КАФЕ ПАУЗА

Tag: патувања

  • Интервју со Даниел Китески: Најголемите животни лекции се наоѓаат надвор од нашата комфорна зона

    Интервју со Даниел Китески: Најголемите животни лекции се наоѓаат надвор од нашата комфорна зона

    Даниел Китески има посетено многу скриени и помалку познати дестинации и на неговиот светски познат блог Passport Symphony можете да откриете многу интересни работи за овие места, како и корисни совети за вашите следни патувања. Во продолжение прочитајте од каде потекнува неговата љубов кон патувањата и какви искуства има од дестинациите што ги посетил.rnrnИнтервју со Даниел Китески: Најголемите животни лекции се наоѓаат надвор од нашата комфорна зонаrn

    1. Од каде потекнува твојата страст за патување? На која возраст и на која дестинација се случи твоето прво самостојно патување?

    rnМојата страст за патување потекнува од мали нозе. Уште како мал со душа чекав да дојде лето за да одиме на одмор, а на училиште отсекогаш омилен предмет ми беше географија. Првото самостојно патување го организирав во 2012 година кога сам заминав во Русија на една незаборавна авантура која донесе многу интересни моменти, нови знаења, познанства, а и неколку сега веќе многу добри пријатели.rn

    2. Која ти е омилената дестинација што си ја посетил? На кое место би сакал да се вратиш барем уште еднаш ако имаш можност и дали постои дестинација на која не сакаш да се вратиш никогаш повторно?

    rnМногу луѓе ми го поставуваат ова прашање, но едноставно не можам да изберам една омилена дестинација. Секоја земја и секој град се убави на свој уникатен начин и поради тоа ми е тешко да правам споредби, но ако мора да изберам место на кое би се вратил уште еднаш, би се вратил во Непал, овој пат за да се искачам на Монт Еверест, а никако не би се вратил на островот Фи Фи во Тајланд, веројатно една од најпреценетите туристички дестинации во светот, полна со пијани туристи, хаотични забави и апсолутно никаква автентичност.rnrnИнтервју со Даниел Китески: Најголемите животни лекции се наоѓаат надвор од нашата комфорна зонаrn

    3. Дали постои дестинација која ги надминала твоите очекувања и дестинација што не ги исполнила твоите очекувања и можеби те разочарала?

    rnНајголемото разочарување како што спомнав во претходното прашање беше островот Фи Фи. Местото е премногу комерцијализирано, а сликите изгледаат прекрасно и поради тоа многу луѓе имаат високи очекувања од островот, но реалноста е сосема поинаква. Дестинацијата која ги надмина моите очекувања беше Лаос. Лаос е мала земја во Југоисточна Азија која не излегува на море и не е посетена од многу луѓе бидејќи повеќето туристи одат на одмор во соседните држави Тајланд и Виетнам или пак, го посетуваат славниот Ангкор Ват во Камбоџа. Но, покрај сè, Лаос има што да понуди, посебно од аспект на природни убавини.rn

    4. Која е твојата дестинација од соништата која сè уште не ти е посетена и кои места планираш да ги посетиш во скоро време?

    rnМојата најголема неостварена желба е еден ден да го посетам Антарктикот, додека на агендата за 2020 година се североисточниот дел на Индија, Иран и можеби Нигерија.rnrnИнтервју со Даниел Китески: Најголемите животни лекции се наоѓаат надвор од нашата комфорна зонаrn

    5. Колку долго се подготвуваш за едно патување и колку долго траат твоите патувања?

    rnЗа да се подготвам доволна ми е една вечер, а патувањата траат онолку колку што ќе одлучам. Една од главните предности на блогерската кариера е фактот што може да се работи од каде било и не сум врзан со одредена дестинација.rn

    6. Она што веројатно сите ги интересира, како успеваш да се издржуваш за време на твоите патувања? И воопшто, како ги покриваш трошоците за патување и престој?

    rnСега веќе е многу полесно бидејќи можам да си дозволам и повеќе патувања, а понекогаш престојувам во хотели во замена за промоција на мојата веб-страница, но на почетокот беше многу потешко. Најчесто престојував во хостели каде што запознав многу луѓе од различни страни во светот, а доста често го користев и онлајн-сервисот „Couchsurfing“ престојувајќи во домовите на луѓе од градовите во коишто патував. Но, и покрај сè што слушнав од луѓето кои се обидуваа да ме разубедат да не го користам „Couchsurfing“, немав ниту едно лошо искуство.rnrnrn

    7. Дали си имал непријатни случки во текот на твоите патувања и како си успеал да се справиш со нив?

