman“

    rnДлабоките црни чизми со потпис на брендот „Stuart Weitzman“ се дефинитивно најпопуларното парче на Инстаграм за минатата година. Тие беа шик обувки во 2015 година и се најдоа на најмногу фотографии на Инстаграм.rnrn11-top-10-od-minatata-godina-ova-se-najmnogu-fotografiranite-dnevni-parchinja-na-instagram-www.kafepauza.mk_

  • Бескрајно духовит и неверојатен: Хороскопскиот знак кој сите го обожаваат

    Бескрајно духовит и неверојатен: Хороскопскиот знак кој сите го обожаваат

    Кога ќе се спомне овој знак, поголемиот дел од луѓето најпрво помислуваат на дволичност. Но, неговата личност има многу повеќе слоеви. Како што веќе сигурно погодивте, станува збор за Близнаците.rnrnБескрајно духовит и неверојатен: Хороскопскиот знак кој сите го обожаваатrnrnБлизнаците имаат две личности, тоа не е спорно. Едната е замислена, а другата духовита, но токму овој дел од нив и ги прави популарни. Оваа страна од нив е комуникативна, социјална и секогаш подготвена за забава. Тие се вечни оптимисти, но не трпат досада, па токму затоа и покрај нив секогаш ќе ви биде забавно.rnrnТие не знаат да мируваат, па затоа понекогаш можат да бидат и тешки за следење. Тие се динамични и брзи. Имаат способност да работат повеќе нешта одеднаш. Тие не сакаат да ветуваат, особено ако знаат дека не можат да го исполнат тоа. Обожаваат да зборуваат и имаат голем број интересирања. Близнаците секогаш ја завршуваат својата работа темелно и до крај.rnrnПрипадниците на овој знак се многу шармантни и внимателни, па токму затоа и се добри заводници. Уживаат во флертот и знаат како да реагираат брзо. Тоа е причината поради која се омилени во друштвото. Со својата духовитост често умеат да ги заведат и другите знаци. Нема потреба да се грижите како да им пристапите, бидејќи тие тоа ќе го направат самите.rnrnБлизнаците често се чувствуваат како да им недостасува една страна, па затоа и толку многу сакаат да се во друштво со други луѓе. Тие се интелигентни, способни и љубопитни. Многумина дури и би рекле дека се како мали деца, бидејќи тие воопшто не се ни трудат да пораснат. Тие ќе ви кажуваат шеги и ќе ве смеат со цел да бидат поинтересни и поразлични од другите.rnrnТие се многу брзи и не им треба многу време да ги сфатат нештата. Нивната интелигенција им помага во смислата за хуморот. Исто така, тие ретко кога ги покажуваат своите емоции, но тоа не значи дека не се емотивни и дека не чувствуваат емпатија. Многу е тешко да го освоите нивното срце, но кога ќе успеете, тие ќе ви го дадат тоа до знаење.rnrnБлизнаците имаат моќ дури и најемотивните животни ситуации и тешки теми да ги свртат на хумор и забава. Токму затоа и сите ги сакаат, бидејќи малкумина можат да ве насмеат во тешките моменти како што тоа умеат да го направат Близнаците.

