КАФЕ ПАУЗА

Tag: планини

  • Најубавите делови на Земјата каде што сè уште не допрела човечката рака

    Најубавите делови на Земјата каде што сè уште не допрела човечката рака

    Природата е најголемиот и највештиот уметник на светот, а природната убавина која ги карактеризира и одликува овие места е неверојатна и веднаш ќе посакате да ја погледнете и во живо. Ако понекогаш сте посакале да побегнете од градот и од бучната атмосфера која секогаш го опкружува, тогаш размислете за следниве предлози и дозволете ѝ на магијата да ги обземе вашите сетила.rn

    1. Фарските острови

    rnНајубавите „недопрени“ делови на ЗемјатаrnrnСместени помеѓу норвешкото море и северниот Атлантик, Фарските острови се наоѓаат под данска управа, а станува збор за 18 острови кои фасцинираат со својата неверојатна природа. Со текот на времето жителите развиле и свој јазик и култура, а градовите се чисти, шармантни и исполнети со куќи во различни бои кои дополнително ги разубавуваат островите.rn

    2. Лисефјорден, Норвешка

    rnНајубавите „недопрени“ делови на ЗемјатаrnrnФјорд е најпознат по Преикестолен – стрмна, рамна карпа со неверојатен поглед. Ова место привлекува илјадници посетители кои постојано доаѓаат во сите годишни времиња и прават импресивни фотографии. Но, доколку се одлучите да го посетите ова место, тогаш треба да внимавате бидејќи не постојат никакви огради кои ги штитат туристите, па секој погрешен чекор може да биде опасен по живот.rn

    3. Азори, Португалија

    rnНајубавите „недопрени“ делови на ЗемјатаrnrnОвој архипелаг е еден од автономните португалски региони, бидејќи е оддалечен од копното дури 1.360 километри. Вулканските корени на островите формираат необични пејзажи, а овој збир од 9 острови е мамка за туристите поради неговите бројни недопрени и неистражени природни места, како и бројните атракции.rn

    4. Базаруто, Мозамбик

    rnНајубавите „недопрени“ делови на ЗемјатаrnrnДенес е тешко да се поверува дека постои место како ова – целосно недопрено и обликувано од ветрот и морето. Базаруто со своите крајбрежја на кои доминира чистото кристално море и песочните плажи е добар избор за секој вљубеник на природата. Морето постојано го обликува ова место, одново и одново.rn

    5. Алеутските острови

    rnНајубавите „недопрени“ делови на ЗемјатаrnrnОвие острови се навистина необични и претставуваат едно посебно место на Земјината топка. Сместени помеѓу Алјаска и Камчатка, овие 14 големи и 55 мали вулкански острови зафаќаат површина од 17.666 км2. На нив има вкупно 57 вулкани и моментално се дом на околу 8.000 луѓе. Овде треба да дојдат сите историчари и авантуристи, бидејќи во музеите може да се видат предмети стари и до 9.000 години. Секако, на располагање се и бројните активности како планинарењето, возењето со кајак, сурфањето…rn

    6. Хаваи

    rnНајубавите „недопрени“ делови на ЗемјатаrnrnШто да се каже за Хаваи што веќе не е кажано? Овие острови со вулканско потекло нудат чудесни плажи, природни базени, разни пешачки патеки и се место со идеална тропска клима која трае во текот на целата година. Секоја година привлекуваат голем број туристи кои уживаат во активниот одмор и го обожаваат сурфањето, планинарењето, јавањето или нуркањето.rn

    7. Хималаи

    rnНајубавите „недопрени“ делови на ЗемјатаrnrnНајголемиот планински венец со највисокиот врв на светот се простира низ неколку земји. Туристите обично ги посетуваат Тибет, Кина, Индија и Непал, па оттаму се упатуваат на разни планинарски тури. Патувањето ветува прекрасни погледи, како и малечки и симпатични населби покрај патот. Ова е веројатно и најдуховното место на Земјата, па ако некогаш ви се медитира во стил, тоа е совршеното место за вас!