    rnДа, секако дека сум имал и сè уште имам, посебно во земји каде што поради мојот физички изглед е очигледно дека сум турист. Многу луѓе се обидувале да ме измамат да платам повеќе за нешто што не вреди ни половина од цената што ја кажуваат, да ме вовлечат во некоја шема користена од ситни криминалци кои заработуваат на грбот на наивните туристи, а еднаш дури бев и ограбен од вооружени напаѓачи. Во такви ситуации најважно е да се остане со ладна глава. Секогаш пред да патувам некаде, гледам да научам колку што е можно повеќе не само за типичните измами со кои туристите на тоа место се соочуваат, туку и за културата на локалното население. Ова секогаш ми помага. Едноставно кажано, се надевам на најдоброто, но секогаш сум подготвен за најлошото.rn

    8. Дали би сакал да споделиш некое незаборавно искуство што засекогаш ќе ти остане во сеќавање?

    rnВо претходното прашање спомнав дека заедно со мојот тогашен цимер, Ришаб, бевме ограбени. Тоа се случи во едно планинско село во регионот Кашмир. Она што ме изненади беше тоа што сите луѓе кои ја слушнаа оваа приказна се потрудија да ни помогнат на некаков начин: бесплатен ручек во нивниот ресторан, голем попуст за престој во хотел или нудење бесплатен превоз до следниот град. Но, една работа која никогаш нема да ја заборавам е гостопримливоста на Таши, човек кој не само што се понуди да нѐ превезе до нашата следна дестинација, туку и ни ја отвори вратата од неговиот дом кога слушна за нашата приказна. Кај него останавме неколку дена, а за тоа време посетивме и еден угостителски објект кој неверојатно многу наликуваше на една класична балканска кафеана. За првпат по толку долго време се почувствував како дома и видов како разликата помеѓу „вие“ и „ние“ полека се губи, сфаќајќи дека луѓето од овие далечни земји и не се толку различни од нас.rnrnИнтервју со Даниел Китески: Најголемите животни лекции се наоѓаат надвор од нашата комфорна зонаrn

    9. Како те пречекуваат локалните жители на местата каде што патуваш и дали си се спријателил со некои од нив? Според твоето искуство, во кои земји живеат најљубезните и најгостопримливите луѓе, а во кои земји жителите не се многу пријателски настроени?

    rnВо принцип, секаде има гостопримливи и негостопримливи луѓе, како што има и добри и лоши луѓе, без разлика на нивната етничка припадност или религија. Луѓето од земјите од западната хемисфера, каде што индивидуализмот е понагласен, се за нијанса постудени и не толку склони кон нови познанства, но откако ќе го пробиете тој прв заштитен слој и подобро ќе се запознаете, луѓето стануваат многу потопли. Во Јужна Америка и особено во Азија, луѓето се многу погостопримливи на прв поглед и пријателски настроени кон туристите. Овој факт можеби ќе изненади многумина, но како најгостопримлив регион го доживеав Кашмир. Изненадувачки е бидејќи регионот e растргнат од етнички и религиски тензии кои траат повеќе од 60 години, a вооружените пресметки се секојдневие и луѓето кои живеат овде имаат оправдани причини да бидат скептични кон секој странец што ќе го сретнат и кон неговите намери. Но, и покрај сè, факт е дека сè додека сте пријателски настроени и отворено покажувате почит кон локалната култура и кон нивните традиции и обичаи, може да очекувате топол прием и нови пријателства, без разлика каде патувате.rn

    10. Дали би сакал да споделиш неколку совети со нашите читатели како да го направат своето патување незаборавно?

    rnНајголемите животни лекции лежат надвор од нашата комфорна зона. Затоа, не плашете се да излезете од неа, не плашете се да се спријателите со локалните жители, правете работи кои тие ги прават, пробајте ја храната која тие ја јадат, потрудете се да научите нешто од вашето патување во странство, не одете никаде со големи очекувања и никогаш не судете за книгата според нејзините корици.rnrnПрошетајте низ светот и со блогерката Софија Јанева.

  • Љубовен пар патува низ светот и прави неверојатни фотографии од недопрена природа

    Љубовен пар патува низ светот и прави неверојатни фотографии од недопрена природа

    Покрај тоа што се пример за неверојатен пар, Викторија Јор и Тиџеј Драјсдејл го редефинираат традиционалниот начин на патување и фотографирање што секојдневно го гледаме на социјалните мрежи. Со нивната бескрајна страст за истражување и размислување надвор од кутијата, тие создаваат неверојатни и незаборавни фотографии. Викторија и Тиџеј талкаат низ светот, трагајќи по најневеројатните места и недопрените локации ширум светот со цел да создадат бајковити приказни овековечени во надреални фотографии. Погледнете.rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrnrn rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Весна Коцевска – инстаграмџика којашто ќе ве однесе на колоритно патување низ убавите места на светот

