Секој од нас се расположува кога ќе седне во кафе-бар и келнерот ќе му донесе убаво кафенце со пена обликувана во срце или лист. Од што изгледа толку добро, жал ви е да го „расипете“ со првата голтка. Но, кај нас не секој бариста знае да црта на млечна пена, па ова задоволство не ни се случува секојдневно. Отсега не ви е потребно да поседувате вештина за цртање по пената од кафето, туку само една модерна машина за кафе во вашата кујна. Технологијата се менува, а овој пат со неа се менува и начинот на доживување на искуството наречено пиење кафе.Huang Guanglei ја дизајнирал машината за кафе т.н. „iCoffee“, која може да се поврзе со вашиот смартфон, со помош на блутут уред, кој е вграден во самиот апарат. Користејќи ја блутут технологијата, вие можете да пренесувате слика од вашиот телефон, во шолјата кафе, во форма на млечна пена. „iCoffee“ има скриени одводи за кафе и млеко, т.е. матрица од иглички. Откако ќе ја прими испратената слика од мобилниот телефон, машината ја користи матрицата за да ја преслика во форма на млечната пена. Па, без разлика дали на сликата има напишано некој збор, мачето „хелоу кити“ или името на некој бренд, не треба да се грижите како ќе испадне, бидејќи овој кафемат може да ги произведе сите облици на млечна пена. Оваа екстремно интересна машина за кафе на 21-от век, не е лимитирана само на обликот на млечната пена кој го создава. Таа истовремено има и еден прекрасен, минималистички дизајн со елегантни агли, кој ќе ù даде шарм и стил на секоја кујна.Кој би помислил дека еден кафемат може да биде истовремено и печатач и дека ќе може да ја испечати на вашето кафе, сликата која вие ќе ја одберете?! Нејзиниот оперативен интерфејс вклучува копчиња за слика, време, количина и сл.Ако сте поспани наутро, можете да се разведрите со млечна плена во облик на смешко, можете да му се извините на вашиот љубовен партнер доколку сте погрешиле или да му кажете колку го сакате преку шолјата кафе. Одеднаш и пријателите повеќе ќе ве дружат бидејќи ќе сакаат да пијат кафе исклучиво кај вас дома. Ќе се сложите со нас, дека многу нешта можат да се случат во текот на една кафе-пауза…rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Кафе, уметнички прошарано во пената, бисквит и понеделничкото утро може да започне. Делува релаксирачки, нели? Со оваа слика на вашиот десктоп, често ќе се потсетувате да се опуштите и да уживате додека го пиете вашето омилено утринско кафе.rnrnКликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1280) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.rn
rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Има нешто во пената од кафе… нешто што моментно ни ги буди сетилата, не стрви за следната голтка, не прави задоволни кога ќе ја шмркнеме. Утринското кафе е најслатко затоа што е првото кое го вкусуваме. Па, ако првата работа која ја правите наутро е вклучување на вашиот компјутер, оваа позадина, ќе ви го надополни уживањето.rnrnКликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1280×1024) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
Совршена уметност во шолја полна со штотуку сварено кафе. Има ли подобар начин за започнување на денот? Оваа позадина е за луѓето кои ги сакаат едноставните нешта, кои умеат да уживаат во нив, кои умеат да го видат и доживеат очигледното на поинаков начин. Одличен сервис за кафе, пеперутка во филџан, сосема доволно пена и многу кафен простор за вашите икони.rnrnКликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1200) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.rn
Декорирање по желба: замрзната пена, рендани чоколадни парчиња
rn
rn
Начин на подготовка:
rn1. Искомбинирајте ги засладувачот, какото и кафето во длабок сад. Постепено додавајте ја зовриената вода, додека истовремено постојано ја мешате смесата. Мешајте така додека смесата не стане сосема хомогена. Додајте една шолја пола-пола. Ставете ја смесата во калапи за мраз и почекајте 8 часа за да добиете замрзнати коцки.rnrn2. Ставете ја втората шолја пола-пола во блендер. Постепено додавајте ги мока-коцките и мешајте додека не се измазни смесата. Веднаш сервирајте. По желба, декорирајте со пена и чоколадни парчиња.rnrn rnrn
Ви се јаде нешто благо, а не сакате да експериментирате со торти и колачи? Сè што ви треба се чоколадо, вода и 5 минути слободно време. Да, баш така. Еве како да ја направите оваа брза чоколадна крем-пена:rnrnrnrn
Потребно е:
rn
rn011
265 г чоколадо со 70% какао маса
rn011
240 мл вода
rn011
4 дополнителни лажички вода (во случај ако чоколадото ви е многу горчливо)
rn
rn
Подготовка:
rnЗемете два длабоки сада, еден голем и еден помал. Помалиот наполнете го со мраз и врз него ставете го поголемиот. Во тенџерче на оган со средна температура, ставете го чоколадото, претходно искршено на коцки, да се стопи заедно со водата. Мешајте повремено додека чоколадото сосема не се растопи и поврзе со водата. Стопеното чоколадо ставете го во големиот сад и со миксер или жица за мешање почнете да ја матите смесата додека не стане густа. Мешајќи, чоколадото ќе се згусне затоа што топлината од чоколадната смеса ќе почне да се поврзува со мразот врз кој матите. Ако во смесата со текот на матењето почнат да се појавуваат грутки, не грижете се – додадете уште малку вода и мешајте додека не добиете густа чоколадна смеса. Сервирајте во омилените десертни чаши.rnrnЗабелешка: Оваа чоколадна крем-пена освен како десерт, може да ви послужи и како убав и богат фил за во некоја торта.rnrn
Прекрасен и богат вкус на утринско кафеrnrnrnrnrnПотребно време за подготовка: 10 минутиrnrnПотребни состојки:rn
rn011
1 dl млеко
rn011
1 dl топло еспресо
rn
rnНачин на подготовка:Стоплете го млекото на тивок оган. Мешајте брзо со жица за матење за млекото да се распени. Сипете го свареното еспресо во повисока шолја или дебела стаклена чаша и ставајте од млекото држејќи ја пената со лажичка. Пената искористете ја за врвот од кафето. Декорирајте со цимет и додадете шеќер по вкус.rnrnrnrnrn
Богат вкус, лесен за подготовкаrnrnПотребно време за подготовка: 10 минутиrnrnПотребни состојки:rn
rn011
200 милилитри млеко
rn011
30 милилитри сируп со вкус на ванила
rn011
45 милилитри топло еспресо
rn011
2 грама цимет
rn
rnНачин на подготовка:Најпрво,млекото загревајте го на тивка температура додека не стане пенесто. Во шолја за кафе ставете ги сирупот и топлото еспресо. Откако млекото ќе се загрее, сипете го во шолјата, притоа држејќи ја пената со лажичка. Пената искористете ја за декорација и врз неа нанесете цимет.rnrnrnrn
Богат и неодолив вкус кој секому би му се допаднал
rnrn
Потребно време за подготовка: 5 минути
rn
Потребни состојки:
rn
rn011
40 мл ликер од ирски крем
rn011
20 мл ирско виски
rn011
200 мл топло варено црно кафе
rn011
Шлаг пена
rn011
Морско оревче (по желба)
rn
rn
Начин на подготовка:
rnВо висока стаклена чаша за кафе, искомбинирајте ги ликерот и вискито, а потоа додадете го топлото кафе. На врвот нанесете ја шлаг пената и морското оревче. Уживајте…rnrn rnrn