Овој календар за прв пат бил направен во 2009 година, од страна на пензионираниот полициски наредник Мајк Енфилд, во чест на неговата сопруга, која ја изгубила битката со рак во 2004 година. Идејата била сите пари од продажбата да се донираат на Фондацијата за истражување на ракот, како и на Фондацијата на детската болница.rnrn
rnrnПолициските кучиња одлично се однесувале на сите фото-сесии од тогаш и биле навистина послушни. Но, тоа што е најинтересно е што можете дури и да ги забележите нивните карактери на фотографиите. На пример, Брандо изгледа навистина кул со очилата за сонце. Бејли обожава да се одмора во локалната кафетерија. А Џек пак, тој секогаш сериозно си ја сфаќа работата и е решен да ја дознае вистината од сите осомничени.rnrn
rnrnВо моментов, во Ванкувер има 15 полициски кучиња, со 15 тренери. Нивната работа е многу важна, бидејќи тие се од исклучителна помош при следење, апсење, наоѓање докази, како и при откривање наркотици, огнено оружје и експлозиви. Кучешката единица одговара на повеќе од 10.000 повици годишно, и помага на голем број луѓе.rnrn
rnrnКалендарот чини 15 долари, и може да се порача од секаде во светот на овој линк.rnrn
rnrnПогледнете ги и австралијанските пожарникари што позираат со животни за новиот календар!
Tag: полиција
-

Најдобриот календар за 2019 година е со полициските кучиња од Ванкувер
-

Како полицијата знае дека возите пијани уште пред да ве сопре?
Возачите во алкохолизирана состојба не си го загрозуваат само својот живот туку и животот на сите останати учесници во сообраќајот. И покрај тоа, многу поединци кои испиле неколку чашки алкохол решаваат да седнат зад воланот, со надеж дека нема да ги сопре полицијата. Меѓутоа, постојат одредени знаци што им помагаат на полицајците да забележат дали возачот е пијан уште пред да го застанат, иако тој можеби мисли дека вози нормално како и сите останати. Ова се сигналите со чија помош полицајците откриваат дали возачот испил повеќе одошто треба…rnrn
rnrn1. Нагло преминување од едната страна на улицата кон другата.rnrn2. Многу бавно возење, барем 10 километри на час под дозволеното ограничување.rnrn3. Хаотично кочење.rnrn4. Возење без вклучени светла.rnrn5. Несоодветно застанување на семафори или пешачки премини кога нема пешаци.rnrn6. Хаотично користење на трепкачите.rnrn7. Нагло менување на правецот и нагло вртење.rnrn8. Претерано приближување до другите автомобили во сообраќајот.rnrnВозењето во алкохолизирана состојба е нешто што многу често се практикува во нашата држава, особено на денови како овој, кога треба да се прослави нешто, а не сакате ниту да барате такси ниту да се откажете од алкохолот. Пред да одлучите дека ќе возите и покрај тоа што сте пиеле алкохол, помислете на сите сообраќајни несреќи што секојдневно се случуваат и не го преземајте тој ризик. Немојте да си ја уништите вечерта и да ја поминете во расправање со полиција, иако тоа е најмалата трагедија што би можела да ви се случи како последица од пијаното возење. Бидете совесни возачи и не го ризикувајте сопствениот, но и туѓиот живот!rnrnДоколку сѐ уште не сте свесни за опасноста од возењето под дејство на алкохол, погледнете како овие луѓе стануваат свесни за ризикот со помош на симулатор. -

Најсмешните причини за повик во полиција
Работата на операторот на телефоните на полицијата е многу тешка. Може да биде навистина стресна, а некои повици ги „следат“ операторите со години. Понекогаш нивната должност е да ги смират луѓето кои чекаат помош, некогаш треба да дадат совет кој ќе спаси живот, а понекогаш добиваат ужасни повици со лоши вести.rnrn
rnrnОд друга страна пак, се случува да добијат и навистина интересни повици. Корисниците на Редит споделиле неколку вакви ситуации. Уживајте во смешните разговори.rn„Добив повик од жена која ми рече дека мачката ѝ се качила на дрвото и не може да се симне. Знаев дека сака да дојде некој и да ѝ помогне, па ја излажав дека тоа е нешто што се случува само на филмовите. Потоа таа ми рече дека и нејзиниот сопруг се качил на дрвото по мачката, и сега и тој не можел да се симне.“
rn
„Само што завршив со тренингот, добив повик за животно кој бараше итен одговор. Обично овој повик е резервиран за животни во сообраќај, или за бесни животни кои се опасност за некого. Личноста која ми се јави беше родител во училиштето на детето. Тој ми кажа дека во училиштето имало ракун. Испратив двајца полицајци, и едниот од нив го даде следниот опис за ‘осомничениот’: Осомничениот е мал, брз и носи маска. Можно е да ограбил неколку корпи за ѓубре. Го изгубивме бркајќи го.“
