КАФЕ ПАУЗА

Tag: планини

  • Прошетка низ убавините на Норвешка

    Прошетка низ убавините на Норвешка

    Оваа прекрасна земја се наоѓа на самиот север на европскиот континент. Дури 61,1% од нејзината територија се планини, 23,3% шуми, 4,8% езера и реки и 1,4% вечен мраз.rnrnПрошетка низ убавините на НорвешкаrnrnОбалата на Норвешка е избраздена со тесни морски заливи кои се нарекуваат фјордови. Тие претставуваат природни пристаништа заштитени од невремиња. Иако се наоѓа на северниот дел од континентот, приморската Норвешка има прилично блага клима, благодарение на Голфската струја.rnrnПрошетка низ убавините на НорвешкаПрошетка низ убавините на НорвешкаrnrnФјордовите ѝ даваат неверојатен и неповторлив колорит на оваа скандинавска земја. Патувањата по фјордовите со водопади и мали рибарски села, е најубавото нешто кое можете да го доживеете тука. Илјадниците чисти и природни езера даваат неверојатна можност за риболов во еден од најпрекрасните предели на континентот. Токму затоа, од 4,3 милиони жители во Норвешка, само 50% живеат во големите градови.rnrnПрошетка низ убавините на НорвешкаПрошетка низ убавините на НорвешкаrnrnГлавен град на Норвешка е Осло, кој е модерна престолнина во која живеат околу 1 милион жители. Тој е културен и политички центар на земјата и еден од најубавите градови во северна Европа. Градот е основан од страна на викинзите во 9-тиот век, а својот најголем развој го доживува во 18-тот век. Тој се наоѓа на истоимениот фјорд, а со фреквентни ферибродски линии е одлично поврзан со Данска.rnrnПрошетка низ убавините на НорвешкаПрошетка низ убавините на НорвешкаПрошетка низ убавините на НорвешкаrnrnДоколку некогаш патувате во оваа земја не пропуштајте да ги посетите замокот на Акершус, Националниот музеј на Норвешка, Градската куќа во која се доделуваат „Нобеловите награди“, кралската палата во која живее норвешката кралска фамилија, паркот Вигеланд и музејот на викиншките бродови.rnrnПрошетка низ убавините на НорвешкаПрошетка низ убавините на Норвешкаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неверојатни места за живеење

    Неверојатни места за живеење

    Да можете во овој момент да бирате, каде би сакале да си купите свој имот? Какво место би бил вашиот дом? Дали сакате прометни места и огромни градови или сонувате за своја куќа подалеку од сета таа гужва? Ако сте едни од оние луѓе кои сакаат слобода и природа, кое место би го одбрале за вашата куќа од соништата? Покрај планини, на брег покрај море, во дивината или пак можеби во пустина?rn

    Прекрасни тревести рамнини

    rnНеверојатни места за живеењеrn

    Диви водени површини

    rnНеверојатни места за живеењеrn

    Раскошни шуми и долини

    rnНеверојатни места за живеењеrn

    Суви пустински предели

    rnНеверојатни места за живеењеrn

    Бурни океански брегови

    rnНеверојатни места за живеењеrn

    Живописни поларни региони

    rnНеверојатни места за живеењеrn

    Изолирани мали острови

    rnНеверојатни места за живеењеrn

    Големи уникатни мочуришта

    rnНеверојатни места за живеењеrn

    Бескрајни планински венци

    rnНеверојатни места за живеењеrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мир на швајцарските планини

    Мир на швајцарските планини

    Следните неколку фотографии носат заедничко име „Самотија“. Тие се дело на фотографот Жил Моне, кој во планините во Швајцарија пронашол идеално место за релаксација и медитација. На сите нив е фотографиран тој самиот, прикажан како премногу мал во споредба со природата, но претопен со неа така што може целосно да ја впие нејзината смиреност.Мир на швајцарските планиниИ покрај тоа што прави извонредни фотографии, Моне сепак е само фотограф-аматер. Вели дека најмногу сака да ги слика ноќта, планинските пејзажи и самотијата.rn
    rn

    „Спојот на овие теми има тенденција на претставување на одредена чистота во набљудувањето на природата. Пејзажот го повикува гледачот да се претопи со сликата, да започне медитативно да ја набљудува и да почувствува единство со природата“.

