За да ја откриете вашата иднина, освен хороскопскиот знак треба да го знаете и подзнакот – каде се наоѓала Месечината во моментот кога сте родени. Затоа, неопходно е да го знаете точното време на раѓање за да сфатите дали е поголемо влијанието на Сонцето или Месечината врз вашиот хороскопски знак.rnrn
rnrnМногумина го знаат само сопствениот хороскопски знак, односно знакот во кој се наоѓал Сонцето во моментот на вашето раѓање. Но, со цел да дојдат до подетална астролошка прогноза, астролозите изработуваат натална карта за што е потребно да го знаете точното време во кое сте родени. Часот на раѓање има големо влијание затоа што го одредува вашиот подзнак. Од подзнакот зависи како другите ве гледаат и како вие гледаме на светот, тој е заслужен за вашите карактеристики. Овен тоа, друг податок кој исто така игра голема улога е дали сте родени дење или ноќе.rnrnСонцето и Месечината се подеднакво важни – тие не можат да постојат едно без друго. Доколку размислувате за положбата на планетите во моментот кога сте се родиле, сосема очигледно е дека ако сте родени дење вашиот симбол е Сонцето, а доколку сте родени попладне или ноќе, вашиот симбол е Месечината.rnrnЕнергијата на астролошкото Сонце е клучна во одредување на карактерот на личноста. Оние кои се раѓаат кога сонцето се наоѓа на врвот (напладне) или приближно напладне, се одликуваат со храброст, смелост и отвореност.rnrnКај оние, пак, кои се родени ноќе, Сонцето се наоѓа во долната половина од наталната карта, што ги прави почувствителни и интровертни. Кај нив, очигледно, доминира влијанието на Месечината. Ако сте родени во текот на ноќта, Месечината станува вашиот светлосен водич. Таа ја одредува вашата вистинска природа и ги рефлектира вашите вистински аспирации.rnrnОткако прочитавте за влијанието на Сонцето и Месечината врз вашиот хороскопски знак, можеби ќе сакате да прочитате и што може да открие наталната карта за вашиот карактер.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs
Tag: подзнак
-

Точното време на раѓање може да ја предвиди вашата иднина!
-

Изненадувачки работи кои не сте ги знаеле за астрологијата
Без разлика дали навистина верувате што ѕвездите имаат да ви кажат за вашиот живот, или едноставно сакате да се забавувате читајќи го својот неделен хороскоп, во астрологијата постојат многу повеќе работи отколку што луѓето мислат. Во продолжение дознајте за тоа што може да се крие зад вашиот хороскоп:rnrn
rnПотребно е точното време од вашето раѓање за да се направи точен графикон
rnБез разлика дали графиконот (наталната карта) ја правите онлајн или барате консултација од астролог, морате да го проверете вашето точно време на раѓање. Дури тогаш ќе бидете во можност правилно да го направите својот графикон.rn
Имате повеќе од еден знак
rnОна што сигурно го претпоставувате е дека вашиот единствен знак е основан само со вашиот датум на раѓање – вашиот сончев знак. Но, постојат уште неколку знаци, вклучувајќи ги оние за секоја планета и 12-те различни „куќи“, а сето тоа ќе го откриете кога ќе ја направите наталната карта.rnrn3-те најголеми знаци кои се користат за толкување на вашата личност се сончевиот знак, подзнакот (познат и како втор знак и „прва куќа“) и месечевиот знак.rn
Вашиот подзнак ја идентификува вашата личност
rnСо други зборови, овој знак е тоа што го одредува првиот впечаток кој го оставате на другите, или „маската“ која обично ја користите во јавност.rn
Вашиот сончев знак ги инспирира вашите цели
rnСо оглед на поврзаноста со вашето срце, сончевиот знак го опишува она што го движи вашето его и дух. Во суштина, тој претставува мотивација да ги достигнете своите аспирации.rn
Вашиот месечев знак ги претставува вашите емоции
rnМесечевиот знак е показател како нашите расположенија варираат и на кој начин се активираат нашите инстинкти.rn
Повеќето луѓе имаат аспекти од сите 12 знаци