  • Инспиративни пораки поради кои ќе посакате да го освоите секој врв

    Инспиративни пораки поради кои ќе посакате да го освоите секој врв

    Природата е нешто што отсекогаш го привлекувало човекот. Беспрекорна тишина во која може да се слушнат само црцорењето на птиците, веењето на ветрот низ гранките на дрвјата, џагорот на безброј различни инсекти и животинчиња чиј дом се планините и ливадите… А таму, чекорејќи по планинските патчиња, се чувствуваме помирни од кога било, поспокојни и посвесни за самите себе од каде било, освојувајќи нови врвови се чувствуваме сѐ поблиску до дома.rnrn(1)-inspirativni-poraki-poradi-koi-kje-posakate-da-go-ovoite-sekoj-vrv-kafepauza.mkrnrnА доколку сѐ уште не сте на пат кон освојување на некоја планина, тогаш следниве цитати сигурно ќе ве инспирираат да го направите тоа.rn

    „Бидејќи на крајот, нема да се сеќавате на времето кое сте го поминале работејќи во канцеларија или косејќи го вашиот тревник. Искачете ја таа проклета планина.“ – Џек Керуак

    rn

    „За мене планината е Буда. Помислете на трпението, стотиците илјади години како само седи таму во совршена тишина и како да се моли за сите живи суштества во таа тишина и само чека на нас да престанеме со сите наши грижи и будалаштини.“ – Џек Керуак

    rn

    „Искачете ги планините и присвојте ги нивните добри карактеристики. Мирот на природата ќе протече низ вас како што сонцето се простира низ дрвјата. Ветровите ќе ја издуваат својата свежина во вас и бурите нивната енергија додека вашите грижи ќе паѓаат наоколу како лисјата на есента.“ – Џон Мјур

    rn

    „Илјадници уморни, потресени и прецивилизирани луѓе почнуваат да откриваат дека одењето на планини е всушност одење дома. Дивината е неопходност.“ – Џон Мјур

    rn

    „Планините ме викаат и јас морам да одам.“ – Џон Мјур

    rn(3)-inspirativni-poraki-poradi-koi-kje-posakate-da-go-ovoite-sekoj-vrv-kafepauza.mkrn

    „Ние сме сега во планините и тие се во нас, потпалувајќи ентузијазам, правејќи секој нерв во нас да трепери, чувствувајќи ја секоја пора и ќелија во нашето тело.“ – Џон Мјур

    rn

    „Тој што се искачува на највисоките планини се смее на сите трагедии, реални и имагинарни.“ – Фридрих Ниче

    rn

    „На планините на вистината никогаш не се искачувате залудно. Или ќе достигнете повисока точка денес или ќе ги тренирате вашите моќи за да можете да се искачите повисоко утре.“ – Фридрих Ниче

    rn

    „Без разлика колку сте софистицирани, не можете да одбиете голема гранитна планина – таа ви зборува во тишина до сржта на вашето постоење.“ – Ансел Адамс

    rn

    „Секој камен, секој свиок извикува ‘добредојде’ за него. Тој се поистоветува со планините и потоците, гледа дел од својата душа во растенијата и животните и птиците на полето.“ – Пауло Коелјо

    rn(4)-inspirativni-poraki-poradi-koi-kje-posakate-da-go-ovoite-sekoj-vrv-kafepauza.mkrn

    „Патот до врвот на планината е секогаш подолг одошто мислите. Не се залажувајте себеси, ќе дојде момент кога сѐ што ви делува блиску е сѐ уште далеку.“ – Пауло Коелјо

    rn

    „Иако навистина сакам океани, пустини и други диви пејзажи, само планините ме повикуваат на тој болно магичен начин да чекорам сѐ подлабоко и подлабоко во нивната убавина. Постојано ме одржуваат во состојба да сакам да знам повеќе, да чувствувам повеќе, да гледам повеќе.“ – Викторија Ериксон

    rn

    „Сум искачил повеќе високи планини без водич или патека и, како што може да се очекува, имам откриено дека вообичаено се потребни повеќе време и трпение отколку да патувате по најмазниот автопат.“ – Хенри Дејвид Тороу

    rn

    „На пат си кон прекрасни места. Денес е твој ден. Твојата планина те чека, па, почни го својот пат.“ – Д-р Зус

    rn

    „Позади сето она кое го посакуваме и од кое се плашиме дека може да се случи, имаме друг живот, бистар и слободен како планински поток.“ – Руми

    rn(5)-inspirativni-poraki-poradi-koi-kje-posakate-da-go-ovoite-sekoj-vrv-kafepauza.mkrn