  • Сè за срценца: Овие хаштагови ќе ви донесат популарност на Инстаграм

    Сè за срценца: Овие хаштагови ќе ви донесат популарност на Инстаграм

    Ако сè уште немате профил на Инстаграм, тогаш сигурно спаѓате во малобројните кои ѝ одолеаја на магијата на оваа социјална мрежа. Повеќето пак, секојдневно поставуваат фотографии на Инстаграм, со надеж дека ќе „соберат“ што повеќе срценца. Сепак, за оваа цел многу голема улога имаат хаштаговите кои ќе ги одберете и ќе ги напишете под фотографијата. Погледнете ја листата на 10 најпопуларни хаштагови на Инстаграм.rnrn1-se-za-srcenca-ovie-heshtagovi-kje-vi-donesat-popularnost-na-instagram-www.kafepauza.mk_rnrn1. #love801.960.163 фотографииrnrn2. #instagood – 411.567.910 фотографииrnrn3. #me – 291.665.705 фотографииrnrn2-se-za-srcenca-ovie-heshtagovi-kje-vi-donesat-popularnost-na-instagram-www.kafepauza.mk_rnrn4. #tbt (Throwback Thursday) – 316.128.397 фотографииrnrn5. #cute – 298.296.776 фотографииrnrn6. #photooftheday – 304.316.868 фотографииrnrn7. #instamood – 64.925.462 фотографииrnrn3-se-za-srcenca-ovie-heshtagovi-kje-vi-donesat-popularnost-na-instagram-www.kafepauza.mk_rnrn8. #beautiful – 281.400.839 фотографииrnrn9. #picoftheday – 229.472.297 фотографииrnrn10. #igers (Instagrammers) – 173.697.621 фотографииrnrn4-se-za-srcenca-ovie-heshtagovi-kje-vi-donesat-popularnost-na-instagram-www.kafepauza.mk_

  • ТВ серија: Селфи (Selfie)

    ТВ серија: Селфи (Selfie)

    ТВ серија за прекрасната Елајза Дули која ќе сфати дека бројот на лајкови не значи и број на пријатели

    rn1-tv-serija-selfi-selfie-kafepauza.mkГлавни улоги: Керен Гилан, Џон ЧоrnrnЖанр: комедијаrnrnКреатор: Емили КепнекrnrnПремиера: 19 август 2014rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 25 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnЕлајза Дули (Керен Гилан) кога била многу мала, во нејзиното училиште била прогласена за најгрдата личност. Токму затоа решила да ги промени работите и да го послуша советот од најпопуларната девојка во училиштето, Корин Меквотерс. Таа направила локни, почнала да го покажува своето деколте, го поправила видот, ја подобрила исхраната и многу брзо успеала да стане „инстапозната“. Денес, Елајза има голем број следачи на Инстаграм, Твитер и Фејсбук каде што добива уште поголем број лајкови и коментари, а токму затоа верува и дека има голем број пријатели.rnrnТВ серија: Селфи (Selfie)rnrnНо, по еден непријатен настан за време на авионскиот лет во кој сите нејзини колеги ќе бидат присутни, таа ќе сфати дека нема ниту еден вистински пријател. Откако ќе пристигне дома, никој нема да ѝ се јави за да ја праша како е, ниту пак додека ѝ е многу лошо, ќе сака да ѝ го донесе нејзиниот омилен пијалак. Можете само да замислите колку ќе ѝ биде непријатно по сите овие случувања да се врати повторно на работа. И покрај сè, Елајза некако ќе успее да собере храброст и да го стори тоа, со надеж дека веќе сите заборавиле за тоа што се случило, но тивките насмевки на нејзините колеги ќе укажуваат на спротивното.rnrnТВ серија: Селфи (Selfie) ТВ серија: Селфи (Selfie)rnrnТокму во моментот кога ќе помисли дека на нејзината репутација ѝ нема спас, таа ќе открие дека еден од нејзините колеги успеал да ребрендира и повторно да направи популарен еден нивен продукт кој предизвикувал сатански халуцинации и ќе го замоли истото да го направи и за неа. Хенри (Џон Чо), по мало убедување од нејзина страна, ќе го прифати предизвикот да ја направи подобра личност и во тој момент ќе започне едно интересно и сосема необично пријателство.rnrn5-tv-serija-selfi-selfie-www.kafepauza.mk_rnrn„Селфи“ е интересна ТВ серија која е лесна за гледање и е одлична за во оние моменти кога сакате да го ослободите мозокот од секојдневите грижи и малку да се опуштите. Керен Гилан за овој лик добро го прикрива својот шкотски акцент и совршено се адаптира на нејзината нова средина во Холивуд, додека пак, Џон Чо, кој веќе сите добро го знаете, продолжува да мами насмевки со својот природен шарм. Ние веруваме дека токму оваа комбинација на глумци е она што би можело да ја направи оваа ТВ серија многу забавна и популарна…rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Авторите на најлошата песна во историјата со ново ремек-дело

