КАФЕ ПАУЗА

Tag: податоци

  • 22 факти за пивото кои не ги знаевте

    22 факти за пивото кои не ги знаевте

    Ако сметавте дека знаете многу за вашата омилена пијачка, овие податоци можат да ве премислат.rnrn22 факти за пивото кои не ги знаевтеrnrn1. Бенџамин Френклин сметал дека пивото е доказ дека Бог нè сака.rnrn2. Зитологија е науката која се занимава со проучување на пивото, процесот на неговото производство и улогата на состојките кои влијаат на неговиот вкус.rnrn3. Најстарите рецепти кои се најдени досега се однесуваат токму на пивото. Датираат од пред 5000 години и се запишани во форма на песни.rnrn4. Жените први почнале да прават пиво.rnrn5. Во античкиот период во Перу производството на пиво се сметало за исклучително благородничко занимање. Ретката можност да се занимаваат со тоа ја имале само жените со благородничко потекло или оние кои биле многу убави.rnrn6. Во стариот Египет постоел закон кој им забранувал на мажите да прават или да продаваат пиво.rnrn7. Хмељот, растение кое се користи при производството на пиво, припаѓа на истата група растенија како и марихуаната.rnrn22 факти за пивото кои не ги знаевтеrnrn8. Првиот прекршок предизвикан поради консумирање пиво е регистриран во Египет околу 2000 години п.н.е. Пијан возач на кочија прегазил свештеница, по што бил обесен на прагот на локалот кој го послужил со пиво, а телото му висело таму сè додека не го изеле мршојадците.rnrn9. Првите пива кои Англичаните ги праќале во Индија брзо се расипувале. Затоа почнале во процесот на производство да додаваат повеќе хмељ и алкохол, со што добиле нов вид кој го нарекле Индиско светло пиво.rnrn10. Во светот постојат повеќе од 400 видови пиво. Најмногу брендови има Белгија.rnrn11. Сеносиликафобија е страв од празна чаша за пиво.rnrn12. Вјел бон секур (Vielle Bon Secours) е најскапото пиво на светот. Едно шише се продава за 700 фунти, единствено во лондонскиот бар Бирдром.rnrn13. Инките пивото го правеле со плунка. На девојчињата на возраст од околу 10 години им давале да џвакаат пченка сосе лушпа, а тоа потоа го плукале во голем казан со врела вода. Така отстојувало 4-6 недели, пред да се стврдне и да се употреби за правење пиво.rnrn14. Од сите пиварници кои денес функционираат на овој свет, најстара е Bayerische Staatsbrauerie Weihenstephan во близина на Минхен. Наводно започнала со работа во 1040 година.rnrn22 факти за пивото кои не ги знаевтеrnrn15. Пивото содржи голем дел од минералите кои се потребни за преживување. Во средниот век, кога здравата исхрана била реткост, пивото се користело како дел од диетите. Дури и децата го консумирале за да бидат здрави.rnrn16. Пивото ве прави попаметни. Една студија докажала дека жените кои умерено пијат имаат подобри когнитивни способности од оние кои воопшто не пијат. Тоа го покачувало добриот холестерол, што исто така водело и до помал ризик од срцеви заболувања.rnrn17. Оние кои пијат пиво имаат помали проблеми со каменчиња во бубрезите. Не затоа што полесно ги исфрлаат ако се појават, туку и поради тоа што со негова помош ризикот за нивна појава се намалува за околу 40%.rnrn18. Пивото е здраво и за коските. Количеството на силициум кое го содржи ги штити и овозможува калциумот да остане за коскената срж.rnrn19. Во XIX век младите мајки во Минхен верувале дека треба да пијат пиво за да можат добро да ги надојат своите деца. Пиеле и по повеќе од 3 литри на ден.rnrn20. Кралот Хамураби од Меспотамија, меѓу другото познат по неверојатно строгите казни за прекршување на законите, пропишал обврска за секој да си ја испие дневната доза пиво која му следувала според општествениот статус. Според истиот закон, на жените кои служеле неквалитетно пиво им следувало давење.rnrn21. Чесите пијат најмногу пиво по глава на жител, но Кина е најбрзорастечкиот пазар на пиво во светот.rnrn22. Првите лименки за пиво се произведени во 1935 година поради потребата од практично пакување кое може да се однесе дома и да се консумира на мира.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Проверете колку време минувате на интернет