rnДоколку отсекогаш сте биле скептик кон астрологијата, а причината е тоа што не се пронаоѓате со главните особини на вашиот сончев знак како што е опишано во хороскопот, тоа би можело да биде затоа што сте поврзани за Сатурн, Плутон или некој друг планетарен знак (или една од останатите 11 „куќи“) повеќе отколку што сте поврзани со вашиот сончев знак.rn
Меркур всушност не оди ретроградно
rnСпоред планетарниот астролог и професорот на УКЛА, Џин-Лук Маргот, кој разговарал за појавите на планетите, овој израз е погрешно даден за она што всушност навистина се случува.rnrnЗа да сфатите што навистина се случува, замислете дека се наоѓате на брза лента на автопат и гледате низ прозорецот – ќе забележите дека автомобилите се движат побавно на другите ленти. Од оваа перспектива изгледаат како да се движат наназад кога всушност се движат само со различна брзина. Ист случај е и со тоа што Меркур забавува на својот пат, па изгледа дека оди наназад.rn
Знакот Стрелец е најчестиот знак во светот на познатите
rnСпоред истражувањата, луѓето кои што се родени помеѓу 22 ноември и 21 декември, сочинуваат најголем број познати личности ширум светот.rnrnОд друга страна, знакот Бик е најмалку застапен помеѓу познатите личности.rn
Компатибилноста на знаците не е толку сигурна како што мислиме
rnДа се праша некој што е во хороскоп, не е само изговор да почнете комуникација, туку и тотално неважна работа.rnrnБез разлика дали верувате или не во карактерните особини кои се доделени на секој знак во зодијакот, на Интернет можете да пронајдете неколку различни студии кои ги проучувале стапките за успех на милион парови и таканаречената компатибилност на нивните знаци. Научниците откриле докази дека астролошките знаци не влијаат на веројатноста две личности да стапат во брак, и да останат во брак со некого.rnrnПрочитајте ги и најголемите заблуди во астрологијата: Карактеристики на знаците кои се често погрешно толкувани!
-

Заборавете на хороскопскиот знак и дознајте што ви открива подзнакот за вашата сексуалност
Во одредени периоди, вашиот подзнак може да надвладее над вашиот знак и да воведе одредени промени во начините на размислување и однесување. Тоа најмногу може да се одрази на сексуалноста. Пронајдете го вашиот подзнак и дознајте што кажува тој за вашите желби и потреби под чаршафите…rnrn
rnОвен
rnЗа вас сексот е важна работа во животот. Сакате директен секс и многу сте страсни. Во сексот понекогаш ви е тешко да се воздржите, па можете да станете и насилни. Ако на вашиот партнер тоа му одговара, покрај вас ќе доживее невидено сексуално задоволство. Вие во сексот сте спонтани и не сакате ограничувања. Вашиот партнер може да биде потполно отворен кон вас и до крај да ви ги открива неговите мали тајни. Во текот на сексот вие сте најгласни помеѓу сите останати хороскопски знаци.rnrnВашите ерогени зони се лицето и главата. Обожавате вашиот партнер да ви ги грицка ушите и во состојба сте да доживеете оргазам во текот на добрата љубовна предигра. Во состојба сте да ја одвоите љубовта од сексот, но од партнерот задолжително очекувате да ви се посвети со душа и тело. За вас љубовната предигра претставува губење време, па најчесто веднаш преминувате на главното.rn
Бик
rnЗа вас сексот е инстинктивна работа, па кон него и еротиката се однесувате нагонски и сосема природно. На сексот гледате како потреба во која уживате, баш како во храната или пијалакот. Затоа сте склони да претерувате, па дури и кога вашиот партнер е исцрпен, вие сакате уште. Сензуалноста е вашето силно оружје во освојувањето на партнерот за секс, бидејќи тој чувствува дека сте му посветени и дека уживате во неговиот допир. Физичкиот изглед на вашиот партнер ви значи многу, но и неговото однесување во текот на водењето љубов.rnrnБарате, но и давате многу бакнежи и прегратки. Телото на вашиот партнер и неговата сензуалност најдобро ја чувствувате преку усните. Уживате во облините и во вкусот на телото. Милувањата и масажата знаат многу да ве возбудат. Во сексот сте бавни, а предиграта ви значи скоро исто како и самиот чин. Не доаѓате брзо до оргазам, но тој е толку силен што одредено време по доживувањето не сте во состојба да ја продолжите љубовната игра. Сексот исклучиво за физичко задоволство не ви значи ништо. Групниот секс ве остава рамнодушни, иако сакате да испробате баш сè.rn
