КАФЕ ПАУЗА

Tag: Philips Viva

  • Што треба да имате предвид пред да купите блендер?

    Што треба да имате предвид пред да купите блендер?

    Секој од нас добро ги знае сите бенефити кои ги носи блендерот во кујната, па во овој текст воопшто нема да зборуваме како тој стана најнеопходниот апарат во кујната. Денес ќе посветиме малку внимание на карактеристиките и функциите кои секогаш треба да ги имате предвид кога одите да го одберете вашиот најдобар пријател во кујната. За многумина тоа е цената, но кога станува збор за правење правилен избор, цената и не игра толку важна улога, туку сплет од многу поважни фактори кои на крајот носат многу подобар резултат. Можеби навидум на сите ни изгледа дека функцијата на сите блендери е иста, но треба да се има предвид дека разликата во резултатот од еден модел до друг е огромна, особено доколку ви е важно да го извлечете максимумот од состојките кои ги користите. Па да почнеме со ред.rn

    Моќност на мотор: потенцијалот за блендање хомогена текстура

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=Oiv0U0vJohErnrnМоќноста на моторот е главната карактеристика на сите електрични апарати, па токму затоа е многу важно да одберете доволно моќен мотор кој ќе испорачува максимални резултати. Моќноста на моторот ги дефинира вртежите кои ги прави блендерот, па токму затоа не брзајте и посветете време да ги споредите бројките за јачина и број на вртежи во минута. Не секогаш блендерот кој ви изгледа најдобро надворешно и кој совршено ќе се вклопи со другите елементи во вашата кујна, ќе испорача совршено смути. Секако, имајте предвид дека моторот не е единствениот фактор кој игра улога за совршено блендање. Многу е важен бројот на ножеви и нивниот квалитет, кои во комбинација со моторот ќе ви овозможат да добиете смути на кое ќе ви позавидат.rn

    Функционалност: за што ќе го употребувате блендерот? Само за меки состојки? Тврди?

    rnНе сите блендери имаат капацитет да ги извршат сите процеси, кои вас ви се потребни. Кога станува збор за блендери, најчестата грешка која многумина ја прават е купување на блендер од понизок ранг, од кој очекуваат дека ќе ги избленда и најтврдите состојки. Ова најчесто резултира со грутчеста текстура, која воопшто не е фина за консумирање, особено доколку станува збор за супа или смути. Пред да одберете блендер, добро размислете за што сакате да го користите. Сакате да правите сладолед од замрзнато овошје? Бебешки кашички? Сакате да смелете јаткасти плодови за правење торти и колачи? Задолжително напоменете ги овие работи на продажниот агент или пак побарајте да ги тестирате овие функции. Тука најголема улога игра опцијата за прилагодување на брзината и острината на сечилата кои треба да се справат со сите состојки подеднакво ефикасно.rn

    Квалитет и гаранција: колку долго можете да го користите блендерот, без да се грижите дека ќе се расипе?

    rnДоколку не сакате да купувате блендер на секои 2 години, квалитетот секогаш треба да ви е во приоритетните фактори при избор на производ. Покрај реномираното и докажано име на брендот на кој му верувате, секогаш треба да ги проверите условите во гаранцијата и да се распрашате за техничката спремност на сервисот кој би бил тука за вас во случај на проблем со уредот. Брендот кој се грижи за своите корисници, секогаш овие две работи ги има доведено до перфекција.rn