    Авторите на најлошата песна во историјата со ново ремек-дело

    Ја памтите песната „Friday“ од Ребека Блек? Тимот кој ја создаде, раперот Патрис Вилсон и продуцентот Кларенс Џеј, реши повторно да нè изненади со уште едно ремек-дело, кое најверојатно ќе ја стекне истата „популарност“, како и песната на Ребека. Овој пат станува збор за изведба на младата дама Алисон Голд, а песната е насловена како „Chinese Food“ (Кинеска храна).Авторот на најлошата песна во историјата со ново ремек-дело Стилот на песната е потполно ист, спотот е еднакво патетичен и повторно се појавува Вилсон во него, овој пат во улога на панда. За само два дена песната е прегледана околу 5 милиони пати, а палците надолу се множат секоја секунда.rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кул факти за серијата „Breaking Bad“

    Кул факти за серијата „Breaking Bad“

    ТВ серијата „Breaking Bad“ доживеа мега популарност ширум светот. Ако додека се емитуваше, во просек имаше по 3-4 милиони гледачи, нејзиниот крај стана епски, кога претпоследната епизода достигна гледаност од 7 милиони гледачи, а последната, рекордни 10,3 милиони. rnrnСеријата е хит и на сајтовите за торенти, каде последната епизода за 12 часа нелегално била симната повеќе од 500.000 пати. Изненадувачки, но најголемиот дел од симнувањата не доаѓаат од САД, туку од Австралија, по што следат САД и Британија. Според ова, финалето на „Breaking Bad“ може да стане една од најпиратираните епизоди оваа година. Во продолжение прочитајте некои интересни факти поврзани со снимањето на оваа уникатна серија.Кул факти за серијата „Breaking Bad“Волтер Вајт и Хајзенберг постојат во реалноста. Пред серијата да почне да се емитува, Волтер Вајт од Алабама се наоѓал на листата најбарани криминалци поради производство и тргување со метамфетамин. Сепак не станува збор за професор по хемија болен од рак, но во медиумите се појави истата година кога и хит серијата на AMC. Од друга страна, Хајзенберг, алтер егото на Вајт, е посветен на физичарот Вернер Хајзенберг, еден од најзначајните физичари на 20 век и добитник на Нобелова награда.Кул факти за серијата „Breaking Bad“Креаторот на серијата, Винс Гилиган, открил дека Џеси требало да умре до крајот на првата сезона. Но, тимот го сменил мислењето откако го виделе неверојатниот актерски перформанс на актерот Арон Пол.rnrn9-тата епизода од 5-тата сезона е посветена на тинејџерот Кевин Кордаско, суперфан на шоуто, кој умрел од рак во март, 2013 година. Пред неговата смрт, Кевин се запознал со Брајан Кренстон и Винс Гилиган и други важни членови на фамилијата „Breaking Bad“. Му било дури и понудено да ги прочита сценаријата за да дознае како ќе заврши серијата, но Кевин одбил бидејќи не знаел дали ќе може да ја чува тајната.Кул факти за серијата „Breaking Bad“Sony и AMC на почетокот не сакале да го викнат Брајан Кренстон на аудиција, бидејќи во минатото бил познат по неговите комични улоги. Многумина го паметат Брајан Кренстон како татко од „Malcolm in the Middle“. На аудицијата првин биле повикани Џон Кјусак и Метју Бродерик за да го глумат Волтер Вајт. Откако и двајцата ја одбиле улогата, Винс Гилиган го повикал Кренстон.rnrnАктерот Дин Норис, познат како детективот Хенк, добил понуда да ја игра една од главните улоги во некој ситком, додека сè уште се снимала првата половина од 5-та сезона. Размислувајќи за финансиската стабилност на неговото семејство, тој му ја предложил на Винс Гилиган идејата да го убијат Хенк во првите 8 епизоди, убедувајќи го дека ќе биде шокантно и неочекувано. Гилиган одбил и му рекол дека Хенк му е многу потребен за втората половина од сезоната.Кул факти за серијата „Breaking Bad“На најавната шпица од секоја епизода се појавува хемиската формула C10H15N, заедно со бројот 149.24 и зборот „Meth“ може да се види на самиот почеток. C10H15N е формула за метамфетамин, кој има молекуларна маса 149,24.rn