Близнаци
rnРазновидноста и бујната фантазија се нивната најдобра карактеристика, особено кога сексот е во прашање. Вашата љубопитност ве тера да експериментирате и да испробувате разни пози. Тоа е единствениот начин да не ви досади вашиот партнер и да не го изгубите интересот за секс. Бидејќи сте еден од најинтелектуалните знаци, на сексот му приоѓате според таа основа.rnrnПорнографијата не ви е непозната и може да ви делува доста стимулативно. Барате различни начини да го задоволите вашето сексуално его. Скоро редовно имате и по неколку сексуални партнери. Дури и кога сте со личноста која исклучително ја сакате. Перверзиите за вас се нормални и составни делови на сексот и тука нема ништо необично. Важно е вие добро да се забавувате.rn
Рак
rnВашиот пристап кон сексот е доста романтичен. Емотивната врска мора да биде составен дел од сексот, бидејќи во спротивност нема да бидете заинтересирани. Сепак, тоа не значи дека сексот во вашиот живот е реткост. Не сте промискуитетни, туку моногами. Сакате да имате постојан партнер и постојано се плашите да не го изгубите. Внимателни сте во љубовниот чин и нема да направите ништо за кое не сте сигурни дека му одговара и на вашиот партнер.rnrnМилувањето и предиграта траат долго, а честопати сте задоволни само со тоа и не е неопходно да доживеете оргазам. Вашиот оргазам не е силен и краток, туку прикриен, тивок и долготраен. Меѓутоа, доколку тоа го возбудува партнерот, вие ќе глумите спонтани и силни оргазми. Од друга страна пак, нема да поднесете критика или исмејување. Тогаш знаете да бидете лоши и одмаздољубиви. Поради стравот да бидете одбиени, ретко прво преземате иницијатива.rn
Лав
rnЛавовите најмногу уживаат во сексот со личности за кои се сигурни дека ги обожаваат. Вие како Лав имате вродена потреба за останатите да ви се восхитуваат и во сексот правите сè со цел да предизвикате восхит кај партнерот со вашите сексуални потенцијали и вештини. Кога тој/таа ви ласка и ви се восхитува, лесно ќе го достигнете врвот на сексуалното задоволство. Вашите очекувања во сексот се големи, но подготвени сте на она што ќе го добиете да возвратите со уште поголема мера. Изгледот ви е важен, па најчесто се одлучувате за партнери кои се атрактивни и кои го привлекуваат вниманието на околината.rnrnСакате огледала во спалната соба, но и видео камера. Сексот го доживувате како претстава, по чие завршување очекувате громогласен аплауз.rn
Девица
rnВие и во сексот барате совршенство. Поради тоа постојано имате чувство дека не сте доволно добри, па потребно е партнерот да ве увери дека сè е во најдобар ред, бидејќи вие самите себеси сте си најстрог критичар. Кон партнерот исто така сте доста критични, па не е ниту малку лесно да ве задоволи, но затоа пак сте великодушни и непрекинато му давате шанси да успее во тоа. Од перверзија предвид доаѓа само малку мазохизам, а на жените во овој знак не им се непознати ниту хомосексуалните искуства. Во сексот преферираат дискретност и не сакаат многу експериментирања и изненадувања.rnrnСе обидуваат да го задоволат партнерот, бидејќи само тогаш може да се помират со својата потреба да бидат совршени. Иницијативата за сексуален однос најчесто ја презема вашиот партнер. Во креветот сте подобар следбеник отколку водач. Несмасни сте во искажувањето на вашите чувства, но тие секогаш се подлабоки од она што го искажувате. Од друга страна пак, премногу сте реалистични за да ве импресионира нечие ласкање.rnrnНе го пронајдовте вашиот подзнак? Продолжете на втората страница.rn
-

Што може да открие наталната карта за вашиот карактер?
