КАФЕ ПАУЗА

Tag: помага

  • 5 начини на кои алуминиумската фолија ќе ви помогне во вашето здравје

    5 начини на кои алуминиумската фолија ќе ви помогне во вашето здравје

    Алуминиумската фолија не мора да наоѓа примена само во вашата кујна. Всушност, постојат и неколку интересни начини на кои можете да ја искористите за подобрување на вашето здравје и враќање на енергијата. Погледнете ги овие случаи во кои може да ви помогне алуминиумската фолија, а за кои знаат многу малку луѓе.rnrn5 начини на кои алуминиумската фолија ќе ви помогне во вашето здравјеrn

    1. Лекување на настинката

    rnСе смета дека алуминиумската фолија може да ги ублажи симптомите на настинката. Замотајте ги стапалата со фолија и отстранете ја по околу еден час. Оставете ги стапалата да дишат, па после два часа повторете ја постапката.rn

    2. Го отстранува заморот

    rnАлуминиумската фолија има моќ да ви ја врати енергијата. За таа цел, треба да ставите неколку парчиња фолија во фрижидерот, па да ги извадите после два-три часа. Потоа ставете ги на образите и на очните капаци. Уште веднаш ќе се почувствувате освежени.rn

    3. Ги ублажува изгорениците

    rnСпоред едно американско истражување, алуминиумската фолија помага при изгорениците. Сѐ што треба е најпрво да ја исчистите раната, да ја исушите со чиста крпа и да нанесете маст на изгорениците. Потоа замотајте со фолија и зацврстете ја со леплива лента. Така болката ќе ви биде помала.rn

    4. Ги отстранува болките во зглобовите

    rnЗамотајте го со алуминиумска фолија делот од телото каде што чувствувате болка и движете се што е можно помалку. Оставете ја да стои цел ден или во текот на ноќта. За десет дена повторете ја постапката, па потоа направете пауза од две недели.rnrnПогледнете го и овој интересен третман со алуминиумска фолија кој ги лечи сите болки!

  • Видови храна кои ја спречуваат појавата на брчките (вклучено е и чоколадо!)

    Видови храна кои ја спречуваат појавата на брчките (вклучено е и чоколадо!)

    Сигурно повеќе пати сте го слушнале изразот „вие сте она што го јадете“. Па, ова е многу точно, особено кога е во прашање вашата кожа, на којашто во голема мера влијаат хранливите материи кои ги добива вашето тело во форма на храна или пијалаци. Така, подобрувањето на вашата исхрана со вклучување здрави компоненти, ќе резултира со здрава и убава кожа. Покрај ова, со јадење соодветна храна, вие ќе можете да ги одложите знаците на стареење. Погледнете во продолжение која здрава, а и вкусна храна може да ви помогне во борбата со брчките и другите знаци на стареење.rnrnВидови храна кои ги намалуваат и ја спречуваат појавата на брчки (вклучено е и чоколадо!)rn

    1. Авокадо

    rnАвокадото може ви помогне да добиете здрава и убава кожа. Ова овошје е богато со витамин Е, витамин Ц и Б-комплекс, а вашата кожа ќе ја направи мека, мазна и еластична.rnrnВидови храна кои ги намалуваат и ја спречуваат појавата на брчки (вклучено е и чоколадо!)rn

    2. Зелен чај

    rnПокрај тоа што ќе ви помогне во губењето на телесната тежина, редовното пиење зелен чај исто така ќе ја одложи и појавата на брчки на лицето и на вратот. Тој содржи катехини, соединенија кои се богати со антиоксиданси и нудат голем број здравствени придобивки. За ефективни резултати, оставете ја кесичката чај подолго време да стои во жешка вода, а потоа испијте ја течноста.rnrnВидови храна кои ги намалуваат и ја спречуваат појавата на брчки (вклучено е и чоколадо!)rn

    3. Соја

    rnСојата е богата со протеини, аминокиселини и може да ви помогне во одржувањето на еластичноста на кожата и да ја спречи појавата на брчки.rnrnВидови храна кои ги намалуваат и ја спречуваат појавата на брчки (вклучено е и чоколадо!)rn