    Весна Коцевска – инстаграмџика којашто ќе ве однесе на колоритно патување низ убавите места на светот

    Нејзиното име е Весна Коцевска, присутна на IG како @whisper.ves, сопруга и мајка на две деца, спремна во секој момент да ги спакува сите набрзина, ако се спомне зборот патување.rnrnБлогерка за која патувањата и семејството се најголема љубов, но и која ќе ве освои со нејзиниот стил и креативност.rnrnФлексибилното работно време ѝ овозможува да биде менаџер на приватна компанија, туристички водич и блогер.rnrnПреку својот блог и Инстаграм профил сака да им ги доближи убавините на познати иrnпомалку познати дестинации на своите следбеници и да ги инспирира другите повеќе да патуваат, особено родителите со деца.rnrnПроталкајте со поглед низ фотографиите на Весна и таа сигурно ќе ве инспирира да започнете да го планирате вашето следно патување. Во продолжение, нашиот разговор со неа на тема: патувања и Инстаграм.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by VESNA Travel & Lifestyle (@whisper.ves) on

    rnrn

    rnrn

    1. Како изгледа еден твој просечен ден? На кој начин ти поминува времето и како го вклопуваш ажурирањето на твојот Инстаграм профил во дневните обврски?

    rnСтанувам рано, се спремам и започнувам со работа. Работното време ми зависи од тоа колку далеку ќе „шетам“ со туристите, но попладнето ми е секогаш резервирано за семејството. По можност го комбинирам и со пријателите. Доколку не сум премногу уморна, денот сакам да го завршам со трчање, барем половина час и релаксирачки туш потоа. Сопругот е одговорен да избере филм кој често знам да го преспијам.rnrnИнстаграм е дел од моето секојдневие, моето утринско кафе кое ме расонува.rnrnВо текот на сезонава не можам да одвојам доволно време за редовно да објавувам, да им посветам доволно внимание на следбениците. Затоа обично самата слика ја спремам од вечер или претходниот ден за да не биде избрзано објавувањето.rnrnРаботата како туристички водич вклучува и моменти на чекање, подолго возење или пловење, кога не сум толку активна, кои ги искористувам да сработам нешто на IG. А од друга страна, самата посета на значајни локалитети ми овозможува попатно да направам и фотографии од нив.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by VESNA Travel & Lifestyle (@whisper.ves) on

    rnrn

    rnrn

    2. Како започна да го користиш Инстаграм и какво мислење имаш за влијателноста на социјалните мрежи во Македонија?

    rnИнстаграм на некој начин ми беше замена за FB и го гледав како хоби на почетокот. Отсекогаш сум сакала фотографирање и патувања, а самото тоа што работам како туристички водич ги поврза сите нешта.rnrnИнстаграм ми стана омилена платформа за креативно изразување. Како што почна да расте бројот на следбениците, почнав посериозно да го гледам и како медиум за заработка.rnrnМеѓутоа кај нас (ова можеби често го слушате) сè уште не се гледа толку потенцијалот кој го имаат социјалните мрежи како маркетинг алатка. Поточно, т.н. инфлуенсери или блогери сè уште го немаат местото кое го заслужуваат. А тоа е професија како и секоја друга во која се вложува труд кој треба да биде соодветно платен.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by VESNA Travel & Lifestyle (@whisper.ves) on

    rnrn

    rnrn

    3. Дали имаш омилен Инстаграм профил кој те инспирира? Од каде ги добиваш идеите?

    rnНе можам да издвојам еден или неколку. Има повеќе Инстаграм профили, наши и странски, кои редовно ги отворам. Мило ми е што откривам сè повеќе македонски профили со повисок квалитет и имаат што да понудат.rnrnМене лично најголема инспирација ми се самите патувања. Независно дали е некое прекуокеанско патување, викенд во соседите земји или еднодневна посета на некое место во нашата земја. Во денешно време можеби е тешко да се биде оригинален, но секој може да биде свој и на свој начин да ги пренесува нештата.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by VESNA Travel & Lifestyle (@whisper.ves) on

    rnrn

    rnrn

    4. Неуморно патуваш и споделуваш слики од прекрасни дестинации. Која локација ти има оставено најсилен впечаток, а која посакуваш да ја посетиш во иднина?