rn
„Една жена се јави за да каже дека има луѓе во нејзината куќа кои се обидувале да ја киднапираат. Луѓето кои беа во куќата беа полицајци кои отидоа да ја уапсат.“
rn
„Се јави едно момче кое исплашено кажа дека видел мртво тело на млада жена, во раните 20-ти, која носела само шорцеви. Тој ни даде детален опис, боја на коса, боја на кожа, позиција на телото, и кажа дека телото се наоѓало на периферијата на градот. Ние помисливме дека станува збор за ново убиство. Собравме неколку полицајци и се упативме кон местото најбрзо што можевме. Откако тргнавме, добивме уште еден повик од момчето кое ни рече дека станувало збор за елен, а не за девојка.“
rn
„Не сум оператор, но ова е за моето момче кое се јави во полиција. Тој обично работи до доцна и си доаѓа во 2 часот наутро. Овој пат се врати неколку часа подоцна…rn Момчето: Сакам да пријавам пожар. (Живееме на место каде што пожарите се чести.)rn Операторот: Каде сте лоцирани, господине?rn Момчето: На ридот, источно од градот.rnОператорот: Може ли да бидете попрецизни?rn Момчето: Да, (им даде детален опис). Оф, Боже! Станува посилен! Целиот рид гори!rn Операторот: Смирете се, господине, веднаш испраќаме некој.rn Момчето: Станува поголем! Зарем никој не го гледа ова?! Го осветлува небото околу него… огромен е! Оф, Боже! Ох… чекајте…rn Операторот: Господине?rn Момчето: Многу ви се извинувам… Обично не сум излезен ова време од вечерта, се вратив покасно. Тоа е… тоа е сонцето…rn Оператор: …rn Момчето: Многу се извинувам што ви го потрошив времето, нема пожар, тоа е само сонцето што изгрева. Заборавете. Навистина ми е срам.rn Оператор: Во ред е, господине, ќе го откажам повикот. Ви благодарам на јавувањето.“
rn
„Една бремена жена, сигурно веќе во 30-тата недела, се јави за да каже дека лекарот ѝ забранил да има односи додека не се породи, и не ѝ било јасно зошто. Го погледнав нејзиното досие и видов дека има предвремени контракции, па ѝ кажав дека сексуалната активност може да предизвика контракции, па побезбедно е да се воздржува за бебето да остане внатре што е можно подолго. Тогаш исплашено ме праша: „Но како ќе го хранам бебето ако немам односи?!“ Пациентката била убедена дека нејзиното бебе се хранело со спермата на нејзиното момче, и дека бебето ќе изгладне ако нема односи. Ѝ објаснив за папочната врвца, но таа не ми веруваше сè додека не ја прашав за самохраните мајки и геј паровите и ја прашав како тие ги хранат нивните бебиња. После неколку моменти тишина, таа ми се заблагодари и пред да исклучи слушнав како вика по нејзиното момче.“
rn
„Најдобрата приказна која ја имам е за едно момче кое се јави за рис кој бил пред библиотеката. Се јави задишан и кажа дека имало дива мачка која ги вознемирувала луѓето и не им дозволувала да влегуваат и да излегуваат од зградата. Бев во близина, па се упатив натаму. Прашав дали некој бил повреден, и тој ми рече не. Очекував група луѓе задржана на влезот од огромна мачка. Му реков да се држи настрана од неа и да остане на линија. Кога стигнав на клупата ме пречека маче кое имаше шари како на рис и почнав да го галам. Тогаш момчето шокирано ми рече дека сигурно некој го припитомил.“
rn
„Јас: Полиција, како можам да ви помогнам?rn Пијан човек: Во продавница. Овој човек не сака да ми продаде пиво.rn Јас: Во ред, зошто?rn Човекот: Не можам да му покажам лична карта бидејќи немам 21 година.rn Јас: Без лична карта не можете да купите алкохол, особено ако сте малолетни.rn Човекот: Но другите продавачи ми дозволуваа да ги поткупам. Му го кажав тоа и тој сепак не ги прифаќа парите и не сака да ми продаде пиво. Натерај го да го прифати поткупот!rn Јас: Нема да го натераме продавачот да прими поткуп, ниту пак да ви продаде пиво. Дали сакате да почекате таму додека да стигне полицаец за да разговарате во живо?rn Човекот: Добро, ќе седам надвор и ќе ве чекам.“
rn
„Јас: Полиција, како можам да ви помогнам?rn Јавувач: Има камен на мојот тревник! Камен!rn Јас: Камен?rn Јавувач: Нели ме слушна? Има камен на мојот тревник. Некој намерно го ставил овде. Требаше да го заобиколам со косилката! Камен!rn Јас: Која е вашата адреса?rn Јавувач: Вие сте полиција и не ја знаете мојата адреса? Па за што ви плаќам данок? Бескорисни сте. Камен!rn Јас: Господине, која е вашата адреса?rn Јавувач: Побарајте ме на Google Earth, сигурно ќе ме видите бидејќи има камен на мојот тревник!rn Сега веќе мапата конечно ја покажа неговата локација, и беше од соседното село. Го оставив сам да се справи со каменот.“