    4. Боровинки

    rnБоровинките содржат високо ниво антоцијани кои помагаат при чистење на слободните радикали и неутрализирање на ензимите кои ги уништуваат сврзните ткива. Боровинките исто така изобилуваат со витамин Е, кој е исклучително добар за кожата.rnrnВидови храна кои ги намалуваат и ја спречуваат појавата на брчки (вклучено е и чоколадо!)rn

    5. Моркови

    rnСите знаете дека морковите се добри за очите, но малкумина знаат дека тие се исто така добри и за кожата. Морковите се еден од најдобрите извори на бета-каротен и ја штитат кожата од штетните УВ зраци на сонцето. Тие исто така содржат витамин Ц и други хранливи состојки кои резултираат со здрава и убава кожа.rnrnВидови храна кои ги намалуваат и ја спречуваат појавата на брчки (вклучено е и чоколадо!)rn

    6. Домати

    rnДоматите се убави да ги јадете доколку сакате блескава кожа без брчки. Тие содржат неколку компоненти кои придонесуваат да имате сјај на вашето лице, а едно такво соединение е ликопенот кој помага во неутрализирање на штетните ефекти на УВ зраците. Доматите исто така содржат и витамин Ц и бета-каротен, кои помагаат за подмладување на кожата.rnrnВидови храна кои ги намалуваат и ја спречуваат појавата на брчки (вклучено е и чоколадо!)rn

    7. Чоколадо

    rnКакаото ја хидрира кожата, а исто така ја прави и цврста и еластична. Препорачливо е да се јаде темно чоколадо, бидејќи содржи голема количина флавоноиди. Дали сте знаеле дека вашата омилена храна исто така може да биде многу корисна? Па, вистина е! Чоколадото помага во намалување на подуеноста на кожата и ѝ дава убав сјај.rnrnВидови храна кои ги намалуваат и ја спречуваат појавата на брчки (вклучено е и чоколадо!)rn

    8. Ореви, лешници и бадеми

    rnТие се одлични за вашата кожа бидејќи содржат есенцијални масни киселини и витамин Е кои ја хидрираат кожата и ја штитат од воспаленија.rnrnВидови храна кои ги намалуваат и ја спречуваат појавата на брчки (вклучено е и чоколадо!)rnrnЗа да видите уште видови храна кои се пријатели на вашата кожа, продолжете на наредната страница…rn

  • Одлични природни масла што ги бришат брчките од вашето лице

    Одлични природни масла што ги бришат брчките од вашето лице

    Маслата против стареење се тајни состојки на многу креми против брчки, а благодарение на нив кожата станува мека. Маслото ѝ дава сјај, младешки и свеж изглед на кожата. Тоа се нанесува на лицето со триење, во вид на блага масажа и на тој начин побрзо и подобро се впива во кожата, притоа хранејќи ја и правејќи ја поздрава. Погледнете кои масла помагаат во борбата против стареењето, хидрирајќи ја вашата кожа и бришејќи ги брчките од лицето.rnrnОдлични масла кои ги бришат брчките од вашето лицеrn

    Арганово масло

    rnАргановото масло исто така е познато и како мароканско масло. Тоа се подготвува рачно, цедејќи ја пастата добиена од плодот арган. Богато е со олеинска киселина, витамин Е и бета-каротен. Покрај тоа што ја освежува кожата и ја прави млада, ова масло е идеално за користење од страна на личности со сува кожа, бидејќи ги регенерира ќелиите и делува против воспаленија. Исто така тоа е одлично за нега на нокти и коса, а за тоа сведочи и податокот дека Мароканките со векови наназад го користат ова масло за разубавување.rn

    Масло од маракуја

    rnОва масло се добива со ладно цедење на семето од плодот „Passiflore edulis“. Тоа е хранливо масло, богато со есенцијални масни киселини, минерали и антиоксиданси, длабоко ја хидрира кожата и има регенеративен ефект. Високиот процент есенцијални масни киселини и својствата на антиоксиданси, го прават овој производ идеален за третмани против стареење. Витаминот Ц прави кожата да изгледа посвежо и посветло. Ова масло исто така е богато со полифеноли а со тоа има и антистресно влијание на кожата, па може да се користи како замена за ноќна хидратантна крема. Кожата во текот на ноќта за обновува, а хранливото масло го подобрува овој природен процес.rn

