Глобалното затоплување и покачувањето на нивото на водата, можат да бидат сериозна закана за светот, особено за следниве области кои до 2100 година можат да исчезнат од лицето на земјата.rnrn
Карибите
rnЕден од најубавите пацифички архипелази, Карибите, кој се состои од 33 острови, е еден од најзагрозените токму поради постепеното подигнување на нивото на водата.
rn
Бангладеш
rnСекоја година поради обилните дождови барем една четвртина од територијата на оваа земја е потполно под вода, а понекогаш се случува дури и 60% од територијата да биде поплавена. Клучен проблем е тоа што најголемиот дел од оваа земја е само 4,5 метри над морското ниво.
rn
Малдивите
rnМалдивите со сигурност се една од најпознатите туристички дестинации кои се наоѓаат на оваа листа. Поради својата популарност, досега на Малдивите им се посветува најмногу внимание, кога станува збор за опстанокот на ова мало парче рај.
rn
Палау
rnОвој идиличен пацифички остров секојдневно е жртва на морето кое нагризува, создавајќи ерозија и уништувајќи го неговото плодно земјиште. Со ова најмногу страдаат мештаните бидејќи се загрозува нивниот опстанок на ова место.
rn
Тувалу
rnСпоред многу извештаи Тувалу е најизолираната земја на планетата, што ја прави вистинско место за уживање. Но, колку ситуацијата со поплавувањето е сериозна говори и изјавата на еден советник од владата на САД, кој вели дека доколку локалното население не почне да гради куќи на високи столбови, може слободно да почне со иселување од земјата.
rn
Мајами
rnСе предвидува дека нивото на водата на Флорида во наредните 20 години ќе порасне за повеќе од 20 сантиметри, а до 2100 година од три до пет метра. Некои прогнози говорат дека голем број луѓе ќе бидат принудени да се иселат од своите домови.
rn
Шангај
rnШангај се разви како метропола најмногу поради неговото излегување на вода, но поради тоа во иднина може да има големи проблеми. За заштита од поплави и реновирање на комплетната инфраструктура градските власти веќе инвестираа многу милијарди долари, со цел да биде избегната катастрофа.
rnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


Слични мрежи од пајажина биле пронајдени и во други делови од светот, но сè уште не е докажано на што се должи овој природен феномен. Освен дека најверојатно се работи за нагон за преживување, научната јавност досега не понудила друго објаснување. Како и да е, оваа ретка појава е најчесто поврзана со водата.rnrnСпоред некои мислења пак, се работи за посебен вид пајаци, кои се обединуваат за да заробат повеќе плен, кој потоа го делат меѓу себе, додека поплавата била само коинциденција.



rnrn