    rnОд местата кои сум ги посетила досега морам да кажам дека позитивно ме изненадија и воедно воодушевија Јужна Каролина и Џорџија, САД, со неверојатно убава природа, тропска клима, архитектура и историја. Секогаш кога ќе се спомнеше САД ме асоцирало на понова историја, нови и модерни градови со современа архитектура, меѓутоа, ова патување во јануари оваа година целосно ми го промени мислењето.rnrnА во иднина, покрај многубројните дестинации кои сакам да ги посетам и ме воодушевуваат, е Петра во Јордан. За овој тип дестинации најверојатно ќе причекаме уште некоја година децата да се поголемки, за да можат и тие да го паметат патувањето.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by VESNA Travel & Lifestyle (@whisper.ves) on

    rnrn

    rnrn

    5. Се занимаваш и со блогирање. Што би им препорачала на оние кои размислуваат да започнат со оваа активност и што сѐ треба да се поседува за успешно да се води еден блог?

    rnПрво и најважно – да знаат која им е целта и да пишуваат за она што го сакаат, да веруваат во себе и да го изнесат својот став. Трудот и упорноста никогаш не останале ненаградени. На мојот блог, whisper, во менито има Blogging Tips каде давам повеќе совети за новите блогери или тие што сакаат да започнат со блогирање.rnrnИсто така на своја кожа сум осетила колку е важна меѓусебната соработка и поддршка со колегите блогери. Затоа стојам на располагање на секого кому му е потребна помош или совет, секако колку што ми дозволува времето.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by VESNA Travel & Lifestyle (@whisper.ves) on

    rnrn

    rnrn

    6. Кој вообичаено е зад објективот кога ти си во центарот на некоја атрактивна околина?

    rnВо текот на патувањата тоа е најчесто сопругот или кој ќе има „среќа“ да го малтретирам. Во други околности другарка ми Ленче. А кога и овие личности се во кадар тајмерот ја завршува работата, што често излегува да биде најзабавната варијанта.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by VESNA Travel & Lifestyle (@whisper.ves) on

    rnrn

    rnrn

    7. Природата, се чини, е заштитен знак на твоите фотографии. Дали природните убавини мора да се обработат пред да се споделат со следбениците?

    rnНајдобриот дел кај природата е што е убава и совршена сама по себе. Реално забавно ми е да ги едитирам сликите, а најмалку го правам тоа со сликите во природа. Доколку нешто менувам тоа би биле мали прилагодувања на светло, сенки, бои, да отстранам некој предмет и сл. Тоа ми се најомилените слики, иако е тешко она што го гледаме пред нас целосно да се пренесе преку објективот. Но, затоа описот под самата слика може дополнително да го долови тоа што го чувствувам.rnrn

    rnrnrn

    Интервју: Ана Ќурчиевска

  • 5 причини зошто е добро да ги потрошите сите пари на патување

    5 причини зошто е добро да ги потрошите сите пари на патување

    Патувањето е прекрасна работа. Животот е премногу краток за да не патувате, додека светот е преголем за да не сакате да го видете. Патувањата ве богатат со нови знаења и ве тераат да пораснете на неверојатен начин. Тие прават да излезете од вашата удобна зона, давајќи му нова перспектива на животот, но исто така ве учат и на благодарност и на ценење.rnrnrn

    1. Патувањето е единствената работа што можете да ја купите за да станете побогати

    rn

    „Патувањата се како љубов, најмногу затоа што ни ја зголемуваат свеста. Стануваме свесни, рецептивни и подготвени за трансформација. Токму затоа најдобрите патувања се како најголемите љубовни афери – тие никогаш не завршуваат.“ – Пико Ајер

    rnНаучно е докажано дека луѓето кои трошат пари на искуства повеќе отколку на материјални работи, се посреќни. Искуствата создаваат сеќавања кои траат цел живот. Патувањата навистина се единствената работа за која ќе потрошите пари и ќе се збогатите со искуства, пријатели, знаења, мудрост и љубов кон овој прекрасен свет во којшто живееме. Тоа не се залудно потрошени пари, тоа е инвестиција во вашата иднина, и што е најважно во сегашноста.rn

    2. Патувањето ќе ви биде најголемото образование

    rn

    „Патувањето ве прави скромни. Вие ќе видите колку мало место зафаќате во светот.“ – Густав Флоберт

    rnПатувањата ви ги отвораат очите кон работи кои не сте ги знаеле за светот. Ќе научите многу за историјата, за разните култури и религии, за уметноста, како и за луѓето. Ќе научите да се соочите со вашите најголеми стравови, прифаќајќи ги со голема љубов. Ќе научите за катастрофалните историски настани кои не сте ги сретнале во историските учебници, како и за прекрасните души кои постојат низ целиот свет. Ќе дознаете како да се грижите за себе и како да раководите со вашиот буџет. А најважно од сè, ќе дознаете како да живеете во сегашниот миг, во единствениот миг кој има значење.rn