    rnАктерот Ар Џеј Мити кој го глуми Волтер Џуниор во серијата, има церебарална парализа во реалниот живот, но во многу поблага варијанта. За потребите на улогата, тој морал да научи да оди со патерици и да ја намали брзината на движење.rnrnИмето на карактерот на Боб Оденкирк во серијата за адвокатот Сол Гудман, е произлезено од „It’s all good, man“.rnrnСиниот кристален метамфетамин навистина е поскап, но не е поквалитетен. По појавувањето на серијата, многу дилери почнале да додаваат боја за храна за да ги уверат муштериите дека станува збор за квалитетен производ како оној што го продава Хајзенберг. Инаку, кога актерите во серијата пушат метамфетамин, тие всушност пушат шеќер или кристализирани лижавчиња, но не вдишуваат. Погледнете како се прави лажен метамфетамин за потребите на серијата.rn

    rnБрајан Кренстон има истетовирано тетоважа со логото од Breaking Bad, на прстот каде што се носи бурма.Кул факти за серијата „Breaking Bad“Поради стравот дека некои гледачи би можеле да го копираат рецептот за правење дрога на Волтер Вајт и серијата да ја доживеат како водич за правење син, кристален метамфетамин, Гилиган и неговите сценаристи со експертите се договориле да ја помешаат реалноста со фикцијата, т.е. да презентираат и хемиски неточни сцени.rnrnПрезимето на детективот Хенк Шрејдер, е исто така поврзано со хемија. Германскиот научник Герард Шројдер (1903 -1990) бил човекот, кој случајно го открил хемиското оружје нервен гас.rnrnИ покрај тоа што главниот лик во серијата е некој кој прави многу криминални дела, сепак голем дел од фановите, омразата ја насочија не кон Волтер, туку кон неговата сопруга Скајлер. Фановите креираа многу Фејсбук и веб-страници, каде ги набројуваат многуте недостатоци на Скајлер. Тие станаа толку познати, што актерката Ана Ган самата изјави дека има т.н. „проблем со улогата“, кој се однесува на телевизискиот феномен, гледачите силно да ги мразат женските улоги како Скајлер, Кармела Сопрано од „Сопранови“ и Бети Дрејпер од „Момците од Медисон“, и покрај фактот дека тие се само невини сопруги на мажи, кои се негативци или криминалци.Кул факти за серијата „Breaking Bad“Серијата заврши со 62-та епизода. 62-от елемент во периодичниот систем на елементите е самариум, изотоп кој се користи за третирање на различни форми рак, вклучително и рак на белите дробови.rnrnЊу Мексико, локацијата на која се снимаше серијата, заработуваше по 1.000 долари по епизода, кои одеа за локалниот економски развој.rnrnКарактерите и нивните вредности се презентирани според бојата на облеката која ја носат во серијата. Скајлер најчесто носи сино, што симболизира чистина, излез и безбедност. Џеси честопати носи жолто и црвено. Жолтото симболизира нестабилност и опасност, а црвеното агресија и насилство. Џеси носи и сиво кога закрепнува од користење дрога, а таа боја означува вина и покајание. Кул факти за серијата „Breaking Bad“ Зелената боја, која симболизира алчност, ја носи Волтер, бидејќи е заглавен помеѓу неговото семејство и бизнисот со дрога. Кога се раѓа ќерката на Вајт, розовата бојата е претставена во овој спектар, како симбол на наивност. Агентот Хенк ја носи предупредувачката портокалова боја претставувајќи ја полицијата, а Мари често носи виолетово, која го симболизира нејзиното живеење во заблуда и самозалажување. И други актери во серијата носат виолетово, секојпат кога се измамени или во заблуда. Џејн, зависничката од хероин, носи црно и ја симболизира смртта.rnrnПред да работи како актер, Брајан Кренстон и неговиот брат работеле во ресторан на Флорида, а нивниот шеф бил непријатен човек кој постојано викал и сите ги мразел. Потоа шефот бил убиен и полицијата испитувајќи ги сите вработени, дознала дека многу луѓе често размислувале за негово убиство. Браќата Кренстон дале отказ пред убиството и тргнале на патување со мотор низ САД, што било многу сомнително за полицијата, поради што некое време ги водела како осомничени за убиството.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најлесно плашливиот човек на светот