rn
„Не сум оператор, но еднаш бев испратен на повик поради дете што било отруено. Кога пристигнавме нè пречека 14-годишно момче и неговата мајка. Мајката инсистираше да му го испереме желудникот бидејќи голтнал гума за џвакање. Момчето гледаше во нас како да сакаше да ни каже дека мајка му е луда. Една година подоцна, истата адреса, истото семејство, повторно се јави за труење. Кога стигнавме бевме пречекани од истото дете и истата мајка. Мајката сакаше детето да биде однесено во болница бидејќи пробало марихуана пред една недела. Детето го имаше истиот израз на лицето.“
rn
„Една госпоѓа се јави и праша дали може пожарната служба да го премести пожарот неколку километри на север бидејќи не сакала чадот да ѝ влегува во куќата.“
rn
„Јавувач: Отруена сум.rn Јас: Во ред, веднаш ќе испратиме амбуланта. Кажете ми што се случи.rn Јавувач: Се предозирав.rn Јас: Што користеше?rn Јавувач: Трева.rn Јас: Марихуана?rn Јавувач: Да. Умирам. Ве молам побрзајте.rn Не ѝ беше ништо, само беше под големо влијание на марихуаната.“
-

Најновите полициски регрути се подготвени да се борат против криминалот со својата неодоливост
Запознајте ги Лаки Стар, Шуман, Фејда, Бродер, Ејџеј и Фул Мун – најновите (и најслатките) кутриња што се придружиле на К-9 единицата во тајванската полиција. Овие слатки и поспани кутриња се спремни да почнат со тренинг и со тек на време ќе добијат сериозна улога во единиците за детекција на бомби, дрога и крв во Тајпеј.rnrn
rnrnИзгледа дека полициската работа им тече низ крвта, бидејќи мајката на кутрињата, Јелоу, одамна е во К-9 единицата, исто како и татко им, Лидер.rn„Се надеваме дека во иднина кутрињата ќе бидат исто толку добри колку и нивната мајка, дека успешно ќе го поминат тренингот и дека ќе станат официјален дел од полициската сила“, велат нивните тренери.
rnВо моментов 1-месечните кутриња сè уште повеќе преферираат спиење и јадење отколку борење против криминалот и спасување на светот. Понекогаш тие дури и заспиваат дур јадат, и потоа се будат и продолжуваат со јадењето како ништо да не се случило. Зарем сте чуле нешто послатко? Погледнете ги следниве фотографии што ќе ви го стопат срцето!rnrn

-

Реалната слика за домашното насилство: 10 најголеми заблуди
Светот наголемо зборува за домашното насилство откако во јавност се појави снимка во која јасно се гледа како познатиот рагбист Реј Рајс ја нокаутира својата свршеница (сега негова жена), па ја влече надвор од лифтот додека таа е во несвест. Факт е дека домашното насилство не е ниту табу тема, а уште помалку новост. Секој од нас познава најмалку една жена или девојка која била жртва на насилство од својот сопруг односно дечко. Би рекле зошто остануваат и понатаму со нив? Моментално на Твитер популарен е хаштагот #whyistayed каде жените кои биле жртви на насилство објаснуваат зошто и понатаму останале со насилникот.rnrn
rnrnДомашното насилство е ужасна појава која со себе повлекува многу жртви, за жал најчесто тоа се децата, кои се принудени во животот да растат со лоши спомени од своето детство. Никој не сака да памети како мајка му била тепана од страна на таткото, никој не сака да го доживува својот дом како место на злосторот наместо безбедно прибежиште.rnrnЕксперти одговараат на најголемите заблуди поврзани со домашното насилство, а за да ја поттикнеме свеста за оваа појава, вклучуваме и изјава од познатиот американски доктор Фил кој објаснува зошто, иако за нас несфатливо, многумина одбираат да останат во насилен брак.rnrn
rn1. Домашното насилство е ретко
