КАФЕ ПАУЗА

Tag: Пауло Коелјо

  • 20 цитати за озборувањето

    20 цитати за озборувањето

    Сите озборуваат, сите се озборувани и сите знаат дека озборувањето не чини. И покрај тоа, една од омилените активности на секоја кафе пауза е токму тоа. Ако сакате да избегнете ваков муабет следниот пат, дискутирајте за следните цитати кои се обидуваат да ја доловат токму вистината за „трачарењето“.rnrn20 цитати за озборувањето
    rn

    „Огнот и мечот се бавни средства за уништување во споредба со јазикот на озборувачот.“ – Ричард Стил

    rn

    „Гласината се вика гласина затоа што не е секогаш вистина.“ – Џастин Тимберлејк

    rn

    „Озборувањето е уметност со која не се кажува ништо на начин што ништо не останува некажано.“ – Волтер Винчел

    rn

    „Гласината е радиото на ѓаволот.“ – Џорџ Харисон

    rn

    „Озборувањето е опиум за потиснатите.“ – Ерика Јонг

    rn

    „Не губете време во објаснување. Луѓето го слушаат само она што сакаат да го слушнат.“ – Пауло Коелјо

    rn

    „Гласините брзо се шират, но не опстануваат долго како вистината.“ – Вил Роџерс

    rn

    „Не е важно што правиш и како го правиш тоа, соседите секако ќе озборуваат.“ – Фелдер Рашинг

    rn

    „Оној што озборува со тебе, ќе озборува и за тебе.“ – Шпанска поговорка

    rn

    „Денешната гласина е утрешен наслов во медиумите.“ – Волтер Винчел

    rn20 цитати за озборувањето
    rn

    „Гласината не мора да е лажна за да биде лоша. Има многу вистини кои не треба да бидат кажани.“ – Френк А. Кларк

    rn

    „Озборувањето меѓу мажите и меѓу жените звучи различно. Жените зборуваат поживописно, кажуваат повеќе детали и добиваат фидбек.“ – Кејт Фокс

    rn

    „Ако ја задржам тајната во мене, тогаш таа е мој затвореник. Ако допуштам таа да ми се лизне од јазикот, тогаш јас ќе бидам нејзин затвореник.“ – Артур Шопенхауер

    rn

    „Гласината е некаква вест која истрчала пред самата себе во убав црвен фустан.“ – Лиз Смит

    rn

    „Никој не кажува дека сака да озборува, но сите уживаат во тоа.“ – Џозеф Конрад

    rn

    „Озборување е кога ќе слушнеш нешто што ти се допаѓа за некој што не ти се допаѓа.“ – Ерл Вилсон

    rn

    „Кукавички е да му судиш на некого кој не е тука за да се одбрани. Само ограничените озборувачи зборуваат за луѓе наместо за нешта.“ – Лоренс Ловасик

    rn

    „Луѓето не го сакаат озборувањето само кога се однесува на нив.“ – Вил Роџерс

    rn

    „Тројца можат да чуваат тајна само ако двајца од нив се мртви.“ – Бенџамин Френклин

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Конвенција за повредените во љубовта

    Конвенција за повредените во љубовта

    Испровоциран од тоа што наместо да се спречат војните, се носат правила за нивна практика, големиот писател и вљубеник во животот Пауло Коелјо решил да пропише правила со кои ќе ги заштити бројните повредени во љубовта. Користејќи го своето огромно животно искуство, составил прекрасна конвенција од неколку правила чие почитување ќе доведе до побрзо зараснување на љубовните рани.

    rn

    Конвенција за повредените во љубовта

    rnrn

    Општи одредби

    rnА – Имајќи предвид дека изреката „во љубовта и војната сè е дозволено“ е сосема исправна;rnrnБ – Имајќи предвид дека ја имаме Женевската конвенција од 22 август 1864 која пропишува правила за оние кои се повредени на бојните полиња, но досега немаме конвенција за оние што останале повредени во љубовта, иако се многу побројни;rnrnСе пропишува дека:rnrnЧлен 1rnrnСите вљубени од двата пола се предупредуваат дека љубовта, покрај тоа што е најголемиот благослов, исто така може да биде многу опасна, непредвидлива и може да предизвика сериозна штета. Затоа, секој што сака да љуби мора да биде свесен дека своето тело и душа ги изложува на разни видови повреди и дека за тоа не треба во ниту еден момент да го обвинува партнерот, затоа што ризикот паѓа на двајцата подеднакво.rnrnЧлен 2rn

