КАФЕ ПАУЗА

Tag: пипрекра

  • 10 најбогати извори на витамин Ц

    10 најбогати извори на витамин Ц

    Автор : Маја ВладимироваrnrnВитаминот Ц му помага на телото во одржувањето на здрави ткива и силен имунолошки систем, како и во апсорпцијата на железо. За витаминот Ц се смета дека е важен сојузник ако се обидувате да ја победите настинката или некоја друга болест, но пак можете паметно да го искористите и како дел од вашата диета.10 најбогати извори на витамин ЦДневната доза на витаминот Ц, која се препорачува да се внесе е 90 милиграми за мажи и 75 милиграми за жени. Внесувањето на овој витамин е навистина важно, па затоа ги издвоивме десетте најбогати извори на витамин Ц.rnrn

    1. Гуава

    rnГуавата е многу богата со витамин Ц – 100 грама од ова овошје содржи дури 228 милиграми витамин Ц и 56 калории. Консумирајте ја свежа или како дел од некој свеж коктел.10 најбогати извори на витамин Цrn

    2. Црвена пиперка

    rnЦрвената пиперка содржи солидно количество на витамин Ц. Во 100 грама свежи исечкани црвени пиперки има 184 милиграми витамин Ц и 20 калории. Доколку ја готвите, количеството на витамин Ц се намалува до 116 милиграми.10 најбогати извори на витамин Цrn

    3. Киви

    rnОва овошје важи за едно од најбогатите со витамин Ц. Едно киви со средна големина има околу 70 милиграми витамин Ц и околу 46 калории. Се препорачува да се консумира свежо или пак како додаток на некој десерт.10 најбогати извори на витамин Цrn

    4. Портокал

    rnПортокалот е синоним за витаминот Ц. Еден портокал со средна големина содржи околу 70 милиграми витамин Ц и 62 калории. Иако многумина очекуваа дека портокалот ќе се најде на првото место, сепак постојат побогати извори на овој витамин.10 најбогати извори на витамин Цrn

    5. Зелена пиперка

    rnОсвен црвената, и зелената пиперка е значително богата со овој витамин. Во 100 грама благи исечкани зелени пиперки има 80 милиграми витамин Ц и само 15 калории, додека во зготвени има 51 милиграми витамин Ц.10 најбогати извори на витамин Цrn

    6. Грејпфрут

    rnГрејпфрутот е нискокалорично овошје, па така во 100 грама има 40 милиграми витамин Ц и 32 калории.10 најбогати извори на витамин Цrn

    7. Сок од свежо исцеден зеленчук

    rnПиењето свежи сокови од зеленчук обезбедува големо количество на хранливи материи, вклучувајќи го и витаминот Ц. Во сок на база на домати, витаминот Ц е застапен со 50 милиграми во 150 милилитри, а ова количество сок содржи 34 калории.10 најбогати извори на витамин Цrn

    8. Јагоди

    rnОсвен тоа што се богати со влакна и антиоксиданси, јагодите се богати и со витамин Ц чие количество во 100 грама изнесува 59 милиграми. Истото количество јагоди содржи 32 калории.10 најбогати извори на витамин Цrn

    9. Зелка

    rnУште еден зеленчук којшто е исто така богат со витамини е зелката. Таа содржи 36 милиграми витамин Ц. Во 100 грама свежа зелка има 25 калории. Освен со витамин Ц, зелката е многу богата и со витамин К.10 најбогати извори на витамин Цrn

    10. Диња

    rnЕдна четвртина од диња со средна големина содржи 47 милиграми витамин Ц и 50 калории.10 најбогати извори на витамин Ц
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.