rnСтатистички 1 во 4 жени и 1 во 7 мажи се жртви на домашно насилство. Многумина мислат дека домашното насилство не е така честа појава, дека речиси и не постои во денешно време кога жените имаат толку права. Тоа е огромна заблуда. Тоа што таквите парови не го покажуваат тоа во јавност не значи дека не им се случува, а обично баш насилниците умеат добро да се преправаат пред други.rnrnВсушност, луѓето не го земаат предвид и емоционалното насилство. Дури и ако никогаш не сте биле удрени, може да имате трауми од многубројните вербални навреди и омаловажувања. Една жена која сведочи за својата судбина изјавила „Сè уште можам да го чујам гласот на мојот сопруг како ми одѕвонува во ушите.“rnrnСепак, за среќа, макар во развиените земји, сè помала е трпеливоста кон домашното насилство. За навистина да се намали бројот, јавноста, односно ние како совесни граѓани мора да преземеме нешто. Наместо да молчиме за жртвите кои ги познаваме, јасно да се знае кое е нашето мислење за таа појава – во никој случај не е прифатливо и е казниво! Сè додека се водиме по заостанати принципи дека мажот е глава на куќата и може да прави што сака, бројот на нездрави семејства ќе биде голем. Нашите деца мора да ги воспитуваме противстереотипно – не си маж ако покажуваш сила во домот.rn
2. Невозможно е да се сака некој кој те злоупотребува
rnКако незасегнати набљудувачи може остро да искоментираме дека нема шанси да сакаш некој кој е толку груб кон тебе. Сепак, најголем број од жртвите, иронично, вината ја бараат кај себе и иако се жртви се чувствуваат посрамено. Оваа тема е навистина комплексна, така што овие жени, иако знаат дека не е правилно, може сепак да имаат љубов за својот насилен партнер и упорно да веруваат дека може да го променат. Најчесто кога насилникот сака да ја намали тензијата по нападот, ќе ѝ изјави љубов на жртвата, дури и ќе се расплаче. Жртвата „паѓа“ на ова и му верува.rn
3. Насилникот е вон себе кога напаѓа
rnЕкспертите велат дека домашното насилство се случува бидејќи еден партнер чувствува дека има целосна контрола над другиот, дека е повреден и помоќен од другиот. Неретко насилството се случува кога насилникот е под дејство на алкохол, иако не мора да значи. Насилниците прават секакви нешта со цел да имаат контрола над жртвата, од изолација до криење на финансиските средства, така што во никој случај не можеме да речеме дека се надвор од контрола или пак дека го прават тоа несвесно. Психологот Реј Џонс тврди дека 18 години работи со жртви на насилство и досега не сретнала ниедна жена на која домашното насилство ѝ се случило само еднаш. Насилникот ќе тврди дека нема да го стори тоа повторно, но секогаш лаже и секогаш знае дека лаже.rnrn
rn4. Домашното насилство е секогаш физичко
rnКако што споменав претходно, тука се вбројува и емоционалното насилство, навредите, изолацијата, заканите, внесувањето страв. На почетокот насилникот најчесто е добар и харизматичен, барем како таков се прикажува, за набрзо да почне претерано да ја критикува својата жртва, навредува и изолира од светот. Постојат многу форми на физичко насилство, не само физичкиот удар. Покрај навредите тука е и присилбата на сексуален чин, која не смее да се запостави. Запрепастувачки е што 1 во 3 жени жртви на насилство морала да остане со насилникот, откако била принудена на незаштитен сексуален однос.rn
5. Ако некој те малтретира, решението е очигледно, излези од таа врска/брак
rnВсушност не е толку едноставно за жртвите на насилство. Најчесто поставуваното прашање е: Зошто ли останува во таква врска? Но, кои сме ние да судиме? Ситуацијата е многу комплексна, не може да се запостави стравот, а уште потешко е доколку жртвата има деца и се плаши за нивната безбедност. Најголем страв е за тоа што ќе се случи откако ќе го напуштат партнерот, што ако проба да им наштети? Факт е дека жртвите на насилство не се слободни и не можат да прават што сакаат.rn
6. Жртвата може едноставно да повика полиција
rnПовикувањето полиција е правилното нешто што жртвата мора да го стори, но не е ни најмалку лесно за неа. Некои не сакаат нивниот партнер да оди во затвор, или се плашат дека повикот само ќе предизвика повеќе насилство или дека нема да бидат соодветно згрижени и заштитени. По повикувањето полиција следи давање изјава од што жртвите се плашат. Доколку тука ја вброиме и нашата култура, односно фактот дека најголем број ако не и секој од соседите нема да ѝ помогнат на жртвата и ќе останат глуви и слепи пред насилството, сфаќаме дека воопшто не е едноставно.rn
7. И двете страни се виновни за избувнување на насилството
rnНародот рекол дека за кавга се потребни двајца, но не постои ниедна логична и морална причина ниту пак оправдување за насилството. Точка.rnrnНасилникот итро ќе направи жртвата да се чувствува како соучесник, како да го заслужила тоа, како да не е доволно добра сопруга/мајка/девојка, како да го испровоцирала и сл.rn
8. Речиси еднаков е бројот на жени и мажи жртви на насилство
