КАФЕ ПАУЗА

Tag: перење

  • Како да ги исперете пожолтените перници?

    Како да ги исперете пожолтените перници?

    Перниците се незгодни за одржување. Тие знаат брзо да соберат врз себе доста прашина, разни мириси и нечистотии поради кои на крај изгледаат пожолтено.rnrnКако да ги исперете пожолтените пернициrnrnОвој проблем можете да го решите многу лесно доколку перницата може да се пере во машина за перење алишта. Тоа може лесно да се провери на нејзината етикета. Ставете ја пожолтената перница во машината, додајте една чаша детергент за перење алишта, една чаша избелувач и половина чаша боракс и вклучете на највисока температура. Кога ќе се испере извадете ја перницата за добро да ја протресете, а потоа вратете ја во машината и вклучете ја центрифугата. Перницата ќе биде сосема бела кога сето тоа ќе заврши.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дали го бришете вашето чисто тело со нечист пешкир?

    Дали го бришете вашето чисто тело со нечист пешкир?

    Колку редовно го перете вашиот пешкир? Дали тоа го правите после секое бањање/туширање или пак, го оставате во тоалетот да се суши после неколку последователни употреби? Погледнете што се случува доколку дозволувате вашиот пешкир или крпите во кујната да стојат долго време влажни и нечисти…rn

    Доколку вашиот омилен пешкир ви стои нечист со денови (па можеби дури и со недели), има големи шанси тој да привлекува нездрава мувла и бактерии во вашиот тоалет.

    rnДали го сушите вашето чисто тело со нечист пешкир?rn

    Пешкирот кој стои во топол тоалет со пареа им дозволува на микробите да имаат „оргија“ со купиштата мртва кожа која паѓа од вас додека се бришете со него.

    rnДали го сушите вашето чисто тело со нечист пешкир?rn

    Токму затоа, се препорачува да не го користите истиот пешкир повеќе од 3 пати, односно по 3-тото бањање најдоцна да го ставите за перење.

    rnДали го сушите вашето чисто тело со нечист пешкир?rnrn rn

    „Пешкирите кои се користат по бањањето или туширањето најчесто се оставаат да се исушат во тоалетот со цел да се искористат повторно“, вели Кели А. Рејнолдс која е професорка на Универзитетот во Аризона. „Бактериите и мувлата започнуваат да се насобираат на мокриот пешкир и како што тој се суши, така се намалува и нивното размножување.“

    rn

    Истото се случува со сите пешкири и крпи во вашиот дом.

    rnДали го сушите вашето чисто тело со нечист пешкир?rnrn rn

    „Крпите во кујната собираат многу повеќе штетни бактерии поради тоа што често се мокри и ретко кога имаат можност целосно да се исушат до следната употреба. Тие исто така собираат честички од храната во кујната бидејќи се во нејзина близина“, објаснува Рејнолдс. „Оваа состојба создава совршено сценарио за насобирање, растење и пренесување на бактерии.“

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • За што сè можете да го искористите шампонот за коса?

    За што сè можете да го искористите шампонот за коса?