    rnМир на швајцарските планиниМир на швајцарските планиниМир на швајцарските планиниМир на швајцарските планиниМир на швајцарските планиниМир на швајцарските планиниМир на швајцарските планиниМир на швајцарските планиниМир на швајцарските планини
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Малку поинаков одмор

    Малку поинаков одмор

    Времето за одмор е драгоцено. Затоа заборавете на многубројните туристички замки и поминете го одморот на места кои никогаш не би ви текнало да ги посетите…rnrnМалку поинаков одморrn

    Хималаите, Тибет и Непал

    rnПатувањето во Непал и Тибет може да биде напорно заради надморската височина, невообичаената храна и лошиот пат. Но ова патување истовремено ќе ви понуди древна култура и спектакуларен пејзаж, кои се загрозени од страна на политичките конфликти и немилосрдниот притисок на модерното време.rnrnРутата води преку високи планински премини и длабоки клисури, од античкиот град Ласа во Тибет до базниот камп на Монт Еверест и понатаму до Катманду, Непал. По патот може да се посетат палати, манастири и храмови, вклучувајќи го и комплексот што некогаш беше дом на Далај Лама.rnrnМалку поинаков одморrn

    Костарика

    rnАко имате вишок енергија и сте зависник од адреналин, Костарика нуди места за активности кои го зголемуваат адреналинот, како што е возењето велосипед по стрмни и тесни патеки, спуштање со јаже преку река или рафтинг длабоко во џунглите. Доколку ви здодеат ваквите активности, може да се релаксирате на песочните плажи покрај бистрата вода на Карибите.rnrnМалку поинаков одморrn

    Големите Атласи, Мароко

    rnВозењето велосипед по сувите речни корита и патеките од чакал е вистински предизвик за љубителите на велосипедизмот. Патеката поминува низ планините познати како Големи Атласи и Анти Атлас. Пејзажот е разновиден, од древни берберски села до бујни оази.rnrnОстрите планини и длабоките клисури ќе го направат искачувањето долго и тешко, а симнувањето брзо и лесно. Доколку сакате оваа авантура да ја доживеете за осум дена, ќе треба да поминувате во просек по 28 милји дневно.rnrnМалку поинаков одморrn

    Килиманџаро, Танзанија

    rnАфриканската планина Килиманџаро е висока 5.895 метри со што претставува највисока планина на континентот. И покрај оваа висина, Килиманџаро нуди спектакуларен поглед и од места кои се не само пониски, туку и полесни за искачување.rnrnДоколку тргнете кон врвот рано наутро, веќе во попладневните часови ќе успеете да го освоите. Ова е така затоа што, за разлика од Алпите и Хималаите, Килиманџаро е опкружен со рамно земјиште што овозможува и прекрасен поглед.rnrnМалку поинаков одморrn

    Кикладите, Грција

    rnКикладите се одлична дестинација за одмор за сите кои уживаат во пливањето. Местоположбата на овие острови ќе ви овозможи да пливате од еден до друг остров покрај чамците за безбедност. Поискусните пливачи може да ги истражуваат подводните карпи и камените плажи, додека оние кои го преферираат копното може да ги истражуваат древните села.rnrnМалку поинаков одморrn

    Западна Словенија

    rnИдеално место за одмор за страсните риболовци е западниот дел на Словенија. Кристалните реки и потоци кои се создаваат со топење на снегот од Алпите, се дом на различни видови риби, како што се Дунавскиот лосос, кафеавата и мермерната пастрмка. Ако се одлучите за западна Словенија, задолжително посетете го градот Медводе (чие име значи „меѓу водите“), кој се наоѓа меѓу реките Сава и Сора.rnrnМалку поинаков одморrn

    Патагонија, Аргентина

    rnПатагонија се смета за едно од идеално студените дестинации кои нудат природна убавина, див свет и бескраен простор. Турата започнува со едно урбано искуство – возење велосипед или пешачење од Буенос Аирес. Јужно од Буенос Аирес е предвидена посета на Националниот парк. Патагонија изобилува со мраз, глечери, борови шуми, тревни рамнини и див свет за кој е специфична патагониската лама.rnrnМалку поинаков одморrn