    Штом некој почувствува дека е погоден од стрелата на Купидон, мора веднаш да побара од него истата стрела да ја испрати и во спротивната насока, за да не дојде до повредата позната како „невозвратена љубов“. Ако Купидон одбие да го стори тој чин, Конвенцијата пропишува дека повредениот мора веднаш да ја извади стрелата од своето срце и да ја фрли в ѓубре.

    rn

    Со цел да го осигура ова, тој мора да ги избегне сите телефонски повици и пораки преку интернет, да избегне да праќа цвеќиња кои никој нема да сака да ги прими или која било друга форма на заведување, со оглед на тоа што тоа ќе даде резултати на краток рок, но секако ќе заврши на непосакуван начин после извесен период.

    rnКонвенцијата пропишува повредената личност задолжително да побара друштво од блиски луѓе за да ја избегне опсесивната мисла: „вреди да се борам за оваа личност“.rnrnКонвенција за повредените во љубовтаЧлен 3rnrnАко повредата е предизвикана од трети лица, или со други зборови, ако саканата личност станала заинтересирана за некој кој не се појавува во претходниот член, одмаздата е строго забранета. Во ваков случај, дозволено е да се плаче додека солзите не пресушат, да се удира по ѕидови и перници, да се напаѓа поранешниот партнер во разговорите со пријателите, да се исмее неговиот/нејзиниот невкус, но без да се повреди нивната чест.rnrnКонвенцијата пропишува повторна примена на правилото од членот 2: да се побара друштво на блиски лица, по можност на места каде што не може да се сретне поранешниот партнер.rnrnЧлен 4rnrnВо случај на полесни повреди, и тоа мали предавства, краткотрајни изливи на страст или сексуален интерес кој бргу поминува, мора брзо и нежно да се нанесе лекот „извини“. Штом еднаш се нанесе овој лек, повредениот никогаш повеќе не треба да ја разгледува одлуката на другиот, а случката мора да биде заборавена и никако да не се искористи во караница.rnrnЧлен 5rnrnВо случај на постоење на повредата „раскинување“, единствено лекот „време“ покажува резултат. Нема корист од барањето утеха во претскажувачи на иднината (кои секогаш велат дека љубената личност ќе се врати), романтични книги (кои секогаш имаат среќен крај), телевизиски сапуници и слични нешта. Повредениот мора да си дозволи интензивно да страда, без притоа да употреби дрога, лекови за смирување или молитви до светците. Се толерира само употреба на алкохол и тоа максимум две чаши вино на ден.rnrnЗавршни одредбиrnrnОние кои останале повредени во љубовта, за разлика од повредените во вооружен конфликт, не се ниту жртви ниту мачители. Тие избрале нешто што е составен дел од животот, па затоа мораат да ги прифатат и задоволството и болката од нивниот избор.rnrnОние кои никогаш не биле повредени во љубовта никогаш не ќе можат да кажат: „Го живеев животот“. Затоа што никогаш не го живееле.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што е нормално денес?

    Што е нормално денес?