    „Планините се проблем само тогаш кога се поголеми од тебе. Треба да се развиеш себеси толку многу што ќе бидеш поголем од планините со кои се соочуваш.“ – Идоу Којеникан

    rn

    „Ако не можете да разберете дека во човекот постои нешто што одговара на предизвикот на оваа планина и оди да се соочи со него, дека борбата е борба на самиот живот нагоре и само нагоре, тогаш нема да согледате зошто одиме. Она што го добиваме од оваа авантура е огромна радост. А радоста, после сè, е крајот на животот. Не живееме за да јадеме и заработуваме. Јадеме и заработуваме за може да уживаме во животот. Тоа е значењето на животот и целта на животот.“ – Џорџ Малори

    rn

    „Не ги освојуваме планините, туку себеси.“ – Сер Едмунд Хилари

    rn

    „Искачете ја планината за да го прифатите предизвикот, да уживате во воздухот и погледот, а не за да го закачите вашето знаме. Искачете ја за да можете да го видите светот, а не за светот да ве види вас.“ – Дејвид Меккалоу Џуниор

    rn

    „Кога се соочувате со планина имате неколку опции. Може да ја искачите и да преминете на другата страна. Може да одите околу неа. Може да копате под неа. Може да прелетате над неа. Може да ја дигнете во воздух. Може да ја игнорирате и да се преправате дека не е таму. Може да се свртите и да се вратите таму од каде сте дошле. Или може да останете на планината и да ја претворите во ваш дом.“ – Вера Назариан

  • Прекрасните Трансилвански планини во 5 часот наутро

    Прекрасните Трансилвански планини во 5 часот наутро

    Трансилванија има прекрасни планини во кои фотографот Алекс Робчиук сака да ужива во 5 часот наутро и да ги фотографира. Тоа е моментот кога околината е најчиста, не е вознемирена од други луѓе и делува многу смирувачки. Се разбира, и можноста да го искористи подоброто светло во моментите кога изгрева сонцето е мотив да стане толку рано и да го бара совршениот кадар. Сите овие прекрасни пејзажни фотографии се направени во областа Марамуреш, Романија.rnrnПрекрасните Трансилвански планини во 5 часот наутроrnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Неверојатни утрински планински пејзажи направени од внатрешноста на шатор

    Неверојатни утрински планински пејзажи направени од внатрешноста на шатор

    Замислете ја нареднава сцена. Се будите и од другата страна на вашиот кревет ве пречекуваат прекрасни планински изгрејсонца, опкружени со бистри извори и сино небо. Рускиот фотограф Олег Григориев нè носи на прошетка низ планините во својата серија фотографии наречена „Утрински погледи од шаторот“, во која тој ни ги покажува прекрасните пејзажи кои се на само еден чекор од него.rnrnНеверојатни утрински планински пејзажи направени од внатрешноста на шаторrnrnФотографиите се направени на планината Фан во Таџикистан од кампови кои се наоѓаат и до 4.700 метри надморска височина во околина каде што планините се извишуваат и до 5,5 километри надморска височина. Со оглед на нивната височина, воопшто не нè изненадува тоа што го гледаме Григориев како на секоја фотографија си ги одмара своите нозе.rnrn

    rnrnНеверојатни утрински планински пејзажи направени од внатрешноста на шаторrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Прекрасните планински села на Лефкада

    Прекрасните планински села на Лефкада

    [message_box title=”Летувајте со Игуана Турс” color=”yellow”]rnrniguana-logornrnПогледнете ја понудата за Лефкадаrnrn[/message_box]rnrnЛефкада е остров што на посетителите им нуди голем број скриени богатства и места за истражување. Ако го поминувате својот одмор на овој прекрасен јонски бисер и сакате да видите како изгледал животот пред 50 години, тогаш треба да ги посетите планинските села.rnrn