    Освен што ја негува косата и ја прави чиста и мека, вашиот шампон може да направи чуда и во домаќинството. Ако ви има останато малку шампон или пак имате некој што не го користите, не фрлајте го туку искористете го на вистински начин.rnrnza-shto-se-mozhete-da-go-iskoristite-shamponot-za-kosa-kafepauza.mkrnrn1. Доколку имате проблем со патент кој заглавува, нанесете неколку капки шампон на него, па отворете и затворете го неколкупати. Вашиот проблем ќе биде решен за неколку минути.rnrn2. Слично постапете ако имате проблем со вадење на ханзапласт. Нанесете неколку капки шампон на него, почекајте една минута и потоа ќе го извадите безболно.rnrn3. Вратете го сјајот на кожните чевли. Ставете неколку капки шампон на памучна крпа, истријте ги, а потоа поминете ги со чистата страна, и тие ќе заблескаат како да се нови.rnrn4. За рачно перење на чувствителните ткаенини наместо да купувате скапи детергенти, во водата ставете неколку капки шампон за коса.rnrn5. Истото важи и за дамките на алиштата. Ставете неколку капки шампон на дамката, истријте и оставете нека постои. Потоа исперете на вообичаениот начин.rnrn6. Употребете го шампонот како замена за пената за бричење. Шампонот има свиленкаста структура што помага бричот да се лизга подобро, многу е поблаг од сапунот и не ја суши кожата.rnrn7. Избришете ја прашината од листовите на цвеќињата во вашиот дом. Направете мешавина од вода и неколку капки шампон, намокрете ја крпата па поминете ги листовите.rnrn8. Исчистете ја четката за коса и четките за шминкање. Истријте ги со шампон, а потоа добро исплакнете. Шампонот одлично ги отстранува телесните масти.rnrn9. Измешајте шампон и сода бикарбона за да добиете паста која ќе ви помогне да ги исчистите алуминиумските тркала на вашиот автомобил.

  • Најевтините и најефикасни начини за избелување на белите алишта

    Најевтините и најефикасни начини за избелување на белите алишта

    Белата облека во многу случаи е одличен и практичен избор, но проблемот е што тешко се одржува нејзината белина. Со современиот начин на живеење, неретко немаме време да ги групираме алиштата за перење според боја, па тоа за жал резултира со потемнети бели алишта кои изгледаат како валкани. Со помош на овие неколку трикови, вашите бели парчиња облека повторно ќе заблескаат во потполно бел сјај.rnrnnajevtinite-i-najefikasni-nachini-za-izbeluvanje-na-belite-alishta-kafepauza.mkrnrnЕден од најевтините начини за совршено избелување на белата облека е со помош на калиум перманганат кој може да се купи во аптека.rnrnРецептот е едноставен. Во 10 литри врела вода ставете неколку кристали калиум перманганат. Водата ќе стане розова, но тоа нека не ве плаши. Немојте да претерувате со количината за да не добиете темновиолетова боја.rnrnДодадете 200 грама детергент за перење и промешајте, па потоа додадете ја мократа облека. Легенот покријте го со најлонска кеса или фолија и оставете ја така да седи 4-5 часа (може и преку ноќ). Нека не ве буни бојата на водата, облеката ќе биде побела од кога било. Кога ќе ги извадите алиштата од течноста, исцедете ги и пикнете ги во машина за перење. Перете ги како и вообичаено.rnrnАко алиштата биле перени пред избелувањето, тогаш само исплакнете ги и ставете ги да се сушат. Облеката ќе ви биде беспрекорно бела.rn

    Дополнителни трикови:

    rn

      rn011

    • Во текот на перењето во прашокот за перење можете да додавате по 2-3 лажици сода бикарбона. Ќе заштедите на скапи средства за избелување, а облеката ќе ви биде совршено бела. Содата ја смалува тврдоста на водата, па така средствата за перење стануваат поефикасни.
    • rn011

    • Прашокот за пециво е исто така добар избелувач. Пред перењето истресете една ќесичка во прашокот за перење и промешајте. Резултатот нема да изостане.
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да ги отстраните жолтите дамки од пот на облеката?

    Како да ги отстраните жолтите дамки од пот на облеката?

    Дамките од пот на облеката многу пати нѐ натерале да се откажеме од омилената маица, кошула или фустан. За да им го вратите стариот сјај на алиштата и да ги спасите од фрлање, применете ги овие неколку супер трикови, со помош на неочекувани производи за домаќинството, кои ефикасно ги елиминираат трагите од пот и не ја оштетуваат ткаенината.rnrnkako-da-gi-otstranite-zholtite-damki-od-pot-na-oblekata-kafepauza.mkrn

    1. Сок од лимон

    rnПомешајте еднаква количина свежо исцеден лимонов сок и вода. Со мешавината натопете ги дамките од пот и добро истријте ја површината. После тоа облеката исперете ја стандардно со прашок.rn