rnНе одрекуваме дека постојат мажи кои се жртви на насилство, но да се верува дека бројот е еднаков, едноставно е смешно. Тоа што некои ќе се потпрат на своја измислена статистика не го прави овој проблем помал ниту пак понеопасен. Гледајте на ова вака, на секој маж хоспитализиран поради домашно насилство, има 46 жени кои се хоспитализирани поради истата причина (оваа бројка важи за САД, кај нас, верувам, бројот на жени е многу поголем).rnrn
rn9. Домашното насилство им се случува само на жени кои се сиромашни, зависни од мажот и неедуцирани
rnНајголем број од жртвите се од оваа категорија, иако има исклучоци. Домашното насилство не дискриминира ни според статус ни според образование. Секој може да биде жртва на насилство. Сепак, финансиските средства играат голема улога. Жените кои имаат финансиска сигурност полесно би се оттргнале од насилникот, додека зависните и сиромашни жени се поранлива категорија.rn
10. Дрогата и алкохолот го предизвикуваат домашното насилство
rnТочно е дека го поттикнуваат, дека голема е веројатноста пијаниот маж да ја малтретира својата жена, но не може алкохолот да биде наведен како виновник. Постојат многу луѓе кои пијат, но не се насилни со своите жени и уште поважно, пијаните насилници не се насилни кон себе, нема да си наштетат себеси, што значи дека се свесни што прават.rnrnИако алкохолот го поттикнува насилството, многу фактори играат улога во емоционалното и физичкото насилство. За жал, многу од жртвите исто така ќе почнат со употреба на дроги и алкохол како начин да се справат со тоа што им се случува.rn
Како да ѝ помогнам на пријателка која е жртва на насилство?
rnНајпрво не смеете да се поставите супериорно ниту пак да осудувате. Поставувањето прашања како „Зошто веќе еднаш не си заминеш?“ не помага многу. Мора да покажете големо разбирање и трпение, да сочувствувате, да направите вашата пријателка да се чувствува доволно безбедно и сакано за да ви се довери вам. Во никој случај не смеете да бидете груби мислејќи дека така ќе ѝ ги отворите очите, таа знае во каква ситуација е. Информирајте се за активните организации кои би можеле да ѝ помогнат и да ѝ обезбедат правна помош и безбедно место. Но, најпрво разговарајте со жртвата бидејќи нема да можете насила да ја оттргнете од насилникот додека самата не стане свесна дека треба да си замине. Жртвата може да лаже пред полицијата и да каже дека никогаш не ѝ била нанесена повреда поради многу причини.rnrn
rnКако насилникот управува со своите жртви и зошто им е тешко да си заминат?
rnДоктор Фил гостува во емисијата на Венди Вилијамс каде таа го поставува она прашање што сите жени, кои не биле жртви на насилство лесно ќе го постават бидејќи навистина не им е јасно: Зошто жените и понатаму остануваат во таква врска? Зошто не си заминат?rnrnДоктор Фил одговара дека е многу потешко отколку што звучи и притоа ги објаснува фазите на насилникот и како тој управува со жртвата:rn
- rn011
- Прва алатка која насилникот ќе ја употреби е изолацијата. Тој ја изолира својата жртва од семејството, пријателите, црквата, продолжува со одземање на мобилниот, финансиските средства, за да ја остави сосема изолирана.
- Продолжува со намалување на самодовербата додека не ја донесе до состојба на парализа – неможност да се направи што било. Насилникот секојдневно ја „опсипува“ жртвата со погрдни зборови и подли навреди за да се чувствува супериорно, истовремено правејќи ја неа да се чувствува слабо, незаштитено, да мисли дека не вреди ништо и дека всушност треба да биде благодарна што тој е со неа. Ќе направи да се чувствува како да не прави доволно за него, дека е лесно заменлива и дека е лоша мајка.
- Кога жртвата конечно ќе реши да го напушти насилникот, најчесто поради последниот најстрашен напад, започнува периодот кога таа најмногу се плаши од она што би можело да ѝ се случи. Доколку жртвата не е згрижена и заштитена, може да биде повторно нападната. Всушност, во тие две или три недели по разделбата во просек се случуваат повеќе напади отколку што имало во текот на врската. Затоа жртвата задолжително треба да се обрати до организација и да побара заштита.
rn011
rn011
rn
rnhttp://youtu.be/tKt_9EnXyrI?t=2m55srn
Запамтете, не сте должни да трпите насилство и имате право на заштита и љубов. Доколку вие сте жртви на насилство или познавате жени кои се жртви на домашно насилство, пријавете, не молчете, постојат луѓе и организации кои ќе ве згрижат, не сте сами!