Нашите натални карти можат да ни донесат важни пораки и информации за сите силни страни, слабости, врски и сѐ друго што им служи на нашите души во нашиот животен век. Сечија натална карта е посебна и уникатна и ги зема во предвид сите планетарни подредувања во точниот момент кога сме се родиле. Многу астролози сметаат дека наталните карти се доста точни и можат многу да им помогнат на оние кои се чувствуваат како да залутале на животниот пат и да откријат кои се и зошто воопшто дошле на овој свет.rnrn
rn1. Може да ви открие која кариера е најдобра за вас
rnНашите натални карти можат да ни кажат каде најдобро се вклопуваме во професионалниот свет и што можеме да направиме за да го осветлиме патот кон целта. Сѐ зависи од позициите на познатите планети и ѕвезди, што значи нашата идеална кариера може да биде сосема поразлична од она што моментално го правиме или посакуваме. Наталните карти ни помагаат да ја препознаеме својата индивидуалност и да се чувствуваме удобно во сопствената кожа.rn
2. Може да открие кои се вашите силни и слаби страни
rnНаталните карти можат да ни покажат кои активности ни доаѓаат природно, а на кои треба дополнително да поработиме. Кои искуства нѐ прават посилни и кои луѓе треба да ги држиме покрај себе, а кои треба да ги избегнуваме. Најдобриот дел за наталните карти е тоа што ќе ни ги кажат и позитивните и негативните аспекти на нашиот карактер. Но, се разбира не треба да го сфаќаме тоа лично бидејќи наталните карти се тука само за да ни помогнат да научиме важни животни лекции.rn
3. Може да открие дека всушност имате 3 знаци
rnНаталната карта покажува дека немаме само еден Сончев знак, односно нашиот главен хороскопски знак и еден подзнак кој опишува каков прв впечаток луѓето добиваат за нас, како дејствуваме во светот и каква помош можеме да понудиме на другите. Тука се вбројува и Месечевиот знак кој ги претставува нашите инстинкти и она што сакаме да го скриеме од другите. Тоа може да се интерпретира како местото на кое одиме за да најдеме мир и да се одвоиме од притисоците на светот. Исто така, го претставува нашиот емоционален развој и може да го објасни нашето однесување и расположение.rn
4. Може да открие како планетарната подреденост влијае врз вашиот карактер и енергија
rnНаталната карта може многу подетално да го објасни нашиот карактер отколку хороскопските знаци. Може да го опише влијанието на секоја позиција на планетите и во кој хороскопски знак биле во моментот кога сме се родиле. Тоа најчесто се наоѓа на левата страна од картата. Обрнете внимание на Северниот јазол, бидејќи тој ги опишува искуствата низ кои треба да поминете за духовно да се развиете, додека Јужниот јазол ги покажува сите ваши квалитети кои не ви се доминантни и кои веројатно веќе сте ги совладале.rn
5. Може да ги открие сите важни лекции со кои ќе се соочиме во животот
rnНашата натална карта ќе ги открие сите искуства низ кои ќе поминеме во животот и кои ќе ја тестираат нашата волја. Ќе ни помогне и да разбереме што нѐ очекува на патот кон успехот и со какви предизвици ќе се соочиме, за да можеме соодветно да ги манифестираме нашите потреби и да ги донесеме сите тие искуства кон нас.rn
6. Како да ја прочитате вашата натална карта?