    Садови и додатоци: кои ќе ви го олеснат секојдневието

    rnШто треба да имате предвид пред да купите блендер?Садовите на блендерите најчесто се направени од стакло или пластика и варираат во својот волумен, најмногу зависно од целосниот дизајн на продуктот. Без разлика кој материјал го преферирате, внимавајте бокалот да е со поголем капацитет за да може убаво да се блендаат состојките во него, да не пропушта воздух кој во комбинација со моќните вртежи ќе допринесат побрзо да оксидира овошјето и зеленчукот, да не прокапува и лесно да се ракува со него. Препорачливо е да одберете блендер со кој доаѓаат чаши со кој можете да си направите смути за носење, бидејќи најчесто се поквалитетни, а и спаѓаат во цената на производот, па нема да имате дополнителни трошоци отпосле.rnrnШто треба да имате предвид пред да купите блендер?При изборот на нов кујнски апарат ви ги препорачуваме новите Viva и Avance блендери на Philips кои навистина ќе ви ја олеснат потрагата по совршен блендер. Viva блендерот има мотор со моќност од 700W и доаѓа со револуционерната Pro-blend 6 технологија која ослободува повеќе хранливи ресички во вашето смути. Од друга страна Avance моделот има мотор од 1400W кој овозможува 35.000 вртежи во минута, давајќи беспрекорно хомогена текстура. Avance моделот доаѓа со Pro-blend 6 3D технологијата која издвојува повеќе хранливи состојки од овошјето и зеленчукот и кој бленда за 50% подобро смути од своите претходници.rnrnНа двата модели вие ја одредувате брзината зависно од тоа дали блендате меки или тврди состојки, со што ја одредувате густината на смутито. Со секој од нив добивате стаклен бокал од 2 литри, во кој има доволно простор состојките убаво да се изблендаат, а дополнително да направите смути за целото семејство. Со Viva моделот добивате една, додека со Avance две чаши за носење, направени од висококвалитетна пластика без BPA супстанци, со кои можете директно да изблендате смути и да го понесете со вас на работа, на вежбање или на прошетка во парк.rnrnШто треба да имате предвид пред да купите блендер?rnrnПодетални информации за блендерите можете да најдете на официјалниот веб-сајт на Philips. Моментално на двата модели има промоции со ограничено времетраење со кои добивате попуст од 20%.

  • Пролетна детоксикација

    Пролетна детоксикација

    Во овој период од годината често го слушаме зборот „детокс“ – на радио, телевизија, на интернет, во разговори со нашите пријатели и роднини. Повеќе од кога било, ние, луѓето на денешницата, имаме потреба од благодатите на „детоксот“ поради тоа што во нашите организми внесуваме токсини повеќе од кога било во историјата на човекот. Токсините вградени во нашите коски и масните наслаги го попречуваат нормалното работење на нашите органи. Во текот на детоксикацијата, токсините се преработуваат од масти во водени молекули и се исфрлаат од организмот преку телесните процеси. Транзицијата од зима во пролет ни нуди идеална можност да го исчистиме телото од сите наталожени токсини, кои во помрзеливиот период од годината сме дозволиле да преовладуваат во нашиот организам. Пролетта ни дава голем избор на овошје и зеленчук кои се есенцијални за добар „детокс“ и лесно може да се комбинираат во здрави и вкусни смутиња.rnrnЗа да биде успешен процесот на детоксикација мора да се фокусираме на хидратацијата и нутритивната вредност на прехранбените продукти за да го стимулираме исфрлањето на токсините. Но, исто така, мора да испланираме време за движење и доволно време за спиење. Храната е најважниот дел од прочистувањето и може да ни е од најголема помош во процесот на пролетната детоксикација. Изборот на правилни состојки и правилниот начин на нивно консумирање може да донесе многу големи бенефити за нашето здравје, инстантно да ни го подобри метаболизмот, а и самите да се чувствуваме помладо и повитално. Искористете го овој период да направите рестарт на организмот и да му овозможите нов почеток.rnrnПролетна детоксикацијаrnrnДетокс програмата може да трае од 1 ден до 2 месеци и може да се заснова само на консумирање вода (еднодневен детокс), како и побалансиран начин на исхрана. Каков тип детокс ќе изберете зависи од вашите потреби и од тоа како се чувствувате. Во овој период, навистина треба да сте претпазливи и строго да се придржувате до правилата и целите кои ќе си ги поставите пред себе. За почеток, намалете ги или целосно исфрлете ги од исхраната сите протеински производи од животинско потекло, секако елиминирајте го црвеното месо (јагнешко и свинско) и пробајте да јадете пилешко месо или риба еднаш неделно. Мора да го исфрлите и алкохолот, како и продуктите кои содржат глутен.rnrnПричината поради која мора да стопираме со алкохолот е поради тоа што го оптоварува џигерот кој е одговорен за справување со токсините во нашето тело. Џигерот ни е потребен за да ги ослободи токсините во периодот додека трае детоксикацијата. Проблемот со глутенот пак, е во тоа што е најтешкиот молекул кој нашето тело треба да го разгради и со тоа дозволува токсините да навлезат во крвта. Можете да ја замените храната која содржи глутен со ориз, просо, киноа или хељда.rnrnФокусирајте се на она што ни го дава природата: повеќе зеленчуци и одредена количина овошје. :)rnrnПлодовите (но не оние кои имаат големо количество шеќер, како бананата), зеленчукот, чаевите од билки и водата ви се најголемиот пријател кога станува збор за детоксикацијата. Многу луѓе процесот на детоксикација го поминуваат со консумирање смутиња. Смутито е совршено за комбинирање на различни здрави плодови во еден оброк, особено кога зборуваме за зелениот зеленчук кој е препорачлив поради тоа што содржи антиоксиданси и е богат со хранливи ресички, витамини и има ниско количество на шеќери (целер, краставица, зелка, магдонос и марула). Многу полесно е да се подготви свежо смути со зелка, овошје и малку целер или ѓумбир отколку посебно да се прават овошна или зеленчукова салата. Затоа би ви препорачале да го започнете денот со смути, за ручек чиниите нека ви бидат полни со различни зеленчуци, плодови без глутен и одвреме-навреме риба или пилешко месо, попладне каснете овошје или повторно смути, а за ужина и вечера уживајте во свежа салата.rnrnПролетна детоксикацијаrnrnКога зборуваме за смутито, потребно е да се напомене дека не е важна само неговата содржина, туку и текстурата. Во последно време, се создаде точна дистинкција помеѓу стандардните блендери и блендерите со висока брзина. Стандардните блендери се перфектни за блендирање меки состојки кои содржат повеќе течност, но доколку сакате да изблендирате цврсти состојки како јаткасти плодови или ѓумбир, стандардните блендери не се во можност да ги изблендираат доволно добро, заради што ќе останат крупни парчиња, со што смутито е тешко за пиење. Новите Viva и Avance блендери на Philips имаат мотори од 700W и 1400W во комбинација со моќните технологии на блендирање Pro-blend 6 и Pro-blend 6 3D. Овие блендери овозможуваат за 50% подобри резултати во однос на претходните модели. Зошто е сето ова значајно? За максимален витамински буст многу е важно при подготовка на смутињата да го извлечете максимумот од нутритивните својства на овошјето и зеленчукот. Со неговата супериорна технологија на блендирање, Philips овозможува да одделите повеќе хранливи материи од состојките кои ги блендирате. Плус, текстурата на смутињата е многу подобра и со тоа смутињата се полесни за консумирање. Доколку сте пробале некогаш смути со парчиња овошје и зеленчук во него знаете за што зборуваме. :)rnrnPhilips Viva блендерот ви овозможува да ја контролирате брзината зависно од тоа дали блендирате меки или тврди состојки, додека Avance блендерите имаат свој смути пресет на брзина, како и мануелно сетирање на брзината. Правете здрави пијалаци секој ден, без притоа да морате премногу да размислувате за сите комбинации од состојки кои му се потребни на вашето тело.rn