    3. Патувањата ве извлекуваат од удобната зоната

    rn

    „Не сите кои талкаат се изгубени.“ – Џон Роналд Толкин

    rnНишто нема да ве созрее повеќе од патувањето. Вадејќи ве од удобната зона, патувањето ве тера да прифатите различни начини на живеење од кои сте навикнати. Понекогаш ќе треба да спиете во неудобен кревет, ќе ви недостига омилената храна, или пак ќе треба да зборувате со непознати на странски јазик. Патувањата ќе ве научат дека постои многу повеќе надвор од удобната зона. Толку многу созревање ве чека надвор од вашиот балон на сигурноста, само треба да имате храброст да му пристапите.rn

    4. Патувањето ќе ви ја промени перспектива

    rn

    „Мудриот човек патува за да се открие самиот.“ – Џејмс Расел Ловел

    rnДали сте биле во Мароко или во Египет? Или пак во Русија или во Хрватска? Секоја земја со својот пејзаж, вибрација, култура и народ е различна. Но, тоа е тоа што ги прави одлични. Ништо нема да ве научи да бидете благодарни и да ја цените привилегијата на животот кој го живеете, како патувањата. Од питачи, места каде што водата е ограничена, немање струја, валкани чаршафи и недостаток на храна, ќе сфатите дека ништо во животот не треба да земате „здраво за готово“. Патувањата ви ги отвораат очите и ви даваат чиста перспектива кон животот.rn

    5. Патувањето само по себе е подарок кој не престанува со давање

    rn

    „Ако мислите авантурата е опасна, пробајте ја рутината. Таа е смртоносна!“ – Пауло Коелјо

    rnСамо еднаш се живее. Значењето на оваа реченица не е да потрошите голема сума пари за материјални работи. Баш напротив, потрошете ги вашите пари на искуства кои светот ви ги нуди. Задоволството што го нудат подготовките, резервацијата и започнувањето на едно патување каде што немате идеја што ве очекува не се споредува со ниеден материјален предмет.rnrnПогледнете ги и овие 4 видови патувања на кои секоја жена треба да отиде сама.rn

    Автор: Ана Патриклиева

  • Инспиративната убавина на патувањето со комбе

    Инспиративната убавина на патувањето со комбе

    Велат дека патувањето е единствената работа која ја плаќаме, а нè прави побогати. Потопувањето во различни култури, запознавањето нови луѓе, сведочењето на убавината на природата – сите овие нешта се бесценети.rnrnИнспиративната убавина на патувањето со комбеrnrnКако и да е, понекогаш часовите поминати во патување од една до друга дестинација можат да бидат навистина мачни и непријатни. На моменти ни недостига нашиот дом и сите удобности кој тој ни ги нуди, како што се топлиот туш и домашно зготвената храна. Па, како да го добиеме најдоброто од двата света, односно како да се чувствуваме како дома, а да доживуваме бескрајни авантури? Одговорот е едноставен – патување со комбе.rnrnЛуѓето кои обожаваат да патуваат на подолги релации го претпочитаат ваквото патување. Старото комбе го претвораат во мала куќичка на четири тркала, која има удобен кревет, кујна, па дури и импровизиран туш. Сите овие нешта овозможуваат целосно уживање за време на патувањето.rnrnПогледнете ги овие неверојатни фотографии од прекрасните планини, пустини и плажи, направени од задната врата на комбињата. Вистинска инспирација за вашето следно патување!rnrnИнспиративната убавина на патувањето со комбеrnrnИнспиративната убавина на патувањето со комбеrnrnИнспиративната убавина на патувањето со комбеrnrnИнспиративната убавина на патувањето со комбеrnrnИнспиративната убавина на патувањето со комбе rnrnИнспиративната убавина на патувањето со комбеrnrnИнспиративната убавина на патувањето со комбеrnrnИнспиративната убавина на патувањето со комбеrnrnИнспиративната убавина на патувањето со комбеrnrnИнспиративната убавина на патувањето со комбеrnrnИнспиративната убавина на патувањето со комбеrnrnИнспиративната убавина на патувањето со комбеrnrnИнспиративната убавина на патувањето со комбеrnrnИнспиративната убавина на патувањето со комбеrnrnИнспиративната убавина на патувањето со комбеrnrnИнспиративната убавина на патувањето со комбеrnrnА дознајте и што кажува за вас начинот на којшто сакате да патувате.