rnПостојат многу веб-сајтови кои се занимаваат токму со оваа работа, од кои еден можете да најдете на овој линк. Доколку не ви се допаѓа, со едноставно пребарување на Гугл можете да најдете уште многу други. Откако ќе го пронајдете оној кој ви се допаѓа, најпрвин ќе треба да го ставите вашето име, пол, дата и час на раѓање, како и градот и државата во која што сте родени. Потоа, ќе забележите табела во која се претставени сите планетарни позиции, подредени по знак и степен. Ова е всушност вашата натална карта. Со понатамошно разгледување можете да најдете многу детални описи за вашиот хороскопски, односно Сончев знак, вашиот подзнак и вашиот Месечев знак и што сѐ тоа значи за вас.
-

Како вашиот подзнак влијае на впечатокот на другите за вас?
Вашиот подзнак во хороскоп ја покажува вашата надворешна страна, влијае на првиот впечаток кој луѓето го добиваат за вас, на вашата дружељубивост и на начинот на кој вие ги доживувате и се поврзувате со другите.rnrnДоколку не го знаете вашиот подзнак, проверете го со помош на калкулатор, за кој ќе ви треба точното време и местото на вашето раѓање.rnrn
rnrnОвен – прави да изгледате поотворено, живо, независно и доминантно.rnrnБик – прави да изгледате смирено, стабилно, повлечено и самоуверено.rnrnБлизнаци – прави да бидете комуникативни, духовити, позитивни и љубопитни.rnrnРак – прави да изгледате срамежливо, суптилно, љубезно и инуитивно.rnrnЛав – прави да изгледате магнетски привлечно, експресивно, цврсто и елоквентно.rnrnДевица – прави да изгледате порезервирано, внимателно, аналитично и нервозно.rnrnВага – прави да изгледате пошармантно, оптимистично, дружељубиво и толерантно.rnrnСкорпија – прави да изгледате потаинствено, тивко, замислено и мистериозно.rnrnСтрелец – прави да изгледате повесело, директно, тврдоглаво, и искрено.rnrnЈарец – прави да изгледате повнимателно, контролирано, сериозно и посветено кон деталите.rnrnВодолија – прави да изгледате поидеалистички, прогресивно, противречно и пријателски.rnrnРиби – прави да изгледате поромантично, чувствително, несигурно и прилагодливо.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Астрологијата и влијанието на вашиот подзнак
Ако вашиот сончев знак ја симболизира вашата душа, внатрешност, карактер и потенцијал, месечевиот знак – вашето срце и сржта на емоциите, тогаш може да се каже дека вашиот подзнак го претставува вашето надворешно лице кое го покажувате пред светот. На пример, ако вашиот хороскопски или сончев знак е бик, а во подзнак сте близнаци, и покрај тоа што вие можеби внатрешно се чувствувате смирено и опуштено, другите може да ве гледаат како нервозно, енергично човече, со интелигентна смисла за хумор. Понекогаш, вашиот подзнак може да има улога на заштитна маска, со која сакате да сокриете некој аспект од вашето „внатрешно јас“ кој не сакате другите да го видат. Каква е вашата маска? Како другите ве доживуваат?rnrn
rnОвен
rnДоколку сте овен во подзнак, луѓето секогаш очекуваат од вас да ги започнувате работите, да бидете лидер и да кажувате нешта, кои никој друг не би се осмелил да ги каже. Вие на луѓето им делувате како многу самоуверена и директна личност, чиј карактер е како сложувалка која лесно може да се состави. Луѓето во вашиот живот, мислат дека ги сфаќаат вашите мотиви. Негативната страна на вашиот подзнак, е тоа што луѓето понекогаш може да мислат дека сте премногу напнати, наметливи и преокупирани сами со себе. Немојте да бидете изненадени доколку другите луѓе очекуваат од вас да бидете љубоморен љубовен партнер. Ова е начинот на кој се однесува овенот. За остатокот од светот, вие изгледате како прав овен!rn
