Перењето на ниски температури реално ја намалува потрошувачката на енергија, но во исто време носи и голем ризик за здравјето, бидејќи не ги чисти сите микроорганизми насобрани на постелнината, крпите и облеката. Перењето на 30 до 40 степени Целзиусови отстранува само мал дел од микроорганизмите и прашинските грини. Од друга страна, кога переме на 60 степени, нивното отстранување е речиси 100%.rnrn
rnrnПоради тоа, пред перење, облеката, крпите и постелнината треба да се селектираат, а за белите препорачливо е да се користи и избелувач. Особено внимание треба да се обрне на детската облека, бидејќи често се валка. Користете и соодветен детергент и средство за дезинфекција при перење. Луѓето кои се целосно здрави нема да почувствуваат негативни влијанија од недоволниот хемиски третман на испраните ткаенини, што не е случај кај болните и лицата со намален имунитет, особено оние кои штотуку излегле од болница.rnrnОсвен визуелно, облеката треба да биде и хемиски чиста. Сетете се дека вашите баби, а можеби и мајките, белата долна облека, навлаките за перница и чаршавите ги вриеја на 100 степени. За машинско перење, најдобро е тоа да биде на најмалку 60 степени Целзиусови, за да бидете сигурни дека се отстранети сите мртви клетки кои паднале од кожата, прашинските грини и невидливиот дел од инсектите.rnrn
rn
Како да изберете детергент?
rnПостојат два вида детергенти, небиолошки (содржи избелувач и дезинфекциски честички) и биолошки, со ензими и протеини кои реагираат со нечистотиите. Исто така, дајте му предност на прашокот за перење, наместо на течниот детергент, бидејќи според експертите, содржи поголема концентрација на избелувач и дезинфициенс.rn
Долна облека
rnДолната облека, заедно со крпите и постелнината, може да содржат голем број бактерии како што се стафилокока и ешерихија коли. Затоа треба да се перат на високи температури, а потоа и да се испеглаат, за целосно да бидат исчистени од штетните микроорганизми. Особено е важно да се внимава на перењето на долната облека на лица кои страдаат од некоја болест.rn
Бебешка облека
rnОблеката на бебињата и малите деца треба да се пере одвоено од онаа на возрасните, со специјален детергент. Особено треба да се внимава во истата тура во машината да не се перат крпи од тоалетот и кујната.rnrn
rn
Кујнски крпи и готвачки униформи
rnТие често се контаминирани со остатоци од храна и бактерии како ешерихија коли и салмонела. Перете ја облеката за готвење одделно од останатата и секако, на повисока температура, за да избегнете овие бактерии да ги пренесете на останатите членови на семејството.rn
Чистење на машината за перење
rnМашините за перење задржуваат дел од нечистотијата од облеката и поради тоа треба најмалку еднаш месечно (а може и еднаш неделно) да се пушти да испере „напразно“ со силен детергент на највисока температура. Исто така, ефикасно е и чистењето со оцет и сода бикарбона. Содата се става во делот за прашок, а оцет во преградата за омекнувач и се пушта на 90 степени. Редовно чистете го и филтерот на машината, но и дезинфицирајте ја фиоката за детергент.rnrnПрочитајте и што сè може да исчистите во машината за перење.

rn


rn
rnrnИако имаме среќа што живееме во време кога сепак не мораме сè да переме рачно, мораме да внимаваме како го правиме тоа, со цел облеката да ни остане убава подолго време.
rn
rn
rn
rn

rn
rn