    Агиос Петрос
    Агиос Петрос
    rnrnНајголемиот дел од островот Лефкада е прекриен со планински венци, од кои највисоката планина е Ставрота со височина од 1.158 метри над морското ниво. Ако прошетате низ планинските предели на Лефкада ќе пронајдете десетици планински села на различна надморска височина, во кои се чини дека времето застанало пред половина век, зачувувајќи го автентичниот начин на живот на локалните жители.rnrnДоколку сте расположени за истражување, ви препорачуваме да посетите дел од овие села, за да ја искусите атмосферата на некогашната Лефкада, која полека се менува, бидејќи местото станува сѐ попопуларна туристичка дестинација.rnrnВо близина на главниот град, Лефкада, се наоѓаат повеќе села, од каде што има прекрасен поглед на градот и мостот кон копното. Меѓу нив најпознати се: Спанохори, Лазарата, Кавалос и Аспрогераката. На спротивната страна од истата планина се наоѓаат селата Римонас и Ексантија, од каде што има неверојатен поглед на отвореното Јонско Море.rnrn
    2-prekrasnite-planinski-sela-na-lefkada-kafepauza.mk
    Ексантија
    rnrnПланинските села на Лефкада се најпознати по традиционалните фестивали кои се одржуваат во речиси секое село. Најпознатите фестивали се во селото Карија, кое се наоѓа во средиштето на островот. Во текот на месец август таму се одржува фестивал на виното, како и традиционалната свадба.rnrnА, кога станува збор за југот на Лефкада, селото што не смее да се пропушти е Агиос Петрос, кое се наоѓа високо над Василики, од каде што има прекрасен поглед на целата долина, туристичката населба, но и морето. Во Агиос Петрос ќе забележите дека најголем дел од градбите ја задржале автентичната архитектура и по нивната реконструкција.rnrn[message_box title=”Летувајте со Игуана Турс” color=”yellow”]rnrniguana-logornrnПогледнете ја понудата за Лефкадаrnrn[/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • „Во атмосферата“ – видео кое ќе ви ги наполни очите и прочисти белите дробови

    „Во атмосферата“ – видео кое ќе ви ги наполни очите и прочисти белите дробови

    „Into The Atmosphere“ е прекрасно видео во чест на убавите пустини, планини и крајбрежја во Калифорнија, изработено од страна на фотографот Мајкл Шанблум. Во видеото се прикажани голем број национални паркови, како и помалку познати природни области. Фокусот во видеото е на облаците, маглата и интересните атмосферски промени. И покрај тоа што Калифорнија е позната по чистото, сончево небо, сепак гледањето во колоритната небесна бура и прекрасните зајдисонца, е навистина фантастична глетка. Целта на ова видео изработено со тајмлепс техника, е да се прикаже калифорниската природа во своето најдобро можно светло.rnrn„Во атмосферата“ – видео кое ќе ви ги наполни очите и прочисти белите дробови
    rn

    „Живеејќи го целиот мој живот во Калифорнија, го имав целото потребно време за да ја уловам сржта и убавината која ја има оваа држава. Многу ноќи спиев надвор, а многу денови ги поминав во дивината, планинарејќи со тешката фотографска опрема по стрмни предели. Ова видео беше проект кој го работев година дена и од вкупно 750.000 направени фотографии, искористив околу 12.400 за ова видео со времетраење од три и пол минути. Мојата баба Алис почина во текот на последните две недели од изработката на видеото, па филмот е во чест на споменот кон неа. Без неа и без љубовта од моето семејство, ова видео немаше да постои.“ – објаснува артистот

    rnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Нов Зеланд каков што никогаш нема да го доживеете

    Нов Зеланд каков што никогаш нема да го доживеете

    Реално гледано, малкумина од нас ќе имаат можност кога-тогаш да ја видат во живо сета убавина која ја поседува Нов Зеланд, а веројатно никој нема да оди таму како пилот за со својот авион одозгора да го разгледува овој рај на крајот на светот.rnrnНов Зеланд каков што никогаш нема да го доживеете rnrnНо затоа можеме да уживаме во видеото на еден пилот кој летал над Нов Зеланд и сето тоа го снимил за да ни го покаже нам. Неговото корисничко име на ЈуТјуб е Mr GoodViews Person, а ова видео, направено над планините блузи до градот Квинстаун, го крстил „Еве зошто летаме“.rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 9 идилични села во Швајцарија