    Монголија

    rnВеќе илјадници години коњите имаат централно значење за културата на номадски народи во Монголија. Со помош на монголското пони може да ја посетите татковината на древното племе Tsaatan, каде што ќе искусите шамански ритуали, јавање и молзење ирваси и спиење во шатори.rnrnИсклучок за туристите има само во однос на седлата за јавање. Секој посетител има право да одбере руско фино изработено седло од кожа, наместо традиционалното дрвено седло.rnrnМалку поинаков одморrn

    Антарктик

    rnБританскиот истражувач Сер Ернест Шеклтон и двајца членови на неговиот екипаж влегоа во историјата во 1916 година, кога го преминале Антарктикот и стигнале до Јужна Грузија, барајќи помош за спасување на 22 членови од Транс-антарктичката експедиција, кои биле целосно беспомошни кога нивниот брод бил уништен од санта мраз.rnrnПочнувајќи од 2010 година, секоја година се реализира тура на Антарктикот, во вид на експедиција, составена од 12 ски-истражувачи кои го следат патот на Шеклтон, поминувајќи 20-километарски опасен, покриен со снег и стрмен терен.rnrnМалку поинаков одморrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Предлог дестинации низ светот за 2012

    Предлог дестинации низ светот за 2012

    Автор: Маја ВладимироваrnrnДолги песочни плажи, зимски центри како од бајка и неверојатни дела на природата и древните цивилизации, се дел од десетте предлог дестинации за оваа година… што би одбрале вие?rn
    rn

    Националниот парк Абел Тасман во Нов Зеланд

    rnБеспрекорните плажи, интригантните форми на каменчињата и тиркизната вода привлекуваат повеќе од 150.000 туристи годишно. Абел Тасман е најмалиот од 14-те национални паркови во Нов Зеланд. Прекриен е со природни грмушки и испреплетени патеки кои се опкружени со зелени или сини погледи, додека пак, под нозете се чувствува топлината на златниот песок. Освен прекрасните пејзажи, оваа област нуди можност за многубројни активности како што се кајакарење, планинарење, нуркање, крстарење итн.Предлог дестинации низ светот за 2012rn

    Фестивалот Поја во Шри Ланка

    rnДолга линија од светилки го осветлува патот кон врвот Адам за време на панаѓурот Поја, кој се одржува во централните висорамнини на Шри Ланка. Ова планинско царство обвиткано во магла веќе долго време е популарно за авантуристите поради плантажите со чај и дождовните шуми. Централните висорамнини неодамна се додадени во светската листа на УНЕСКО за заштита на националните богатства.Предлог дестинации низ светот за 2012rn

    Вулканите Вирунга – Африканското зелено и огнено срце

    rnАфриканскиот масив Вирунга претставува најсоодветен пример за креативната, но и за деструктивната природа на вулканите. Создавајќи граница помеѓу Руанда, Уганда и Демократската Република Конго, синџирот од 8 активни вулкани претставува еден од најголемите вулкански региони. Пејзажите во сите три земји истовремено создаваат слика за рајот и за пеколот.Предлог дестинации низ светот за 2012Најбесниот и најразбранетиот вулкан од осумте е Нирагонго кој се наоѓа во Конго. За посета на истиот потребно е прво да се провери сигурносната состојба во проблематичната земја. За најхрабрите кои ќе се одлучат на ваков чекор, после 5 часа пешачење ги  очекува најголемото езеро од лава, како и неповторливо искуство следејќи го светлосниот и звучен спектакл.rn
    rn

    Перу – историска или кулинарска дестинација?

    rnПостојат многу причини за да се посети Перу. Во нив се вбројуваат посетата на Мачу Пикчу и истражување на древните остатоци од овој град, восхитување на најретките птици кои постојат во светот или разгледувањето на најдлабоките кањони на Земјата. Сепак, богатствтаа кои ги нуди Перу, може да се каже дека се неспоредливи во однос на храната.Предлог дестинации низ светот за 2012Од дождовните шуми во северозападниот дел, па сè до сувите високи пространства кои се шират низ југот, Перу е благословен со биолошка разноликост – богатство кое јасно се рефлектира врз чиниите.rnrnБидејќи жителите на Перу се горди на домашната кујна, од 2008 година па навака, тие го организираат фестивалот на храната кој што се одржува во Лима. Овој настан претставува водечки кулинарски спектакл во Јужна Америка.rn
    rn

