КАФЕ ПАУЗА

Tag: политичари

  • 10 необични светски лидери кои ја кршат политичката монотонија

    10 необични светски лидери кои ја кршат политичката монотонија

    Речиси секое дете сонува да стане херој. Уште почеста фантазија е онаа да се стане претседател. Но, како што старееме сфаќаме дека големите промени можат да се случат и без супермоќи. Овие 10 необични светски лидери направиле некаква промена и успеале да ја отстранат монотоноста од политиката.rn

    1. Џасинда Ардерн

    rn10 необични светски лидери кои ја кршат политичката монотонијаrnrnОваа жена е премиер на Нов Зеланд. Луѓето толку многу ја сакаат што започнале цело движење познато како „Џасинда манија“. Тие ја сакаат поради многу нешта, вклучувајќи го нејзиниот стил, хумор, намерата да ги легализира марихуаната и истополовите бракови… Кога Џасинда има слободно време, таа е и диџеј.rn

    2. Хосе Мухика

    rn10 необични светски лидери кои ја кршат политичката монотонијаrnrnОва е поранешниот претседател на Ургувај. Тој е вегетаријанец, живее на фарма и ја донира речиси цела своја плата во добротворни цени. Хосе и неговата сопруга одгледуваат цвеќиња за да заработат и немаат најмено ниту еден работник.rn

    3. Џон Гнар

    rn10 необични светски лидери кои ја кршат политичката монотонијаrnrnОвој екстравагантен поранешен градоначалник на Рејкјавик има навистина интересен карактер. Тој е комичар, писател, музичар и политичар. Неговата партија се состои од рок и панк музичари кои немале никаква врска со политика. Како резултат, за време на неговиот 4-годишен мандат била направена целосна реконструкција на финансиите, се изградиле дузина километри велосипедски патеки и училиштата биле реорганизирани. Благодарение на Џон, туризмот во Рејкјавик пораснал за 20%.rn

    4. Ана Илона Сталер

    rn10 необични светски лидери кои ја кршат политичката монотонијаrnrnТаа е позната и под псевдонимот Чичолина. Ана е италијанска актерка и порно ѕвезда. На 16-годишна возраст соработувала со Унгарската тајна служба работејќи како слугинка во хотелот Интерконтинентал. 5 години била претставник на Радикалната партија во италијанскиот парламент. Во 1991-ва година ја основала својата партија наречена „Партија на љубовта.“rn

    5. Владимир Франц

    rn10 необични светски лидери кои ја кршат политичката монотонијаrnrnВладимир е уметник и композитор од Чешка. Тој учествувал на претседателските избори во Чешка во 2013-та година и бил 3-то место. Неговата кампања била дизајнирана за младите. Неговото ветување било дека ќе ја легализира марихуаната. Телото на Владимир е 90% покриено со тетоважи и пирсови.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Колкави се платите на најпознатите светски лидери?

    Колкави се платите на најпознатите светски лидери?

    Платите на луѓето често се менуваат. Дури и пријателите и колегите не брзаат да ја споделат сумата што ја добиваат. Но, платите на претседателите и премиерите се далеку од тајна. Ако сте љубопитни, погледнете колкави се платите на некои од најпознатите светски лидери.rn

    1. Доналд Трамп, претседател на САД – 0,79 евра годишно

    rnКолкави се платите на најпознатите светски лидери?rnrnДоналд ја одбил претседателската плата од 320.000 евра годишно изјавувајќи дека ќе зема по 1 долар, односно 0.79 евра за секоја работна година бидејќи како претседател мора да биде исплатен па тоа е најниската сума што може да се земе. Богатството на претседателот изнесува речиси 3 милијарди евра, па може да си го дозволи ова. Пред Трамп, Херберт Хувер и Џон Ф. Кенеди работеле без плата. Минималната месечна плата во САД е 926 евра.rn