    Најлесно плашливиот човек на светот

    Норвежанецот Basse Andersen е веројатно најлесно плашливиот човек кој некогаш сте го виделе. Реагира и на најмалите шумови…Најлесно плашливиот човек на светотТој е главна атракција во фирмата во која работи, а од неодамна видеото кое го снимиле неговите колеги му донесе и интернет-слава. 🙂 Погледнете го.rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Внимание: Фејсбук манипулира со фановите на фан-страниците

    Внимание: Фејсбук манипулира со фановите на фан-страниците

    Кога ќе притиснете „Like“ на некоја фан-страница на Фејсбук, постовите од таа страница почнуваат да се појавуваат во вашиот „newsfeed“. Но, согласно новите измени на Фејсбук, со тек на време, постовите сè поретко ги гледате, а може и тотално да исчезнат од вашиот фид со вести. Мислите дека е ова луда работа?Внимание: Фејсбук манипулира со фановите на фан-страницитеНајверојатно е, но фан-страницата нема никаква врска со ситуацијава. Станува збор за „EdgeRank“, ладнокрвна алгоритамска програма креирана од страна на Фејсбук, која одредува што ќе видите, а што нема да видите кога ќе се најавите на вашиот профил на Фејсбук. Постовите кои се јасни и лесно разбирливи и не го провоцираат фанот да кликне на нив, поминуваат лошо, ја губат својата популарност, а огромен број од фановите, не ги ни гледаат.rnОва значи дека, доколку не ги посетувате честопати страниците на кои сте фанови, не кликате на нив, не стискате „Like“, „Share“ и не коментирате на постовите, „EdgeRank“ ќе престане да ги прикажува во вашиот фид со вести. Во превод, тоа значи дека доколку не комуницирате масовно со фан-страницата, нејзините постови масовно ќе почне да ги снемува од вашиот фид.rnrnЦелта на Фејсбук е да почне да наплаќа за објавите кои ги правите во вашата фан-страницата, доколку сакате таа да стане популарна, а мора да се потенцира дека цената е навистина висока, нели?!Внимание: Фејсбук манипулира со фановите на фан-страницитеДоколку сметате дека Фејбсук не треба да ви го скратува правото да ги гледате објавите на фан-страниците на кои по своја волја сте решиле да притиснете „Like“, еве како можете да си помогнете:rn

    rn

      rn011

    • Застанете со курсорот од глувчето врз копчето „Like“ или кликнете на него, доколку не ви се отворат опциите. Ако пак не ги гледате опциите, бидете упорни, копчето може да ве зафркава.
    • rn

    rn

      rn011

    • Кога ќе ви се отвори паѓачкото мени, кликнете на опцијата „Show in News Feed“.
    • rn