    Пауло Коелјо заслужено е еден од највлијателните уметници на денешницата, чија огромна популарност доаѓа оттаму што со секоја нова реченица, успева да го скрши јазот помеѓу нашите внатрешни пориви, чувства и стравови, наспроти „нормалното“ однесување кое околината го очекува од нас. Во неговото дело „Победникот останува сам“, преку главниот лик Игор ја составил оваа листа од „нормални“ работи со која успеал да ја соголи бесмисленоста на одредени норми според кои живееме.rnrnrn1. Сето она што нè тера да заборавиме на нашиот вистински идентитет и на нашите соништа, а нè тера да работиме само колку да сработиме.rnrn2. Пропишување правила за војување (Женевската конвенција)rnrn3. Да поминеш години и години на факултет, а потоа да не можеш да најдеш работа.rnrn4. Да работиме секој ден од девет до пет нешто што не ни причинува задоволство, и тоа само за да можеме мирно да се пензионираме по 30 години.rnrn5. Во пензија да откриеме дека е потрошена животната енергија да се ужива во животот, па да се умре од здодевност после неколку години.rnrn6. Употреба на ботокс.rnrn7. Трагање по финансиски успех наместо по среќа.rnrn8. Исмејување на оние што трагаат по среќата наместо по пари, нарекувајќи ги неамбициозни.rnrn9. Натпреварување преку предмети како автомобили, куќи и облека и определување на квалитетот на живеење според нив, наместо да се направи обид да се спознае вистинската смисла на нашето постоење.rnrn10. Да не се зборува со непознати. Да се зборуваат лоши нешта за соседите.rnrn11. Да се смета дека родителите се секогаш во право.rnrn12. Да се влезе во брак, да се имаат деца и да се остане заедно дури и тогаш кога љубовта веќе ја нема, тврдејќи дека тоа е за доброто за децата (божем тие не ги слушаат секојдневните караници).rnrn13. Да се критикува секој што постапува поинаку.rnrn14. Да се будиме со хистеричен будилник.rnrn15. Да се верува во сè што е напишано на хартија.rnrn16. Да се носи парче облека околу вратот, позната под славното име „вратоврска“.rnrn17. Никогаш да не поставуваме директни прашања, иако личноста со која разговараме знае што нè интересира.rnrn18. Да ставиме насмевка на лицето кога ни се плаче и да ги сожалуваме оние што ги покажуваат чувствата.rnrn19. Да се смета дека уметноста вреди огромно богатство или дека не вреди апсолутно ништо.rnrn20. Секогаш да се презира тоа што е добиено на лесен начин, затоа што оној кој го добил тоа „не ја направил потребната жртва“, па оттука ги нема потребните квалитети за да добие што било.rnrn21. Следење на модните трендови, дури и кога тоа изгледа смешно и не е удобно.rnrn22. Да се смета дека сите славни личности имаат многу пари.rnrn23. Да се вложува многу во надворешната убавина, а на внатрешната да не ù се придава големо внимание.rnrn24. На секој можен начин да докажуваме дека иако сме сосема нормални, истовремено сме супериорни во однос на другите.rnrn25. Никогаш да не гледаме во очи некого додека се возиме со јавниот превоз, затоа што тоа може да се сфати како обид за заведување.rnrn26. Додека се возиме во лифт да гледаме само во вратата, како да сме единствената личност внатре, без разлика колкумина има во лифтот.rnrn27. Никогаш да не се смееме гласно во ресторан, без оглед колку е смешно тоа што го слушаме.rnrn28. Оние на северната хемисфера да се облекуваат исклучиво според годишното време: на кратки ракави во пролет (дури и кога е студено) и во волнен џемпер во есен (иако е топло).rnrn29. Оние од јужната хемисфера да ги украсуваат новогодишните елки со памук, иако Христовото раѓање нема ништо заедничко со зимата.rnrn30. Како што некој старее, да смета за себе дека е најмудриот човек на светот, иако понекогаш му недостасува искуство за да знае што е погрешно.rnrn31. Да одиме на хуманитарни настани и да мислиме дека со тоа сме ставиле крај на социјалните разлики во светот.rnrn32. Да јадеме три пати на ден дури и кога не сме гладни.rnrn33. Да веруваме дека другите се подобри од нас во секој поглед: подобро изгледаат, побогати се и попаметни. Со оглед на тоа што обидот да се испробаат сопствените можности секогаш е ризичен, најдобро е да не се презема ништо.rnrn34. Автомобилот да се користи како средство за добивање чувство на моќ и контрола.rnrn35. Да користиме вулгарни зборови додека возиме.rnrnrn36. Да се смета дека сите грешки на нашите деца се вина на друштвото во кое се движат.rnrnrn37. Да се стапи во брак со првата личност која ќе понуди висока општествена позиција. Љубовта може да почека.rnrnrn38. Да велиме дека сме се обиделе, а воопшто да не сме ни почнале да го правиме тоа.rnrn39. Да ги одложуваме најубавите работи во животот сè додека не дојдеме во ситуација да немаме повеќе енергија за нив.rnrn40. Избегнување на депресијата преку огромни дневни дози телевизиски програми.rnrn41. Да веруваме дека можеме да бидеме сигурни во сето она што сме го добиле.rnrn42. Да се смета дека жените не сакаат фудбал, а мажите не сакаат внатрешен дизајн.rnrn43. Да се обвинуваат властите за сите лоши работи кои се случуваат.rnrn44. Да веруваме дека ако сме добри, пристојни и учтиви, другите ќе нè сметаат за слаби, ранливи и лесни за манипулирање.rnrn45. Да веруваме дека агресивноста и нељубезноста се знаци на силна личност.rnrn46. Мажите да се плашат од фиброскопија, а жените од раѓање деца.rnrn47. И конечно, да сметаме дека токму нашата вера е единствениот пат до апсолутната вистина, а другите луѓе на оваа планета кои веруваат во друг бог, се осудени на пекол.rnrnДали вие имате да додадете нешто што Коелјо пропуштил да го спомене?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.