    2. Петро Порошенко, претседател на Украина – 9.760 евра годишно

    rnКолкави се платите на најпознатите светски лидери?rnrnСпоред Форбс, Порошенко е 6-тиот најбогат човек во Украина. Неговото богатство изнесува 1,2 милијарди евра. Минималната месечна плата во Украина е 106 евра.rn

    3. Си Ѓинпинг, претседател на НР Кина – 16.300 евра годишно

    rnКолкави се платите на најпознатите светски лидери?rnrnСи Ѓинпинг ја зема истата плата од 2015 година кога била зголемена за 62%. Лидерот, неговата сопруга и ќерка му немаат никакви бизниси, но богатството на неговите блиски роднини е проценето на околу 370 милиони евра. Минималната месечна плата во Кина е од 120 до 240 евра и зависи од законите на секоја провинција.rn

    4. Саули Нинисто, претседател на Финска – 117.000 евра годишно

    rnКолкави се платите на најпознатите светски лидери?rnrnПретседателот на една од најбогатите држави на светот, кој е избран и за втор мандат, годишно заработува 117.000 евра. Минималната плата во Финска не е одредена од никаков закон, па според разни извори изнесува отприлика 1.600 евра.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Прави портрети користејќи копчиња од тастатури

    Прави портрети користејќи копчиња од тастатури

    Австралискиот артист Гај Витби или познат под псевдонимот WorkByKnight (WBK) ги изработува овие фантастични портрети користејќи електронски отпад или подобро кажано тој создава слики од познати пејачи, глумци, политичари и слично со помош на копчиња од тастатури, калкулатори, телефони и машини за куцање.rnrn

    Прави портрети користејќи копчиња од тастатури
    Дејвид Бекам
    rnrnУпотребувајќи ја својата вештина секое копче на неговата слика претставува еден пиксел. Резултатот од неговата работа е навистина фантастичен, а во неговата галерија можат да се најдат околу 1.000 слики. Доколку имате проблем да препознаете некое од лицата на неговите изработки, оддалечете се од екранот или погледнете со подзамижани очи.rnrn
    Прави портрети користејќи копчиња од тастатури
    Мерлин Монро
    rnrn
    Прави портрети користејќи копчиња од тастатури
    Мајкл Џексон
    rnrn
    Прави портрети користејќи копчиња од тастатури
    Боно Вокс
    rnrn
    Прави портрети користејќи копчиња од тастатури
    Салвадор Дали
    rnrn
    Прави портрети користејќи копчиња од тастатури
    Стив Џобс
    rnrn
    Прави портрети користејќи копчиња од тастатури
    Марк Цукерберг
    rnrn
    Прави портрети користејќи копчиња од тастатури
    Нелсон Мандела
    rnrn
    Прави портрети користејќи копчиња од тастатури
    Боб Марли

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Светскиот политички врв некогаш и сега