    rnВнимание: Фејсбук манипулира со фановите на фан-страницитеТеоретски, доколку оваа опција ви е обележана, ќе имате можност да ги гледате сите повеќето постови во вашиот фид. Тешко е да се процени дали оваа опција навистина работи вака. За да го дознаеме тоа треба секојдневно да ги посетуваме сите фан-страници кои ни се допаѓаат, за да провериме дали е тоа точно. Но, кој има време за тоа?!rnrnНовиот начин за наплата на Фејсбук е измислен со цел да си го зголеми својот приход. За жал, оваа опција претставува убиец на разните непрофитни страници, кои изградиле значајна комуникација со своите фанови. Оние сопственици на фан-страници кои имаат длабок џеб, ќе имаат можност да ги го откупат нивниот простор во „newsfeeds“, но оние кои немаат неограничен буџет, ќе станат невидливи, благодарение на новата „измама“.rnrnБидејќи мнооогу голем дел од вас, нашите верни фанови нема ни да го видат, а не па да го прочитаат овој текст, ве замолуваме вас, малкумината, да го споделите до вашите пријатели на Фејсбук, Твитер, Гугл Плус , Пинтерест, блог…rnrn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мислите дека знаете да танцувате?

    Мислите дека знаете да танцувате?

    Автор: Моника Трајковскаrnrn„So you think you can dance“ е најголемото шоу во Америка кое е посветено на натпреварување во танцување. Создадено е од Сајмон Фулер и Најџел Литгоу во 2005 година и со секоја нова сезона популарноста значително се зголемува. Ова шоу го води неодоливата Кет Дили, а во улога на судии покрај Најџел се појавуваат најпознатите кореографи и танчери во Америка.rnrnУспешноста и гледаноста на ова шоу произлегува од уникатноста на изведбите на танчерите. Секој танц има своја посебна приказна која постојано допира до срцата на публиката. Погледнете ги овие неверојатни настапи кои целосно ќе го променат вашето мислење за танцувањето.Мислите дека знаете да танцувате?rn

    Џејми и Хок – џез (The Chairman’s Waltz)

    rnКореографијата на Вејд Робсон е една од најнезаборавните изведби во ова шоу и танчерите дефинитивно одлично ја доловија неговата идеја. Приказната е за колибри (Хок) кој се обидува да заведе цвет во цутење (Џејми). Изведбата на танчерите е толку уникатна и совршена, што сè уште никој не успеал да ја одигра како нив.rn

    rn

    Кејти и Твич – модерен танц (Mercy – Duffy)

    rnКореографиите од Миа Мајклс скоро секогаш имаат романтично-љубовна содржина. Но оваа рутинска точка сама по себе е малку поразлична. Се работи за опсесивна девојка која не сака да се откаже од своето момче. Но тој не го дели истото мислење со неа и поради тоа настанува малку комплицирана ситуација.rn

    rn

    Челси и Марк – хип хоп (Bleeding Love – Leona Lewis)

    rnКога станува збор за хип хоп, кореографите Наполеон и Табита се незаменливи. Приказните во нивните кореографии изобилуваат со интензивни чувства кои само најдобрите танчери успеваат да ги доловат. Оваа изведба објаснува една секојдневна ситуација низ која сите поминуваат. Девојката (Челси) пробува да го задржи дома нејзиниот љубовник кој е зависен од работата (Марк) со надеж дека ќе помине повеќе време со него, но тој го краде нејзиното срце и си оди.rn

    rn

    Нил и Себра – џез (Sweet dreams – Eurythmics)

    rnОваа фантастична кореографија е на Менди Мур. Приказната е еден вид бизнис преговарање, во кој има жестока дебата помеѓу двете страни. На крај Нил и Себра го завршуваат преговарањето со „ракување под маса“, кое најчесто се случува и во реалниот живот.rn

    rn

    Тревис и Хејди – модерен танц (Calling You – Celine Dion)

    rnПознатата кореографија со клупата на Миа Мајклс е една од најпопуларните во ова шоу. Како и секогаш се работи за љубовна рутинска точка, проследена со многу емоции. Девојката (Хејди) се обидува да најде начин да се смири со нејзиното момче (Тревис), но и покрај сè што ќе направи, тој сепак ја напушта.rn