    2. Аспирин

    rnИситнете 2 Аспирина и измешајте ги со шолја топла вода. Прелијте ја смесата врз дамката и оставете да делува околу 3 часа, а потоа исперете.rn

    3. Сода бикарбона

    rnСода бикарбоната помешајте ја со малку вода, додека не добиете смеса како тесто. Во тенок слој намачкајте ја смесата врз дамката и оставете да делува околу 1 час. Исперете во машина за перење на стандарден начин.rn

    4. Кујнска сол

    rnСолта помешајте ја со топла вода, измешајте додека не се растопи и нанесете врз дамките пред да исперете.rn

    5. Бел оцет

    rnДиректно на дамката нанесете оцет и оставете да делува неколку минути, а потоа исперете.rnrnСовет: Ниедна од наведените состојки за отстранување на дамките не треба да се користи на нежни материјали. Доколку после првиот обид, дамката не излегува, во целост повторете ја постапката додека добиете не чисто парче облека без жолти дамки од пот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Центрифуга бар – пијте кафе и дружете се додека ви се пере облеката

    Центрифуга бар – пијте кафе и дружете се додека ви се пере облеката

    Во нашата држава, алиштата ги переме во рамките на нашиот дом, но во други земји луѓето го собираат купот валкани алишта и го носат во пералници, каде што мораат со часови да чекаат и да зјапаат во барабанот кој се врти во круг, додека машината не заврши. Ваквата обврска дефинитивно не спаѓа во интересниот дел од секојдневието. Но, сопствениците на една пералница во Гент, Белгија решиле оваа досадна рутина да ја претворат во забавна социјална активност.rnrnЦентрифуга бар - пијте кафе и дружете се додека ви се пере облекатаЦентрифуга бар - пијте кафе и дружете се додека ви се пере облекатаrnrnВеројатно никој од околните жители не би можел да претпостави дека ќе се радува за одењето во пералница, но сега кога знаат дека во неа можат воедно да пијат пијачки со пријателите, да вечераат, понекогаш да слушаат музика во живо, па дури и да си направат нова фризура, тогаш валканата облека и тоа како може да стане само добар изговор за одличен помин.rnrnЦентрифуга бар - пијте кафе и дружете се додека ви се пере облеката Центрифуга бар - пијте кафе и дружете се додека ви се пере облекатаrnrnОваа пералница дизајнирана од страна на белгиското архитектонско студио Pinkeye, нуди кафуле со многу пријатен ентериер и фризерски салон кој ќе се погрижи за вашата коса, па поради интересниот социјален концепт, во неа наминуваат дури и оние кои имаат сопствена машина за перење и немаат потреба од услуга за перење. Денешниот социјален клуб Wasbar во кој одите за да си ја исперете облеката, порано бил книжарница. Сега е совршено добро стокмен, така што боите одмораат, а декорациите забавуваат. Технолошкиот аспект исто така не треба да се занемари – струјата која постојано треба да функционира беспрекорно за да работат машините и барот, како и умешното прикривање на цевките и жиците од видик, кои се вметнати во таванот.rnrnЦентрифуга бар - пијте кафе и дружете се додека ви се пере облеката Центрифуга бар - пијте кафе и дружете се додека ви се пере облекатаrnrnОвој бар, покрај во Гвент, го има и во белгискиот град Антверпен. Целата идеја звучи навистина интересно, а вам ви оставаме да си замислите како изгледа да тргнете во кафуле за да се дружите, носејќи со себе кеса со валкани алишта или да пиете кафе на јавно место со виклери на глава!? :)rnrnЦентрифуга бар - пијте кафе и дружете се додека ви се пере облеката Центрифуга бар - пијте кафе и дружете се додека ви се пере облеката Центрифуга бар - пијте кафе и дружете се додека ви се пере облеката Центрифуга бар - пијте кафе и дружете се додека ви се пере облеката Центрифуга бар - пијте кафе и дружете се додека ви се пере облеката Центрифуга бар - пијте кафе и дружете се додека ви се пере облеката Центрифуга бар - пијте кафе и дружете се додека ви се пере облеката
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како вашата облека подолго да трае?