    Нескротливата покраина Ховсгол во Монголија

    rnЗа сите љубители на дивата природа, Монголија, односно покраината Ховсгол е вистинската дестинација. Монголија е земја со екстремни разлики, од снежни планини, широки пространства со степи до ветровити пустини. Ховсгол е најсеверната од вкупно 21 покраина во Монголија. Сибирските тајги, зелените и портокалови лишаи кои се простираат во должина од 3 километри, светите реки за кои се шпекулира дека никогаш не замрзнале и езерата сместени помеѓу снежни планини се само дел од природните богатства кои ги нуди Ховсгол.Предлог дестинации низ светот за 2012rn

    Дрезден, Германија

    rnНајголемиот блесок Дрезден го имал околу 1700-тата година кога Саксонскиот крал го потрошил целото богатство за да го претвори својот град во „Фиренца на Елба“. Но за време на втората светска војна, од Британските и Американските бомбардирања бил уништен поголем дел од градот. Меѓутоа после 70-тина години, градот повторно воскреснува и станува топ туристичка дестинација во Германија.rnrnОбележјето на овој град е Богородичната црква (Frauenkirche) или како што уште ја нарекуваат „црква на нашата дама“. Таа претставува барокно ремек-дело од 11-тиот век, а во 2005 е целосно реставрирана. Денес таа се издига над внимателно реконструираниот историски центар кој претставува дом на повеќе светски музеи како што се „Албертаниум“ (Albertinum), „Галеријата на старите мајстори“ (Old Masters Picture Gallery), како и незаборавниот музеј за наука и култура со несекојдневно име „Германскиот музеј на хигиената“ (German Hygiene Museum).Предлог дестинации низ светот за 2012rn

    Северна Колумбија

    rnПрекрасните плажи во националниот парк Тајрона се едно од главните обележја на Северна Колумбија. Меѓутоа она што ја прави оваа земја посебно привлечна за туристите е археолошкиот град т.н  „Скриениот град“ (Ciudad Perdida). До пред 35 години овој град бил познат само за локалните племиња. Потоа бил откриен од трагачи на злато, меѓутоа до неодамна останал сокриен во непристапната дивина населена со насилни војници. Денес расчистените планински тераси блескаат како зелени светилници означувајќи ја преродбата на земјата како туристичка дестинација на крстопатот меѓу Карибите и Јужна Америка.Предлог дестинации низ светот за 2012rn

    Мускока, Канада

    rnМускока е огромна област во Канада која се наоѓа северно од Торонто. Во неа се наоѓаат 1.600 блескави езера, водопади кои грмат, карпи од чист гранит, ароматични борови шуми и густи јаворови шуми кои наесен поруменуваат или добиваат златна боја… сите завиткани во чистиот и свеж воздух. Областа Мускока има големина колку мала држава во Европа, а најпознато место во оваа област е eзерскиот град Мускока во кој се наоѓа и најпознатото езеро од ова област Езерото Мускока.Предлог дестинации низ светот за 2012rn

    Лондон

    rnПрестолнината на Англија, Лондон има многу што да покаже. Меѓу Бакингемската палата, Тауер бриџ, Вестминстерската палата и многу други места се вбројува и „Градската сала“ (City Hall) како едно од поновите обележја на Лондон. Градската сала оваа година создава причина плус за посета на Лондон поради одржувањето на Летните олимписки игри.Предлог дестинации низ светот за 2012rn

    Цермат, Швајцарија

    rnЗа сите љубители на снегот и зимата, вистинскиот избор е Швајцарија. Покрај големиот број ски-центри кои ги поседува оваа земја, како ваша дестинација го издвоивме Цермат. Ова планинско село уште го нарекуваат круна на зимските швајцарски центри. Улиците на Цермат се тесни и со калдрма, опкружени се со изобилство на скапи ресторани и хотели, а пристигнувањето до ова место е возможно само преку железница. Уште една работа која ја дополнува оваа зимска идила е врвот Матерхорн, кој се наоѓа во негова непосредна близина.Предлог дестинации низ светот за 2012
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Националниот парк Џаспер во Канада