    Проверете колку време минувате на интернет

    Кога сурфаме на интернет, едноставно го губиме чувството за време. Тргнуваме во проверка на една едноставна информација, а се задржуваме десет пати подолго од предвиденото. Еве неколку алатки за Гугл Хром (Google Chrome) кои ги препорачува блогот Интернет занатлија, а ќе ви помогнат да го контролирате времето потрошено на интернет:rnrn1. Web Timer – следи кои сајтови ги посетувате и колку време се задржувате на нив. Откако ќе го инсталирате, овој додаток ќе го најдете во горниот десен агол на Гугл Хром. Тука можете да ги видите збирните податоци за тоа на кој сајт, колку време сте поминале.rnrnПроверете колку време минувате на интернетrnrn2. Title Time Tracker – го мери времето поминато на одреден сајт директно во отворен таб, како што можете да видите на сликата. Единствен недостаток му е тоа што не ги сумира податоците на сајтот, туку го мери времето поминато на точно определено јазиче.rnrnПроверете колку време минувате на интернетrnrn3. Time Tracker – и овој додаток се наоѓа горе во десниот агол на Гугл Хром. Кога ќе кликнете на него, ќе ви се појави список со сите дотогаш посетени сајтови, заедно со времето поминато на нив.rnrnПроверете колку време минувате на интернетrnrn4. Web Time Tracker – сличен е со претходно опишаните додатоци. Го мери времето на дневна основа, но ги сумира податоците и на неделно ниво. Исто така, ги прикажува и вкупните податоци.rnrnПроверете колку време минувате на интернетrnrn5. Simple Time Track – овој додаток се разликува од претходните четири. Тој овозможува да го следите времето на активноста која сами си ја задавате. На пример, додавате нова задача (New task) под името истражување, кој вклучува посета на најразлични сајтови, но сè со цел истражување. Потоа можете да мерите колку време ви е потребно да направите одредена активност. На тој начин можете подобро и полесно да го организирате вашето време поминато на интернет.rnrnПроверете колку време минувате на интернетrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 интересни држави за кои сигурно не сте чуле

    10 интересни држави за кои сигурно не сте чуле

    Во светот постојат повеќе од 258 држави, па некои помали, колку и да сакаме, не можеме да ги запаметиме. Во оваа листа ќе ви прикажеме 10 прекрасни мали земји, претставувајќи некои интересни информации за нив.rn

    Република Палау

    rnРепублика Палау својата независност ја прогласила во 1994 година. Таа е една од најмалите островски држави во светот. Се наоѓа во Тихиот Океан, а во неа живеат околу 20.000 жители. Составена е од околу 200 мали островчиња. Островчињата првпат биле населени пред околу 3.000 години, а на старите мапи тие биле обележани како „The Black Islands“ (Црните острови). Островите низ годините биле под влијание на многу култури, бидејќи низ вековите често биле купувани и продавани од многу земји. Пред осамостојувањето, последни тука биле Британците.rnrn10 интересни држави за кои сигурно не сте чулеrn

    Република Вануату

    rnОваа малечка островска држава, лоцирана во јужниот дел од Тихиот Океан, има околу 243.000 жители, од кои 90% егзистираат од риболовство и морски животни. Има само еден мал дел од населението кое егзистира од земјоделство. Земјата е неразвиена поради нејзина ранливост од цунами и поплави, бидејќи поради овие фактори многупати била градена и рушена одново. Прекрасната природа, плажите и прекрасната вода, како и релаксираната и мирна атмосфера која владее во земјата, се адутите поради кои овде доаѓаат голем број туристи. Земјата ја прогласила својата независност од Британците во 80-тите години од минатиот век, после десетгодишното движење за осамостојување.rnrn10 интересни држави за кои сигурно не сте чулеrn

    Комори

    rnКомори е африкански остров кој се наоѓа на крајот на Мозамбичкиот Канал. На него живеат околу 800.000 луѓе. Островот почнал да се населува во 6-тиот век, а оттогаш бил под влијание на голем број култури, како на пример персиската култура, свахили културата, онаа од островот Мадагаскар, кој се наоѓа во непосредна близина и од многу други. Во некои исламски белешки пишува дека Бог фрлил скапоцен камен во околните води, кој придонел да еруптира вулкан од што се создал овој остров.rnrn10 интересни држави за кои сигурно не сте чулеrn

    Република Науру

    rnПред својата независност, овој остров бил освојуван од Британците, Германците и од Јапонците за време на Втората светска војна. Ова е една од најмалите држави во светот со популација од само 9.300 жители, кои живеат на површина од 21 квадратен километар. Порано главна индустрија на оваа островска земја било рударството на фосфати, но рудниците биле минирани во 80-тите години од минатиот век. Во поновата историја, овој остров пред кусо време беше тотално изолиран од светот. Имено, во 2006 година, авиокомпанијата која го опслужуваше островот комплетно се повлече, оставајќи го отсечен. Сепак, 2 години подоцна, летовите повторно беа воспоставени откако компанијата се врати со ново име.rnrn10 интересни држави за кои сигурно не сте чулеrn