    Масло од авокадо

    rnОва масло содржи витамин кој речиси самиот е доволен за подмладување на сувата кожа. Витаминот Е во суштина е една од најважните супстанции кога станува збор за здравјето на кожата. Може да се користи секојдневно, а покрај подмладувањето, тоа исто така е и добро средство за хидрирање на кожата. Кората од авокадото содржи материи кои ја задржуваат течноста во кожата на лицето, така што дури и внатрешноста на кората може да се користи за масажа на кожата на лицето. Со негова помош може да се отстранат флеките или да се прави маска за лицето. Исто така е добар во борбата против некои видови рак и е силен антиоксиданс.rn

    Масло од кучешки трн

    rnОва масло илјадници години било дел од народната медицина во Индија, Тибет и Кина. Оваа билка е погодна за негување на здравјето и убавината. Маслото од кучешки трн содржи повеќе од 190 хранливи материи, вклучувајќи го и витаминот Ц, чијашто присутност е 12 пати поголема од онаа во портокалите. Тоа има највисок процент на ретки омега 7 масни киселини, а е единствено растително масло кое во својот состав има омега 3, 6, 7 и 9. Омега 7 масните киселини помагаат во борбата против брчките, сувоста и губењето на еластичноста на кожата. Бидејќи има ефект на хидрирање, тоа ги обновува ќелиите на кожата и е идеален за третмани против стареење. Високото ниво на витамините Е и Ц делува на намалување на видливоста на брчките, а исто така ја затегнува и кожата.rnrnОдлични масла кои ги бришат брчките од вашето лицеrn

    Масло од семе од калинки

    rnОва масло е одличен третман против стареење. За добивање половина литар од ова драгоцено масло, потребни се повеќе од 100 килограми свежи семки од калинки. Ова масло има уникатен состав кој делува против воспаленија и ја стимулира регенерацијата на кожата. Исто така тоа го стимулира производството на колаген и честопати се користи како состојка во луксузната козметика. Затоа што е густо и тешко, се препорачува да се комбинира со други масла.rn

    Масло од индиски смокви

    rnМаслото од индиски смокви се смета како едно од најскапите во светот. Тоа се добива од малите семки на кактуси кои успеваат во топлите и суви предели. Тоа е многу ефикасно кога станува збор за третманите против стареење. Поради екстремно високиот процент есенцијални масни киселини, ова масло ја чува еластичноста на кожата, го намалува губењето на влажноста и го забавува нејзиното стареење. Содржи висок процент палмитинска киселина која е одлична за хидратација.rn

    Масло од чиа семе

    rnПоради високиот процент на антиоксиданси, маслото од чиа семе е совршен додаток за јадењето што овозможува идеална нега на сувата кожа. Високиот процент на омега 3 масните киселини помага во одржувањето на младешкиот изглед. Исто така тие се одговорни за интензивната хидратација на кожата, што овозможува помала видливост на брчките.rn

    Ореово масло

    rnОреовото масло е богато со витамини и минерали. Тоа е многу делотворно за кожата и ги намалува знаците на стареење и е ефикасно во борбата против брчки. Потребно е редовно да го користите и со текот на времето ќе ги отстраните брчките од лицето. Исто така ова масло е добро за сончање и за нега на косата.

  • Трчањето може да ви помогне со скршеното срце

    Трчањето може да ви помогне со скршеното срце

    Скршеното срце е единствен и уникатен вид болка. Тоа е удар во стомакот, чувство кое ве прогонува секое утро и ви го одзема мирот. Без разлика дали е раскинување, смрт или друг вид загуба, постои дел во секој од вас кој прашува: Што можам да направам во овој момент? Една многу корисна идеја е трчањето. Со тоа што ќе трчате вие не се обидувате да избегате од ситуацијата, туку се соочувате со неа. Кога трчате сте самите со себе, со своите мисли и постапки и полесно можете да ги исфрлите емоциите кои ви надоаѓаат.rnrnТрчањето може да ви помогне кога имате скршено срцеrn