rn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Бизарни закони за возачи ширум светот
Во светот постојат многу чудни закони за возачи. Интернационалната бродска компанија за транспорт Barrington Freight составила листа со закони кои ќе ве насмеат, изненадат или шокираат.rnrn
rnЕВРОПА
rn
Данска
rnСите дански возачи мораат да ѕирнат под автомобилот пред да седнат на возачкото седиште. Тоа треба да го прават за да проверат дали има човек одоздола.rn
Кипар
rnЈадењето или пиењето е сосема недозволиво во Кипар додека возите автомобил. Забрането е дури да се пие и вода додека се вози.rnrn
rnЛуксембург
rnВо Луксембург сите возила мораат да имаат бришачи за шофершајбна, дури и ако немаат шофершајбна.rn
Русија
rnВо Русија можете да си заработите казна доколку возите валкан автомобил.rnrn
rnГерманија
rnВо Германија е нелегално да останете без гориво на автострадата Autobahn.rn
Шпанија
rn
- rn011
- Во Шпанија морате да чувате резервни очила за гледање во автомобилот, дури и ако во моментот носите еден пар на себе.
- Исто така, во некои шпански градови, колите мора да се паркираат на страната од патот крај куќите кои имаат непарен број, во непарните денови од месецот.
rn011
rn
rn
Франција
rnВозачите на сите моторни возила во Франција мораат со себе да носат апарат за алкотест. Доколку не му го покажете на „џандарот“ кога ќе ве сопре, ќе ви пише казна од 11 евра.rnrn
rnСВЕТ
rn
Јапонија
rnДоколку испрскате пешак со дождовна вода додека поминувате со автомобилот крај него, ќе заработите казна од околу 47 евра.rn
Сингапур
rnВо Сингапур противзаконски е возачите да им се приближат на пешаците на растојание помало од 50 метри.rn
САД
rn
Алабама
rnВо Алабама е нелегално на возачот да му бидат врзани очите со крпа, додека управува со автомобилот.rnrn
rnАлјаска
rnВо Алјаска е нелегално да заврзете куче на покривот од вашиот автомобил.rn
Калифорнија
rn
- rn011
- Во Калифорнија е нелегално човек да рипне од автомобил, кој се движи со брзина од 100 км/ч.
- Во Сан Франциско е нелегално да ја полирате или да ја сушите вашата кола со носена долна облека.
- На женските возачи во Калифорнија им е забрането да возат доколку на себе имаат облечено роба.
- Во Калифорнија и Тенеси е забрането да пукате во животни од вашиот автомобил, освен ако тоа животно не е кит.
rn011
rn011
rn011
rn
rn
rnЏорџија
rnВо Маријета, Џорџија е забрането да плукате од автомобил или автобус во движење, но океј е ако го правите тоа од камион.rn
Илиноис
rnВо Еванстон, Илионис незаконски е да се преслечувате во автомобил со спуштени завеси, освен во случај на пожар.rn
Масачусетс
rnВо Масачусетс ќе ви пишат казна доколку возите горила седната на задното седиште од автомобилот.rnrn
rnМинесота
rnНелегално е да ги поминете границите на државата, доколку одите или возите со патка качена на вашата глава.rn
Невада
rnВо Невада е нелегално да јавате камила на патот.rn
Мичиген
rnДоколку ви се расипе колата во Мичиген, имајте предвид дека читањето весник на сред улица, е нелегално.rn
Охајо
rnВластите ќе ви пишат казна доколку возите околу градскиот плоштад, повеќе од 100 пати едноподруго.rn
Оклахома
rnСе смета за нелегална постапка, доколку читате стрип додека возите автомобил.rn
Колорадо
rnВо Денвер, Колорадо е нелегално да се вози црн автомобил во недела.rnrn
rnМисури
rnВластите во Мисури го направија нелегално свирењето со свирка упатено кон другите возачи на патот.rn
Пенсилванија
rnДоколку навечер се возите по селски патишта, на секоја помината милја морате да застанете за да испукате пиротехничка ракета, за да му сигнализирате на добитокот за вашето пристигнување.rn
Њу Џерси
rnВо Њу Џерси не е дозволено да му се муртите на полицаец.rn
Флорида
rnКазната за удирање пешак со автомобил во Сарасота, Флорида изнесува бизарни 57 евра.
-

ТВ серија: Убавицата и ѕверот (Beauty and the Beast)
ТВ серија за криминалните случаи кои полесно се решаваат кога го имате „ѕверот“ на своја страна rnrn
Главни улоги: Кристин Крук, Џеј Рајан, Макс БраунrnrnЖанр: криминалистика, драмаrnrnКреатор: Рон КослоуrnrnrnПремиера: 11 октомври 2012rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnИнспирирана од приказната за убавицата и ѕверот, но во сосема поинаков контекст и со поинаков развој на дејството, оваа ТВ серија ќе биде интересен избор за оние кои го сакаат криминалистичкиот жанр и се непоправливи вљубеници во романсата.