    9 идилични села во Швајцарија

    Швајцарија е позната по својата живописна убавина. Доколку сакате да појдете на еден релаксирачки одмор и да впиете позитивна енергија од оваа земја, топло ви ги препорачуваме овие прекрасни швајцарски села.rn

    Венген

    rnМирното швајцарско село Ванген е прекрасно место со долга историја. Домаќин е на познатото скијачко натпреварување „Lauberhorn Run“, а годишно го посетуваат илјадници вљубеници во овој спорт.rnrn9 идилични села во Швајцаријаrn

    Алтштетен

    rnОние кои обожаваат да го поминуваат своето време надвор, мораат да го посетат селото Алтштетен. Можете да ги шетате убавите улички на местото, да појдете на шопинг, да направите тура за да дознаете нешто повеќе за историјата на селото, да појдете на планинарење или да уживате во панорамата од специјализираното вовче кое ќе ве води на обиколка.rnrn9 идилични села во Швајцаријаrn

    Интерлакен

    rnСместено помеѓу двете прекрасни езера Бриенц и Тун, Интерлакен е прекрасно место за бегство од секојдневните обврски. Ќе се воодушевите од неговата убавина, а лесно е достапно со воз.rnrn9 идилични села во Швајцаријаrn

    Гимелвалд

    rnИако во Гимелвалд  живеат само 130 луѓе, ова место има што да им понуди на туристите кои го посетуваат. Можете да престојувате во неколкуте пријатни хотели и мотелчиња.rnrn9 идилични села во Швајцаријаrn

    Шпиц

    rnСместено на брегот на езерото Тун, Шпиц е прилично големо село. Главна атракција се водените спортови, заедно со замокот кој можете да го посетите со некоја тура. Овде морате да го пробате локалното вино.rnrn9 идилични села во Швајцаријаrn

    Лојкербад

    rnЛојкербад има долга историја, а се верува дека местото постои уште од 4-тиот век пред нашата ера. Локалните топли извори ги примамуваат туристите да дојдат да уживаат во придобивките од термалните бањи.rnrn9 идилични села во Швајцаријаrn

    Андермат

    rnОва село е доста популарно во скијачката сезона, но е и одлична алтернатива за летото, доколку сакате да си го поминете одморот релаксирајќи се во прекрасната природа.rnrn9 идилични села во Швајцаријаrn

    Гриндервалт

    rnПрекрасно село, кое е лесно достапно со воз. Во текот на годината во него се одржуваат голем број настани и фестивали.rnrn9 идилични села во Швајцаријаrn

    Мурен

    rnМалото село Мурен е тешко достижно, но вреди за маката. Рестораните имаат прекрасен поглед кон планините и снежните врвови.rnrn9 идилични села во Швајцарија
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Убавините на Киргистан

    Убавините на Киргистан

    Луѓето кои ја посетиле оваа мала земја велат дека не очекувале многу од неа, но го добиле токму спротивното. Испреплетена со убави планински масиви, Киргистан има многу што да понуди. Убавините на КиргистанУбавините на КиргистанУбавините на КиргистанУбавините на КиргистанУбавините на КиргистанУбавините на КиргистанУбавините на КиргистанУбавините на КиргистанУбавините на КиргистанУбавините на КиргистанУбавините на КиргистанУбавините на КиргистанУбавините на КиргистанУбавините на КиргистанУбавините на Киргистан
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Највисоките точки на секој континент

    Највисоките точки на секој континент

    Терминот „Седум врвови“, кој за првпат беше употребен од страна на Ричард Бас на 30 април 1985 година, ги означува највисоките точки на секој континент. Ретки се оние кои се обиделе да ги освојат сите седум планински врвови, од кои највисокиот достигнува повеќе од 8.000 метри надморска височина.rnrnНајвисоките точки на секој континентrn

    Врвот Меккинли во Алјаска, Северна Америка

    rnВрвот Меккинли во Алјаска, познат уште како Денали, е највисокиот планински врв во Северна Америка. Неговата висина изнесува 6.194 метри со што претставува највисока планина во светот. Во топографијата, истакнатоста (самостојна или релативна висина) ја означува висината на планинскиот врв, мерена од најниската изолинија која го окружува врвот. Според оваа мерка, Меккинли е трет топографски најистакнат врв во светот по Монт Еверест и Аконкагва.rnrnНајвисоките точки на секој континентrn