    Како вашата облека подолго да трае?

    Убавиот пар фармерки ви избледи, омилената кошулата ја искапавте со црвено вино, а чевлите кои ги купивте пред неколку месеци веќе изгледаат старо? За да не ги посетувате бутиците почесто од потребно и за да не ја испразните вашата кредитна картичка, научете ги овие неколку трикови, со кои можете да ѝ го продолжите векот на вашата гардероба.rnrnКако вашата облека подолго да трае?rn

    Спречете го избелувањето на фармерките

    rnКолку пати ви се случило да си купите одличен пар фармерки и после само неколку перења, да им избледи бојата? Наместо да се разочарувате, употребете еден трик при перењето кој ќе направи вашите фармерки да траат со години.rnrnКако вашата облека подолго да трае?rnrnПред првото перење на фармерките, потопете ги во леген со иста количина на студена вода и бел оцет, за да ја фиксирате бојата. Пред второто перење, повторно потопете ги фармерките во послаб раствор од вода и бел оцет, половина час пред да ги перете во машина, за да ја одржите свежината на бојата. Во 3 литри ладна вода, ставете 3 децилитри бел оцет или повеќе доколку забележите дека водата сè уште се обојува. Најважно од сè, е никогаш да не заборавате да го превртувате џинсот наопаку пред да го перете во машина. Овој едноставен чекор, може да значи одржување на квалитетот на бојата, во наредните неколку години.rn

    Зачувајте ја облеката која има интензивна боја

    rnЗачувајте ја облеката со силна боја, така што ќе ја перете во студена вода и ќе додадете 80 мл бел оцет во последното плакнење. Не грижете се дека облеката ќе ви мириса на оцет. Додека да се исуши, нема воопшто да се чувствува мирисот, а боите ќе заблескаат.rnrnКако вашата облека подолго да трае?rn

    Отстранете ги тврдокорните дамки

    rnРечиси секоја дамка може да биде отстранета доколку реагирате веднаш. Употребете газирана вода или микс од сапун и топла вода, веднаш кога ќе се потурите со нешто. Освен ако не станува збор за некоја ептен лоша дамка, со овие трикови би требало веднаш да ја исчистите. Неколку капки шпирт врз тврдокорна дамка од мастило или трева, ќе направат чудо. За дамки од џус од портокал или црвено вино, пробајте со микс од неколку супени лажици сода бикарбона и малку вода, за да се формира паста. Тријте ја дамката со пастата и почекајте да се исуши на ткаенината пред да ја перете.rnrnКако вашата облека подолго да трае?rnrnДоколку дамката е веќе фиксирана, сепак не фрлајте ја облеката во контејнер. Наместо тоа, купете боја за бојадисување и следејќи ги упатствата на пакувањето, бојадисајте го вашето оштетено парче облека во потемна боја. Тоа ќе изгледа како ново и би требало да ја покрие непослушната дамка.rn

    Освежете ја црната облека со кафе или чај

    rnЗабележувате како вашиот убав црн фустан почнува да избелува? Додадете една шолја со силно кафе или темен чај во плакнењето. Можеби звучи необично, но делува.rnrnКако вашата облека подолго да трае?rn

    Продолжете им го векот на градниците

    rnГрадниците е најубаво да се перат на рака во легенче со ладна вода и течен прашок за алишта, бидејќи се нежни. Доколку сепак се одлучите да ги перете во машина, купете специјална мрежа за перење градници или едноставно ставете ги во навлака за перница. Со овој начин на перење, тантелата на градниците нема да стане како корка и нема да се искине, ниту прерамките ќе се растегнат. За да не ги оштетите градниците, избегнувајте да ги сушите во сушилница во која поради брзото вртење и топлината ќе се оштети нежниот материјал.rnrn6-kako-vashata-obleka-podolgo-da-trae-www.kafepauzarn