Бик
rnАко сте бик во подзнак, вие на луѓето им оставате прв впечаток како да сте многу присебна, сталожена, самоуверена, амбициозна, а сепак скромна личност. Кој и да е вашиот хороскопски знак, ако сте во подзнак бик, луѓето честопати ќе се потпираат на вас секогаш кога ќе се најдат во тешка ситуација, бидејќи вие изгледате како многу стабилна и логична личност. Тие се позитивните карактерни особини на бикот. Ако немате многу среќа, на луѓето околу вас можеби ќе им оставите впечаток како малку тврдоглава и здодевна личност, која повеќе троши време напорно работејќи на некоја работа, отколку на фактичко реализирање на истата. Но, биковите се многу упорни и решителни личности, па така и вие со овој подзнак, ќе научите да ги искористите ваквите особини во ваша полза.rn
Близнаци
rnАко вашиот подзнак е близнаци, другите луѓе очекуваат од вас да бидете остроумниот шегаџија, кој секогаш ќе смислува интересни и по малку ѓаволести идеи. Едноставно, вие поседувате дел од таа фантастична харизма на близнаците, со која ги освојувате луѓето околу вас. Дури и кога се чувствувате тотално спокојни додека чекате долг ред пред шалтер, на луѓето околу вас им изгледате нетрпеливо. Внимавајте што зборувате – може да постојат гласини за вас, дека многу сакате да озборувате, дури и ако со вашите коментари немате воопшто никакви лоши намери. Сепак, најистакнати ваши особини се духовитоста и остроумноста и луѓето околу вас се секогаш подготвени да бидат импресионирани од сè што ќе изустите.rn
Рак
rnАко вашиот подзнак е рак, вие најверојатно сте првото рамо за плачење, на кое сите трчаат да се потпрат. Вие оставате впечаток на нежна личност, полна со разбирање за чувствата на другите и оваа ваша особина треба да ја искористите за да ги тешите оние на кои им недостасува чувство на сигурност. И покрај тоа што можеби немате многу трпение за тоа, вие можете да очекувате дека другите ќе ви се отвораат секогаш кога ќе им треба некој мајчински совет. Од друга страна, понекогаш делувате преемотивно, па дури и манипулативно.rn
Лав
rnАко сте лав во подзнак, вие однадвор изгледате многу самоуверено, гордо и многу сигурно во себе. Луѓето кога ќе ве видат очекуваат драма, и тие ќе бидат разочарани доколку не ја добијат енергичноста и духовитоста која ја очекуваат од еден лав. Вие сте индивидуалисти, имате оригинален карактер и на луѓето секогаш им „фаќате“ око, без разлика дали го сакате тоа или не. Ако другите ги забележуваат во вас, вашите „кралски“ лавовски карактеристики, тие можеби ќе забележат и некои негативни вибрации како самобендисаност и претерана суетност. И покрај очигледниот интерес за самите себе, вие сте популарни во какво друштво и да се најдете.rn
Девица
rnАко сте девица во подзнак, вие честопати оставате впечаток на многу урамнотежена, сталожена и многу педантна личност. Вие секогаш делувате скромно и достоинствено, понекогаш снобовски и со вашата појава, сакате да оставате впечаток како да ги познавате најновите модни трендови. Дури и ако во моментот се чувствувате енергично и имате потреба за дружење, на светот можете да му изгледате како срамежлива, непопуларна личност, која секогаш изгледа како да ù се врти некоја многу сериозна мисла во глава. На оние луѓе кои се девици во подзнак, пријателите и членовите на семејството честопати им се обраќаат за разни здравствени проблеми, бидејќи девицата изгледа како да има одговор на сè.rn
Вага
