КАФЕ ПАУЗА

Tag: популарни

  • 3 најпопуларни секс-пози кои ја обележаа минатата година

    3 најпопуларни секс-пози кои ја обележаа минатата година

    Минатата година ја обележаа секс-пози во кои доминираат жените. Со оглед на тоа што ниту еден маж не може да му одолее на сексуалниот однос во кој главната акција ја води неговата врела партнерка, доколку планирате во 2014 година да зачекорите во топол однос, погледнете ги трите најпопуларни пози кои ја обележаа минатата година, кои секој маж ќе го доведат до лудило.rnrn3 најпопуларни секс-пози кои ја обележаа минатата годинаrn

    Завртена јавачка

    rnВо оваа секс-поза мажот лежи на грб со раширени нозе, свиткани во колената. Жената седнува врз него, завртена со грб спрема неговото лице. Придржувајќи се за неговите колена, жената ја контролира брзината и длабочината на пенетрацијата, наизменично клекнувајќи и издигнувајќи се, а мажот ѝ асистира, допирајќи ги и поткревајќи ѝ ги колковите.rn

    Секс на столица

    rnНаслонот од столицата потпрете го до кревет или до фотелја. Мажот треба да седне на столот, а жената свртена кон него со лице, треба да седне врз него и да ги префрли нозете преку неговите бедра, потпирајќи се со стапалата на креветот. Додека мажот ја држи за колковите и нежно ја придружува, таа се подига, држејќи се за неговите рамена и така ја диктира динамиката на односот.rn

    Yab Yum

    rnЕдна од најпопуларните тантрички пози е онаа во која мажот седи со прекрстени нозе, на т.н. турски начин. Жената седи на него, свртена кон него со лице, обвивајќи го неговиот струк со нејзините нозе. Мажот го диктира темпото на водење љубов, со подигање на нејзиното тело. Ова е многу интимна поза, бидејќи во неа партнерите се постојано прегрнати и воедно можат да си разменуваат бакнежи.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 14 животни кои стопија безброј срца во 2013

    14 животни кои стопија безброј срца во 2013

    Слатките и интересни животни се вистински ѕвезди на интернет. Како и минатите години, така и оваа, некои повеќе се истакнаа од други и разнежија илјадници срца ширум светот. Погледнете кои се тие и одберете го вашиот фаворит.rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Топ 10 најгледани Јутјуб видеа на сите времиња

    Топ 10 најгледани Јутјуб видеа на сите времиња

    Јутјуб веќе подолго време ја дефинира ерата на онлајн видеата. Во август, 2007 година, комичарот Џадсон Лаипли беше број 1 на листата со видеото „Evolution of Danceby“ кое тогаш било гледано околу 56 милиони пати. Наредната година, во септември, 2008 година, песната „Girlfriend“ од Аврил Лавињ го достигна врвот со околу 103 милиони гледања. Во јануари, 2010 година, видеото „Charlie bit my finger – again !“ ги престигна овие две со 148 милиони гледања. Но, во почетокот на јануари 2011 година, гледаноста на музичкото видео на Џастин Бибер „Baby“ постави сосема нови граници за популарност со неверојатните 400 милиони гледања.Топ 10 најгледани Јутјуб видеа на сите времињаПесната на Џастин Бибер, „Baby“ била првото видео во историјата на Јутјуб кое достигнало 500 милиони гледања за помалку од една година. Веднаш по него Џенифер Лопез и Питбул со песната „On The Floor“ исто така надминаа 500 милиони гледања за помалку од година. Погледнете кои се другите најпопуларни видеа на сите времиња:rn
    rnrn

    1. Justin Bieber – Baby; 776.057.667

    rn

    rn
    rn

    2. Jennifer Lopez – On The Floor ft. Pitbull; 590.511.978

    rn

    rn
    rn

    3. Eminem – Love The Way You Lie ft. Rihanna; 491,629,346

    rn

    rn
    rn

    4. Shakira – Waka Waka(This Time for Africa); 490.587.283

    rn

    rn
    rn

    5. Lady Gaga – Bad Romance; 484.614.768

    rn

    rn
    rn

    6. LMFAO – Party Rock Anthem ft. Lauren Bennett, GoonRock; 478.565.987

    rn

    rn
    rn

    7. Charlie bit my finger – again !; 477.313.239

    rn

    rn
    rn

    8. Michel Teló – Ai Se Eu Te Pego – Oficial (Assim você me mata); 426.124.839

    rn

    rn
    rn

    9. Don Omar – Danza Kuduro ft. Lucenzo; 382.332.497

    rn

    rn
    rn

    10. Eminem – Not Afraid; 358.947.506

    rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Преслатко девојче пее во дует со својот татко

    Преслатко девојче пее во дует со својот татко

    Се сеќавате ли на Стево и Сара Чепишевски, кога ја пееја „Зелката има кошули триста“ во детското шоу „Дајте музика“? Песната е хит во нашата земја до ден денес, поради интересниот текст, ритам и дуото татко-ќерка. Сега редоследот на работите е променет. Во денешниов свет луѓето се снимаат со своите домашни камери, го објавуваат снимениот материјал на Јутјуб, па ако станат популарни на интернет, дури тогаш гостуваат во телевизиски емисии. Така, 24-годишниот Хорхе Нарваез, кој е разведен млад маж со две мали дечиња, решил со неговата преслатка 6-годишна ќеркичка Алекса да пее во дует, снимајќи се во домашна атмосфера од удобниот кауч.rnrnПреслатко 6-годишно девојче пее во дует со својот таткоrnrnГолемата популарност на ова видео, го префрли симпатичниот дует од спалната соба, во „Шоуто на Елен Дегенерез“. Таткото свирка со уста, свири на гитара и пее, а милото девојче го придружува во дует, обидувајќи се со своето невино гласче да ја фати мелодијата и истовремено да не го згреши правилното изговарање на некој збор. :)rnrnrnrnПогледнете го и нивниот настап во „Шоуто на Елен Деџенерис“.rnrnrnrnrnrnЌе се сложите со мене дека ова дефинитивно е одличен рецепт за градење фантастични спомени од детството, креирани во рамките на едно семејство.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Музиката на Maria Zouroudis

    Музиката на Maria Zouroudis

    Марија Зурудис (Maria Zouroudis) e пејачка, текстописец и продуцент со грчко-американско потекло, која им дава нова, најчесто акустична димензија на познатите светски музички хитови. Почна да станува популарна уште во 2007 година, кога започна да ги промовира своите видео настапи на веб, преку Јутјуб и Мајспејс.rnrnМузиката на Maria Zouroudisrn

    Она што таа го прави е некоја магична комбинација на едноставното и популарното, од што произлегуваат песни кои звучат и се доживуваат сосема поинаку и едноставно не здосадуваат во нејзина интерпретација. Таа избира песни кои се актуелни во моментот и кои ù се допаѓаат доволно за да сака да ги отпее. Има препеано песни од Ke$ha, Alicia Keys, Katy Perry, Maroon 5, Kanye West и други.

    rnrnВидео снимките од ваквите настапи ги поставува на веб, на нејзините профили на социјалните мрежи, а во подготовка е и нејзиниот официјален веб-сајт каде веќе можат да се преслушаат неколку ремек дела.rnrn