    rn

    Роберт и Алисон – модерен танц (Fix You – Coldplay)

    rnКореографот Тревис Вол ја направил оваа кореографија во чест на неговата болна мајка. Неверојатната изведба од страна на Роберт се должи на сличната ситуација со онаа на Тревис. Приказната за синот кој очајно се обидува да ù помогне на својата мајка е една од најтрогателните досега во ова шоу.rn

    rn

    Били и Лорен – Бродвеј (Footloose – Kenny Loggins)

    rnОваа интересна бродвеј рутинска точка е на Тајс Диорио. Се работи за средношколска љубов, која Били и Лорен одлично ја доловуваат. Уживајќи во слободното време помеѓу часовите, тие се забавуваат како никогаш досега.rn

    rn

    Кејти и Џошуа – Боливуд (Dhoom Taana – Om Shanti Om)

    rnНакул Дев Макаџан стои зад оваа интересна кореографија. Се работи за типична боливудска љубовна приказна, која што танчерите одлично ја изведоа. За овој вид танц е потребна голема физичка кондиција како и трпеливост, бидејќи има сосема различни движења во однос на останатите музички жанрови.rn

    rn

    Били и Лорен – џез (Boogie Shoes – KC & The Sunhine Band)

    rnЗабавна кореографија од Менди Мур која овие танчери прават да изгледа неверојатно лесна. Приказната е едноставна – тие едвај чекаат да се видат за да танцуваат заедно.rn

    rn

    Кортни и Марк – џез (Garden – Mirah)

    rnДоколку ве интересираат малку чудни и бизарни, но истовремено уникатни кореографии, Соња нема никогаш да ве изневери. Нејзините изведби се незаборавни и изобилуваат со многу интензивни емоции. Приказната во оваа кореографија е за млада девојка (Кортни) која не може да поверува дека повеќе не му е привлечна на своето момче (Марк) и прави сè за повторно да го заведе. На крај таа целосно успева во својата намера.rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Која е најпопуларната песна за 2011 според Си-ен-ен?

    Која е најпопуларната песна за 2011 според Си-ен-ен?

    Додека светот се надеваше дека најдобрата песна за 2011 година ќе биде некоја од хитовите на Адел, Џастин Бибер, Лејди Гага или други слични поп изведувачи, светската медиумска куќа Си-ен-ен ја претстави индиската песна насловена како „Why This Kolaveri Di?“ од досега за светот анонимниот пејач Дхануш, како хит на годината.Која е најпопуларната песна за 2011 според Си-Ен-Ен?Песната е испеана на измешан тамилски и англиски јазик, а во груб превод значи „Зошто овој убиствен бес, девојко?“ или на англиски јазик „Why This Murderous Rage, Girl?“.rn

    rnТаа е направена за да се најде на саундтракот на филмот „3“ зад кој стои индиската филмска продукција „Kollywood“. Имено, причината која Си-ен-ен ја наведува за прогласувањето на оваа песна како најголем хит за 2011 година е нејзината брзорастечка популарност на Јутјуб. За само еден месец од нејзиното поставување на овој сервис (16 ноември), песната била прегледана повеќе од 28 милиони пати.rnrn

    Која е најпопуларната песна за 2011 според Си-Ен-Ен?
    Маркетинг кампања на индиската полиција за безбедно возење во која се користи името на песната
    rnrnДенеска песната е прегледана повеќе од 34 милиони пати, а најинтересното е тоа што тотално го полуде светот. Индиската полиција веќе го користи името на песната во својата најнова маркетинг кампања за безбедно возење, а на Јутјуб веќе се појавија безброј преработки.rn
    rn

    Англиска преработка:

    rn

    rn
    rn

    Италијанска преработка:

    rn

    rnВо еден трговски центар во Оукленд се одигра дури и флешмоб на овој хит. Песната може нема да ви се допадне, но верувајте неколку дена ќе си ја пеете во себе.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.