rnДоколку во подзнак сте вага, тогаш на останатите сигурно им е многу тешко да ви кажат „не“. Вие изгледате многу шармантно и убедливо, па така на луѓето им е многу тешко да одбијат да ви помогнат некако. Вашиот изглед е секогаш среден, дури и кога одите до продавница. Надворешно изгледате неодлучно, а со тоа им оставате простор на другите да одлучуваат за вас, правејќи да изгледате уште понеодоливо. Намуртеноста и суетата се двете најслаби ваши квалитети. За среќа, вие секогаш избегнувате конфликт.rn
Скорпија
rnДоколку во подзнак сте скорпија, не навредувајте се ако луѓето стојат на некоја одредена дистанца од вас. Тоа е од проста причина што тие имаат одредена страхопочит кон вас. Вие изгледате премногу интензивно. Тоа е можеби поради вашиот продорен поглед или сексапил. Вие сте динамични и привлечни, па така луѓето мистериозно се навлечени на вас. Сета таа ваша забележлива сексапилност е многу забавна, но имате и темна страна. Понекогаш може да изгледате нерасположено, па дури и малку опасно за луѓето околу вас. Треба да знаете како да уживате во вашиот мистериозен елемент.rn
Стрелец
rnДоколку во подзнак сте стрелец, луѓето ве гледаат како среќна личност. Не е важно дали сте лошо расположени, вие на светот му изгледате како оптимист, отворена личност, добар пријател и авантурист. Од друга страна, често сте немирни и пркосни. Брзо ви станува досадно и честопати почнувате кавги чисто поради забава. Вие оставате впечаток како да сте многу рамнодушни, па така другите понекогаш си дозволуваат да ви кажат некои луди, неочекувани, па дури и навредливи работи, очекувајќи дека нивните коментари нема да имаат никакво значење за вас. Но не можете против тоа, едноставно тоа е ваша карактеристика.rn
Јарец
rnАко во подзнак сте јарец, луѓето ќе се шокираат доколку видат дека се однесувате ексцентрично. Дури и да се чувствувате како централна личност на забавата, другите очекуваат вие да бидете смирени, стабилни и сталожени. Вие може да ги заплашите другите со вашата потреба да доминирате и да заповедувате, но сепак тие ќе ве побараат кога ќе биде потребно да воспоставите ред. Негативност ви е тоа што знаете да бидете песимистични и премногу критични. Доколку најдете начин да ја користите вашата способност за влијаење врз луѓето, можете да си ја олесните работата на секое поле.rn
Водолија
rnДоколку во подзнак сте водолија, може да изгледате како далечна, умствено отсутна личност од моменталното случување, која е по малку чудна и ја набљудува само својата внатрешност. Иако изгледате како незаинтересирани, вие паралелно оставате впечаток, како длабоко во себе да се грижите за човештвото во целост, но не и за поединци. Вие лесно придобивате пријатели, благодарение на вашето влијание врз луѓето, но сепак има и неколку негативности на кои треба да внимавате. Понекогаш знаете да бидете груби, нечувствителни и ексцентрични. Но и покрај овие карактеристики, вие сè уште сте лудо популарни во друштвото.rn
Риби
rnДоколку во подзнак сте риби, луѓето може поинаку да ве доживуваат, отколку што вие мислите. Она што за вас е обично размислување, останатите ќе го гледаат како сонување со отворени очи. Вие изгледате како изгубени во светот на илузиите. Дури и да се чувствувате комплетно сигурни во себе, останатите можат да почнат да газат внимателно околу вас, плашејќи се да не ви ја прекршат или повредат вашата сензибилност. Токму оваа карактеристика често може да ве доведува во неволји. Вие може да бидете лесна цел, за некој кој чека такви како вас. Исто така немојте да бидете изненадени доколку луѓето доаѓаат кај вас да си ги отворат своите срца и да си ги кажат своите маки. За тоа, обвинете ја вашата грижлива аура која ја ширите.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.