    Интересни факти за Меккинли:

    rn

      rn011

    • Од падините на Меккинли протекуваат пет големи глечери.
    • rn011

    • Првото искачување на врвот било организирано на 7 јуни 1913 година, од страна на експедицијата предводена од Хадсон Стак и Хари Карстенс.
    • rn011

    • Сепак, врвот за првпат бил освоен од Волтер Харпер кој по потекло бил од Алјаска.
    • rn011

    • Во 2003 година околу 58% од алпинистите го освоиле Меккинли. Но, до 2003 година околу 100 алпинисти го изгубиле животот обидувајќи се да го освојат овој врв.
    • rn

    rnНајвисоките точки на секој континентrn

    Врвот Аконкагва во Аргентина, Јужна Америка

    rnВрвот Аконкагва, висок 6.959 метри, се наоѓа на планинскиот масив Анди во аргентинската провинција Мендоза. Оддалечен е само 5 километри од провинцијата Сан Хуан и 15 километри од границата со Чиле. Самиот врв и неговата околина го сочинуваат Покраинскиот парк. Аконкагва изобилува со глечери од кои најголемиот глечер е Вентискверо Хорконес Инфериор, долг околу 10 километри.rnrnНајвисоките точки на секој континентrn

    Интересни факти за Аконкагва:

    rn

      rn011

    • Технички, Аконкагва е лесно достапна доколку се движите по нормалната северна рута. И покрај висината, Аконкагва е и најлесен врв за освојување затоа што не ви се потребни јажиња за да стигнете до него.
    • rn011

    • Првото снимено искачување кон Аконкагва се случило во 1897 година, од страна на една британска експедиција предводена од Едвард Фицџералд. Врвот прв го освоил Швајцарецот Матијас Зурбриген, на 14 јануари 1897 година.
    • rn011

    • Најмладиот алпинист кој ја освоил Аконкагва е Метју Мониц од Колорадо. Тој имал само 10 години кога на 16 декември 2008 година се искачил на Аконкагва. Од друга страна, најстариот алпинист, кој на 87-годишна возраст го освоил овој врв, е Скот Луис. Неговиот неверојатен подвиг се случил на 26 ноември 2007 година.
    • rn

    rnНајвисоките точки на секој континентrn

    Врвот Елбрус во Русија, Европа

    rnВрвот Елбрус е всушност згаснат вулкан на планинскиот венец во западен Кавказ, во близина на границата со Грузија. Постојат поделени мислења за местоположбата на Кавказ и заради тоа овој планински венец е поделен на европски и азиски дел. И покрај тоа, врвот Елбрус важи за највисока точка во Европа. Неговата висина изнесува 5.642 метри во западниот дел (Западен Елбрус), односно 5.621 метар во источниот дел (Источен Елбрус).rnrnНајвисоките точки на секој континентrn

    Интересни факти за Елбрус:

    rn

      rn011

    • Врвот Елбрус постојано се наоѓа под снежна покривка од која се создале 22 глечери.
    • rn011

    • Тој се наоѓа на тектонска плоча која се движи и затоа под овој веќе неактивен вулкан лежи големо количество на вулканска лава.
    • rn011

    • Прво бил освоен понискиот дел на Елбрус, а потоа повисокиот. Источен Елбрус прв го освоил Хилар Хахиров на 10 јули 1829 година, додека Западен Елбрус за првпат бил освоен во 1874 година, од една англиска експедиција предводена од Флоренс Крафорд.
    • rn011

    • Во обид да го освојат Елбрус, секоја година помеѓу 15 и 30 алпинисти го губат животот, најчесто заради слабата опрема и лошата организација.
    • rn

    rnНајвисоките точки на секој континентrn

    Врвот Монт Еверест во Непал/Кина, Азија

    rnМонт Еверест е највисокиот планински врв не само во Азија, туку и во целиот свет. Тој достигнува 8.848 метри надморска височина. Овој врв се наоѓа на Хималаите, на самата граница помеѓу Непал и Кина. Иако не е потребна некоја посебна техника за искачување, доколку се движите по јужната рута, сепак, Монт Еверест претставува опасност во однос на болестите поврзани со надморската височина и временските услови.rnrnНајвисоките точки на секој континентНајвисоките точки на секој континентrn