Во современата верзија на „Убавицата и ѕверот“, убавицата е млада атрактивна детективка која храбро решава случаи на убиство, а ѕверот… па и не е толку грд.
Приказната започнува со убиството на мајката на Кетрин, на кое таа е сведок, а успева да се спаси благодарение на силниот Винсент. Тој пак, порано служел за војската, кога бил инјектиран со некакви состојки кои му дале енормно голема сила, но истовремено разбудиле нешто ѕверско во него. За да се заштити од тајните агенти, Винсент е мртов за остатокот од светот.rnrn9 години подоцна, Винсеснт и Кет повторно се среќаваат и почнуваат заедно да ги решаваат случаите, додека постепено градат близок однос кој е истовремено емотивен, професионален и секси.
Иако е модерно да се прават преработки на класични приказни во вид на ТВ серии, мора да се нагласи дека за оваа е најмногу искористено името. Самото дејство има свој модерен, оригинален тек. Серијата не е лигава приказна за некаква љубов, напротив во фокусот се криминалните дејствија и случаите на полицијата за нивно решавање. Сепак, сосема малку, како зачин, основата на серијата ја држи необичната врска помеѓу една нежна, но цврста и бестрашна девојка, и еден мажествен, развиен секси „ѕвер“.
„Убавицата и ѕверот“ светот ја гледа секој четврток, што значи дека доколку сте љубители на споделените ТВ серии на интернет, веќе во петок после работа можете да уживате во нова епизода.
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Како да се справите со проблематичните соседи?
Многу соседи завршуваат дури и на суд како резултат на лоша комуникација. Ако се слуша гласна музика од станот на соседот, полицијата е веднаш очигледен одговор. Но, со добра комуникација, ќе заштедите пари, време и нерви. Еве неколку совети за справување со проблематичните соседи:rnrn
rn1. Запознајте се!
rnВеќе нема дефиниција за добар сосед. Порано, соседите си помагаа во лошо, се радуваа во добро. Денес, во една зграда со 10 станови, има такви кои воопшто не ги познаваат своите соседи. Поздравувањето треба да е дел од секојдневното живеење. Притоа, не мора да сте многу блиски со сите соседи за да би планирале заедничко патување за годишниот одмор, но добро е да имате од кого да позајмите лажичка кафе наутро или две јајца за благото што веќе сте почнале да го правите. Сепак, проблемите полесно се решаваат кога луѓето барем волку се познаваат, нели?rn
2. Пресечете ги проблемите во коренот
rnАко сакате да правите домашна забава, пристојно и убаво е да ги известите сите соседи кои тоа (гласната музика, тропањето) би ги засегнало. Потоа, дадете им го вашиот телефонски број, како би ве контактирале доколку се преминат границите на нормалното. Подобро е да ви се јават вам отколку на полицијата. Друга опција е да ги поканите и нив на вашата домашна забава. Ако дојдат, сигурно нема да се бунат.rnrn
rn3. Документирајте го проблемот
rnАко се појави некој проблем, почнете да го документирате – пишувајте забелешки за време, место, начин, па дури и сликајте фотографии. Ова ќе ви помогне на три начини:rn
- rn011
- да ја согледате (не)сериозноста на проблемот
- да имате поткрепа пред соседот во случај да настане поголем проблем
- и во случај работата да дојде до судските органи, ќе имате прецизно и внимателно организиран и евидентиран случај.
rn011
rn011
rn
rn
4. Зборувајте!
rnОзборувањето дома нема да помогне. Кажете му на соседот што е тоа што ви пречи. Не претпоставувајте дека тој треба да се однесува исто како што се однесувате вие во заедницата. Тој можеби воопшто не знае што е проблемот. Бидете отворени и директни, а не нервозни и агресивни. Разговарајте и понудете решение. Останете смирени и културни, дури и ако тој не се однесува така.rnrn
rn5. Побарајте решение
rnПрашајте ги пријателите дали имаат сличен проблем, побарајте на интернет, распрашајте се, бидете активни.rn
6. Што мислат другите соседи?