    Светскиот политички врв некогаш и сега

    Гостински пост: Филип Вирановскиrnrnrn„Некогаш и сега“ е секогаш непресушна тема. Се обидовме да ѕирнеме во семејните фотографии на поважните политички, религиозни, диктаторски, кралски личности… кога самите тие биле безгрижни мали деца, незнаејќи каква улога историјата ќе им додели.Светскиот политички врв некогаш и сегаБарак Обама – првиот афроамерикански претседател на САД. Роден е во Хонолулу, Хаваи. Неговите родители се запознале во 1960 на Универзитетот на Хаваи. Неговиот татко е од Кенија, а студирал во САД. Самиот Барак Обама споменува дека во тинејџерските денови користел алкохол, марихуана и кокаин. Својата сопруга, Мишел Обама, ја запознал за време на студирањето на универзитетот Харвард.Светскиот политички врв некогаш и сегаАнгела Меркел – првата жена канцелар на Германија. Нејзиниот татко бил лутерански свештеник. Поголемиот дел од детството го поминала во село, северно од Берлин. Во 1982 се развела од сопругот Урлих Меркел, задржувајќи го неговото презиме.Светскиот политички врв некогаш и сегаФидел Кастро – комунистички лидер и револуционер. Кастро е роден во Куба, како син на шпански емигрант, кој се доселил на островот поради сиромаштијата во северните делови на Шпанија. Неговиот татко станал просперитетен бизнисмен во шеќерната индустрија на Куба, па така и самиот Кастро е роден на шеќерна плантажа.Светскиот политички врв некогаш и сегаПапата Бенедикт XVI – Неговото граѓанско име е Јозеф Алоис Рацингер. Роден е во Баварија, Германија. Според законите на нацистичка Германија, Рацингер на 14 годишна возраст се приклучува на Хитлеровата Младина (според неговиот брат, тој не бил премногу заинтересиран за учеството во Хитлеровата Младина). Нешто подоцна, при крајот на Втората Светска Војна, бил регрутиран во пешадијата на нацистичка Германија. Како сојузничките армии се приближувале кон Германија, Рацингер решил да дезертира од армијата.Светскиот политички врв некогаш и сегаВладимир Путин – премиер на Русија. Роден во Ленинград (денешен Санкт Петерзбург). Неговиот татко бил војник во флотата на Советскиот Сојуз. По дипломирањето, Путин станува член на советската разузнавачка служба КГБ, на почетокот како член на втората единица, која имала контраразузнавачка задача. Набргу потоа бил преместен во првата единица, чија задача била следење на странците и претставниците на конзуларните претставништва во Ленинград.Светскиот политички врв некогаш и сегаДимитри Медведев – претседател на Русија. Роден во Ленинград во угледно, интелектуално семејство. Според неговата учителка од основно училиште, Вера Смирнова, Димитри бил дете кое секогаш било љуботиптно да дознава и учи. Во седмо одделение ја сретнал неговата сегашна жена Светлана Медведева. Таа романса тогаш му го сменила угледот на љубопитното дете кое обожава да учи.Светскиот политички врв некогаш и сегаКристина Фернандез де Кирчнер – претседателка на Аргентина. Вдовица на неодамна починатиот претседател на Аргентина Нестор Кирчнер. Живеејќи одреден период како прва дама на Аргентина, претседателските обврски и биле добро познати, па од 2007 станува прва избрана претседателка на Аргентина. Како прва дама, а потоа и претседателка, го добива приматот на жена која ја познава модата, а поборник е и за човековите права и борбата против сиромаштијата.Светскиот политички врв некогаш и сегаКралицата Елизабета II – кралица на Велика Британија. Таа е ќерка на Кралот Џорџ VI (попознат по филмот The King’s Speech, кој излезе неодамна). Нејзиното целосно име е Елизабет Александра Мери (Елизабет по нејзината мајка, Александра по името на мајката на Кралот Џорџ V, Мери по името на нејзината баба). Нејзиното најблиско семејство ја ословува со „Лилибет“.Светскиот политички врв некогаш и сегаКралицата Беатрикс од Холандија – Нејзиниот брак со Германецот Клаус фон Амсберг, во 1966 предизвикал големи контроверзи. Клаус фон Амсберг бил Германец кој бил член на Хитлеровата Младина, а потоа работел и во Вермахт. Познати се слоганите кои тогаш го преплавиле Амстердам, како што се „Claus ‘raus!“ (Клаус надвор!) и „Mijn fiets terug“ (Врати ми го велосипедот!) што асоцирало на конфискување на велосипедите на Холанѓаните, што Нацистите го правеле за време на окупацијата на Холандија.Светскиот политички врв некогаш и сегаТарја Халонен – првата жена претседател(ка) на Финска. Родена е во работничко семејство во Хелсинки. По Втората Светска Војна нејзините родители се разведуваат, а нејзината мајка се премажува за Туре Форс, работнички активист. Нејзиниот очув и нејзината мајка извршиле позитивно влијание врз градењето на погледите на Халонен. Откако влегува во политиката, таа се залага за социјална правда на работничкиот народ, вредности со кои и самата Халонен е растена.Светскиот политички врв некогаш и сега