    Интересни факти за Монт Еверест:

    rn

      rn011

    • Првиот обид за освојување на Монт Еверест на 26 мај 1953 година бил неуспешен затоа што дел од членовите на британската експедиција останале без кислород. Тоа било поука за останатите членови кои стигнале до Монт Еверест неколку дена подоцна.
    • rn011

    • Првото самостојно освојување на врвот се случило на 20 август 1980 година. Алпинистот Реинхолд Меснер го освоил Монт Еверест без да користи боци со кислород и немал никаква поддршка при качувањето.
    • rn011

    • Најмногу смртни случаи се забележани во 1996 година. 16 алпинисти го загубиле животот искачувајќи се кон врвот, од кои дури 11 загинале само во мај.
    • rn011

    • Најмладиот освојувач на Монт Еверест е 13-годишниот Џордан Ромеро, а најстариот е 76-годишниот Мин Бахадур Шерхан.
    • rn

    rnНајвисоките точки на секој континентrn

    Врвот Килиманџаро во Танзанија, Африка

    rnКилиманџаро со своите три вулкански кратери претставува неактивен вулкан во истоимениот Национален парк во Танзанија. Со висина од 5.895 метри, Килиманџаро е највисокиот планински врв во Африка. Под овој врв се наоѓа огромно количество на лава, но и покрај тоа, последната ерупција на вулканот Кибо (единствениот активен вулкан на Килиманџаро) била забележана пред 200 години.rnrnНајвисоките точки на секој континентrn

    Интересни факти за Килиманџаро:

    rn

      rn011

    • Во 1889 година, Мејер и австрискиот алпинист Лудвиг Пурчелер заедно со својата експедиција го освоиле Килиманџаро после две неуспешни обида.
    • rn011

    • Официјалната дата на нивното освојување е 6 октомври 1889 година, за време на 40-от роденден на Пурчелер.
    • rn

    rnНајвисоките точки на секој континентrn

    Врвот Пунчак Џаја во Индонезија, Австралија

    rnВрвот Пунчак Џаја, висок 4.884 метри, е највисокиот врв на планинскиот венец Карстенз, во западно-централниот дел на провинцијата Папуа Нова Гвинеја во Индонезија. Освен тоа, овој врв е истовремено и највисокиот врв на островот Нова Гвинеја  и во цела Океанија. Со тоа, Пунчак Џаја претставува највисокиот островски планински врв во светот.rnrnНајвисоките точки на секој континентrn

    Интересни факти за Пунчак Џаја:

    rn

      rn011

    • Врвот за првпат бил освоен во 1962 година, од страна на четиричлена експедиција предводена од  австрискиот алпинист Хајнрих Харер.
    • rn011

    • За да се искачите до врвот, потребна ви е владина дозвола. Врвот бил затворен за туристи од 1995 до 2005 година, а од 2006 година тој е повторно отворен за туристичките агенции.
    • rn011

    • Откако Индонезија ја презела контролата врз Нова Гвинеја, во 1963 година, врвот се викал Пунчак Сукарно, а подоцна бил преименуван во Пунчак Џаја што во превод значи „славна планина“.
    • rn

    rnНајвисоките точки на секој континентrn

    Масивот Винсон на Антарктикот

    rnВинсоновиот масив, кој е дел од планинскиот венец Елсворт, е највисоката точка на Антарктикот. Највисоката точка е на 4.892 метри надморска височина. Тој е оддалечен 1.200 километри од Јужниот Пол. Неговата ширина изнесува 13 километри, а должината достигнува до 21 километар.rnrnНајвисоките точки на секој континентНајвисоките точки на секој континентrn

    Интересни факти за Винсоновиот масив:

    rn

      rn011

    • Овој масив името го добил дури во 2006 година, според Карл Винсон, долгогодишен член на Конгресот на САД.
    • rn011

    • Винсоновиот масив за првпат бил забележан во 1958 година, а неговото прво освојување се случило во 1966 година.
    • rn011

    • Од февруари 2010 година, евидентирани се 1.400 планинари кои се обиделе да стигнат до врвот на Винсоновиот масив.
    • rn

    rnНајвисоките точки на секој континентrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.