    Питкернски Острови

    rnПиткернските Острови се група на четири вулкански оформени острови во Тихиот Океан. Само еден од овие четири острови е населен, а тоа е вториот по големина. Всушност станува збор за остров од 5 квадратни километри. На овие острови вкупно живеат 48 луѓе. Сите жители на овој остров потекнуваат од 4 фамилии, Браун, Јанг, Кристијан и Ворен. Питкернските острови не се суверена држава и се под надлежност на Обединетите Нации. Островите имаат прекрасна локација и многу мирни места за релаксација.rnrn10 интересни држави за кои сигурно не сте чулеrn

    Нагорно-Карабах

    rnОваа држава предизвикувала спор помеѓу Ерменија и Азербејџан бидејќи по нивното осамостојување од Руската империја, во почетокот на 20 век им припаѓала на двете земји. Земјата добила своја независност при распадот на СССР. Од 1991 до 1994 година државата предизвикала војна помеѓу Ерменија и Азербејџан за придобивање на оваа земја. Земјата е уредена со претседателски систем кој ја има извршната власт, но има и парламент од 33 члена. Во тие 33 члена се застапени 3 партии.rnrn10 интересни држави за кои сигурно не сте чулеrn

    Маршалските Острови

    rnОстровите биле пронајдени од страна на европски истражувачи, кои нашле остатоци од претходни цивилизации околу 1500-тата година. Шпанците биле први кои ги населиле островите во 1526 година. Интересен податок е тоа што САД на овие острови има тестирано нуклеарно оружје, со што островите претставуваат едно од најконтаминираните места во светот.rnrn10 интересни држави за кои сигурно не сте чулеrn

    Тувалу

    rnОваа островска држава се наоѓа помеѓу Австралија и Хаваите во Тихиот Океан. Групата острови ја сочинуваат 4 кои се создале од морски гребени и 5 корални острови. Тувалу е држава на која живеат околу 10.500 жители, што ја прави третата најмала суверена држава во светот. Од првиот век, па сè до 1974 година, островот се наоѓал под Британија. Во 1974 година локалното население изгласало за одделување и државата ја добила својата независност.rnrn10 интересни држави за кои сигурно не сте чулеrn

    Гернзи

    rnОваа островска нација, за разлика од останатите споменати, е позната, но она што ретко кој го знае е тоа што таа не е дел од Обединетото Кралство. На островот живеат околу 65.000 луѓе, а неговата вкупна територија изнесува 63 квадратни километри. На островот се наоѓаат две неолитски скулптури кои привлекуваат голем број туристи.rnrn10 интересни држави за кои сигурно не сте чулеrn

    Токелау

    rnДржавата Токелау се состои од три корални атоли. Официјалното име државата го добила во 1976 година, иако и денеска може да се сретне под називот „Сојузни острови“.  Островите биле откриени од европска експедиција, но датумот на нивното откривање е непознат. Државата засега нема свое законодавство, па така во секое село владеат различни закони.rnrn10 интересни држави за кои сигурно не сте чуле

  • УСБ стикче кое не се губи

    УСБ стикче кое не се губи

    Автор: Стефан СтефановиќrnrnrnОдите на важен состанок и се плашите да не ги загубите вашите податоци? Еве едно прекрасно УСБ стикче кое ќе ви заврши работа. Наместо да го барате по вашите џебови, закачете го на дел од вашата облека и носете ги вашите податоци сигурно и безопасно прицврстени на вас.rnrnУСБ стикче кое не се губиrnrnДизајнирано е од руското студио Арт Лебедев и го викаат Булавкус. Се надеваме само дека ќе го има во широка употреба на пазарот и секако со поголем капацитет од овие 4 гига што ги нуди првичната верзија.rnrnУСБ стикче кое не се губи

  • Како да ја усовршите способноста за помнење?

    Како да ја усовршите способноста за помнење?