rnВидете што мислат другите соседи за проблемот. На сите луѓе не им пречат истите работи. Но, можеби и други соседи ја имаат истата замерка како и вие или пак размислуваат исто како вас. Зборувајте прво со нив, па потоа заедно појдете на разговор со соседот кој често ги преминува границите со своето однесување. Доколку ова не помогне, разговарајте на куќниот совет или организирајте вонредна средба ако е тоа потребно.rnrn
rn7. Стручен совет од адвокат
rnАко веќе пробавте сè, побарајте совет од адвокат. Тој треба стручно да ви ги објасни можностите кои ги имате за да го решите проблемот со соседите. Адвокатот може да им испрати писмо со закана за покренување судска постапка. Но, ова треба да ви биде опција, само доколку не можете сами да излезете на крај со проблематичните соседи. Ваквиот потег ќе ве чини пари и може да додаде масло на огнот.rn
8. Свртете 192
rnДоколку вашиот сосед се занимава со некои нелегални активности кои се под надлежност на општината, можете да поднесете пријава таму. Но, ако и тоа не помогне, ви останува само да повикате полиција. Ова може да биде единственото решение на проблемот бидејќи ќе им покаже на вашите соседи дека немате намера да се откажете.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Елитен оддел 2 (Elite Squad 2)
Филм за политичките игри и за тоа како смртта на „обичните смртници“ не значи ништо за моќниците додека кешот оди во џебот, но и за промените кои малите луѓе можат да ги направат, за потоа… сè да се врати на старо. rnrn
Режија: Хозе ПадилхаrnrnУлоги: Вагнер Мура, Инрандхир Сантос, Андре РамироrnrnВреметраење: 116 минутиrnrnЈазик: португалскиrnrnПремиера: 8 октомври 2010rnrnЖанр: акција, крими, драмаrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn———————————————————————————————————————————————————————–rnКога ќе земеш да гледаш акција или драма чие дејство е сместено во Рио де Жанеиро, некако автоматски мозокот ти помислува на приказна за бандите со сиромашните квартови, фавелите. Но, во „Елитен оддел 2“ предмет на елаборација воопшто не се бандитите кои животот ги направил да бидат тоа што се, социјален отпад. Тука се говори за оној џган, за оние убијци, дилери, силувачи кои ни се смеат од предизборните плакати или, пак, уште пострашно, од зад политичкиот параван. Тие се бескрупулозни, безмислосни и пострашни дури и од оние личности во најозлогласените затвори од кои ти се смрзнува крвта во вените. Зошто? Затоа што додека нежно ти велат „влези, мил пријателе” најчесто зад грбот кријат нож.rn———————————————————————————————————————————————————————–rnrnПриказна: По крвав масакр во затвор во Рио де Жанеиро, командантот Насцименто и полицаецот Матијас, и двајцата членови на специјалниот полициски оперативен баталјон BOPE, стануваат жртвени јагниња за да се обели образот на полицијата. Причина за тоа се притисоците од борците за човекови прави на чие чело е Диого Фрага, кој воедно е оженет со поранешната жена на Насцименто. Но, Насцименто кој е и главниот наратор на оваа приказна, поради популарноста која ја ужива кај народот, станува дел од Секретаријатот за безбедност и од таа позиција почнува да се заложува за што е можно посилен и поопремен баталјон BOPE. Сè со чистата намера, Рио да го направи помирно место за живеење. Но, тука се вмешуваат големите политичари, валкани полицајци и генерално луѓе кои ќе ги искористат сите ресурси за да извлечат повеќе за свој бенифит.
Текот на приказната нема да го разработуваме. Но, интересно е да се напомене дека и покрај нишката на оптимизам дека малиот човек може да промени многу, односно моментот дека Насцименто со своите сведочења става во затвор една цела група корумпирани челници, ладната вистина е дека на крај сепак доаѓа нова гарнитура која ќе го прави истото. Тоа е неизбежен и непрекинлив процес. Дали воопшто некој може да направи нешто околу тоа? Иако генерално дејствието во „Елитен оддел 2“ се одвива на деловни состаноци и на крвави пресметки во фавелите, присутен е и силен личен момент. Пред сè, преку односот на Насцименто со неговиот син кој во периодот на пубертетот веќе не сака да има ништо со својот биолошки татко. Со тоа му се дава еден поемотивен, човечки момент на целиот тек без кој приказната би постоела, но ниту еден гледач не би можел да се поврзе со неа, би била како празен орев. Инаку овој филм е второ продолжение на филмот „Елитен оддел“ кој во 2007 година доби Златна мечка на Берлинскиот филмски фестивал.
Кинематографија: Еден поинаков приказ на Рио кој и не е толку весел, разигран, безгрижен, а ниту пак е сиромашен. Ако не се сцените во кои се чистат фавелите или пак тука и таму по некој весел кадар на забава, нема ни да претпоставите дека дејствието се случува во градот на самбата.
Кога и како да го гледате: Дефинитивно филмот не би требало да го гледаат деца поради сцените исполнети со насилство. А на останатите, кои се мераклии на ваков жанр, искрено и не им треба некое точно одредено време од денот. Филмчето сепак, подобро оди во друштво.
rn