Сите ние сакаме да го зачуваме новиот изглед на облеката колку што е можно подолго и затоа треба да бидеме внимателни кога треба да се исперат одредени парчиња облека. Прочитајте што нè советуваат стручњаците за перењето на специфична облека.
rn
Градници
rnИдеално време за перење на градникот е после 3-4 носења. Тој не доаѓа во директен контакт со пазувите и затоа може да се носи неколку пати по ред. Сепак, потребна е пауза од 24 часа за градникот да може да ја врати својата еластичност. Ако се потите повеќе од вообичаеното, перете го градникот секој ден со нежен течен детергент.
rn
Фармерки
rnСо оглед на тоа што фармерките ја губат бојата со секое перење, препорачливо е да ги исперете после четвртото или петтото носење. Обидете се да ја задржите бојата на фармерките така што ќе ги перете превртени, односно ќе ја превртите внатрешната страна нанадвор.
rn
Јакни и сакоа
rnЈакната е доволно да ја облечете само 5-6 пати пред да ја ставите за перење. Но, знаејќи дека јакните и сакоата се носат над други парчиња облека и не доаѓаат во директен контакт со кожата, може да се перат и поретко. Не заборавајте повремено да ги проветрите ракавите и јаката на сакото или јакната заради прашината која се собира на овие делови.
rn
Пижами
rnПижамите менувајте ги двапати почесто отколку што ја менувате постелнината, односно исперете ги после 3-4 носења. Луѓето не се свесни колку се потат и колку мртви клетки завршуваат на пижамите во текот на ноќта, па заради тоа мислат дека штом си легнуваат чисти, не треба често да ги менуваат пижамите. Посебно бидете внимателни со свилените пижами затоа што тие впиваат повеќе телесни течности во споредба со памучните пижами. Свилените пижами менувајте ги секој ден.
rn
Здолништа
rnАко носите здолниште, малку е веројатно дека работите нешто „напорно“, па затоа здолништата може да ги носите неколку пати по ред пред да ги исперете. Исклучок се белите и свилените здолништа кои треба да се перат секој ден.
rn
Блузи и фустани
rnЗа да го зачувате подолго новиот изглед на блузите и фустаните, бидете сигурни дека нема да употребувате големи количини на дезодоранс. Се препорачува блузите и фустаните да се исперат после 1-3 носења.
rn
Маици
rnМаиците перете ги исто толку често како и долната облека, односно после секое носење. Тие се во директен контакт со кожата поради што често се изложени на впивање телесни течности и затоа треба да се перат често. За маиците важи правилото од четири часа според кое, ако маицата сте ја носеле помалку од четири часа, тогаш може повторно да ја облечете без да ја исперете.
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.



Наместо да се нервирате доколку сте ги заборавиле слушалките дома, на овие удобни и модерни блузи и јакнички имате вградени слушалки на врвките, кои секогаш ќе бидат со вас. Некои од нив имаат и џепче за да си го ставите во нив мобилниот, ајподот или друг уред на којшто слушате музика, а најдобриот момент од сѐ, е тоа што облеката без проблем може да се пере во машина за алишта – сосе слушалките!rn








rnrnОвие шик парчиња облека ги нудат компаниите „
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rnrn rnrn