    Поврзаноста на трчањето и тагата

    rnСпоред една студија од 2010 година, кога личноста се соочува со скршено срце, мозокот одговара слично како и на одвлекувањето од кокаин. Со други зборови, потребно ви е да добиете многу добри работи. Психолозите Елен Вора и Алис Домар препорачуваат вежбање во такви моменти, со цел да се ослободите од стресот, а Алис наведува зошто трчањето е посебно.rn

    „Трчањето го окупира вашиот ум потемелно отколку другите, послаби форми на вежбање“, вели таа.

    rnИсто така тоа може да ви даде повремени позитивни чувства, во времето кога сте премногу тажни.rn

    Колку треба да трчате?

    rnНе сте маратонец? Не е важно! Психолозите советуваат дека не треба да вежбате премногу тешко и дека не постојат одредени правила, туку сѐ што треба е да го слушате вашето тело.rn

    „Трчањето од 30 до 60 минути дневно, во период од пет дена, треба да има добро влијание врз вашата ментална вознемиреност“, вели Елен. „Некои луѓе сакаат да трчаат повеќе, со цел да се ослободат.“

    rnТрчањето може да ви помогне кога имате скршено срцеrn

    Ако не се пронаоѓате во трчањето, еве уште неколку идеи

    rnДоколку не уживате во трчањето, тогаш тоа дефинитивно не е најдобриот начин да се справите со тагата. Во таков случај, можете да се обидете со јога која ќе ве релаксира и ќе ви го смири умот. Исто така можете да се одлучите и за танцување. Правете нешто што ќе ви го ослободи вашиот ум и вашето тело од грижите кои ги имате!

  • Најдобриот пријател ни помага да се ослободиме од стресот

    Најдобриот пријател ни помага да се ослободиме од стресот

    Ако чувствувате дека сте под стрес, можеби е добра идеја да се видите со вашиот најдобар пријател. Според едно ново истражување спроведено на деца, дојдено е до констатација дека присуството на најдобриот пријател, може да го намали нашето ниво на стрес.rnrnНајдобриот пријател ни помага да се ослободиме од стресотrnrn rn

    „Интересно е тоа што истражувањето покажа дека стресот не може да го намали кој било другар, туку само најдобриот другар“ – вели Рајан Адамс, водечкиот автор на студијата и асистент по педијатрија на Детскиот Медицинскиот Центар во Синсинати.

    rnНа 100 деца на возраст од 10 до 12 години, им било кажано да запишуваат во дневник како се чувствуваат во врска со нешто што го искусиле во текот на изминатите 20 минути, пет пати на ден, во текот на 4 школски денови. Воедно им било кажано да запишат, дали во тој момент биле сами или со родителите, со роднини, со најдоброто другарче, со некој другар или другарка, со соученик, странец, професор или некоја друга личност. Децата давале и примерок од нивната плунка, за да може да се измери нивното ниво на „хормонот на стресот“ кортизол.rnrnНајдобриот пријател ни помага да се ослободиме од стресотrnrnИстражувачите откриле дека присуството на најдобриот пријател најмногу ги ублажува телесните ефекти предизвикани од негативните искуства, бидејќи во негово/нејзино присуство децата имале помало ниво на кортизол. Кога немале до себе пријател, а биле под стрес, нивното ниво на кортизол било покачено. И покрај тоа што истражувањето е спроведено на деца, експертите велат дека добиените резултати би требало да се однесуваат и на возрасните.rnrnД-р Керен Мејџорс, едукативен психолог во Образовниот Психолошки Сервис во општината Баркинг и Дагенхем вели:rn
    rn

    „Најблиските другари на децата може да бидат проблематични и да ги одведат на погрешен пат, но тие можат да имаат и неверојатно позитивно влијание врз нив и да им ја дадат својата поддршка. Пријателите имаат навистина важна улога во нашиот социјален и емотивен живот. Упатени се во него и ни помагаат и нè расположуваат со нивното присуство. На пример, едно претходно истражување покажа дека ако се запишете во училиште заедно со вашите пријатели, имате поголеми шанси да стекнете нови.“

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.