  • Најубавите скриени острови во Европа

    Најубавите скриени острови во Европа

    Лето, сонце, море и прекрасни плажи се вистинската формула за среќа. Топлото време во кое уживаме нѐ инспирира да патуваме. Сигурно веќе сте чуле за познатите европски места за летување како што се Ибица и Сицилија. Но, кои се оние скриени убавини во Европа кои туристите сѐ уште не ги откриле?rnrnНајубавите скриени острови во ЕвропаrnrnСпоред Condé Nast Traveler, специјализираниот магазин за патувања, ова се најубавите скриени острови во Европа, совршени за создавање нови приказни во вашите дневници за патување.rn

    1. Елба, Италија

    rnТретиот најголем остров во Италија е релативно непознат за странските туристи, иако во историјата е запишан како местото каде што бил прогонет Наполеон. Но, тука ќе најдете неверојатни пејзажи каде што се испреплетуваат чисти плажи и заливи идеални за нуркање во најголемиот национален парк на тосканскиот архипелаг. Посебно атрактивни се падините на зелените шуми и планинските врвови.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Amandine / Berlin blogger (@lesberlinettes) on

    rnrn

    rnrn

    2. Бел Ил ен Мер, Франција

    rnОвој прекрасен остров, со сигурност, би бил тема на неколку слики на Клод Моне. На прекрасното пристаниште ќе можете да пробате вкусни локални специјалитети. Исто така, тука можете да уживате во природни спа третмани со лековитата морска вода во Кастел Клари.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Alexis 𓆝 (@halekxi) on

    rnrn

    rnrn

    3. Вис, Хрватска

    rnВис е еден од најоддалечените острови во Хрватска, но бескрајно шармантен. До Вис можете да дојдете со траект од Сплит, а возењето трае околу два часа. Овде ќе бидете маѓепсани од богатите вкусови на храна и вино, а посебно ќе уживате во свежите морски плодови. Вис има мирна енергија и доза мистичност, карактеристики по кои се разликува од останатите туристички места на Јадранот. Со леснотија ќе се препуштите на хедонизмот покрај смарагдните води на островските плажи како Сребрена и Стончица.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by MEREDITH | Travel Blogger (@thelongestweekend) on

    rnrn

    rnrn

    4. Силт, Германија

    rnСилт многумина го нарекуваат германска верзија на Хемтпон. Овој отров на Северното море прави баланс меѓу отменото и удобното. До островот се доаѓа со кратко возење со траект, а островот мами гости од Берлин и Хамбург, кои доаѓаат за да ги посетат прекрасните плажи. Исто така, не можете да кажете дека сте го доживеале Силт без да уживате во бар на плажата Занзибар.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Mee(h)rSehen (@meehrsehen) on

    rnrn

    rnrn

    5. Готланд, Шведска

    rnШведскиот начин на живеење е најинтересен за време на долгите летни денови, поминати на островот Готланд. Патувањето до тука е многу лесно бидејќи островот е одлично поврзан со траекти и авионски летови, а престојот на Готланд е совршено бегство од реалноста, место каде што ќе можете да посетите кафулиња во средновековните ѕидини на градот Визби, да прошетате низ боровата шума или едноставно да се опуштите на некоја изолирана плажа.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Sofia❤️ (@sofiahanninger) on

    rnrn

    rnrn

    6. Фавињана, Сицилија

    rnОва е многу посебно место во архипелагот Егади, со тиркизна вода на секој чекор. Овде ќе наидете на многу туристи кои уживаат во возење велосипед, а заливот Кала Роса е особено убаво место за пливање. Најживописното место на островот е во И Прети, ресорт каде што можете да пиете утринско капучино со поглед на заливот Фавињана.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by 𝚌𝚑𝚞 ⋆ 𝚁𝚊𝚌𝚑𝚎𝚕𝚕𝚎 ☽ (@wanderchu) on

    rnrn

    rnrnrnПрочитајте ги и овие неколку факти за најдалечните острови ширум светот.

  • 10 уникатни сместувања кои можете да ги најдете на Airbnb

    10 уникатни сместувања кои можете да ги најдете на Airbnb

    Доколку сте од оние луѓе кои сакаат својот одмор да го поминат на некоја подалечна дестинација, сигурно веќе го проверувате веб-сајтот на Airbnb. Но, кои се најуникатните сместувања кои можете да ги најдете тука? Дознајте во продолжение.rn

    1. Eco Bamboo Home (Бали)

    rnrnrnКога некој ќе нѐ праша за нашиот одмор од соништата, Бали е една од оние дестинации кои веднаш ни доаѓаат на ум. Овој остров е прекрасен сам по себе, но сместувањето во Eco Bamboo Home е искуство кое секој би го посакал. Една ноќ тука чини околу 227$.rn

    2. Skylodge Adventure Suites (Перу)

    rnrnrnДоколку навистина сакате да побегнете од сѐ, ова сместување е совршено за вас. Сместен во планините на Перу, овој хотел ќе ви овозможи да поминете квалитетно време сами. Една ноќ тука чини околу 581$.rn