    Националниот парк Џаспер во Канада

    Живописниот Национален парк Џаспер во Алберта, Канада е познат по своите неверојатни планински предели и смирени езера од кои се рефлектираат острите врвови покриени со снег. Овој национален парк е најголем во Канада и се простира на околу 10.878 квадратни километри.Националниот парк Џаспер во КанадаЏаспер е преубава колекција на езера, реки, топли извори, глечери и масовни планини. Посетителите можат да уживаат во голем број активности како пешачење, планински велосипедизам, пливање, риболов, скијање и кампување. За оние кои бараат релаксација, местото Миете Хот Спринг е вистинскиот избор. Овој парк, туристите, можат да го разгледуваат со пешачење, со автомобил или со воз. Исто така, прекрасно место за посета е и езерото Луис во Националниот парк Банф, кој се наоѓа во близина на Џаспер. Националниот парк Џаспер во КанадаНационалниот парк Џаспер во КанадаНационалниот парк Џаспер во КанадаНационалниот парк Џаспер во КанадаНационалниот парк Џаспер во КанадаНационалниот парк Џаспер во КанадаНационалниот парк Џаспер во КанадаНационалниот парк Џаспер во КанадаНационалниот парк Џаспер во Канадаrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Планинска палата во Канада

    Планинска палата во Канада

    Оваа палата, иако не е направена во премногу модерен стил, сепак го одзема здивот. Таа се наоѓа во Алберта, Канада и е распослана на површина од 970 квадрати. Нејзината вредност моментално се проценува на 10,5 милиони американски долари.Планинска палата во КанадаТаа има шест спални, пет купатила, четири тоалети, огромна дневна соба со камин, посебен апартман, фоаје и винарија. За релаксација и уживање, палатата може да се пофали со огромен внатрешен базен со солена вода, соба за забава со телевизор и маса за билјард. Во винаријата можат да се чуваат 9.000 шишиња вино, а во нејзиниот склоп има и прекрасен шанк.Планинска палата во КанадаПланинска палата во КанадаДизајнирана е од „McKinley Master Builders“, а за комплетно чувство, палатата нуди и фантастичен поглед кон планините во околината.Планинска палата во КанадаПланинска палата во КанадаПланинска палата во КанадаПланинска палата во КанадаПланинска палата во КанадаПланинска палата во КанадаПланинска палата во КанадаПланинска палата во КанадаПланинска палата во КанадаПланинска палата во КанадаПланинска палата во КанадаПланинска палата во Канада
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Лофотен – аномалијата на Арктичкиот круг

