„Набиениот“ работен распоред не ги спречува ниту најуспешните луѓе во светот да ја покажат својата љубов кон животните. Некои од нив се премногу блиски со своето милениче и повеќе личат како да се милуваат со љубовен партнер, а не со животно, други имаат чуден избор на животинче-пријателче, а трети ги користат помалите мирни животинки како моден детаљ со кој се прават важни во јавноста. Погледнете за што станува збор.
rnrn
Кети Пери очигледно негува голема љубов кон ова мило кенгурче. „Аха, се љубам в уста со кенгур.“ – објавила поп ѕвездата на Твитер, на 12 мај.
Првото куче на сопрузите Барак и Мишел Обама, дефинитивно го одржува во фит форма овој брачен пар. Претседателот на САД и првата дама, се држат за раце додека го бркаат нивното куче Бо на јужниот тревник крај Белата куќа минатиов јуни, чија раса е португалско водно куче.
Џастин Бибер очигледно почнал да се интересира за водниот животински свет. „Во друштво со мојот нов пријател“ – твитна поп ѕвездата на 8 септември.
rn
Актерката Ен Хатавеј можеби е зафатена со снимањето на филмот „The Dark Knight Rises“ во кој таа ја глуми улогата на жена-мачка, но на крајот од долгиот ден, таа отишла со нејзиното куче Есмералда на прошетка во Пистбург, на 5 август.
Дрскиот фраер од ТВ серијата Gossip Girl (Озборувачка) Ед Вествик, го шета неговото куче додека е на снимање во Њујорк, на 14 септември.
Секое куче има право на свој посебен ден! Присуствувајќи на настанот „Божиќ за миленичиња“ во месец јули, кој е наменет за промоција на подароци за миленичиња, а чии гости се само VIP фаци, Денис Ричардс решила додека е таму, да нахрани едно среќно кутре.
Музичарот Елтон Џон се спријателува со делфинот Лили, кој се наоѓа во Аквариумот Џорџија, а неговиот маж Дејвид Фурниш и деветмесечното бебенце се смешкаат во позадина.
Можеби „очајната домаќинка“ Ева Лонгорија е од неодамна сингл жена, но неа очигледно во моментов не ù е потребен маж кој ќе ù прави друштво. „Примање малку љубов од Џинкси!“ – твитнала актерката на 1 февруари.
Ѕвездата на ТВ серијата „How I Met Your Mother“ (Како ја запознав мајка ви) Ниел Патрик Херис заедно со неговиот партнер Дејвид Буртка имаат две бебиња и две кучиња. Новите татковци дискретно ги носат близнаците Харпер Грејс и Гидеон Скот, додека ги шетаат нивните кучиња низ Лос Анџелес на 30 јануари.
Хилари Даф релаксирано си возела велосипед покрај езерото Толука во Калифорнија на 12 август, заедно со нејзиниот јоркширски териер кој се вика Јак.
Аманда Сејфрејд му покажала нежност на своето куче Фин, во Лос Анџелес, во февруари 2010. Таа изгледа обожува да се бакнува на француски начин, со нејзиното куче, кое е од расата австралиски овчар.
По сè изгледа бившата сопруга на Рајан Филипе, Рис Витерспун си имала слободен ден само за себе. Посветениот татко, ги прошетал неговите две деца Ева, 11, Дикон, 7 и семејното куче, во Беверли Хилс на 13 март.
Дру Баримур многу се зближила со едно необично, влакнество суштество – мало слатко меченце, додека била на фестивалот Синема Кон, во Лас Вегас, на 30 март.
Мараја Кери има дури пет крзнени пријателчиња кои ù помагаат да го намали стомачето после раѓањето близначиња во април. Таа ја споделила оваа слика на нејзиниот Твитер профил на 20 август со наслов „Џогирање во кучешки стил“.