    Дали ви се случило да влезете во просторија и да заборавите по што сте дошле или да не можете да се сетите на нечие име или име на некоја книга или филм? Не секирајте се, сите овие нешта можат да се надминат иако се нормални. Ова се интересни и корисни решенија кои ги нудат истакнати доктори од областа на подобрувањето на меморијата, а кои можат да ви се најдат во животот.rnrnКако да ја усовршите способноста за помнење?rn

    Заборавање досадни податоци

    rnПроблем: Ви се случува да ги заборавате денот и часот на вашите испланирани состаноци, адресата на живеење на блиските пријатели, пинот на мобилниот телефон или лозинките кои ги користите на интернет? Не грижете се. Мозокот не функционира така за да може да складира ваков тип информации на долг рок, освен доколку не вложите дополнителен напор за да ги запомните. Ваквите податоци, кои спаѓаат во категоријата декларативни спомени, по својата природа не се интересни ниту возбудливи, поради што кратко „живеат“ во вашето сеќавање. Во оваа категорија спаѓаат и историските податоци и родендените.rnrnРешение: Единствениот начин да направите некоја досадна информација да стане составен дел од вашата долготрајна меморија, е правилно да ја „складирате“, за да можете да ја пронајдете низ вашите мисли подоцна. „Ако не направите свесен напор да го запомните вашиот пин, вашата краткотрајна меморија, веднаш ќе го избрише од мозокот“ – вели м-р Зелди С. Тен, директор на клиниката за меморија во Бостон и автор на книгата „Age-Proof Your Mind“. Дајте му некакво значење, за да можете да го запомните.rnrnНа пример ако сакате да запомните битен датум, како што е роденденот на вашата внука, дајте му некоја емоционална поврзаност, да речеме пет дена после 2 август, празникот Илинден. За помалку битните податоци, како на пример денот и часот кога имате закажано на забар, не се ни обидувајте да го запомните. Токму затоа Господ ги измисли мобилните телефони и тефтерите со обележани календарски денови“ – вели Ерон д-р П. Нилсон, шеф на невропсихологија во болницата „Brigham and Women’s“ во Бостон. Тој исто така е автор на водичот „Постигнување на оптимална меморија“, кој се изучува на медицинскиот смер на Харвард.rn

    Расеаност

    rnПроблем: Заборавате зошто сте влегле во некоја соба? Најверојатно сте расеани или пак предметот по кој сте тргнале не бил доволно важен за вашиот мозок да го регистрира како таков.rnrnРешение: „Визуелизирајте го она што го сакате пред да тргнете да го барате“. – вели Тен. Тој исто така препорачува предметите кои сте тргнале да ги барате да ги поврзувате со нешто познато. На пример доколку сакате да ги замените зимските алишта со летните од плакарот, замислете се себеси во костим за капење, како лежите покрај базен или на плажа. Со овој систем, задачата која си ја задавате станува многу поважна и полесна за помнење.rnrnКога заборавате да го визуелизирате она што го сакате и потоа си велите „Што барам во оваа соба?“, навратете се со мислите неколку чекори наназад. Ако и тогаш не успеете, пробајте да се сетите што сакавте пред да дојдете тука, со кого бевте и како се чувствувавте. Оваа препорака ја дава д-р Елизабет Едгерли, шеф на програмата во здружението за лица заболени од Алцхајмерова болест во Северна Каролина и во Северна Невада.rnrnКако да ја усовршите способноста за помнење?rn

    Губење секојдневни предмети

    rnПроблем: Не можете да се сетите каде сте ги оставиле клучевите, паричникот или пак билетот за воз, автобус и слично? Ова е типичен проблем со вниманието. Ги фрлате клучевите веднаш штом влезете дома додека размислувате на нешто сосема друго, како на пример да се облечете во нешто покомотно или да се измиете. По неколку часа, не можете да се сетите каде сте ги оставиле. Чинот на оставање на клучевите останува незабележителен бидејќи клучевите ги чувствувате како обичен предмет. Да е во прашање банкнота со поголема вредност, сигурно нема да заборавите каде сте ја оставиле. Доколку обичните работи не ги перцепирате како важни, меморијата брзо ќе ги изостави.rnrnРешение: Обрнете внимание кога оставате нешто и кажете си во себе или на глас, што во моментот правите. Пример: „Ги оставам клучевите во џебот на палтото“ или нешто слично. Константноста е уште подобра стратегија. „Доколку ги ставате клучевите во истиот сад секој ден, секогаш и тоа без грешка ќе знаете дека се таму“ вели Едгерли. „Добрата меморија често е поврзана со создавањето на добри навики“ – додава таа.rn