    Одржете го изгледот на вашите чевли

    rnПосле секое носење на чевлите, поминете ги со влажна крпа. Можеби ова звучи премногу познато, но редовното отстранување на прашината од чевлите е основен чекор, за спречување на појава на бори и пукнатини, кои потоа не можат да се поправат. За да го одржите правилниот облик на патиките и потпетиците, отстапете им доволно простор на полицата за чевли за да не се гмечат и вметнете стуткан весник внатре. Кожните чевли се склони кон сушење, поради тоа редовно чистете ги со влажна крпа, полирајте ги со боја за чевли и често премачкувајте ги со бебешко млеко за тело, за да ја одржите влажноста. Со добра грижа, вашите чевли секогаш ќе изгледаат како нови.rnrnКако вашата облека подолго да трае?rn

    Селектирајте ја облеката и според типот на материјалот

    rnСигурно ги селектирате вашите прачиња облека пред перење на бели, темни и шарени. Но, имајте на ум дека повеќе ќе ѝ го зголемите векот на вашата гардероба, доколку ја селектирате и според материјали. Парчињата облека кои сте ги ставиле во машината за перење многупати меѓусебно се преплетуваат и тркалаат заедно, па најверојатно не сакате вашата нежна и тенка кошула за на работа да се искине од патентот на дебелиот џемпер или да поприми влакна од некој материјал којшто испушта. Селектирајте ја гардеробата на нежна облека за на работа и излегување, памучни маици, панталони и чаршави и дебела облека како дуксери и фармерки. Не заборавајте да ги закопчате копчињата и патентите пред да ја ставите облета во машина, за да спречите тие да искинат некое друго парче, при вртењето.rnrnКако вашата облека подолго да трае?rn

    Чувајте ја паметно облеката во плакарите

    rnДоколку парчињата облека во вашиот гардеробер, честопати имаат тенденција да го губат својот облик, тоа значи дека не се чувани добро. За да го решите овој проблем, треба да знаете кои парчиња треба да се здиплат, а кои да се чуваат на закачалка. Џемперите, дуксерите и маиците повеќе го задржуваат природниот облик доколку се чуваат здиплени, бидејќи закачалките можат да го растегнат материјалот околу рамената. Закачете ги на закачалка фустаните, кошулите, пантолоните и свилените блузи, за да го спречите збрчкувањето и губењето на обликот.rnrnКако вашата облека подолго да трае?rnrnТешките одела и јакни чувајте ги на поцврсти закачалки, бидејќи тежината ќе ги искриви нежните закачалки, што може да доведе до губење на обликот околу рамената на оваа ваша скапа облека. Облеката за другите сезони, спакувајте ја во платнени торби со патент и во пластични кеси кои се вакуумираат, за да спречите навлегување прашина во внатрешноста на материјалот, појава на мувла и дупки од молци.rn

    Други важни совети околу перењето и сушењето

    rnМожете многу да им го продолжите животот на вашите парчиња облека, перејќи ги во ладна вода. Со тоа не само што ќе заштедите енергија, туку и ќе ја зачувате бојата, формата и големината на облеката.rnrnПреполнувањето на машината за перење може исто така да ја оштети облеката, така што поделете го големиот куп на два дела, на две машински перења. Секогаш кога можете, сушете ја облеката на природен начин, а не во сушилница, за да избегнете избелување на бојата, нагризување на материјалот и набирање и смалување на облеката.rnrnКако вашата облека подолго да трае?rnrnПоследно, но не и неважно, е дека секогаш треба да внимавате на количеството детергент и омекнувач кое го употребувате. Не ставајте повеќе од препорачаната доза, бидејќи тоа не само што нема подобро да ги исчисти вашите алишта, туку ќе направи да изгледаат млитаво и круто.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да ја зачувате бојата на фармерките?

    Како да ја зачувате бојата на фармерките?