Дефинитивно најинтересна „алка“ на МТВ видео музичките награди имал Џастин Бибер. На свеченоста, тој бил во присуство на неговата подобра половина Селена Гомез, а бидејќи не сакал да прошета сам по црвениот килим, решил со себе да го понесе неговото милениче – змијата Џонсон.
За 25-от роденден, родителите на Кели Озборн, Ози и Шерон, ù купиле совршен поклон – неверојатно слатко кутре, кое го собира во една рака. „Сè ми разместува“ – твитнала Кели, кога го добила нејзиниот малечок померанец. Во секој случај, малиот бељаџија ù послужил како одличен моден детаљ, во текот на модната недела во Њујорк, во февруари 2010.
Актерката Рејчел Блисон, која ја запознавме преку нејзината улога во ТВ серијата „Округот Оринџ“, првоаприлското попладне, го поминала шетајќи низ Лос Анџелес, заедно со нејзиното симпатично пријателче.
Кој вели дека момците како Фифти Сент не знаат да бидат нежни? Тој ја твитнал оваа фотографија од него и неговото повредено кутре, во септември 2010.
rnrn
rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


rnrnТаа не била баш во поштенскиот број 90210 (како во популарната ТВ серија Беверли Хилс), туку во 90212, но Енџи сепак завршила во средното училиште во Беверли Хилс. Сликата е фотографирана во 1991, кога Анџелина Вот (Џоли е нејзиното средно име) била втора година средно и сонувала дека кога ќе порасне ќе стане актерка или ќе има свое погребално претпријатие! Молам?!rn
rnrnФотографијава е направена во 1995 година кога Бијонсе била осмо одделение во училиштето „Велш“ во Хјустон и веќе била на вистинскиот пат за постанување музичка ѕвезда. Во оваа година, Бијонсе веќе била член на ар-ен-би бендот, кој подоцна ќе стане „Destiny’s Child“.rn
rnrnПред да биде прогласен за најсекси маж кој некогаш се родил во магазинот „Пипл“, Бред бил прогласен за најдобро облечен ученик во средното училиште „Кикапу“ во Спрингфилд, Мисури и отсекогаш имал многу девојки.rn
rnrnТоа е малечката верзија од Бритни, кога таа била осмо одделение во католичкото училиште „Академија Парклејн“, во Мисисипи, а е фотографирана во 1996 година, кога била изгласана за омилена во класот.rn
rnrnКамерон е фотографирана во 1988 година, кога била втора година во средното политехничко училиште „Лонг Бич“, во Лонг Бич, Калифорнија. Заборавете ја оваа чудна фаза од животот на русокосата бомба, бидејќи на 16-годишна возраст таа веќе била успешна манекенка.rn
rnrnКортни е фотографирана во 1980 година, кога била втора година, во средното училиште „Маунтин Брук“ во Бирмингем, Алабама, каде ѕвездата на „
rnrnОва е преубавата Ева во 1992 година, кога била прва година средно во училиштето „Рој Милер“. Во овој период таа удирала на тапан во марширачки бенд и имала трајна фризура.rn
rnrnОва е Хали Бери, фотографирана за нејзиниот годишен алманах од завршната средношколска година во 1984 г., во „Бедфорд“, Охајо. Во средно, Хали била мажоретка, претседател на клас и кралица на матурската прослава.rn
rnrnОва е сопственикот на „Плејбој“ фотографиран во 1944 година. Тој матурирал во средното училиште „Стајнмец“ во Чикаго. Контроверзниот Хефнер имал ултраконзервативни родители. Тој бил претседател на училишниот совет во средно. Не само што таму ги развивал неговите лидерски способности уште како тинејџер, туку очигледно отсекогаш имал интерес и за публикување, бидејќи тој го основал школскиот весник.rn