    Помнење зборови

    rnПроблем: Се обидувате да се сетите на збор, име на филм или книга, но не можете. Народски кажано, „на врв на јазик“ ви е, но не можете да го изговорите. „Ова е универзален проблем и се почесто се случува како што старееме“ – вели Едгерли. Исто така, потешко е да се потсетиме на некои информации доколку сме под стрес или доколку ни се вртат многу мисли во глава во исто време.rnrnРешение: Најпрво, опуштете се, на секого му се случува. Потоа вдишете длабоко и избистрете си го умот. „Голем непријател на меморијата е мултитаскингот“ – вели д-р Гери Смол, директор на центарот за стареење „UCLA“ и автор на книгата „Рецепт за меморијата“ (The Memory Prescription). Потоа на глас кажете како отприлика мислите дека е името на филмот или книгата, како на пример „Беше нешто поврзано со вода“ или „Почнуваше на буквата С“. Набројувањето на актерите или ликовите исто така може да ѝ помогне на меморијата.rnrnКако да ја усовршите способноста за помнење?rn

    Заборавање имиња на луѓе

    rnПроблем: Тешко ви е да ги запомните имињата на луѓето? Со сигурност не сте единствени. „Кога им предавам за превентивна меморија на возрасни лица, 90-95% од учесниците велат дека не се добри во помнењето имиња“ – вели Едглер. Проблем може да биде складирањето на информацијата (не сте обрнале внимание кога сте го запознале тоа лице), пребарувањето (не можете да се сетите на името) или комбинација од двете.rnrnРешение: Повеќето луѓе учат визуелно, што дава објаснување зошто ретко забораваат лица, а често имиња. Па затоа наредниот пат кога ќе запознаете некој нов човек, убаво запомнете го неговиот лик и повторете си го неговото име најмалку 3 пати. Потоа употребете го во некој разговор. На пример, ако човекот се вика Мики обратете му се „Па Мики, каде живееш ти?“.rn

    Извршување на секојдневни автоматски активности

    rnПроблем: Не можете да се сетите дали сте ја исклучиле ринглата, кафематот или пеглата? Кога правите некоја секојдневна автоматска активност, како што е исклучувањето на ринглата, всушност ја употребувате процедуралната меморија. Овој вид долготрајна меморија се употребува за преземање акции како што е возење велосипед, чукање на тастатура и слично. Бидејќи овие дејствија се повеќе механички отколку што се свесни, не сте целосно претпазливи за дејствието кое го правите.rnrnРешение: Најчесто, најверојатно вие ја гасите ринглата или пеглата. Но, доколку почнете често да се прашувате дали сте го направиле тоа или пак доколку навистина почнете да заборавате, тогаш обидете се да го запомните моментот кога го притискате копчето за исклучување. Кажете на глас „Рерната е исклучена“, „Пеглата е извадена од штекер“. Доколку ни така не ви успева да бидете сигурни и да запомните, инвестирајте во продукти кои автоматски се исклучуваат или оставете си потсетник покрај влезната врата. Потсетникот секогаш ќе ви паѓа во очи и ќе ви дава до знаење дека треба да проверите дали сте средиле сè пред да го напуштите домот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Факти за женскиот оргазам

    Факти за женскиот оргазам

    Од едно истражување направено на околу 2.000 жени, за целите на емисијата „Dr. Phil“, добиени се многу интересни податоци за оргазмот.rnrnФакти за женскиот оргазам Имено:rn

      rn011

    • Само 33-50% од жените доживуваат оргазам, а поголемиот дел од нив се незадоволни колку често се случува тоа.
    • rn011

    • Просечното време за жена да доживее оргазам со мастурбација е 4 минути, наспроти 10 до 20 минути преку сексуален однос.
    • rn011

    • На 75% од жените им е потребна додатна стимулација, покрај сексуалниот однос за да доживеат оргазам.
    • rn011

    • 10-15% од жените во САД никогаш не доживеале оргазам.
    • rn011

    • 33% од жените под 25 години не можат да ја пронајдат својата Г-точка.
    • rn011

    • 90% од испитаниците одговориле дека проблемите со доживувањето оргазам се најчесто психолошки.
    • rn011

    • 100% од жените кои не можат да си ја пронајдат својата Г-точка скоро никогаш не доживуваат оргазам.
    • rn011

    • Истражувањата покажуваат дека 67% од жените го лажираат оргазмот.
    • rn

    rnФакти за женскиот оргазамrnrnСпоред интернационалното истражување за оргазмот, во рамките на кое е извршено испитување на сензибилноста на различни делови од женското тело, добиени се оценки од 1 до 5 за различните зони. Па така, за главата и вратот добиена е средна оценка 3,5, додека за грбот и рамената 3,2. Градите добиле оценка 3,7, а задникот 3,2. Највисоки оценки имаат вагината (4,0) и клиторисот (4,6), додека најмала оценка имаат нозете и стапалата (2,5).rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.