    Фармерките, особено оние од темен тексас, после одредено време почнуваат да избледуваат. За да го избегнете ова, пробајте да се придржувате на овие 5 клучни правила.rnrnКако да ја зачувате бојата на фармеркитеrnrn1. Во вода додадете поголема количина сол и потопете ги фармерките во неа. Оставете ги да отстојат околу саат време, а потоа исперете ги во машина за перење. Без разлика дали сега сте ги купиле или веќе ги имате носено неколку пати, оваа постапка ја фиксира бојата.rnrn2.  Новите фармерки исперете ги со оцет. Додадете една шолја алкохолен оцет во преградата за детергент, а фармерките исперете ги на програма за ладно перење без детергент и омекнувач. Оцетот исто така ја фиксира бојата.rnrn3. Фармерките секогаш перете ги превртени наопаку и секогаш со темна облека.rnrn4. Перете ги само на ниски температури, а доколку имате време најдобро е да ги перете на рака. Потопете ги во ладна вода со детергент за перење и оставете ги 15 минути да отстојат, па потоа исперете ги. Топлата вода побрзо ја вади бојата.rnrn5. Избегнувајте да ги сушите фармерките во сушилница. Високите температури го оштетуваат материјалот, а покрај губењето на бојата, може и да се деформираат фармерките.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Куќни обврски кои ќе ви помогнат да ослабете

    Куќни обврски кои ќе ви помогнат да ослабете

    За вашиот дом да свети, потребно е многу труд и работа. Но, целиот тој труд и работа може да ви помогне да имате подобра фигура и да бидете во одлична форма. Бројот на калории кои се трошат за време на чистење со правосмукалка, миење садови или бришење прозори, ќе ве натераат секоја недела да правите генералка по дома.rnrnКуќни обврски кои ќе ви помогнат да ослабетеrn

    Чистење на купатилото

    rnЗа полчасовно чистење на кадата можете да потрошите 200 калории. Кога на ова ќе ги додадете калориите потрошени за чистење на останатите елементи во купатилото, се добива една одлична бројка.rn

    Чистење на подовите

    rnСо едночасовно чистењето со правосмукалка се согоруваат 180 калории, додека едночасовното чистење со џогер согорува 280 калории.rn

    Готвење

    rnДа, да, добро читате. И со самото приготвување на храната се трошат калории. За едночасовно вртење низ кујната се трошат 150 калории.rn

    Местење кревет

    rnСекое утро, задолжително местете си го креветот, бидејќи со тоа трошите околу 130 калории.rn

    Бришење прозори и огледала

    rnСо полчасовно чистење на прозорите во куќата се трошат 125 калории.rn

    Собирање и фрлање ѓубре

    rnЗа еден час собирање ѓубре од дворот или од куќата ќе потрошите 105 калории. Сигурно нема да имате прилика еден час да собирате ѓубре по дома, но на неделно ниво е сосема доволно.rn

    Миење садови

    rnСо полчасовно миење садови ќе потрошите 125 калории. Ова е одлична причина зошто оваа активност да ја извршувате со мерак.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најкул реклама за машина за перење алишта

    Најкул реклама за машина за перење алишта

    Кога станува збор за бела техника, како да им недостасува инспирација на маркетинг агенциите. Не можеме да кажеме дека прават контрапродуктивни реклами, но повеќето од нив се ектремно досадни и премногу си личат една на друга. За првпат налетавме на нешто навистина воодушевувачки кретивно и забавно. Станува збор за последниот маркетинг потег на компанијата „Самсунг“, за нејзиниот најнов модел на машина за перење алишта. Повеќе не би коментирале, за да не ви го уништиме изненадувањето. Ќе ви откриеме само дека главниот актер во рекламата е една голема, страшна и педантна мечка. :)rnrnНајкул реклама за машина за перење алиштаrnrnПа што чекате, погледнете ја најдобрата реклама на светот за машина за перење алишта. Таа е една од ретките кои не би ве изнервирале доколку додека гледате филм на некој од домашните телевизиски канали, наеднаш ви го прекинат на најинтересната сцена и направат ЕПП пауза. :)rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.