rnrnОоо, тоа е малиот Џејк, фотографиран во 1993 г., кога бил седмоодделенец во училиштето Харвард-Вестлејк во северен Холивуд, Калифорнија. И покрај тоа што тој одел на аудиции за филмски улоги уште додека бил во средно, неговите родители не му дозволувале да прифаќа работа, која може да му го одвлече фокусот од учењето. Тогаш ги мразел поради тоа, но денес им е многу благодарен.rn
rnrnЏенифер е фотографирана во 1987 година во нејзината последна година во средното музичко и уметничко училиште Ла Гвардија во Њујорк. Други познати поранешни ученици во ова школо биле и Ал Пачино, Роберт де Ниро, Сара Мишел Гелар… И покрај тоа што Анистон изгледа како некое мирно девојче на фотографијата, таа има изјавено за таблоидот „Пипл“ дека нејзиниот средношколски имиџ вклучувал фризура во
rnrnПред да стане г-ѓа Афлек или најинтересниот шпион виден на ТВ во серијата „ Alias“, Џенифер, која на фотографијава направена во 1986 г. била осмо одделение, свирела на саксофон во училишниот бенд во школото „Џон Адамс Џуниор“, лоцирано во Чарлстон, Западна Вирџинија.rn
rnrnОва е Кетрин Хадсон, денешната Кети Пери, кога била прва година во средното училиште „Дос Пуеблос“ во Голета, Калифорнија, во 2000-та. Наредната година, кога Кети имала 16 г., се откажала од училиште и го напуштила нејзиниот дом во Санта Барбара, Калифорнија, за да почне да ја негува нејзината музичка кариера во Лос Анџелес.rn
rnrnКанје, на фотографијава направена во 1994 година, бил прва година средно, во училиштето за индивидуална едукација „Поларис“ во селото Ок Лан, во Илионис. Тој бил доста добар ученик, а тоа го изјавил и за MTV: „Добивав само 5-ки и 4-ки и не се правам фаца со тоа“ – вели тој.rn
rnrnЛуѓето ширум светот се обидуваат секојдневно да го следат животот на популарната џетсетерка Ким, уште откако била многу млада. Оваа фотографија е направена во 1997, кога таа била прва година средно во училиштето Меримаунт. Таа има еднаш изјавено за магазинот „Севнтин“ дека била помеѓу најпопуларните во средно школо, но била фино девојче. Нејзините најдобри другарки биле сестра ù и бубалиците.rn
rnrnОва е Лејди Гага, во 2004 година на алманахот во завршната средношколска година во женското училиште „Sacred Heart“ во соседството Апер Ист Сајд во Њујорк, каде таа вели дека се вљубила во музичките претстави. Контроверзната пејачка, очигледно била многу чесна тинејџерка.rn
rnrnОва е фотографијата на Лео направена во 1991 г. во неговиот алманах кога бил втора година средно, во лосанџелешкиот центар за талентирани деца. Во средношколските денови тој веќе бил вработен актер, кој ги нервирал и плашел професорите кога го имитирал страшниот убиец
rnrnОва е Натали Портман, тогашна Натали Хершлаг, на алманахот во нејзината завршна година во училиштето „Сајосет“, во Сајосет, Њујорк. Таа била ученичка со сите 5-ки и стигнала до полуфинале во престижен средношколски натпревар по наука и технологија.rn
rnrnФотографиран во 1980 година, Том Круз, по сè изгледа, отсекогаш имал насмевка вредна милион долари. Ова е фотографија од неговиот годишен алманах од завршната средношколска година во училиштето „Глен Риџ“ во Њу Џерси, кога се викал Том Мепотер. Том уште додека бил во средно училиште го „фатиле бубачките“ за глума, па дури ја играл и главната улога во школската претстава „Guys and Dolls“ (Момци и кукли).rn
rnrnСо својот откачен ретро изглед и „опасна“ фризура, Метју Меконахи очигледно бил јако фраерче уште од средно, со оглед на фактот дека во втора година, во 1986 г. во училиштето „Лонгвју“ во Тексас, бил прогласен за најзгодниот ученик, во годишниот алманах.