    3. Underground Hygge (Орондо)

    rnrnrnОваа магична куќичка е совршена за викенд бегство од сѐ. Кога првпат ќе ја видите имате чувство како да сте се нашле во светот на хобитите. Една ноќ тука чини околу 594$.rn

    4. Private Island In Sunny Hvaler (Норвешка)

    rnrnrnКој не би посакал да има свој личен остров? Па доколку сакате за момент да си ја исполните таа желба, Private Island In Sunny Hvaler е совршен избор за вас. Една ноќ тука чини околу 290$.rn

    5. Secluded Intown Treehouse (Атланта)

    rnrnrnОва бајковито сместување веќе неколку години по ред се смета за најпосакувано за посета од страна на корисниците на Airbnb. Една ноќ тука чини околу 450$.rn

    6. Dog Bark Park Inn B&b (Монтана)

    rnrnrnСовршено сместување за сите љубители на кучиња! Една ноќ тука чини 194$.rn

    7. Snow Igloo (Финска)

    rnrnrnДали некогаш сте замислиле како е да се спие во вистинско игло? Дали сте знаеле дека во едно игло температурата може да дојде до 16 степени? Доколку оваа идеја ви изгледа привлечно, ова игло можете да го поделите со пет ваши пријатели за 793$, цена за едно преноќување.rn

    8. Wilton Castle (Ирска)

    rnrnrnОвој замок датира од 19. век и е сместен на бреговите на реката Боро, во југоисточна Ирска. Престојот тука претставува луксузно искуство, кое чини 1.434$ од ноќ, а за оваа цена може да престојуваат 13 луѓе.rn

    9. Cubehouse (Холандија)

    rnrnrnCubehouse е вистинско архитектонско ремек-дело, лоцирано во срцето на Ротердам. Една ноќ тука чини 201$.rn

    10. True Plane (Франција)

    rnrnrnЗа 118$ можете да престојувате во вистински авион. Секако, пренаменет за хотелско сместување.rnrnПогледнете ги и приватните острови што можете да ги изнајмите на Airbnb.

  • 4 видови патувања на кои секоја жена треба да отиде сама

    4 видови патувања на кои секоја жена треба да отиде сама

    Патувањето со друштвото или партнерот може да биде одлична идеја, но дали некогаш сте помислиле на соло патување? Иако присуството на позната личност значи одредена сигурност, сепак, како што вели и позната изреката – ништо револуционерно не се случило во зоната на сигурност. Самостојното патување може да ви помогне да единствен начин да доживеете одредено место, да запознаете нови и интересни луѓе и да научите многу повеќе за друга култура. Да не заборавиме и на фактот дека ќе научите многу нови нешта и за себе. Па, следен пат кога ќе планирате да одите некаде на викенд, договорете се само со самите себе, и впуштете се во авантурата на вашиот живот.rnrnrn

    1. Долго посакувано патување

    rnСо години сакате да посетите одредено место, но никако не можете да најдете друштво за таа дестинација? Па, зошто да не отидете сами? Истражете сè што нуди ова место од вашите соништа, организирајте го целото патување и остварете си го сонот.rn

    2. Релаксирано патување

    rnАко вашата работа, големите грижи и дневниот стрес постојано ве исцрпуваат, време е да си дозволите викенд само за вас. Одберете некое мало и мирно гратче со прекрасна природа и свеж воздух, и дозволете ѝ на вашата душа целосно да се регенерира.rn

    3. Спонтано патување

    rnИзненадете се самите со спонтана и неочекувана одлука да појдете на „last minute“ патување на некоја примамлива дестинација. Сигурни сме дека одлично ќе си поминете и дека ќе направите голем број незаборавни спомени.rn

    4. Патување со воз

    rnЗа целосно доживување на местото што сакате да го посетите, нема подобро превозно средство од возот. Покрај пријатното возење, вие ќе уживате во вкусна храна и во прекрасни пејзажи што уште долго време ќе ги помните?rnrnОваа жена која го пропатувала целиот свет открива кои се нејзините топ 10 дестинации.