    HR3556

    rnПролетна детоксикацијаrn

     HR3655

    rn[youtube height=”336″ width=”595″]https://www.youtube.com/watch?v=Oiv0U0vJohE[/youtube]rnrnУште една важна информација е тоа дека двата модели на Philips доаѓаат со 2 литарски бокал за подготовка на смути, една или две чаши во кои можете директно да го подготвите вашето смути и да го понесете со вас надвор од домот. Вака подготвеното смути со омилените состојки можете да го понесете со вас на пат кон работа или на факултет, во канцеларија или директно на тренинг доколку практикувате некоја физичка активност. Практично, овие чаши дозволуваат смутито да го понесете секаде со вас. :)rnrnПролетна детоксикација Пролетна детоксикација Пролетна детоксикацијаrnrnПодетални информации околу Philips блендерите можете да видите на официјалниот веб-сајт на Philips. Во моментов има промоции кои се со ограничено времетраење и на кои Philips Viva и Philips Avance блендерите се со попуст од 20%. Плус, доколку купите некој од овие производи добивате буклет со рецепти за смутиња кој содржи и информации за состојките и бенефитите од нивното ползување.rnrnПролетна детоксикацијаrnrnЗа самиот крај, за максимални ефекти во периодот на детоксикација, нè заборавајте и да вежбате. Сепак, фокусирајте се повеќе на кардио вежби и не заборавајте пред и после вежбањето убаво да се истегнете. Погрижете се во овој период од годината здравјето да ви е на прво место.