    Лофотен – аномалијата на Арктичкиот круг

    Архипелагот Лофотен во Норвешка се наоѓа северно од Арктичкиот круг. Сепак, во текот на годината има температури кои се косат со неговата местоположба. Тоа е така поради најголемата позитивна температурна аномалија поврзана со географската ширина. Тоа го прави Лофотен – Арктички рај. Бидете подготвени. Ова место го одзема здивот.rnrnЛофотен - аномалијата на Арктичкиот кругrnrnТука можете да најдете безброј видови морски птици, како што се морскиот орел, кормораните и пафините. Видрите се вообичаени жители на островот, а од рибите најзастапен е лосот.rnrnЛофотен - аномалијата на Арктичкиот кругrnrnДоселениците на еден од островите, му го дале името Лофотен што значи „стапалото на рисот“. Друг остров бил крстен „стапалото на волкот“, а всушност, од птичја перспектива овие острови навистина наликуваат на стапките од овие животни. Но сепак, целиот архипелаг се вика Лофотен и е област во норвешкиот Нордланд.rnrnЛофотен - аномалијата на Арктичкиот кругrnrnБлагодарејќи на климата, Лофотен е центар на риболовците на бакалар векови наназад. Ваган е првиот забележан град во северна Норвешка кој исто така бил Викиншки град. Луѓето се привлечени кон Лофотен поради неговиот прекрасен морски живот. Бакаларите, кои мигрираат од Баренцовото море, доаѓаат во Лофотен да се мрестат и од неодамна тоа е главен профит во рибарската индустрија. Со векови, Норвешка е најголемиот извозник на бакалар од Северна Европа.rnrnЛофотен - аномалијата на Арктичкиот кругЛофотен - аномалијата на Арктичкиот кругrnrnЛофотенските планински врвови сигурно не наликуваат на стапало од рис. Тие се нарекуваат Лофотенски ѕидови кои, гледани од птичја перспектива, ги покриваат останатите врвови зад нив. Всушност, поставеноста на врвовите кои се 1.100 метри високи, е таква што тие ги преградуваат сите острови во архипелагот.rnrnЛофотен - аномалијата на Арктичкиот кругrnrnОна што ја создава аномалијата на Арктичкиот круг се многубројните заливски потоци кои се под влијание на Норвешката струја и Северноатлантската струја. Глетката на реки и поточиња ќе ве натера да се запрашате дали сте навистина во Арктичкиот круг, бидејќи кога ќе се спомне самото име, веднаш помислуваме на снег и неверојатно ладни зими.rnrnЛофотен - аномалијата на Арктичкиот кругrnrnОвие прекрасни острови изобилуваат со природни богатства, но сепак, нивната репутација не е глобална. Планините со издолжените врвови изгледаат дури и нереално. Нема да се изненадите ако некој од локалните жители се претвори во хобит :)rnrnЛофотен - аномалијата на Арктичкиот кругrnrnЛофотен има и убави плажи, но капењето во овие води може да биде опасно поради морските струи. Сепак, во близина на брегот, водите се прилично мирни.rnrnЛофотен - аномалијата на Арктичкиот кругrnrnАрхипелагот е најсеверното место во светот каде годишните температури се над нулата. Во јануари, во просек е -1 степен, а во летните месеци просечните температури се 13 степени Целзиусови. Најтоплата температура измерена тука е 30,4 степени. Не е премногу топло, но земајќи предвид каде се наоѓа….rnrnЛофотен - аномалијата на Арктичкиот кругrnrnЛофотен е толку далеку на север што може да го искусите и полноќното сонце. Секоја година од 26-ти мај до 17-ти јули, сонцето е над хоризонтот 24 часа на ден, односно никогаш нема потполна ноќ. За разлика од тоа, во зимските месеци од 9-ти декември до 4-ти јануари е целосно темно. Оваа состојба не е идеална за да биде место на живеење, па така ова е еден од недостатоците на овие острови.rnrnЛофотен - аномалијата на Арктичкиот кругrnrnЛогично, овој архипелаг е под заштита на UNESCO, а тимот на National geographic го рангираше трет на листата на најубави острови во светот.rnrnЛофотен - аномалијата на Арктичкиот кругrnrnВо просек има по 100.000 туристи во текот на годината, што е релативно малку за ваква убавина. Но, прашањето е: Дали би сакале да го поделите ова волшебно место со останатиот свет?rnrnЛофотен - аномалијата на Арктичкиот кругrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Сензационалните Хималаи

    Сензационалните Хималаи

    Хималајскиот планински венец (името значи „дом на снегот“) се простира низ Азија и претставува дом на највисоките светски врвови, Монт Еверест и К2. Во овој планински масив влегуваат повеќе од 100 планини кои се повисоки од 7.200 метри.rnrnСензационалните ХималаиrnrnГлавниот Хималајски венец се простира од запад кон исток, од долината на реката Индус до долината на реката Брахмапутра, притоа формирајќи лак долг 2.400 километри, кој во ширина варира од 400 до 150 километри.rnrnСензационалните ХималаиrnrnНекои од главните светски реки извираат од Хималаите, а низ нивното течение, вкупно собрано, живеат околу 3 милијарди луѓе во 18 земји (скоро половина од светската популација). Хималаите имаат и големо влијание врз културата во Јужна Азија, бидејќи голем број од врвовите се свети во хиндуизмот, будизмот и сикизмот.rnrnСензационалните ХималаиСензационалните ХималаиСензационалните ХималаиСензационалните ХималаиСензационалните ХималаиСензационалните ХималаиСензационалните ХималаиСензационалните ХималаиСензационалните ХималаиСензационалните ХималаиСензационалните ХималаиСензационалните ХималаиСензационалните ХималаиСензационалните ХималаиСензационалните Хималаиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кога Бог го држи фотоапаратот

    Кога Бог го држи фотоапаратот

    Ова е серија фотографии сликани на најубавите места на Земјата. Волшебни планински предели, суви пустини и бели зимски утра се само дел од оваа збирка од прекрасни слики кои се благодет за душата. Погледнете ги.rnrnКога Бог сликаКога Бог сликаКога Бог сликаКога Бог сликаКога Бог сликаКога Бог сликаКога Бог сликаКога Бог сликаКога Бог сликаКога Бог сликаКога Бог сликаКога Бог сликаКога Бог сликаКога Бог сликаКога Бог сликаКога Бог сликаКога Бог сликаКога Бог сликаКога Бог сликаКога Бог сликаКога Бог сликаКога Бог сликаКога Бог сликаКога Бог сликаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.