  • Неверојатни хотели од целиот свет во кои ќе сакате да останете засекогаш

    Неверојатни хотели од целиот свет во кои ќе сакате да останете засекогаш

    За да отидете на одморот од соништата, треба да планирате однапред. Иако сезоната на празници заврши и веќе сите се вратија на работа, тоа не значи дека не можете да го планирате вашиот следен одмор. Доколку сакате нешто навистина неверојатно, сигурно ќе ви се допаднат овие прекрасни хотели ширум светот.rn

    Подземни сребрени соби, Шведска

    rnНеверојатни хотели од целиот свет во кои ќе сакате да останете засекогашrnrnНеверојатни хотели од целиот свет во кои ќе сакате да останете засекогашrnrnАко сте уморни од постојаното ѕвонење на вашиот телефон и сите електронски направи што ви го одвлекуваат вниманието, упатете се во Подземните сребрени соби. Овој хотел е сместен 155 метри под земјата во историски рудник за сребро во Шведска. Па, овде не стигнува никаков телефонски сигнал. Додека минувате низ темните и тесни тунели за да стигнете до вашата соба, ќе почувствувате како било да се работи овде. Не заборавајте да понесете и топла облека. Иако собите се затоплени, во ходниците температурите се навистина ниски.rn

    Висечки градини во Бали, Индонезија

    rnНеверојатни хотели од целиот свет во кои ќе сакате да останете засекогашrnrnНеверојатни хотели од целиот свет во кои ќе сакате да останете засекогашrnrnДоколку сакате одлични фотографии за на Инстаграм или едноставно уживате да бидете во природа, ова е место што не треба да го испуштите. Базенот е навистина неверојатен, па не треба да ве чуди зошто е еден од најфотографираните. Густата дождовна шума и неверојатната тропска клима го прават ова место совршено за секој љубител на природата.rn

    Ложата Ту Ту Тун, Орегон, САД

    rnНеверојатни хотели од целиот свет во кои ќе сакате да останете засекогашrnrnНеверојатни хотели од целиот свет во кои ќе сакате да останете засекогашrnrnКога ќе ги видите овие куќи ќе останете без зборови. Доколку навистина сакате да се релаксирате и да избегате од реалноста, упатете се овде. Сместен на брегот на реката Роуг, овој хотел е совршено место за опуштање. Реката и нејзиното живописно опкружување го прават местото како да излегло од разгледница.rn

    Одморалиште Ладера, Света Луција

    rnНеверојатни хотели од целиот свет во кои ќе сакате да останете засекогашrnrnНеверојатни хотели од целиот свет во кои ќе сакате да останете засекогашrnrnАко сакате да живеете во џунгла, ова одморалиште е само за вас. Со поглед кон познатите планини Питон, синото Карипско Море и опкружено со густа шума, ова место е помагично отколку што можете да замислите. Собите имаат само 3 ѕидови, а четвртиот е отворен и изложен на неверојатната природа. Па, можете да имате многу неочекувани гости од шумата за време на зајдисонцето.rn

    Бамбу Инда, Бали

    rnНеверојатни хотели од целиот свет во кои ќе сакате да останете засекогашrnrnНеверојатни хотели од целиот свет во кои ќе сакате да останете засекогашrnrnВодниот свет има магичен шарм, па секој хотел што ви овозможува да го гледате е посебен. Иако постојат неколку хотели кои ви нудат да ѕирнете во морскиот свет, Бамбу Ида е можеби најдобриот. Дел од собите се сместени над езеро и имаат стаклен под преку кој можете да гледате во водата. Немојте да се грижите, подот нема да се скрши.rnrnДали знаете кои се најскапите луксузни хотели во светот?

  • Уличен фотограф ја доловува уникатната убавина на Источна Азија

    Уличен фотограф ја доловува уникатната убавина на Источна Азија

    Уличниот фотограф РК од Токио ја пронашол неговата инспирација во идилата на Источна Азија. Фотографирајќи ја постојаната убавина на неговите опкружувања, тој ја доловува приказната во секој момент. На почетокот ги фотографирал храмовите, улиците и облакодерите во Токио, но сега неговата муза ја наоѓа на разни дестинации во Азија – од Тајван, па сè до Кина. РК си игра со композицијата и експериментира со перспективата и на креативен начин ги документира различните моменти во времето.rn

    „Историјата ќе се промени, но облаците и маглата и планините се вечните убави нешта што ги чекаат патниците од секоја ера.“

    rn

    Планината Фуџи

    rnУличен фотограф ја доловува уникатната убавина на Источна Азијаrn

    Кјото, Јапонија

    rnУличен фотограф ја доловува уникатната убавина на Источна Азијаrn

    Областа Нагано, Јапонија

    rnУличен фотограф ја доловува уникатната убавина на Источна Азијаrn

    Чонгкинг, Кина

    rnУличен фотограф ја доловува уникатната убавина на Источна Азијаrn

    Ширакава, Јапонија

    rnУличен фотограф ја доловува уникатната убавина на Источна Азијаrn

    Чонгкинг, Кина

    rnУличен фотограф ја доловува уникатната убавина на Источна АзијаrnrnПродолжува на следната страница…rnrn